Aаааа не сме и ние цвеќа за мирисање. Можам да замислам затворски сцени со жени тепачи, а и тотално можам да го замислам филмов со Мишел Родригез во улога на Тревис(а) . Шала на страна, веројатно ради тоа како субјекти беа одбрани мажите. Напротив. него, у однос на ова: Аии што убаво си го напишал последново . Како и да е, може овие испаднаа малку нискоинтелегентни поради што веројатно и беа таргетирани, ама никако не би можела да споредам Човек со Животно и ако на тие што го правеле филмов тоа им било поентата, нека идат нека се убијат. Кој мисли тој и греши. Од комплицирање се доаѓа и до можеби и подобро решение од она едноставното. Таман работа ако цело време тапкаме во место и не решаваме проблеми и не се каеме и не ги решаваме... па како ќе ги развиваме мозочните виуги ако само јадеме банани и сме фини меѓу себе? Од едноставно збогатување да искомплицираш вака - за мене е простотилак невиден. Ма да бев научникот не само што нема да ги исплатев, и по една воспитна шамарчина ќе им удрев, туку, дај бе маци јас и ти ќе си одиме на експеримент и ќе си лакираме нокти 2 недели да им покажеме на народ како се спечалува, па може и ќе усовршам да си ги лакирам исто двете раце...
Луѓе, забушавате нешто деновиве. Ја очекував дека ќе бидам меѓу последните што коментираат, а сега гледам дека никој сеуште не пишал. Бидејќи сум фан на Полански како режисер, а и на главниве глумци, The Ghost Writer го гледав штом се појави, во 2010-та. Е сега, од тогаш до сега, заборавив практично се за филмов, само у сеќавање ми остана дека некако ме разочарал, односно не ми ги исполнил очекувањата кои ги имав тогаш. Имајќи го на ум тогашното разочарување, сега, на второ гледање филмов можам да кажам дека ми се допадна – најверојатно затоа што сега немав високи очекувања, напротив. Филмов можам да го окарактеризирам како политичка драма, со примеси на трилер. Прво, морам да кажам дека реално, филм правен по ова сценарио, тешко дека може да биде којзнае колку интересен. Но, Полански успева да го извлече максимумот од приказнава, за која може да се рече дека е ништо посебно или дури и досадна. Иако практично ништо „посебно“ не се случува, филмов успеа да ми го задржи вниманието од почеток до крај. Постојано постои одредена доза на неизвесност, која ве тера да гледате што ќе се случи понатаму и секако, да нагаѓате што всушност се случува во позадината. Глумците беа одлични, сите до еден – дури и оние улоги како на Белуши или Том Вилкинсон беа одлично осмислени и без разлика што се појавуваат само на неколку минути во филмот, супер беа вклопени. Сценографијата и кинематографијата исто така беа одлични – некако, сите сцени одаваа некакво чувство на клаустрофобија и најверојатно целта на ова беше да се прикаже чувството на заробеност на главните ликови – Броснан, заробен и ограничен во движењето од страна на истрагата за воените злосторства, а МекГрегор, заробен во најновото работно место, во кое се втурна без речиси никакво знаење за тоа што го чека. Едноставно, куќата, безбедносните протоколи, фактот што се наоѓаа на остров – се оддаваше впечаток на некаков затвор. Музиката на моменти ми беше некако несоодветна и goofy – у класичен стил на Полански, несомнено – но, мене у тензичните сцени малце ми кршеше филм. Ми се допадна што ликот на МекГрегор немаше име – Ghost, Man, итн. – укажуваа на тоа колку луѓето кои работат како ghostwriters се всушност маргинализирани и живеат во анонимност – како што и самиот рече – не ги викаат на промоциите на книгите кои тие самите ги напишале, зашто тоа било како да ја викнеш љубовницата на сопствената свадба. Исто така, многу ми се допадна хуморот кој го имаше во филмов. Значи, не хумор у смисла на америчка комедија, него квалитетен хумор, со интелигентни коментари и траги-комични ситуации во кој често се наоѓаше Ghost. Филмов можеби траеше мааалце предолго, но искрено, не знам од кој дел би можел да се скрати – секоја сцена и дијалог изгледаа сосема на