1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Погрешно си ме разбрала, не ми беше тоа поентата, сите присутни на форумов кои дебатираме, даваме свои рецензии за филмовите, свои видувања и тоа како имаме познавање на филмската уметност, но сепак различните ставови прават и придонесуваат да се развие квалитетна, продуктивна дебата.
    Не само ние кои пишуваме туку и голем број други филмофили кои се љубители и поклоници на добриот, квалитетен филм а сеуште немаат земено учество со своите мислења се исто така во голем број.
    Тоа што го цитираш од мојата рецензија е делот во кој се надоврзувам за способностите и талентот кој го поседува Гренуј, тој таа способност, тоа сетило го има во себе со своето раѓање но го искористува на погрешен начин, доаѓа до крајната цел, идеја, замисла, визија не размисувајќи за последиците кои ќе им ги нанесе на голем број невини само и само да го реализира својот сон, да го создаде совршениот парфем, и во реалниот живот голем број лица со "талент" не бираат методи како ќе ја реализираат својата цел, и какви последици ќе предизвикаат нивните методи кон огромни маси на луѓе
    За да препознаеш добар квалитетен филм не е потребно да си надпросечно интелегентен и да имаш коефициент на интелегенција 180, тоа ги имаш или не во себе, тоа е тоа чувство кое го поседуваш и ти овозможува да го доживееш филмот, како што секој уметник има талент за одреден вид на уметност - музичка, ликовна и тн, така и создавањето на филм претставува уметност, некој има пповеќе некој помала умешност во користењето на својот талент и посебно сенс за создавање на нешто трајно, врвно, значајно, со што ќе остави длабок траг зад себе и по што ќе биде познат и препознатлив.
    Бројот на гледани филмови не е критериум за да некој биде добар познавач на филмската уметност, квантитетот по автоматизам не придонесува за квалитет, не во делот на уметноста,, бројот на гледани филмови им овозможува на лицата кои поседуваат сенс за филм да им се подобри, избистри, искристализира, изошри, рафинира тоа чувство. Како и во музиката што секој неможе да препознае добар талент и потоа само со малку работа да направи нешто врвно, секој не поседува слух, секој неможе да препознае добар фудбалер тоа се посебни личности кои го имаат тоа чувство-сенс, кои вршат селекција на најдобрите таленти кои ќе ги ангажираат во нивната екипа - играчи со огромен потенцијал, тоа е така и во другите обласи како и во филмот.
    Парфем е дел од филмовите кои ми се омилени и откако се решив да земам учество во темева во таа насока одеше и пишувањето на рецензијата за филмот, нагласувам рецензија затоа што ги содржи сите елементи на една класична рецензија, без премногу фрагменти, подробности, детализирања, доколку започнев рецензијата да ја пишувам со видоизмент концепт тоа ќе попримеше друг правец. Ја пишував во тој момент така како што ми течеше мислата и така како што го доживеав филмот, тоа е многу битно, бидејќи секој треба да негува свој идивидуален стил на пишување и изразување преку кој ќе се идентификува неговата автентичност, а не прочитај неколку десетици рецензии од интернет и направи компилација на твоја рецензија која ќе биде производ на тоа што си го прочитал а не твое лично доживување на филмот и приказната, индивидуалната нота и автентичност многу ги почитувам како што и многу ги почитувам различните ставови и мислења на членовите на форумов кои како што и претходно кажав ја збогатуваат дебатата и придонесуваат за поголема продуктивност.
    Парфем е одличен филм пред се уметнички направен, во текот на целиот филм провејува, доминира таа уметничка нота која многу ја сакам, јас така го гледам и така го доживеав филмот.
    Ќе направам паралела со филмот на маестралниот Дарен Аронофски Реквием За Сон - врвно кинематографско остварување, филмски класик, еден од најдобрите 100 филмови снимени во историјата на кинематографијата, голем број на гледачи по нивните коментари, пријатели со кои сум разговарал и голем број други го сметаат филмот за безвредно дело, за кое не би трбало воопшто да се губи време за негово гледање, можеби се добива таков првичен впечаток откако ќе го изгледаш филмот но тоа е само површно видување, без навлегување во неговата суштина, срж, содржина во која е болно - реално прикажна најсуровата страна на зависниците од дрога и последиците по нивните животи, семејства од таквате нивни постапки, како и нереализираните соништа и перењето на мозок на гледачите преку емисии кои се емитуваат на телевизија за разни производи за слабеење, неразмислувајќи дека со нивното користење ќе се предизвика сосема спротивниот ефект од тоа што го нуди самиот произввод прикажан преку рекламата. Филмот е психолошки многу тежок, жесток, суров, но многу реален, со самото навлегување во приказната и постепено се поголемо задлабочување се добива едно чувство на соживување со ликовите во филмот и нивната судбина, што на најдобар можен начин тоа го прави Аронофски преку одличните перформанси на Џенифер Конели, Џаред Лето, Елен Брстин. Гледајќи го филмот со внимание и концентрација, задлабичувајќи се во приказната се добива мигрена, да мигрна, но тоа е и целта на режисерот да ја прикаже суровата страна на дрогата и последиците од нејзиното користење по зависниците и по нивните потесни семејства, потенцирајќи го тој суров ефект..
    За нареднава недела гласав за Покајување одличен филм ми беше фаворит за оскарите 2007 година, одлична приказна исполнета со љубов, страст, љубомора, интриги, одлични перформанси на Кеира Најтли, Џејмс Мекавој помеќу кои има многу страст, флуид, хемија, маестрален перформанс на злобната - љубоморна сестра која ја толкува Саорис Ронан една од најдобрите, најнадежните, таленти - актерки од помладата генерација пред која предстои блескава кариера, за улогава беше номинирана за споредна женска улога, годинава најверојатно ќе добие номинација за оскар за филмот Бруклин, заедно со Кери Мулиган и Бри Ларсон ова се едни од моите најомилени актерки, таленти кои сум ги препознал и воопшто не сум згрешил дека се иднината на Холивуд од помладата актерска генерација која доаѓа и ќе доминира претстојниов период на филската сцена, исто така филмот има одлична музика, кинематографија, сценографија, и режија на Џои Врајт
    И другите предложени филмови се одлични, ремек дела како Престиж на маестралниот Нолан и Севен на феноменалниот Финчер но сепак се одлучив за Покајување за нијанса певагна во мојот избор во однос на другиве два.


    .
     
    Последна измена: 3 декември 2015
    На Bender Rodriguez, Cka, jovanovska94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Ајдеее Atonement се гледа викендов.:clap:
     
    На do-re-mi, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Дојдов да допишам уште нешто што планирав да се надоврзам од вашите постови, ама се премислив пошо некако не ми се збори за филмов во петок пред искачање.
    Искрено, кога видов дека има преку 60% гласачи за него дури и ми падна чудно зашто до сега не се десило 7мина да гласаат за ист филм.

