1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински клуб на читатели – nonfiction (The Idiot Brain – Dean Burnett)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од DAngel, 16 октомври 2020.

?

Која од следниве книги би сакале да ја читаме?

Анкетата е затворена на 19 ноември 2022.
  1. Come as You Are: The Surprising New Science that Will Transform Your Sex Life — Emily Nagoski

    0 глас(а)
    0,0%
  2. The Language of Emotions: What Your Feelings Are Trying to Tell You — Karla McLaren

    0 глас(а)
    0,0%
  3. The Idiot Brain: A Neuroscientist Explains What Your Head is Really Up To — Dean Burnett

    28,6%
  4. Why We Sleep: Unlocking the Power of Sleep and Dreams — Matthew Walker

    42,9%
  5. Choice and Consequence — Thomas C. Shelling

    28,6%
  6. Toxic Childhood Stress: The Legacy of Early Trauma and How to Heal — Nadine Burke Harris

    0 глас(а)
    0,0%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Се мислев за отварање тема за клуб за читатели на nonfiction литература, затоа што воглавно се работи за книги кои поттикнуваат размислување, кои имаат материјал за коемнтирање и секогаш е поинтересно кога ги читаш во друштво. (А знам дека на форумот има жени што радо читаат фактуална литература или би прочитале барем една месечно)
    После ја видов @Lella со A Short History of Nearly Everything и се потсетив на книгава, си се изнасмеав слатко пак на Америте и брзањето да го прогласат Плуто за планета, ми текна за Њутн и Лајбниц, и ми текна дека таа е една од личностите на форумот кои редовно читаат nonfction, па викам ај.
    Клуб за читатели? Исто како оној другиот. Теми има милион, книги има уште повеќе.
    Има ли заинтересирани, има ли моментум?

    Модератор:

    Листа на книги кои се прочитани:

    1. The Blind Watchmaker: Why the Evidence of Evolution Reveals a Universe Without Design – Richard Dawkins
    2. Thinking, Fast and Slow – Daniel Kahneman
    3. Fat Loss Forever: How to Lose Fat and KEEP it Off – Layne Norton, Peter D. Baker
    4. Ten Arguments For Deleting Your Social Media Accounts Right Now – Jaron Lanier
    5. Alex's Adventures in Numberland – Alex Bellos
    6. Why We Sleep: Unlocking the Power of Sleep and Dreams — Matthew Walker
    7. The Idiot Brain: A Neuroscientist Explains What Your Head is Really Up To – Dean Burnett
     
    Последна измена од модератор: 6 јануари 2023
    На gjoker4e, Priroden, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    32.465
    Пол:
    Женски
    Јас сум за :D
    Nonfiction литературата е она го читам најмногу во последно време. И јас почнав да ја читам А short history of nearly everything откако го прочитав мислењето на Лела :D
     
    На candy.cane и DAngel им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.929
    Пол:
    Женски
    Би учествувала со задоволство, само имам еден проблем. Немам киндл, а со тоа не можам брзо и ефективно да ги набавам и прочитам книгите, што е во суштина целата поента на читателски клуб. :(

    Обично одеднаш нарачувам книги од интернет, па после ги читам една по една. Неекономично е, ама ми прави ќеф. :D Сепак вака без киндл не би можела електронски да читам, толку време на екран би ми било премногу. Имате некое решение за ова, вие како се организирате со читањето? Стварно би сакала да учествувам.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    23.310
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ти одговара читање на мобилен, ама јас читам на апликацијата Lithium и симнувам epubs од интернет и е супер. Напорно е за очите ама шо да правам.

    @DAngel Ако ти се верува баш скоро ти ги сталкав мислењата за да најдам препораки за nonfiction зашто знам дека имаш споделувано. :D Така да јас сум за, баш ќе ме мотивира да навлезам повеќе во nonfiction што ми е и целта во последно време. :)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Јас воглавно користам TTS апликација на мобилен, оваа. Ставам на слушалки и немам грижа. На почеток ми беше без веза да се сконцентирам, после почнав со слушалки низ дома да шетам и се да игнорирам.
    https://play.google.com/store/apps/details?id=com.hyperionics.avar&hl=en_US&gl=US
    Сега повеќе ја ставам на mute и читам сама оти и онака сум по дома повеќе, а сама далеку побрзо читам од роботските читачи :D (speed reader сум)

    За читање, Lithium ја користев порано, @Srckata28 што ја кажа.

    А за наоѓање на книгите, не се грижете. Има страни онлајн, пдф, моби, епуд, не е тешко воопшто да се најдат. Јас преземам одговорност за тоа. Е сега, на англиски знам дека ќе ги најдам, на други јазици потешко :|

    Туку кажете како да го организираме, недела дена предлози на книги и гласање, месец дена читање?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.480
    Допаѓања:
    19.630
    Пол:
    Женски
    И јас сакам. Ама искрено немам ништо прочитано година дена. :wasntme: Се враќам сега полека во нормала, па може вака ќе ми биде предизвик. Само што веројатно, усствари сигурно, ќе доцнам со читање и тоа по многу.

    Дајте повеќе време за читање, да не ве бркам. :rofl: Оваа апликацијата ми фати око, ќе ја симнам.

    Проблем ми е мене уствари времето. :(
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    ЈАС СУМ ЗА!
    Пишете ме на список. Ајде да почнеме :D:hug:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    23.310
    Пол:
    Женски
    Јас мислам, во случај да е едногласно, да читаме на англиски јазик. Ако не им одговара на сите, во ред, ама може да се случи да сме сите читачи на англиски.

