Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински клуб на читатели – nonfiction (The Idiot Brain – Dean Burnett)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од DAngel, 16 октомври 2020.

?

Која од следниве книги би сакале да ја читаме?

Анкетата е затворена на 19 ноември 2022.
  1. Come as You Are: The Surprising New Science that Will Transform Your Sex Life — Emily Nagoski

    0 глас(а)
    0,0%
  2. The Language of Emotions: What Your Feelings Are Trying to Tell You — Karla McLaren

    0 глас(а)
    0,0%
  3. The Idiot Brain: A Neuroscientist Explains What Your Head is Really Up To — Dean Burnett

    28,6%
  4. Why We Sleep: Unlocking the Power of Sleep and Dreams — Matthew Walker

    42,9%
  5. Choice and Consequence — Thomas C. Shelling

    28,6%
  6. Toxic Childhood Stress: The Legacy of Early Trauma and How to Heal — Nadine Burke Harris

    0 глас(а)
    0,0%
  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се бира нова книга? Спремна сум да ве дружам предпразнично :D
     
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:

    Мрш ти, злочко едно. :D

    Е не е тенџере де. :tmi:
     
    На GirlRose, Beemo и f.girl им се допаѓа ова.
  3. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    8d73e3c83d192932db5f0455b8d84f8e--fantastic-art-coffee-quotes.jpg
     
    На f.girl и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Како долгогодишен хипохондрик, мислам дека книгава не ме извади од памет. :D
    Сумирано, одлична книга, плус за начинот на кој е напишана, минус за мене зашто ја немав во раце да си уживам на раат. :@ Не ми се виде премногу тоа што сите работи ги изнесуваше заедно со студии и докази, ми се допадна таа страна бидејќи книгата добива на сериозност. Ми се допадна и хуморот на некои моменти. Спиење и сон е тема што многу ја сакам, најмногу заради фактот што има премногу отворени и нецелосно одговорени прашања.

    Ќе ја коментирам според деловите и ќе одам последователно како што одеа поглавјата.

    Во однос на првиот дел, првите поглавја каде што ја објаснува физиологијата на спиењето, голем дел од работите ми беа познати. Некои работи не ги знаев и ме изненадија, на пример дека одредени луѓе имаат природно поразличен циркадијален ритам и дека не им е толку едноставно само да го променат(night owls) или дека таблети мелатонин се најмногу плацебо. Стварно убаво објаснето како функционира мелатонинот, аденозинот, циркадијалниот ритам и мозочните бранови, што се случува во текот на рем и нон рем.
    Да не бидам патетична, ама кога сликовито си ги замислувам сите овие работи во телото си викам леле каква уметност на природата е ова, да направиш толку многу комплексна работа како мозокот да функционира толку синхронизирано до најмал детал. :D Искрено повеќе научив од овој дел отколку од моите книги на факултет и тоа одлично го сумира односот на медицината кон спиењето ама ќе се навратам на ова на крај.
    Од другите поглавја од овој дел ми остана во памет објаснувањето за спиењето на другите животни. Иако сите адаптации се фасцинантни на свој начин, најинтересно ми беше за тоа како некои морски животни спијат со половина мозок заради тоа што нели, треба да преживеат, и како истото го инкорпорирале и птиците со степен да тие на крајот од јатото спијат половично, а тие во средина целосно, повторно со цел да преживеат. Стварно многу генијално.
    Нешто друго што не знаев од овој дел е тоа дека луѓето пред индустриската ера всушност спиеле бифазно, а ние денес преферираме спиење само навечер. Не знаев биолошки, т.е. еволуциски, попладневна дремка има бенефит и препорачливо да се преспие на кратко. Јас лично, воопшто не ги сакам овие дремки бидеќи после тоа ми треба време да се освестам, а често и ме боли глава. Ете, за тоа немам одговор зошто. 8-|

    Тука може да се извлече и еден друг заклучок - колку е битно рем спиењето за емоционалниот и социјалниот развој. Бидејќи тоа што не одделува и ни го забрзало напредокот е соодносот на рем наспрти нон рем, јасно е и зошто за бебињата и малите деца е толку битно да имаат квалитетен и долго сон. За делот со алкохол во тек на бременост и доење исто мислам дека треба повеќе да се зборува бидејќи иако е општо познато дека не треба да се пие(на пр. фетален алкохолен синдром), сепак повеќето си викаат ајде бе чашка две не е страшно. Е страшно, бидејќи сепак алкохолот е токсин.

