Да, како битно е на син и' да му каже кој му е татко, чек полека. Башка со "искуствово" на Марко, 16-17 годишен во 1937? Yeah, right.
Италијанец Љубовџии што би рекла баба ми ха ха 64% сум јас. Ќе се случи ли нешто интересно на крај? Или права линија цела книга?
Да, да многу работи ќе се случуваат. Последните поглавја многу се кратки од 2 до 5 страни и многу по брзо се чита.
Ја завршив. Од мене едно двојче. Неубаво склопена книга. Многу непотребни работи вметнати. Од сите ликови ПОВ. Се изгуби смислата на цела книга. Сакала авторката да прикаже од повеќе страни, ама малце се изгубила. Не ми остави никаков впечаток. Брзо ќе ја заборавам. Ме потресе малку повеќе судбината на семејството Симоне. Тоа ми беше жално за читање. Се друго ништо посебно. Особено Елизабета Многу ми беше антипатична.
И јас само што ја завршив. Тројка од мене, иако се двоумев меѓу 2 и 3. Мое мислење, предобра идеја, приказна, а Холокаустот и те како е полн со инспирација за добри приказни, сепак авторката навистина промашила со книгава. Едно премногу pow, ама описите? Дали сериозно? Сфаќам дека сакала да биде што поавтентично, ама дали сериозно очекува да читаме со мапата до нас? Мислам, ако сакам да читам non-fiction, ок, ама за фикција тотално беспотребни описи. На крај дури смеа ме фати кога го опишуваше кампот на Капри, аман значи, аман, не е поентата ни градбата, ни поставеноста, ни улицата, ни не се сеќавам веќе што имаше напишано на целата страна посветена на надворешен опис на кампот. И постојано тоа го правеше, трчаат Марко и Бепе, и ајде секоја улица кај што трчаат ќе ја напишеме, на крај не ни сфатив од каде трчаат. И немам против користење на оргинални зборови, како италијански во книгава, ама имам против прекумерна нивна употреба и прекумерно објаснување што значи зборот, еве на пример тотално беа небитни "рецептите" за паста, како и проклетите suplí што ако ги начекам некаде во мени, сигурно нема да ги нарачам. Ова ме потсети на Firekeeper's daughter, и таму писателката не' утепа со индијански зборови, небитни за поентата на книгата. Истиот заклучок го имам, книга од речиси 500 страни што сосема фино ќе ја соберело во 300, ако ги тргнеле сите непотребни и често досадни информации, како забите на рандом наци војникот што го има во вкупно 5 реченици, ако и толку. Јас сега ќе ја читам The kite runner, а можеме да бираме следна, надежно што ќе не' бендиса
Едни од омилените книги ми се баш историските. Историјата ми беше и сеуште ми интересна тема. Темата беше добра. Не сум многу запознаена со фашизмот во Италија и влегувањето на Германците, научив некои нови работи од книгава. Неможев да и дадам повеќе од 2, токму поради преопширното опишување. Најискрено ги скокав тие делови. Или последните поглавја како трчаат, планови кројат, опишување на градови, кампови ги скокав речениците. Пак ќе ја спомнам Елизабета. Неможам да ја вклопам во целата приказна. Да ја напишела и без неа би била уште поубава. Како главни ликови мислам дека доволни беа Марко и Сандро. Не дека приказната и животот на Елизабета не беа лесни. Ама мислам дека Марко и Сандро имаа поголем пресврт. Елизабета ми беше како дополнување за некој романтичен момент во книгава. И за време на војна, љубовта опстојува. Според мене, непотребно. Друго што забележав, кога други запазуваат цитати што им се допаднале, на киндле ми се појавуваат тие реченици дека некој ги зачувал. Во книгава дури на последните 20тина страни имаше запазено неколку цитати Само ние 3 ја читавме книгата? @violetblue ти ја почна? @Mishela ќе ја дочиташ или во две три реченици да ти ја раскажеме?
Немам цитат за памтење искрено. И се согласувам за Елизабета. Марко и Сандро беа добро изградени ликови, таа беше бледа, млака. Мислам љубовта на животот едвај прежувува, ти правиш анонимна донација. Не, значи не. Во понормални и помирни времиња и за побанални работи нема да дремеш така, а не па ако му се заканува депортација во логор. Како несвесна ми беше, што знам, се трудеше да преживее и таа самата, ама толку беше апатична. Првите 20% посебно, понепривлечна книга не знам дали сум фатила да читам.
