Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински клуб на читатели – nonfiction (The Idiot Brain – Dean Burnett)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од DAngel, 16 октомври 2020.

?

Која од следниве книги би сакале да ја читаме?

Анкетата е затворена на 19 ноември 2022.
  1. Come as You Are: The Surprising New Science that Will Transform Your Sex Life — Emily Nagoski

    0 глас(а)
    0,0%
  2. The Language of Emotions: What Your Feelings Are Trying to Tell You — Karla McLaren

    0 глас(а)
    0,0%
  3. The Idiot Brain: A Neuroscientist Explains What Your Head is Really Up To — Dean Burnett

    28,6%
  4. Why We Sleep: Unlocking the Power of Sleep and Dreams — Matthew Walker

    42,9%
  5. Choice and Consequence — Thomas C. Shelling

    28,6%
  6. Toxic Childhood Stress: The Legacy of Early Trauma and How to Heal — Nadine Burke Harris

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Дали некоја знае од кај може сега да се симнуваат книги, пошто ug.lib.org повеќе не работи?

    Исто така дали може да предложам за во иднина да ги скокнеме анкетите? Многу време ни поминува, а и реално и онака сме двајца без тројца. Мислам дека може да се договориме одма која да читаме.
    Ќе направиме листа со предлози, ќе каже секоја кои 3 и се најинтересни и ќе одбереме една што сите сакаме да ја читаме. Некогаш има доста интересни предлози на анкетиве и се губат со ново гласање. Ако сите сакаме на пример 2 книги од листата, едната да ја читаме едниот месец, а другата наредниот?
     
    На Beemo, Lella и f.girl им се допаѓа ова.
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    ^се сложувам со предлогот на Безименка.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Може така. За овој месец Why We Sleep? Јас избрав друга, ама се подразбира дека не би ми пречело. :D

    Тука би требало да ги има повеќето. Од нашава анкета последните две не ги најдов, ама се наоѓаат ако го пишеш насловот + epub на гугл.
     
    На Angie1432, f.girl и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Буквално само што пишав, бев во темата книги во PDF формат и го најдов линкот. :tmi:

    Иначе може таа, да. Ако нема никој против.
     
    На Angie1432 и Lella им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    До кога ја читаме?
     
  6. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Јас нема да ве стигнам најверојатно за оваа зошто малку повеќе стручна литература читам деновиве, ама имам 2 предлози за нареден пат.
    Dopamine nation & In the flo
     
    На Bezimenka90 и Lella им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Па нека биде за 2 недели од сега да почнеме со коментари, ама обично флексибилни сме по ова прашање, кој кога ќе стигне може да коментира. :D
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ви се придружувам зошто баш ја мислев книгава дека сакам да ја прочитам, поточно да ја ислушам на audible.
    Мислам дека до кај 2ри, 3ти ќе ја завршам.
     
    На Bezimenka90, gjoker4e и Lella им се допаѓа ова.
  9. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Early bird reporting in! :sun:
    Би било супер да се преброиме тука колку сме early birds, а колку night owls (waiting)

    Премногу интересни, а воедно и застрашувачки факти во книгава.
    За алкохолот се почесто има студии каде го стеснуваат кругот околу негова конзумација и се повеќе се иде кон тоа целосно да се апстинира. Ете една работа што долго време ми беше енигма е алкохол кај трудници. Знам дека се дозволува мала количина, ама според книгава најдобро е ич. Па дури и при доење, нешто на што воопшто немав ни помислено (океј, можеби ова докторите и мајките го знаат).
    Во секој случај, најдобро би било мажот да се жртвува тие 9 месеци од бременост и додека трае доењето заедно да ја поддржи жената во апстинирање од алкохол. Неубаво би било тој да си тера покрај неа.

    Него дали авторот цело време инсистираше на 8 часа спиење, или 8 часа да си дадеш за спиење?
    Сфаќам дека идеално е 8 часа да спиеш и најчесто на тоа се мислеше, ама имаше момент каде авторот спомена дека може е подеднакво добро да биде да си дадеш 8 часа за спиење. Односно имаш time to sleep vs time of sleep. Бидејќи во тие студиите каде имаат учесници на кои им дадено 4-6-8 саати спиење, мене ми е тешко за верување дека сите како роботи баш толку спиеле. Туку веројатно толку им е дадено, па колку спиеле толку.

