1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Parfume. Неколку бивши ме тераа да го гледам филмов и одбивав зашто мислев дека е некоја љубовна приказна. Boy, was I wrong. Вчера го гледав прв пат. Последен скоро сигурно.

    Све беше супер до моментот кога го фатија жив, а само една сцена претходно го осеќаше мирисот на земјопоседникот оддалечен километри подалеку и на коњ. Ми се сруши секоја импресија од претходно.

    Одлична камера и продукција што ме натераа за момент да помислам и дека ми се повраќа. Костимографија - врв, глума - онака. Добар кастинг на споредни улоги, никако на главната улога, морало некој позабеган тип да одберат, овој беше поише како за Green Street hooligans, не ми беше доволно психо у фацата.

    Инаку, можеби заради актуелните случувања и она што го истражувам прилично активно последнава недела, world domination и глобално човечкиот неморал, агресивност и нехуманост... ама ептен ми се поврза приказната у глава и видов некоја порака од типот - It doesn`t matter if you kill or hurt, do what ever it takes to control the crowd. Нема казна за делата, нема сносење одговорност, сè додека планот е добро разработен.

    И, би бил посреќен кога би одбирале филмови од оваа деценија, односно поактуелни. Мислам, не мора да е сè што гледаме одличен филм, нема да нè казнат за лоша критика. :)
     
    На Kukla994, Marossa, Cka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Филмов како и претходните, го гледав по втор пат, но не ме импресионираше. Се прашувам зошто воопшто ви го предложив минатата недела? :^) Веројатно во тинејџерските години кога прв пат го гледав ми се чинел интересен, не знам. :?: Дури некое време размислував дали воопшто да пишам критика...

    Според мене воведот беше солиден. Од аспект на ефекти, редослед, орнаменти, дизајн, историски сегменти, костимографија, и одбрани статисти одлично. Иако, изборот на актерска екипа можел да биде подобар, но обидот сето тоа да се замаскира за да биде доловен впечатокот, до некаде беше постигнат. Дури, можам слободно да кажам дека филмов ми беше поднослив се` до моментот додека не се случи првото убиство...

    Имено, филмот може да биде религиски толкуван. Финтата со ''колекционирањето'' на души, со помош на едно сетило, складирајќи ги во парфеми беше со цел да се направи еден '"свет" парфем кој ќe ги натера луѓето да си ги простат гревовите. Затоа што сите ние помалку или повеќе сме грешни, но хармонијата во светот може да биде постигната само преку прошката. Од таа причина Џон стави акцент на сексуалната ''чистина'' која претставуваше основен предуслов за изработка на најдобриот трианесетти парфем, од истата причина и убиваше невини жени. Исклучок направи само во првата, која беше проститутка бидејќи сметаше дека нејзиниот телесен мирис ќе ја претставува таа диференцијална ''нота'' која ќе се издвојува и поттикне на љубов.

    Иако, се на се`, сметам дека идејата е одлична, но дека можеше се да биде подобро разработено можеше. Наместо толку акцент да се стави на светото и профаното, можело да се разграничат вредностите, за да не биде толку конфузен крајот кога Џон наместо да го распрска парфемот, одлучи да биде егоистичен и го испие, бидејќи утврдува дека нема никаков бенефит од талентот.

    Уствари, идејата е дека љубовта понекогаш луѓето ги претвора во опсесивни фрикови. Катастрофа. (n) :drunk:
     
    На Kukla994, Captain-Omni, Madam-A и 3 други им се допаѓа ова.
  3. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Perfume: The Story of a Murderer (2006)
    Imdb: 7,5/ 10
    Моја оценка 3/ 10

    Уште кога прочитав дека станува збор за фантазија, знаев дека нема да ми се допадне содржината на филмот, но тоа што филмот е трилер, т.е. убиствата се најдобриот дел од целата содржина, го направија поподнослив за гледање.
    2 и пол саат бев во |( фазон, чекајќи да заврши.
    Филмот беше ептеееен развлечен, сосема непотребно. Целата таа негова "борба" како новороденче ми беше too much. Јасно ми е што сакал да постигне режисерот, ама во овој случај претерал со фантазирање, особено сцената во сиропиталиштето, кога децата се обидуваат да го задушат со перница. Од друга страна, сцените кога тој пристигнува на плоштадот и сите клекнуваат пред него, опиени се, бла бла бла, се фантастични, но сепак се потребни за да ефектот да биде појак.

    Актерската екипа е далеку од добра а репликите премногу сиромашни и eдноставни.
    Најдоброто нешто во филмот беа костимите, а и кадрите успешно ја доловуваа смрдеата во тоа време.

    Ми се допадна местото кaде што отидоа Лаура и татко и. Е да, и тука претеран беше моментот што ниту една врата не направи никаков шум, двен под а ниту една даска не направи никакво "крц"...
    А зошто всушност Лаура не почна да вреска кога го виде него? :^)
     
    На Kukla994, Captain-Omni, Madam-A и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    За книгата „Парфем“ дознав уште во моите тинејџерски денови, кога доста ги слушав Нирвана. Fun fact: книгава му била омилена на Курт Кобејн, а Нирвана дури и имаат песна за Гренуј. Да, Scentless apprentice е инспирирана од „Парфем“.

    Се сеќавам, филмов го гледав кога излезе во „далечната“ 2006-та, кога сеуште се гледаа филмови на DVD. Тогаш некаде ја прочитав и книгата. И за филмот и за книгата, можам да речам дека ми беа одлични.

    Она што сега ми падна во очи кога го гледав филмот е времетраењето – цели 2 ипол часа. Некако не се сеќавам дека филмот што го гледав у 2006-та траеше олку долго, можно е ова сега што го гледав да е некаков Director’s Cut.

    Да почнам прво од она што помалку ми се допадна, а тоа беше токму траењето на филмов. Не можам да речам дека ми беше досаден, напротив - но, на моменти некои сцени ми изгледаше дека траат предолго. У смисла, сцената си е супер и све, ама у моментот кога треба да заврши, таа продолжува и трае, и трае, си поигрува со моето трпение и таман кога мислиш дека конечно ќе заврши – трае уште малце. Сцени кои направија да се почувствувам вака имаше неколку во филмот и реално, да не беа тие, на филмов немаше да можам да му најдам маана.

    Во секој случај, ова не беше доволно да ми го расипе севкупниот одличен впечаток од филмов. Уствари, скоро све ми се допадна – почнувајќи од невообичаената приказна, кинематографијата, сценографијата, музиката, глумците – се беше стварно одлично.

    Миризбата е најтешкото нешто за доловување на филмското платно, а Perfume токму тоа го прави, одлично, да не речам, совршено. На сцената со рибјиот пазар - просто можев да ја осетам смрдеата и сите одвратни миризби кои се шират, на сцената дестилацијата на ружините цветови, ми мирисаше на ружи, на сцената со полињата со лаванда во Прованса, ми замириса на лаванда.

