1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско Музичко Фоаје (ФМФ)

Дискусија во 'Канта' започната од Lady Phoenix, 28 јуни 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Додека седам и слушам музика, особено таква која ме инспирира, размислувам. А тоа понекогаш резултира со некои вакви идеи како оваа.

    Имено, замислата ми е одреден член да стави една песна (пожелно е да биде инструментална, ама ОК - не е важно ако понекогаш е и од оние другите, но, да речеме, со поенигматичен текст) и останатите членови кои се заинтересирани - да ја ислушаат таа песна и да дискутираат какви чувства побудува кај нив, како си ја толкуваат, што замислуваат, или евентуално, ако не можат да најдат зборови - да ја асоцираат со одредена слика/цртеж/фотографија што е нивно дело или најдена на интернет.

    Ако помине повеќе од еден ден без дискусија (ова нека биде исклучок за првите 2-3 песни), тогаш може друг член да стави своја песна. Дискусијата трае додека има заинтересирани. Не е проблем навраќање на стари мислења, на кои им прошла дискусијата, ама да се цитираат, за да знаеме за што станува збор.

    Ваква тема до сега не сум сретнала. Ако не ја бива - главните знаат каде е кантата за ѓубре.

    Мој предлог е следнава:



    Нема потреба некој да ја гледал серијава за да ја дискутира песната.

    Па, да прочитаме/видиме.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.