1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Солиден филм.
    Да почнам и јас со кастингот, за кој немам поплаки. Гвинет никогаш не ми била нешто wow, ама и не ме нервира ко да речеме Кира Најтли. Онака е, просек.
    Бред Пит не ми се свиѓа секогаш и секаде, ама тука е добар, имаат добра хемија со Морган Фримен.

    Приказната не ми беше нешто посебно грозоморна, веројатно да сум го гледала филмов кога излегол, кога немаше да имам изгледано епизоди и епизоди од criminal minds би ми било многу повеќе потресително. Ама за тоа време и те како интригантна приказна за сериски убиец. Кевин Спејси и така ми е благо одвратен и затоа ми беше одличен во улогата на убиецот. Си има некоја така морбидна жичка човекот.

    Со ова се согласувам, никаков друг крај немаше да ми биде задоволителен.
    И јас би го убила во тој момент. Со пиштол во рака, убиецот на твојата жена клечи пред тебе и ти кажува дека била трудна, а нејзината глава е испорачана во кутија. Бенг бенг и тоа е тоа. Да, се докажа поентата на Џон, ама тоа е човечката природа, инаку не би ни постоеле смртни гревови.
    Се жени со Анџелина Џоли, имаат куп деца и си живеат среќно до крајот на животот.:D
    Ми се допаѓа филмчето во режија на @Madam-A, и јас така би играла. :)

    Ќе поставам анкета да се гласа до понеделник таман, додека се дискутира овој филм.
     
    На jovanovska94, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  2. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Se7en - Седум
    Еден од најдобрите трилери, дело кое го обележа, го трасира патот на успешната кариера, нешто по што стана познат и препознатлив, еден од најдобрите режисери на денешницата маестралниот Дејвид Финчер.
    Сомерсет(Морган Фримен) - искусен детектив, предан на својата професија, на залезот на кариерата, на само неколку денови пред пензионирање, добива задача, случај на мистериозна смрт, во меѓувреме доаѓа неговото засилување, партнер со кој ќе работи заедно на случаите кои следат. Неговиот партнер Милс(Бред Пит) е млад, релативно неискусен, детектив од провинција, желен да се докажува, да гради успешна кариера, учејќи од стариот искусен лисец, уште на самиот почеток и покрај малите почетнички знаци на недоверба предизвикани пред се од некоректниот настап и провинцијалистички арогантениот однос на Милс, нешто што успешно го сфаќа и потполно го разбира искусниот Сомерсет, помеѓу нив двајца може да се почувствува таа взаемна енергија, флуид кој постои, иако спротивни како карактери едниот искусен, методичен, истраен, студиозен, другиот ( Милс) брз, избувлив, површен, сепак тие наоѓаат заеднички јазик, помеѓу нив почнува вистински партнерски однос на меѓусебна доверба што ќе се покаже клучно во понатамошниот след на настаните. Сомерсет свесен за неискусноста на неговиот партнер Милс се обидува да му помогне максимално, да го изведе на правиот, вистински пат, да го внесе во колосек, тоа го прави во случајот кога станува свесен за причините и мотивите на серискиот убиец, ја открива намерата, истрагата ја започнува во вистински правец, од моментот кога заминува во библиотеката каде ги открива причините од каде серискиот убиец ја црпи инспирацијата за неговите убиства, сето тоа добро срочено во плико му го остава на неговиот партнер на бирото,
    покажува колку е битна, важна, меѓусебната соработка, тимската уиграност за постигнување на успех.
    Улогите на главните актери се повеќе од задоволителни Морган Фримен како и секогаш, одлично го портретира ликот на стариот, искусен, студиозен детектив Сомерсет, Бред Пит на задоволитенлно ниво го доловува ликот на детективот Милс - млад, неискусен, желен за напредок во кариерата, Гвинет Палтроу иако кратка улогата и е сосем солидна, вистински погодок е Кевин Спејси кој е измислен за улогата на ладнокрвен, психопат убиец, кој како и секој сериски убиец остава зад себе трага, знак, по кој ќе биде познат, запамтен во историјата, тој го покажува психолошкиот профил на сериските убијци, кои сакаат да останат запаметени по своите монструозни дела, нешто што нив ги прави горди, среќни, исполнети, тие тоа го прават од страст, убиваат водени од тој нагон, деструктивен порив, со кој се обземени.
    Музиката тензична, компатибилна, соодветна со настаните и дејствијата кои следат и се одвиваат во филмот, кинематографијата одлична.....
    Филм кој ги обележаа 90 те заедно со култниот Кога Јагнината Ќе Стивнат на режисерот Џонатан Деми со неповторливиот Ентони Хопкинс, љубителите на овој тип на филмови како квалитетни предлог филмови со слична тематика можат да ги погледнат
    Kiss the Girls (1997) со Морган Фримен и Ешли Џад во главните улоги, Zodiac (2007) исто така филм на Дејвид Филчер но за разлика од Seven, Зодијак е снимен на вистински настан, филм кој најверојатно ќе биде следниот на листата за гледање нареднава недела.
    Еден од најдобрите филмови во 90 те години, дело кое значеше молскавичен скок во кариерата на Финчер еден од неговите најдобри филмови.
    9.5/10









     
    Последна измена: 18 декември 2015
    На jovanovska94, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  3. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Точно е тоа, ова најповеќе кореспондира со моето мислење и став кој го имам дека некои филмови уште од самиот почеток најавуваат, навестуваат дека се работи за нешто посебно, вредно, исклучително, тоа е тоа чувство кое ти овозможува да процениш дали филмот е квалитетен, но тоа немора да биде универзално правило и да важи за сите филмови, на филмот треба да му дадеш шанса, на почетокот може да биде бавен, спор, неинтересен, депресивен но во понатамошниот тек да добие на квалитет и на крајот да бидеш импресиониран од самото филмско остварување.

