Не сметаш. Таман работа. Сите се добредојдени. Што више, то боље . Моментално се гледа Mr. Holmes. (насловите на тековниот филм ги пишуваме во името на темата) Спојлер Мислам дека ќе го дискутираме до крај на неделава, а деновиве ќе објавиме и нова анкета за во меѓувреме да изгласаме и следен филм. Се надевам се читкаме. Поздрав
Mr. Holmes - одличен, али одличен заради Иан. Улога спремна за Оскар, таман доволно за да му го земе пак на Лео Ди Каприо со The Revenant. Исто, многу ми се допадна камерата, имаше кадри и анбливбл. Сценариото според мене исто така добро, ама како што заклучивте и јас ќе се сложам дека се чувствуваше како да не е доработено. Како со премногу возбуда оној кој го адаптирал од книгата да запнал на некои делчиња и не се осудил да го доработи. Инаку, @Bender Rodriguez и @Madam-A не се сложувам дека е чуден делот со „како тоа го погодила толку многу смртта на девојката“ за да стане сенилен. Тој дел мислам дека е совршено напишан и без грешка. Еве зошто мислам така: Нарцисоидниот дел на Шерлок од „искона“ за кој зборувавте е токму она кое го прави толку многу да се изнервира. Во еден дел од филмот во една реплика вели „не можев да поверувам дека јас, легендарниот Шерлок не успеав да го предвидам следниот нејзин потег. Сè сторив добро, но таа е доказ дека човечката нарав е пренепредвидлива“. Тој случај и таа грешка му докажале дека не е совршен како што мисли. И сенилноста не ја добива заради случајот и тоа што го погодило толку, туку заради староста. Се откажал од детективството кога сфатил дека веќе е стар. Последниот случај само му бил тригер за да се пензионира. Всушност, колку што сфатив, одреден период тој не работел ништо, само си живеел ко пензионер, а кога сакал да почне да пишува книга забележал дека не може да се сети на детали. Па тогаш оди во Јапонија да бара лек. Затоа и во сцените каде се сеќава на случајот со девојката е дедо, но витален. Потоа во Јапонија е малку подостарен, а во сцените каде е актуелното случување е веќе изнемоштен и пред умирање. Тоа укажува на различни периоди, можеби и разлика во неколку години. Моја оценка иако ова не е жанр кој ми е омилен, 7,5/10.
Хм... могуче. Него сцената кога и рече на клупата: I've been alone all my life, with the compensations of the intellect и дека тоа can be enough за после да каже дека се исплашил да ја дали самотијата со неа. Сепак јас мислам дека во моментот кога се појавила алтернатива да има придружба сфатил дека можеби му здосадило од самски живот и тука се јавило некое емоцииче....
Мадам, се напнав, не толку за филмот, туку на самиот себе – затоа што откако го изгледав, у првиот момент ми беше сосема ОК, а тек потоа у наредните неколку дена почнав да му наоѓам маани – „Еј, ова не чинеше, она не ми се бендиса, ова беше безвезе“. И на крај, си викам, „Што уствари ми се допадна мене у филмов воопшто?“ Се слагам дека expectations are a bitch. Односно, ако филмот се совпадне со личните очекувања, тоа може да допринесе да ти се допадне уште толку. Ама па, ако не се совпадне, филмот може (и сосема неоправдано) да го доживееш како промашај. И ти мене ме насмеа со коментаров. Не ја лупнав тастатурата – реченицава ја напишав за да пробам да се искупам за мојот генерално негативен (и субјективен) став во однос на филмов. У принцип сакам филмови кои се трудат да направат нешто поинакво или да претстават некој веќе познат лик во поинакво светло – а ликот на Шерлок е богами употребуван и „исцеден“ како лимон, во мал милион филмови и серии. И сега, кога некој конечно ќе проба да направи нешто поинакво со неговиот лик, ја си противречам самиот на себе и викам „Ееее, ова не ми се свиѓа“. Последниве години, ретко се наоѓа оригинален филм, а особено кога се работи за некој веќе познат лик, режисерите не се осмелуваат да прават некакви големи отстапки од веќе познатата слика за нив – а филмов беше баш таков, и не сакам да му ја намалувам вредноста со моите лични замерки. Се сложувам, од човек од 93 години може све да се очекува. Само, неговатата сенилност и генерална кљакавост мене ми беа некако too much. А иначе, можеа и да го направат да носи пелени за возрасни или да црта со сопствениот фецес