место, добро обмислени и со цел на развивање на приказната. Во однос на крајот, некои прашања за мене останаа нерешени. Мислам дека е јасно дека ликот на МекГрегор умира на крајот, но дали неговата смрт е случајност или намерна? Тој со сите сили се трудеше да се дистанцира од МекАра – претходниот ghostwriter – не сакаше да се вози со неговиот „омилен“ џип, туку го одбра точакот по дождливото време, не сакаше да остане во куќата, како што правел тој, а кога беше принуден да остане – сите негови работи ги извади од плакарот и ги фрли. Но, по се изгледа, дека можеби на крајот, сепак делеа заедничка судбина, барем во смртта. Второ, бидејќи Ghost ги смени мемоарите поприлично, мислам дека „тајната“ порака содржана во почетокот на секое поглавје е засекогаш изгубена за јавноста. Единствениот оригинален примерок од МекАра се разлета по улицата по смртта на Ghost. Дали некој ќе се потруди да ги собере и подреди тие листови и да ја открие вистината или таа засекогаш ќе остане изгубена? Лично, мене ми личи на второво. Трето, во однос на вмешаноста на бившиот Премиер во воените злосторства и тоа дали знаел дека жена му е агент на ЦИА? Мислам дека не – мене ми остави впечаток дека навистина верувал дека самиот ги носел сите одлуки и дека навистина правел работи за кои верувал дека придонесуваат кон некое greater good. И самиот призна дека жена му е всушност причината поради која влегол во политиката и верувам дека навистина е така; само што таа кога го убедувала дека треба да се приклучи кон партијата имала и некои „задни“ намери. На нејзините врски и поврзаноста со ЦИА се должело и неговото вртоглаво брзо напредување во партијата. Тој, пустиот, си мислел дека напредува затоа што многу го бива. И за сите одлуки за кои се консултирал со жената (а видовме дека многу го цени нејзиното мислење и практично за се ја прашува), мислел дека таа му дава искрени и добронамерни совети, кои се во негов интерес – а всушност, сите одлуки за кои ја послушал практично биле во корист на САД. „Spare me the bleeding-heart bullshit! Do you know what I'd do if I was in power again? I'd have two queues at airports: one for flights where we'd done no background checks, infringed on no one's civil bloody liberties, used no intelligence gained by torture. And on the other flight we'd do everything we possibly could to make it perfectly safe. And then we'd see which plane the Rycarts of this world would put their bloody kids on! And you can put that in the book!“ Од овој одличен цитат се гледа дека Броснан како Премиер навистина верувал дека работите што ги прави (дури и да се во прашање воени злосторства), ги прави за доброто на народот. Не џабе рекле – патот кон пеколот е поплочен со добри намери. Во филмов и МекГрегор и Броснан испаднаа жртви – МекГрегор, бидејќи сосема случајно се најде вмешан во политички игри и махинации, а Броснан – како жртва на сопствената глупост, наивност и слепа доверба во сопругата. Спојлер: Сендвичите Една работа која ја приметив сеа, на второво гледање на филмов, е дека на Ghost практично у секоја могуча прилика за јадење или му нудат или му даваат сендвич. Имајќи во предвид дека се работи за Полански, знаев дека ова не може да биде случајно, па се запрашав – дали сендвичот има некакво значење или симболика? Затоа што ја појма немам какво значење би имал, побарав на интернет дали некој попаметен од мене дал некаква теорија за ова. За жал, единствено што најдов е дека сендвичов бил интерна заебанција на филмаџииве, што малце ме разочара. Ја баш очекував дека некој ќе развие теорија за тоа како сендвичот уствари претставува тоа-и-тоа или дека тоа што цело време сите го ранат со сендвичи има такво-и-такво значење. Што мислите вие за оваа работа? За крај, кога сме више кај Полански, да го дадам Ninth Gate како предлог за гледање – постаро филмче, од времето кога Џони Деп глумеше у асални филмови – а и дефинитивно ќе има повеќе за коментирање и дискутирање во однос на содржината.