    Ми се допаѓа тоа што Лејди Феникс посветува и посебно битно забележува вакви детали, тоа покажува колку внимателно, концентрирано била фокусирана на секој еден детал, секој елемент во филмот, секоја чест Лејди, со уживање, посветеност, страст ги гледаш филмовите и со големо нетрпение очекуваш да дојде денот кога ќе ја напишеш рецензијата а и ќе ги прочиташ останатите критики на темава од другите активни членови.

    Сакам да го дополнам моето мислење во врска со филмот, посебно неколку сцени кои не се споменати од останатите дискутанти, ликовите кои мислам дека треба да се споменат а не ги истакнав во мојата рецензија за филмот.
    Бред Пит (Милс) го истакнува својот талент за глума - тоа може да се забележи во неколку моменти, сцени, каде блеснува, сцената кога разговараат на заедничка маса со Сомерсет (Морган Фримен), Трејси (Гвинет Палтроу) и одеднаш доаѓа до потрес, предизвикан од возот во метрото кое се наоѓа непосредно до нивниот стан, момент на излив на лутина кај Милс и Трејси од измамата на нивниот агент за недвижнини кој му го продал станот а за тоа воопшто не ги информирал, неколку секунди подоцна таа случка се трансформира, предизвика момент на смеење кај присутните, Бред Пит во двата случаи мошне успешно ја доловува фасцијалната експресија на двата моменти. Друг момент на одлична експресија на бес, лутина е кога Милс го брка новинарот папараци на скалите. А всусшност тоа беше серискиот убиец, јас во тој момент бев сигурен, убеден, имав чувство баш дека тоа е тој, што се потврди во понатамошниот тек на настаните. Сцена која ми остави впечаток и во која Бред го демонстрира својот талет е и таа во која Џон До (Кевин Спејси) му се обраќа на Милс со зборовите јас ти го спасив животот, од мене зависеше твојот живот, алудираќи на мигот кога го става пиштолот на слепоочницата на Милс и не одлучува да го повлече орозот ) на што Милс (Бред Пит) реагира со излив на лутина бес кој мошне успешно, уверливо, мајсторски го прикажува на филското платно.
    Ми се допаднаа сцените кога Трејси го повикува Сомерсет на телефон да договорат средба, Сомерсет изненаден за причините, мотивите, прифаќа со резерва, Трејси му соопштува на Сомерсет за нејзината бременост за која не знае Милс, таа од него бара татковски совет, како да се однесува, како да постапи, и што да направи во таква ситуација.
    Филмот е класика и нема причина да не му се допадне на потенцијалниот гледач, го споредуваш со Пила, точна е твојата констатација дека нема споредба помеѓу овие два филмови, огромна е квалитативната разлика, со Севен може да се споредува, да се стави на исто ниво, рамниште, единствено филмот Кога Јагнината Ќе Стивнат, двата најдобри од овој жанр, иако ќе кажам мое субјективно мислење, впечаток, за нијанса Кога Јагнината Ќе Стивнат ми е поадреналински, потензичен, понапнат, има повеќе неизвесност на одредени моменти, повеќе се соживуваш со ликовите, за тоа најзаслужни се според мене маестралниот Хопкинс кој останува запаметен во историјата на кинематографијата со својата неповторлива улога во која се надмина себеси и за која освои оскар - улогата на култниот лик Ханибал Лектор, и Џоди Фостер во улогата на ФБИ инспекторот Кларенс која му парираше подеднакво добро на Хопкинс, но не помалку важно е да се истакне и флуидот, хемијата која постои помеѓу нив за да биде впечатокот комплетен.
    На крај збор два да кажам за филмот(мое индивидуално мислење со кое не мора секој да се согласи) Легенди На Есента, убав, топол, романтичен, пријатен, за гледање филм, најдобриот адут, впечаток на филмот е Кинематографијата која е феноменална, таа ги засенува сите останати елементи, и ги пополнува празнините во сценариото, режијата, актерските перформанси, откако ќе се изгледа, се добива впечаток дека сте го гледале најдобриот филм на сите времиња, тоа е тој магичен елемент, ефект на феноменалната кинематографија за која John Toll го освојува својот прв оскар 1995 година, за да наредната 1996 година повторно е добитник на оскарот за најдобра кинематографија за филмот Храбро Срце со Мел Гибсон во главната улога, кој му е втор освоен оскар во неговата досегашна, успешна, плодна, кинематографска кариера.
     
    Последна измена: 19 декември 2015
    На jovanovska94, Trnche, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Навистина е така. Секогаш сум имала „чуден“ вкус за филмови и додека оние со кои сум се дружела гледале или некои тинејџерски комедии, романтични комедии, хорори и слично, јас гледав посериозни филмови и немав со кого да дискутирам.

    Тоа се смени кога се најдовме со мојов, па уште со сличен вкус за филмови, но некако не е доволно.

    Кога се зачленив на форумов и откако живна темава, не можам да се наситам од анализирање на филмовите што сум ги гледала. Мислам и пред да ја активираме оваа тема, редовно пишував долги рецензии во Последен филм што го гледав... Едноставно, сакам со повеќе луѓе да ги коментирам сите можни детали и чувствата кои некој филм ги предизвикува кај мене.

    Инаку, би било добро да дадеш некое кратко мислење во врска со поставените прашања во однос на филмов: моите „што би било кога би било“ прашања за Милс и Сомерсет по убивањето на Џон До и прашањава на Бендер:

    Сигурна сум дека ќе имаш интересни одговори. :)
     
    На jovanovska94, Cka, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не го коментирам Se7en иако е дефинитивно еден од моите омилени филмови, со тројцата омилени глумци, со беспрекорно сценарио, ама од 95та, мајку му, шо е следно Grease? :( Сори, не сакам да се мешам, ама појаки се емоцииве од прстиве. :)

    Дојдов да искоментирам за крајот. :) Прво, @Lady Phoenix седмиот грев е одмазда. Второ, кога го гледав прв пат филмот како дете, овие работи не ми беа толку фасцинантни, ама после тоа како посттинејџерски ум, I was totally blown away од расплетот. Останав со ваква фаца на идејата на сценаристот :o, и секој друг крај би бил тотално промашување.