    Сакам само да го прашам Бумсленг дали важи и тоа дека секој не може да препознае лош филм?

    И да и кажам на фала на @Kukla994 -slava за благото. Како што тепаме по повеќе од сат време куцајќи еден коментар, фино ќе ни дојде... :D


    п.с. и надвор од контекст морам да спомнам дека многу ми е слатко кога некој ќе му се напне на некој филм. Еве сега @Captain-Omni , па и @Valerin, претходно @Bender Rodriguez на Холмс итд ... не знам зашо многу ми сте симпатични така кога ќе си испонапиешете монолог :sun:. Ич не ми влијае негативно. Напротив, од непознати причини, баш ми е убаво. Ете и јас на мојот пост за 9th gate , кога после некое време го читав многу ми беше смешно што сум го ругала така од петни жили :D
     
    На Bender Rodriguez, Captain-Omni, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.
  4. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Сакам само да го прашам Бумсленг дали важи и тоа дека секој не може да препознае лош филм?

    Лесно се препознава лош филм, некои и добриот филм го препознаваат како лош, безвреден, неквалитетен, но тоа е сепак индивидуално, зависи кој што преферира да гледа, зависи од неговите желби, вкусови, преференции, очекувања.
    Сите сме различни и уметниците се различни и создавват различни дела, Салвадор Дали, Пикасо, Рембрант, Модиглиани, сите се врвни уметници, кои дале значителен придонес во различни правци на ликовната уметност, така и во филмската уметност Спилберг, Нолан, Аронофски, Форман, Џонатан Деми, Скорсезе, Пол Томас Андерсон, Финчер, Копола, Фелини, Бертолучи, Торнаторе, Ханеке, Енг Ли, Содергерг, Алмодовар, Тиквер, Инариту, Дејвид О Расел, Полански, Вуди Ален и многу други се врвни во својата професија, создадоа и создавват дела кои трајно ќе бидат запишани во аналите на кинематографијата и врежани во меморијата на гледачите, љубителите и поклониците на добриот, квалитетен филм, но секој од нас различно ги перцепира и доживува тие филмови и дела.
    Искрено кога ќе гледам некој "лош" филм ако можам така да се изразам - воопшто не пишувам ништо, немам инспирација, и не заслужува таквиот филм нешто да се напише и каже за него
    Парфем е од тие филмови кои иако сум ги гледал пред 9 години сеуште релативно добро ме држи меморијата и се одважив да напишам критика бидејќи и филмот навистина вреди и го заслужува тоа.
    За оваа недела веќе е избран филмот тоа е мојот омилен од 2007 година Покајување, за наредната недела предлагам да се гледа и гласа за филмот Sling Blade(1996) малку постар филм скоро 20 години но неверојатно квалитетен, еден од најдобрите филмови во 90 те години класик. како втор предлог го ставам филмот The Place Beyond the Pines(2012) исто така многу добар и квалитетен филм.

     
    На Madam-A и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  5. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Тука морам да се согласам со тебе дека секој поседува свој индивидуален мирис, мирисот има на некој начин влијание и при изборот на потенциојалниот партнер иако мислам дека тоа не е клучен - пресуден, момент кој одлучува
    Во врска со второво дека секој парфем не мириса подеднакво кај секој тука делумно се согласувам, посебно мирисот на кожа и на хартија можат различно да се доживеат, најдобро е да се стави на пулсирачките места од раката, лактите или вратот затоа што на тие места парфемот најдобро стапува во реакција со кожата и на најдобар начин може да се почувствува, доживее, дојде до израз мирисната композиција, Порано многу ме интересираше (сега толку не) оваа проблематика, историјатот, начинот - технологијата на создавање, состојките, мирисните групи, мирисните ноти, секој парфем има три мирисни ноти во својата структура наречена парфемска пирамида - горни, средни и долни ноти, акорди кои ја сочинуваат мирисната компзиција на парфемот. Зад создавањето на секој парфем стои нос - креатор кој е задолжен да создаде креација која преставува уметност како што и филмот Парфем е опкружен со таа уметничка аура
    Не е на одмет да кажам дека мој омилен е парфемот Burberry London for Men
    негов креатор е Antoine Maisondieu.
     
    На jovanovska94, LivingGlam и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Мадам, за кој филм зборуваш? :?: За Парфем? Извини, малце слабо ме служи меморијава, па се губам. :$ Инаку, земи во предвид дека повеќето кои се вклучиле во темава, дали со лајкови, или и со свои коментари, можеби гласале во анкетата.

    Инаку, да ја смириме малку топката кон @boomsleng, зашто мислам дека погрешно го разбирате што сака да каже. Еве јас ќе зборувам од мое име, бидејќи сме зборувале доста за филмови и нивни жанрови во ЛП (инаку, повеќе пати сум го „терала“ да пише барем некоја рецензија во соодветната тема, пошто јас редовно пишувам, а тој ми ги следи рецензиите, ама не сум успевала. Сега кога се вклучи бев пријатно изненадена :)).

    Сите различен вкус за филмови имаме. Понекогаш тие вкусови ќе ни се поклопат, понекогаш не, што е многу нормално. Исклучително добар филм во најголемиот број случаи ќе предизвика позитивна реакција кај сите нас што коментираме тука (како што беше случајот со V for Vendetta), а исклучително лош филм ќе предизвика само негативни реакции (што мислам дека не се случило до сега). Во останатите случаи каде има поделени мислења, не значи дека филмот е навистина добар или навистина лош. Тука во игра се повеќе фактори.

    Филмот може да е многу добар или многу лош, сеедно, меѓутоа дел од нас да го прецепираат спротивно од она што е. Се' е до начинот на размислување, жанрот на филмот, начинот на восприемање на филмот, начинот на „изразување“ на самиот режисер, изборот на глумци, можеби музика, кадри и слично. Едноставно, филмот е уметност како и останатите уметности. Некој го бидува за пишување и сака да чита книги, па ја препознава нивната вредност и квалитет помеѓу ѓубрето, некој го бидува за фотографија, некој за пеење, некој за сликарство. И на крајот од сето тоа, бидејќи се работи за уметност - се работи и за вкусови. Еве, на пример многу луѓе велат дека Вуди Ален е предобар режисер и прави одлични филмови, но јас не можам да го поднесам ниту него, а уште помалку неговите филмови (извини, Бумсленг :wasntme:). Значи јас не можам да го разберам начинот на неговото филмско изразување и автоматски - неговиот квалитет. И тоа е сосема ОК.

