лелелеееее луѓе некој итно за денес да му продадам или хари потер и полукрвниот принц на македонски, имам и 3 дела од господар на прстените... или кажете кај да продадам..?
Сакам да купам некоја од овие книги, ако ги има некој било која нека ми пише ЛП КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ - Робин Шарма Робин Шарма- ОТКРИЈТЕ ЈА СВОЈАТА СУДБИНА Кој ќе плаче кога ќе те нема - Робин Шарма Скот Пек- ПАТОТ ПО КОЈ ПОРЕТКО СЕ ОДИ
Би сакла да купам било што од Жан Пол Сартр на македонски или англиски (освен Тегобност), од Симон де Бовоар, Достоевски, Кафка, Ниче ...
Продавам, комплет речници по Италијански јазик (Италијанско- Македонски, Македонско- Италијански и граматика), од Наум Китановски, купени се од Филолошки Факултет Блаже Конески, не се воопшто користени. Многу ми е итно, ве молам доколку сте заинтересирани или познавате некој што му требаат пратете ми лп и ке се договориме.
Го сакам Холивуд (Линдзи Келк) Ве молам ве молам..ако на некој му е на продажба оваа книга Го сакам Холивуд од Линдзи Келк нека ми пише лп за цена и слично..фала однапред
Продавам серијал од 4 книги Продавам серијал од 4 книги романи под наслов "Слатките мали лажливки" по кои е снимена и истоимената серија, истите ги имам веќе па овие ми се дупликат, ги продавам по цена од 1000 ден., а купени се секоја по 295 ден. Со купување на книгите добивате подарок книга изненадување
Јас одамна ги барам Енциклопедија Британика, и се што успеав да најдам беа некои верзии на интернет за кои се плаќа со картичка. Не знам точно од колку топа е составен комлетот, го барам заради татко ми, еднаш ми спомна дека многу сака да ги има, и од тогаш како луда барам и барам и тек сега ми текна тука да пишам. Голема желба ми е да му ги купам, па ако знаете каде можам да најдам, ако продавате, или некоја друга информација ако имате кажете ми.
Комплетот е од 10 книги, имаме продадено до сега 3-4 такви комплети, да беше кажала по рано Ако ни падне пак при рака, ќе ти пишам
Ја продавам книгата Дванаесеттиот ден - Вилијам Гладстон Spoiler ако момче, Макс го поминал детството во светот на боите и бројките, не образувајќи се до шестата година. Кога наполнил петнаесет години доживеал клиничка смрт и видел имиња на дванесет нему непознати личности. Осум години подоцна, Макс ја сретнал првата мистериозна личност и од тој момент се случуваат многу настани со кои се потврдуваат древните пророштва на Маите, дека 2012 година започнува или се завршува животот којшто човештвото го познавал во текот на минатите неколку години. Макс тргнува во потрага по преостанатите единаесетмина, која го води до егзотичната Боливија и Перу, преку Мексико, Израел и Кина, па сè до Хималаите и Сончевата Индија и Виетнам. Во духот на колибата и целестинското пророштво, книгата „Дванаесеттиот ден“ ќе ја заскокотка фантазијата на читателите од сите генерации и ќе ги однесе на возбудливо патување на кое еден човек се обидува да дознае дали крајот на светот ќе доведе до уништување на целата планета или преобразба на целото човештво. Јас би препорачала книгата да се прочита до 30.6.2012. Да се надеваме дека ќе се случи она второто.
Ја има на англиски во книжарница Три, и мислам дека е 600 денари. Книгичката е ептен слатка, и корицата и формата и е таква малечка, намерно така ја печатат, мамат. Spoiler На македонски сум 100% сигурна дека ја нема.
Моја грешка, прогуглав сега. Изданието на Икона има 122 страни, а англиското 338. Нешто слично како книгите на Ѓурѓа. Јас не платила 399 ден. за скратена и исечена приказна. Ако сакаш да ја читаш приказната во целост, тогаш секогаш првичната верзија ти е подобар избор. Јас ја меркам со месеци книгава, и според мене Три го имаат најдобриот избор на книги заедно со Култура. Еве и во Англискиот центар ја има книгава.