@Bender Rodriguez, многу убаво си го разработил филмов. Искрено, едвај чекам да пишам во темава, ама овој пат немав никаква идеја што да дискутирам. Едноставно, филмов не ми остави простор (барем на мене) за дискусија. Тоа е што е и крај. МекГрегор и Броснан ми беа супер во улогите. Всушност, сите ми беа ОК во своите улоги. Имав само дилеми во врска со тоа кој е убиецот (немаше сомнение дека е убиен претходниот ghost), а друго се' ми беше доста предвидливо. Филмот ми траеше долго, во првиот дел имав чувство дека ништо посебно не се случува и ми беше досадно, а во вториот дел поинтересно - кога се разви веќе дејството. Од филмов очекував повеќе, морам да признаам. Во однос на прашањава што си ги поставил, моето мислење е следното: 1. Јас сум прилично сигурна дека смртта на Ghost беше намерна. Премногу откри и премногу дозна за тајните на засегнативе луѓе (како што беше професорот Емет и жената на Броснан), за да го остават жив. Колава беше премногу забрзана, се гледаше дека тој стои на улица, а откако го плеснаа, не застанаа. Според мене - совршен крај. 2. Би рекла дека вистината засекогаш ќе остане изгубена. Моја претпоставка е дека некој од агентиве би ги собрал листовите и би се погрижил веќе да не дојдат во погрешни раце. 3. Исто како и ти, и јас мислам дека човеков немаше појма дека жена му е таен агент. Беше премногу самобендисан, самоуверен и со его до небо, за да се помири со тоа дека треба некој друг да го команда или друг да е заслужен за неговите постапки и одлуки. Во однос на сендвичиве, баш се надевав дека ќе има некаква симболика, во смисла, Европејци ги исмеваат Американците што се дебели, мрзиливи, глупави и живеат на брза храна, па кога ќе отидат овие во Америка, само со сендвичи ги хранат. Штета, ми се скрши филм. Ете, претежно тоа е. Навистина немам што да кажам за филмов. Да, имаше убави кадри и се' тоа, ама приказната не е за дискусија баш. Инаку се согласувам со предлогот Ninth Gate. Добар филм. Од мене предлог - филм нека биде Filth. Исто европски е, да прецизирам - шкотски, интересен е, има вулгарности, тоа да си го имате во предвид, ама според мене е непредвидлив до самиот крај што ќе ве шокира.
конечно најдов вчера време да го изгледам филмчево. не ми беше нешто специјално, ама не ми беше ни премногу досадно за да го прекинам или пак да го гледам со денови. се на се позитивен впечаток имам за филмов. ми беше некако (позитивно) поинаков за разлика од други политички филмови кои ги имам гледано. глумата на актерите ми беше на солидно ниво. предлог филм од мене: Rush
Другари, што стана со една од моите омилени теми? Знам дека филмов не беше нешто wow и немаше баш нешто од содржината да се коментира, ама не беше ваљда до толку лош за сите да се откажат од темава. Ајде, ако не го бендисавт(м)е овој, дајте друго дете! Едит: @Madam-A, не туку лајкај, ради нешто конкретно!
Готово е, ја закопуваме темава, нема да постои веќе поради филмов! Се шалам, ама да, штета е што вака падна дискусијава. И јас гласав за филмот, ама не го изгледав од икс причини. Излезе од Еверест снимка? Тој се спомнуваше нешто поназад. Или пак анкета да правам, а може и предлози нови ако ви фатило нешто око.
yo! Мене искрено срам ми е да ја отворам темава и упорно кога ќе видам дека некој пишал избегавам коментарите да ги прочитам зашто се лажам дека ќе го гледам филмот и нејќам да се спојлам. Е сега, како што го видов последниов на сењор Rodriguez и гледам дека не е за филмов, можам да се надоврзам со предлог да се постави нова анкета за нов филм што ќе се гледа од петок. @RainBow ? Нека биде некој од претходно предложуваните или може да направиме некогаш балканска недела, или еве македонска кинематографија... Да оставиме простор до крај на неделата ако некој се убаци за овој и ако не идемо дање. Мене ми е стварно криво што не стигнав да го изгледам, ама ќе се потрудам во најбрз можен рок и ако ја фатам дискусијата се надевам ќе се приклучам. п.с. Излезе Еверест. Јас го гледав п.п.с. @Bender Rodriguez , одма се фрлив во акција со коментар! Пу ама си строг . Ај !
Предлози имаме дадено ние што го искоментиравме филмот, а Еверест го има на асален торент (во план ми е да го гледам). Еве го: https://thepiratebay.gd/torrent/12616494/Everest.2015.HC.HDRip.XViD.AC3-ETRG Јухуууу, живнува темава!!!
Направив анкета, оставив некои предлози, некои од поназад, Еверест претпоставувам сте го изгледале сите, па не го ставив. Пишете ако има нешто за додавање.
