Фемински пазар на книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од J.Ivanoska, 13 февруари 2011.

  1. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Предлагам во таа тема, секој кој што сака да си купи книга, да размени книги со некој друг, или да продаде своја колекција од книги, да го направи тоа тука.
    Еден вид мини пазар за книги.
    Јас многу сакам книги, маж ми исто и имаме над 300 книги дома, од кои половината ги продаваме, затоа што сме ги прочитале и немаме место за нив.
    Понудете книга, или кажете која и каква книга барате, може некој да ви помогне.
    Поздрав![​IMG]
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.707
    Допаѓања:
    49.785
    Пол:
    Женски
    Еееј интересно. Јас сакам колекција руски класици, од поранешните изданија со тврд повез. Знам дека многу луѓе имаат такви во своите библиотеки, а само им фаќаат прашина. Јас за жал немам такво богатство во наследство, па ако некој сака да направи спогодба - нека ме контактира.
     
  3. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Јас можам да ти понудам доста руски класици и книги од руски писатели. Со тврд повез имам комплети од Толстој, Чехов, Пушкин, Шолохов...а имам и доста други класици од руски писатели како: Лермонтов, Достоевски, Платонов, Пастернак, Мајаковски, Тургењев, Горки, Грибоедов, Гогољ, Фадеев, Солженицин... Ако навистина си заинтересирана за нешто, можам да ти дадам подетални информации за книгите.[​IMG]Поздрав
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.707
    Допаѓања:
    49.785
    Пол:
    Женски
    ^ Види лична порака ;)
     
  5. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    ПРОДАВАМ:имам слики од све,ако некој се интересира,нека ми пише
    Клод Ажеж - Душата на Јазикот
    Николо Макијавели - Владетел
    Ivan Focht - Uvod U Estetiku - Sarajevo-1972
    Влада Урошевиќ - Црна Кула (Необични Антологии) издадена 1976г.
    Antoni De Melo - Put Ljubavi
    Соларис - Станислав Лем
    Македонија - Туристички водич од 1956 година
    Авантури Од Нарнија
    Илија Пригожин - Крајот на Извесноста
    Чуда и Чудовишта за Фантастиката во Сликарството
    Карл Маркс - Беда на Филозофијата
    Песна на Црната Жена - книга на Ацо Шопов
    The Macedonian Genius Through The Centuries
    Short Story Of The Macedonian People
    Illusions - Richard Bach
    Moscow 1941 A city and it's people at war
    Mediterranean Diet
    Продавам книга на Мишулин - Историја на Стариот Свет

    Фрески:
    СКУЛПТУРИТЕ НА ТОМЕ СЕРАФИМОВСКИ
    ЗЛАТНИТЕ И СРЕБРЕНИТЕ ОПКОВИ НА ОХРИСДКИТЕ ИКОНИ
    ОД РАКАТА НА НАШИТЕ МАЈСТОРИ - ЛЕСНОВО XIV ВЕК
    ИКОНИ ОД ОХРИДСКАТА ЗБИРКА
    О СИНЕ ТИХ НА МИСЛА СИНА

    ИСТО ТАКА И КУПУВАМ КНИГИ, АКО НЕКОЈ ИМА ШТО ДА ПОНУДИ, ПОВЕЛЕТЕ [​IMG]
     
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.545
    Јас немам многу книги дома ама сакам да си земам мислам купам неколку книги :)
    На пр. ако некој ги има:
    Рајот може да почека (Кели Тејлор)
    Девојката со бисерна обетка (Трејси Шевалие)
    Знаеш ли да чуваш тајна? (Софи Кинсела)
    П.С. Те Сакам (Сесилија Ахерн)
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Ги немам читано книгите но ја знам содржината и би сакала да ги прочитам :)
    А ако има некој некоја интересна книга за продавање нека ми пише :)
    Сакам да читам романи,книги(романтични но и психолошки)
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.353
    Допаѓања:
    30.325
    Пол:
    Женски
    Фала ви за темата!!! Јас ги барам од Мир Јам книгите. Ако продава некој нека ми пише!!!
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    супер
    на кого му текнало :clap:
     
  9. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Книгите што ги бараш ги немам, но можам да ти понудам други книги, во стилот кој го посочи.

    Фабио Воло-Едно место во светот
    Бертранд Расел-Освојување на среќата
    Габриел Гарсија Маркес - Хроника на една најавена смрт / На полковникот нема кој да му пишува

    Не знам дали сакаш да читаш на српски или на англиски. На српски можам да ти ја понудам Antoni De Melo - Put Ljubavi, книгата е многу добра, можеби си слушнала за „Будење“ таа е од истиот автор.
    Ако сакаш книги на англиски пиши ми па ќе ти напишам наслови...
     
  10. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Ако ги продава некој или ако знае каде можам да ги купам Алхемичарот и Вероника реши да умре од Пауло Коелјо нека кажи, ги имам прочитано но би сакала да ги имам дома книгите, а прашав во книжари во Битола и ги нема :(
     
  11. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Јас барам книги од Сидни Шелдон ако некој има или знае од кое место да ги купам во Битола нека пиши...
     
