Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински клуб на читатели – nonfiction (The Idiot Brain – Dean Burnett)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од DAngel, 16 октомври 2020.

?

Која од следниве книги би сакале да ја читаме?

Анкетата е затворена на 19 ноември 2022.
  1. Come as You Are: The Surprising New Science that Will Transform Your Sex Life — Emily Nagoski

    0 глас(а)
    0,0%
  2. The Language of Emotions: What Your Feelings Are Trying to Tell You — Karla McLaren

    0 глас(а)
    0,0%
  3. The Idiot Brain: A Neuroscientist Explains What Your Head is Really Up To — Dean Burnett

    28,6%
  4. Why We Sleep: Unlocking the Power of Sleep and Dreams — Matthew Walker

    42,9%
  5. Choice and Consequence — Thomas C. Shelling

    28,6%
  6. Toxic Childhood Stress: The Legacy of Early Trauma and How to Heal — Nadine Burke Harris

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Може да предложам прво да ја читаме 10 arguments, пошто е прилично кратка? До крај на месец може и да ја завршиме, а после да ја читаме следната нареден месец без да гласаме пак? Да не чекаме нов tie breaker (or maker). :D
     
    На pdb123, GirlRose и Lella им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    И јас по истиот reasoning се водев кога гласав. :D Стварно мала е, можеби и повеќе луѓе ќе се приклучат овојпат.

    Едит: Лајковите ќе ги сметам за согласност, така што за јуни ќе биде Ten Arguments For Deleting Your Social Media Accounts Right Now. За жал, и оваа има предолгo име, па морав да го бучернам во насловот на темата, бидејќи не собира толку карактери.

    Еве ја книгата во epub и pdf. Со оглед на тоа дека е кратка, мислам дека ќе успееме да го фатиме јули за нова книга. Ветувам ќе најдам некои свежи предлози. :lol:
     
    Последна измена: 16 јуни 2021
    На pdb123, GirlRose и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Не сме се разбрале, мислев за јули да ја имаме втората што е нерешена - Political ideologies.
    2 во 1 гласање мислев да е ова, економично и да се заштеди време. :D

    Ако се согласуваат сите. Ако не, може и нова анкета, јас сум расположена за читање било што. 8-|
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Имајќи предвид дека и јас гласав за таа книга, се подразбира дека овој предлог ми е идеален :D.

    Единствено што ме мачи, како што напишав и кога ја предложив книгата, е дека е толку непопуларна тема што многу луѓе не сакаат да се замараат дополнително, покрај секојдневните глупости и ми е страв на крај да не ја прочитаме пак само 2-3ца, т.е. да не не добиеме нови потенцијални читатели во клупчево :rain:.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Може и така, не е проблем. На крај краева кој прочитал - прочитал. :lol:
     
    На Bezimenka90 и pdb123 им се допаѓа ова.
  6. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Жалам ако правам spoilers на некој, ама ми е досадно денес па ќе си пишам. :D

    Не бев сигурна колку ќе ми го промени мислењето книгава, затоа што и онака едвај користам социјални мрежи. И не би рекла дека ми го промени мислењето, затоа што и онака знаеме за дел од штетноста на социјалните мрежи, ама дефинитивно ме натера да размислам за други аспекти за кои што не сум размислувала.
    Мислам дека Ланиер е брилијантен во својата област, ама не премногу добар писател. На делови доста непотребно застранува од поентата, а во други делови може да навлезе подлабоко од што е напишано. Претпоставувам дека сакал да балансира и напише книга што е кратка и со тоа има шанси да допре до повеќе луѓе, а сепак да опфати доста од проблемите. Тука мора да се спомне и документарецот The Social Dilemma кај што имаше интервју и со него. За мене во документарецот е далеку подобро склопена и објаснета целата тематика за проблемите кои настануваат од социјалните мрежи. Ама сега не го коментираме него, ја коментираме книгата.

    Аргументите се убаво поделени секој во засебно поглавје.