Ја отварав темава неколку пати минатата недела, се чудев што да пишам и пак ја затварав. И овој филм го гледав два пати. Првиот пат ја следев само приказната, без особено да се вманијачувам во детали и бев, благо речено, разочарана (но, причина за првичниот впечаток може да биде фактот што ептен бев расеана и гледав со три паузи ). Вториот пат повеќе ја следев формата (кадри, сценографија, музика, актерска игра*) и опшитот впечаток превагнува кон позитивен но, далеку е од воодушевеност. Филмов беше далеку од мојата перцепција за европски филм, а со толку познати фаци имав чувство дека гледам холувудска продукција. Темата е "ништо ново под сонцето" - големите играчи во политиката не се оние што ги гледаме на малите екрани, т.е конците ги влече некој во позадина. [Да ве потсетам на The Manchurian candidate.] Сепак беше обработена на интелигентен начин, следејќи ја приказната на Ghost. Ми се допадна саркастичниот хумор. Не можам да го заобиколам и сивилото кое беше константа (сивото и мрачно море, сивиот небесен свод, сивите ѕидови од бетонски плочи). Да не беше филмов потпишан од Полански, ќе речев може е и случајно но, вака ми се чини дека целото она сивило е алузија за "затворот" во кој се наоѓаат и Ghost и Ланг. Уште еден чекор понатаму, мислам дека е алузија и за годините "заробеништво" на самиот Полански. Главно приказната беше smooth, без некои поголеми пропусти. Тензијата, постепено и константно, растеше но, ме "утепа" баналниот расплет. Ghost, неупатен во политика но, доста cocky тип. Многу малку е раскажано за неговото минато, освен што беше споменат дел од неговата претходна работа, како и партнерката, која и самиот не знаеше како да ја дефинира. Ланг, бивш Премиер и егоманијакална личност, идеален материјал за моделирање. Целиот оној антураж околу него, дефинитифно укажуваше на "контролиран политичар". Она за што не сум сигурна и би сакала да слушнам и друго мислење, дали убиството на Ланг беше планирано од напред и се чекаше книгата да напредне, па да го средат и да скокне побарувачката на мемоарите или го "средија" попатно, кога почувствуваа дека работите им бегаат од контрола? Можеби сосема неважно но, кога пукаа во Ланг, забележавте како сопругата истрча кон него а, љубовницата/асистентка се скри зад кола?! *Ким Катрал does bad British accent , а од Џим Белуши секој момент очекував да "истркала" некоја финта во стилот на According to Jim (ја имаше истата фацијална експресија). За сендвичите, не гледам никаква симболика, ни "нешто меѓу редови" значење. Едноставно, american snack on-the-go.
Јасна е работата, според анкетата. Само @RainBow да го промени насловот. И бидејќи никако да фатиме ред, да прашам, кога почнуваме со дискусија? Од понеделник?
Пa дa.. кaкo штo сфaтив јaс пoнеделнички почнуваме. И кoј кaкo гледa (aкo му требa пoвеќе време) се стaвa нaкнaднo вo текoт нa целaтa недела.
Спојлер Филмчево многу ми се допадна. Но, генерално земено филмот ми беше топ. Од глума, поставеноста на приказната, но мислам дека Полански можел малку подобро да го осмисли крајот (тоа ми е единствена забелешка). Се на се впечатокот ми е позитивен, ама мислам дека подобар е романот. Музиката во филмот многу ми се допадна и мислам дека ги задоволува потребите за еден трилер. Атмосверата во филмчето ми беше одлична. Јас му давам 7/10.