    И се спомена ли некаде дали е исто да се има 8 часа непрекинато спиење, во споредба со спиење кое е прекинато да кажеме после 4 часа, па веднаш да се заспие и да се отспие уште 4 часа?

    Една работа што ми се допадна е што имаше неколку наврати каде авторот не сакаше да се потпре на изјави и лично искуство, без тоа да биде научно истражено и потврдено. Пример беше со музичарите, Менделеев и други кои имале revelation во сон, но авторот потенцираше дека не е тоа научно или доволно за да се потврди, па потребно е дополнително да се истражи. Тука е разликата меѓу научни и псевдонаучни книги.

    Тоа што ме замисли книгава е што додава нов аспект ако некој ден се открие extraterrestrial life. Они ќе си имаат сопствен Circadian rhythm (ако воопшто и го развијат тоа) што може да биде сосема чуден за нас.
    Посебно ако доаѓаат од Бинарен сончев систем и со можност да немаат ноќ. Можеби ќе бидат ко делфините и китовите каде пола мозок им е буден, а пола во REM фаза.

    Единствена критика ако може така да се сфати, е дали фокусот кон (не)спиење и последиците се преувеличени баш поради тоа колку длабоко се навлегува во тематиката. Односно, дали ако истото го направиме и со друга работа, сличен заклучок ќе имаме.
    Еве пример ако земеме вода и хидрација. Да кажеме се фокусираме на тоа кој колку вода пие и доаѓаме до секакви заклучоци дека луѓе на работно место кои пијат 3 чаши вода, наместо 5, се помалку ефикасни поради дехидрација и поради тоа економијата ја чинат XX милијарди долари. Или тие што пијат чаша вода насабјле помалку сообраќајќи прават кога идат на работа отколку тие што не се напиле вода. Итн итн.
    Истото може да важи и за други работи, ко исхрана, вежбање итн.

    Затоа книгава по би ја сфатил ко истражување на тема што е доста изоставена, па сега покрај исхрана, хидратација и вежбање, ќе бидеме бомбардирани и за соодветно спиење :bug:

    Мене книгава ме фасцинираше и ѝ давам 5/5, но сфаќам и дека беше на граница на отупувачка :whew:
    Поради тоа, јас на неа гледам ко прва и последна книга што ја фаќам на тема спиење, па мило ми е што опфати се и сешто :lol:
     
    На Mantub, see.emily.play, f.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Книгава кога ја предложив очекував да е во форма на забавни објаснувања за тоа како ни функционира мозокот, ама наместо тоа испадна дека е вистински хорор со нов шамар на секоја страница. :|

    Ве молам потврдете ми дека не сум единствена книгава ја извади од памет. Моите слипинг хебитс не би рекла дека се екстремно нездрави. Во генерала мислам (?) дека спијам по 8 часа, ама не сум сигурна, никогаш не сум водела сметка за тоа. Сè до првиот ден кога ја почнав книгава. Почнав секој ден да водам евиденција за тоа колку спијам, ги исклучив сите аларми и се немам напиено ни капка кафе. 8-| Колку ќе трае ова не знам. :D

    Инаку да, ептен ја доживеав книгава како bad news, ама мило ми е што ја прочитав зашто најдобар начин да смениш навика е да се соочиш најсурово и најдиректно со последиците, а мислам дека оваа книга ни даде „убава“ слика за тоа како секојдневно се саботираме сами себе.

    Како што кажа @Beemo ми се допадна што опфати скоро сè поврзано со спиење. Си имав настрана запишано некои работи што посакував да ги објасни, како daylight savings, парализа во сон итн. и едно по едно ги бришев од листата како што читав. Останаа само две работи:
    1. Зошто кога спијам да речеме 10 часа, после тоа обавезно имам главоболка цел ден?
    И
    2. Ако сакам да си го поправам слип скеџуалот пример од 3-11 до 12-8, како би го направила тоа без да го направам тој неповратен brain damagе успат? Вака од измеѓу редови читање, би претпоставила дека е преку спиење секоја вечер малку порано од обично. Ама видовме дека и најмало кратење на РЕМ има големо влијание.