по ѕидот на својата соба – и тоа му стои на 93-годишник – ама па, не му „личи“ на Шерлок Холмс. Веќе реков, мислам дека у обид да внесат што поголема доза на реализам, отишле малце предалеку. Е, овде ептен се сложуваме. Да дадеа некоја друга причина за неговото повлекување од детективскиот живот, а не дека бил емоционално потресен после смртта на жената од неговиот последен случај, мислам дека ќе беше подобро. Можеа да кажат дека поради делата на Вотсон станал толку славен што веќе не можел да работи како детектив во анонимност, или дека едноставно славата му пречела, па се повлекол, на пример. Или да го направат последниот случај по „бомбастичен“, па стварно да сфатиме зошто после него се откажал од детективството. У секој случај, имаше подобри начини да се направи ова. Добри поенти. И мене ми се допадна што никој не гаеше никакви илузии кон никој во филмов. Беше очигледно дека на женава Холмс и е напорен, исто како што беше очигледно дека и работата во хотелот не ја воодушевува многу, ниту пак дека посебно си ја сака сестра и, туку едноставно, причината за желба за промена на работното место беа парите. И Роџер немаше никакви илузии кон мајка си – иако ја сакаше, сепак беше свесен за нејзината интелектуална „ограниченост“. Но, сепак, и покрај ова, успеаа да раскажат една фина и емоционална приказна. Исто така добра поента на филмов, иако мислам дека не (по)кажаа нешто што веќе не го знаеме. Сите велиме дека сакаме да ја знаеме вистината, но она на што всушност мислиме е дека сакаме да ни се потврди она што ние го сметаме за вистина. Во спротивно, сме навредени или повредени. Така и со Умезаки и мајка му – изговорот што татко му им го дал е леле-мори-мајко – Шерлок Холмс ми рече да останам во Англија за секогаш. Бре, бре, бре. Мислам дека и тие самите потсвесно ја знаеле вистината. Но, многу поубаво е да се верува во неговата приказна и да се окриви некој друг (во случајов Холмс), отколку да се соочат со суровата реалност – дека татко му едноставно ги напуштил. Инаку, @jelena.rozga, секако дека не сметаш – слободно вклучи се во дискусијата за овој или за некој нареден филм – гледаш и самата дека сме двајца без тројца на темава. Секој заинтересиран е добредојден. П.С. @Captain-Omni, добредојде на темава.
Кога и да посакам да напишам за некој филм прва, некако губам храброст и чекам прво другите да пишат, а јас да се надоврзувам и да реплицирам. Mr. Holmes го гледав пред извесен период (да не речам во прва прилика кога излезе на асален торент за гледање и имаше титл), затоа што (иако не читам книги), јас сум огромен обожавател на ликот и делото на Шерлок Холмс. Морам да признаам дека кога го гледав прв пат трејлерот, изгледаше интересно и си реков - damn it, овие така го направиле, само да не' tease-уваат, а јаките сцени ќе следат во самиот филм. Кој ќе чека... А после тоа, некако не бев толку многу возбудена, изгледа интуицијава ми кажувала дека нема да биде толку добро колку што очекувам. Како што кажав и во темата „Последен филм што го гледав е... и кратка рецензија“, а и во повеќе наврати имам кажано дека имам мали очекувања од драми, иако постојат и такви кои ме воодушевиле. Уште кога сењор @Bender Rodriguez го даде како предлог за гледање, реков дека нема што многу да се дискутира, зашто филмот е тоа што е - една убава, мирна драма, да гледаш, да одмориш очи и мозок со убавите пејсажи и кадри и тоа е. Нема пресврти, нема неизвесности, нема којзнае што. Ама гледам и дека малку сум згрешила бидејќи и Мадам и Бендер доста напишале и навлегле во длабока анализа на филмов. Пак ќе се повикам на мојата рецензија од другата тема и ќе потврдам дека Иан МекКелен беше како скроен за улогава. Едноставно, има таков став, таква фаца, таков став и држење да биде совршен Шерлок. Сите тажиме поради тоа што немаше ментална акција во филмов, тоа е факт. Јас сум задоволна и со тоа што Шерлок со сенилност и на 93 години уште е размрчен човек. Не знам за вас, ама мене многу ми пречеше што во филмов не се појавува Вотсон. Не знам, за мене Шерлок и Вотсон се како две страни на една паричка и не може да се разделат. Ете тоа многу ми фалеше. И ми се допадна што при крај, кога детево