    Иако поднасловот на филмов е „The Story of a Murderer“, мислам дека е можеби несоодветен. Филмов беше приказна за опсесијата, за тоа што кога човек ќе се роди поинаков од другите, за светот на мирисите – практично за све, освен за убиство.

    Убиството е некако во заден план – ако добро размислам, само првото убиство за девојката со сливите е прикажано – сите други се случија скриени од очите на гледачот. Дури и убиството на Лаура, како крунска, 13-та состојка во парфемот не беше прикажано. Беше прикажана само потерата, непоколебливоста и упорноста на двајца опсесивни луѓе – Алан Рикман, со својата опсесија да ја заштити ќерка си по секоја цена и Гренуј, со својата опсесија да го направи совршениот парфем.

    Во однос на ликот на Гренуј, имам уште една (мала) забелешка – мислам дека во филмов не беше даден доволен акцент на тоа дека тој нема сопствен мирис. Во филмот тоа се дознава некаде на средината, и во суштина, ова сознание е претставено како нешто што има длабоко влијание само врз животот на самиот Гренуј. Од друга страна, во книгата, неговата „безмирисност“ е нешто што го издвојува од сите други, уште од најмали години. Ниту една доилка не сакала да го дои во домот за деца, другите деца се држат понастрана од него токму поради ова и, на крај, токму оваа негова особина му овозможува да се движи незабележано меѓу луѓето , како сенка, што и му овозможува да изврши толкав број на убиства без да го фатат.

    Еве го мојот психолошки „профил“ на овој убиец - освен што Гренуј е роден без мирис, и со исклучително сетило за мирис, можам да кажам дека дефинитивно е и психопат, и тоа не баш добро прилагоден во општеството, за разлика од повеќето психопати. Ова го кажувам бидејќи изгледа дека е слеп за се она што ние го нарекуваме „човечко“ – општествените, моралните и етичките вредности за него немаат апсолутно никакво значење. Освен ова, прилично сум сигурен дека пати од некакво опсесивно пореметување, кое граничи со манија – фокусот на неговата опсесија е секако, мирисот.

    Покрај тоа, иако можеби звучи како клише и на прв поглед не е баш очигледно од филмов, ќе речам дека Гренуј има и некаква сексуална дисфункција. На ова ме наведува сцената кога тој се напарфимисува со својот „ултимејт“ парфем и потоа замислува како има секс со првата девојка која ја убил. Можеби, бидејќи не можел физички да ги оствари своите сексуални потреби, станува опседнат со женската миризба и правење на парфем од неа – бидејќи ова е единствениот начин да ја почувствува и доживее сексуалната екстаза. Можеби и идејата да го презервира женскиот мирис во вид на парфем, кој ќе му биде секогаш достапен, е еквивалент на една нормална врска меѓу двајца луѓе, духовно и физички. Велам дека оваа моја теорија е клише пошто нели, позади секој сериски убиец стои некаква сексуална мотивација, па испаѓа дека и овде тоа е случај, иако тој како убиецот нема ништо сексуално со своите жртви.

    Во однос на правењето на парфемот, ми се наметнуваат две прашања – дали баш девојките мораа да умрат, за да процедурата биде успешна, или едноставно после лошото искуство со проститутката, реши дека е поедноставно за него ако девојките се мртви? Друга работа, дали само девиците имаат некаков посебен мирис или можеби едноставно, младите девојки? Дали е само случајност што сите негови „состојки“ во парфемот беа девици?

    За второво прашање стварно не знам, ама за првово мене ми изгледаше дека едноставно му е позгодно ако субјектот за енфлораж е покооперативен. А кој е полесен за соработка од мртов човек? Во секој случај, мислам дека Гренуј воопшто не „уживаше“ во убиствата, кои, како што реков, се во заден план во филмов. За него, убиството беше само a means to an end, обична препрека или едноставна „непријатност“, нешто што беше неопходно за да дојде до миризбата на девојките.

    Кога зборуваме за убиствата, тука морам да поставам уште едно прашање – зошто, ако веќе толку се трудеше да се ослободи од телата на девојките (гледаме како ги наоѓаат по целиот град), нивната облека и коси ги закопува (и тоа прилично плитко) во дворот од работилницата која работи? Одговорот може повторно да биде уште едно клише, а тоа е дека секој сериски убиец сака да биде фатен. Но, ова некако воопшто не ми одговара со карактерот на Гренуј, бидејќи за да сакаш да те фатат, барем потсвесно мора да знаеш дека тоа што го правиш не е во ред. А Гренуј мене ми делуваше како воопшто да не е свесен дека тоа што всушност претставува „убиство“ како поим – за него убивањето на девојките поради нивната миризба беше „убиство“ исто колку што е и берењето на цветовите на ружите „убиство“ на растението.

    Не мислам дека сакаше да го фатат, но мислам дека не беше ни премногу загрижен или внимателен околу тоа да не го фатат. Едноставно, неговата единствена цел и животна мисија беше да го направи совршениот парфем, од она што тој го сметаше за нешто со најубав мирис – женското тело. Се друго му беше тотално неважно.

    Во однос на оргијашкото финале, се прашувам дали Гренуј беше свесен за тоа каков ефект ќе има неговиот парфем врз обичните луѓе или не? Јас мислам дека ова беше само непланиран side-effect на парфемот кој Гренуј си го напраи за свој ќеиф и мерак. Можеби отворањето на шишенцето во моментите пред неговата егзекуција беше само желба да се почувстува тој боженствен мирис уште еднаш, пред смртта, а се она што се случи потоа – неговото ослободување, оргијата, простувањето од таткото на девојката итн. беше целосно непланирано. Иако ова е поневеројатно, јас одбирам да верувам во ова.

    Што се однесува на крајот, имам уште неодговорени прашања. Што беше целта, односно мотивот на Гренуј за да го направи парфемот? И зошто се одлучи да го заврши животот онака како што го заврши?

    Ако продолжам у насоката на теоријата што ја изложив погоре – дека парфемот со мирис на жена му е некаков сурогат за женска (телесна и духовна) љубов, можам да речам дека бидејќи целиот живот го живее како outcast, неприфатен од никој, односно прифатен само од оние кои имале корист од него (газдарицата на домот за деца, кожарот, Белини итн.), без да почувствува љубов и топлина, дека токму овој парфем треба да му биде некаква замена, односно остварување на сите овие работи од кои бил лишен.