    Нешто што ептен ме натера да се замислам беше кога авторот збореше за вештачката светлина и тоа како влијае на лачењето мелатонин. Беше пишал нешто во стил „да претпоставиме дека го читаш ова во 11 навечер и неколку саати имаш пуштено светло“, и за волја на вистината баш 11 беше кога го читав. :D Па и имав две сијалици пуштено, и откако прочитав дека тоа ми го преебува мелатонинот, одма рипнав да ја исклучам едната, оставајќи ја само таа што ми е ептен слаба. За во следната реченица да прочитам дека не е битно колку е слаба, мелатонинот пак ќе биде преебан. :inlove:

    И ова ме замисли, пред секунда време што би се рекло, во еволуциски размери, не ни имало како да го имаме овој проблем. А сега не само што имаме вештачки светла туку и еден куп содржини што можат да ни го држат мозокот стимулиран до доцните часови, имаме и аларми, стриктни времиња за школо и работа, и многу други работи што ни го расипуваат природниот начин на спиење. Ова се огромни еволуциски промени што бараат адаптирање, и што (претпоставам :?:) би предизвикале селекција од голем размер, ама се случуваат точно сега. А како влијае тоа на квалитетот на животот во тој мал простор од 80тина години? Уште не знаеме, децата што растеле (и растат) со екрани во најкритичните возрасти уште не пораснале доволно за да покажат. Морбидно.

    И јас истото се мислев. Од една страна направени се огромен број истражувања и експерименти, ама од друга, нели има милион фактори кои влијаат на тоа како некој ќе реши некоја логичка задача, или колку емотивно ќе се однесува тој ден итн. А можеби едноставно ми звучи неверодостојно затоа што ефектите се толку големи. Би очекувала да се помали, да не влијаат толку многу. Ко океј имаат контролни групи, *young healthy individuals*, ама од кај ги наоѓаат овие? :D Нели сите сме претрпеле нарушување на спиењето на еден начин или на друг? Не дека не верувам во резултатите, туку не сакам да верувам. :lol:

    Друго нешто што ми остави печат беше културата околу спиењето што ја имаме. Се смета ко некој успех да можеш да „функционираш“ со помалку часови сон, што не е во ред. На форумов мал милион пати имаме прочитано како некој се фали со тоа. Или пак кежуали се спомнува како сме страшно sleep deprived. Ол-најтерите исто така се прифатени како најнормално нешто. За среќа никогаш не сум останала цела ноќ будна за да учам, не дека сум била запознаена со ефектите од тоа, туку анегдотално сум воочила дека ако не се наспијам учењето не е продуктивно воопшто. Првпат ова го приметив кога требаше да учам стихотворба како мала. Ја повторував стопати и пак правев грешки, ама следното утро уште додека бев поспана ја кажав без грешка. Тоа ми беше revelation. :D Исто како за Fat Loss Forever, фрустрирачки е што општо не сме едуцирани за тоа како нашите секојдневни навики ни влијаат на здравјето. И дури и да сакаш да им го пренесеш тоа на луѓето, не можеш без да изгледаш како сноб. :( Веќе почнав да правам планови како да ги натерам сите што ги знам да спијат осум часа без да звучам како проповедник од некој култ. :D

    Инаку, и јас ѝ давам 5 ѕвезди на книгава, пред сè затоа што беше многу информативна и интересна, а којзнае можеби и ќе ми го промени животот. :drunk: На подобро или полошо, останува да видиме. ^_^
     
    На NoirSerpentine, Mantub, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Не си единствена, мислам дека зборам во име на сите ако кажам дека книгава помалку или повеќе нè уби на психа за тоа колку спиеме :worried: И јас се приметив периодов како ќе се разбудам и ќе помислам веднаш на тоа дали сум спиел доволно и за можни последици :whew: Ќе ни помине, ама еве и дополнителна утеха е тоа што книгава подлежи на неколку критики меѓу научни кругови, од кои една е:
    Па можно е дека и 7 часа се сосема доволно.