    1. You are losing your free will.

    После овој аргумент почна да ме мава по малку параноја. Се запрашувам дали тоа што читам и гледам навистина јас го избирам или е поради алгоритмот? Уште поинтересно, почнаа да ми излегуваат теми за алгоритмот кои објаснуваат како ни влијае и како да го намалиме или избегнеме неговото влијание. Дали тоа значи алгоритмот почнал да работи сам против себе? Секако дека не, бидејќи пак продолжувам да кликам, што е целата поента. :D
    Познато е дека се е поврзано и ја следат активноста. На секое пребарување на Booking, потоа ме бомбардираат со спонзорирани реклами баш за истиот град насекаде по Инстаграм. Што на почеток вака не ми делувало како нешто претерано штетно. И тука признавам дека највеќе ми се промени мислењето, односно премногу наивно размислував. Се тешам дека подобро покасно, отколку никогаш. Не е проблем да ме бомбрадира со реклами, ама и те како е проблем ако цело време те ограничува на иста содржина. Социјалните мрежи повеќе ги гледав како алатка и од нас зависи како ги користиме, ама кога цело време ти филтрира содржина што е специјално избрана за да ти ја одржува зависноста, кој кого контролира?
    И ги користиме мрежите почесто од што мислиме. Освен тоа скоро сите имаат социјална мрежа. Еве мене единствено нешто што ме држи да не престанам да ги користам е фактот што цело друштво ми е таму. Го користам само месинџерот на Фејсбук и четот на Инстаграм, со повремено скролање на слики од животни и пејзажи. Супер е за релаксација и социјализација (особено за социјално анксиозни луѓе како мене :D ), ама би се осеќала изолирано да престанам да ги користам. Ама дефинитивно е лудост кога ќе размислам колку е тешко да функционирам без социјални мрежи.
    При кај имаше пишано дека зависноста и слободната волја се спротивности. И мислам дека таа реченица најубаво го сумира целото поглавје, целосно ја доловува поентата и нема потреба дополнително да се објаснува.

    2. Quitting social media is the most finely targeted way to resist the insanity of our times.

    Ланиер се изјаснува дека не е против технологијата, туку само против бизнис моделот на Facebook и Google што го нарекувасо акронимот BUMMER. Знам дека сака убаво да објасни што конкретно смета дека создава проблеми преку 6 компоненти од A-F, ама мислам дека ова е еден од тие непотребно долги делови. Се што кажува за компонентите е веќе опфатено и во другите аргументи.
    Неговиот аргумент е дека ако престанеме да ги користиме социјалните мрежи, компаниите ќе бидат приморани на тој начин да го променат бизнис моделот. Реално гледано, не верувам дека книгава може да убеди некој зависник од социјални мрежи да ги откаже сите набрзо и мислам дека ни Ланиер не верува во тоа. Би сакала да го искористеше своето знаење за сугестии како да го намалиме влијанието, некои нови начини преку кои може да им се намали профитот и да ги натераме на промена. Ама од друга страна верувам цели на ефикасност, а за да се постигне најголема ефикасност не може да има компромиси.
    Е сега потребна е и масовност. Исто како и со глобалното затоплување, потребно е сите да делуваме за да имаме значајни промени. Како би можело да се постигне тоа? Искрено, не знам. Како да натераш просечен зависник од социјални мрежи само да ја прочита книгата? Да дознае барем дека постои некаков проблем. Како може да се реши проблем за кој огромен дел, ако не и најголем дел од популацијата не ни знае дека постои?

    3. Social media is making you into an asshole.

    Многу зборови искористил за да ме убеди во нешто што веќе знаев. :D
    Профилите на социјалните мрежи ни се една лична реклама. Колку повеќе се експонираме со коментари, слики, лајкови, толку повеќе ќе не забележуваат луѓето. Проблемот е што кога комуницираме со други луѓе онлајн забораваме дека се реални...или можеби не се? Може се некој catfish или некој трол?Најверојатно затоа ја забораваме нормалната комуникација и кажуваме лесно работи кои најверојатно не би помислиле да ги кажеме во живо.
    Освен тоа имаме некоја потреба да мора да имаме став за се, дури и ако не сме запознаени доволно со темата. И влегуваме во натпревар кој аргумент ќе победи, наместо да ја сослушаме другата страна и да разбереме што сака да каже. Ланиер го спомнува и групното размислување кое се јавува и од тука му произлегува теоријата за Solitary/Pack Switch, односно социјалните мрежи не водат кон групно размислување наместо кон индивидуалното.