ќе настрада, а за тоа мајкава ќе го обвини Шерлок и неговите пчели, делува како решавање на своевиден случај, со тоа што на дедо Шерлок му светнува дека може во близина да има оси. Ајде сега да видиме со што се сложувам, а со што не во мислењава што се до сега напишани: Еве јас ќе кажам дека не би сакала да гледам филм со стар херој. Додуша, повеќето се баш supernatural superheroes, ама еве на пример, Бетмен, кој ми е еден од најомилените, не би сакала да го гледам во такво издание. Друго, еден од омилените ликови ми е и Џемс Бонд, па мило ми е што по неколку снимени филмови го менуваат глумецот и ако ти се бендисува следната приказна - глеј ја, а ако не - ништо, наместо да направат да остари Бонд, кој и така не е баш во цутот на младоста. Мене ми се допадна што ете, пријави некакви емоции кон нешто конечно, прво затоа што човекот е веќе фосил, па редно е нешто да се смени кај него, на старост веќе попуштаат некои особини, додека други стануваат поизразени. Но кога ќе се земе во предвид дека сите наоколу, а да не го заборавиме неговиот Вотсон, бидејќи само со него беше вистински пријател, имаат семејства, има кој да се грижи за нив, мислам дека Шерлок почна веќе потсвесно да се плаши од осаменоста и од тоа кој ќе му помогне на смртна постела, па затоа толку се приврза за детето и буквално ја обврза домаќинкава да остане засекогаш тука со него. Од друга страна, неговиот ум сеуште беше бистар и логички (тоа го гледаме во случајот со детето), но сенилноста му правеше пречки. Иако од драма не очекувам многу, сепак, бидејќи се работеше за Шерлок, можеби и јас потсвесно сакав да разработат некоја добра мистерија. Ама од мистерија ни М, а камоли од случај. Не знам, додуша еве, случај имаше, ама ме разочара, бидејќи не ни беше вистински случај, како оние класичнине Шерлоковски. Тоа мислам дека на жената и' беше само изговор. Очигледно беше дека е интелигентна, знаеше кој е Шерлок и дека нема шанси да се согласи на такво нешто, па го искористи само како изговор да го направи тоа што го направи. Втора опција е женава да сакаше да се „даде“ на помагање на други луѓе, заедно со Шерлок, но тој не го препозна нејзиниот повик за излез од нејзината ситуација и стана тоа што стана. Сега, можеби само сакаме да најдеме некое подлабоко значење за работиве, а всушност да не постои, ама поентава е да најдеме, барем за наша утеха, некое логично објаснување зошто нешто било така. Очигледно дека уште од тогаш почнала да го совладува староста и да му се зголемува емпатијата (како „супермоќ“ на Шерлок), па се исплашил дека со секој нареден случај ќе биде се' полошо. Или пак почнал да гаи некои чувства кон женава (не знам, мене ми остави таков впечаток кога ги прикажуваа неговите сеќавања, како да е фасциниран прво од нејзината убавина и младост, а второ од нејзината интелигенција - кога ја бараше, да не речам бркаше). Одлично објаснување, Омни. Според ова, можеби не се работи за емоции, туку за повреда на неговото его дека не можел да предвиди, но од друга страна пак, кога ќе се навратиме на случаите што Шерлок ги работел во животот, не е дека не грешел во предвидувањата и претпоставките. Може да е само разочарување од самиот себе, што не е совршен како што сакаше секогаш да мисли... Може само да си претпоставуваме, ама генерално ми се допадна твоево објаснување. Во секој случај, севкупното однесување на Шерлок во филмов мене ми личеше на еден вид тестамент или покајување пред смртта. Од обидот да го напише случајот така како што бил, од писмото до Умезаки во кое го пишува она што најмалку ќе го повреди, до приврзувањето со домаќинката и детето и одлуката својата куќа да ја остави на нив. Некако се обидуваше да ги исправи сите работи кои во животот не успеал и му останува само да ужива до крајот на животот. Практично си го доби семејството што никогаш го немал, тука му се и пчелките - неговата втора љубов, а и како да гледаше некаков потенцијал во детето, па реши да го подучува, да не речам, да го тренира, како да биде детектив еден ден. Наравоучение: Во животот тешко е да останеш сам. @jelena.rozga, ајде чекаме на тебе. @Captain-Omni, мило ми е што ни се придружи. Ај доста го тупев засега.