    Во истово добиваш и одговор зошто 10 часа ако спиеш ти прави проблеми, како главоболка. Ако ти текнува на тој J-shaped curve, се јавува после 8миот час спиење и по кој што почнуваш да имаш негативни последици. Споменато е тоа од авторот, а еве и од цитатот/критиката погоре се вели дека спиење повеќе од 7-8 часа има уште потешки последици него ли спиење под 7 часа (waiting)

    А второто прашање што го имаш, ако примети и самиот автор учествуваше во спроведувањето на студиите. Односно кажа дека некогаш ќе влезел во соба и ќе го разбудел пациентот. Па самиот автор иако знаел за сите последици, си останувал по цели вечери да спроведува истражувања. Со други зборови, океј е малку brain damage да си создадеш :lol: Нема идеално.
     
    На NoirSerpentine, Angie1432, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  12. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Можеби дека мозокот се преодморил, сите делови совршено се поврзале и си ги меморирала сите детали (и потребни и непотребни), па тој бил ко – чекај, оваа вечерва го искористи мојот капацитет до максимум и ме премори, затоа еве ѝ сега главоболка, нека пати :devil:]:)

    Се шалам хахаха :rofl:, сосема на место ти е прашањето и мене би ме интересирал одговорот кој не го најдовме во книгата. А кога сме кај времетраењето на сонот некако чудно ми падна што се форсираше точно 8 часа сон, ко не гледам некоја преголема штета ако се спие по 7 и пол па и 7 часа или пак повеќе од 8 часа. Секако дека најверојатно е земена средна вредност, но ми пречеше што авторот инсистираше на баш 8 часа, а го демонизираше спиењето од малку помалку од 8 часа.


    Долго време размислував како да го започнам овој пост бидејќи не ми се допадна книгата онолку колку што очекував на почетокот. Можда насетивте и од претходниот параграф дека почнав да мрчам, па сега е време да продолжам.
    Но, пред тоа да истакнам дел од позитивните работи во книгава. Се сложувам и со Бимо и со Лела дека доста нови работи научив од книгава кои беа застрашувачки. Никогаш претходно не сум прочитала толку директно некој да ти каже дека можеш да умреш од недоволно сон. И да, ми влијаеше психички кога знаев дека нема да имам 8 часа сон, но среќа брзо се вратив во нормала. Првите два дела беа предобри, буквално бев желна да ги читам, научив се за сонот и не се каам што ја одбравме книгава. Факт е дека не се познати последиците од недоволен сон, дури и на школо не се спомнува сонот како круцијален дел за нашето психо-физичко здравје, што лично сметам дека е огромен пропуст во образованието.


    Е сега, дел кој ми беше најзачудувачки беше оној каде авторот кажа дека и на постарите им е потребен осум часовен сон. Не знам од каде доаѓа општоприфатениот мит дека со возраста се намалува и потребата за сон, јас бев убедена во тоа и сите околу мене се, баба ми често ми кажуваше дека за неа се доволни неколку часа сон и со тоа верување и пораснав. Не гледав причина да се сомневам бидејќи некако логично ми беше со возраста да се намалува сонот, нели најмногу спиеме ко бебиња и потоа постепено мислев дека зависноста опаѓа, но не било така, туку сме стигнувале до плато кое траело до крај на живот. Мило ми е што авторот детално ги разработи овие прашања.