    4. Social media is undermining truth.

    И ова го прави на 2 начина: преку интеракција со луѓето и преку добивање на информации.
    Тоа што започна на Фејсбук со добивање и броење на лајкови, билдање на голем број пријатели, сега на стероиди се префрли на Инстаграм и се ребрендира како инфлуенсерство. Луѓето најдоа начин да си профитираат од работата за слава, иако технички тоа не е дозволено на Инстаграм...ама само технички. Освен тоа тешко се одржуваат и 10тина пријателства а не па неколку илјади. Барем мене ми е тешко. На сликите сите изгледаат совршено, со филтри и секако сите ги споделуваат убавите моменти што дава илузија дека животот им е многу поубав. Ама кај тинејџерите, особено кај младите девојчиња ова создава несигурности и проблеми со самодоверба. Имаше една тема за ова на форумов и ми текнува сега дека тогаш само ја скролнав и може пишав нешто во стил дека социјалните мрежи се само алатка и од нас зависи како ќе ги користиме. Сменето ми е мислењето, затоа што тоа е прилично егоцентрично. Од моја перспектива, немав толку израснато со социјални мрежи за да ме афектираат до тој степен. Ама сега младите од основно имаат профили и бонус штетна појава е булингот кој продолжува од училиштето и низ социјалните мрежи.
    Што се однесува до информациите, сите знаеме за content farms. Не им е битно дали нештото е вистинито или не. Битно е само да е шокантно, да го кликаат луѓе и да продолжат да следат такви вести кои постојано ќе им ги нуди алгоритмот. Многу од тие не се толку наивни и се опасни, како што го дал примерот со антиваксерите. Нема да пишувам веќе за оваа глава, затоа што ако почнам за fake news ќе напишам уште 10 страни. It’s my pet peeve. :D

    5. Social media is making what you say meaningless.

    Прилично се повторуваа доста работи во овој аргумент. Во суштина кажува дека на социјалните мрежи нема вистинска комуникација, затоа што не знаеме во кој контекст е кажано нештото. Интересен беше делот за podcasts, како и тие можат да се злоупотребат и да се направат нови видеа извадени од контекст. Друг интересен дел беше за Gamergate. Познато ми е тоа од искуство, со оглед на тоа колку игри имам играно online. Прилично токсична атмосфера, освен тоа сега достапна и на Фејсбук за да можат полесно и профилот да го злоупотребат. Поучена од тоа искуство сега имам доза на параноја кога додавам нови луѓе. Ако не ги познавам на никаков начин, не би ги додала никогаш.

    6. Social media is destroying your capacity for empathy.

    Овој аргумент е доста сличен (да не речам скоро ист) на претходниот, само од другата перспектива. Ние го гледаме само однесувањето на луѓето, ама не можеме да разбереме од каде произлегува тоа. Објаснување е дека тоа се случува поради алгоритмот, бидејќи не изложува на различни работи. Или па на истите работи, ама претставени на поинаков начин. Нешто како вестите што ги гледаат луѓето. Не гледаме независни медиуми, туку се под влијание на некоја страна. Ама тогаш имаме шанса и ние да ја видиме таа друга страна, а на социјалните мрежи не можеме да знаеме што и покажува алгоритмот на другата личност, па така не можеме да ја разбереме нивната перспектива.

    7. Social media is making you unhappy.

    Не можам да кажам дека не сум го искусила ова. Колку и да сме свесни дека не треба да дозволиме да ни влијаат социјалните мрежи, понекогаш не може да не допре до нас некоја вест или да не се споредиме со другите. Би рекла дека ова можеби е и најглавната причина зошто социјалните мрежи ми се сведени на неколку групни четови само за одржување контакти. Освен тоа луѓето се преоптоваруваат со тоа кој им видел и лајкнал што, па ако пропуштиш нешто одма ќе заклучат нешто да не си им лута.
    Ме фаќаат кринџови во темине за љубовни проблеми со тоа колку се оптоваруваат да протумачат еден лајк, ама тоа е реалноста сега. Може некој е зафатен и не вратил, ама ги мава анкиозност зошто не пишал назад. Мене се ова ми е напорно и затоа отварам мрежи се поретко. Што се однесува за твитовите за кои што пишува во книгата не знам многу, не следам твитер. Генерално не следам познати личности, дури ни тие што ми се омилени. Мислам дека на нив им е уште потешко. Од една страна чувствуваат потреба да имаат социјални мрежи да се промовираат, а од друга страна кој знае какви се коментари нема да видат.

