1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински клуб на читатели – nonfiction (The Idiot Brain – Dean Burnett)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од DAngel, 16 октомври 2020.

?

Која од следниве книги би сакале да ја читаме?

Анкетата е затворена на 19 ноември 2022.
  1. Come as You Are: The Surprising New Science that Will Transform Your Sex Life — Emily Nagoski

    0 глас(а)
    0,0%
  2. The Language of Emotions: What Your Feelings Are Trying to Tell You — Karla McLaren

    0 глас(а)
    0,0%
  3. The Idiot Brain: A Neuroscientist Explains What Your Head is Really Up To — Dean Burnett

    28,6%
  4. Why We Sleep: Unlocking the Power of Sleep and Dreams — Matthew Walker

    42,9%
  5. Choice and Consequence — Thomas C. Shelling

    28,6%
  6. Toxic Childhood Stress: The Legacy of Early Trauma and How to Heal — Nadine Burke Harris

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Јас ќе пробам да бидам пократка бидејќи деновиве имам полагања back to back to back, ама видов сте се расприкажале и добив желба да се вклучам. :D

    Кога го прочитав во книгата ова за масните клетки откако ќе се случи јојо-ефектот во глава ми се вртеше оној џинглот од видеото history of the entire world i guess. :D (Bigger and there's more of them)


    Мене ми беше новост дека се трошат калории и при несвесно мрдање со раце нозе, т.е. fidgeting. И интересно ми беше што се зголемува кога имаш вишок енергија, што би било логично, ама никогаш не бев размислила за тоа. :D

    Мене ова ми е најинтересен момент. Ние на темава дискутирајќи ја книгава ситничариме за нешто што треба да е наводно очигледно. И баш така изгледа додека читаш. Ама надвор во реалниот свет луѓето сепак се ставаат на тешки рестрикции кои секако не можат да ги задржат само за да постигнат краткотраен ефект и пак да се вратат назад. Држењето диети е премногу нормализирано, до толку што нема ништо чудно во тоа луѓето низ муабет да кажат „поминаа празниците, пак треба да сум на диета“... Самиот форум е сведок на тоа, имаме цела категорија за диети, со преполни теми и со девојки кои пишуваат таму додека ние паралелно пишуваме тука. :drunk:

    Да се надоврзам, во книгава приметив еден карактеристичен misunderstanding кој се јавува во повеќе сфери. Ќе пробам да објаснам на најдобар начин со трите мозочни клетки што ми останаа денес. :D Верувам дека во овој gym bro свет во кој се збори за диети и исхрана и билдање класична дебата е дали можеш да слабееш без да намалиш калории. Нешто што книгава јасно покажа дека по дефиниција не е можно, а тоа значи дека губење килажа е дефинирано со калоричен дефицит. Она што може да се дискутира е дека си мислел дека не си во дефицит, ама ултимативно си бил. Друга сфера во која се јавува слична забуна: забременување надвор од плодни денови. :D Има луѓе што рака во оган ставаат дека забремениле во неплоден ден иако по дефиниција штом си забременил денот бил плоден. Трета аналогија: јас и братучед ми кога се каравме дали неговиот супер-брз полнач за телефон е добар за батеријата и кога го убедував дека ако батеријата поминува низ циклуси толку брзо секако не е добро.

    Како и да е, мала дигресија, ама не можев да не забележам. :D

    И јас ја немам гледано, ама од ова што кажа уште помалку сметам дека е океј работа. Ако имаш здравствен проблем и си пред умирање поради него, ваљда не е најпаметна работа да го решаваш преку риалити шоу. :?: А и јасно е дека со такви диети на крај уште полошо ќе си направат..

    Joke's on you. :D Ако имам хоби, тоа дефинитивно е учење работи што не ми требаат во животот, а би рекла дека ова е стопати покорисно од да речеме, да знаеш кој е главен град на Свазиленд. :D

    Мене уште ова не може да ми излезе од глава. Особено сега со body-postivity движењето, кога веќе не е толкав голем притисокот да изгледаш како маскота на 2000те. Ме интересира стварно колку здравствени последици би имал некој со градба на тело како Barbie Ferreira. Бидејќи ако стварно нема здравствени последици, мора ли некој да си го менува изгледот на телото толку? Естетиката е нерелевантна тука, бидејќи како прво е скроз небитна, а второ целосно субјективна. Јас сметам дека Барби изгледа покул од 99% од луѓето што постојат.