Многу сте брзи Јас вчера го изгледав филмот и не напишав рецензија,туку одлучив да „sleep on it“ за си го зацртам мислењето комплетно. Ви ги прочитав мислењата и мислам дека сите сме тука некаде со импресиите. Да започнам со глумата.Иан е ептен талентиран актер и тој да не беше носачот,не знам колку ќе издржев да го догледам до крај. Другите ликови ми беа онака солидни,само да донесат доза драма и компликации. Мора да кажам дека приказната не беше тоа што очекував.Не дека се разочарав,но си имав зацртано друго сценарио,некоја последна мистерија или барем решавање на последниот случај. А случајот ми беше крајно бесмислен и дефинитивно не нешто на што сум се навикнала од купот Холмс филмови и серии што сум ги изгледала досега.Патем,еден од најголемите фанови сум на Шерлок,па тешко е да ми се погоди секој детал И јас како Бендер,не можев да разберам како жена што познава некој неколку часа повеќе би сакала да живее со него,отколку со сопругот,кој колку и да не ја разбирал,сепак ја сака повеќе од се.Тоа беше глупав потег за кој се очекуваше дека нема да се оствари. А одлуката за пензионирање на Шерлок после нејзината трагична смрт не мислам дека е толку неоправдана. Не верувам дека поради неговото его се откажа од професијата,дека поради тоа што не можеше да и го предвиди следниот чекор.Односно тој не можеше да и го предвиди бидејќи не беше рационален потег,беше базиран на емоции,нешто тој што никогаш не го разбирал. И како да се освести дека не е баш толку совршен,дека неговите дедукции и претпоставки не се секогаш точни и комплетни. Мислам дека и поентата на филмоѕ беше неговото сфаќање дека вистината можеби не е секогаш идеалното решение,барем не таа суровата вистина која ја доставуваше без размислување. Можеби и затоа толку го погоди хоспитализацијата на Роџер,конечно си дозволи некој да му се приближи,освен Вотсон,бидејќи цел живот бил сам. Kолку и да ги негира емоциите како основна движечка сила кај луѓето,без разлика каква верзија да гледаме,Шерлок Холмс не е бесчувствителен.Арогантен,егоистичен,социопат секако.Ама тие само го дефинираат,не се единствени. За крај, одлично протумачила @Lady Phoenix :Најтешко во животот е да останеш сам.Осаменоста е тивок убиец. ПС:Камбербач е најдобар Шерлок,што сакате кажете Ќе дадам неколку предлози,па да одбереме за следен филм. Southpaw The Lobster Hard Candy Zodiac
Гледам сите сте барале случај за решавање, јас пак може дека уопште не очекував таква работа, ич не ми фалеше. Јас тотално не се согласувам со ова. Мене ми беше ептен ветрушка. Многу ме нервираат емоционално лабилни личности. Не можела да доноси трудноча и сите и се криви... сестро тоа е , помири се. Не може да сметам за интелегентен некој што не знае да си ги сноси последиците. И кој паметен размислува дека умрените се само од другата страна? Па и као демек она смислила да го мота Шерлок. Што не смисли се за да не ја прочита? Мутава.. хахахаха и се напнав ептен, знам. Како Сењор Родригез сум со примерот за фецесот на стариот, мислам на кој ненапнат ќе му текне дејство во кој некој црта со фецес? . Упорно се нервира дека го добил тоа што го сакал, испадна дека не го сакал .( @Bender Rodriguez , не знаеш колку се смеев на погорниот пост ) Абе ви викам јас овој се напалил на оваа психички растроенава. Џабе и @Captain-Omni го брани. Значи он се покајал што ја откачил и сеа се повлекол во пензија и уствари сакал да прикрие дека се затрескал па си рекол ај ќе се правиме дека ми е повредено егото.