    Но, мирисот на неговиот парфем во него буди само пријатни чувства и можеби евоцира фантазија на секс со девојката која прва го привлекла. И тоа е тоа, мање-више. Од друга страна, на „обичните“ луѓе, овој мирис има profound ефект – чувства на љубов, занес, восхит, на нешто боженствено, желба за секс итн. Кога Гренуј видел колку длабоко влијание има неговата креација врз обичните смртници, во споредба со неговата релативно „блага“ реакција на парфемов, сфатил дека никогаш нема да може да го доживее и искуси она што го барал и што му недостигало во животот, во најмала рака не толку интензивно како другите, и поради ова сознание, сметајќи дека нема никаква надеж за него, се решава да го заврши својот живот на истото место каде и што го започнал.

    Но, постои и друга можност – можеби бидејќи тој самиот нема мирис, се одлучил да го направи најубавиот мирис на светот кој потоа ќе може да го користи како сопствен. А можеби едноставно, неговата единствена цел била да го направи парфемот – откако го направил, веќе едноставно немал цел во животот. Целиот живот го посветил на тоа да научи како да ја зароби миризбата на нештата и да го направи совршениот парфем - конечно, кога успеал, ништо друго веќе немало смисла. Не знам, I’m just sayin’.

    Се извинувам што (повторно) го утупев, ама се надевам барем дека од моиве километарски пишувања ќе излезе барем некое прашање за дискусија.

    За крај, би сакал да поставам уште едно прашање, за кое јас не си најдов некаков задоволителен одговор – зошто сите господари кои ги напушта Гренуј (на еден или друг начин), умираат веднаш потоа?
     
    На Kukla994, boomsleng, Giovanna и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Уште еден филм кој сум го гледала повеќе од еден пат. @Valerin, секоја чест за предлогот, иако ти фати и го испљука квалитетно. :lol:

    Книгата не сум ја читала, но колку што се имам информирано, максимално се труделе филмот да остане верен на истата. Одличен филм од кој лазат морници, но многу убаво ја отсликува Франција и Париз во тие „смрдливи“ времиња, да кажеме. Една од омилените книги во животов кои сум ги читала ми е Клетници и морам да кажам дека Франција беше многу слично опишана и таму. А само кога ќе помислам дека денес е град на светлината и романтиката... Баш се прашувам дали сеуште има такви квартови кои мирисаат одвратно и дали Париз е само налик една девојка која е нашминкана и напарфимирана, а никогаш не ја брише шминката, туку само ја надоградува и под испотените пазуви одново прска парфем, мислејќи дека така нема да мириса лошо.

    Многу ми се допадна филмот, генерално. Да, беше во повеќе наврати грозен, но и убав во исто време. Особено уживав во нарацијата, што ми даде чувство како да гледам претстава или да читам книга чии сцени ми се создаваат во главата, а не да како да гледам филм. Музиката беше извонредна, на моменти занемарував што се случува и и' посветував внимание. Одлично вклопена во сценографијата, костимографијата и приказната. Актерската екипа не ми пречеше, ниту пак главниот лик, кој е всушност Q од Џејмс Бонд. Каква трансформација, не успеав да го препознаам. Одлично одиграно од негова страна, малку дијалози, но луд поглед и амбиција по нешто што мислев дека е недостижно (добро, недостижно е во реалноста).

    Приказната - брутално сурова и колку што беше реална, толку беше и нереална. Со самото раѓање на Гренуи и моментот кога ќе реши да направи нешто во врска со својот живот - да заплаче, замира по еден живот. Како суштество кое ја цица животната енергија од оној кој го „поседува“ во моментот, се' започнува со тоа што несвесно ја осудува својата мајка на смрт, но за сметка на тоа тој добива по еден дел од животен век. Особено морничав момент беше оној кога децата од сиропиталиштето се обидуваа да го убијат. Повторно ќе речеме - деца, чувствуваат во својата невина, а и не баш невина потсвест кога има нешто различно во нивна близина. Како може да бидат толку невини и толку расипани во исто време, не можам да разберам.

    Кога старата ќе го продаде бидејќи нема веќе место во сиропиталиштето, повторно за него започнува ново поглавје во животот, апсорбирајќи го нејзиниот, за тој да продолжи за живее и тоа се повторува и понатаму со идните „сопственици“. И живее со повеќе волја од другите, трудејќи се да го спознае секој можен мирис што постои, принуден да научи и да зборува за да може да напредува во таа негова амбиција.

    Фасцинантен беше оној дел од филмот кога Гренуи оди кај парфемџијата (не знам соодветен збор на нашки, нека ме исправи некој :$) за да му однесе кожи. Всушност кога за прв влегува во тој дел од градот (заборавив веќе каде беше). Како ги впива сите можни мириси, како е восхитен од поинаквата и нова миризба, а најинтересен ми беше делот кога му го синтетизираше Amor & Psyche на Италијанецов. Сите тие протокли на капнување на есенцијалното масло на шамивче, па негово мирисање на посебен начин ми беа многу театрални. Опремата ме восхитуваше, описите исто така... Пресуден момент или момент на вистинското запознавање на карактерот на Гренуи кој е опкружен со смрт, беше кога ја „зготви“, т.е. издестилира мачката. И така реши со силна волја да оди во Грас за да научи нова техника на екстракција на мирисите, во надеж дека нема да мора да повреди веќе никого. Но тука почнува неговото killing frenzy.

    Мене само ме интересираше како тоа ги намирисуваше баш девиците? Дали од сите жени кои ги сретнуваше, девиците, без да знае, му имаа најчист и најфин мирис... И плус Алан Рикман ми беше полн погодок и во самиот филм и во улогата. Толку се трудеше да ја заштити ќерка си, ама залудно. Волја како онаа на Гренуи тешко да се победи. Си собра искуства од Италијанецот, си собра искуства од Грас и си тргна во поход додека не ги наполни сите 13 вијалички. Е тоа е кога ќе те изневери првиот пат во некоја твоја намера, па тргнуваш по погрешниот пат... Да му дозволеше проститутката да си го истера процесот до крај, можеби работите ќе имаа сосема поинаков тек... Но тој живееше во свет на мириси, а не во свет на вербална комуникација, за да објасни се' како треба да се одвива. Освен тоа, лудачкиот поглед го издаваше и не влеваше многу доверба во луѓето.

    Најјезивиот момент, мене лично, во филмов ми беше при самиот крај кога се потура со неколку капки од парфемот што сам го креираше и сите му се потчинија и се дадоа во оргијашење. А уште појезив и можеби најдовратниот момент беше кога се потури со целиот парфем и ќе се врати на местото каде потекнува, каде го изедоа.

    Еве за да не биде дека филмов нема никаква маана, ми пречеше тоа што некои сцени беа предолги. Едноставно немаше потреба толку да траат. Не мораше филмов да трае 2 ипол часа; дури мислам дека ако траеше малку пократко, ќе беше и подопадлив.

