Ајде додека дочитуваме, да ги пројдеме прашањава што беа на крајот од книгата ако сакате. Ги стави @sweet-cherry малку поназад. Не мора сите, оние за кои имаме нешто да кажеме плус. Ќе ми треба компјутер за да се искажам на раат, па го пишувам ова само за да не заборавам да ви спомнам.
Вечерва дојде ред да напишам уште нешто за книгава. Од празници, работа и деца неможев да седнам на раат Од сите мажи на Евелин, мислам дека Хари ја сакаше искрено. Сите бракови и беа од некаква корист, но само Хари се грижеше за нејзините чувства. Можам да кажам дека тој ми беше фаворит. Не бев изненадена од никој посебно, само не очекував дека кога Дон ќе почне да ја тепа ќе остане со него. Секоја приказна има две страни. Преку книгава ја дознавме таа од Евелин, ама колку вистина има никогаш нема да дознаеме. Можеби сочуствував повеќе со неа на почетокот, особено што мораше да се кријат со Селиа. Но тоа што го направи на Моник татко ми, ја замразив скроз. Каков и да сакаш живот живеј, ама да наместиш невини луѓе, поради себичност, да не се расипе твоето име не е во ред. Што ако Моник не беше новинар? Дали и тогаш ќе ја раскажеше приказната на некој друг? Како ќе изиграше Евелин, Моник да имаше друга професија? И што ако беше славна и имаше пари, кога последните години од живот ги помина сама. Можеви книгава не е по вистински настани, ама сигурно сето ова опишано се случувало и се случува во Холивуд. До каде одат луѓето да креираат перфектна слика за себе, а во позадина се се распаѓа.
Хари беше геј така да ја сакаше и се грижеше за неа како пријателка, плус и двајцата имаа и те каква корист од бракот, Евелин да се гледа со Силија, а Хари со маж и. Ја убедуваше Силија дека не треба да се гледаат за да не и се уништи кариерата на Силија, а всушност си се грижеше за својата кариера. Да не беше Моник новинар може и немаше ниту да и каже за татко и претпоставувам.
Не знам дали имам јас некој омилен од сопрузите на Евелин, Хари и последниот, братот на Силија не ги ни сфаќав сериозно ради договорот нели. На моменти, Хари ми беше прекрасен, ама кога вака се обидувам малку подлабоко да навлезам во анализа, мислам дека беше речиси ист како Евелин. Затоа можеби и најдолго опстанаа заедно. Инаку, Евелин беше одличен наратор. Навистина уживав додека ги читав деловите кои ги раскажуваше таа. Ми беше flamboyant жена и самата беше свесна за тоа секако, а кога човек збори со самоувереност за што и да е, it shows. И едноставно природно ти доаѓа да се заинтересираш, да се задлабочиш, па макар она раскажувала за компот и зимници, мислам дека ќе слушав и ќе кимав со главата - да, се согласувам Евелин, те молам продолжи. А исто нтересно беше и тоа што го пишуваа медиумите. Само го потврдија оној исказот дека паричката секогаш има две страни, или тоа дека колку и да мислиме дека сме ископале се за некоја работа, секогаш има уште нешто што не го знаеме и најчесто тоа едно нешто ги менува работите од корен. На пример, среќни во брак со Хари +10 години, аха, утре сабајле - видовме како уствари беше и медиумите немаа поим за тоа. Прекрасни со Дон, прекрасен моќен пар што урива се пред себе, ахам, мало сутра исто...и уште колку само ги имаше примериве низ цела книга.
Ами од цели 7 сопрузи само првите двајца може да се речи дека и беа буквално сопрузи, другите сите беа ветер во магла. Кој ми беше омилен? Не знам, ако морам да одберам ќе мора да биде меѓу Хари и Роберт (братот на Селија) но сепак Хари. Можи ради тоа што тој си беше тука низ цела приказна, го запознавме по детално, другиве си беа помини замини. Хари си беше нејзината сродна душа. Евелин како наратор беше супер, и поверував дека навистина си ја раскажуваше животната приказна, без срам и без влакна на јазикот, само не ми е јасно како памтеше толку многу работи до ситни детали а пример поминале 50 + години ,,all's well that ends well'' Хмм, мислам дека и сама не си веруваше во ова, бидејќи зажали за некои постапки што ги направи и ради тоа на неколку пати ја изгуби Селија. “Heartbreak is a loss. Divorce is a piece of paper.” “Be wary of men with something to prove.” ( знам дека е пишано како пример во прашањето, но ми е Favorite) “Do yourself a favor and learn to grab life by the balls, dear" Анкетата се затвори и пак немаме Winner
Не оспорувам дека тој брак не беше од корист. И двајцата имаа најголема корист. Мислам дека неговата љубов беше најискрена. Точно беше геј и ја сакаше како пријателка, ама беше искрено. Евелин може сакаше да прикаже дека се грижи за кариерите на другите, ама таа самата секогаш беше на прво место. Тоа со медиумите се покажа како не секогаш тие ја знаат целата или вистинската приказна. Или како знаат да ги извртат работите. Убав додадок на целата приказна. Добра идеја имала авторката, ми се допадна тој дел. Евелин беше родена да биде ѕвезда.