    Интересно беше и тука на крајот на овој дел, кога објасни зошто е мит тоа дека старите луѓе спијат природно помалку. Нешто што ме исплаши е тоа дека веќе при крај на 20ти почнува да се намалува нон рем и спиењето станува се' поповршно. Значи да гледам да си ги искористам годините за квалитетен сон додека можам. :D

    Вториот дел, мислам дека е најкорисен. Најпрактично, зошто и како недостаток на сон ти го уништува секој дел од постоењето. Кардиоваскуларен систем, ендокрин, репродуктивен, имун систем, меморија, внимание.....абе све. :inlove:
    Ми беа познати овие работи ама сепак ги правам иститие грешки. Како на пример, знам дека ми треба сон за да ми се консолидира знаењето, ама сепак, пак останувам со 4-5 саати сон пред испит и тоа ми се одразува. Како беше поговоркана, повторување на иста грешка е знак на глупавост, нели? :D
    Колку е битно спиењето, односно зацврстувањето на моторните вештини, за сите кои спортуваат или танцуваат или свират инструмент...ова го имам осетено, баш како примерот со пијанистот, е тука да спомнам дека никогаш не сум ги разбирала луѓето кои кратат од сон за да вежбаат рано бидејќи е џабе да вежбаш пет пати неделно а спиеш по пет саати.

    Нешто што ми дојде шокантно и страшно е дека не може да надоместиме спиење. Што е изгубено е изгубено и никаков 12 саатен сон за викенд нема да ја надомести целата недела составена од 6 саати спиење по ноќ. Што е логично секако, бидејќи да не ни требаше секојдневна регенерација, ќе можевме да спиеме два три пати неделно и да функционираме нормално, ама ете, и тој мит опстојува, дека изгубеното спиење кога тогаш се надоместува.
    Ми се допадна многу оваа реченица -
    - затоа што, аман од луѓе кои мислат дека се подобри од тебе затоа што не им требаат 7-8-9 саати спиење. Во реалноста, не се ни свесни колку се оштетени и сигурно ни на крај памет не им доаѓа дека дел од здравствените проблеми им се директен резултат на ова долгорочно лишување на мозокот од сон. И немаше да ми биде гајле ако не беше следниот дел што ќе го коментирам - возење. Ме ужасна фактот дека толку многу несреќи се случуваат поради недостаток на сон и последователно заспивање или нерегирање на надворешен стимулус. Ова е стварно страшно.

    Друго, емоционалниот дел е секако исто зафатен. Интересно е дека спомнува дека при неспиење, се навраќаме на нашите примитивни обрасци и губиме контрола врз однесувањето поради хиперреактивност на лимбичниот систем - слично како што се губи контрола и врз носење рационални одлуки за исхрана.

    За третиот дел бев најљубопитна бидејќи реално појма немаме зошто сонуваме. Сите теории и експерименти имаат некакво објаснување зошто сонот би имал полза, ама пак ни една не е доволна силна за да се каже, да, ова е централна улога на сонувањето. Иако авторот сугерира дека такво нешто најверојатно не постои, мене тоа не ми се допаѓа, односно не сакам да верувам. :D Зошто, бидејќи секое едно нешто во телото, без разлика дали е нешто очигледно или некоја безвезна ситница, се покажало дека има некаква функција што е уникатна, колку и да е мала. Така што мислам дека имаме уште многу прашања да отвараме и разгледуваме за сонувањето, сигурна сум дека има нешто што е повеќе од само терапија и креативност(секако, апсолутно не ги потценувам овие бенефити). Ми се допадна прашањето што го постави при крај, во стил дали луцидните сонувачи се следна етапа на еволуцијата?

    Во однос на четвртиот последен дел, освен првото поглавје кај што се опишуваат некои патологии, има добри информации кои може и практично да се применат. Обрнување внимание на тоа колку се користат екрани пред спиење, регулирање собна температура, пак се враќаме колку е лош алкохолот и колку го ремети рем сонот....е сега од аларм не можам да се откажам, тоа е. Многу релевантен е делот за зависност од sleeping pills, особено бидејќи ние сме нација зависна од хелекс и дијазепам за спиење.