Ви ги прочитав сите мислења, ама сепак од субјективна гледна точка најмногу со ова се согласувам. истите работи апсолутно ме нервираа, како да стануваше збор за некое детективче, а не за прочуениот Холмс. Ова ми дојде како кога си дете и татко ти е херој и кога ќе пораснеш ќе увидиш дека е само човек кој прави грешки. Исто очекував некој случај ептен заплеткан, ама и тоа не се случи. Можеби решиле дека е подобро така со оглед на староста на Шерлок, целосно да се осврнат на карактерот на Шерлок. Поврзаноста со детето ми беше чудна, не можам да кажам со сигурност дека годините не би го омекнале, не би сфатил некои работи во животот, ама од една таква емоционална дистанцираност да се дојде до тој степен ми беше како еден поголем скок. Можеби и грешам, ама таков ми е впечатокот. За глумата се согласувам со сите, одлична изведба на Иан МекКелен. Иако овие двајца не ми се баш во иста категорија, со оглед на годините. Ќе ставам анкета од предлозите, додадете ако имате уште некој, па ќе го вметнам.
И јас ви се приклучувам. Го изгледав Mr.Holmes и да не се повторувам како горе наведените мислења, го иав истиот впечаток за филмов. Некако очекував повеќе, повеќе нели како што сме навикнати од Шерлок, но малку помалку зошто нели е веќе возрасен. Потоа повеќе очекував и од Иан, но сепак имав и некоја резерва, ама не беше до тој степен дека ќе го видам како сенилен старец. Сепак да не се повторувам. Како и да е ќе се дружиме понатаму.
The Experiment е следен со најмногу гласови. Ако се согласувате да имаме барем три дена за гледање, па да може да се коментира.
@Madam-A браво за темава , само што ја видов. одлична е идеава секогаш пред спиење гледав по еден филм ама во последно време некако не ми иде инспирација за гледање или за бирање на филм.. туку ќе ви се приклучам во темава, еве ќе го гледам The Experiment вечерва за почеток темава звучи забавно
Еве линк, пиратскиот залив пак не работи, па од кик-ес. https://kat.cr/the-experiment-2010-dvdrip-xvid-ac3-feel-free-t4408846.html И покрај тоа што дава информација дека не е безбедно - без грижи, безбедно е се' со гаранција, само кликнете details ---> visit this site и симнувајте.
И дoбрo штo испaднa бaрем некoј ден oд викендoт дa фaтиме зa гледaње зaштo сметaм декa пoвеќетo тoгaш се нaјслoбoдни. Предлaгaм дa вметнувaме и пoрaнo предлoзи зa следнaтa aнкетa дa јa пoстaвиме пoрaнo, пa дa гo фaтиме цел викенд зaшo претхoдните пaти бaш зa викенди испaѓaше дa глaсaме пa мoже тoa е и причинa штo некoи не стигнaле нa време дa се вклучaт. Акo не ни текнувa некoј нoв, мoже Рејн дa пoстaви aнкетa пример вo средa сo некoи нaслoви штo веќе пoминaле a нa имбд имaaт дoбри oценки.... Штo викaте?
Моето мислење е спремено, вчера го изгледав филмот, па не ми е проблем овој пат прва да почнам. Ако нема некој друг против.