The ninth gate (1999) Мистерија, трилер, каде во главна улога е Џони Деп како проценувач на стари, колекционерски, уникатни, први изданија на книги, кој всушност за живот заработува со тоа што на сопственикот на книгата му кажува цена, многу пониска од реалната вредност, а подоцна истата ја препродава за вистинската, многу повисока сума. Негов клиент, господин Балкан, колекционер на книги, кои единствено заедничко нешто што го имаат е Ѓаволот, за да ја комплетира својата колекција, му недостасува едно дело. Интересен е моментот кога тој од Деп бара, не да го најде делото, туку да направи споредба помеѓу три дела, од кое едно е во негова сопственост, а другите две се во Европа, со цел да ја потврди автентичноста на книгата. Притоа нагласува дека е спремен да направи се за да биде сопственик на оргиналот, вклучувајќи и огромна сума за трудот на Деан Корсо. Со започнување на потрагата на Корсо, почнува и фантастичниот дел, кој мене ми беше релативно досаден и тотално без везе. Плавата девојка, која лета и се појавува баш во моментите кога на Џони му е потребна помош, освен тоа што е убава и згодна, има премногу иритирачки глас и акцент, глуми премногу аматерски и не можев, а да не забележам дека е вишок. Имам впечаток како да е вметната во филмот во последен момент. Деловите каде има возење со автомобил беа ептен лошо направени, не може да се занемари дека се снимани во студио, но со оглед на тоа дека филмот е од 1999, па и не е така страшно. Ми се допаднаа местата каде е сниман филмот, и облеката на сите актери е соодветна на улогата што ја имаат. Да не заборавам да напоменам дека библиотеката, а всушност и целиот стан на Бароницата Кеслер се совршени. За овој филм, 133 минути ми се премногу, 1 и 30, па и 45 минути, се повеќе од доволни. Џони Деп, кој е во главна улога, според мене е премногу форсиран од страна на Холивуд а јас не можам да кажам дека неговата глума е нешто посебно. Миленик на голем дел од женската публика, и иако во прашање е вкус, јас не можам да разберам зошто. Оваа улога, на некој начин добро ја изнел, но таа негова “фаца” на не преголема зачуденост и напучените уста ми се смешни. Кога подобро ќе размислам, главната улога добро би ја одглумил и Ричард Гир. И тој, и Деп ми се, оној тип на мажи, премногу меки и романтични. А Сталоне на пример или Шварценегер, во ниеден случај не би ја изнеле соодветно. Во филмот има една ептен добра реплика: There’s nothing more reliable than a man whose loyalty can be bought for hard cash. Од imdb има 6,7/ 10, а јас би рекла 5/ 10.
Ај ќе ве молам некако да ми се вратат 2та часа потрошени на филмов! Да биде потрагично, при крај ми текна дека го имам гледано некада давно али со оглед на тоа што не се сеќавав на многу работи, неизбежно беше да се гледа пак. Филмов е далеку од мојот вкус. Поише ќе се израдував ако испаднеше дека Џони е ѓаволот лично или пак дека е некој психо, или болесник што халуцинира и си умишњава покрај прозор во некоја инвалидска столица... Мистеријата во чија категорија и спаѓа филмов, мене не ми беше уопште мистична. Научна фантастика не ми иде со мистика. Барем мене ете не може да ме заинтригира зашо знам дека ќе исфилуваат нешто на крај и не ме тераат да се соживеам со филмов...и едноставно чекам да се деси нештото без желба за погодување. оооо ДА! Се слагам потполно. За разлика од @blackpanter , јас имам тотално спротивно мислење од неговото. Музиката- прелоша. Може адекватна на некој начин, али клише од тука до јадрото на земјава и назад. И претпоставувам дека требаше да предизвика некои чувство на неизвесност кај гледачот али мене некако ме тераше да зевам и евентуално да барам по ќошевите во станов дали има некоја нова пајажина. Што беше поентата со сексот на крај? Ватрени оргазми... , ок, и? (Се мислам дали да ја опростам непотребноста на сцената повикувајќи се на тоа дека сексот продава или на добрата цицка што ја држеше таа цуцата ... ) . Е сеа ова мачево „ангелица чуварица“ испадна као Пратеник на Луцифр или тој лично или сопругата или комшивка...