    Значи, Џон Доу, љубоморен на животниот стил на Милс, извршува смртен грев и знае дека одмаздата е неминовна. Глумата на Кевин Спејси и Бред Пит со Морган Фримен од страна како ги моли двајцата да престанат во таа последна сцена е можеби една од најдобрите евр. Емоциите на Милс се толку реални, лудоста на Џон Доу е толку ебано реална, стравот на Сомерсет од ново убиство се гледа, вришти... тоа е совршеноство на уметноста филм. :)

    Исто така, читав за убиството на дебелиот од @Madam-A и дали тоа треба да биде смртен грев. Секако. Тој смртен грев се вика Gluttony, или ненаситност во храната и треба да ја симболизира човечката ненаситност од скромност во секој поглед. Знаете дека христијанството во својата основа пропагира одрекување од земните задоволства, а храната дефинитивно е една од нив.

    Кога би размислиле како денес смртните гревови функционираат, може да се каже дека е време за армагаденот, односно судниот ден, бидејќи апсолутно сите гревови се дојдени до својот максимум. Тоа е всушност и основната поента на Se7en, светот е отиден по ѓаволите, во бестрага и тоа никој не го есапи, па Кевин Спејси како Џон Доу сака сам да ги земе работите во свои раце и да казни, но сфаќајќи дека и сам е дел од смртните гревови, решава и себе да се убие како невреден за реалноста.
    Една од причините заради кои го обожавам Кевин Спејси е набрзо улогата во Американ Бјути, само неколку години покасно, кога истата тема на малку по лајт начин ја игра можеби уште посовршено. Типот е едноставно кажано генијален.

    Кога веќе се распишав... :dance: да видиме кои од смртните гревови ги правиме и самите денес?

    1. Lust (сексуална претераност) - само на форумов сите ние мажени, женети, со дечковци, знаејќи дека ги повредуваме упорно кокетираме, флертуваме за да ја задоволиме lust-а. А во кафич со конобарот, а срамежливиот поглед на соседната маса, а не дај Боже нападниот згоден другар на другарка на некој роденден кога сме поднапиени... ехееееее сите тие валкани мисли пред и потоа.
    2. Gluttony - Жив и здрав да е Вили и Седмица (колку иронично у приказнава) и нивниот помфрит, заедно со моите екстра 10 килограми и холестерол кои веќе не се сметаат за страшни, тук за нормални.
    3. Sloth (мрзливост) - сега популарно наречен прокрастинејшн. Дури и кул збор е измислен по овој смртен грев. Реално, мрзливите луѓе џабе го трошат времето на земјава дадено од Бога... пошто нели збориме за гревови.
    4. Greed (алчност) - кој од нас не посакува повеќе пари или поголема слава или што и да е повеќе од животот? Има ли некој задоволен? Еден во 100 илјади. Ужас.
    5. Wrath (гнев) - ова е секојдневие каде и да излезете надвор од дома, па и дома. Имате толку многу агресија на секој чекор во општеството, што навистина посакувам Содома и Гомора да ни се случат и да завршиме со сета таа лутина кон СЕ.
    6. Envy (завист) - ние Македонците за ова знаеме најдобро. Да му умре козата на комшијата. Не е битно дали ја сум успешен, ама пријателов не смее да биде поуспешен од мене. Сите негираме дека е така, сите го чувствуваме барем за една личност.
    7. Pride (гордост) - ама енглезите pride го доживуваат малку пренегативно и прешироко, ние би го нарекле освета за доброто на муабетот. А фала Богу, не знам дали има уште луѓе денес кои не сакаат да вратат за лошото кое им било сторено кога биле повредени нивните чувства.
     
    На jovanovska94, Trnche, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Captain-Omni, знам дека имаш голем мерак да ми се спротиставуваш, ама од каде ја откопа одмаздата како последен грев, а овде подолу убаво си ги набројал сите 7? :lol: Или јас нешто не те разбрав. :?:

    Друга работа, pride ако се преведе како горделивост у смисла нос кренат у облаци, а не гордост, можеби повеќе ќе добие на негативна конотација.
     
    На boomsleng и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  7. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Ќе се обидам да дадам свое размислување на прашањата поставени од твоја страна?
    Сомерсет се пензионира, беше на крајот на неговата кариера, води мирен пензионерски живот, голем дел од своето време особено летниот период поминува надвор од градот, подалеку од големиот метеж, во вилата, (се занимава со одгледување на зеленчук на мала површина за релаксација) друштво му прави куче кое го зема и многу го засакува, сануваат огромни пријатели, дел од времето со своето куче го поминува покрај реката во непосредна близина каде рекреативно рибари.
    Откако против него не е покренато обвинение, е ослободен, Милс одреден период поминува низ тешки мигови со цел да го преболи огромниот стрес на кој беше изложен, има повремено флешбекови од траумите од минатото но сепак успева да се избори, да преовлада свеста кај него, да издржи, да не си го одземе животот, иако такви мисли поминуваа повремено во неговата глава.
    Милс по поминување на одреден период на боледување, отсуство, се враќа на своето работно место, освежен, со елан во решавањето на случаите кои следуваат, останува во контакт со Сомерсетс, се слушаат, повремено се посетуваат, Милс бара совети, се консултира со искусниот лисец Сомерсет за некои од потешките покомплицираните случаи.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  8. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Точно е тоа дека Џон До добро го процени ликот на Милс кој е брз, емотивен, избувлив, и баш него го избра да биде тој кој ќе го предизвика да го убие, како резултат на гневот инициран од убиството на неговата сопруга Трејси.
    Сомерсет како искусен, предан полицаец, мошне успешно се вклопи во приказната и ја започна истрагата во вистински правец, тој и без помошта на Милс успешно ќе го решеше случајот, Сомерсет му помогна на Милс уште од самиот почеток, го извади на вистинскиот пат, во вистински правец ја започна истрагата, му влезе на убиецот во трага, ги откри неговите причини, инспирација, и мотиви за убиствата.
    Мислам дека во таков случај Сомерсет немаше да го убие Џон До, Џон До немаше алатка, инструмет со кој би го предизвикал гневот на стариот, искусен лисец Сомерсет и би го навел на такво нешто.

