1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    предлог филм од мене: Pixels
     
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    V for Vendetta - искрено не го гледав пред да пишувам, но сум го гледал 2-3 пати претходно и дефинитивно го ставам во листата омилени заради тематиката која ја обработува, а која, меѓу другото, активно ја пишувам во темата за терористичките напади во Франција и многу членови ме гледаат како овој тип.

    Вачовски со продолжение на идејата од Матрикс и борбата против масоните и светската влада, во Матриксот прикажан како вонземјани, тука прикажан како англиска влада, сè за полесно проголтување на приказната од обичниот гледач. Борбата на Нео и В е против глобалниот империјализам.

    Инаку, ова е уште еден од серијата модерни Зоро ликови или Супермени, Бетмени за кои гледачот навива. Разликата е што овој филм е толку ебано реален кога се работи за негативецот против кој сите заедно се бориме, V со ножеви и бомби, ние со стискање палци и гребење заби.
    Овој филм е мојата имагинација деноноќно. Моите желби и сонови, да се сруши угнетувачот, да се победи злото. Веројатно истите желби ги имаат и Вачовски... па додека јас пишувам книги со таква тематика, тие пишуваат сценарија, сите заедно трпиме и чекаме да умреме и да се спасиме, зашто знаеме дека никогаш нашите соништа нема да се остварат. Моќ имаат оние со пари, пари имаат оние со моќ. Оние со моќ и пари, немаат морал и прават сè за да ги имаат првите две.
     
    На jovanovska94, Madam-A, Jordanovska-K и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Чудно е што после филмов не чувме за некој ''фантом'' имитатор. Зарем досега ниту еден психопат немаше доволно храброст да ја преземе улогата на V, и започне револуција на глобално ниво или сеуште тајно се крчкаат планови за реализација? Се шегувам, пусти фантазии.. :D

    Инаку, кога сме веќе кај предлози, (и покрај тоа што очекував многу повеќе анализи за филмчево, особено од @Madam-A), како следен предлог од моја страна би бил The Illusionist. Oдлично филмче, драма романтика и мистерија вклопени во една целина. Освен тоа не изобилува симболика, и не е тежок за гледање како претходниве два. Гарант ќе ви се допадне. :)

     
    Последна измена: 26 ноември 2015
    На jovanovska94, Madam-A, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    @Valerin И мене ми фалеше дружбата на темава ;( . Ама немав многу време неделава, а нејќев да го расцепкам и да го изгледам ради реда ко минатиот. Викендов можно е (и ќе се потрудам) да стигнам да фатам задњи воз.
    Инаку, добар ти е предлогот, го имам гледано, солиден филм и некако ме потсети на the prestige (2006) , па ви го нудам тој како предлог што исто може да влезе во комбинација за следно гласање
     
    На Jordanovska-K, Valerin, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Good talk, people. Иако у намален состав неделава, се разви добра и интересна дискусија за V for Vendetta.

    Мој предлог за следнава (или некоја идна) недела е Se7en - нешто постар, но одличен филм.



    Btw, трејлеров е ужас, се гледа дека е од 90-ите. Башка што воопшто не го доловува филмов у вистинското светло.
     
    На boomsleng, Marossa, Jordanovska-K и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Aууу екстра е Севен, овој ме потсети на lucky number slevin, па може и тој некад да го вметнеме.
     
    На Jordanovska-K, Valerin, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Ако уште коментирате на V for Vendetta сакам и јас да се вклучам. Мене филмот ми беше премногу морбиден, посебно сцентата кога се дозна дека В ја мачеше девојката за да стане како него. Исто како што и Црниот лебед ми беше морничав, во кој глуми Натали така и овај.
    Интересна беше тематиката, дека не треба да дозволиме никој да одлучува за нас, да не контролира и сл., но уште еднаш не би го гледала филмот, баш поради тоа што се запрепастив од некои сцени. :)
    Тој што не го гледал Парфем, не знае што пропушта.
    Мој предлог сите да го гледате и да коментирате дали ви се допадна или не.
    За мене еден од подобрите филмови, кој ден денес ме тера да се запрашам како би мирисал совршениот парфем, тој што го направи на кој никој не остана рамнодушен, за кој сите убиства што ги направи му беа простени.:D
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Добри предлози сте ставиле. Можеби треба да го тргнеме мојот дамнешен предлог Filth затоа што како поминува време и ги запознавам вкусовите на останатите што коментираат тука, така сфаќам дека мојот вкус за филмови е доста twisted. :lol: Филмот е и повеќе од одличен, ама некако слабо верувам дека ќе му се допадне на некој, можеби на машкиве. :P

    Еве од мене еден предлог за трагична љубовна (а не типична романтична) драма, кога ќе бидеме во такво расположение. Во стилот на Pride & Prejudice e, исто според роман: Atonement.