    Инаку, од филмов може да се извлечат различни поенти, очигледно. Не за џабе велат дека генијалноста се граничи со лудилото. Така и Гренуи беше генијален, иако според мене аутистичен можеби, поради неможноста да комуницира нормално со останатиот свет. Друго како поента што може да се извлече е дека ете, уште еднаш се докажува дека целта ги оправдува средствата, дури и кога оној кој сака да ја оствари, не е баш свесен што прави. Тоа му доаѓа како некој закон на самата природа, според кој можеби функционираат и животните. Уште една поента е дека се' што е претерано - не е добро, каков што беше случајов болната амбиција на Гренуи. И да не редам натаму, уште може да се извлекуваат некои морални заклучоци.

    Покрај се', треба да се има во предвид дека филмов е правен според книга, а не според реални настани и дека во описот му стои дека е и фантазија. Значи, нема тука што да ни пречи фактот дека Гренуи има изострено сетило за мирис и вонсериска дарба за мириси и баратање со истите. Од друга страна, во V for Vendetta, V исто така беше еден вид на суперчовек, па тоа не влијаеше негативно на филмот.

    Во однос на тоа што го пиша Капетанот, да гледаме понови филмови - не ми пречи воопшто, но со оглед на тоа што се гледа секој можен нов филм што ќе излезе, мене ми се допаѓа да гледаме и вакви некои „постари“ филмови. Во однос на позитивните критики, еве овој филм има повеќе негативни критики, оној Бендер кој го предложи исто така имаше катастрофални критики, така да не е дека секогаш бираме закон филм и пишуваме само позитивни мислења. :) Но не ми пречи, мислам дека треба да „шараме“ со филмовите од сите можни аспекти, па понекогаш да изгледаме и некој кој не е баш по наш вкус.

    И додека го пишував моето километражно мислење, како по обичај, пошто јас не сум јас ако не го затапшам максимално, гледам дека Бендер постирал свое мислење, па има и некои прашања кои набрзина ги погледнав, така што се надевам дека во мојов текст се нудат некои одговори. За остатокот, дополнително ќе пишам.

    :bow:
     
    На Kukla994, boomsleng, Madam-A и 3 други им се допаѓа ова.
  6. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    оффффффф, само што го изгледав филмов и сум како..... (facepalm) се беше ок, (добро бе не ми беше се ок).

    имаше период додека го гледав филмов бев као у смисла: “еј станува ептен добро, дај да видам понатаму што ќе биде. ептен е возбудливо.“ но од друга страна ми се и моментиве каде сум у филм: “па не мора и да трае толку долго. можеше и без сценава.“

    се ми беше добро и интересно во филмот, НО кога дојдоа последните 30 минути од филмот..... убиство, не знаев кој крај да го фатам и да бегам. просто не можев да издржам, ми доагаше да фатам и да го исклучам филмот. се извинуам на мојот предолг опис во врска со филмот, но просто морав да го изнесам тоа од себе.

    во некои моменти имав чувство дека не само што има супер осет за мирис туку и дека може и да види кај се. посебно тоа ми се причини кон крајот и тоа во овој момент:
    [​IMG]

    потоа уште неколку моменти не ми се допадна кај филмот, а исто така е врзано со крајот. тоа е кога почнаа да му се поклонуваат како да не знам, како да ги просветлил.
    upload_2015-11-30_22-54-41.jpeg

    потоа оргиите ми беа too much.
    [​IMG]

    и за крај ако може некој да ме просветли.. таа првата девојка што ја уби, ја сакаше или јас си умислив нешто?

    ннабројав што не ми се допаѓаше, а сето останато ми беше горе-долу ок.



    и за крај ќе заборавев... предлог филм од мене:
    After the dark
     
    Последна измена: 30 ноември 2015
    На Kukla994, Valerin, jovanovska94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Јас го имам гледано филмов одамна и бидејќи не практикувам да прегледувам филмови, не можев да се сетам на ниедна причина за да ме натера да го пуштам уште еднаш. Тоа го правам единствено со исклучителни филмови, а овој не ми беше таков.

    Не е лош. Нетипичен е. Ама мене ми е некако монотон. Сакам драми ама веројатно лажното претставување на филмов како трилер мене ми разбуди очекувања да го видам тоа на екран, а кога нема да го добиеш тоа што го чекаш некако ти се крши филмот...

    Причата ми се свиѓа да. Топ замисла. Сценографија и костимографија можам да пофалам како и сите останати. Многу убаво се сеќавам на сцените.
    Дефинитивно.
    А да доловиш таков момент, значи дека филмскиот тим страшно добро си ја знаел работата.


    Мене самиот процес на правење парфем ми беше интересен и баш лани кога бев во една произведувачница на есенции уживав во макотрпноста и истрајаноста која е потребна за ние едноставно да си отидеме во парфимерија и да си купиме парфем. А и тоа е одлично презентирано во филмов. Вака кога ќе го разглобам, ми се свиѓаше од повеќе аспекти засебно ама не знам што ми фалеше за да ми се свиѓа како целина :^) .
    Е сеа морам да го пишам мојот став за сцената со огријата: [​IMG] . Стварно је претеруваат со сексовите и кај што треба и кај што не треба. Не гледам никакво логично објаснување за таквото дејство на парфемот. |( . Се согласувам со @blackpanter дека беа ту мач.

    Мислам дека не беше планирано.
    Овој братов не рационализираше до толку. Едноставно беше воден од нагонската потреба да си ја заврши својата замисла и толку. Баш ради тоа мислам дека одговорите на твоите прашања (постирани испод), не се толку длабоки.
    Јас спротивно од @Lady Phoenix која го става овој во група на гении, мене ми немаше ништо генијално. Имаше дарба и тоа е се.
    Дури можам и да кажам дека ми беше примутав. Непретпазлив. Неорганизиран. Тоа води до заклучок и дека можам да кажам дека бил заслепен и баш ради тоа се согласувам со втората поента на Лејди. Според мене тоа беше поентата на филмот. Целта не бира средства.

    Мене мисливе ич не ми отидоа во религиозна насока ама интересно толкување. ;)

    Јас мислам дека бараше конкретно девици. Дека првото убиство на проститутката му беше како пробно на некој начин. Непланирано и кога виде дека може да вроди со плод потоа го следеше носот специфичноста на девиците го привлекуваше. Премногу е шаблонско се после првото за да биде незначајна нивната девственост. Но самото тоа што таа го привлекла, се најде на листата на состојќи во парфемот. Башка тогаш се верувало дека невиноста е богзнае што па писателот умешно го искористил тоа за да ја изигра таа карта на евентуална контраверзност или емотивна силина, што мене реално не ми предизвикува којзнае каков ефект од причина што не глеам разлика во чистота на човечка личност која имала секс и која немала.