  12. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Ангел Чувар - Марија Трифуновска

    Во овие денешни околности што се изменети од луѓето, некако се престана да се мисли по линијата на предрасуди и како повеќе да не се сака да се игра истата стара, патетична игра за лагите што важат за светост и за светоста што всушност претставува страв, ужас и срамота. Во таквите моменти често, кој би посакал до себе да има некој, кој би бдеел над него во секој поглед на вечноста како Ангел - чувар. Се јавува потреба од некој на кој целосно без отстапки може да му се верува. . . Таков Ангел чувар има и младата Доротеа, главниот лик во романот, во ликот на своето домашно милениче, кучето Џеки. Со неговата загуба светот на Доротеа наполно и целосно ќе се сруши, а таа немо и изгубено ќе стои пред својата душевна провалија. Стои во недоумница дека следниот нејзин чекор што ќе го направи, ќе ја спушти надолу. Таа знае дека и покрај се мора да продолжи со животот само не знае како . . . Романот обработува повеЌе теми кои се секојдневни во животот на младите денес (недоволно се ценат работите кои навистина вредат, кога имаш се бараш уште повеќе, гордоста најголема препрека на патот на љубовта а некогаш и причина за губење на вистинска љубов . . . ) Јунаците во Ангел чувар го прифаќаат животот со сите негови убави, благородни плодови, иако можат да бидат предмет токму на најсуровите одмаздувања, какви што може во животот да доживее секој човек. Во нивните души се таложи пепелта на немирот, која ги истргнала од љубовта што ја чувствуваат. Но, сепак врз таа пепел се провејува надежта со сите нејзини убавини и примамливости. И тогаш тие стануваат потчинети на своите занеси и стремежи, а кон чие достигнување остануваат немоќни и пленици на сопствените илузии. Таков е ликот на Доротеа која ќе продолжи да живее иако во нејзината душа владее пустош и таа не може и не сака да живее сама, туку со она нејзино што го изгубила. Пред се тоа се нејзините најдобри другарки, нејзината изгубена љубов и секако нејзиниот Ангел чувар, без кого и понатаму не може да го замисли својот живот во суровоста на овој свет, преполн со лаги, лицемерство. . .

    ,, Уште еднаш ќе ве прашам:
    - Дали некогаш ви се случило да добиете се што ќе посакате, а да сфатите откако се ќе изгубите?
    Јас сум Доротеа. Се се случи минатата година. Тогаш широко ги отворив моите сонливи очи и ја видов реалноста . . . И тогаш ја затворив мојата душа и ја заробив довербата, нечиста што излегуваше од луѓето.,,

    Ако сака некој да ја купи книгата нека ми пиши порака, цена: 150 денари
     
    На jance.kristince и skorpija.95 им се допаѓа ова.
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.874
    ...сакам да прашам дали некој ја има (и дали би ја продал нормално) Божествена комедија од Данте (само ако се сите три дела).....Сакам да ја имам дома....ако некој ја има ЛП. молам :)....
     
  14. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    61
    До 20ти август на Магнолија има нешто како мини саем, секој ден се таму, види можеби ќе најдиш нешто
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.137
    Допаѓања:
    85.525
    Не би можела да продадам книга :worried:
    За мене нема цена која може да ми го надомести моментот кога книгата ќе ја видам на полицата и ќе се сетам на приказната скриена во неа.
    Тешко ми паѓа и кога некому ќе позајмам книга, но не секогаш. Оние кои незнаат да вратат ги презирам
    и жими се ќе почнам по куќи да одам и претрес да направам
    Оние пак другите, неколку драги особи, а пред се татко ми, ми ја зголемуваат вредноста на прочитаната книга. Кога ќе помислам дека таа книга ја држел тој во раце, некако тоа ми има посебна вредност.
     
    На Gerbera, TheKiketoo, stetoskop и 3 други им се допаѓа ова.
  16. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Чичко Благојче хехе, тој продава книги там. Нај добрија продавач на книги во цела Македонија. 40 години стаж. Мало човече со наочари, бркови и едно запче напред. Го сакам чичко Благојче бре :lol: . Многу јако човече!!! :!: :lol:


    купувам англиски книги, македонски, српски и руски. Којто продава и е од Охрид, нека се јави на 070 556 263. Ако е од Скопје, ке треба да почека до есента 8)
    Поздрав до сите!
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.882
    Aко некој ја продава книгата Cестрата Kери веднаш ја купувам,ако ја има некој нека каже побрзо,зашто си заминувам за 2 недели :D
     
  18. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    2.380
    Пол:
    Женски

    ја имаш уште на полковникот нема кој да му пишува?
     
  19. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    2.380
    Пол:
    Женски
    волфче јас ја имам
     
  20. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.677
    Пол:
    Женски
    Ја имав... Ако ја најдам пак, ќе ти пишам. 100 денари е, не е скапа... ;)