    Да се осврнам и на дел од дискусијата на Капетан Омни, кој си има свој начин на индивидуално расмислување и толкување на филмот, приказната, интелегентен начин на толкување и видување со нешто што денес се случува во реалниот живот.
    Тоа што некој прави некој "грев" условно да го земеме прејадувањето (прикажано со првиот случај на убиство во филмот) тоа не му дава за право на никој, ама на никој, да ја земе правдата во свои раце, затоа што по кажувањето на Џон До тоа било голем грев и тој човек не заслужувал да живее бил "штетник".
    Ликот на Џон До е лик на класичен, психопат убиец, кој наводно, самиот така си замислува, дека убива за повисоки цели, дека тој е тој лик, избран да го ослободи светот од оние кои прават некаков грев, се штетници, а всушност самиот тој е најголем штетник и зло
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Не. Зодиак. :lol:
    Мачор не дигај паника, еве напредуваме кон 2007 овај пат. :D. И да си спремеш предлог филмови за следна недела!


    Убава анализа си направил за преносното значење од Човечката ненаситност (y) , ама посебно ми се свиѓаше рефлектираноста на сите божји заповеди врз нашето секојдневие што ја имаше напишано. (highfive)

    Додека сме тука....
    :*

    [​IMG]
     
    На LivingGlam, 1209, Captain-Omni и 3 други им се допаѓа ова.
  10. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Да се надополнам во делот на прашањето на Бендер во врска со навлекувањето на гневот на Милс од страна на Џон До, во претходното излагање испуштив еден детал кој мислам е битен а тоа е во кога на скалите Милс со голем бес, лутина го брка папарацото - кој всушност е Џон До - серискиот убиец, од тој момент Џон До е одлучен, решен Милс да биде тој кој ќе го предизвика да ја изврши неговата егзекуција, друг елемент кој оди во прилог на сето ова од мигот од кога Милс станува таргет, цел на Џон До - студиозно, етапно го анализира секој дел, елемент од неговиот живот, доаѓа до информации за неговата жена, каде живее, нема тука ништо случајно се е добро планирано, организирано и оди, тече според сценариото на Џон До, друг детал кој мислам дека е многу важен да се истакне е кога Џон До споменува дека добил информации од извори внатре во полицијата за да дојде полесно до Милс(тој факт укажува и потврдува дека внатрешни извори за пари потплатени, корумпирани одаваат битни информации кои можат да наштетат на истрагата, тие кртови постојат и се присутни и денес насекаде и во секој дел од светот кои оневозможуваат успешно спроведување на голем број планирани акции, за неутрализирање и успешна борба со разни облици на криминалитет) Дополнително нешто што оди во прилог на фактот (веќе според мене не е теза) за изборот на Милс од страна на Џон До е и тоа што тој цело време во колата додека се возат на договореното место каде ги носи, го провоцира, го иритира, го предизвикува гневот, бесот, ги разгорува емоциите на Милс.
    Во врска со забелешката за годината на филмовите, можам да кажам дека скоро сите досегашни филмови беа врвни, ремек дела, класици, не значи дека ако филмот е од 95, 2002, 2007, или било која година е неквалитетен, овие филмови го издржале тестот на времето, станале класици, безвременски и колку пати и да се гледаат секој нареден пат стануваат подобри, поинтерсени, тоа би било нешто како добро вино, колку постаро толку подобро, поквалитетно. Ја прифаќам забелешката на Капетанот Омни, предлагам да гласаме за филм кој ќе биде предложен од член кој не бил досега гледан, досега ги гледавме ги изгласавме предлозите на Бендер, Лејди Феникс, би било добро да изгласаме филм од другите активни членови предложен, на таков начин да го испочитуваме било тоа да е Омни, Мадам А, Јовановска, Јас или било кој друг член.
     
    Последна измена: 21 декември 2015
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    И? според вас беше ли Артур? :wasntme:

    Јас мислам дека да. Да не беше според вистинска приказна може ќе си ја одврзев фантазијава ама вака ги прифаќам доказите и тоа е тоа.
    Немам нешто многу да прокоментирам за филмов или можеби пак дека ми се спие, па не сум расплинета во размислувањава.

    Во врска со кастингот, што некако ми е неодминлив за коменатар морам да пишам за Џејк два-три збора. Го сметам за многу зрел актер. Од него многу очекувам во кариерата и не би ме изненадило да закачи некој оскар наредниве години. Од што толку многу ми се сплотува со ликовите кои ги глуми и покажува колку е способен, колку и да има мутавка фаца, ме влажни. Остатокот од екипата беше исто така на ниво, и не би се задржала повеќе на другите карактери, освен тоа дека интересно ми беше тоа што и малечките улоги на небитни ликови беа делумно познати актери, па додека си ги гледав си викав: :o ЕЕЕј, кој глумец! :lol:
    Во однос на режија, мислам дека беше океј. Ништо бомбастично и далеку од лошо. Ми се свиѓаше прешалтувањето на сцените ( пример со коктелите, од невино дегустирање во правење куфер) и прескокнување на небитни моменти во приказната кои заштедуваат на време.

    Друго, во сцената на крај на ресторанот, кога инсперктор Марк му вели да ја напише книгата му рече: easy, dirty harry, проверив дека е филм од тоа време, ама мене таа информација ништо посебно не ми значи. За истиот тој филм имаше и постер од киното кога искочи инспекторов на цигара и коа отиде Џејк да си поумабетат... зошто dirty harry влага во комбинација?

    Толку од мене за сега. Утре пак ќе се вратам откако ќе проверам што има нетот да каже... зашто баш името Зодијак, дали стварно беше ради часовникот од мајка му? и тд, и тд.

    Реплика(и) на филмот: :rofl:
    X. Do you mind people call you retard?
    J: nobody calls me that.
    X: right

    за 3 секунди покасно да следи муабетот
    J: do people call me names?
    R: you mean like retard? No.
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Јас дојдов да потсетам дека треба да се прави нова анкета, а за да си го завршам монолот ќе се навратам кога ќе ја довршам и домашната со гуглање.

