Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински клуб на читатели – nonfiction (The Idiot Brain – Dean Burnett)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од DAngel, 16 октомври 2020.

?

Која од следниве книги би сакале да ја читаме?

Анкетата е затворена на 19 ноември 2022.
  1. Come as You Are: The Surprising New Science that Will Transform Your Sex Life — Emily Nagoski

    0 глас(а)
    0,0%
  2. The Language of Emotions: What Your Feelings Are Trying to Tell You — Karla McLaren

    0 глас(а)
    0,0%
  3. The Idiot Brain: A Neuroscientist Explains What Your Head is Really Up To — Dean Burnett

    28,6%
  4. Why We Sleep: Unlocking the Power of Sleep and Dreams — Matthew Walker

    42,9%
  5. Choice and Consequence — Thomas C. Shelling

    28,6%
  6. Toxic Childhood Stress: The Legacy of Early Trauma and How to Heal — Nadine Burke Harris

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Оставам целосно на вас овојпат, имајќи предвид дека претходните три книги беа мои идеи. :D
     
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.382
    Пол:
    Женски
    Јас се надевам еднаш веќе ќе имам успешен обид да се придружам и да прочитам до крај.

    Idiot Brain би читала, иако мислам дека е во сличен тон напишана како за спиењето книгата, се надевам би ви одговарало. :)
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Јас: Се воздржувам од предложување книги, бидејќи и онака има доста, а и полесно е кога гласовите одат за две-три книги
    @Beemo : става 3615364 нови книги
    Јас:
    tenor.gif
     
    На Bezimenka90, Lella и Beemo им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Лелеее закаснав, да кажам пред да се избере нова :D
    Ме здрма и мене книгава, јасно е дека спиењето е важно, ама толку многу важно, колку болести наброја..:sweat:
    Не само часови туку и квалитетот што јас го немам како што се опишува.
    Професоров ми потврди дека има различни преференции што се генетски предодредени и причина што некои легнуваме касно, некои порано.
    Во идеално општество секој би имал професија складна на неговиот генетски тип.
    Читав дека е критикувана книгава, Бил Гејтс изјавил дека немало толкава корелација меѓу алцхајмер и спиење како што пишува во книгава, ама јас за алцхајмер и поврзаноста со спиење имам читано и пред книгава од други извори. :?:
    Дефинитивно не знам како да опишувам книги на темава, ама 8.5 од 10 и давам :!:
     
    На gjoker4e, Angie1432, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    That's what he wants us to think. ]:)
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Пардон на влезот
    giphy.gif
    :$:angel:

    Искрено ги поминав сите страни од темава и баш забележав како некои книги се изгубиле и не добиле воопшто шанса, па помислив ако вака одеднаш се излистаат дека можеби ќе се пресече тоа. Можно е и да не ми е најуспешен обидов, не велам не :D

    Anyways, досега за The Idiot Brain гласавме сите, а ко втора и трета доаѓаат I Contain Multitudes и Genius Foods.
    Да видиме ако има уште гласови што би промениле тоа.
    Ако не, понеделник почнуваме со The Idiot Brain?
     
    На Angie1432, Srckata28, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Е па ајде, јас мислам The Idiot Brain може официјално да ја почнеме. Додека имам колку-толку слободно време за читање. :D
     
    На Beemo и Srckata28 им се допаѓа ова.
  8. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Време е да оставам рецензија за книгава.
    Се извинувам однапред ако сум нејасен или тропам глупости, I am only a victim of my idiot brain :P

    Прво би посочил дека книгава ми е пример за одличен баланс меѓу хумор и сериозност. Хуморот во вистински моменти компензираше за сериозноста на темава, а со тоа и ми го држеше вниманието. Дополнително, хуморот не ми беше cheesy и cringy, туку баш соодветен. Сум читал вакви книги каде сум вртел очи на “хуморот“, но не и тука.

    Ми се допадна објаснувањето за тоа како здраво за готово ги прифаќаме пофалбите, а колку силно нè погодуваат критиките. Мозокот активно бара кои работи ни се препрека во нашите животни цели и негативно реагира кога нешто ќе ни го попречи патот. Ова доаѓа од човечка еволуција и имало свои предности пред илјадиници години, но во денешно време може да биде доста штетно. Дотаму што многу луѓе ова си го прават и на самите себе. Колку често само знаеме нешто супер да направиме, но веднаш потоа и да си најдеме неколку забелешки и како сме можеле и подобро. Најстрашно сепак е кога други луѓе го злоупотребуваат ова за да нè спуштат ниско. За тоа нема оправдание.