    Да продолжам со работите што не ми се допаднаа. Прва е бруталноста, не велам дека посакував фактите да се sugar-coated, само некако во екстреми ги однесе аргументите. Буквално беше ко – денес не спиеше доволно, затоа ти се скрати животот за 5 минути и посегна по чипсот после вечера :^). Не се работите толку едноставни, постојат мал милион фактори кои влијаат врз нашите чувства, избори, постапки, да сонот е дел од тоа но некако авторот ко да ги тргна настрана овие други фактори дури па и сосема заборави на нив да ги спомене. Затоа и кога не можев да спијам а имав грижа на совест поради тоа решив да ја видам и другата страна на книгава и дека не можам секоја вечер испрограмирано да спијам ко некоја машина. Сепак сме луѓе, комплексни суштества и нормално е да имаме мали поместувања во рутината поради ХХ надворешни фактори. И фала богу дека ништо нема да се деси доколку отспијам помалку еден ден. Овде да напоменам дека зборувам за краткотрајни периоди на несоница, скако дека не ја негирам штетата која настанува доколку подолго време се редуцира сонот. Мислам дека овој подиректен пристап е начин за авторот да допре до што е можно повеќе луѓе преку застрашување, само еве кај мене имаше контра-ефект и не ми се допадна тоа воопшто. Што се однесува до кафето и алкохолот ќе ги конзумирам како и досега во нормални количини, без претерување. Кога станува збор за храна и нејзиното влијание врз здравјето, одамна сфатив дека умереноста е клучот за се, нека ми прости мозокот што guilty pleasures ми се две чаши кафе во денот и чашка алкохол за време на викенд :d::emo:


    Друго што ми сметаше беше претераното споменување на студии и истражувања. Малку напорно беше кога морав да читам студија која ја поткрепуваше скоро секоја реченица. Не знам која му беше целта со студиите, да му веруваме на пишаното можеби ама немаше потреба од толкав број. Некако и жал ми падна зашо добив впечаток како тој да мисли дека не му веруваме па мораше да не бомбардира со илјадници студии само за да ни каже – Јас сум во право, верувајте ми, еве ви студија!!!


    Третиот и четвртиот дел, искрено, едвај ги дочитав, сакав само што побрзо да ја завршам. Мислам дека поентата на книгата беше доловена во првите два дела и немаше потреба од тупење и верглање на истите работи. Секако дека чим сонот има толкаво влијание врз мозокот кој е нашиот најбитен орган се очекува да има влијание и врз болестите како дијабет и сл. Но добро, ко повторување ми беа некои работи па ајде не се бунам многу. Ама морам да кажам дека масивен *eye roll* момент имав кога авторот го спомена Чернобил. Прво не даде извор за неговото тврдење иако претходно за се и сешто даваше студии и сметам дека е крајно неодговорно да тврдиш нешто колку само да поентираш без притоа добро да се образложи. А да, аргументот беше дека несреќата се случила ноќно време |(.Одбивам да верувам дека причината е толку едноставна, а и претпоставувам дека не е.

    За крај се сложувам со ова
    Доволно научив за сонот и тоа е сѐ што ми треба на таа тема.
     
    На Mantub, Angie1432, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    5z7aq9.jpg

    Ова сум јас со книгата. :D
    Ај да почнам со ред.

    Мислам дека нема некој што ја прочитал книгава, а да не добил уплав ако спиел 7 часа и 59 минути. Имам чувство дека целта му е баш тоа, преку бруталност да ги освести луѓето колку го потценуваме и занемаруваме спиењето како општество. И верувам го постигна тоа уште само во првиот дел. Дефинитивно веќе не гледам на спиењето како да е сеедно, се трудев да спијам барем 7 часа, ако не и 8. Барем на почеток на книгава.

    Знам дека сум тапа скроз за математика, ама после пресметка станува јасно колку влијае сонот. Ако доживеам пример 90 години наспани, значи сум спиела 30 години и сум "живеела" само 60 години. Е сега не знам за колку се крати животот, ама еве да речеме со 6 часа спиење да доживеам 70 години само, тоа значи 17.5 години сум поминала во спиење и сум "живеела" 52.5. Ова ќе му дојде дека "живеам" помалку за 7.5 години.
    Исто така има шанси математиката да ми е скроз утната, па игнорирајте го овој дел. :D