Јас не успеав да ја најдам Лиса на англиски а на српски најдов некои книги ама не ми делува насловот во превод дека е оваа. Ако победи ја има некој пдф?
Eternal води со 5 гласа. И веќе се знае дека таа ќе се чита следна. Ајде ставете ја за симнување па да ја почнеме.
Ја плати $13 за на кинделот? Jaс реков ќе ја купам paperback и таман до утре ќе ми стаса, ко ја видов цената ми се крена косата $30, а hardcover $ 17.50 um, no Thank you, и сега ќе почекам да ја стават тука девојкиве
Ќе ја купам на киндле Wow, немам проверено колку е paperback Ако ја прочитам книгата за брзо, а не ми била убава, ја враќам на киндле и ми враќаат парите Додека не ме фатат хаха
Еве ја Eternal во пдф. Не знам каков ќе биде квалитетот...преголем беше фајлот и морав да го компресирам за да го прикачи. Јас ќе ја почнам деновиве, па ќе видиме како ќе оди. Се надевам нема да ме утепа со некоја безвезална нарација.
За Евелин да пишам збор два. Го обожавав начинот на кој што Евелин го раскажуваше својот живот, многу некако сликовито ги доживував тие делови, и мислам дека прилично реално е доловен Холивудскиот живот на познатите пред, и позади сцената. Евелин ми е типичен лик што би згазила се пред себе да дојде до она што го сакаше, што во случајов беше слава и успех. Доцна сфати дека љубовта на Силија вредеше повеќе. Од мажите и јас ги сакав Хари и Роберт. Другите не би ни ги да ги дискутирам. Приказната на Моник некако ми беше како вметната отпосле како начин за да се добие plot-twist во животната сторија на Евелин. Меѓутоа со тоа си ја доби длабочината книгата. Ова ми е еден од омилените цитати од книгата А од советите овој ми остави впечаток Инаку многу ме интересира во филмот кој ќе ја глуми Евелин. Која глумица вие ја замислувате во таа улога? Eternal за жал ќе морам да ја скокнам имам 2 колоквиуми нареднава недела, а и прилично многу работа, се надевам ќе успеам да ве дружам за наредната.
Интересно прашање @sweet-cherry , Прва во глава актерка ми дојде Sofia Vergara од Modern Family серијата.
И јас размислував за ова, не ми текнуваше ниту една актерка. Откако го прочитав твоево мислење, од глава не ми излегува Вергара, совршена за улогата навистина.
Јас мислам дека Ева Мендес е совршена за да ја глуми Евелин, Вергара не можам да ја замислам во таа улога нај многу ради нејзиниот ептен strong акцент и плус цела е облини, а Евелин е опишана со големи гради а надолу рамна и без задник. Мендес е по рамна за разлика од Софиа А додека ја читав книгата цело време ја замислував Евелин како млада Вирџинија Мадсен ( баш како што личи во Кенди мен) а допирни точки немаат, Вирџинија е многу бела со плави очи ептен спротивна од Евелин, ама ете таква ми се вртеше низ глава
Аман за аман ја прочитав Евелин. Можеби затоа што не ме интересираат славни и нивни животи, може затоа што филмови па ич не ме интересираат, не знам, 80% бев idgaf искрено. Така се чувствувам и према неизмислени холивудски ѕвезди, пејачи, општо, славни личности. Многу понебитни луѓе од Евелин прават што и Евелин, од местење на други луѓе за своја корист, од бракови кои се лажни од милион причини, меѓу кои и лезбејка со геј, просто немаше ништо спектакуларно. Крајот.. мех. Не знам ни што да кажам за книгава, тотално не беше my cup of tea. Двојка, едвај.