    П.С. @Madam-A, се надевам ќе најдеш време за V for Vendetta, исклучителен филм е, а и ни недостига твој коментар. :)
     
    На boomsleng, Jordanovska-K, Madam-A и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    @Lady Phoenix, нека си стои Filth, нека чека подобри денови, супер филмче е - верувам има тука луѓе на кои ќе им се бендиса.

    @Madam-A, може и Lucky Number Slevin, потполно се слагам.
     
    На Jordanovska-K, Madam-A и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  10. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Искрено, многу ми е жал што досега немав прилика да се впуштам во 'жестока' дебата за сите филмови кои досега ги дискутиравте, бидејќи малку е да се каже дека сите беа исклучителни.

    За V for Vendetta немам што повеќе да кажам (впрочем, за сите кои поминаа), бидејќи @Bender Rodriguez доста умешно ги опфатил сите важни аспекти од филмот.

    Незанемарително е да се спомне дека и @Valerin и @Lady Phoenix дале интересен придонес, истакнувајќи ги своите ставови околу истиот.

    Многу ми се допадна цитатот кој @Valerin го истакна
    Би сакала да ви го предложам филмот Water: The Great Mystery



    Ако го изгласате овој филм, ви ветувам дека активно ќе учествувам во дискусијата! (fingers)
     
    На Lady Phoenix, Madam-A и Valerin им се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Aбе другари, не издржав и го гледав јас. :$ И мило ми е што не ја пропуштив дискусијава.
    Сега ќе пишам само моја резензија и ќе ме извинете ако се нафатам на нешто што претходно сте елаборирале ама коментарите ќе ви ги прочитам после постов и ќе ви се навратам накнадно бидејќи веријатно ќе имам некој за цитирање.

    Филмов и покрај што досега го немам гледано ми е доста познат. Секој ноември нели го тупат на сите социјални мрежи и мислам дека баш таа глобална занес ме одвлекуваше да го глеам. Го замислував нешто како Зоро и уопште не мислев дека има подлабока прича позади. А баш приказни со засегната етика од увек ми биле од интерес.

    Самата замисла да се направи политички филм со минимална политика, а тотално го доловува политичкиот шмек за мене е еден вид на нетипична режија која за мене е нешто што заслужува нескромни пофалби.
    Гладот за моќ, подготвеноста да се стигне до целта, неумешувањето на емоции, желбата за одмазда и промена, стигматизацијата на различноста и хомосексуалноста, очајната потреба за надеж ... се тоа тоа совршено вклопено во една целина е токму таа умешност во прикажување на сопствената замисла на уникатен и несекојдневен начин, што мене многу ми значи кај еден филм.

    Неизбежно ми е да ги прокоментирам синхронизираноста на V како Vendetta - одмазда и како римскиот број од собата на ликот V како експресиментален субјект и симболиката на откривање на ликовите на починатите кога ги тргнаа маските, кога го гледаа огнометот. Сакам обмислени детали. Многу сакам.

    И доста добри сцени имаше. Како за филм од пред десет години (што не дека е многу ама пак не е ни малку) јас немам да дадам никаква забелешка. Особено ми се допаднаа низата сцени со тепачката, крвопролевање и одразот на Ви низ револверот, на крај во подземјето. Прекрасна од секој аспект ми беше и сцената со домино ефектот и одличниот финиш кога ја тргна послетната плочка што не се сплоти со останатите.

    На многу наврати ни беа презентирани ситуации во кои се прикажуваше дека ништо не е случајно, што ме остави во двоумица за идентичноста на доручекот кој Ви и тој Геј типот и го спремија на Ејви. Некој може да ми го разјасни тоа? Ете таа (засега неразрешена) контрадикторност помеѓу останатите неслучајни настани ми се допадна зошто тоа е нешто што општо, независно од филмов, мене од секогаш ме мачело и тоа е прашање на кое јас конкретно не можам да се изјаснам.
    Исто не ја сфатив поврзаноста со подигање на рејтингот на партијата на Тој после епидемијата со вирусот. Ај и тука просветлете ме.