    Од мене предлог нека биде Birdman, ланскиот оскаровски. Една година се спремам да го гледам, и некако не можам да се наканам зашо трејлерот не ме ќарува, па ако го дојде на дневен ред тука, можда ќе ја завршаам и таа работа да не ми тежи више :) .
    А кога сме кај Џејк, може еве и Prisoners исто да дојде предвид.

    Ако нема други нови предлози, предлагам да се стават некои претходни што биле блиску со гласови до избраниот. Пример eве ми текна на Ilusionist од претходната недела. Исто знам дека имавме еден обид за европски филмови каде колку што се сеќавам го избравме најнеевропскиот, па може да вратиме некои од нив, а исто така може некои од македонските да ги бираме.
     
    Последна измена: 25 декември 2015
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Madam-A, јас го изгледав филмов, ама искрено не знам што да напишам. После толку добри филмови, овој ми дојде некако млак, башка и вистинска приказна, па нема нешто многу за дискутирање.

    Очигледно филмов не ме фасцинираше како првиот пат кога го гледав. Траеше, според мене, предолго, но добро, не ми беше досаден. Џејк Гиленхал е јак глумец според мене, имам еден интересен предлог-филм со него - Source Code од 2011 година, нормално ако не ви е неодамна гледан или ако нема некој против. Филмов е од 2011. Иако, може да дојдат и други филмови во предвид, сега излегоа на торент, само не знам титлови дали ќе има: Legends со Том Харди каде ги игра браќата Клеј, англиски мафијаши од минатиот век; The Lobster, The Hateful 8 и слично. Тоа се се' нови, на задоволство на Капетанот. :)

    Да се привратам на Зодијак. Мислам дека освен заради часовникот, го нарекоа Зодијак и поради кодовите во шифрираните пораки што ги праќаше. Таму имаше е хороскопски знаци, ако не се лажам. Марк Рафало беше ок, му стоеше улогата. Роберт Дауни - ѕвер, секаде е ист. :D

    Во една прилика рекоа дека се појавиле и copycats, така да нешто ми кажуваше дека еден од убијците може да биде и оној creepy чика што имаше подрум во Калифорнија, полн со филмски ленти.

    Не знам, мислите ми се хаос, а не знам што да пишам, искрено. Полицијава се напати, медиумите направија хаос, немаше никаква соработка помеѓу едните и другите, си делуваа секој за себе, случајот најверојатно го реши еден карикатурист и писател... Крш. Се гледа дека во тоа време не биле воопшто организирани.

    Само се прашувам чиј беше отпечатокот кој не можеа да го идентификуваат? Од убиството на таксистот.

    И тоа. Не сум многу за Birdman, многу ме одбива и мене трејлерот, а и Мајкл Китон не го сакам. :| Може да се рециклираат претходни предлози, се сложувам и јас.

    Толку од мене засега. Ќе се приклучам ако има нешто интересно за дискусија. :beer:
     
    На boomsleng, Madam-A и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Прво, морам да кажам дека не сум некој фан на филмови правени по вистински приказни. Фразата „Life is stranger than fiction“ не ја признавам за точна и, со исклучок на Get Hard, кој навистина ми беше stranger и многу подобар од fiction (не можев да верувам дека приказнава е вистинска, од збор до збор), сметам дека реалниот живот е многу, многу подосаден и неинтресен. Затоа и гледаме филмови – за да се оттргнеме од досадното секојдневие.

    У секој случај, на Дејвид Финчер мора да му се оддаде признание – успеа да направи филм од речиси 3 саати, во кој практично ништо не се случува, за вистински сериски убиец, а сепак да не биде досаден за гледање. Тоа е дефинитивно умешност.

    За актерската екипа имам исто пофални зборови – на Џејк Гиленхал одлично му стои улогата на по малце аутистичниот карикатурист и генерално, мене он ми е добар глумец (односно, поише би рекол дека знае да избере добри филмови), ама за разлика од @Madam-A, не ме навлажнува. :D Роберт Дауни у секој филм се глуми самиот себе, односно воопшто и не глуми (сва среќа па у real life е закон, што значи дека е закон и у сите филмови), Марк Рафало ми е ОК, мада има нешто у неговиот глас (као да шепка цело време или да има ларингитис) што генерално ми смета кај него. Глумецов што го глуми Артур (кој и да беше), беше исто така доста добар – одлично го долови антипатичниот, sleazy карактер на pedo-bear учител.

    Пошто минатава недела го гледавме Se7en, ќе го искористам за споредба, за сличностите односно разликите меѓу фикционалните и реални сериски убијци. And for the sake of the argument, ќе претпоставам дека у Зодијак убиецот е Артур, пошто некако филмов недвосмислено не насочуваше у таа насока.

    Ако у Se7en имавме високоинтелигентен убиец, со многу инвентивни убиства, кој сакаше да докаже некоја своја поента и даваше критика на денешново општество, у Зодијак имавме класични убиства со сексуална конотација (сетете се, толку се концентрираше на убивање на девојките, што маживе му остануваа „недоубиени“), со random убиства, кои не беа ништо посебно.

    Повторно, у Se7en убиецот сакаше медиумско внимание за да ја пренесе својата порака за декадентноста на општеството на пошироките маси, додека Зодијак беше едноставно attention whore, кој како мало дете кое вика „Сакам внимание!“, присвојуваше и туѓи убиства и воглавно тресеше зелени и се брукаше со своите квази-мистични ramblings по медиумите.

    У Se7en инспирација на убиецот му се Библијата и писатели како Милтон, Данте и Аквински, а у Зодијак – некоја средношколска лектира со типче што лови луѓе место животни (фабулава е као епизода на Twilight Zone) и марка на саат кој му бил поклон од мамичка. ОК, ако ништо друго, барем за саати имал добар вкус.