    8. Social media doesn’t want you to have economic dignity.

    Ова е еден добар агрумент. Поради фактот што социјалните мрежи се бесплатни ние не сме клиентот, ние сме продуктот. Не можам да не се согласам со таа логика. :D
    Се согласувам дека доколку се наплаќа некоја ниска сума за членови, ќе мора социјалните мрежи да почнат да ги слушаат корисниците, бидејќи тие ќе бидат клиентите. Колку пати има одвратни работи по социјалните мрежи кои се пријавувани, за на крај да бидат игнорирани? Интересен е моделот на бизнис кој го предлага, но никогаш нема да е прифатен додека не почнат масовно луѓе да се откажуваат од мрежите, затоа што тој модел ќе им носи помал профит. И се враќаме на почеток. Најверојатно Ланиер затоа се залага за тотално откажување од мрежите, наместо да дава совети за како да се намали влијанието.
    Од другиот економски аспект, ќе кажам дека следам на youtube еден канал за baking. Тотално релаксиран, ама баш има видеа каде ја опфаќа оваа тематика. Преку content farms, се крадат и рециклираат идеите и масовно се прават видеа со истите. И пошто ги погодуваат параметрите кои ги преферира алгоритмот, нон стоп само тие излегуваат и имаат масовна гледаност, а со тоа и профит. Се тоа делува демотивирачки за да создаваат нови оригинални содржини. И тука е во право Ланиер, ако престанат да прават оригинални содржини (или во неговиот случај со преведување на страни) ќе престане профитот и за другите, со што тој модел е неодржлив

    9. Social media is making politics impossible.

    Особено ми се допадна овој аргумент, затоа што изнесе доста примери како социјалните мрежи влијаат штетно. Од Arab Spring, Gamergate, LGBT+ до BLM движењата. Интересна е поентата што сега веќе протестите почнуваат да бидат буквално водени од масата на народ и немаат конкретно лидер и потоа немаат идеја во која насока да се движат. Баш го прави понеефикасно движењето. Од друга страна константно ги поткопува правата на малцинствата затоа што алгоритмот преферира asshole behavior. Мислам дека дефинитивно може да го забележиме тоа и кај нас. Би им забранила тука пристап до интернет додека не ја прочитаат книгава.

    10. Social media hates your soul.

    Цело поглавје споредува како социјалните мрежи се како религија. За мене искрено прилично непотребно, затоа што се повторува се што претходно беше пишувано. Ми делува како да си рекол ај да заокружам за биде рамна бројка за аргументи. :D
    Не дека не гледам сличности. И социјалните мрежи како религиите тешко е да ги избегнеш, цело време ти се наметнуваат и масовно се следени. Само е повеќе аргумент од негова лична философска персперктива.


    ---------------------------------------------------------------------

    Ако го прочита некој се ова, жалам. Не мислев дека ќе испадне волку долго. :D

    Дали книгава ме натера да се откажам од социјалните мрежи? Не. Не ни верував дека ќе успее во тоа, ама можеби ќе ми влијае помалку да ги користам, ако воопшто и е можно помалку да ги користам. Најдобар аргумент би било трошењето на време можеби, ама и тоа е на минимум. Помалку време би значело помалку разговори со луѓе онлајн, а социјализацијата не ја гледам баш како трошење време. Мислам дека убедливо највеќе време ми троши форумов. Ама форумов иако има доста елементи не е баш социјална мрежа. Не може да го сместиме во BUMMER. Дали вие мислите дека форумов е еден вид на социјална мрежа?
     
    На f.girl, do-re-mi и Lella им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Мене од старт ми се допадна книгава, после како поминуваше времето сè повеќе конспираси тиори вајбови ми даваше. Како и да е, држи вода секако. Се согласувам дека документарецот е многу пософистицирано направен. Ни од филмот ни од книгата не очекував дека ќе ме натераат да се откажам стварно од социјални мрежи, и секако не ме натераа.