    Не би си вадела некое свое толкување на поентата на филмот зашо репликата на Ви : ideas are bulletproof - ми е адекватен хајлајт, па ќе се освртам на некои пораки кои мислам дека би можеле да произлезат од содржината:
    ~ Is it meaningless to apologize? Never. I am so sorry.
    ~ Во делот кога тој лидерот не сакаше да ги прифати предчуствувањата а детективот, ми укажуваше на тоа дека: заслепеноста е лоша работа, и дека: со игнорирање не се решава проблемот.
    ~ По лажно затвореничките петешествја на Ејви, некако ми се алудираше на тоа дека:
    - Средината се менува и потребно прилагодување на неа. Ви го прафатил се она што се десило и искочил посилен. (Тука би додала дека ме шармираше речникот и смиреноста на Ви низ филмот)
    - Колку и да носиш нешто длабоко во себе, некогаш е потребен тригер фактор за да го однесе на повпшина. Потврдување на онаа поговорка: некогаш не знаеш колку си силен се додека не мора да се соочиш со стравот.
    - Во иста ситуација, претходно различни личности можат да прореагираат исто. И само ако му влезеш во чевлите на другиопт можеш да го разбереш.

    ~ Често се повторуваше и прашањето: Дали сакаш да ја знаеш вистината? - Вечити внатрешен глас на секое човечко битие во однос на деликатни прашања.

    [​IMG]
     
    На Lady Phoenix, Captain-Omni, jovanovska94 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    V for Vendetta

    Ај јас веднаш да почнам со она што ептен ми сметаше во филмот, а тоа е англискиот. Дејството се случува во Лондон, а јас не слушнав "бритиш инглиш".
    Но, затоа, стилот, особено репликите на типот со маската, беа пре-нај-добри. Таков редослед, тој избор на зборови, тоа не се пишува баш така едноставно, тоа е многу повеќе од идеја, тоа е умешноста и капацитет. Не се сеќавам кога последен пат сум гледала филм, кој покрај добра тема, има и вака добар стил на изразување.

    Еден од ретките филмови кои трае 2 саати а јас не сакав да го убрзувам нанапред, уствари не ни проверив до каде стигнал филмот, го следев секој детал. Приказната, сценариото, музиката, совршено вклопени.

    Ако го занемарам горенаведениот пропуст, филмот има чиста 10ка од мене.
    Ми се допадна изборот на глумци, особено овие мажите, кои седеа пред екранот и му се "правдаа" на главниот, сите имаа сериозни фаци, кои влеваат страв, а сепак беа преплашени и потчинети, колку и да е тоа иронично, од некој тип на голем екран.

    Ми се допаѓаат сите ситни детали, кои покрај симболите, кои беа суптилни а сепак сосема лесно забележливи, уште еднаш јасно покажуваа дека во филмот е вложен труд.
    Интересен ми беше моментот, кога Иви бега и наводно ја фаќа некој од владата. Не можев, а да не забележам дека типот има розова кожа и ја грабнува, и ја покрива устата, сосема спротивно од она што би го направиле овие другите типови, би ја обиколиле со вперено оружје во неа.

    И мене ме интересира @Madam-A зошто појадокот беше ист. Очекував тој детал да го појаснат, бидејќи останатите детали беа јасни т.е. разјаснети со тек на дејството.

    Што се однесува до споредбите и темата која ја начнал @Bender Rodriguez , веднаш ќе кажам дека се согласувам со него.
    Дали личноста која ќе седне на таа позиција, претставувајќи го народот, всушност го прави најдоброто за народот? Во прашање се многу пари и моќ, тука е и притисокот, угледот и мирот кој владее на улиците, а кој може да го поднесе сето тоа стоејќи, без притоа во секој момент да биде остане беспрекорно чист, сосема невин? Јас сигурно не можела...
    Дали поединецот може да направи многу? Дали одлучноста, револуцијата, незадоволството се доволни? Судејќи според ситуацијава околу нас, на основно, а и на повисоко ниво, во светски рамки, морам да кажам- не.
     
    Последна измена: 27 ноември 2015
    На Madam-A, Valerin, blackpanter и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна што го бендисавте филмов и што не издржавте, го изгледавте и напишавте свој коментар во последен момент. :clap:

    Инаку во однос на заедничкото прашање на @Madam-A и @jovanovska94, како и до второто прашање на Мадам:

    ќе дадам свое мислење.