    Сметам дека си најде смисла во животот да биде некој, да го искористи единственото нешто во кое беше добар и да направи нешто продуктивно од своето постоење. Си најде занимација која го совлада до степен на опсесија. Затоа и заврши така. Не знаеше што со себе откако го постигна тоа што му беше животна цел и ваљда не гледаше што понатаму.
    Во прилог на тоа би прокоментирала дека жални се оние без амбиција, перспектива, цел.

    Ова јас го имам заборавено, ама ме заинтересира да знам зошто било така!


    Не знаеш колку се смеев за ова :lol: . Пишман аџија :wasntme: .

    Види го бе што пишал :fubar: . Па тоа се бара бе батка :dance: :D .

    Јас би го донесла заклучокот дека: различноста не те прави само поинаков туку понекогаш те прави и посебен....што многу зависи и како ти ќе го искористиш и интерпретираш тоа.
     
    На Kukla994, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Наврати се нагоре на мислењето и види на колку места имаш прашалници за сцени кои ти биле нејасни. Куп. На сите ни беше исто, а знаеш зошто е така? Зашто режисерот е тапа, заедно со тој што го адаптирал сценариото од книгата кој е уште по тапа. Ова е вистински пример за спој на неколку генијалци во својата работа (камера, костими) со тотални дунстери (режија, сценарио), кои вадат, сосема логично, просечен филм.

    Знаеш, кога режисер се одлучил да прави филм во кој ќе нагласи дека не се грижи за логика и за реалност, тоа многу ми се допаѓа. Ако пуштиш да гледаш хорор филм, не очекуваш логика во поминување на духовите низ ѕидови или филм на Тарентино кој во сред сцена му текнува да црта коцкички или некој воен трилер во кој Рамбо убива 150 луѓе и излага со нацртани веѓи. :drunk:

    Во Парфем имаше цел куп промашувања на приказната кои беа премногу видливи. Тоа се вика нецелосна приказна. Не сум ја читал книгата, ама се надевам дека не е со волку промашувања. Многу необјаснети работи, многу сцени кои немаат никаква смисла, многу настани кои не играат улога во целата приказна, многу недоследности, исто како кога јас би пишувал роман додека чекам да се запали зелено на семафор. До следниот семафор ќе заборавам што било поентата со почнатата реченица.

    Всушност тоа е и логично кога се обидуваш да адаптираш книга во филмско сценарио. Тоа е уметност само по себе, затоа и Оскар се дава за тоа чудо. Уствари па, шо да очекувам од режисер што се вика Том Тиквар. 8)
     
    На Cka, jovanovska94, Madam-A и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Не знам кој е вашиот став и вашето мислење, но за мене не е предизвик да гледам филм во кој сите одговори на можни прашања ми се понудени на послужавник. Сметам дека во секој филм има по некој пропуст што може да не' остави со по некое неодговорено прашање, кај некои филмови повеќе, кај некои - помалку. И според мене нема ништо лошо во тоа. Убаво е да седнеш и да си размислиш после секој филм за тоа што си го гледал, за тоа што сакал „авторот“ да каже... Секој има свој начин на изразување на идеите и замислите и секој од нас има различен пристап при анализирање на филмовите. Некои филмови се такви што некои детали кои се важни се умешно завиени во приказната и треба можеби неколку пати да се изгледа некоја сцена или филмот за да се забележат истите. Кај некои филмови можеби одговорите на прашањата ни се пред нос, ама од невнимателно следење на приказната, сме ги пропуштиле. И пак ќе кажам, тие филмови кои ќе седнеш и ќе ги изгледаш, а на крајот се' ти е јасно - немаат вредност, барем не за мене.

    Еве по нешто од мене како одговор на прашањата кои ги поставил Бендер, а за кои се прашувате и вие останатите (а можеби и не, можеби не ви ни гајле :?:).

    Се самоцитирав, бидејќи според мене ова е најсоодветниот одговор. Гренуи се обидуваше, особено со проститутката, да си ја изврши постапката без да убива, но откако таа ќе го види ножот за собирање на маста, се вади од памет. Водејќи се по таа логика, потоа решава дека е полесно да ги убива, наместо да се натега со нив.

    Искрено, не би рекла дека беше случајност. Тој беше во потрага по совршениот мирис и не се потпираше на фактот дали некоја девојка е девица или не, туку на своето сетило за мирис со кое детектираше совршен миризби, кои очигледно дека девиците ги поседуваат.

    Затоа што не е свесен што значи убиството на еден човек, но знае дека е нешто погрешно што другите ќе го осудуваат. Неговиот интерес не беше насочен кон убиствата, туку кон екстракцијата на мирисите. Убиствата беа само нешто попатно, дел од процесот кој мораше да остане скриен, но со тоа ниво на разумот - се виде колку скриени.

    Ете ти го одговорот на погорното прашање. :)

    Очигледно дека сфати во затворот. Си стави од парфемот за да не отиде на бесилка без своето ремек-дело, да умре со совршениот парфем на себе. Но кога дојдоа по него, увиде дека со само една капка може да манипулира со луѓето. Потоа до плоштадот отиде во убава облека и со кочија. Таму го прогласија за невин и го воздигнуваа. Според мене, сето тоа заврши со оргија според една друга логика. Нашето тело е една сложена лабораторија за производство на хормони, мириси и други чуда. Заедно со останатите состојки, тој ги екстрахира и хормоните (феромони и какви да се веќе), па во зависност од дозата парфем која ја става на себе, такви реакции и предизвикува. Во затворот само го ослободија, на плоштадот - предизвика оргија, а на рибниот пазар го истури целото шишенце и го изедоа.

    Гренуи имаше оригинална идеја да го направи совршениот парфем. Очигледно, за него ултимативната убавина не се наоѓала во зачините, растенијата, билките и плодовите, ако се сетиме дека се обидуваше да дестилира и предмети од кои реално нема што да се дестилира, како што беа металните отпадоци. Тој совршенството го пронајде во мирисот на девиците. Нивната невиност, чистота, убавина, љубов... А за крајот на својот живот - некаде во својот текст спомнуваше дека Гренуи според тебе има некаков вид на сексуална дисфункција, јас би рекла дека е асексуалност и е неспособен да почувствува дека е сакан и да искаже самиот тој љубов. Можеби тоа има делумно врска со тоа што никогаш не му била пружена вистинска љубов, со тоа што е, според мене, аутистичен, па не може да ја спознае љубовта. Според тоа, неговиот живот веќе нема вредност, па се потура со парфемот и се предава, решава да не живее повеќе (наспроти борбата за живот која ја покажуваше уште од бебе). А групата луѓе, од толкава љубов буквално постапува канибалистички, на тој начин спасувајќи го светот од Гренуи и самиот Гренуи од неговото страдање.