    Ми се допадна што потенцира дека не стојат злобни мастермајндс зад технологијата, туку луѓе што не очекувале и не процениле дека капитализмот will do its cute little thing and destroy everything. Не ми се допадна што ја прецени сериозноста на проблемот до степен што го спореди со climate change. Јасно е дека ова што се случува со социјалните мрежи има големо влијание на целокупната економија, ама споредување закана што ќе те натера да се однесуваш поконсумеристичко со закана што милиони луѓе ќе ги остави без живеалиште ми е малку... не знам. Секогаш кога авторите аргументираат подобро е да се држат до реалноста, бидејќи преувеличување вака само ме тера да си помислам, хм, ако има потреба вака да преувеличува, зошто да му верувам? Сфаќам дека повеќе беше аналогија за разбирање на проблемот отколку outright споредба, ама сепак невкусно ми беше.

    Како и да е, и сам си кажа дека неговата област е Бамер-моментот, а не останатите причини поради кои социјалните мрежи се токсични. Според мене, индивидуалните причини повеќе би убедиле луѓе. Да се навратам на climate change моментот. Ако не можеме да натераме секојдневни луѓе да не употребуваат пластика, да купуваат локално и sustainable за да си ги заштитат животите, како очекуваме да тејкнат one for the team и да избришат социјални мрежи, кога буквално никој друг тоа нема да го направи освен можеби останатите тројца што ја прочитале книгава.

    Поентата можеби е добра, да, ама не е убедлива, не е ефективна. Не ме натера ни да размислам две секунди откако ја завршив, туку само се префрлив на инстаграм да гледам сториња. :D Блек мирор, што ја тупам во секое мислење, повеќе ме има натерано да се запрашам дали да користам социјални мрежи.

    Како што кажа @Bezimenka90, и мене најубедлив аргумент ми беше social media is making you unhappy. Сум приметила безброј пати како ми спласнува расположението кога ќе отворам инстаграм. Некогаш кога ќе приметам одма излегувам, некогаш продолжувам и навлегувам во ментал брејкдаун епизода because I like pain. Кога-како. :lol:

    Ама еве да се префрлам на главниот момент тука. Колку причини и да има, какви и да се, не мислам дека некогаш целосно би се откажала од социјални мрежи. Ми нема смисла. Ко, океј? Не си подлегнал на манипулациите на Зак-деди, на компании, на инфлуенсери, but at what cost? Откажување од самата суштина на својата генерација? Зошто? За да ги заштитам бабите на фејсбук што паѓаат во антиваксерски зајачки дупки. Не сум таков херој. Би го избрала сопствениот sanity пред тоа секогаш, жал ми е. И онака веќе сите се осеќаме преизолирано, не гледам како дополнителна изолација би помогнала тука, а преку кур ми е да сум жртвено јагне.

    Ова звучи малце како некој да ми ставил нож на грло на бришам социјални мрежи, ама морав да ѝ соодветствувам на драматичноста на книгата. :D

    Да. :D Океј, нема Бамер алгоритми, ама ги има сите други „благослови“ на интернет комуникацијата. Со хајлајт-рилс, со претставување извитоперена слика за себе, со барање и добивање валидација, со градење имиџ и релевантност итн. итн. Не постои интернет простор кој не ги влече со себе овие токсични особености, не гледам ни како би постоел.

    Сепак, уште сме во рана фаза на целиот овој факфест, има многу начини на кои може да евоулира интернетот. Застрашувачко е, ама и интересно. Да, бизнис моделот промовира echo chambers, ама без овој бизнис модел никогаш немаше да ја имаме оваа масовност и достапност. Нож со две острици е.

    БУКВАЛНО! :rofl: Се кладам дека дека напушен го пишувал овој чаптер, не гледам друго објаснување искрено. Ако се прашувате од каде ја ископав книгава, ја најдов на goodreads листата на Cosmic Skeptic, еден од моите омилени јутубери што збори за религија. Кога стигнав до оваа глава сфатив дека најверојатно и нему некој му ја препорачал баш поради овој дел. :D

    Како и да е, мене ми беше ова интересно за читање, ама за убедување, мислам дека може да убеди само некој од постарите генерации, кои израснале и живееле добар chunk од животот пред воопшто да слушнат за фејсбук или инстаграм. А вакви проповеди не работат на нас, тоа е како да бараш од некој да се откаже од својата реалност и да оди на планина да одгледува компири. Поздраво е за колективот можеби, ама би си зела за право да бидам себична.
     