    Ете, мислам дека тоа беше целата работа околу мислењето на Бумсленг, ако грешам нека ме исправи. Така да, нема потреба да се расправаме и да си набиваме негативни чувства едни кон други, зашто ова ни е најрелаксираната и најфината тема. :)

    Инаку, мене ми е многу драго што ни се придружија нови членови во темава, зашто не сите сме секогаш активни во неа, па да има „кворум“ за филмовиве, а и the more, the merrier. (poolparty) Мислам, добредојден е (барем според мене) секој што има желба да погледне некој филм и да развие квалитетна дискусија, така троа подолгичка. :)

    А оваа недела гласав за Se7en, ама гледам дека повеќето гласови отишле за мојот предлог-филм, така да тешко мене од оние на кои нема да им се допадне. :worried: Една напомена: имајте во предвид дека филмот е ДРАМА, само толку ќе кажам. Не барајте акции и чуда. :angel:

    Мене во темава во последно време премногу ми недостига учеството на @do-re-mi, само да си кажам. А и генерално ми недостига учеството на било кој кога нема време да седне и да пише. И многу ми се допаѓа кога имаме спротиставени мислења и кога се „докажуваме“ меѓу себе. Сите имаме свој начин на кој ги апсорбираме впечатоците од филмовиве, свој начин на пишување и анализирање, од различни аспекти даваме коментари и тоа ми е многу интересно. :)

    Абе најубава е темава! Мадам, секоја ти чест кај си ја смислила. (y)
     
    На promeneta, boomsleng, jovanovska94 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Cheers for that! :beer:

    И кога веќе ја прозиваме @do-re-mi, која у задње време само лајкува, а не коментира, и стварно фали со рецензиите, да ја „искарам“ ја и @LivingGlam, која по лајковите гледам дека ја прати темава, а уште не ни се приклучила у муабетиве. :^) Чекам(е) мислење и од тебе, да си знаеш. :!: :)
     
    На Kukla994, boomsleng, jovanovska94 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.169
    Допаѓања:
    56.613
    Пол:
    Женски
    :D Ја пратам и сакав да ви се приклучам за V, еден од моите омилени филмови, после и за Парфем, уште еден од моите омилени, ама немав време да ги прегледам и да напишам добра рецензија. :( Чекам подобра прилика.

    Уживање е да ве читам, само тоа да ви кажам. Ја обожавам темава и детално ви ги читам рецензиите, мило ми е што има вакво местенце на форумов.
     
    На promeneta, Madam-A, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Ааа па јас не сум ни ја дигнала :D . Онака уз муабет реков да си прашам поише за чисто да види дека секој си перцепира како сака, него ли што ме интересираше одговорот :angel: . Ако некој мисли дека не препозналдобар тој другиот мисли дека не препознал лош. Ствар на вкусови и перцепции е. Нема толку лош филм, едноставно само нема многу публика на која би и се свиѓал - барем јас така сметам.
    А и ако сте приметиле јас лајкувам на темава и неистомисленици, зашто нема врска дали на некој му се свиѓал филмот што и мене ми бил убав туку како се произнесол себеси.
    И баш затоа многу нормално дека сите се добредојдени, да не не сфати @boomsleng погрешно :)

    Да ама да се разбереме не беше нешто посебно значајно за да ја преиспитувам легитимноста на излезенеста на гласачкото тело :lol:, онака спомнав само дека филмот добро котира и дека убедливо најмногу гледачи привлече.

    Ех благодарам. Едноставно that's me...тоа е, не можам против себе :rofl:
    [​IMG]
     
    На Kukla994, boomsleng, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Епа ајде да ја почнам дискусијата за филмов, кој беше мој предлог.

    Atonement е драма, љубовна приказна за двајца млади во времето на Втората светска војна. Го гледав по втор пат (пошто, нели, меморија - златна рипка), ама бев подеднакво воодушевена како и првиот пат кога го гледав. Актерска екипа на нивоУ, приказна - исто, концепт на течење на настани - интересен, костимографија - прекрасна и дури минималистичка, целосно аудио-визуелно кинематографско доживување, нормално, со тажен крај, но со обид да биде среќен, што е повторно необично.

    Ајде со ред. За актерскава екипа прво. Филмов го открив кога имав crush на Џејмс МекАвој (да, чуден вкус имам понекогаш), па затерав еден период да гледам филмови во кои глуми тој. И voila - вистинско изненадување на позитивен начин. Обично сум по машките филмови, но понекогаш кога имам нешто повисоко ниво на естроген, сакам да погледнам и добра драма. Кира Најтли не ја поднесувам (впрочем, не го поднесувам женскиот дел од актерството), ама морам да и' оддадам признание дека во драми во кои сум ја гледала глуми одлично. Џејмс е совршен глумец, како и повеќето кои потекнуваат од Европава наша. Главната улога ја имаше и во еден мој претходен предлог - Filth, ама замолив да се тргне, зашто мислам дека е повеќе машки филм. И сум го гледала и уште во неколку и секаде го дава својот максимум. Според мене, не сите глумци се способни добро да се соживеат со машка улога во драма и да делуваат искрено. Саорис Ронан или Бриони, или Хана како што сакам да ја викам :D, беше исто така фантастична. Подобар избор за улогата мислам дека не ни можеле да направат. Мала, млада, незрела, интелигентна, но и збунета, а сепак самоуверена. Плус за филмов ми беше и тоа што се појавува Бенедикт Камбербеч, чија улога е мала, ама сепак последиците од неговото кратко појавување се провлекуваат низ целиот филм.

    Музиката... Морам да признаам дека ова е еден од поспецифичните филмски саундтракови што сум ги сретнала до сега. Совршено ми беше тоа како од машина за куцање успеале да направат композиција која идеално се совпаѓа со приказната во филмот. И останатите композиции беа фини и соодветни.

    Костимографијата, како што реков, доста минималистичка, но сепак со свој печат. Доволно карактеристична за да го отсликува времето во кое се одвиваат дејствата. Патем, зелениот фустан на Сесилија беше преубав. Сцените беа преубаво снимени, од куќата, до сцените во природа, до сцените во градот, до оние на военото поле... Убави кадри, буквално како кога читаш книга и во главата си создаваш слика за прочитаното.

    Што се однесува до приказната - класична драма, нели... Меѓутоа, сепак, за да не биде досадно, ми се допадна како беа конципирани настаните. Како на самиот почеток, кога Бриони од прозорот на својата соба сведочи за тензичната ситуација помеѓу Сесилија и Роби, па ја гледаме приказната од нејзин аспект, а потоа истиот настан од аспект на овие двајца. Исто и со сцената во библиотеката - една, ама вредна 8-|. Друго што ми се допадна е што беа прикажани настани, кои на прв поглед не ни се многу јасни, потоа не' збунуваат, за подоцна да бидат разјаснети. Едноставно, имам впечаток дека не остана ништо нејасно во филмов. Единствено, тешко ми беше малку да ги гледам воените сцени и оние сцени кога ги носат повредените во болницата каде работи Бриони, прво зашто беа многу реалистично прикажани и крвави, а второ зашто беа трогателни. Во стил - не покажуваат премногу емоции ликовите, се држат машки, но сцените предизвикуваат во мене да вриштат емоциите, како да се рефлектираат, да одекнуваат. Како целта да била гледачот да ги доживува, а не ликовите да ги покажуваат. За останатите сцени, пак, ми важи спротивното, иако бев соживеана со секој можен лик.