    У Se7en убиецот го откриваат само благодарение на илегалното следење на библиотеките од страна на ФБИ, го заробуваат тек откако сам ќе се предаде и практично никогаш не го дознаваат неговиот вистински идентитет. Од друга страна, Зодијак не го фаќаат не зашто е нешто преинтелигентен (напротив), туку пред се, ради неспособноста на полицијата и преголемото учество на јавноста во целата ситуација.

    Ми се допадна моментот у филмов кој траеше само неколку минути, ама совршено ја отслика според мене главната причина зошто убиствата на Зодијак останале нерасветлени. Тоа е делот кога телефонски се координираат полицајците од различните области во кои се случиле убиствата. Значи, освен што главната работа беше мерење на кој има поголемо овластување (овластување е еуфемизам за пенис, да се разбереме), целата ситуација беше „Јебе луд збуњеног“ – криење и несподелување на информации, некоординираност и неинформираност.

    Друг проблем беше што медиумите му ги исполнуваа барањата без поговор. Освен што на тој начин му го хранеа егото и практично го охрабруваа да продолжи (keep up the good work, son!), огромното медиумско внимание насочено кон Зодијак предизвика да се појават голем број на copy-cats и wannabes, кои испраќаа писма у стилот на Зодијак, се јавуваа и претставуваа како Зодијак, итн.

    Најверојатно ова се должи на неискуството и на полицијата и на медиумите со вакви ситуации во тоа време, но релутатот беше едноставно too much information насочени кон полицијата, кои на крај, наместо да им ја олеснат, им ја отежнаа работата.

    И секако, можеби и најголемиот проблем, преголемото потпирање на графолошката анализа на ракописот на Зодијак, или да го употребам пофенси називот за оваа „наука“ – Questioned Document Examination. Денес графологијата се смета за псведо-наука (што значи, е на слично ниво со гледање на тарот карти и во кристална кугла), ама во 60-ите и 70-ите била користена како главна алатка за потврдување, односно отфрлување на осомничените во случајот Зодијак. Ако добро се сеќавам, рекоа дека околу 3000 осомничени биле отфрлени само врз основа на анализа на ракописот. Мислам, wtf? Полиграфот, кој е многу посигурна метода, не се признава на суд, ама затоа анализата на ракописот се земала као крунски доказ дека некој е, односно не е Зодијак. Како и да е...

    Интересен ми беше моментот што беше потребен еден опсесивно-компулсивен карикатурист да ги земе работите во свои раце, сам лично да ги разгледа доказите од сите убиства и да разговара со сите (нешто што ниту еден од полицајците кои работеа на случајов не го направи, пошто нели јурисдикција, овластување и големина на пенис) и конечно да направи некаква кохерентна слика за целиот случај.
     
    На Elena69221, 1209, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    А сега, question time!

    Мадам, како што веќе реков, филмов не ни остави баш премногу простор за двоумење дали е Артур или не е – све идеше у таа насока. Додуша, ми беше јак моментот кога пуштачот на филмови на проектор (проектор, проекционист, проектант?) рече – „А бе, ја ги пишував постерите“ и после го однесе Гиленхал у подрумот, каде што овој ги напуни гаќите. :D

    Иначе, мене у однос на Артур = Зодијак ми беа контрадикторни некои работи. На пример, Зодијак доволно е присебен да не остави ниту еден отпечаток и да си го смени доволно ракописот за да не личи на оној на Арутр, а од друга страна прави глупи пропусти како јавување кај адвокатон (или што и да беше) на 18-ти декември со реченицата Happy birthday to me! Ама ајде, тоа и ќе го сварам некако, го понел моментот, па му се испуштило. Ама изложувањето на целиот свој серискоубиечки master plan на колегата, па дури и на името Зодијак, ми беше некако преретардирано, дури и за Артур.

    Освен тоа, како успева да се воздржи од понатаму да убива? Не зборам за периодот кога бил у затвор за педофилија, туку после тоа. Нели сите могучи аналитичари, психолози и психијатри не учат дека кога на сериски убиец „ќе му тргне“, не може да запре со убивањата, се додека не го фатат, бидејќи тоа е компулсија, нагон, а не нешто што свесно можат да го контролираат. Повторно, ако збориме за Артур како Зодијак, ова ми е исто out of character за него – да покаже толкава самоконтрола и воздржаност.

    Башка, типот е и педофил и сериски убиец? Односно, сака да злоставува деца, ама убива возрасни (а не деца)? И плус успева да има и day job? C’mon, тоа ми е некако too much као за една особа, особено ако таа особа е Артур.

    Ја се слагам со онаа теорија која Гиленхал само ја нафрли – дека можеби постои повеќе од еден Зодијак. Зошто? У филмов не спомнаа, ама тетка Вики кажува дека од 37-те убиства за кои Зодијак преземал одговорност со своите писма, само 7 се потврдени како негови, за уште 5 постои сомнеж, додека за сите останати се смета дека тој не ги извршил, туку само се „закитил со туѓи перја“, односно нерешени убиства за кои читал по весниците.

    Еве ја мојата теорија:

    Артур можеби бил the original Zodiac, ама у целиот тој clusterfuck со медиуми, полиција, писма до весници, преземање одговорност за туѓи убиства и слично, можеби некој друг дошол на брилијатна идеја да си ја убие жената што го нервира и нејзниниот љубовник или да убие некого кој му должел пари итн. и, или да напише писмо у стилот на Зодијак до медиумите или да чека убиството да остане нерешено доволно долго, за да Зодијак самиот си ја превземе одговорноста за него. Да не заборавиме дека единствената алатка за верифицирање на писмата била графолошката анализа, а веќе утврдивме дека е далеку од прецизна и точна метода. Така да, сосема е можно некои писма кои не биле напишани од Зодијак да се потврдени како негови или обратно, некои од неговите писма да биле отфрлени како фалсификати. Сосема е можно и creepy типчето кое работело во киното каде се прикажувал The Most Dangerous Game и кој имал сличен/ист ракопис како Зодијак да го преебал комшијата чие куче лаело по цели ноќи и после да напишал „признание“ до The Chronicle у име на Зодијак. И така натаму. Сакам да кажам, колку и се да укажува на Артур, мене едноставно не ми е веројатно тој да е способен за сето ова – за дел од убиствата, можеби, но за сите – не.