    Ете, тоа се моите мислења и согледувања во врска со неодоговорениве прашања.
    Се надевам дека ќе се вклучите во дискусијава, да не биде монотоно, без разлика што не ви се допадна филмов. :)

    Btw, @Valerin, признавам, имаш многу различна и интересна интерпретација на филмов. (y)
     
    На Madam-A, 1209, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.625
    Допаѓања:
    129.385
    Филмов го гледам по втор пат. Некои сцени уште ми беа во глава од првиот пат. Не ми е омилен филм, не ми се допадна ни тогаш, ни сега.

    Трае предолго. Неколку пати си гледав на телефонот, и имаше сцени кои не ми беа ни малку интересни.
    Ликот на Гренуи не ми личеше ни малку интелегентно, барем како што би требало да изгледа еден луд генијалец, колку и да е неписмен, сепак, требаше да изгледа барем малку како да има памет. Напротив, личеше многу неповрзан, нејасен, со никакви емоции, никаква фокусираност во ниедно дејствие. Збунет од се, решителен кога најмалце се очекува, инаетлив кога најмалце се очекува.

    Како и да е, настрана изгледот. Човекот е баксуз за сите, и веријатвно затоа и заврши така ужасно. Не направи никому и ништо добро. Проживеа за да направи штета на сите кои на било кој начин беа поврзани со неговиот живот, умре мајка му, првата газдарица, вториот газда, третиот газда... сите умираа. Потоа почна да убива, што не сакајќи, што намерно, за да направи нешто за себе, кое немаше никаква корист за никој.

    Желбата не му беше да убива, не верувам дека тоа му правеше задоволство, но кога почна, мислам дека сфати дека така му е најлесно. Не беше целта да убива девици, ја уби проститутката. Мислам дека само полесно можеше да допре до немажени жени кои немаа сопруг за придружба, и полесно можеше да ги убие. Не сфатив оти баш последната девојка толку ја напна да ја убие, кога другите ги бираше некако рандом. Веројатно требаше да има и некоја за која требаше да се помачи.

    Мислам дека не беше вљубен во првата девојка, само прв пат беше толку блиску до девојка која му мириса убаво. И постоа сфати дека девојките убаво мирисаат.

    Зошто им ги чуваше алиштата, уште не знам. Видов еден мал извадок од книгата и мислам дека начинот на пишување бил оној добриот дел од приказната, а не самата приказна за сериски убиец кој има неверојатен осет за мирис кој нема некоја особена причина за тие мириси да ги собира. Која беше целта, не знам ни сам дали знаеше. Ги собра мирисите, и што потоа? Толку? Целта беше да направи оргија, да манупулира со свеста на другите? Па низ цел филм ни еднаш не пројави желба да ги манипулира луѓето. Уште помалку за секс.

    И зошто се врати да го изедат? Толку од животот, виде што може и запра?

    Се надевам следен филм ќе биде некој кој ќе ме натера да размислувам, каде нема да биде серирано на тацна се, туку ќе треба да помислиме, ама за разлика од овој филм, да има и барем некој одговор, Овој филм не даде ни едно логично објаснување на сите нелогичности.
     
    На Madam-A, Bender Rodriguez, Captain-Omni и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Е ај сега, драги мои, да се осврнам на некои од вашите мислења.

    Мене ова не ми засмета, затоа што, како што веќе пишав, мене не ми изгледаше како Гренуј посебно да се замара дали ќе го фатат или не. Него целта му беше да го направи парфемот – и тоа и го направи. Може и ги „намирисал“ овие што го фатија како му се приближуваат, ама побитно му беше да го доврши парфемот.

    Интересно ми е што секој од нас си најде некаква поврзаност и паралела на поентата на филмов со она што него лично го интересира – @Captain-Omni со светската доминација, @Valerin со религијата, јас со човечката психологија, @Lady Phoenix со анималното и законите на природата.

    Капетане, сите во темава (еве, јас прв, признавам) сме по малце виновни што предлагаме постари филмови, кои најверојатно повеќето и ги имаме гледано, затоа што можеби сметаме дека се добри и интересни.

    Еве ја конкретно зошто го правам тоа – освен што гледам да се добри филмовите, у моите предлози се трудам да има филмови со тематика на која ќе може да се развие дискусија. Повеќево нови филмови, сеедно дали се добри или лоши, некако немаат баш добра подлога за анализирање и дискусија. Гледав доста филмови од годинава – некои ми се допаднаа, повеќето – не. Но, кога би морал да напишам некаква анализа за нив, искрено не знам што би пишал – ни за едните ни за другите. Затоа и јас лично не би сакал да гледаме некој филм за кој еденствениот коментар ќе биде „Топ филмче“ или „Филмов е говно“.

    Инаку, у принцип, би сакал и ја да видам некое поново филмче, или филм што го немам гледано.

    @blackpanter, @Madam-A, што се однесува до сцената со оргијата, мене искрено не ми сметаше. Напротив, одлично ми се вклопи у целиот амбиент на филмот. Можеби сцената кога сите му аплаудираат и му се клањаат беше too much или малце out of place, ама оргијата ми беше таман погодена, башка и доста уметнички изведена.

    Целата идеја дека толку многу може да се влијае врз човечкото однесување и психа само преку сетилото за мирис, кое инаку речиси и да го занемаруваме во животот, ми беше многу интересна. Можеби на прв поглед делува far-fetched, ама можеби и не е толку неверојатно како што делува. Читав некаде научно истражување кое покажало дека кај жените токму сетилото за мирис игра голема улога при одбирањето на партнер, односно мирисот на потенцијалниот маж. И сето ова се случува несвесно. Наводно, служејќи се само со својот нос, од понудените „потенцијални“ партнери, успеале да ги одберат оние со најразличен имун систем од нив – оние со сличен имунитет, не им биле привлечни, барем не според миризбата. Уште еден интересен факт – секој човек има своја сопствена и уникатна миризба – нешто што се вика odor print. У секој случај, би рекол дека сепак мирисите и сексот не се толку неповрзани како што можеби изгледаше во сцената со групњакот.

    Нормално, мислам дека сите ќе се сложиме дека ефектот кој го предизвика парфемот на Гренуј беше претеран и нереален, но сепак, очигледно е дека сетилото за мирис има влијание врз нашите животи, иако не сме ни свесни за тоа - многу поголемо од способноста за само да приметиме кога некој ставил убав парфем или некој у наша близина прднал.

    Така да, браво за идејата што ја презентираа во филмов.

    Инаку, @Lady Phoenix, @Madam-A, благодарам за одговорите на моиве прашања. Лејди, особено ми се допадна објаснувањето за смртта на „сопствениците“ на Гренуј.