    На f.girl, do-re-mi и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Не знам дали беше аналогија. Мислам дека е прилично убеден дека до толку е сериозна ситуацијата.
    Економски да, ја преценува сериозноста. Имаше еден дел кај што пиша дека не би требало така да функционира капитализмот. Ама оној ран, неконтролиран капитализам баш така делува. Прилично е суров, затоа се потребни рестрикции и контрола од државата. Интернетот колку и да има критичари што ќе речат е контролиран, навистина не е. Барем не тоа што треба да биде и е толку во некоја таква фаза на ран капитализам.

    Мислам дека повеќе за ова мисли кога споредува со штетноста на climate change. За жал не паѓаат само бабите, туку тажно е колку млади личности повеќе веруваат во теории на заговор наместо во науката. Шокантни наслови насекаде што сеат страв ги тера да мислат дека образованието е всушност заговорот, а тие се просветлиле со теориите. Ако станува се помасовно, навистина може да нанесе многу штета. Ете примерот со антиваксерите. Се надевам дека грешам, ама слабо образовано население + интернет пристап до разни фејк информации на интернет не ми делува на арно. :D

    Добра поента е тоа. Као...вие зезнавте работа, вие исправете си ја. :D
    На делови се запрашував наместо поплација од билиони да се откажува од социјални мрежи, нели е полесно тие што работат во тој сектор едноставно да одбијат да работат повеќе додека не се смени бизнис моделот?
    Сега може некој ќе рече треба да се откажуваат од изворот на финансии од кој што живеат и така е. Ама и на социјални мрежи некои заработуваат или им помагаат мрежите на некој друг начин. А начин да ги убедиш не е да кажеш if you have a soul, quit social media today. I don't have a soul and I'm ok with it. :D
     
    На f.girl и Lella им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Е, ова. Исто како аналогијата со climate change. Големите компании го создаваат проблемот because capitalism, а на крај пак на обичниот човек останува да купува метални цевки, да бојкотира социјални мрежи и да го „спасува светот“.
     
    На f.girl и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  10. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Сосема заборавив на книгава, а гласав за неа :| Ќе ја прочитам деновиве и ќе напишам мислење, дотогаш не ве читам :$

    Дали следна останува Political Ideologies?
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Јас таа сеедно ќе ја читав. :D

    Инаку како што пишав би читала било што, во интерес на темава да се одржи жива. Ако има lurkers на темава, не се срамете. Слободно придружете се. :D
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Пишете мислење кој планира да пишува, јас го сменив насловот за новата книга. За оваа не ветувам со сигурност дека ќе ја прочитам, прилично голема е, а и други работи ми стојат за читање. :D
     
  13. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Ќе се обидам да напишам што е можно пократко. Подоцна ќе ги прочитам и вашите мислења, затоа извинете ако се повторува нешто :D

    Немав големи очекувања од книгава, мислев дека ќе биде едноставна и брза за читање. Но, книга која вообичаено би ја прочитала за еден ден ми одзеде два дена. Содржината и стилот на пишување не се комплицирани и затоа ми е чудно зошто имав потешкотии при читањето. Лесно се деконцентрирав и ми беше неинтересна (освен одредени делови), како да не постоеше кохезија низ целата книга.

    Ми фалеа подобри објаснувања од научен аспект за што е тоа што нè "залепува" за социјалните мрежи, што се случува во нашите мозоци за да станеме зависни од истите итн. Очекував и аналогија со други зависности, кои се првите чекори за да ги препознаеме и за да се ослободиме од истите. Зависник од хероин не може веднаш да одлучи да биде чист и наеднаш да прекине со употреба на дрога. Авторот лесно ги избришал профилите на социјалните мрежи, но ретко кој може инстантно да донесе таква одлука. Не знам можеби е апсурдно што правам ваква споредба, но тргнав од себе и луѓето околу мене.
    Друго што ми пречеше беше пречестата употреба на BUМMER, како целата поента на книгата и аргументи да беа насочени против тоа. А да, последниот аргумент.... :xсосема непотребен.