    :o Мадам, како бе не знаеш кој е Dirty Harry? Под хитно да го гледаш, иначе ќе го номинирам за нареднава недела, па @Captain-Omni ќе биде принуден да ја напушти темава засекогаш, пошто филмов е од 71-ва :D. Иначе, понетата е што филмот е базиран врз убиствата на Зодијак, само што овде убиецот се нарекува Scorpio Killer. А Хари Калахан е, што би рекле loose cannon, и иако е полицаец, правдата ја спроведува по малце надвор од законот, т.е. прави се што е потребно за да го фати убиецот. Како и да е, филмов е cop film „ground zero“, врз основа на кој се снимени сите можни цајкански филмови потоа.

    П.С. Не ми кажувај дека не знаеш ни кој е Bullitt (од репликата на Гиленхал за Марк Рафало - „He wears his gun like Bullitt“).

    [​IMG]
     
    На boomsleng, 1209, Madam-A и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Go ahead, make my day и номинирај го Dirty Harry. Калахан е темелот на америчките џандарски суперхерои кои сабја не ги сече, куршум не ги бие и сармата место со мелено месо, со сецкана пршута ја јадат. :muscle:
    [​IMG]

    За Зодиак претпоставувате дека нема да коментирам, ама кога сум веќе тука, еве предлог да дадам, Victoria, one shot film е, или со гласот на Стив Мартин во Bowfinger - it`s cinema nouveau, од 2015 и има Yify хд снимка колку шо гледам, не знам дали е саглам, симињам еве.

    А сега, the Victoria dance... :dance:
     
    На do-re-mi, Madam-A и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Капетане, интересно делува филмов, не знам како ми промакнал до сеа. Башка и добра оцена има. И кога сме више кај out-of-the-box филмови, пред да заборавам, да предложам и ја еден кој подолго време се канам да го изгледам:

    Coriolanus - филмов е правен врз основа на истоименото дело од Шекспир, само што е сместен во денешницата. А интересното е тоа што иако се дешава у модерно време, дијалогот е на шекспировско-англиски.
    У режија на Ралф Фајнс, а улоги - он, Џерард Батлер, Брајан Кокс, Џејмс Незбит, од жени - Џесика Честејн и Ванеса Редгрејв.

    Од 2011-та е, па мислам дека ќе биде и по критериумите на Капетанот. Друго - сниман е у Белград, па има и некои српски глумци. Ако ви се бендисува, нека стои као предлог за наредната недела.

     
    На Captain-Omni, do-re-mi, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Прокрастинација? Да. Испаѓа дека сум таа. :tmi:
    Дека не му посветив додатно време на филмов, не му посветив...јер празници. Шта чу?
    Имам уште 20тина минути за да не прекршам правила, па да преминам на текстот.


    Не да не знам, појма неам. Никад чула.
    Јас слабо стојам со филмови од пред независноста на Македонија :wasntme: . И јас не сум љубител на стари филмови па не обеќавам дека ќе го глеам, ама ќе дадам се од себе. Еве ќе го симнам заедно со Илузионист, па можда и ќе дочека проекција :angel: .
    За да се изрезилам дополнително, кога веќе е спомнат, ќе ви се исповедам дека ич не го сакам Стив Мартин, па појма неам ни Eл Капитано што збори за интонацијата во постов пред мене :worried: . :angel: .

    патем, за постскриптумот: Ок, ако викаш да не ти кажувам, нема да ти кажам дека не го знам ни него... [​IMG]

    Maчор ај те молам да си испиташ холестерол после празнициве, ова пршутава излеа со голем замав те обзела периодов


    п.с. @Bender Rodriguez , и Coriolanus го симињам. Oсвен интересната замисла, ме ќари на музикава од трејлеров :makeup: , а и плус Џерард ми е симпатија :sun:
     