    Уште некој збор за крајот. Ми се допадна како ги избрале актерките кои го претставуваат ликот на Бриони од почеток до крај. Можеби 18-годишната Бриони ми беше најнесоодветна, но затоа старата Бриони ми беше врв. Кратко појавување, ама силен ефект. Остана верна на пишувањето и покрај се', трудејќи се во својата автобиографија да ги исправи грешките од минатото, што во текот на својот живот не успеала да ги исправи, затоа што и немала прилика - оние двајца на кои им згреши прекратко живееја за да успее таа во тоа. Поради тоа, сака во својата книга да им го подари среќниот крај кои го заслужуваа. Но, на крајот па и си ја доби казната за своето непромислено однесување - осаменост, каење, тага, болест... Оттука и среќниот, но тажен крај.

    Заклучок - не отварајте туѓи писма. Може да не сте во тек со ситуацијата и да го протолкувате сето тоа погрешно. И what goes around, comes around, или секој на крај го добива заслуженото... :~:
     
    На 1209, jovanovska94, Elena69221 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Не беше лош филмов, ама не беше ни нешто посебно, мислев дека ќе бидам повоодушевена. Морам да кажам дека Кира Најтли имаше големо дејство врз впечатокот зашто ми е прилично одвратна, Ми нема харизма, женственост, шарм, ништо, како некое дрво што оди и зборува, така ја гледам. не беше и она нешто лоша во улогата, ама ете, знаете кога има некој актер што не можете да го смислите и тоа е тоа.
    Пааа не ти е баш чуден вкусот, бонбонче си е со сините очиња.:wasntme:
    Одлична изведба од негова страна, од негова и од сите актерки кои ја имаа улогата на Бриони, посебно најмладата.
    И мене ми се допадна како беа прикажани настаните, нивното разјаснување, нетипичноста.
    И тоа што беше одлично прикажана грдата страна на војната, а не некоја романтична верзија. Тоа е војната, болка, ужас, страдање...
    Не знам, немам нешто многу да се расприкажувам, open-and-shut case ми беше филмов.
     
    На jovanovska94, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Филмов мене ми беше досаден и тотално измачување додека го догледав.
    Преку 10 пати само во првата половина проверив до каде е и секој пат кога ќе видев дека не е ни до средина умирав по малку. Повремено чачкав на телефон и се осетив дека морав да направам пауза едно време зашто добив идеја да си го средувам фолдерот со слики и ко ништо ќе ми истечеше во позадина. Втората половина ја изгледав со стрелката на тоа кај што се гледа уште колку време има и пропорционално со бавното поминување на времето, младоста ми испаруваше додека истовремено ми се нижеа брчки. Дефинитивно не е мој тип на филмови.
    Субјективно ќе кажам дека можеше да трае помалку, али добро, тоа дека мене ми беше монотон и чекав да заврши, а не дека некои настани беа одвишак.

    Единствено ми се свиѓаше неродеследноста што ја имаше во режијата на некои сцени. Толку.

    За разлика од @RainBow , мене пак Кира ми е мачкица. И грациозна ми беше во филмов. Додека пак тоа малото пилиштарче во улога на младата Бриони, (за дополнително не се согласеме во однос на актерската екипа) многу ми е антипатична. Не зборам за нивната способност за глума него едноставно како појава.

    Ќе се задржам само за ликот на Бриони. Цело време она нешто млада, нешто наивна, нешто како потресена... а уствари од глупаво дете прерасна во кукавица што никогаш не и се ни извини на сестра си и не прова да ја опраи работата. Ја имаше онаа најлошата категорија на глупоќа, кога немаш везе а си мислиш дека знаеш се. Можеби затоа и репликата на Џејмс кога и рече дека се мисли дали да ја задави или да ја фрли по скали, ми беше најсветол момент во филмот.

    Можам да му најдам поука на филмов ако почнам да зборам за детската наивност, за тоа како незнајноста може да наштети, како лажната сигурност може да дотолчи...ама не сакам. Ми беше досаден и нема да го правдам.
    Уште кога ја дадоа сцената дека избега силувачот знаев дека е Бенедикт. Ич немаше барем некаква неизвесност во филмов.

    Евентуално ајде да речеме дека и крајот е фин бидејќи испадна невообичаен што прикажаа дека оваа го сменила за да им овозможи среќен крај. НО ако гледам од аспект на соживувач со ликовите што влегува во филм комплетно, тоа уште повеќе ме тера да не го сакам ликот на Бриони. Можеби она кажа дека сакала да им даде среќен крај, ама реално она сакаше да си го потисне нејзиното масло. Што? Ако ја смени приказната, ја смени вистината? Ако во приказната им даде среќен крај, они навистина беа среќни? Си надроби попара по мерак која откако ќе ја стигне заборавеноста ќе си ја насрка и ќе си го тера полесниот пат.

    Е сеа, или не сум сфатила или сум пропуштила нешто....ама што беше финтата со војникот со кој Бриони збореше на француски? Како испадна да го сака?





    п.с. @Lady Phoenix , и од мене има пролазна Џејмс. Да речеше дека Бенедикт ти бил краш, ќе се согласев дека имаш чуден вкус за мажи ама вака таманка си :lol:

    п.п.с. Стварно се извинувам што никако не ги научувам имињата на ликовите од филмовиве и се служам со описи или со нивните вистинскиимиња. Ќе се потрудам да го сменам тоа :$
     
    Последна измена: 9 декември 2015
    На 1209, jovanovska94, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Мадам, не сакам да направам да се осеќаш како во ситуацијата со Бендер, ама мене ова ми е најомилената драма што сум ја гледала у животот, а не гледам многу драми, повеќе сум по акција, психолошки трилери и крими-мистерии. Филмов го предложив за да „одмориме“ малку од мозгањето на претходниве филмови и малку да дискутираме за уметничките моменти, човечките карактери и слично. Со самото тоа што е драма, јас не очекувам премногу пресврти и неизвесности во приказната. А и искрено не верував дека ќе има доволно гласови за да го гледаме. :lol:
    Мадам, еве ќе ти кажам дека кога фатив да ја гледам серијата Шерлок и Бенедикт ми беше crush. :$ Да, понекогаш имам чуден вкус. :D

    Војникот беше на умирање и ја пратија да му поправи друштво во последните моменти од животот, бидејќи Бриони знаеше француски, па да се разбираат. Поради повредата на главата (му отпадна делче од черепот и мозокот му се гледаше) цело време бладаше, халуцинираше, мислејќи дека зборува со негови познати: конкретно некоја платонска љубов, иако дијалогот што се одвиваше беше така срочен малку да го збуни гледачот. Работата станува јасна кога ќе и' се обрати со друго име, а она му вика дека го сака, зашто знае дека ќе умре.
     