    Од она што ми се допадна ќе го издвојам аргументот Social media is making you unhappy, тука и најмногу се пронајдов. Не се сметам за зависник од социјални мрежи, но ги користам секојдневно. Времето кое го поминувам пред екран зависи од обврските, и воопшто да не се уклучам на инста или фб нема да почувствувам дека нешто ми фали. Но, лани, за време на полицискиот час голем дел од денот бев онлајн и забележав како полека станувам зависна и како тоа ми влијае на расположението. Чувството на разочарување, тага па и завист кога ќе видев некоја "совршена" слика беше присутно. Не можев веднаш да излезам од таа рутина, ми беше потребно време да отследам личности чија главна цел е да создаваат илузија на совршенство и кои се жедни за внимание и валидација од останатите за да се чувствуваат исполнето. И алгоритмот беше проблем додека "сфати" што ново сакав да гледам :D Ми се допадна објаснувањето како алгоритмите селектираат што ќе гледаме и принципите на работа. Останатите аргументи ми беа слични едни со други.

    Ќе го заборавев најомилениот дел со кој Ланиер ја започна книгата: be like a cat. Иако не спаѓа во официјалниот број ова ми е најубедливиот аргумент ако можам да го наречам така. Сакам да бидам како мачките :inlove:

    Нема да ги избришам профилите, но ќе ги ограничам и селектирам содржините кои ќе ми ги прикажува алгоритмот. Нормално не можам да живеам изолирано во свој меур. Сè уште ми се појавуваат девојки со совршени тела, инфлуенсерки, модели, само не дозволувам да имаат влијание врз мене како порано. Има толку корисни и едукативни акаунти и канали кои ми помагаат при учење и нема смисла да се откажам од нив. Социјалните мрежи не ги гледам како зло, само лошо е ако паднат во погрешни раце и не секој треба да има пристап до нив. Колку и да звучи ова дискриминирачки.

    Едит: следната книга ќе се обидам да ја прочитам. Политиката не ми е омилена тема и немам големи познавања. Затоа ќе се обидам а дали ќе успеам да ја дочитам не знам :wasntme:
     
    Последна измена: 13 јули 2021
    На Bezimenka90 и Lella им се допаѓа ова.
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    :D

    Ако нема кандидати, тогаш да ја скокнеме и да гласаме друга. Ваљда нема сама со себе да си пишувам. :D
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Јас ќе ја прочитам :angel:
    И оваа претходната ќе ја дочитам и ќе пишам :wasntme:
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Бидејќи hot girl summer полека се приближува кон својот неизбежен крај, предлагам да избереме нешто ново за читање. :D

    Мене за недела дена треба да ми пристигнат новите книги една по една. Еве што имам нарачано:

    Range: Why Generalists Triumph in a Specialized World – David Epstein
    Објаснува зошто е подобро да си jack of all trades master of none отколку да се специјализираш само за едно нешто. Немам идеја како би го покажал ова, затоа книгава многу ме копка. Мислам дека оваа би била најинтересна за дискусија.

    [​IMG]

    Alex's Adventures in Numberland – Alex Bellos

    Опфаќа голем број математички теми и ултимативно покажува како математиката е основа на скоро сè.

    [​IMG]

    Покрај овие ги купив и 1984 и Animal Farm од Орвел. Не се non-fiction ама има што да се збори, па ако имате желба може и овие. :D Чекам и ваши предлози за во анкетата.
     
    На pdb123 и f.girl им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Јас имам еден предлог.

    Come as you are - Emily Nagoski

    Книгата е за женската сексуалност, како жените функционираат сексуално, зошто некои жени чуствуваат повеќе желба за секс, зошто некои помалку, за "проблемите" во сексуалниот живот со кои се соочуваат жените, срамот во врска со сексуалноста итн.

    Ја имам почнато пред неколку месеци (20 страни само..) и сакам да ја завршам, па еве тука да ја предложам. :)

    61nVJ0ZerZL.jpg
     
    На pdb123, f.girl и Lella им се допаѓа ова.
  18. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Не планирав да дадам предлози бидејќи веќе има 5 книги (ако се додадат и оние од Орвел), но ајде нека стојат и овие.

    Првата е The Golem: What You Should Know About Science - Harry Collins, Trevor Pinch.
    Оваа ќе почнам да ја читам деновиве, ме заинтригираа описот и рецензиите кои ги читав на Goodreads :D

    Втора е The Sixth Extinction: An Unnatural History - Elizabeth Kolbert. Досега немам прочитано книга за климатските промени и затоа ми стои на листата за читање.
     
    На pdb123 и Lella им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Ја поставив анкетата, може да гласаме. Без Орвел, имаме доволно предлози. :D
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Апел до некој рендом член да гласа за било која од двете опции, да не биде нерешено. :D