    Последните поглавја се работи со кои во целост се согласувам, па сакав и посебно да допишам нешта што ги размислувам.
    Ама ај морам да кратам, па ќе ПРОБАМ да биде пократко. :D

    Прва причина зошто сме толку преморени според мене е секако капитализмот. Бидејќи се вреднува само труд труд и труд, колку може повеќе да се исцрпи од работникот, без да се има обзир колку може. Штом е битен само профитот, тогаш не е битна благосостојбата на човекот. Секако, сите се свесни дека спиењето ќе ја намали продуктивноста ама..постојат стимуланси, нели? Кафе, цигари, дрога, апчиња. Да, претоксично општество сме во секој аспект, културата на спиење не би била исклучок. Битно е само колку ќе дадеш, кому му е гајле колку можеш.

    Друго, се претпоставува дека сите се ранобудници. Јас лично, не сум ноќна птица, ама ако веќе имаме докази дека луѓето не можат туку така да се променат, зошто едноставно не се сите работни места пофлексибилни? Многу ми се допаѓа и што авторот се залага за промени во образованието(ех да беа повеќе професори вакви :D) и промени во системот. Ако на пример децата се попродуктивни според нивниот циркадијален ритам кој е поразличен од на возрасните, тогаш зошто да се казнуваат и да им се наштетува со одење во школо уште во седум саат сабајле? Зошто да се повикуваме на некакви авторитативни измислени правила наместо на нашата биологија?

    Последно, како медицината постојано го игнорира сонот ми е врв на иронија. Коментирам од аспект на македонско здравство, секако, не сум живеела во странство. Прво, на факултет не се добива никакво значајно знаење за сонот, освен битно е да, недостаток предизвикува тоа и тоа и толку. Се спомнува...онака, странично. Подлабоко не се навлегува. Зошто, зошто за нешто толку есенцијално се пристапува толку површно? Како резултат на тоа, лекарите(освен ако не се надоградуваат по своја волја), не го ни земаат предвид сонот кај нивните пациенти. Повторно како резултат на тоа, не се третираат соодветно нарушувања во спиењето и не се ни поврзуваат физички и ментални болести со недостаток на сон. Како јаготка на шлагот е што во медицината владее многу токсична култура на жртување на сон за учење и работа, сите се натпреваруваат кој помалку одмара. :D

    Како крајно сакам да кажам дека да, премногу сме одделени од нашиот природен биоритам и сите аспекти на модерниот живот само го отежнуваат одржувањето на тој баланс. Не сме ни блиску до тоа да збориме доволно за квалитетен сон, бидејќи постојано се потценува од какво есенцијално значење е истиот. И покрај тоа што голем број ограничувачки фактори се надворешни, сепак и самите свесно кратиме сон, па затоа мора да се популаризира запoзнавање со темиве и правење ем индивидуални промени ем целење кон системски.
    Од мене 5/5.
     
    На Mantub, do-re-mi, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    За ова заборавив да кажам. Мене скоро секогаш ми се случува дента пред некој важен настан да го сонувам утрешниот ден, ама нешто тргнува наопаку (сум заборавила дома некој документ, пенкалото ми се истрошило на сред полагање, врнело а сум немала чадор...). И кога ќе се разбудам излегува како да сум добила нова шанса, во која се осигурувам дека го имам документот, две пенкала и сум го проверила времето. :D Не се сеќавам убаво ама мислам дека не го спомна ова како функција на соновите. Можеби би спаѓало под креативност, мозокот да создаде идни потенцијални сценарија за да те подготви за нив во реалниот свет. Нешто ко вакцините што ти даваат имунитет. :lol:

    Пред фактите и боговите молчат, ама професорите се над боговите. :D
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Да, и јас истово го сонувам пред некој настан или испит. Најчесто сонувам дека ќе заборавам термин или ќе закаснам бидејќи во реалноста стварно тоа ми се случува често. :D После кога ќе се разбудам се потсетувам да сум малку повнимателна и да пазам на сѐ, не знам можеби стварно има улога на некаков внатрешен глас што нѐ држи под контрола. :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Ова донекаде се зборува во Chapter 10 - Dreaming as Overnight Therapy, каде воглавно фокусот е на претходни лоши искуства и како сонот може да помогне да се справиме со нив. Конкретно кај пациенти со PTSD.