Ајде, пуцам јас. Немам трпение. Генерално ми се допадна филмов. За екипата воопшто нема ни да правам муабет - Адриен Броди е познат и признат глумец, иако малку (да не речам воопшто) немам гледано филмови со него. Форест Витакер е легенда. Другиве ми беа анонимуси, но во секој случај одлично се вклопија во улогите. Гледам дека филмов е базиран на вистински настан кој се случил во 1971-ва година и морам да признаам дека како идеја беше , ама се прашувам зошто има толку слаба оцена на IMDB. Исто така гледам дека е римејк на некој германски филм Das Experiment, базиран на истиот настан, кој има доста добра оцена, па ако не ме мрзи, кога ќе ми снема опции, може и тој да го изгледам, па да направам споредба. Ако можам со еден збор да го опишам филмов, тоа би било „брутален“. Затоа што, да, беше брутален и искрено се згрозував од некои сцени од дното на мојот желудник. Мислам, не е филм кој може да се спореди со некој одвратен, како што е Saw, на пример, после кој мислам дека доживеав нервен слом, значи не е грозен од тој тип, туку она што го гледаш како човечка природа која извира од натемните длабочини, нарав за која ни самиот не си свесен дека постои во тебе - е тоа е она што згрозува. Како најнегативен дел од филмов ќе го издвојам оној со романтичните моменти помеѓу 77 и неговата девојка (која, патем, како глумица не можам да ја поднесам, ама нејсе, сите делови Taken ги имам изгледано заради Лиам Нисон). Толку ми беа лигави тие моменти и воопшто не ми се вклопија во филмов, ама ајде, ќе ги простам и ќе речам дека ги ставиле заради баланс. Битно на крајот 77 отиде во Индија и се сретна повторно со својата љубена. Интервјуирањето на кандидатите беше доста интересно, од аспект што потоа може да се споредат некои од дадените искази со фактичката состојба за време на експериментот. Исто така, од нив може да се извлечат информации за скриените и помалку скриените фрустрации и „нарушувања“ на кандидатите. Искрено, додека ги интревјуираа, се обидував да погодам кој ќе биде затвореник, а кој стражар, ама половина ги промашив. Не знам дали е до мене, па не знам да проценувам или до што е... Како и да е, човек за пари ќе направи се'. Ги однесоа во вукојебина, им ги одзедоа личните работи, им поделија униформи, се прочитаа цели 5 правила кои ниту едните, а ниту другите не можеа да ги испочитуваат. Ем сакаа да бидат платени, ем не можеа и не сакаа да ги почитуваат правилата. Прво, очигледно дека затворенициве не ја сфатија толку сериозно ситуацијата, за разлика од стражарите. Тоа е исто како кога пленот не е свесен дека ќе стане плен. Потоа, стражариве прилично сериозно си ја сфатија улогата, се соживеаја толку многу што на површина им излегоа сите фрустрации. Се' стана еднакво на реална состојба во еден затвор. Дури и стандардно се намерачија само на еден, како мршојади и само тој еден беше „привилегиран“ да биде малтретиран. Дури и преминаа преку смртта на 51, како ништо да не се случило... За крај ќе кажам дека психолошки филмови ми се омилен жанр за гледање. Можеби затоа што може многу филозофски да им се пристапи често пати. Мислам дека почетокот сам по себе си кажа многу работи. Почна со животни, нивниот опстанок во дивината и природната подреденост и практично заврши со најсовршените животни. Од филмов може да се извлечат повеќе заклучоци; не би ги нарекла поуки или наравоученија. 1. Кога на човек ќе му дадеш моќ во раце - забегува. Каде има сила - нема правдина. 2. Кога луѓе или животни ќе затвориш во кафез - полудуваат. 3. Кога се работи за опстанок - човек, како и животното, ќе направи се' за да преживее. 4. Кога е опстанок во прашање - секогаш еден е плен, а другиот е предаторот, но не значи дека улогите не може да им се сменат. 5. Предаторот, т.е. стражарите кои го имаат авторитетот автоматски го сметаат пленот, т.е. затворениците за пониска раса и не поседуваат емпатија Ајде и едно наравоучение сепак, а тоа е дека човекот, иако поседува свест, иако со тоа се разликува од животните, сепак во некои ситуации (па, добро, во прилично ситуации ) не е поинаков од самите животни и се базира само на своите инстинкти. Е сега, 77 смета дека сепак сме различни од животните и покрај се', бидејќи можеме да го смениме тоа. Прашањето е: Како? - Со борба против сето она што го носи човештвото во пропаст. Но како што ни е познато - во природата на човекот е и да се противи на промени, така што секогаш ќе постои спротиставување кон истите, преку потиснување на таа борба. Значи, индиректно одговорот би бил - со упорност и без откажување.