    Е сега, јасно е зошто луѓето го жртвуваме сонот. Помеѓу работа и обврски по дома, ми останува многу малку време. Практично само ќе работам и спијам. Затоа ќе жртвуваш час или два за да се осетиш дека не си роб. Дури и книгиве ги читам на работа, кога е спор период од што немам време. :D
    Така да целиот овој guilt trip што проба да ми го направи со книгава, некако не му успеа кај мене. Шо ќе ми е таков живот, кога немам слободно време да живеам. :drunk:

    Делот за кафеинот. :devil:
    Ова беше тотален overkill, што дури и непотребно беше повеќето напишано. Јас, како голем пијач на кафе можев порано да испијам еспресо и одма да се комирам. Е сега дали имам ретки гени или едноставно развив толеранција е знак прашалник. :tmi:
    Меѓутоа, не ме убеди дека начинот на кој пијам кафе сега е посебно штетен. Ако не пијам кафе после 12 часот, не гледам како ќе е штетно, бидејќи ќе е исфрлено од системот до вечер.

    Делот за спиењето и дебелината ми беше посебно интересен, зошто ме потсети на Fat Loss Forever. Имаше и таму еден дел за тоа како сонот помага за тежината. Истото го објануваше со leptin и ghrelin. Ама мислам дека со студиите малку отиде предалеку. Во смисла не знам колку може да се релевантини. Пример вика колку помалку спиеш, толку повеќе јадеш. Well no sh!t Sherlock, повеќе часа имаш можност за јадење. :D Или студијана дека тие што не спиеле имале cravings за благо. Јас не знам некој да станал и да имал cravings за целер. Нормално дека ти се пријадува она што не го јадеш често, затоа што не е најздрав избор. Овие делови ги сметам за непотребно одење толку далеку. Поентата секако стои, не дека не се согласувам.

    Да не одам full on @pdb123 mode ( :* ), ќе кажам имаше доста поучни и интересни работи. Она што ми беше интересно е кога опишуваше како спијат животните, дека фетусите спијат скоро цело време, интересно беше кога долови како спиењето влијае за (не)развивање на Алцхајмер.

    Она што не ми се допадна беше тоа преувеличување на моменти и непотребно многу студии. Не мораше баш тооолку до детали да опише како од неспиење развиваме дијабет, висок притисок, холестерол, чирови, депресија, 4ка на лото, поплава дома и еруптиран вулкан на Индонезија. Веќе ја долови ефикасно поентата, you can chill out. :D
    Исто така ми падна премногу жал за стаорците. Да не ги хејтав толку жестоко пајаците, може и за нив ќе ми беше жал ко ги дрогираа. :D
    Врнеше денес и згазна во вир? Еве студија со студенти и 50 жаби во контролирани услови. Докажавме дека тие жаби што спиеа полно време скокаа ефикасно избегнуваќи ја водата, а другите си ги натопија патиките. :drunk:

    Сумирано, оцена 3/5. Најмногу сепак ми се допадна суштината на книгата, дека сонот е потценет. И тоа на ниво на општество. Да, страшно е колку сите организирано сме согласни да си го скратиме животот. Само очекував да оди со некој предлог за како да го исправиме тоа. А има и делови кој сепак се нејасни и теми кои не ги опфати. Пример, треба да спиеме навечер, ама хирурзи се потребни 24/7. Како да го решиме тоа?
    Како луѓето во Исланд се адаптираат на 6 месеци ден, 6 месеци ноќ? Како биологијата утнала со родителите на бебе? Не можат да спијат непрекинато 8 часа. Дали битно е да се 8 споени или може 4, па други 4? Дали ќе ги ослободиме луѓето од секаква одговорност и индивидуалност, затоа што се ненаспани?

    На крај како долгорочно ќе ми влијае книгава? Се согласувам со скоро сите работи што ги наведе, т.е. и претходно се согласував. Порано спиев и по 5-6 часа на ден и не, не функционирав добро. Па работам активно да ги сменам навиките за барем 7 часа спиење, а целта е секако полни 8. Но, ова беше и без книгата. А инаку од сега кога ќе направам некоја глупост ќе кажам дека е од ненаспаност, не дека сум, well.....глупа. :D

    Јас мислам дека се однесуваше на 8 часа спиење, што би знаечело да си дадеме плус уште повеќе време. Пример 9 часа. Јас ако станувам во 6 часот за на работа, а доаѓам дома по сите обрвски во 19.30, имам само 1 и пол час во кој треба да се истуширам и јадам и одма куфер. :D
    Всушност би требало сам да се разбудиш, без аларми.