како и да е, може да заклучиме дека: Коренот на злото е жената. Као демек она те чува ама може да го наебеш (а некад и буквално #hehe ). Во ред. Тоа расчистивме е сега да ве прашам, мене ми се причина или на таа сцена плавушата се трансформираше и во таа вдовицата со моминско Сент Мартин (ја заборавив како се викаше)? (#ДаТеЧуваГосподОдЖенскаБеља) Кога сум кај неа, леле господе боже што беше со сцените кога влегоа во собата за да и ја земат книгата? Па и тој црнецот као ги носи долу да ги тепа, аииии, добив впечаток како да импровизирале на сцената и ни малку не ја обмислиле . И зашто никад не се умеша полицијата да го збрка Џони малку или ако не друго барем да го распита кога секогаш после него имаше по некое убиство?! Барем кај бабата бароница имаше 2 очевидци. И ај сеа откако се изнајадов бурек, да кажам дека ми се свиѓаше барем глумата, ако не друго. И ептен ми беше интересно тоа што ликовите од цртежите уствари личеа (или беа истите) на ликовите кои ги среќаваше Џони (браќата, колекционерите, цурава на крај). Ради тоа му давам 2 оценки плус на филмов ( па збирно од мене има 2/10 ) И да, се согласувам и со коментарот на @jovanovska94 дека имаа одличен избор на локации и интериерот на куќите беше феноменален при што бликаше онаа елеганција од високата класа. Морам да прокомонетирам и дека пренесфатливо ми е да се опседнеш со стари книги и кои копии ги поседуваш и да даваш милиони за тоа, али добро... на таа пара и јас да ја имам можеби ќе имам некое хоби нејасно за другите . Да резимирам: Не ми се свиѓаше филмов ИЧ! п.с. И јас истото констатирав. Си ја запишав на телефон во ноутс
Прво, морам да им се извинам на @jovanovska94 и на @Madam-A, бидејќи филмов беше на мој предлог. Девојки, извинете за изгубените 2 саати од животот, па ете, може да ми се одмаздите така што следно ќе предложите за гледање некој chick-flick или уште полошо, романтична комедија. Се шалам, ве молам немојте. The Ninth Gate ми е еден од најомилените филмови и го имам гледано неколку пати, но бидејќи од последното гледање до сега поминало доста време, со задоволство го изгледав уште еднаш, за да можам подобро да го искоментирам. Не знам зошто, но знам дека на многумина филмов не им се допаѓа. За тоа сведочи и ниската оцена на IMDB. Можеби бидејќи филмов, за разлика од повеќето денешни action-packed филмови делува бавно, со приказна која навидум е недоволно динамична и интересна. Некако кинематографијата во последниве години не навикна дека секој филм мора да биде брз, темпераментен, со многу пресврти, бркотници, експлозии и слично, па кога ќе седнеме да гледаме некој филм како Ninth Gate ни делува толку интересен, like watching paint dry. За споредба, поновиве филмови ми се како некоја синтетичка дрога, која додека трае прави да се чувствувате возбудено и да ви удира адреналин во глава – а кога ќе помине дејството, ве остава со мала доза на грижа на совест (поради тоа што додека сте го гледале, филмов ви изгледал добар, а откако завршил, почнувате да му ги наоѓате мааните, една по една) и некако празни од внатре. Од друга страна, The Ninth Gate ми е као квалитетна пура – бавно гори и во неа се ужива, а дури и откако ќе ја изгасите, во устата ви останува вкус на убав тутун и некое пријатно чувство на душичката. ОК, забегав малце со порочнава аналогијава. Можеби најголемата маана на The Ninth Gate е тоа што филмов не може да се реши кој жанр сака да биде. Тематиката е окултна и се занимава со ѓаволот, ама филмов не е хорор. Воглавно, преовладува сериозен тон, ама тогаш следи траги-комична ситуација во која Џони Деп соблака кондура од напаѓачот, го гризе за рака и слично. Таман ќе си помислиш дека филмов е реалистичен, доаѓа сцена као искочена од Crouching Tiger Hidden Dragon, во која зеленооката девојка рипа 15 метри. Значи, филмов не е ни скроз сериозен, ни страшен, ни комедија, нити па скроз натприроден. Мислам дека и затоа толку луѓе не го бендисаа. Едноставно, оние кои очекуваа хорор, не го добија, оние кои очекува реализам, беа разочарани од натприродните делови, оние кои очекуваа нешто натприродно, добија многу малце. А никој не очекуваше комедија, ама комични, awkward моменти имаше. Да бидам искрен, мене од сево ова само ми сметаше натприродниот моменат, со девојката со јебозовно-зелени очи. Не ми сметаше нејзиното присуство во филмов воопшто, ама можеше натприродниот аспект со скокањето да биде изоставен. Во однос на сцените со возењето кои одлично ги забележа @jovanovska94, не можам да ги оправдам со тоа што филмов е од 1999-та – и многу постари филмови имаат ОК сцени со возење во