Мене еротските приказни ми беа баш лабава, забавна книга, отсликување на општество и сфаќања слични на нашите, како што пишав порано - сигурно ќе си препознаете некоја баба Не е целта да се занимава со "тешките" прашања, па само ги спомнува оти се дел од нивниот живот. Книгава нема некоја "тежина", но од мене 5 оти стварно ме забавуваше
Пред да ја почнам си замислував така некоја лесна книга баш да го пуштиш мозокот и да уживаш, ама штом почнав да читам и не ми излезе како што очекував. Е сега не беше некоја да земам да заплачам ама пак имаше моменти каде што му искарав и традиции и малоумство Приказната за Маја баш ми беше стресна, нели прво се зборува за самоубиство со палење и на крај испадна дека мажот ја запали ( уште одма сфатив дека се немаше самоубиено) Приказната за не-свекрвата на крајот што испадна дека е љубовница на сопругот од Маја, нели ја омажиле на 10 години за некој колку ли беше по стар од неа 20.год? оти нели демек тој видовит многу бил и предвидел дека ќе имаат многу синови Не да препознав некоја баба туку цел комшилук си го видов Spoiler: приказна од комшивките на ane.bella во моето мало каде што живеев во Прилеп на постарите баби им беше ко традиција на одручек да се збираат на седенка пред една порта, а баш одма до нив ние децава си игравме и често знаевме да седниме и да им ги слушаме бабските приказни. Е додека читав се сетив на нив и конкретно на едеа ситуација кога си раскажуваа како си поминувале на пораѓаи, сега ми е смешно ама тогаш трауми упм Гратскиве баби им раскажуваа на бабиве кои раѓале в село по дома како на болница пред пораѓај ги бричеле кхм, кхм...таму долу И сето објаснување со подшепнување и со раката на уста демек никој друг да не ги слушни а селскиве баби поднавалени за да слушнат по убаво и слушаат со подзинати усти и со очи ококорени, абе скроз шокирани демек иии леле бе ве бричеа!? шок,шок...
Мене најзабавни ми беа приказниве. Многу секојдневни работи имаше во нив и беа толку raw и природни. Најинтересна не знам која ми беше, дали оваа на медениот месец или таа со кројачот, тесна борба. Ме смееја многу приказниве. А со имињава огромен проблем имав. Но, тоа што се случуваше измеѓу приказните ми беше некако што знам, анемично. Ники не успеав да ја запознаам и покрај толкуте обиди на авторката да ни ја прикаже од секој можен агол. Не ми беше баш оформена како лик, можеби само мој впечаток е тоа. Некако не знам, цело време бев overwhelmed затоа што стално никнеше нешто ново, а немаше баш некоја урамнотежена диникамика за тоа да биде издржано и фино дозирано - првите 20% супер, после до кај 85% сè ми беше рамно, рамно, рамно, изнатуткано во последните две-три поглавја. Маја...аххх, толку ми немаше поента ништо со неа, ко вишок ми беа деталиве. Жанров јас лично го обожавам и книгиве ги голтам, ама со оваа не знам, одвај се натерав да ја завршам. Имаше нешто во пишувањето што ми делуваше и не ми беше баш најпривлечна книгава, а толку мислев дека ќе ја биде. Бабиве беа опасни. Они ја направија книгата малку поинтересна. И јас ставив тројка, а на почеток мислев дека ќе ми се допадне повеќе ама не испадна така ете. Туку, и книгава била од клубот на Рис. Значи не ни е судено со книгиве што ги бира, да се држиме подалеку од Рис во иднина.