    На jovanovska94, boomsleng, Madam-A и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ќе ви откријам една работа за мене – нејќам да гледам драми. А од романтични филмови бегам као ѓавол од крст. У исти кош на неомилена кинематографија ми се и хорори. И све поради една причина – можат да имаат само два типа на (генерички) краеви – или хепиенд, што ми е ужасно клише, или трагичен и тажен крај, што за хорори ми е подобрата опција, но, кога се работи за драми – ме утепува у поим и ме соочува со бесмисленоста на животот и оној Калимеро-момент на „нема правда“ на светов. А за овие работи и без тоа сум сосема доволно свесен, па не ми треба дополнително постестување и reality check. Од филм очекувам да ме забавува и да ми ги оттрне мислите од секојдневието и од вакви работи, а не да ме тера да размислувам у таа насока. Е затоа, нејќам драми.

    Сега откако измрчев за драмите генерално, да се произнесам за Atonement. Како што реков, драми избегавам, па немам некој добар аршин за споредба, но можам да кажам дека филмов ми се допадна.

    У однос на глумците, МекАвој ми е одличен, како и у секој филм, и ми изгледа како со секоја улога да се труди да го даде максимумот, што е права реткост и е за поздравување. Камбербеч го сакам генерално, ама у филмов се појави некако прекратко за да можам нешто повеќе да кажам за неговата глума. Башка, да не го заборавиме и педо-бркот кој го држеше. Кира Најтли не ја сакам ама ич, нити ми е убава – со широката вилица отсекогаш ме потсеќала на муж, да не речам транвестит. Но, за дивно чудо, у филмов ми беше симпатична, дури и секси. Дали дека е постаричок филмов, може у 2007-ма стварно и била поубава, или е до мене, не знам. Глумата и беше на нивоу. Саорис Ронан можеби и предобро си ја одигра улогата, затоа што активно ја мразев во текот на целиот филм. 18-годишната Бриони (која и да беше глумицата) ми беше тапичка и без врска, додека Бриони-бапката беше одлична.

    Сценографија, костимографија, музика, све беше убаво и пријатно на око (и на уво). Ми се допадна и начинот на раскажување на приказната – истиот настан од аспект на повеќе личности, (навидум) среќниот крај, па прологот со „Мемоарите на едно размазено детиште“, па вистинскиот, трагичен крај. Интересно е што у истиот филм добивме „два-у-едно“ крај – клише, среќен крај, и трагичен, реален крај на приказната на Сесилија и Роби.

    Доста беше за филмот, сега за она што мене ме преокупираше додека го гледав – малото, разгалено и распрдено девојче наречено Бриони. Ми се допаѓа кога филмот што го гледам ќе ми даде некаква „задача“ за време на гледањето, а у мојов случај тоа беше активно мразење на Бриони.

    Девојчето е антипатично од самиот старт – влезено е у филм дека е некаква си писателка, пишува драма (а за што може да пишува размазено аристократско девојче со 0 животно искуство – гарант е плагијат на некоја книга што ја прочитала, а и who gives a shit, honestly?) и ги принудува јадните дечиња-жртви на разводот на своите родители (да, толку ја мразев што дури и дибечестите близнаци ги сожалив) да глумат у неа, за таа да може да се пува и да си го крева егото. Но, за среќа на нас гледачите, планот не и успева и поштедени сме од гледање на нејзиното „ремек-дело“ у сценска изведба.

    Детево некако никој не го ебава – таткото (The Old Man)не го ни гледаме у филмов, мајката си живее свој филм, сестрата исто, децава не ја сакаат, а и нејзиниот crush не ја мириса многу откако се фрли да се дави за да види дали ќе ја спаси (каков идиот, еј). Сево ова резултира со фрустрации и комплекси и најверојатно допринесува за тоа таа да биде такво гадче какво што е.

    У однос на фамозната сцена со силувањето на грдото, црвенокосо девојче, ми се наметнува следново прашање – дали Бриони навистина беше збунета и не знаеше што е тоа што го гледа и дали можеби нејзиниот истрауматизиран мозок направи некаква асоцијација со претходната секс-сцена на која сведочеше вечерта и стварно го „виде“ Роби наместо Камбербеч? Personally, I don’t buy this shit. Втора варијанта е дека беше целосно свесна што прави, и намерно го посочи Роби, за да му се одмазди, бидејќи ја сака нејзината сестра, а не неа.

    Јас ја одбирам вторава варијанта, делумно и за да можам со мирно срце да продолжам да ја мразам Бриони до крајот на фимот. Но, еве и да дадам образложение, да не искочи дека омразава ми е целосно неоснована. Мислам дека Бриони и те како добро знаеше што гледа и што е секс – некако, после сцената со давењето, и премногу добро (и creepy) му се пушташе на Роби, за да после глуми невина и неупатена. И мислам дека многу добро знаеше што се случува кога ги виде Роби и Сесилија у библиотеката – не беше она загрижена дека Роби е сексуален манијак кој ја напаѓа сестра и, туку и беше криво што не ја „напаѓа“ нејзе. Единствено нешто што иде у нејзин прилог е тоа што можеби не знаеше точно колкави импликации ќе има нејзиното сведоштво пред полицијата – можеби мислеше дека нејзината мала одмазда ќе има поневини последици, а не беше свесна дека ќе му го засере целиот живот на човеков.

    Но, морам да посочам уште еден момент кој мислам дека имаше улога у случајов. Полицијата некако едвај чекаше да го прифати сведочењето на мало девојче со бујна фантазија и по кратка постапка го преебаа Роби. Зошто? Затоа што тој беше никој и ништо, наспроти Камбербеч, кој беше угледен и имотен граѓанин. Можеби дури и Бриони да го посочеше Камбербеч као силувачот, или барем да речеше дека не е сигурна, полицијата пак ќе најдеше некој „слепец“ за да му го прикачи делово. А такви беа само Роби и можеби, Теон Грејџој, кој не ни знам у каква улога се појави точно – као батлер, потрчко, што ли. Така да, како и да се сврти работава, големи беа шансите Роби да наебе. Но, нејсе.