    Wow, колку погрешна претстава сум имал за бенчмаркот на IQ, конкретно во случајот со IQ по држави :o
    Не постои такво нешто ко некоја држава има просечен IQ од 80, а друга просечен IQ од 120. Сите се на 100, измерено според граѓаните на таа држава и тој бенчмарк се користи за внатрешни потреби, а не за мерење меѓу држави. Инаку ќе мешаш баби и жаби.
    Не дека давам некое значење на IQ тестови, често и cringe-ам кога луѓе паѓаат на оние clickbait IQ тестови или оние “Само 2% од луѓето го знаат одговорот на оваа загатка“. Кога тоа го прават и потоа споделуваат колку паметни биле, јас си викам “Овие веќе го паднале тестот со самото кликање“. (facepalm)
    Можеби единствен аргумент што би идел во нивна полза е што авторот во ова поглавје зборува за тоа како и интелегенти луѓе можат да прават глупи работи. But let's be real, the chances for that in this case are super slim :?:

    Го ценам авторот што се осврна на спортови и конкретно фудбал. Баш имам размислувано на таа тема - за тоа како фудбалерите немаат некои академски достигнувања, но сепак треба да се има соодветен интелектуален капацитет да се игра фудбал на професионално ниво, каде не само што се бараат извонредни просторни и технички способности, туку сето ова и треба да се прави под притисок на камери и публика. Публика која често знае да биде доста критички и нехумано настроена кон нив. Луѓе некогаш ги вреѓаат фудбалерите дека се глупи, но убеден сум дека добар дел од овие луѓе ако бидат ставени на терен во улога на фудбалер, ќе попуштат на притисокот и ќе направат многу глупави работи.

    Има уште многу што да се зборува за книгава, но да оставам простор и за другите :lol:
    Ко за на крај, пред да преминам на единствената критика што ја имам, сакам да споделам два цитати:

    "It seems that, despite all the inclinations towards being sociable and friendly, our brain is so concerned with preserving a sense of identity and peace of mind that it makes us willing to screw over anyone and anything that could endanger this. Charming."

    Ова го имам осетено на сопствена кожа и е многу беспомошно чувство. Да сакаш да се разбереш со некого, или да му помогнеш, а тоа сепак да биде видено како напад на нивните вредности, за на крај пријателството да страда.

    "This is why unrealistic beliefs are classed as delusions only if they’re not consistent with the person’s existing belief system and views. The experience of a devout evangelist from the American Bible Belt saying he can hear the voice of God is not considered a delusion. An agnostic trainee accountant from Sunderland saying she can hear the voice of God? Yes, she’ll probably be classed as delusional."

    Нема што да додадам тука, ова само по себе си зборува.

    Критиката што ја имам е што книгава со фуснотите делува како да читам нечиј дипломски или магистерски труд. Ја разбирам потребата од тоа да се биде фактички прецизен на ваква тематика, но искрено на авторот ќе му верував и без тие линкови и фусноти 8-|

    Се на се супер книга. И давам 4.5/5 :clap:

    Btw, знам дека не е трка, ама...
    [​IMG]
    :$:*:
     
    На Angie1432, f.girl, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Јас во меѓувреме патиките уште ги врзувам. :tmi:
    Ќе се обидам да најдам време, да ја завршам неделава.

    И да не те разочарам, мислам дека Лела за 2 дена ја има прочитано, ама чека некој друг да пише прв. :D
     
    На Lella, f.girl, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    My disappointment is immeasurable and my day is ruined.

    Jk, jk :lol: Нека послужи тогаш мојот пост ко мотивација за другите да изгураат до финишот :angel:
     
    На Lella, f.girl и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  11. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Добро зашо ја упука @Bezimenka90 ? Само се обидуваше да ми помогне :u:;(

    Прејак гиф ахахах :clap::rofl:

    На темава, далеку сум од финишот јас, ама ќе пробам да ве стигнам :wasntme:
     
    На Beemo, Lella, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Ееее, живот за тебе дадов. :D

    Кај стигна до целта, пак ме упука. Ова ко посебен middle finger за мене. :D
     
    На Beemo, f.girl и Lella им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Ја добив битката ама ја изгубив војната. :D