    Реално лесно е да се најде електронска форма на книга на англиски и изборот така ќе ни е голем.

    Нека се огласат и други. :)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    32.465
    Пол:
    Женски
    Може да се на англиски, поголем избор ќе имаме.
    Исто, за времето на читање мислам дека би бил доволен еден месец :D
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Секоја недела по еднаш ја проверувам темава, за да не почнете без мене. :D
    Ајде да почнеме. :sun:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Јас самостојно си терам 46 книги имам прочитано годинава.
    Ајде да почнеме, јас сум за, ама некако слабо интерес.
    Да се договориме како/што, како најмногу на сите ќе ни одговарара. Една месечно, тематски ли, по листа ли некоја ќе одиме, ќе даваме предлози и гласаме за книги? Било како.
    Има клубови на страни други, ако сакате по нив да пратиме... Редно е да се почне, плус почеток на месец. Па натаму како и да е
     
    На tinka-mace и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    И јас читам ама мислам дека вака би било ептен интересно. Како челенџ. :D
    Може да биде една месечно за сите да имаат време да прочитаат и да дискутираме. Може да почнеме така следејќи некој клуб, да ни биде водилка за првите неколку месеци. Потоа да учествуваме со сопствени предлози.
    Или пример можете Вие да ни предложите некоја која сте ја читале или планирате да ја читате. :)
    Како сакате така, мислам дека би била супер темава и дека со тек на време ќе има поголема заинтересираност.
     
    На tinka-mace и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.866
    И јас сум за, а ми се допаѓа и предлогот за читање по една книга месечно, но немам идеја што би можеле да читаме. Сè на сè, би ми се допаднале и книги за социјални/општествени прашања, философии, но и книги од природните/техничките науки, иако не знам дали може да се изведе тоа.

    Одамна размислувам да читам повеќе околу одржливост, климатски промени, проблеми и решенија итн, како и science communication или начини како да се навигира низ морето од милиони claims што постојат за секоја можна тема. Кои се недостатоците во науката и како да ги препознаеме, нешто повеќе за confirmation bias, authority bias, cherry picking итн. На еден начин, нешто што ќе ни помогне подобро критички да размислуваме, ако прави смисла.

    Сега вам можеби ви се познати овие работи или сметате дека сте ги надминале, па не знам, можеби смешно ви звучи ова :D.

    Да кажам однапред, немам проблем со читањето на англиски. Ако не се активираат и другите за тема и слично, за почеток може да одбере и @DAngel, како најуходана. Според тоа што се напишало погоре, сигурна сум дека ќе се приклучат и другите, но и самите немаат конкретна идеја или предлог.
     
    На f.girl, candy.cane, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.866
    На Purplelilac, Amellie13, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Многу читам книги, ама до сега не сум читала non-fiction. Ама предлогов е супер, па мислам дека би можела да пробам да учествувам.:D
     
    На pdb123 и f.girl им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.929
    Пол:
    Женски
    Еве јас што имам нарачано од nonfiction, треба да ми стигнат средината на месецов.

    The Blind Watchmaker – Richard Dawkins
    The God Delusion – Richard Dawkins
    Bad Feminist – Roxane Gay
    Blink: The Power of Thinking Without Thinking – Malcolm Gladwell
    Sister Outsider – Audre Lorde
    Cosmos – Carl Sagan

    Ако ви фаќа око некоја кажувајте. :D

    Едит:
    Решив да дополнам со кратки објаснувања за секоја за да не мора посебно да барате која книга за што се работи.
    1. Тhe Blind Watchmaker (детално објаснување за тоа како еволуцијата покажува дека не сме интелигентно дизајнирани)
    2. The God Delusion (зошто верувањето во Бог претставува заблуда)
    3. Bad Feminist (збирка есеи која се фокусира на контрадикциите кои ги среќаваме во секојдневниот свет во врска со феминизмот)
    4. Blink (ги проучува последиците од донесување импулсивни одлуки и како тие можат да бидат добри и лоши)
    5. Cosmos (popular science класик, буричка во сите интересни прашања за постоењето на универзумот и за тоа колку е импресивен фактот што се наоѓаме во него)
     
    Последна измена: 1 декември 2020
    На Lianna Anna, Amellie13, pdb123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    32.465
    Пол:
    Женски
    Јас сум за The God Delusion, таа од Gladwell и Cosmos иако ја имам прочитано неа.

    Моментално ја читам The demon in the machine - Paul Davies, па ете нека стои како предлог од мене :D
     
    На Lella и pdb123 им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.928
    Допаѓања:
    54.681
    Пол:
    Женски
    Најмногу око ми фаќаат 1, 2 и особено 5. Карл Саган го обожавам, иако немам прочитано ниедна негова книга (сѐ уште). :inlove:

    Не сум била досега дел од ваков клуб. Ко ќе се договорите која книга да ја читате ги купувате или се наоѓа и на интернет? :)
    Моментално читам друга книга но можам да се обидам да читам со вас таа што ќе се одбери.

    И дали сите треба да дадат предлози па да се гласа или слично?
    Сори, не ми е познато ништо. :lol:
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    23.310
    Пол:
    Женски
    Мене оваа ме најмногу заинтересира. :)

    На интернет. Секако, кој сака и може да најде на време може да си купи.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    И мене оваа најмногу ми фаќа очи, мислам дека The God Delusion ми е некако премногу и спомнувата и цитирана во книги што ги читав
    А Sagan е кул и сѐ, Cosmos ми е одамна на листа за читање, ама се сморив од The Demon Haunted World

    Со оглед на тоа дека сите вртат кон Dawkins, The God Delusion тогаш?