Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Ајде да го скршам мразот Значи до последните 10тина минути почнував да пиздам. Премногу гледани и експонирани ми се филмови како Taken прв,2ор,5ти,18ти дел. Ама се извади режисеров на крај некако. Потајно посакував да има нешто подлабоко во приказната. Сумљав на жената, на намерен план на дечките, на тој детективот црнецот, абе сите ги поминав... Излеа многу твистед-филмови гледам па забегувам со прогнозите. Ама добро, не погодив овој пат. И среќа. Не беше некоја си тешка приказна но да се посветам на неа: Сирот Николас (не запамтив како се викаше ликот ), не му дозволи на минатото да остане таму и го потопи Да не ги направел тие погрешни одлуки во минатото немаше со мувата на капата да се шета. Испадна, еднаш нечист. Никогаш - чист. Малку ми беше чудно што на дечкиве веднаш им текна да симулираат провала и киднапирање, кога нели изненада беше се и како тоа детективите не ја проверија нивната приказна со тоа што ќе видеа со каква сила е скршена вратата, траги од џонови и слични траги што сме ги гледале на цси... Од несреќен случај, се разврза ланец на настани кој потполно е реално можен имајќи предвид дека Николас не можеше да го рационализира моментот од една страна ради емоционалната болка која го фати неподготвен, а од друга страна од неговото минато со кое не си имаше расчистено. Спојлер Ај плс нареден филм да ни е психолошки некој, ми се зборат такви
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Супер тема Инаку филмов само што го изгледав.Не сум задоволна,очекував подлабока приказна.Барем да се извадија со акцијата,ама и таму беа просечни.И јас како Мадам А сумљав најмногу во жената, затоа најмногу со неа имаше сцени кој ме тераа на такво размислување за на крај да помислам дека и беа навистина бескорисни. Има поука дека на крај секој плаќа за своите постапки на ваков или на онаков начин.А во случајот ликот на Николас имаше многу за плаќање па заради неговата совест приказната отиде во друг правец. Сепак крајот беше непредвидлив.Но во секој случај штом не ги запомнив имињата на ликовите,знак е дека не ми го привлече вниманието.
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Jас не сум љубител на ваков тип на филмови од типот на Taken итн, ама нели сепак му дадов шанса.Не ми се допадна,иако Николас Кејџ имаше во главно добра глума, а и имаше доволно акција,но просечен е и предвидлив, од почеток се сомневав во точниот убиец Малку ми беа невозможни и нереални дел од настаниве, и филмов е од оној тип на филмови што дејствието на филмов ќе ви избледне во многу брзо време и ништо нема да ви остави впечаток.
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Ни поминува неделата посветена на Токарев. Повелете мои предлози за наредната недела, ставајте и ваши и да избереме нешто жестоко На овие ми текна сега, гледани ми се, ама ми се зборат ,и патем гарантирам за нив 1. source code : http://www.youtube.com/watch?v=NkTrG-gpIzE 2. looper: http://www.youtube.com/watch?v=2iQuhsmtfHw 3. best offer: http://www.youtube.com/watch?v=zJGleGyahC8 4. premonition: http://www.youtube.com/watch?v=3PfY_1wMfLo 5. adjustment bureau: http://www.youtube.com/watch?v=wZJ0TP4nTaE
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Јас уште некна го изгледав Токарев,ама заборавив да пишам критика Значи после толку филмови од Кејџ,уште се двоумам дали го сакам глумецов или ме иритира Филмот беше толку лошо изглумен,безвеза составен што едвај го догледав,чисто поради што не оставам филмови на половина. Почна добро,ама после се оплеска работата.Прво,не се поврзав со ликовите,изгледаа толку површни,да не ти изгледа како да страдаат,посебно кај жена му,која патем малку премлада за него ми изгледаше Секоја сцена каде што требаше емоции,Пол ги немаше,а другите каде што викаше како лудак ми беа неуверливи. И боже,типот убива еден куп мафијаши,на сред бел ден,а полицијата не прави ништо па и вика ние ќе средиме А крајот,беше тројна фејспалм,и ми докажа дека филмот врска нема Аа да,уште ова,која татко остава ќерка тинејџерка на која и вријат хормони,со двајца машки на кои исто им вријат хормони,па и му вика на едниот да ја покани на дејт Предлози за следен филм: 1.Homefront https://www.youtube.com/watch?v=tjSOj8b804U 2.Les Miserables https://www.youtube.com/watch?v=IuEFm84s4oI (одамна сакам да го гледам иако е мјузикл) 3.Stuck in love https://www.youtube.com/watch?v=ORKb_Vqbz9U Ај да удриме на романса,не мора се трилери
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Леле ова стварно Па татко да му е немаше толку да го штити. Прави ти покољ, нема врска Ќе беше убаво да речеме ако имаше нешто порано што ги поврзало за да се оправда тој началникот или што и да беше, ама вака... Ме пресмеа за ова да знаеш! И не се чуди, можеби се брзал за внуци да гледа
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Мене Taken ми се допадна ептен, ама Tokarev, некако ич не ми се допадна,посебно приказната на крај. Јас истата приказна поинаку би ја изрежирала. Инаку ги обожавам филмовите со Николас Кејџ. Homefront е супер филмче, Jason Statham ми е еден од нај нај омилените глумци па со него филмовите едвај ги чекам да излезат. Кој не го гледал може да го погледне. А го изгледа ли некој 3 Days to kill https://www.youtube.com/watch?v=yswZKfnmf7c - ептен е добар, посебно Кевин Костнер топ е овде.