    Исто. Ама затоа јас и ти ќе завршиме во пеколот, каде што Луцифер ќе не вари во филџан кафе. :devil:
     
    На Mantub, Angie1432, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Ммм, интересна математика (точна е инаку :D) и поглед кон спиењето, ама мислам дека можеме муабетов да го однесеме next level.
    Ај да кажеме дека со 8 часа спиење достигнуваш 90 години, од кои 30год се поминати во спиење. Но да претпоставиме дека со 6 часа спиење би се достигнале 85 години. Односно 5 години од животот се скратени со 6 часа спиење. Пак донекаде значително. Од тие 85 години, би значело дека 21.25 години се поминати во спиење. Т.е. си би бил буден скоро 64 години. Што е за 4 години повеќе отколку со 8 часа спиење.

    Оттука, мислам дека би имало луѓе кои по би прифатиле 6 саати сон, со цел повеќе време од животот да искористат. Не би бил изненаден ако ваква филозофија тераат во земји како Америка и Јапонија, дури и да ги знаат последиците.
    Додека кај нас, ретко кој нормален би прифатил повеќе време да е буден него ли во сон. Со нашава реалност најдобро да си го отспиеш денот :D Па и бенефициите што доаѓаат со подолгиот сон значи дека ќе го избегнеш нашево здравство. Или изреката со јаболката и докторот би ја променил во “8 hours of sleep a day, keeps македонско здравство away“ :tmi:

    PS: Сатира ми е малку математикава, да не бидам сфатено пресериозно ^_^

    Ах, ќе мора да ги прочиташ: "Why We Work", "Why We Eat/Drink", "Why We Rest" и "Why We Have Fun", за да ги знаеш приоритетите и подобро да си го организираш времето :o: ;)
     
    На f.girl, Lella и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Се сомневам дека ова е точно. Нема наведено за колку се крати, ама сигурно е повеќе.

    Па еве моментално чекам бус за до дома буквално 2 часа. Освен ако нема некоја "How can we teleport", не гледам другиве како би ми помогнале. :D
     
    На f.girl и Beemo им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Интересни математики стварно, ама да ве прашам од каде ви се информациите за колку години ќе живеете со 6 часа спиење? :D Баталете математика, дозволете да ја свртам работата накај филозофија. Ако стварно испадне да живееш повеќе со 6 часа спиење, дали ти вреди тој живот каде константно ќе си зашеметен, ненаспан и неспособен да ги подредиш во редослед среќните и тажните фацијални експресии на луѓето? :^)

    Мене ми текна сега на еден момент во книгата (и Бимо го спомна) кога кажа дека уствари не ни требаат 8 часа спиење туку 8 часа сосе лежењето пред и потоа. Што всушност многу повеќе смисла има и го намалува целиот притисок за спиење точно 8 часа до секунда. Ама од друга страна презентира студии што викаат нешто во стил „дури и 15 минути повеќе спиење го намалува ризикот од бла бла бла...“. И мислам дека ова се должи на фактот што резултатите од студиите ги презентира на многу американски начин, поточно начин што предизвикува најголем шок. Генерално, заклучокот од студиите би бил некоја статистички значајна правопропорционална врска меѓу спиење и *што било друго*, ама Американците мора да уфрлаат некоја бројка тука за да е подраматична целата работа. (Додуша авторов не е Американец, ама се сфаќаме :wasntme:)

    И мислам дека ако се изигнорира таа театралност од книгата, останува пораката што сепак е застрашувачка и многу значајна, па може и вреди да се бламира човекот така, за да остави поголем печат.