    Две недели веќе се токмам да пишам, ама никако да седнам. Јас ја енџојнав книгава (не знам како поинаку да кажам (lalala)). Најмногу ми се допадна стилот. Авторот е пресмешен, ме тера да сакам други работи да читам од него. Се газев секогаш кога ќе искоментираше како се влече со пишувањето на книгата. Исто ми се допадна што не се преценуваше, туку настапи скромно и резервирано. (Можеби заради делот со интелигенцијата :wasntme:)

    Кога сме веќе кај интелигенцијата, многу интересен ми беше односот меѓу самодовербата и IQ-то, односно дека поинтелигентните луѓе се многу повеќе самокритични. Особено затоа што сите го забележуваме ова во секојдневниот живот. Колку поапсолутистички настроен е некој во своите тврдења, толку помалку можеш да се потпреш на тие тврдења. Во многу сфери ми се покажало ова како точно.

    Инаку според мене интелигенцијата е интуиција. И ова ги опфаќа сите области, математика, пишување, свирење инструмент, играње фудбал... Сите овие се различни начини на кои мозокот препознава и извршува некои шаблони со леснотија. И секако не може сите да нè бидува за сè. Па оттаму и поделбите на емоционална интелигенција, музичка, сликарска и не знам друга каква. Практично сè се сведува на тоа колку си способен нешто интуитивно да направиш, колку брзо можеш да го совладаш. И мислам дека нема универзална интелигенција, секако во нешто ќе си тапа.

    Друго нешто што ми остана во сеќавање е рушењето на она „не ми е гајле што мислат другите“. Ахам обавезно. :D Мислам дека низ моето патешествите од неподнослив pre-teen до сега ова е една од работите во која најмногу се имам променето, и за која сум сфатила дека е најголем булшит. Буквално на сите им е гајле што мислат другите за нив, и тоа е многу нормално (и еволуциски позитивно) нешто. Дури и кога демонстрираме такво некое си бед бич однесување, тоа е ултимативно за да се осигураме дека другите мислат дека сме такви.

    На оваа тема, додека читав за group polarization, веднаш сфатив дека ефектов толку кристално јасно се забележува на форумов, што мислам дека ако сака некој да го проучува, овде би било вистинското место. :D Толку е фасцинантно што антагонизмот постепено се гради до точка што двете страни заземаат сè поекстремни ставови за да докажат поента и оттука цела дебата оди во непознат правец.

    Исто ми текна кога читав за меморијата, дека колку помалку ја recall-нуваш, толку побрзо се губи. Како мали со една другарка измисливме нови рандом симболи за македонската азбука, мислејќи дека е непробивлив код, и така си пишувавме писма. Тогаш можев со релативно солидна брзина (на второодделенец) да ја читам и пишувам таа азбука. Сега пробав да се сетам на буквите, ама само на 4-5 ми текнува. Се мислев да ги откопам од некаде писмата и да пробам да ги прочитам, со оглед на тоа дека не сум ги читала десетина години. Одлична идеја за прокрастинирање пред колоквиуми. (y)

    Кога бевме ние на Европско не знам кој ѓавол ме натера да му го отворам твитерот на нашиот голман. Кога видов дека пишува како средовечен маж во фб коментари со правописни грешки што не знаев дека се возможни, едноставно изгасив и се преправав како ништо да не се десило. Never meet your heroes. :D

    Ова ми беше и мене многу интересно. Секако не го знаев ова претходно. Испаѓа после сè, Докинсовата The God Delusion и нема баш добар наслов.:D

    За крај, единствено негативно нешто од книгава ми е тоа за нистагмитисот или како и да се викаше (рапидно мрдање на очите лево-десно), од причина што мене ми се случува понекогаш уште од мала. И секако како хипохондрик се извадив од памет (не дека го немам гуглано до сега де). Па сега секогаш кога ќе приметам си правам филмови. Не ми требаше вакво нешто, особено поради фактот што и другпат сум си замислувала проблеми со очи и на преглед докторот практично ми кажувал дека се глупирам. :drunk:

    Друго, кога фати за спиењето да збори, а ние сите со свежо прочитани 350 страни во врска со тоа. :D Пресмешно ми беше.

