Не знам кај сте сите, ама во Скопје временцево е создадено за читање вечерва Грми, кај и да е ќе заврне. Обично на телефон пуштам дожд, грмотевици, или бранови, ама вака сега со мирисов на дожд плус Ви влијае времето вас вака? Кога врне посебно имам желба за читање, еве кафенцево до мене и нирвана
И мене исто, а вака кога си читам си пуштам LOTR музика да ми оди во позадина некогаш, ако сум рааположена. Од дожд заспивам кога ми е пуштено некое такво видео на youtube Ама вака кога грми и врне надвор ми е прекрасно за читање. Дочитувам јас една друга, па книгава за клубот ја планирам за викенд. Штом оди брзо, не е страшно.
И кај мене е свежичко и се спрема да врне ама за жал сум на работа А поручек со две бандитки тешко читање, чекам навечер кога ќе заспијат. Ми влијае времето да. Дожд, снег кога врне под ќебе со книга и кафе Па и некаде 20-25 степени на тераса со кафе или вино и книга
Леле кај мене вчера имаше rain и thunderstorms, абе царски убајни обожавам дожд и грмотевици, не само за читање туку и онака да си излезам и да шетам по дождот со прозирен чадор Сакам и саунд ефекти кога читам, дождови, грмотевици, камини итн.. но со децава по ретко тоа ми успева, сега јас читам а во позадина од една страна јачат BTS, од друга baby shark и johny johny yes papa 2 недели ќе фати одкако си ја читам таа мојата и никако да и дојде крајот, ако ја завршам планирам да ви се придружам
Книгава не ме влече некако... До 25 посто сум, се надевам дека ќе мрдне. https://www.goodreads.com/book/show/54741127-the-light-through-the-leaves Оваа ептен ме заинтересира, се мислам следна да ја почнам.
Јас ја прочитав, од мене 3. Ок е, што знам. Ништо посебно. Се чита брзо, да, ама и понатаму ми е плитка. Некое време нема да читам за азијати, индијци, индијанци, дали книгиве не ми се погодија, не знам, ама и тука трудејќи се да ни' претстави Кинези, предосадно ми беше и премногу не можев да се соживеам ете. Исклучок од сите ми беше само TKR, таа е и за повеќе од 5. Едит: ја почнувам Water for elephants, белким нема Ранду да ми излезе од некаде
И јас сабајле ја почнав ама нешто тенка работа. Во меѓувреме видов дека ми е излезена Malibu Rising па се префрлив на неа и ете ме, ми отиде 1/3 од книгата дури се освестам. @RainBow оваа од Гленди ја симнав уште кога излезе, со душа ја чекав. Ќе ја читам само не дошла на ред. Многу нови книги се собраа да му се сневиди, не можам да постигнам да прочитам сè што сакам.
И јас ја почнав, на една третина сум, стилот на пушување ми е некако досаден, премногу (сувишно) детален. Ќе видиме. Многу ме нервира кога читам вакви и слични книги и колку жените всушност биле (и сеуште се некаде за жал) помалку вреднувани. Овие бракови накарадни, да ти се погоди каков маж ќе ти се падне итн. Нема комуникација, нема ништо. Па не можам да бидам неблагодарна за времето во кое живеам јас. @CameliaMiller мене од Хосеини уште подобри ми беа другите две: И планините одекнаа и Илјада невероватни сонца. Мораш да ги прочиташ.
20% и добра ми е за сега, ме интересира и ме плаши што ја чека во Калифорнија. Малце стилот на пишување ми е аматерски иако ете писателкава има и други книги пред оваа. Мислам после оваа треба да направиме пауза од историскиве книги
Јас не бев спремна за ваква приказна, цело време чекав нешто друго да се случи не сум навикната ваква да е приказната.
Во книгава НИШТО не се случи. Немаше кулминација. Освен убиството, што беше мех, и маж и' се гордееше со неа Туку така си посвоија дете, нема проблем. Абе не знам, со оглед на приказнава, ќе очекував малку емоции да разбуричка, ама јок.
И јас очекував во друг правец да оди книгата, не ни прочитав кратка содржина пред да ја почнам, според првите поглавја си замислив некоја многу поинаква приказна за на крај да излезе сосема друго И да, на крај како го решија проблемот и никому ништо
Книгава ко да не е пишувана од истата авторка што ја напишала Yellow Crocus, се изненадив ама не баш во позитивна конотација. Аматерска, истрчана, недообработена, со еден збор - тешко разочарување. Ок, два збора се тоа. За толку и заслужува. Тенка работа, сега ќе се вратам на Malibu rising, топ е драмава само Тејлор ептен отекува со тие нејзините рок ѕвезди и фантастични селебрити ликови. Уреду е, виде дека нејзините фанови изгубија глава по Дејзи Џоунс и Евелин Иго и ајдеее, се тоа пак тоа. Ма да повеќе е фамилијарна драма и има солидни ликови, ми се свиѓа засега па ќе видиме.