    Бриони во текот на целиот живот продолжи да се однесува како идиот – дури и кога самата на себе си призна дека тоа што го направила не е во ред, никогаш не и се извини на сестра и и никогаш не го смени исказот кој го даде во полиција – не дека ќе сменеше нешто, ама можеше барем тоа да го направи. Демек, се самоказни со тоа што работеше као сестра (јака муда) и на крај, у својата последна книга (после долгиот живот, за разлика од сестра и и Роби, и успешната кариера како писател) да признае што говнарии направила, па уште и да рече дека ете, им дала среќен крај на нивната приказна, и со тоа некако направила се да биде во ред. Да, сигурен сум дека Роби, кој умре од сепса у француски подрум, и Сесилија, која ја потрупаа три кубика земја у метрото, ќе ти бидат вечно благодарни на твојата добрина. Стар гад.

    ОК; доста беше за Бриони. Него, у врска со смртта на Роби мене ме мачеше една работа. Гледаме у еден кадар дека има некаква рана на градите. Зошто побогу кога конечно ги најдоа Енглезите на плажата не побара лекар или медицинска помош, туку се врткаше цел ден као прдеж у гаќи? Може ќе го спасеа, можда и не, ама барем да пробаше да направи нешто.

    Инаку, можеби е и подобро што љубовната приказна на Роби и Сесилија заврши онака како што заврши. Ова го велам од аспект што многу пати идеалот што го имаме за некоја личност и заедничката иднина со него е многу поубав од реалноста што би ја имале заедно. Можеби е подобро што нивната љубов остана на едно ебавање у библиотеката и убави спомени за другиот – да не се умешаше Бриони и да останеа заедно, можеби ќе завршеа како средовечен пар кој се мрази, во живот полн со монотонија. А можеби секако и ќе загинеа во војната. Силувач или не, Роби најверојатно секако ќе беше регрутиран за војната и шансите да не се врати пак ќе беа големи. Ова демек као silver lining на целава трагедија да биде.

    Што научивме од филмов, односно какви поенти може да се извлечат?

    1. Дека жени знаат да ценат (и наградат) добра авторска проза (поготово ако у себе содржи фрази од типот на wet cunt).
    2. Дека туѓа пошта не треба да се чита (и после да се покажува и раскажува на сите).
    3. Дека не е убаво лажно да сведочиш и да обвиниш некого за силување (no shit?!).
    4. Дека откако ќе се скараш со блиска особа, треба да најдеш начин да се смирите и да ги средите работите, по можност пред истата да умре, затоа што после може да се каеш.
    5. Дека Англичаните во Втора светска војна претежно се шуткале натаму-наваму по Франција, пиеле вино и јаделе кашкавал со француските селани, за у прва прилика да фатат џаде пак за Англија, и дека иако практично не правеле ништо корисно, сепак успеале да умираат.
    6. Дека колку и да му го усереш животот на некој, ако после тоа напишеш книга и му измислиш среќен живот на тој некој (кој трагично загинал многу години пред тебе), се ќе биде во ред и работите ќе бидат исправени.

    П.С. У однос на ова:

    Мадам, најверојатно си задремала за време на сценава :D – поентава беше дека војников беше у бунило и му се споија жичките, па очигледно ја помеша Бриони со некоја друга и затоа и изјави љубов, а оваа пошто е нели премногу фина и сочуствителна, за да не му го крши филмот, се реши да глуми лудило и да му удоволи во последните моменти од животот. Викам последните моменти, зашто прилично сум сигурен дека она го прееба чоеков со тоа што му го олабави завојот и му се отвори черепот као паштета. Значи, за кој се фати женава, го запусте начисто. Несреќа низаедна.
     
    На 1209, jovanovska94, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    oops i did it again..... :$
    :music::music::music: Koj пеел додека ме читал има пиво од мене :D.

    добро е, барем свесна си дека имаш чуден вкус :lol:
    Во контекст на муабетов:
    :rofl:
    -------------------------------------------------------------------------------------------------

    Фала ви за тумачењата:

    Еве ви по една пица: :pizza: :pizza: за фала, да не биде сувопарно.
    Излеа сум задремала.
    -----------------------------------------------------------------------------------------------------


    @Bender Rodriguez , тоа е тоа јадење гомна со полн замав кое го обожавам!

    И мене ме нервираше Бриони ама со ваков нокаут што и распиша едноставно морам да те испоцитирам и изболдирам, чисто да си се посмеам уште еднаш :rofl:
    И да напоменеме дека истата таа драма и требаше да ја напише дури 60 години. Патем толку интересна автобиографија имала што не е ни главен лик во истата.

    Реално јас мислам дека е првово, ама боље ми звучи вторава затоа што бидејќи. А и теоријата со опасното, дрско и безобразно пуштање со давењето држи вода така што да сум член од поротата ќе замижев пред веројатното и ќе ја обвинев за клевета.

    И за крај на моето излагање, еве ви го најдобриот кадар што сум го видела во последно време у филмовиве, а заборавив да го пофалам во првиот пост: :clap:
    [​IMG]
     
    На jovanovska94, Kukla994, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez, мило ми е што ти се допаднал филмот, зашто кога почнав да го читам твоето интензивно мрчење кое гарант ти искачало како вулкан од душичката, ми се стегна срцево и реков - готово, на никој нема да му се бендиса филмов и ќе бидам „запалена на плоштад како вештерка“. :lol: А тоа што активно го мразевте девојчево од самиот почеток и ви беше антипатично, само ќе кажам - браво за оној кој го направил кастингот и браво за Саорис и нејзината глума, зашто очигледно целта е постигната. (y) Инаку, ми се допадна твојата теорија за Бриони и Роби и искрено не би знаела која е вистината, особено што во еден момент самата кажува дека била заљубена во Роби, па сакала да го тестира со давењето.

    @Madam-A, Камбербеч ми е ужасно привлечен во Шерлок, ама овде се согласувам за педо-бркот. Едноставно, на некои луѓе не им стои брада, брк, сеедно, ама мислам дека беше за „уметнички дојам“ и за да го поддржи во улогата на силувач на малолетничка. :lol: Објективна сум си, си признавам и свесна сум за тоа дека сум чудна во однос на повеќе работи, па ете, и симпатии кон одредени познати фаци. :P

    Инаку, сцената во библиотеката беше една од најсовршените во повеќето филмови кои сум ги гледала. :lol: Прво, затоа што и' претходеше добра сексуална тензија, мокра облека покрај фонтаната, лутење од страна на Сесилија, малку црвенеење од страна на Роби, допирање на водената површина, писмо со јакичка содржина, искрена хемија, јаки емоции, малку насолзени очи (од кои вришти - леле, не ми се верува, сега ќе и' го турам/ќе ми го тури) (се извинувам на грдиот речник :$) и добро одглумен момент на сексуално лудило, што делуваше искрено и реално. Едноставно, препрепредобра глума и добро осмислена приказна и сцена: може ли да биде посекси од придушено светло во така голема и фина библиотека? 8-| Понекогаш, не се потребни сцени со голотии или со лапање и драпање за нешто да излезе поеротско и посекси, дури можеби повеќе отколку што треба да биде. Ете, мене сето ова ми беше пресекси (пред моментот во библиотеката зборувам).