    Од мене книгава добива петка. Инаку и јас скокнав некои коментари што ги имав, ќе почекам да заврши трката. :wasntme:
     
    На f.girl, do-re-mi, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Конечно ја прочитав. :sweat:

    Да кажам одма дека ми се допадна книгава. Беше доволно едноставно напишана да се разбере, а пак имаше и доста нови информации. За хуморот мора да се согласам со ова:
    Втората глава со спиењето беше практично претходната книга, скоцкана убаво и кратко. Да знаев, ова ќе го прочитав само, место сите експерименти и студии во претходната. :D

    Третата глава за страв и фобии ми беше посебно интересна. Прво, дека има едноставни фобии, како на пример мојата од пајаци. :worried: Второ, дека има и комплексни фобии, исто така како мојата социјална анксиозност. Трето, што ја објасни разликата помеѓу социјална анксиозност и социјална фобија. Целава глава убаво објасни зошто се јавуваат овие стравови и зошто едноставно да му кажеш на некој дека е помало од тебе, не ти може ништо не помага. Наредно ќе ја испринтам целава глава и ќе им на врачувам на сите што ми носат намерно пајаци у близина, пошто им е интересно. :devil:
    Да не должам, пошто немам многу време за пишување. Само да спомнам дека интересно ми беше дека објаснуваше и за луѓето што веруваат во теории на заговор и зошто е тоа така.

    Ќе ги скокнам другиве поглавја. Не само затоа што веќе ги опфативте, туку и затоа што одамна ги прочитав и не си пишав белешки да запамтам што сакав да кажам. :tmi:

    Последното ми остави впечаток, особено зошто го прочитав вчера. Ама исто така и зошто открив дека сум на добар пат за mental breakdown. :handshake: Мислам дека никогаш немаше да поврзам дека стресот може да е причината за хроничен замор. Посебно ми се допадна делот за депресија, затоа што не се воздржуваше да биде неутрален, туку директно си кажа дека луѓето што не ја сфаќаат депресијата и депресивните лица сериозно се идиоти. :D

    Ми се допадна, ја бендисав, уживав во читањето. :P

    И јас не знаев дека има толку многу категории на интелигенција. Инаку за тестовите на интелигенција секогаш ако има коментари на нив сигурно добри 80% се дека се надпрочечно интелигентни. Не ме бива за математика, ама мислам дека ако спаѓаш во толкаво мнозинство сепак си просечен. :wasntme:
    Ок, можеби само тие надпросечните решиле да коментираат, ама поентата е дека егоцентричниот мозок на тие луѓе ја прави голема веројатноста за погрешно чувство на супериорност. :D


    Ќе паузирам со читање до март барем, ако сте уште активни ќе ве дружам тогаш. Ако не сте, ќе ве активирам. :devil:
     
    На Beemo, f.girl, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Јас не ја прочитав, т.е. не ја дочитав.:tmi:
    Ми се здосади да читам и плус книга зашто милион други работи имам за читање. :tmi:
    Ако примате анализи малку подоцна од предвидениот рок ќе напишам, благодарам однапред. :D
     
    На Beemo, Lella и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    @Lella да не имаш некој предлог?
    Ми се чита нешто што не е фикција, нетипично, ама за Харари баш ми беа интересни рецензиите.
    Ама, гледај да е нешто интересно. :D
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Sapiens ми е апсолутна препорака, без конкуренција. Вистинско уживање беше, ни во еден момент не беше досадна. Сигурно нема да се покаеш ако ја читаш. Homo Deus ми беше поубава, ама таа е во суштина последната глава од Sapiens подетално. А оваа чепнува голем број теми што може после да те насочи за други поврзани книги. Е сега, ако сакаш нешто нетипично, специфично или niche, не знам што да ти препорачам. :D Таа за јазиците мене многу ми се допадна, и Thinking, Fast and Slow, што ја зборевме тука, ама тие се ептен крути и учебникарски, и душата ми ја извадија на моменти, па не знам колку би биле прав избор. :lol: Главно за сè што сум прочитала имам рецензија во темата, ако сепак го прескокнеш Харари, може од таму да си избереш според вкус.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Гледам дека погрешно сум го формулирала мислењето. :D
    Мислев предлог да ставиме нешто ново за читање. Ама фала за препораката секако.
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Во тој случај ја предлагам Guns, Germs and Steel, ми стои за читање. Од тоа што сум видела темата и слична како на Sapiens, за развојот на општеството од почетните стази до сега и викаат дека била лесна за читање, што е од клучна важност кога се работи за скоро 500 страници.

    Инаку не ми пречи ни Sapiens да ја збориме, ако не им е читана на другите. :D
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам се мислам Сапиенс да ја читам. Ај нека се пријави некој ако е за, па ти можеш секако да се вклучиш во дискусијата.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.