    Во однос на истиот појадок кој Иви го јаде кај V и кај Дитрих: Според мене, авторот сака да не' врати во некои дамнешни времиња кога тоа бил вообичаен појадок меѓу луѓето. V краде путер за да го прави појадокот од неговото детство, а Дитрих не знаеме како го набавува. Но има една заедничка работа која ги поврзува V и Дитрих, а тоа е што и двајцата го кријат својот идентитет и тоа што и двајцата се трудат нешто да направат против режимот и воедно одат против истиот. (Малку подоцна Дитрих го апсат поради „недозволената“ емисија која решава да ја направи, во која го исмева Сатлер.) Значи ги обединува идејата.

    Во однос на второто прашање на Мадам, за рејтингот на Сатлер по ширењето на вирусот: Тоа бил промислен биолошки напад врз англискиот народ за да ослабне и да биде полесно манипулиран после тоа. Сатлер манипулира и вели во своите говори дека тоа е терористички напад и дека треба да гласаат за него, за да се справи со нив.
     
    На Madam-A, Bender Rodriguez, jovanovska94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    @Madam-A и @jovanovska94, welcome back! :)

    Во однос на вашево заедничко прашање, за истиот доручек, кој го направија и V и Дитрих, јас сепак мислам дека беше само случајност – ништо повеќе. Но, со ова, индиректно, доаѓаме до она што е можеби најголемата маана на филмов – преголемото потпирање на случајности и коинциденции. Вистина, режисеров/сценаристите успешно успеваат да го замаскираат овој факт и да го направат да не биде преочигледен при гледањето. Освен тоа, V цело време дава изјави од типот „I, like God, do not play with dice“ и „There are no coincidences, only the illusion of coincidence“, во обид да не убеди нас, гледачите, дека позади работите кои се случуваат стои нешто повеќе од чиста случајност. Но, ако малце размислиме на темава, ќе дојдеме до нешто поинаков заклучок.

    Да почнам прво со средбата на V и Иви – во сцената во која тој ја спасува од Fingermen, V e прикажан како класичен суперхерој, од типот на Бетмен, Спајдермен и сл., во која тој патролира низ улиците на Лондон и спасува невини луѓе од неправдите на силеџиите на власта. Но, во целиот филм, ова е прв и единствен пат кога тој го прави ова. Всушност, неговиот modus operandi е целосно поинаков – тој се занимава со тероризам и герилски тактики насочени директно кон државата, односно кон освестување на народот, а не со уличен „хероизам“ и спасување на поединци. Тогаш, колкави се всушност шансите за V, првиот и едниствениот пат, кога ќе реши да спаси една lady in distress, од цел Лондон, баш да налета на Иви, која подоцна станува клучен лик во приказната? Освен тоа, таа вечер V е на пат да ја уништи Old Bailey и да ја започне својата револуција – зошто би го ризикувал тоа за да спаси живот на една, непозната девојка?

    Втора (неверојатна) коинциденција – Иви е вработена токму во телевизијата од која V се решава да ја објави својата снимка. Уште полошо, колкава е веројатноста таа да налета баш на него, токму на време за да му го спаси животот?

    Трета коинциденција – кои се шансите докторката која работела во Ларкхил да работи во полициската мртовечница и баш да биде задолжена за таа аутопсија, за да ја види ружата и за да знае кој е убиецот и дека таа е следна? V имаше голема среќа што неа ја јадеше совеста и што беше помирена дека ќе дојде да ја убие. Во спротивно, ако и беше помил животот, можеше фино лепо да ги викне полицајциве со неа дома и да го фатат V на дело.

    Четврта коинциденција, или подобро да речам, среќна околност – на крајот, во финалната пресметка со Криди и the Fingermen – што всушност беше планот на V? Да чека да ја потрошат целата муниција пукајќи во него и потоа да ги убие? Што ако наместо 10-ина души беа 100? И зошто, ако може да се движи со брзината на светлината, не почна веднаш да ги убива или барем не се обиде да ги избегне куршумите?

    Не знам, мене како за човек кој се планира до најмал детал и опсесивно-компулсивно реди домина со денови (зошто, да бидеме реални, за сцената со домината треба најмалце неколку дена местење и редење) ми изгледаше дека во финалнава сцена некако премногу се потпре на ќорава среќа и случајноста да преживее доволно долго за да ги убие сите. Инаку, како што прочитав, во стрипот на крај го убиваат со еден куршум – што за мене е пореален и подобар крај. Како и да е...

