Книгава ми беше разочарување. Како да не беше напишана од авторка која има толку добри книги зад себе. Единственото нешто што ме изненади беше на почетокот и толку. Имаше премногу повторување, ама премногу, немаше никаква тензија, веќе се беше јасно што се случува, едноставно беше досадна. Што не би мислела дека некогаш ќе го речам за книга од Карин Слотер. Ама ете. Ликовите не беа воопшто добро изградени, ниту еден не беше допадлив, еден барем асален да имаше. Не ми се пишува во детали, не знам дали ја дочитала @violetblue, ама некако не е ни вредно за пишување. Леле од кога немам прочитано книга која ќе ме фасцинира сосема, ми се чини од Џон Бојн последната беше и толку. Годинава ниту една не ми се погоди, не знам што е работава, до изборот ли е, до мене ли е нешто што само наоѓам замерки, еве не знам.
Не мораш ни да ја дочитуваш, ништо посебно нема да се случи. Единственото нешто што ме изненади беше сосема на почетокот, кога се откри дека е дете, а не ситна жена, е тоа беше одвратно. И толку, после нема изненадувања некои големи. А баш цело време чекав да се случи некој пресврт, повеќе варијанти мене низ глава ми поминаа отколку што испадна на крајот. И јас имав големи очекувања, ама ете.
Ја претрчав синоќе, со скокање делови чисто од љубопитност кога веќе до пола стигнав и крајот ептен просечен. Патетичен беше обидот на Кали со Сидни, толку не и требаше тој дел, се исподрогираа и ништо. И спомнувањето на маските цело време ми беше too much, окау спомна за маските и ковидот ама не мораше до толку.
Јас ја имам почнато, ама не ме бендиса искрено. И мене. Ми се чита нешто да ме допре длабоко, нешто страшно емоционално. Ама не се наоѓа и не.
И мене не ми се допадна Educated. Карин не ја ни почнав, не ме привлече описот искрено и ич не бев рааположена за волку долга книга. Читав чиклит од Вај Киленд и ми беше презабавно, па ја завршив и The thorn birds. Прекрасна, прекрасна книга. Многу сакав да прочитам некој класик и книгава ептен ми направи мерак. Вечер ја почнувам The one hundred years of Lenni and Margot, ми се чита нешто книгава и тоа е. Ќе видам што ќе одберете па може ќе постигнам да читам, ако не - ќе сталкам.
Една од моите омилени е The thorn birds. Е нешто такво ми се чита. The one hundred years of Lenni and Margot ми изгледа некако претажно. Знам, контрадикторна сум.
Бавна беше ама вредеше, немаше лик на кој местото не му е тука, навистина прекрасна книга. Многу ми се чита нешто тажно и се надевам дека Лени и Марго ќе понуди нешто па ќе се исплачам, таман ќе ми се погоди со меланхоличното расположение.
@RainBow @Mishela и јас ја гледав Лени и Марго, баш пред некое време сакав да ја понудам тука за читање. Значи да ја тргнам од to read Educated.
Придружете ми се. Заедно на плачливата страна. Види, може ќе ти биде добра Educated. Мене малку ми беше некако што знам, нереална, не знам да опишам најдобро, ама ете не ми се погоди, не сум изгледа таргет група за оваа книга и не кликнавме ич.
До кај сте со книгата? Видов излегла новата од Дороти Кумсон, земав да прочепкам по нејзините книги кога гледам дека напишала втор дел од The Ice Cream Girls Таа ми е најдобра од нејзе. Морам да го прочитам и вториов дел, гледам има баш добри критики. https://www.goodreads.com/book/show/56053500-i-know-what-you-ve-done Оваа е новата, ако сакате да ја читаме.
Не се сеќавам дека сум го читала првиот дел, или сум го читала македонскиот превод па со различен наслов да е била книгата. Може некое потсетување што е дејството од првата книга. Баш ја сакам Дороти како автор ептен допадлив стил има.
Јас сум до пола некаде, ептен ми е убава Лени и Марго. Но на одмор сум и ич не ми се чита. А баш мислев ќе читам и ставив сè и сешто, но шетање и пливање е сепак поинтересно.
Ја завршив, не ми се допадна. Spoiler wtf беше книгава. Првата половина ми беше убава и на тоа остана до самиот крај. Краткиот опис и содржината, не знам, ко да читав сосем друга книга. Втората половина ептен забега веќе и се потона во вода. Ми стана јасно дека нема да се оправи никако и онака ја прочитав, да не ми остане забаталена. Врската меѓу 17-годишната Лени и 83-годишната Марго требаше да биде клучна нели, живот, смрт, некои длабоки дискусии да се разработат, а книгава имаше се освен тоа. Ме заболе за животот на Марго. Цела книга за неа. Среќа па почекав да излезе и не ја купив. Значи се изначитав глупости за трогателниот живот (кој пак ќе кажам, во првата половина беше баш со ок темпо и се тоа), ама па и згора на се и лгбт моментот ставен колку да биде актуелна книгава. Сериозно?! Ништо не смени тоа. Само се утепав од вртење очи и никако не ги запознав ни Лени ни Марго. Ептен се познава дека е деби-роман, недостигаше длабочина и навраќањето кон животот на Марго беше апсолутно непотребно. Лени онака реда ради прикажана, ама Марго мислам дека научивме и кој број патики носи. Навистина ме смори. Може е до мене, ама очигледно не сум некоја публика за оваа книга и сите од тој тип. Ќе продолжам да читам нешто незахтевно, навистина не сум во mood за нешто поинакво.
Ја завршив и јас книгава. Не знам што оценка да и дадам. На пола сум. Spoiler Како за главен лик, Лени не ја запознавме многу. Малку информации, нафрлани само. Сакав да ја запознаам уште малку повеќе. Вака ми фалеше нешто цело време за неа. Не знам за што беше ставена како главен лик, кога најмалку внимание обрнала на неа. Не знам што е со ЛГБТ што мора во секоја книга да се има. Ми беше too much тоа. No offense спрема заедницата. Тажен крај, се наежив, се расплакав. Ми недостасуваше нешто во книгава. Имаше убави делови, но некои и беа непотребни.