    Кога го спомнавте ова, морам да искоментирам за постењата од цел ден-два-три што се спомнуваа во книгата како не толку добри популарни диети. Мислам дека во книгата повеќе ги рејтнуваа диетите од аспект на sustainability, и тоа е во ред, ама дали вакво постење не носи здравствени последици, дури и ако можеш да го издржиш на долг временски период? :?: Не знам, има еден голем doubt од мене за тоа.

    Алкохолот звучи ко обратно од нутриент. :D Ѓубре. Си замислувам органите внатре како викаат, аман, еве ти ја оваа пак. :D Особено па ако си ги истуриш цревата отпосле, нутриент my ass. Океј, tmi.

    Инаку јас мислам, вака ептен генерално, сè е ова супер со контролирањето калории и состав на храната и сето тоа, ама мислам дека зависи од тоа каков лајфстајл имаш. Ако си џим бро секако ќе брои калории и ќе се опсесираш со суплементи. Јас лично се водам по мотото I'm here for a good time, not a long time. 8-|

    П.С. Уште ова и се затнувам. Не мислите дека е интересно како во сите книги тука што сме ги читале се протнува некој еволуциски момент на еден или на друг начин? Фасцинантно ми е како скоро секоја работа на нашите тела, било мозокот како во минатата книга или метаболизмот во оваа, може да се објасни преку природна селекција. Ми стоеше баш фино тоа.
     
    На do-re-mi, Bezimenka90 и pdb123 им се допаѓа ова.
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    What did I just watch??? :rofl: Фала ти за ова, го немав гледано ова видео :rofl: Исто, алал да им е на тие што сакаат и учат историја, I could never, иако пресмешно звучи вака сумирано :rofl:. Кога ќе видиш колку се трудиме да најдеме некоја логика и шема во светот, а тоа сè скроз рандом се случува, дури и од страна на луѓето :rofl:. Мислам ова го утврдивме и со првата и со втората книга, ама да си повториме :D.
    Тоа си го велев и откако почнавме да пишуваме, камо некој да се нафати да чита, пердуви ќе летаат во темава, за сите области, не само оваа :rofl:.
    Петиција за да се најде начин на заработка за сите луѓе што сакаат да учат рандом работи од рандом области наместо да се ограничуваат на едно нешто! :!:
    Штета што немаме медицински лица на темава, сигурно ќе можат да кажат нешто повеќе. Мислам дека недоразбирањето произлегува и од тоа што замислуваме дека луѓето што не се overweight немаат воопшто „салце“ ваму или таму. Се обидов да најдам слики од различни тела во рангот на „нормална/здрава“ тежина според BMI и оваа слика успеав да ја најдам:
    1543.png
    Сигурно ако гледаш некого кој има крушкаста форма на телото, можеби од колковите надолу би изгледал overweight спрема горниот дел на телото, а сепак според BMI да спаѓа во истата група. Или некој кој има јаболчеста форма, можеби стомакот би му изгледал голем во однос на слабите нозе :?:. Мислам дека општеството, барем кога се работи за жените, дури и овие во highest normal би ги гледало како overweight, а еве јас за мене би си кажала дека не верувам дека би имала осет вака од прво гледање да проценам дали е некој overweight. Генерално се мисли ако имаш поголеми „витки“ си overweight (иако нели на интернет имаше и тренд каде што и слаби жени ставаа слики од тоа како изгледаат свиткано), ама еве според сликава и средната и таа на крајот би имале „доволно големи“ витки, па не се overweight.
    Искрено, и јас имам одбивност вака кога ќе се спомне постење, а нели постојано се зборува како било многу здраво, но не верував баш, затоа што за многу работи се вели дека се „здрави“, а сепак нели не се. И зборував еднаш со другар кој рече дека ќе почне да применува intermittent fasting и ми спомена дека некој Нобеловец открил нешто поврзано со тоа, ама не обрнав внимание. И сега кога се спомена ова, си реков ајде да видам, и навистина било така. Ова е првата статија што ми излезе и не ми се разбарува сега во моментот, а ми изгледа океј, дека не е нешто хај-хуј :D.

    Би требало доста да читаме на темата за да оформиме подобро мислење и да провериме дали од истражувањата за кои добил Нобелова награда може да се дојде баш до тој заклучок кој се промовира или едноставно заклучоците се извадени од контекст и магнифицирани, ама изгледа дека има некои придобивки. Е сега, колку долго е здраво да трае тој процес на аутофагија, а кога веќе си претерал, не би знаела да кажам :?:.
     