    П.С. Уште за ова:

    Капетане, не секогаш кога нешто не ми е јасно или ми изгледа двосмислено у некој филм можам да го окривам режисерот дека не знаел што прави. Жив пример ми е Enemy, кој го сметам за исклучително глуп филм (глуп, дека ја не можев ич да го разберам :D), ама откако прочитав објаснување за филмов, испадна дека режисерот и те како знаел што прави и дека ништо не е така конфузно како што мене ми изгледаше. Што значи, некогаш е и до гледачот, а не до режисерот.

    Покрај тоа, мора да се сложам со @Lady Phoenix, и ја нејќам се да ми е соџвакано и процесирано како бебешка кашичка. Сосема ми е ОК да имам дилема за нешто, како и да има повеќе начини да се сфати или протолкува некој филм.
     
    На Madam-A, Kukla994, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  12. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Целосно се сложувам со ова, иако не ми се допадна начинот на кој тоа е прикажано во филмот.
    Мирисот и сексот се и те како поврзани.
    Јас тврдам дека секоја личност има специфичен мирис. Но не станува збор за миризбата која ја дава одреден парфем. На пример, не можам да не го препознаам мирисот на дечко ми.
    Исто така, можеби имате забележано дека не сите парфеми мирисаат исто кај сите?!
     
    На Kukla994, boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Филм кој ме остави без зборови кога го гледав, долго време потоа размислував, размислував тоа ретко му успева на некој филм да го предизвика кај реципиентот - гледачот, конзументот, приказната е необична, несекојдневна, морбидна, чудна, бизарна, тоа се елементи кои некои гледачи ги одвраќаат им даваат лажен впечаток дека филмот е лош и неквалитетен, баш спротивното филмот е еден од најдобрите кои сум ги гледал последниве десеттина години.
    Специфичноста на приказната и главниот лик уште повеќе му даваат нота на мистичност испреплетена со морбидност, тоа е нешто што голем дел конзументи го карактеризираат филмот и приказната за неквалитено губење на време одвоено за гледање на добар - квалитетен филм, секој неможе да препознае добар филм, секој не поседува сенс за добар филм, го нема тоа префинето во себе како што го има Гренуј главниот лик во приказната толкуван од одличниот Бен Вишав на кого многу добро му легна улогата на бизарниот парфемџија, можам слободно да кажам дека ова е една од неговите најдобри улоги во неговата досегашна актерска кариера, сосема солиден - доста уверлив во улогата беше Дастин Хофман иако кратка, споредна улога но прилично впечатвива, Алан Рикман исто така беше доста добар. Гренуј раѓајќи се со таа дарба, талент дадена од бога, од мајката природа, започнува во потрага по нешто ново, непознато, цели кон совршенство, како што и голем број уметници во различни сфери на уметноста биле карактеризирани и стигматизирани од средината во периодот во кој живееле(Салвадор Дали, Бетовен идр) тој што тоа го прави е лудило, генијалноста се граничи со лудило, друг пример за ова е професорот Џон Неш генијалец ненадминлив во својата област но дојде до тој степен каде не можеше да препознае што е стварност а што фикција. Во потрагата кон совршен мирис тој се одлучува на најморбидното, тоа да го прави со убивање на луѓе, одземајќи невини животи за да ја реализира неговата замисла, цел, визија. И денес некои во потрага кон совршенство прават огромни грешки на штета на други неразмислувајќи дека нивните постапки ќе имаат далекусежни последици кон огромни маси на луѓе во разни сфери,, филмот има скриени пораки кои гледачите треба да ги дешифрираат, да ги извлечат, да ги препознаат, да ги протолкуваат, затоа не треба филмот да се оцрнува да се квалификува како лош, тој е од оние филмови кои поттикнува на размислување, поттикнува кај гледачот многу прашања на кои треба да се дадат одговори но за тоа треба разбирање и продлабочено размислување, не треба да се гледа филмот само површно, потребно е да се навлезе во неговата длабочина, да се распакува, не треба да се гледа формата, содржината е таа која нуди одговори на многу прашања и која укажува на тоа дека филмот е фасцинантен.
    Една од највпечатливите и најфасцинантни сцени е на плоштадот каде јавно се организира погубување, тој го отвара шишето со совршениот мирис од кој потоа сите присутни се опиени од неговата префинетост, совршеност, перфектност.
    Том Тиквер направи филм за кој долго ќе се зборува во суперлатив и филм кој влегува во аналите на кинематографијата како врвно дело, да филмот е необичен, уникатен, оригинален што го прави уште подобар и поквалитетен за разлика од некои каде тематиката е дежа ви.
    Тиквер е одличен режисер германска школа, еден од најдобрите режисери од европскиот континент заедно со Џузепе Торнаторе, Флориен Хенкел, Педро Алмодовар, Михаел Ханеке, Стивен Далдри и многу други. Зад него има дела како Трчај Лола Трчај со одличната Франка Потенте,Интернационала, Небесен Атлас - одличен филм и Парфем кој го сметам негово најдобро остварување, лично го сметам за еден од најдобрите 50 режисери моментално присутни на филмската сцена
    Кинематографијата во филмот е доста добра, музиката сосема солидна, костимографијата одлична го доловува периодот за кој се однесува и во кој се одвива дејствието.
    Еден од најдобрите филмови кои сум ги гледал последниве години, класик, филм кој останува длабоко врежан во меморијата на гледачите, филм кој го сакаш или не, нема средина кога е тој во прашање
    уникатен, автентичен, чуден, морбиден, бизарен, фасцинантен тоа се се белези кои го опишуваат овој филм.
    Едно од најдобрите филмски екранизации на дела
    Во една реченица со која ги го опишал филмот тоа би била следнава
    Уметничко Кинематографско Ремек Дело 10/10

     
    Последна измена: 2 декември 2015
    На jovanovska94, Kukla994, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ама нормално дека не се мешам во вкусот и личната твоја и на останатите перцепција. Ако вам ви се допаѓа, тоа е супер, тука завршува муабетот.

    Сепак, од мој агол, а на форум сме па смеам да го имам мојот агол и да дискутираме за него, (poolparty) морам да кажам дека филмот има премногу недоследности и нелогичности кои се премногу очигледни и кои штетат на импресијата. Како што пиша @Cka сакам да ми понуди прашања и да размислувам, ама да понуди и можни одговори. Тука го нема тоа, има само нелогичности и ако сакате може да се обидеме да ги разрешиме, но сигурен сум дека никогаш нема да најдеме логика во нештата и што таа евентуална логика би придонела за приказната.

    Знаеш, кога човек пишува книга, прави филм или прави какво било уметничко дело, за тоа да биде оквалификувано како квалитетно и вредно мора да понуди силен заклучок и емоција кај човекот. Не е доволно само да има нафрлани детали кои будат конфузија. Секако, освен ако не се сложиме дека тоа е поентата на филмот, ама тука не ми изгледаше така.

