Немам никаков предлог. Имам некои дома што не ми се прочитани, ама изгледа многу сум надвор од трендот. Kristin Hannah- Great alone Paper wife- Laila Ibrahim Те, тие ми се први што ги гледам непрочитани. Не мора ни да ги земате в предвид, што се избере тоа. Малку да се активирам со книгите
Еве ставив анкета. Мислам дека не сакам пак трилер, некако не ми се погодуваат, а Paper wife ми стои баш интересна за промена. После мислам дека повеќе ќе бидам во правиот мајнд сет за шерон Болтон.
Мислам инспирација за темава и беа последните случувања со Лори и актерката од домакинките. Ама некако нафрлано и недокажано ми беше. И за Лук малку објаснето...
Не сум во тек, која е Лори? Се беше нафрлено, премин од лик на лик, дејството претрчано. Ликовите толку лити толку безописни..
Lori Loughiln from Full House. Беше во затвор, вмешана за мито, ќерка и да биде примена во колеџ. Добра идеја, лоша реализација книгава.
Јас ја немам уште почнато, ама секако ќе ја прочитам, TKR не се чита брзо ама е преубава, после толку бош книги не ни сакам брзо да ја прочитам Од новиве ќе видам сега што е понудено па ќе гласам
Немој не ја читај, нема потреба. Полош трилер мислам дека не сум читала. Да, сакала нешто од последниов скандал со образованиете да напише, со измамите за запишување во престижен колеџ, ама леле колку лошо напишано. Ликовите крајно еднодимензионални, воопшто немаа некаква позадина, ниту пак мотив за она што ги води до такви одлуки. Роуан и Марк на пример, зошто толку го сакаше којзнае, нафрлано само, па и му ја украла книгата и ја објавила како нејзина (на што дефинитивно требаше да се посвети повеќе внимание), а му ѕвони и очекува да зборува со нејзе. Крајот пак, едвај знаев и кој е тој што ги убил другите. Искрено, не вреди ни зборови да се трошат на книгава, веднаш ќе се заборави, куп глупости нафрлани и толку. Има единица од мене, ни толку не и треба. Едит, ох бе, Лук беше, психопат испадна, заборавив веќе. Без никакво објаснување, ама психопат, добро.
Цела книга глупости и расплетот во две страни. За оцд то на детективот ништо не се кажа подетално, тогаш зошто воопшто беше напишано. Рован не знам зошто постоеше како карактер.
Ама насловот на книгата немаше никаква врска со содржината, според мене. На Рован се задржа во текот на целата книга, а таа на крај немаше никаква врска. И само што се сретнаа со Хана на улица одма пријателки, а додека студирале заедно не биле во контакт. Хана толку време да не побара никаква помош за нејзиното здравје, а мало дете има. За декетивите имаше повеќе детали отколку за Лук што испадна психопат и ги изврши сите убиства. Некои работи кажано недокажано. Многу работи беа оставени на имагинација на читателот. Ќе дополнам уште некои детали. Немам време сега.
Оваа авторка пишува прекрасно, имам читано нејзини книги порано. Ако не сум толку кнап со време ќе ја читам книгава и јас. Не е многу голема, па таман.
Ја почнавте ли? Јас не едно седнување 30%, брзо оди. Ок ми е сега за сега, малце плитка после TKR, ама има време до крај
Не сум уште. Ја дочитувам A friend like that. Ама викендов би требало да ја почнам. Видов не е многу голема, би требало брзо да се чита.