Јас, прво бев револтиран од оптимизмот на режисерот и сценаристот на филмот. Заклучокот на филмот беше дека светот е лош, но ако се потрудиме ќе го направиме добро место на живеење. Мхм, ќе биде, кога пингвините ќе одлетаат на север. Сепак, уживав во убавиот портрет на личностите. Вечната борба за она што смета дека е правда на Едриен Броди и совршениот приказ на она што ние македонците премногу често го споменуваме во секојдневниот муабет - „дај му власт да го видиш каков е“. Мислам дека немаше потреба од сцената со ерекцијата на Витакер по првата наредба која ја даде на затворениците, бидејќи и без тоа одлично беше прикажана секојдневната ситуација на многу луѓе кои се претвораат во монструми кога ќе им биде дадена шанса некому да му наредуваат. Лошата оценка на имдб е затоа што продукцијата на моменти делуваше како да се работи за прилично нискобуџетен филм, камерите кои снимаа во темница и даваа впечаток дека се работи за копија на некои познати хорор филмови само ме натераа да мислам дека продуцентот моли за внимание. Тотално неоригинално. А и капацитетот на двајца глумци како Броди и Витакер, дефинитивно не е комплетно искористен, но добро. Инаку, не се сомневам дека е тоа вистинска случка. Таа комбинација во која на една група луѓе ќе им биде наметнато да следат одредени правила од друга група која како изговор за својата бруталност има свој надреден е она врз кое човештвото се темели последниве 5000 години. Затворениците се обичниот народ, чуварите се владетелите во една земја, научникот кој ги напиша правилата е Господ. Исус, Алах, Амон Ра, you name it... и секогаш кога владетелите се одлучувале да извршат терор врз некого, тоа пред рајата го прикажуваат како исполнување на божјата волја, потчинување на вишата сила. Но вистинската позадина зад тоа е добивање на ерекција. Така и Витакер неколку пати нагласуваше дека „никој не може да го обвини дека ги крши правилата“, ги убедуваше дека мора да ги казнува за да не се запали црвеното светло. Всушност најинтересниот момент ми беше на крајот во автобусот кога Витакер си го извади чекот со 14 илјади долари иако официјално експериментот не дојде до крајот. Тој доби пари. Никој друг не видов дека доби чек. Не знам дали сценаристот алудираше на тоа дека на крајот, максималниот бенефит повторно го добива владетелот иако уби човек, мочаше врз најдиректниот опозиционер и беше тотално нехуман... или пак сите сепак ги добија парите. Би сакал да верувам дека е првото, зашто во животот е токму така, за жал.
Јас прочитав некои од критиките и луѓето се незадоволни зашто оригиналниот филм бил далеку подобар, била прикажана и страната на научниците, веројатно и се објаснило што било целта на експериментот. Овој филм го сметаат за едно холивудско срање. Исто и глумата на Витакер се смета за просечна. Мене лично ми се допадна филмов, ми беше морничав и тензичен, ама се што се случи не беше воопшто изненадувачки. Тоа и го очекував, дека ќе дојде до насилство, некој ќе умре и ќе си одат порано. И глумата ми се допадна, не знам зашто толку критики за Форест Витакер, баш си изгледаше внесен во улогата човекот. И со ова се сложувам, како да мора да има романса за да се задоволи гледачот, ама мене ми делуваше присилена и не баш веројатна. Битно имаше љубов и во еден ваков филм. Има надеж за нас. Одговорот беше даден веднаш, нели потоа го дадоа Тревис како изјавува дека ќе сведочат на суд и кажаа дека главниот на проектот бил уапсен. Значи како луѓе имаме свест да делуваме и да се бориме против лошото. Јас мислам дека и самиот не знаеше дали другите добиле чекови, па кога го извади неговиот се разврте по автобусот и погледна кон 77 да види дали и он добил чек, ама на крајот реши да си молчи за секој случај. Најверојатно е оставено на нас да одлучиме дали сите добиле или он беше награден за неговото однесување и докажување на некоја поента, дека нели, доколку на човекот му дадеш моќ ќе се покаже каков е и ќе направи се што направи Витакер како стражар. Сепак, во него си имаше нешто изопачено, оваа ситуација само му даде шанса да излезе на виделина. Зашто уживаше во се што правеше, уживаше да ги мачи другите. Гледам има и дебата дали Чејс, едниот од стражарите беше геј, ама мене ми беше сосема јасно дека е, само во надворешниот свет егото и срамот не му дозволиле да дејствува на чувствата, туку ги потиснал и сега во затворот доби шанса да ги истражи. Може требаше германскиот филм да го ставиме за гледање, башка и јазикот е доволно груб што сигурно му дава поинаков шмек на филмот. Дали вие би учествувале во експеримент за пари?