    Конкретните примери за кои спомнавме. Сцената со војниците кои го заробуваат е нелогична заради повеќе работи. Прво, се трудеше доволно долго да избега и да не биде фатен користејќи ја својата супермоќ, па дури и откако ја уби 13-та девојка, што нема логика да дозволи да биде фатен. Дури и да дозволи да биде фатен, нема да реагира како што реагираше, да испаничи во последен момент и да се труди да го заштити шишенцето со парфемот. Потоа, доколку сакаше да се ослободи кога беше заробен со отварањето на мирисот, тогаш истото ќе го стореше самото отворено шишенце кога војниците беа пред него. Не може во еден момент мирисот да има опивачко и поробувачко дејство, а во друг да биде тотално безопасен. Освен ако тој со своите мисли не го контролира мирисот, ама тогаш треба SF да стои како објаснување на филмот.

    Друга сцена која некој ја спомна. Косата и облеката закопана во дворот. Беше премногу приказна за лажење мали деца дека кучето ете чекаше месец дена да му текне да копа баш на тоа место во дворот. Као си го бараше гоподарот за да го надушка? Па нели немаше мирис? Или толку му беа на кучето ѓаволесто мили косите и облеките на убиените девојки баш во тој момент? Пак SF изгледа, кучето треба да го претставува Бегемот на Воланд, во случајов безмирисниот. :devil: Недоследности!

    Има многу вакви, дури и премногу за да можам да прогледам низ прсти.

    Додуша, волку сум запнат за овие работи зашто сум голем антифан на филмови од кои треба сам да си извлечеш заклучок. Секој ден сам влечам илјадници заклучоци од недовршени приказни во главава, што не ми треба филм да ми ја разбуди имагинацијата, напротив, сакам некој да ме научи нешто, да ме убеди.
    Не сакам ниту конфузни „кул“ ствари, зашто не сум тинејџерка која се пали на несфатени дечковци. Не сум ни тинејџер и сакам нештата да имаат смисла. :!: But hey, that`s just me.
     
    На Madam-A, jovanovska94, Kukla994 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Капетане, нормално дека не мора, а и не треба сите да се слагаме за тоа дали некој филм е добар или не. Темава нема ни да биде интересна ако сите цело време се сложуваме. Се работи за вкусови и, како што рече, лични перцепции, и тоа е скроз ОК.

    Што се однесува до недоследностите, не одрекувам дека ги има - уствари, филмов е далеку од совршен. Јас лично, дури и на филмовите кои ми се all time favorites сум им наоѓал маани. Нејќам да идеализирам ништо у животов, а најмалце филмовите што ги гледам и рачунам за забава, а реалноста е дека совршен филм нема. Разликата меѓу добар и лош филм за мене е у тоа што кај добриот недостатоците и несовршеностите кои постојат не ми пречат и не ми го расипуваат позитивниот впечаток за филмот, додека кај лошиот недостатоците ми се премногу големи или многубројни, за да можам да замижам пред нив. И верувам дека у принцип кај секој е така. Разликата е само каков и колкав треба да биде недостатокот за да нешто се смета за лош филм, а тоа е повторно, индивидуално.

    Веќе го спомнав еднаш Age of Adelaine, кој сам по себе може беше и добар или у најмала рака не-многу-лош филм, ама мене моментот и „научното“ објаснување за тоа како станува бесмртна, а после тоа пак смртна ми беа толку глупи и ретардирани, што цел филм се нервирав за тоа и практично не ни следев што се случува. :D
     
    На Captain-Omni, jovanovska94 и Kukla994 им се допаѓа ова.
  16. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Decki :hai: :f:
    Ne sum po filmojte jas ama tuka mi ste skoro site sto ste mi omileni.
    Sakav da vi upatam pozdrav vo sp I da ve pocastam kolacinja, no, mozno e da ve ispustam nekoj, podobro vaka tuka ce ve posluzam da olabavite malce sa se relaxirate zosto postojve vi se 3 metarski koi ne vi gi citam :$ :sweat: :P
    Povelete, nazdravje
    nutella_cookies.jpg

    A inaku glasam na anketata, mozno li e da e nekakov peoblem? :wasntme::lol:
    Se nadevam nee hihi :P
    <>
     
    На Captain-Omni, boomsleng, Madam-A и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ооо, Кукле, добредојде на темава. Не се срами, повели, влези, не се собувај. :D
     
    На Madam-A, do-re-mi, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Dobre najdov Benderko moj.
    Ne be, neznam ja za sTram. Toa so e si kazuvam, ne ve citam, sto da lazam :rofl:
    Ako mi tekne nekoj film da se zagledam ke vi se pridruzam, za sega samo ce ve pocastam kolacinja :P
    :hug:
     
    На Madam-A, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.625
    Допаѓања:
    129.385
    Кукле, мене па темава ми се допаѓа заради содржајните постови. Обожавам кога има течна мисла и во која е опфатено се. Не сум некој филмоман, ама долгите постови и севкупната опсежна анализа од членовите, квалитетната дебата која ја нема на ниту една друга тема, се причината што редовно читам, а и понекогаш пишувам.

    Пробај да дадаш коментар за некој од филмовите тука, или изгледај филм па прочитај критика овде, ќе видиш какви интересни гледишта има :) И ќе се заразиш :)
     
    На Captain-Omni, Madam-A, jovanovska94 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Јас да бидам искрена од твојов пост заклучив дека тие на кои не им се допаднал филмов "не можaт да препознаат добар филм, секој не поседува сенс за добар филм, го нема тоа префинето во себе", демек треба да си член на Менса да го разбереш филмов, а ако не ти се допаднал не си интелигентен и вината е во тебе. Кажуваш дека филмот е фасцинантен, со многу скриени пораки кои гледачот треба да ги извлече, ако е доволно интелигентен веројатно, но ти самиот не навлегуваш во суштината на филмот, туку само површно си нафрлал зборови на воспевање. Зошто не се осврна на некое од прашањата поставени во дискусијата, да дадеш некој одговор и твое лично гледиште и толкување на настаните и "скриените пораки"?

    Јас како и @Bender Rodriguez одамна беше кога го гледав филмот и ја прочитав книгата и не го изгледав пак, па не ми текнува на деталите, ама ја читав дискусијата и има доста интересни размислувања. Знам дека книгата ми се допадна малку повеќе од филмот, многу добро беше опишан светот на мирисите и како Гренуј ги пакуваше во главата. Тешко е некои описи да се пренесат на филмско платно, ама во овој случај добро беше завршена работата. Да го изгледав ќе имав повеќе што да кажам, ама се заразив со Џесика Џоунс и Орфан Блек, па не ми се гледа нешто друго некако.
    Иако за следен филм гласав за Atonement, одамна сакам и така да го изгледам. :)
     
    На 1209, Captain-Omni, Madam-A и 4 други им се допаѓа ова.