    На кој и да му зборам за книгава, сите се ко да да супер, ама таман ќе спомнам кафе, протестираат. :D Тешко може да се замисли свет без кафе (и алкохол), а има толку интензивен ефект. За мене ова си зборам. Јас пијам кафе само за да влезам во вајб за учење (и ова со полна сериозност го кажувам), никогаш не сум осетила потреба на сабајле да пијам да се разбудам и сè тоа. После пиење секако ми се тресат рацете, осеќам немир и срцебиење на максимум. Не обрнував внимание на тоа, не дека не знаев дека е лошо, ама кога прочитав така убаво објаснето што точно прави, страшна одбивност имам. Да си го реметам аденозинот само за да бидам :*:that girl :*:, не фала. :D

    :D Еве што ќе сонувам вечер.
     
    На Beemo, f.girl, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Од ракав, секако. :D

    Нема да испадне повеќе со 6 часа. Земав податоци што тој ги презентираше и се обидов да си претставам како би изгледало со 8 часа спиење и алтернативата.
    Повеќе беше објаснување зошто луѓето сепак избираат да игнорираат сон.
    Едноставно таков е турбо животот. Дали тоа треба да се смени? Да. Дали даде предлози и совети како да се смени? Не. А би било добро да е напишано и тоа.

    Затоа што објективно гледано, не е скроз во право. :D
    Еве начинот на кој јас го пијам кафето. Ставам во голема шолја и го тегнам од 7.30 до 11 некаде. Со тоа до вечер е исфрлено од систем, а јас избегнувам тахикардии и напади од брзо пиење.

    Подобро е што си успеала да се откажеш скроз. Јас се откажувам постепено подолго време. Од 3 чаши на ден, сум на само една сега. :D А ова звучи ко предозирање.

    Страв ти е/имаш фобија од жаби? :o
     
    На Beemo и f.girl им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Епа првиот предлог е да не седиш на фемина во 11 часот. (waiting):D

    Критика и дискусија за книгава во нареден пост, сепак да си го послушам сопствениот совет.:D
     
    На Beemo, f.girl, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Во негова одбрана, кажа дека за да се смени треба училиштата да почнуваат со работа покасно, а корпоративните средини да имаат флексибилни работни времиња. Впрочем и самиот кажа дека пробал да го смени начинот на полагање испити во Беркли, ама практично му се изнасмеале во фаца. Плус тука се јавува и проблемот со прекумерното работење, што опфаќа цела друга посебна сфера во муабетот за квалитет на живот. Невреднувањето на спиењето е ептен длабоко запечатено во културата и мислам дека книгата служеше за подигање на свеста околу тоа. А да смени нешто сама по себе, не може. Треба да се смени начинот на кој цел свет функционира. Останува само индивидуално да се трудиме сè повеќе да го сметаме сонот за non-negotiable.

    Па таман си тогаш со препораките. :D Не кажа ништо погрешно уствари, само колку време треба да се исфрли од системот и како влијае во меѓувреме.

    Неее срцки се. :inlove: Многу сликовито ги опиша, затоа кажав. :D
     
    На Beemo, f.girl и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  20. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    32.562
    Пол:
    Женски
    Мхм, баш така. Истиот впечаток го имав и јас, добро е што ме надополна :D

    А за ова се пресмеав
    Бидејќи уствари и јас сум истата кога сакам да ги убедам останатите дека сум во право. Посебно па ако некој негира или не верува во нешто што е докажано и мора да се убедуваме, зошто најмногу ме иритира ингорантност на факти. Давам сé од себе да "му ги отворам" очите на соговорникот, ама не секогаш е успешно ова. Можеби следен пат можам ко авторов една трагедија да изглумам :rofl:
    Интересна претпоставка, сега по ми има смисла начинот на пишување.

    Друго за што се смеев синоќа во 2 по полноќ беше ова
    Мислам дека не потенцира доволно колку е голема шолјата :rofl: Леле луѓе не знаете колкава шолја има, дури стварно може да ме собере и мене и неа во неа па така да се куваме во пеколот. И џабе тврди дека од 3 кафиња на ден сега е со 1, кога во шолјата има три дози кафе кои ги користи ко инфузија од 4 саати ]:):P
     
    На Beemo, Bezimenka90 и Lella им се допаѓа ова.