    На do-re-mi, Lella и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    Само мене ми доаѓа да влегувам по темине и како Јеховин сведок да им ја промовирам да ја читаат? :D

    Мислам дека кај здрави луѓе, ако вака постат 2-3 дена нема да има некакви негативни последици.
    Проблемот е само што луѓето вака си постат мислам без да се консултираат со лекар за да им каже дали е здраво за нив или не.
    Освен тоа мене ова би ми влегло во менталниот склоп на инстант резултати, а на долг рок секако нема да успеат со такво мислење. И некако целото тоа гладување 3 дена ми е тотално бескорисно.
     
    На Lella и pdb123 им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    @Lella Дали може нова анкета? :$
     
    На Lella и pdb123 им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Ја поставив. :) Моите предлози остануваат истите од минатиот пат. Се извинувам за доцнењето, ептен кнап со време бев.
     
    На Bezimenka90 и pdb123 им се допаѓа ова.
  6. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Дали ќе ја усвоиме втората книга, со оглед на тоа што не се менува бројот на гласови? ^_^
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    Гласав и јас, се вклучувам во клубов иако не ми е јасно баш. Немам Киндл, ги има во пдф и кога е крајниот рок? :wasntme:
    Инаку ова ми е прв book club, а и овие книги одамна ми се на ум, но се пролонирам да земам ваква, па ова ми е некоја прилика. :D
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Ги наоѓаме сами на интернет, ама ако некој не може да ги најде ги споделуваме тука. Јас најчесто ги барам книгите на страната b-ok.cc (z-library, libgen, како и да се вика). Читаме по една книга на месец; одбираме на почеток, треба да прочитаме до крај на месецот 8-|.
     
    На Bezimenka90 и GirlRose им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    minion-yay.gif

    И јас ги читам на телефон/PC, во PDF формат. Се наоѓаат на интернет. Само очи ќе те здоболат ако читаш од телефон. :D
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Океј тогаш, Why Your Five-Year-Old Could Not Have Done That it is. :D
    @GirlRose добредојде :sun:

    Едит:
    Не знам дали е бидејќи сум типси ама насловот на книгата не го собира во насловот на темата for the life of me. :D Најверојатно има лимит на карактери, па ќе мора вака со цртички и без празни места да стои овој месец. Утре ќе пробам од компјутер да го средам подобро, ама немам надеж баш.
     
    Последна измена: 10 јуни 2021
    На Bezimenka90, GirlRose и pdb123 им се допаѓа ова.
  11. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Дали некој ја најде онлајн книгата? Некако не можам да ја најдам.
     
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    Не можам оваа ни јас да ја најдам.
     
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Малку досадувам, ама веќе ни помина третина од месецот, па затоа препрашувам. Гледам скоро никој не реагира, претпоставувам дека и другите не сте ја нашле книгата. Ако грешам, ставете ја, ако не, да изгласаме набрзина нова книга :o:.
     
    На GirlRose и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Јас најдов неколку линкови кога пишав насловот на книгата плус epub ама сите ми стоеја скечи и немав храброст ниеден да симнам. :D

    Ако сакате ќе избереме друга книга, а за време не е проблем и да задоцниме, и онака не се водиме стриктно по месеци.
     
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе ми ги отвара во epub, имам симнувано...дај прати па ќе видиме ако не.

    Ако праќаме после чудни линкови по социјални мрежи ти си крива. :D

    Едит: @Lella ај ако не нова анкета најдобро. :)
     
    Последна измена: 11 јуни 2021
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Линковите во спојлер ќе ги ставам. Има и pdf колку што видов. Ако на некој му се ризикува нека симне и нека нè извести. :D
    Ако не, анкетата е повторно отворена, може да изгласаме нова (проверив, сите се достапни на libgen :lol:). Поука за другпат, пред да предложам нешто да се осигурам дека може да се најде. :D

     
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    Ги пробав сите 3.
    Ме изврте и пак не ми даде да ги симнам. :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Пишувам за да излезе темава во нови мислења и некој да се смилува да донесе одлука. :D

    @GirlRose Видов дека немаш гласано а беше заинтересирана за читање, може ти да одлучиш од двете која да ја читаме.
     
    На Bezimenka90 и GirlRose им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    Гласано, ма да мојот глас придонесе да е 50-50.
    Фала за потсетникот :sun:
     
    На Bezimenka90 и Lella им се допаѓа ова.