Мене во последно време стално ми ги покажува книгиве од мобилизм како possible threat и ми ги блокира па ептен ако нема од кај симнувам од таму. Еве си ја симнав од тука, фала. Многу е убава The kite runner, @CameliaMiller. Тек па да ја читаш „Илјада неверојатни сонца“ да видиш колку е прекрасна. Уфф колку имам плачено на таа книга. Една од омилените ми е.
Се согласувам, мора да се прочита и другата од него. https://www.goodreads.com/book/show/55711688-the-other-black-girl Јас на оваа се намерачив, ама рано е, ја нема ни пиратерија.
И јас ја ставив оваа на to read полицата. И оваа исто, на ист датум ќе излезат со другава. https://www.goodreads.com/book/show/54798488-the-one-hundred-years-of-lenni-and-margot Исто и Malibu rising од Тејлор Џенкинс, ќе биде весело на први јуни значи.
Браво @Skyfall брзо ја прочита книгата, некој друг има почнато да ја чита?? Јас не, скоро цела недела немам читано апсолутно ништо, пишав и пред некој ден дека прво морам да ја завршам книгава моја што ја започнав, ако уште се чита оваа ќе ја зачитам а ако не си велам да се придружам за наредната што ќе се одбере.
Брза е. Немаше ни 300 страни. Интересна, ама на крајот некако додека трепнав ја прочитав. Ќе читам нешто сега за одмарање мозок или па ќе одмарам од читање. Ќе видам деновиве во какво расположение ќе сум.
Скоро на пола сум, вчера вечер ја почнав. Брзо се чита. Зборуваме за Influenced, така? Оти насловот уште не е сменет, а и претходно кога ве читав, не секогаш беше јасно кој за која книга зборува.
Ја завршив. Ја дочитува уште некој? И дајте предлози една анкета да ставиме. И по еден давајте, нешто што најмногу ви фатило око и сакате следно да читате.
Од мене предлог е Dial A for aunties - Jesse Q Sutanto. Ми се гледа ко лесна и забавна книга. https://www.goodreads.com/book/show...s?ac=1&from_search=true&qid=rtErES0HTZ&rank=1
Радо би се придружила, токму од причина да читам повеќе периодов, барем вечер, ама последнава што ја читате Influenced ја одбегнав бидејќи е трилер. Не знам зошто воглавно ги одбегнувам трилерите, бргу се читаат, ама па некако бргу ми пролетаат исто така.
New pic, who dis. Преубав ти е новиот аватар! Овој пат некако и немав нешто конкретно да предложам зашто не знам ниту што ми се чита. Ама ми се мота во глава новата од Шерон Болтон и гледам ја има веќе за симнување, па ајде нека биде таа. https://www.goodreads.com/book/show/56393543-the-pact
Слободно предложи што ти е на листата. Ништо не си пропуштила со овој трилер според мене, страшно лош.