Приказните ја направија цела книга. Колку се смеев, со бујни фантазии вдовиците се многу. Јас и ставив 5*****. Ми се допадна книгата во целина, имаше делови што ми беа избрзани или недостасуваа повеќе објаснувања. Ама неможам поради приказните да ставам помалку ѕвезди Приказната за Маја беше да ту мач. Ама мислам дека сакала да прикаже повеќе за нивната религија и начин на живот. Ако се задржеше само на приказните за вдовиците ќе беше уште малце подобра можеби
Да, навистина да не одела толку предалеку со давање „длабочина“ преку овие споредните ликови, книгава ќе беше фантастична. Мислам и затоа ја вметнала Маја, за да го избегне нели тој стереотипот дека чик-лит е „плитка“ литература. А некогаш баш тоа ги прави големи и овие книги, фактот што можеш да се поистоветиш со безброј ситуации, со секој од ликовите. Немало потреба да се замара и да прави билд ап на нешто што ама баш никако не беше битно во книгава. Да си тераше само со Ники и нејзините проблеми во животот со факс, со фамилија, со избори, со се', од друга страна ете проектов со вдовиците што се нафати да ги подучува на курсот и толку. На крајот секако ќе се извлечеше истата поука. Кога се упатуваат авториве вака накај длабокото, често се случува да замине се во друга насока. И навистина беше на моменти и дејствието и се', беа расфрлани на сите страни. Ете тоа мислам ми беше најголемиот проблем со книгава. А не беше воопшто лоша ама ете, многу се нервирам кога се' е хаотично и се' се решава магично во последните поглавја, ама ајде. Се надевам Евелин нема да биде ваква. Засега ми е многу кул лик па да видиме.
Ја почна? Мене Dream Daughter ми е ок, ама не ме растревожи нешто, ама рано е, има време до крај. А ми се чита нешто што ќе ме натера ugly tears да плачам Едит: јако беше што немаа збор за к*р, пи*ка итн. оти нели срамота, никој не ги кажува тие зборови, па цел пазар им требаше да опишат орган
Мене како две книги споени во една ми беа, од една страна вдовиците и нивниот хумор од друга страна приказната на Маја. Да беше подобро раскажана приказната на Маја може и поинтересна ќе ми беше книгата, и обидите на авторката да не заинтиргира за приказната на Маја со нафрлање информации. Исто и Ники и Џејсон ми беа ептен мехх, тој не сакаше да ја однесе во неговиот стан а демек испадна се разведува Сестрата на Ники ми идеше на нерви и нејзиниот избор на партнер, мислам шта речи...бетер од вдовиците беше.
Леле и мене ми треба таква книга што ќе ме разлипа и ќе ме допре, ама нешто тенка работа. Плус имам ужасна потреба да се исплачам и затоа цел ден Грејс анатоми гледам. Не ми е читана Dream daughter, а во фолдерот за плачки ми е The pact од Џоди Пико. Дали е убава и дали е ко за плачење немам поим, ќе треба да се провери ама некако ѝ верувам. Инаку ја почнав Евелин, ама 10-тина % поминав само, не е многу.
Мислам дека го пројдов баш сега делов. Немам коментар...на крај серијава што одеше на Нетфликс лани овој период, Hollywood, ќе испадне жива вистина ама ајде. Утре не знам дали ќе читам, ама до понеделник ќе ја завршам. Има странички, но многу е пријатна за читање. Со години немав чепнато книга од авторкава, сега посакувам да ја читам и Daisy Jones. Не знам дали некоја од вас ја читала, да ми каже дали е добра?
Јас сум до 160 страна, мислам од овде почнува да раскажува за 3-от сопруг. До сега немам прочитано ни едно лошо ревју за книгава, и секогаш кога некој бара препорака за добра книга оваа е секогаш на листата, еве сега се уверувам зошто, So far so good
Не е нешто да се утепаш од плачење Пактот. Јас како помала ја читав, да, драматична е, ама не е за ugly cry.
Ја имам дома, ама не ми се почнуваше некако ко да не сум расположена за Џоди, скоро ја читав најновата и не ми се допадна. Ќе размислам на што ќе се плаче.
Ја завршив синоќа јас. Изненадена сум, ептен ми се допадна. Сега со душа ја чекам новата од авторкава.
Јас вчера вечерта ја почнав, малку имам читано дека имав обврски денес, ама вечер кога ќе и седнамПочетокот е солиден.