Значи отпаѓа Хусеини, ок. Од овие другите што се на предлог јас ја бирам The Jasmine Wife @Skyfall ја предложи.
И таа е иста како другиве избрани, ист шаблон, пак долга, веројатно ќе оди тешко зашто има премногу детали, а прочитав и низ критиките дека е многу предвидлива и дека не се ни спомнува нешто конкретно историско за Индија, само случајно таму била сместена, веројатно авторката не сакала ни да прави некакво истражување. Инаку, обавезно да ја прочиташ од Калед, прекрасна е книгата. Би сакала нешто такво длабоко и трогнувачко, не само нешто површно, туку баш да те допре.
Исто и јас сум во Mood за некоја добра книга баш од арапскиот свет или Индија. Kite runner и други ми ја имаат препорачувано и секако ке ја прочитам. Кој друг пишува добри книги во стилот на Хусеини? Јас имам 2 индиски на TBR, Beneath a marble sky- John Shors и The henna artist - Alka Joshi но голема е веројатноста да ви се читани.
Книгата од Џон Шорз е прекрасна, читај ја обавезно. The henna artist мене ми е читана и убава ми беше, ми се допадна но не колку претходнава. Од поновите излезени книги оваа од Алка е малку така поокеј Сега во јуни ќе излезе новата, мислам дека е продолжение ама не сум сигурна дали ќе биде пак со истите ликови, не се заинтересирав да прочитам. И мене ми се читани книгите од Хосеини, трите и оваа илустрираната што излезе пред некоја година. Оваа од Марта не ми фаќа око, мислам дека е продолжение на Lilac girls а таа книга ич, ама ич не ме бендиса. Иста како оваа Eternal, бавна и развлечена без потреба. Накај некој трилер ми гледа окото, се мислам дали да ја почнам Шерон или оваа од Chris Whitaker.
Си претставував дека ви се читани пошто и двете се доста популарни книги. За оваа со каната (мислам ја преведоа и во Македонија) видов и јас дека нова книга излегува наредниот месец. И сега што правиме? Ќе се бира книга или да си читаме кој што сака па да се собереме пак за недела две
И јас ќе ја дочитам секако, знаете дека сум малце проблематична со недочитани книги Ама после 20% подобро е, не е до ТОЛКУ досадна.
Уф, не сум карактер да ја дочитам, алал да ви е на упорноста. Навистина ми е криво за книгава, а и општо вака за жанров. Во последно време не сум нашла добри книги, нешто што ќе ме остави будна цела ноќ и ќе си викам - ај уште поглавјево, ај уште едно. Не се сеќавам на некоја понова историска драма во која сум уживала. Сите станале...одма заборавени.
Ама ептен претерала со толку points of view. Многу се нервирам кога идеја, приказна со толку потенцијал вака ќе се уништи, магијата на раскажувањето, на "течението" е одземено, пола од времето е matter of fact. Некаде над 40% сум, конечно се случува нешто, ама како што кажа Ане, еден умира, одма друг point of view...
И јас додека чекам да се погодиме за нова книга ја читам "Вечнава" и веќе сум на 65% и ќе ја дочитам до крај. Многу пресврти се случија, приказната ми е стварно топ и сигурно ќе беше 5 звезди да немаше толку POV, и да не беше толку раскажување во нај ситни детали. Еден розов обичен фустан го отепа од опишување, по леб да појдат до последно камче, ливче на улицата ќе ти опиши, аман жено гет то д ефин поинт алреди Бтв не битно и не поврзано со книгава, го гуглав Мусолини и прочитав дека сестра на Софија Лорен била мажена за Мусолини, хмм..
Е тоа. Каков потенцијал лежи во книгава... опишува веѓи и заби на лик кој ЕДНАШ се појавува и е тотално небитен, како Сандро купува suplí и како јадат suplí и како е совршено suplí aман значи
Моментално мислам дека нема да згрешиш ако решиш да ја продолжиш, или почекај да ја завршиме па на крај да кажеме дали вреди да ја дочиташ или не @CameliaMiller не знам што јадеа уште ептен на почетокот од книгава беше, толку сликовито беше опишано како мрсното му течи по лице и по раце дури и си подголтнав
E книга со такви моменти не можам. Каква и да е приказната, за мене тоа е deal breaker. Ја зема чашата, се замисли, па полека, полека се сврте и ја спушти на масата. Инаку, порано беше кажувавме предлози и некако на сите одма ни фаќаше една за око. И најчесто на сите ни се погодуваше или беше никаква. Ако ептен бевме пола-пола и не можавме да се согласиме одеше анкета. Сега ептен раштимани.
Интересна е натака, ама скокај кај што фаќа да опишува, ај што опишува него толку е детално и репетитивно што и да не сакаш ќе престанеш да внимаваш Обожавам мачки, ама пукнав од досада при секое опишување на мачката, како се тегне, па кај скока, кај лежи, што му е послано да не пушта влакна
Ама по описот книгава е супер, само што дур стигнеш до суштината ќе ти пукне мозок. Мислам дека читателите се прилично запознаени со фашизмот, и затоа ми е преглупо кога оди во детали што лесно се гуглаат или веќе ги знаеме. Барем до сега околу 50%, се' уште не развив никакви чувства ниту према Евреите, ниту према антифашистите, не гледам како страдаат или што им се случува или било што што ќе им даде "личност" на протагонистиве. Дури и главнава протагонистка е толку млака, со оглед што и' се случува на неа и што се случува со светот околу неа, ќе очекував малце повеќе да биде афектирана, што знам. Може до крај и ќе се разбуди, освен ако не заборавиме дека постои меѓу толку многу ликови
Не знам за што е ставена главна, кога ќе ја заборавиме дека постои Ми ствара дури одбивност Елизабета. И некако прологот не ми се поврзан со приказната. Дури заборавив дека пролог имаше за Елизабета по 17 години. Не верувам дека ќе и дадам повеќе од 2-3 оценка. Само да ја дочитам.
Стајте ме и мене на список, и јас гласам за оваа. А Eternal ќе ми ја раскажете, ќе бидам препишувач. Не можам, навистина нема шанси пак да ја отворам книгава.