    Ова се само неколку „случајности“ и „коинциденции“ кои мене ми паднаа во очи, со чија помош V успева да го оствари својот план за револуцијата – сигурен сум дека имало уште. Само една од овие работи да не се случеше онака како што се случи во филмот, тој немаше да успее. Ама, режисеров неколку пати ни повтори дека всушност ништо не е случајно, и дека такво нешто како коинциденција не постои, so I guess it’s OK.

    Еве како се случи сето тоа според мене, Мадам. Значи, најлесен начин да го контролираш народот е со користење на стравот како алатка. Исплаши ги доволно, и граѓаните самите ќе се одрекнат од своите права и слободи, само ако некој им вети дека ќе ги заштити. Така беше и во филмов – се креираше вештачка криза, се создаде страв кај народот од вирусот и од „терористите“ кои го пуштиле, и како спасител, се појави Сатлер, кој, за да полесно и поефикасно се справи со кризната ситуација нели, го распушти парламентот, забрани слобода на движење, ги укина правата на граѓаните и практично воспостави диктатура. Откако „херојски“ се најдоа и осудија „терористите“, тој ја задржа власта, заклучи дека терористичкиов акт е резултат на декадентноста на општеството, па се одлучи да ги отстрани сите девијантни појави, како малцинствата, другите религии освен христијанството, хомосексуалците, практично сите облици на уметност и слободно изразување и сл. – со цел спречување на тероризмот во иднина. Стравот од некојси „надворешен“ непријател или терористи на крај премина во страв од сопствената влада. Ама, веќе беше премногу доцна.

    Впрочем, ова не е ништо ново – ситуацијата во филмов е практично копија на Германија пред Втората светска војна. Само што таму „баба-рогата“ беа Евреите, девијантни беа сите што не се Ариевци, the Fingermen беа СС и сл. Дури и ликовите од филмот си имаат свои „треторајховски“ алтер-ега. Сатлер е Хитлер, Криди е Химлер, Протеро е Гебелс, а свештеникот од Ларкхил е Менгеле. There!

    Истава политика на страв, додуша во многу помала мера и поблаг облик, важи и за пост-9/11 Америка.

    @Jordanovska-K, филмов го гледав пред некоја година, само што мислам дека беше на руски. Иако имав одредена доза на скептицизам, бев фасциниран од работите што ги (по)кажаа, и просто се чудев како не сум чул за овие откритија порано, затоа што според мене, ако се вистинити, навистина се епохални.

    Откако го изгледав филмов, прочепкав малце по интернет и сфатив зошто не сум чул порано за овие чудесни особини на водата – затоа што, за жал, не постојат. Истражувањата (ако може така да се наречат) кои се презентираат во прилог на оваа хипотеза не се изведени во контролирани услови, ниту се објавени во peer-reviewed списанија, а оние вистински истражувања направени на оваа тема не покажале ништо чудесно од овој тип за водата.

    Еве, ако те интересира повеќе за оваа тема:
    https://en.wikipedia.org/wiki/Water_memory

    И еве го стручњакот кој прв ги „документирал“ овие необични особини кај водата:
    https://en.wikipedia.org/wiki/Masaru_Emoto

    П.С. Сега гледам дека @Lady Phoenix дала многу подобро објаснување за доручекот од моево. Бравос!
     
    На Madam-A, Mishela, jovanovska94 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Дечки оддамна не сум седнала асално да изгледам некој филм, некогаш сум ја отврала оваа тема, ама не сум имала време.Еве сегаа ако може некој да ми објасни, нели прво се дава предлози и се гледа оној филм кој што има најмногу гласови во анкетата, или секој си зборува за својот предлог.Извинете вака, но би сакала да ве дружам понекогаш.Поздрав :*
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Следниот филм е Perfume избран со најмногу гласови. Ќе се гледа викендов, а ќе се коментира од понеделник. Кој има уште нешто да каже за V for Vendetta може да го направи тоа уште утре и задутре. :)
     
    На Bender Rodriguez, jovanovska94, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Yup. Agree. (y)
    Крајот кога Натали рече дека на народот му треба надеж беше тотално бетменовски. И кога ќе размислиш, толку слични а толку различни. Тој шмек на реалност му даде на филмов многууу боље верзија.

    Туку за ова ќе се соложам со Јовановска.
    Ненормално поелегантен ќе беше ако збореа британски.

    Исто, заборавив да пишам дека прелош дел ми беше тоа со комичната емисија на другарчето Геј водител. Мислам јасна ми е поентата ама тој лош англиски хумор ми беше некако премногу несериозен чарличаплиновски дебилизам за во филмов.
    --------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Хм...
    Убаво го протолкувала Лејди,
    Но јас сум од оние што не веруваат во подобро утре донесено преку анархии и хаос. Тогаш на сцена настапува онаа прва замена која можност добила како сплет на околности и искористување на таа ситуација, а не ради што се истакнала и рамноправно ја победила првата. А прва можност не значи и најдобра.