    (Се извињавам за мојот опширен погорен опис, ама понекогаш зборам како напален муж, а секси ми се работи кои би биле секси за некоја апла женствена особа од времето кога се читаа еротски романчиња. :D).
     
    На 1209, jovanovska94, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Мене ме нема долго време тука,ама најозбилно вие како анализирате филмови,јас можам само вода да ви носам :D
    Затоа и за некои што сум ги гледала,само лајкови ставам бидејќи ем ме мрзи да составувам реферати,ем немам баш толку креативност да објаснам се до детал.
    Свака ви част :clap::clap::clap:

    Е сега,Atonement ми е гледан поодамна,па ќе се вклучам малку во дискусијата,иако нема баш којзнае што да се дискутира.

    Да почнам со ликовите
    Кира Најтли ми е неподнослива,а гледам не сум ни единствена.Сум гледала цел куп филмови од неа,сум пробала да и најдам добри страни,ама не можам,едноставно не можам :D
    Нема сензибилност,нема емоции на лицето,како бесконечно покер фејс е,ама во негативна смисла.Вештачка е,баш како што ја опишала Реин,дрво што збори и ужасно лошо влијае на целокупниот впечаток кон филмовите.Ама ако веќе направиме споредба,во филмов беше прилично солидна,да не речам права дама.
    Џејмс од друга страна е суров драгоцен камен,има толку убавина во него,само му треба брусење :D
    Мислам ако не за друг,за овој филм заслужил Оскар,бидејќи изведбата му е феноменална.

    И се разбира мора да се спомне Бриони,бидејќи некои филмови имаат особи што мора да ги мразиш,за мене беше ова чудовиште :D
    Малото девојче беше совршено за улогата и навистина имав желба да ја задавам во текот на целиот филм.
    Тука комплетно се согласувам со Бендер,мислам дека немаше никаква збунетост кај неа,никакви добри намери,туку едноставна женска љубомора.
    Како тоа Роби ја избра сестра и,а не неа?
    Или накратко речено,детски памет,правење на свои перцепции на работите,притоа уништувајќи невини животи.
    Не ја оправдувам,без разлика што до крајот се покаја и си ги размисли постапките.

    Најболното во филмовите за класни разлики,што ги имало со години и сеуште ги има, е што сиромашните страдаат.Според мене тоа е најголемото клише во филмската индустрија,кога станува збор за драми.Се разбира дека никој нема да му верува на синот на слугата споредбено со Пол,богат и префинет господин.Настрана тоа,Камбербеч ми е љубов,каква улога и да има,човекот има ненормална харизма :D

    Од другите аспекти на филмот,музиката ептен ми се допадна и беше совршено вклопена со сцените,посебно на сцената кај Dunkirk,каде имаше стотици испоубиени,а војниците пееја.Плачев на таа сцена...
    И колку е уникатно користење на машина за куцање како музички инструмент,мене тој детал пријатно ме изненади.

    Да ја додадам и одличната режисерска работа,од совршените пејсажи на летната куќа,до грозоморните сцени од Dunkirk,како да гледаш уметничка слика во движење...

    Патем да напоменам,мислам дека е погрешно да се смета филмот како една обична романтична драма,бидејќи е нешто многу повеќе.Тука баш убаво е демонстрирана моќта на зборовите и пишувањето,колкаво влијание можат да имаат врз размислувањето и дефинирањето на нештата.Малата Бриони не ја сфаќа тежината на зборовите што ги изговорила,ама возрасната пак бара начин да ги претвори во жалење,молење за прошка.
    Од тука произлегува и фамозната фиктивна сцена меѓу неа,Сесилија и Роби.Црвенокосата жена не може да ги промени работите,но писателката Бриони се обидува да го донесе среќниот крај.

    Како заклучок,може да се каже дека филмот е права класика,ми се допадна,со мали замерки,беше убаво и реално скоцкан,можеби за една 8ца :D
     
    На jovanovska94, boomsleng, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам во еден момент помислив дека не ја силува, туку дека беше согласно, па кога Бриони ги виде овој избега и Лола од срам не сакаше да каже зашто го знаеше мислењето на Лола, туку ја остави да си мисли дека е силување. Веројатно поради средбата на Камбербач со Лола претходно. Иако знам дека нема врска ова, ама ете, така ми заличе во тој момент.

    И да, Бриони повеќе од инат кажа дека беше Роби, јасно беше дека не се сеќаваше или не виде убаво, ама не можеше со сигурност да потврди дека е он, а сепак го направи тоа. Поради детска невозвратена љубов уништи други животи.

    Камбербач си е Камбербач, секаде си го сакам, педо брк или не.:D
    Па, дајте некој предлог за анкета, јас поим немам, ниту имам некој филм испланирано за гледање.
     
    На jovanovska94, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  19. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Atonement - Покајување
    Прекрасен филм