    Мислам дека истово може да се примени и за вашите примери. Каде некој настан што му создава стрес на мозокот, се сонува и индиректно му помага да се справи со тој стресен настан. Баш и јас истото се запрашав како вас и можев да си посочам некои сонови каде што индиректно ме “припремаат“ за ситуациите во нив.
     
    На Angie1432 и Lella им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Кога ќе бираме нова?
     
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Сакав да пишам вчера и скроз изумив. (facepalm)
    Мислам дека може веќе да бираме нова. И да има некој уште што чита, секако може да пише во меѓувреме.
    Ќе бираме од истите или има и нови предлози?
     
  10. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    The Idiot Brain ми опфаќа тематика што е блиску до претходната книга - neuroscience. Додека Choice and Consequence не можам да ја најдам онлајн за симнување. Ја има некој симнато книгата?
     
  11. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    1. Come as You Are
    2. The Language of Emotions
    3. The Idiot Brain
    4. Choice and consequence

    Овие книги лесно се наоѓаат онлајн и можеме една од нив да бираме. Nonfiction литературава воглавно се фокусира на психа, така да и малку неизбежна е тематиката зa neuroscience. Не е проблем да се повторува.

    Ќе додам уште 4 книги кои исто лесно се наоѓаат онлајн за симнување и ќе имаме листа од 8 книги
    5. Lifespan: Why We Age-and Why We Don't Have To, by David A. Sinclair
    6. What We Owe the Future, by William MacAskill
    7. I Contain Multitudes: The Microbes Within Us and a Grander View of Life, by Ed Yong
    8. Genius Foods: Become Smarter, Happier, and More Productive While Protecting Your Brain for Life, by Max Lugavere and Paul Grewal, M.D.

    Предлог ми е да одбереме по три книги од тука, да најдеме НЗС на тие што ќе бидат нај-одбрани и тие три да ги прочитаме. Ова е и во склоп со тоа што предложи @Bezimenka90 да нема анкети и побрзо да иде изборот. Тие 5 што ќе отпаднат од оваа листа отпаѓаат засекогаш и нареден пат ќе имаме сосема нови книги за избор.

    Ако одговара ова, тогаш да пишам дека мојот избор е:
    1. The Idiot Brain
    2. I Contain Multitudes: The Microbes Within Us and a Grander View of Life
    3. Genius Foods: Become Smarter, Happier, and More Productive While Protecting Your Brain for Life
     
    Последна измена: 16 декември 2022
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Од насловите имам генерална идеја за што би се работело во книгиве. Можеби за бр. 5 само кратко за што би се работело? Ме асоцира на екологија или одржливост нешто.
     
  13. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Се зборува за одржливост каде не е доволно само да се спречи глобално затоплување или други катастрофи, туку да се стекне менталитет кој ќе биде одржлив низ декадите. Да знаеме како да овозможиме подолга и побезбедна иднина. Барем јас така ја сфатив содржината на книгата.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно сега, да бираме по три или една? :D

    Ако даваме предлози, јас би ја предложила оваа , ако сте фанови на криминални работи.

    Од горниве предлози ми се допаѓаат Genius foods и I contain multitudes.
     
    На Beemo и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Хммм тогаш мојот избор :

    - Choice and consequence
    - The Idiot Brain
    - What we owe the future
     
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Ууууу ми се допаѓа и оваа хахахаха


    Па замислата е да се забрза процесот на бирање. Пример, од анкетава и новите предлози правиме листа. Еве може да почекаме уште некои предлози. Ќе направам на крај една листа. Од таа листа да пишеме кои 3 сакаме да ги читаме. Пример ако има голема заинтересираност за 2 книги, ја читаме едната, па другата. Затоа што иначе се губат од списокот и имало добри книги што отишле така. Тоа ми беше замислата со предлогот.
     
    На Angie1432 и Beemo им се допаѓа ова.
  17. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    По три бираме, па ќе видиме кои нај се повторуваат во нашиот избор. Wannabe анкета :D

    Ммм, ми се допаѓа предлогот, само мислам најдобро е да се вклучи кога ќе правиме нова листа.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Се наоѓа првата онлајн? Јас не можев да ја најдам да ја симнам. Затоа и не ја вклучив таа во предлог-листата погоре.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Еве сега ја побарав и ја симнувам баш во моментов. Така да може да е опција ако ја сака некој.
     
    На Beemo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Ја додадов во мојот пост погоре.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.