кола. Инаку, ова најверојатно се должи на тоа што делот со Њу Јорк е всушност сниман во Париз, бидејќи тогаш на Полански сеуште му беше забранет пристап во САД поради неговите pedo bear испади, па бил приморан да монтира (не многу успешно) снимки од Ну Јорк на сцени со возење снимани во Париз. Друг weak момент ми беше „кунг-фу“ тепачката на зеленооката со бланшираниот црњо, очигледно немале добар (или никаков) stunt coordinator за филмов. Во суштина, тоа беа работите кои не ми се свиѓаа баш. На работите што ми се допаднаа нема да се задржувам – приказната, сценариото, изборот на глумци, глумата, сценографијата, па дури и музиката (за разлика од онаа во The Ghost Writer) ми беа одлични. Она за што уствари сакам да зборувам е симболиката, со која филмов изобилуваше, и значењето на крајот на филмот. Во однос на симболиката, филмов просто врие со неа. Почнувајќи од шифрата 666 за лифтот и библиотеката на Балкан, сликата на ѕидот со замокот од крајот на филмот (кој навистина постои и се вика Devil’s Tower), цигарите кои ги пуши госпожа Сен-Мартан – Black Devil, колата со која се возат кон нејзиниот замок – Dodge Viper (get it, get it?) и уште многу, многу други, коисум ги утнал, ама верувам дека може да се најдат по интернетов. Прашањата кои ми се интересни за дискусија се следниве: 1. Кој ги убива сопствениците на The Ninth Gate of the Kingdom of Shadows и зошто? Дознавме дека мадам Телфер/Сен-Мартан всушност ја бара книгата за читање и изведување на своите сатанско-оргиски ритуали – таа не ни беше свесна за значењето на гравурите во книгата. А убиецот откако ќе ги извадел гравурите потпишани со LCF, книгите ги уништувал. Што значи, не би можела да е таа. Дали е во прашање Балкан? Но, ако е така, зошто воопшто му беше потребен Корсо? Интересно е што за време на секое од убиствата Дин Корсо беше многу conveniently, онесвестен. Дали можеби, потсвено, токму самиот тој е одговорен за убиствата? 2. Која точно беше улогата на девојката со јебозовни очи? Мислам дека беше некаков водич кој требаше да му помогне на избраниот да ја открие мистеријата на Деветте порти. На почетокот од филмот ја гледаме на предавањето на Балкан, очигледно бидејќи смета дека тој е најпогодниот кандидат. Но, со текот на времето, му се приклонува на Корсо, најверојатно бидејќи тој успева да ја разреши мистеријата за гравурите од трите книги. Интересен ми беше моментот кога, откако Балкан ќе ја убие мадам Сатанска оргија (лошо ми оди памтењето на ликови по име, признавам), таа му вели дека е на некој начин слободен од целата работа, бидејќи Балкан изврши убиство пред сведоци и најверојатно ќе ја сноси вината и за останатите убиства (од оваа реченица, btw, може да се заклучи дека Балкан најверојатно и не е одговорен за претходните убиства, т.е. дека можеби токму Корсо е вистинскиот убиец) и му дава clean exit од целата оваа збрка. Но, Корсо одбива. 3. Во однос на крајот, Балкан не успева во својот ритуал, бидејќи ја има погрешната деветта гравура – зеленооката ебаљка која јава на троглав змеј додека замокот е во пламен (ова е нешто што го укапирав после гледање на филмот, откако на нет ги побарав сите гравури кои се појавуваат). Според тоа, тој претпоставува дека треба да го запали замокот (и најверојатно, и себе) за да се оствари пророштвото и ритуалот биде успешен. Уствари, правата гравура е со силна светлина која еманира од замокот, како на крајот од филмот. Што се однесува до сексот, @Madam-A, бидејќи девојкава јава на троглав змеј на гравурата, можеби симболиката беше дека змејот кој го „јава“ е всушност Корсо? I’m just sayin’... Еве, на крај, да споделам и една моја теорија која ја смислив откако ја прочитав историјата на славниов замок од крајот на филмов – The Devil’s Tower. Во одреден период, во неа се криеле Катарите – христијанска гностичка секта, која имала поинакво толкување на христијанството од католицизмот. Католичката црква ги осудила како еретици, а нивната секта ја прогласила за култ на ѓаволот, а следбениците ги спалувала. Дали можеби всушност целово патешествие беше со цел на пронаоѓање на светлината и патот кон рајот и Бога (на крајот на краиштата, Луцифер значи light-bringer), а не ритуал за привикување на ѓаволот и пат кон пеколот? One’s man hell is another man’s paradise – можеби тоа беше целата поента на филмов.