    Романтична, воена драма исполнета со многу љубов, страст, интриги, неправда, љубомора, злоба, завист, тага и покајување - како еден од начините за исправање на неправдата, христијански чин на исповед за простување на гревовите, прочистување на душата, неправда - која уништи неколку човечки животи и работите од таа пресвртна точка - момент на неправда, намерно конструирана лага тргнаа во пеколен правец за дел од ликовите во филмот Сесилија и Роби играни од Кеира Најтли и Џејмс Мекавој
    Бриони (Саорис Ронан) е девојка помлада сестра на Сесилија потајно вљубна во Роби (Џејмс Мекавој) сведок на средбите на нејзината сестра и Роби, таа постојано е опседната и ги следи во чекор, и покрај што е млада, девојка во пубертет, нејзината љубопитност е толку голема да ги запоставува секојдневните обврски и се посветува, се преокупира со врската на нејзината сестра со Роби.
    Неможејќи да се помири со искрената љубов која постои помеѓу нив, почнувајќи од моментот кога ги гледа преку прозорецот кај фонтаната, потоа кога го отвара писмото кое Џејмс и го праќа на нејзината сестра, па се до сцената во библиотеката каде е директен сведок на страстниот момент, чин, при што полудува од бес, кај неа во тој момент се јавуваат измешани чувства на бес, омраза, лутина, љубомора, желба за одмазда, нешто што подоцна го реализира со намерно констуираната лага, нејзиното сведочење за силувањето на нејзината роднина, иако и самата беше директен сведок дека тоа е Пол Маршал, таа свесно, намерно го обвинува Роби. Таа ни самата не е свесна какви се последици може да донесе тоа лажно сведочење по Роби и Сесилија. Таа нејзина монструозна одлука за одмазда покажува колку е тенка границата помеѓу љубовта и омразата испреплетена со бес, до каде се може тоа да води и какви се последици може да остави по животите на невини лица, па и денес во реалноста има безброј случаи на наместени сведочења, исконстуирани лаги, лица невино осудени на долгогодишни робии затвор за нешто што воопшто не поседуваат вина, неправдата е нешто што постојано не следи и се провлекува во секојдневниот живот на секој од нас во сите сфери од животот.
    Филмот, приказната е одлична, како што се одлични и улогите на Џејмс Мекавој и Кеира Најтли помеѓу кои постои огромна љубов, страст, која успешно ја пренесуват на гледачот, ретко на кој му успева тоа да го постигне, имало многу обиди во многу филмови но сето тоа било млако, половично, неуспешно, Џои Врајт ги избрал вистинските ликови од кои го извлекол максимумот - да ја претстави страста, хемијата која постои помеѓу Сесилија и Роби (Џејмс и Кеира). Во филмот Кеира е неверојатно секси посебно во сцената кога се соблекува и влегува во фонтаната и кога мокра излегува со залепена, припиена облека, полугола, заминува налутена а Роби со еден страствен посакувачки поглед ја набљудува нејзината сексуалност, сензуалност ја соблекува со поглед, тоа може да се види и почувствува во неговите очи. Друг момент на страст е кога го пишува писмото со цел да и се извини, се измачува што да напише, после неколку обиди собира храброст и го пишува тоа што во моментот го чувствува и посакува кон неа. И конечно сцената во библиотеката каде доаѓа до кулминација на љубовта, проткаена со многу страст, флуид, хемија, еротичност, сексуалност и сензуалност тоа ретко може да се види и така ефективно да се пренесе на филмското платно.
    Саорис Ронан маестрално го доловува ликот на злобната, љубоморна сестра Бриони за што беше номинирана за оскар за споредна женска улога, неверојатен талент, улогава во филмот и беше отскочна даска во нејзината понатамошна кариера, покрај оваа улога други позабележителни перформанси и се во филмот Хана, потоа во филмот на Питер Вир - Патот Назад играјќи покрај Колин Фарел, Ед Харис, за да годинава биде еден од најсериозните кандидати за оскар за најдобра женска улога во филмот Бруклин.
    Бенедикт Комбербач се јавува епизодно со кратка улога, уште од моментот кога влегува во домот на Сесилија помеѓу него и Лола (Џуно Темпл) која ми се допадна во улогата, почнува флерт, провоцирајќи го со нејзиниот заводнички поглед, на што тој возвраќа во соодветна мера, тоа може да се почувствува во сцената каде и го дава чоколадото да го проба, начинот на кој и се обраќа, во погледот кој го упатува кон неа, тој ја врзуваше за што таа ги обвини близнаците, со него имаше сексуални односи во шумата на тревата на што беше сведок Бриони. Лола млада, невина, неискусна, желна за авантура паѓа во искушение и е искористена на некој начин од искусниот, богаташ, магнат, сопственик на фабрика за чоколада Пол Маршал за кого и се мажи на крај.
    Филмот изобилува со неверојатни кинематографски моменти, во кои се прикажани детали од куќата, нејзината околина, воените дејства, ужасот на војната прикажан преку детали од повредите на војниците и маките низ кои поминуваат. Костимографијата е исклучителнна за што и има номинација за оскар како и за одличната кинематографија. Музиката е феноменална за што маестро Дарио Марианели го добива заслужениот оскар, одличен композитор кој претходно беше номиниран за оскар за музика во филмот Гордост и Предрасуди, Ана Каренина, ја има компонирано и музиката во филмот V for Vendetta (2005), неверојатен композитор, италијанска школа, ми станува омилен композитор на музика заедно со мојот омилен маестро Енио Мориконе.
    И улогата на Бриони од 18 години која ја толкува актерката Ромула Гараи ми се допадна исто така
    Филмот почнува со сцената на младата Бриони каде на машината за пишување ја подготвува претставата, тој талент за пишување кој го поседува, го негува и во понатамошниот период од нејзиниот живот, во деновите од војната кога како медицинска сестра агажирана да помага, да ги негува ранетите војници, слободното време во вечерните часови го користи за пишување на животната приказна која не знае како да ја заврши, нема идеја. Филмот завршува со Бриони на стари години кога го завршува својот автобиографски роман, својата животна приказна, на нејзиното интервју, на промоцијата на книгата, се исповедува, ја кажува вистината, го симннува својот товар, баласт кој го носи целиот свој живот, нешто што како сениште ја следи се до последниот миг, во тој момент пред водителот настанува катарза ја кажува вистината изразува жалење, каење, за таа нејзина злобна одлука, да обвини невин човек,, жалејќи за неможноста да ја исправи вистината да го врати тој пресвртен миг кој значи уништени невини животи, но веќе е касно, Роби умира од сепса, додека нејзината сестра неславно загинува од бомба која предизвикува поплава, неправдата ја исправа давајќи им живот, среќна, љубов и брак на Сесилија и Роби во нејзината книга, тоа е начин на кој му овозможува да бидат заедно, среќни и со која им се извинува, ја исправа огромната неправда која имаше катастрософални последици по нивните животи.
    Улогата на старата Бриони (Ванеса Редгрејв) е кратка, моќна, ефективна, преполна со многу емоции.
    Филмот го гледам по втор пат, ми беше фаворит за оскарите 2007 година. Филм, приказна која повеќе ми се допадна, ме допре уште од првиот пат, тоа многу ретко се случува, филм кој мора да се погледне, воена, романтична, драма исполнета со многу искрена љубов, страст, интриги, злоба, каење, тага, филм на кој треба да му се даде шанса, да се изгледа со внимание од почеток до самиот крај, крајот е толку емотивен, неверојатна е таа енергија, тој емотивен набој што ќе ве обземе, неможе никој да остане воздржан пред тој наплив на емоции, тоа емотивно цунами допира длабоко до срцата на секој и остава длабок траг, ретко кој може да остане воздржан, внесен - понесен од прикзната а да не пушти солза
    Феноменален филм, Маестрален, Ислкучителен
    Најдобар филм за 2007 година
    Ремек дело на Џои Врајт
    Еден од најдобрите 100 филмови на сите времиња. 10/10
     
    Последна измена: 11 декември 2015
    На jovanovska94, Madam-A, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @RainBow, јас предлагам да останат некои од моменталниве предлози во анкетата, на пример Se7en, Lucky Number Slevin, The Prestige, па да се додаде уште некој нов предлог, ако има член кој ќе предложи. И на Валерин предлог-филмот The Illusionist беше ок. Па нека се јави некој со уште 1-2 филма, зашто мене моментално не ми текнува ништо паметно. :?:

    Колку пати реков предлог?:worried:
     
    На Marossa и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.