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Tokarev (2014) - ах зошто ли не се откажав уште при првиот прекин, некаде до 15 минута. Филмот го гледав со три прекини, заспивав од досада. Ако некој не го гледал-подобро да не си го губи времето. Кејџ изгледа глумел само за пари, филмот беше катастрофа, ни сцена, ни содржина, ни ефекти, абе со Рамбо ми беа далеку подобри. И јас се посомневав во плавушата, само се лигавеше плачаше цел филм, иритираше. Ќерка му уште на почеток ја убија, полицијата го знае дека е поранешен мафијаш ама не можат да го фатат демек, сред бел ден пола град лом направи, толку автомобили искрши и го пуштија . Тие другарчињата на Кејџ беа мизерни и врска немаа од глума. Па тоа со русите им беше врв, убаво им кажа тој на врата-јас знам три јазика а вие глупи американци колку? Па и наредникот колку беше задоволен што убиле толку руси, абе ги направија русите најголеми криминалци. На крај па другаров ја убил ќерката, па Кејџ се самоубива со нож, со пиштол ќе му беше полесно и побрзо И кој му к*р тогаш мафијашка пресметка, која повеќе беше смешна отколку сериозна и опасна. Мислам дека филмот го режирал Обама или барем го финансирал, толку омаловажување на русите само тој може да исфилмува
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Не ни се погоди некако првенчево. Партал го напраивме филмов Туку што праиме сега со вториов? Ајде бирајте филмаџики! Мене ми е сеедно, веројатно повеќето од предлозите ќе ги гледам, така да од мене за секој има зелено светло, битно да се вергла после
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Ајде да го ставиме за гледање 3 Days to Kill и да видиме коментари. За разлика од Токарев мене овој ептен добар ми беше.
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Moжe и јас да се вклучам?! За Токарев комплетно го делам мислењето на Marossa. И мојата реакција на моментот "сама дома со двајца другари" беше иста. И што им требаше срцепарателната "самурај" сцена со ножот на крај...нејсе, првите 10 минути-добри беа. Мој предлог за следен филм е: Red Lights http://www.youtube.com/watch?v=7fPOplL8KTI Looper, The Adjustment Bureau, 3 days to kill, Homefront може да ги прегледам пак. Les Miserables е добар предлог.
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Eпа ајде Red Lights или 3 days to kill? Одлучете И би било убаво денес да падне договор за позафатениве членки кои сакаат да се вклучат да фатат викенд за да можат да го изгледаат.
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Ми го привлече вниманието Red Lights, го немам гледано.Гласам за него,додека 3 days to kill ми стои како нешто видено досега,но може и на него да му дадеме шанса наредната недела
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Meне red lights ми изгледа многу добро, и 3 days to kill не изгледа лошо.Ама јас мислам да смениме малку,зошто и минатиот беше акција, а red lights е психолошка драма/трилер/мистерија
Феминско (филмско) фоаје [ФФФ] - Tokarev Епа ајде нека биде red lights, според гласот на мнозинството од досегаизјаснатите. А и во интерес на времето да не должеме многу зошто ионака веќе доцнеме со изборот, па останатите предлози ќе чекаат реализација во следна прилика Туку, до кога ќе ни е фората за гледање? Една недела од денес (до петок) или до наредната среда?
Е ај да го гледаме Ред лајт, и мене трејлерот ми се виде интересен, и баш е добро да менуваме жанрови. Ај секоја недела нов жанр. Па следниот нека биде хорор, па после комедија па авантура. Баш интересно. Ама Мадамче мислам оти една недела е многу време за гледање. Дај на 3 или 4 дена да скратиме а?
Што е до мене може на 5 да намалиме Ама не знам на останатите како им одговара, зашо ете за Токарев имавме една недела па немаше нешто многу одзив Да не не стигаат? yo no se... Останати дами што викате? ПО КОЛКУ ДЕНОВИ ДА ДАВАМЕ ЗА ГЛЕДАЊЕ НА ЕДЕН ФИЛМ?
И јас мислам може на 5 да намалиме,секако едно филмче саат ипол е,може во секој период да се изгледа Додуша после колоквиумска,јас можам на ден да ги менувам А за филмот,Red Lights ми се допадна трејлерот,па добар е за оваа недела.
Може по 5 дена и тоа како, ама нешо слабо темава ...ајде да тераме вака по 7 дена, па летово (после сесии/екстерни и сл) може да намалиме времетраење