    Последна измена: 28 декември 2015
    На Captain-Omni, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Зодиак
    Тежок, напнат, мистичен, обвиен во магла како и самиот постер на филмот, со огромен број непознати, за кои е потребно огромно знаење, искуство, размислување, нешто на што се наведени главните ликови во филмот Пол Авери (Роберт Дауни Џуниор), инспектор Дејвид Тоши(Марк Рафало), Роберт Грејсмит (Џејк Гиленхал) и уште неколку личности кои се вклучени во разрешувањето на мистериозните убиства кои се случуваат во неколку помали места во близина на Сан Франциско во сојузната американска држава Калифорнија.
    Филмот се базира на вистински настан, што е плус и добива со самото тоа повеќе на вредност, значење и квалитет, еден од подобрите филмови со тематика на сериски убиства, Финчер повторно ја потврди репутацијата на врвен режисер, после Севен второ негово најдобро остварување од овој жанр.
    Филмот е доста тензичен и напнат, тоа може да се забележи, почувствува уште во првите неколку минути од мигот на првото убиство на паркингот кога серискиот убиец на брутален, ладнокрвен начин пука во младиот пар кој се наоѓа на состнок во својата кола, второто убиство на младите кај езерото, убиството на таксистот, но неверојатно тензична, адреналинска сцена е таа во која серискиот убиец и укажува помош на младата жена која патува со своето бебе, од моментот кога таа решава да влезе во колата на убиецот - кај неа преовладува, може да се забележи тоа чувство на нелагодност, несигурност, страв, напнатост, за да истото добие на тежина, се потенцира кога убиецот и се обраќа со зборовите дека ќе ја убие а бебето ќе го фрли низ прозор, кај неа во тој момент се јавува чувство на беспомошност, безизлезност а кулминацијата е кога избезумена на автопатот повикува на помош, таа сцена е една од највознемирувачките. Исто кака сцена која е доста адреналинска исполнета со многу неизвесност, тензија е кога Роберт Грејсмит (Џејк Гиленхал) заминува со личноста која се претставува дека го знае вистинскиот Зодијак во неговата куќа, од моментот кога влегува.во куќата, коверзацијата која ја водат, кога го прашува за ракописот на постерот, а посебно кога го повикува во подрумот да му се придружи, сета таа мрачна атмосфера, музиката, камерата која го доловува тоа чудно чувство дека нешто ќе се случи го подигнува кај гледачот адреналинот до небо.
    Профилот на серискиот убиец се совпаѓа со останатите сериски убијци, во ништо не се разликува, како што пишав и за Џон До во Севен така и за Зодијак тоа е личност која ладнокрвно ги убива своите мети - жртви, правејќи го тоа без никакво каење, тоа што го прави тој кај него предизвикува возбуда, задоволство, нешто што е сосема надвор од памет за секој нормален човек. Убиецот е желен за внимание, за публицитет, за јавност, поради тоа и го испраќа неговото прво а потоа и другите писма до редакцијата на познатиот весник во кој со симболи, знаци, на кодиран начин, комуницира со новинарите, полицијата, јавноста, на интелегентен начин си поигрува со сите кои се вклучени во истрагата, ги наведува во погрешен правец и доста добро му успева тоа се до оној момент кога сите индиции, докази од истрагата се вперени кон Артур Ли Ален(Џон Керол Линч). Полицијата во овој случај многу затаи и најголем дел од одговорноста отпаѓа на неа, не требаше да си дозволи таква некординираност помеѓу полициските станици и главните лица задолжени за истрага од различчните места на територијата на која беа извршени убиствата, тоа му одеше во прилог на убиецот, беше во предност, помудар, и секогаш чекор пред органите на прогонот. Не требаше многу за да полицијата дознае кој е вистинскиот убиец, постоеше сведок од првото убиство кој беше жив и кој всушност на крајот го препозна, го идентификува главниот осомничен Артур Ли, но по колку време? зарем на полицијата од првото убиство во 1969 па се до 1991 кога сведокот го идентификува убиецот и требаше толку време да го остави џелатот на слобода, да може да ги реализира своите монструозни планови. Ова и денес се случува во голем дел од органите на прогон низ целиот свет, кога поради грешките, непрофесионалноста, некоординираноста се затворени истрагите за голем број случаи.
    Улогите на актерите сосема солидни, Роберт Дауни Џуниор (Пол Авери) одлично го потретира ликот на новинарот кој ја започнува истрагата но за брзо време се повлекува, го напушта работното место, заминува на работна позиција во друг весник и од тогаш животот му оди во надолна линија, погрешен правец - целосно се посветува на алхохолот.
    Вистинско освежување е Роберт Грејсмит кого на феноменален начин го доловува и одигрува одличниот Џејк Гиленхал, многу добро му легна улогата на скромниот, аноминен, несигурен, збунет, цртач - илустратор во весникот, кој всушност е вистинскиот херој во целата приказна, тој уште од самиот почеток пројавува интерес за случајот, од страна ги набљудува сите настани, сепак тој е тој кој успева кога сите останати се откажуваат, креваат раце, се затвора истрагата, тој останува упорен, доследен, истраен, има чувство, поседува талент, знаење, решен е да ги открите сите детали кои ќе го идентификуваат главниот осомничен во што и на крај успева, сето ова укажува и покажува дека не треба да се потценуваат некои личности кои сите сметаат дека се некомпетентни во дадена ситуација што се покажува погрешно во случајот со Грејсмит. Одличен актер со огромен потенцијал и талент, има остварено неколку позабележителни перформанси во филмовите Кршен Грб Планина играјќи покрај одличниот Џит Леџер на режисерот Анг Ли, во Браќа играјќи покрај Натали Портман и Тоби Мегвајер, Изворен Код исто така добар перформанс на Џек заедно со Мишел Монаган, одличен филм, многу добри преформанси имаше во филмовите Затвореници и Nightcrawler (2014), дефинитивно еден од подобрите актери моментално присутни на филмската сцена.
    Ми се допадна улогата и на серискиот убиец Артур Ли Ален кој мошне уверливо го прикажува Џон Керол Линч.
    Марк Рафало добро ја одигра улогата на арогантниот, своеглав, некооперативен полицаец Дејвид Тоши
    Кинематографијата одлична, го доловува духот, тензичноста, мрачноста на филмот и настаните во него исто така и музиката е сосема на ниво со приказната како и одличната режија на маестро Финчер кој потврди и докажа за каков талент се работи
    Филмот е одличен ги оправдува очекувањата на љубителите на овој жанр и покрај неговата должина, така се конципирани настаните, случувањата да го задржат вниманието на гледачот до крај, еден од најмистериозните филмови снимени на база на вистински настан, и покрај индициите, доказите, кои упатуваат на серискиот убиец, главниот осомничен - Артур Ли, сепак на крај останува, лебди, преовладува тоа чувство на мистерија, нејасност, сомнеж дека нешто има необјаснето, неразјаснето, дека целиот случеј не е потполно чист
    Едно од надобрите филмски остварувања на Дејвид Финчер 9/10
     
    Последна измена: 28 декември 2015
    На Bender Rodriguez, Madam-A и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  20. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Да се осврнам на дел од дискусиите во врска со предлозите на филмови за гледање, секој си влече на своја страна, си го фаворизира и гласа неговиот филм, јас гласав за Слинг Блејд, друг за својот тн, имав предлог барем од секој член кој е активен да изгласаме еден негов филм на таков начин ќе го испочитуваме членот, мислам дека ова што го нудам е сосема во ред. Има филмови кои се предложени од членови како Омни кој преферира понови филмски остврувања, Викторија е солиден германски филм колку што можев да видам, ми остави добар впечаток од трејлерот, глумицата многу ми се допадна, доста е талентирана со голем потенцијал. Го има на Филмождери - сајт за гледање филмови он лајн со српски превод. Мадам го предлага Човек Птица минатогодишниот победник на оскарите, има уште неколку филмови понудени од другите членови. Неделава најверојатно ќе се гледа Илузионист кој има највеќе гласови филм многу сличен со Престиж на Нолан.
    Мадам сигурно си мислела на Стив Меквин во твојот одговор:D
     
    Последна измена: 28 декември 2015
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.