Да ми раскажете друшки, ќе бидам cheater @Skyfall Вчера отворив и не оди и не оди. Викам абе ајде, друшките ќе ми раскажат. Јас нема ни да ја оценам, инаку засега впечатокот ми е ист како вашиот со Каме, ама не е нели дочитана па нема да се расфрлам со оценки, нема поента. Се надевам дека следната книга конечно ќе ни се погоди, сакам да напишам една петка па аман веќе од двојки-тројки.
Што ќе правиме за следна книга? Ајде анкетите од две книги да бидат, побрзо ќе ни оди гласањето. Едната нека биде Influenced, другата? Кој не сакаше оваа може да каже која, или сите кажете како да правиме. Јас ја завршив The grace year и можам да кажам дека беше тотално разочарување. Има двојка од мене. Ќе напишам во спојлер подетално (мрчаторско) мислење, знам дека ја имате читано тука. Spoiler Прво, книгава почна баш интригантно. Што се случува, што е грејс годината... Ми се допадна Тирни на почетокот, што си размислуваше поинаку и очекував да биде хероината. Ама, не. Дури во една ваква книга, која се претставува како феминистичка, мораше мажите да бидат оние кои ќе го спасат денот. Тирни испадна сосема бескорисна. Ништо не направи, ја спасуваа мажи цело време, само омразата на жени кон жени беше толку опишана што на крајот не ми се ни веруваше дека толку жени биле во некое резистанс движење. Глупости. Па уште мајка и била узурперот. Тоа ми беше толкава глупост што не можам ни да опишам. Мајка и рече дека треба Тирни да ги одбира луѓето на кои ќе им верува на крајот од книгата. Мајка и сосема добро знаеше се за Тирни и што? Одлучи да не и верува? Можеше да и каже сосема се за годината и што да очекува, тотално да ја подготви, а она ја пушти така да оди. Значи не, не е за верување. Потоа следува Господарот на мувите делот, само со девојчиња, наместо момчиња, потоа има Ромео и Јулија верзија, каде пленот се заљубува во некој што и е сосема забранет. Cry me a river. И да, љубовта беше сосема инстант, колку само ја мразеше, а и она него, пола од времето го помина она во делирум, ама сепак, си правеа муабет неколку ноќи и готово, ќе умираат еден за друг. Потоа, типичен љубовен триаголник, checked, Hunger games исто така. Па какви инфекции имаа, ама нема врска, ќе се среди со некои тревки. Барем да го добиеше својот говор на крајот, да кажеше што мисли и да ја убиеја ќе беше многу подобро. Ама хеј, па го сакала и Мајкл, што има врска. Ете, не беше она сепак херојот, ќе остави ќерка и да ги решава работите. Никаква поента книгава, склоп од други книги, притоа и недобро изведено. Толку.
Од мене предлози, се надевам ги немате сите прочитано 1. All the light we cannot see - Anthony Doerr 2. The family next door - Sally Hepworth 3. Water for elephants - Sara Gruen
Мене почетокот на The grace year ептен ми се допадна. До пола книга некаде уживав, потоа ми отупе малку. Се потсетив преку рецензијата на некои работи. Инаку 3 сум ставила, сега отворив да видам. Добра ми беше, ама главниот лик ме нервираше и книгава ради неа ми се чинеше далеку од одлична. Па и како што ја утепаа од фалење, ептен ја хајпнаа кога излезе. Сепак нека ја земе за читање на кој му фати око, авторката убаво пишува, јас би читала уште од неа. За следната книга ќе видам неделава како ќе располагам со време. Викендов ми беше лудница, па ми треба некоја лимонада и ќе ја почнам новата од Емили Хенри.
Да, да, јас секако ќе следам. @CameliaMiller како е можно стално да се поклопуваме со изборов на книги, за иста сме се фатиле пак. Пред некој ден си ја купив Вода за слонови, со душа чекам да ја читам. Штом се слончиња во прашање, очиве - тацни. Криво ми е за Eternal. Не знам дали е до очекувањата, до тоа што се е веќе видено, до недоволно добрата изведба, или едноставно од сè по нешто се нашло и се склопило во еден продукт. Жал ми е само што ве изнамачи, може навистина требаше да ја прекинеме сите и да се спасиме ама ајде.
Уфф, сега сакам да ја читам што поскоро. Беше дел од некоја акција и шанси немаше да пропуштам нешто со слонови за 199 ден. Ќе ја читам обавезно наскоро.
Не можам да оставам книга, знаеш. Ќе се измачам ама ќе ја прочитам, оти иначе ќе ми "тежи" и нема да можам да фатам нова. Страшно, знам
Ја имам читано и јас Вода за слонови пред некоку години. Тогаш не ми оставила некој голем впечаток. И јас немаше шанси да ја оставам Етернал ќе ме копка како ќе заврши што ќе се случи, неможам такви работи