    -------------------------------------------------------------------------

    Во однос на одговорите за моите прашања.
    Фала пред се. Откакао ве прочитав добија некакви значења. Барем тоа со тостот донекаде. Стварно се нервирам кога нешто не ми штима.
    Ете сењор Родригез наведи и други коинциденции кои мене лично ме нервираат по малку, затоа и му се напнав на доручекот. Не сакам да ми пропагираат дека се е смислено, а потоа: пу пу не важи, може и по некоја случајност да има.

    Е сеа за рејтингот:
    Да се тоа е така, ама јас мислам дека му се посреќило на тој лондонската верзија на Хитлер. Реално го гласале пошо ете. Можел било кој да биде на негово место. Тој ги фатил лажните терористи откако ја добил довербата и после тоа внел стравопочит па само страв. Сепак се било после тоа. Не ми е логично некако тука некоја 7ма партија да ни дојде и тајно да ни поништи 3 града, па да излезе на вести и да каже гласајте за нас, се ќе средиме и ние сите да ги испогласаме... :^) . според мене можеа тоа експреиментите да ги смислат маааалку поинаку. Дека наводно братот на лондонскиот хитлер е умешан, па тој заташкал ама дека ги подметнале тие сите пиздарии за да дојдат на власт ми е многу фикшн, али ај ок, да не го тупам...

    -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Последен ден му е на филмов, и јас многу каснам ама сега ми текна да прашам, па ако стигнете пишете што би направиле вие да сте во ситуацијата на Ејви. Ќе го пуштите вагонот?


    п.с. Значи многу припросто се осеќам откако ќе видам дека сте му се посветиле на филмов и сте го прогуглале, а јас ко муле сум прошкрабала нешто што прво ми паднало на памет :$ :tmi:
     
    На Captain-Omni, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Madam-A, јас мислам дека Сатлер веќе беше на власт, додуша во некоја демократска верзија, бидејќи, ако добро ме служи памтењево, од инсертите и исечоците од весници што ги пуштаа, власта беше таа што експериментирала со вирусот и решила да го претстави како терористички напад, со цел да стигне до апсолутна власт.

    А што се однесува до крајот на филмот, па мора малку да се идеализираат работите. :angel: Реално, да, после анархија и хаос на власт доаѓаат опортунисти, но во овој случај, тој што требаше да дојде на власт, беше идеализиран и си зеде и си умре на крај. Мене крајот ми е сепак можност за нов почеток - на власт кој сака нека дојде, V ги сотре сите од оваа болнава гарнитура. Тие што ќе дојдат, ќе треба да му ја мислат како ќе постапуваат со народот, бидејќи народот покажа дека кога ќе се претера, ќе стане и ќе се побуни. И да, дефинитивно да бев на местото од Иви ќе го пуштев возот и ќе кренев се' во воздух. 8)

    Од друга страна, во однос на она што @Valerin го спомна, како не му текнало на некој до сега да го „изимитира“ V, епа Вал, жал ми е што ќе те разочарам, ама тие што ја имаат мотивацијата - ги немаат финансиите (сети се V колку вложи во филмов), а тие што имаат пари - не им е гајле. Така да, V треба да биде само метафора преку која е претставен народот, абе како што си кажаа - идеја, која народот ќе ја усови и ќе се крене против режимот.

    Инаку, Мадам, немој да се осеќаш тапа што ние што сме апла забегани и што имаме одвишок време гугламе, а ти пишуваш тоа што ќе ти текне. Сепак, овде има луѓе што се позафатени од мене, на пример, а и јас си давам прво свое мислење, а потоа, ако има потреба седнувам и гуглам (во случај и во филмот на нешто да не сум обрнала повеќе внимание). :hug:
     
    На jovanovska94, Madam-A, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    @Lady Phoenix

    Има и онакви на кои им е грижа и имаат услови, но немаат поддршка, а автоматски ниту волја. Плус, немаат запознаено истомисленици. :)

    Башка ако стартната карта при промена е тероризам, јасно дека е многу повеќе потребно од волја...
     
    Последна измена: 29 ноември 2015
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Аааа така може. Ова више се мења. Ми се промкнало излеа :o .
    Одма друг муабет е сеа.... 8)
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.