Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Е, људи. Искочија номинациите за оскар, што викате @RainBow да ја направи следната анкета со сите номинации? Ионака повеќето се предложени, за да запазиме ред, а тие што не се, да идат за следна недела, м? :)

    [​IMG]
     
    На Lella, Captain-Omni, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ми се допаЏа и се прифаЧа од моја страна. 8-|
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Madam-A им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Ете ја анкетата. И Соба до номинација стигнал? Ја читав јас книгата, некој просек беше и немав во план филмот да го гледам. Ама ќе го ѕирнам сега, да видам дали испаднал подобар,
     
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    @Lady Phoenix, @Jordanovska-K, ја се извинувам ако сум ви земал по некој збор од уста, ама беше појако од мене. Од друга страна, мило ми е што филмов ни оставил сличен впечаток, макар и да е негативен.

    Инаку, морам да признаам дека на музиката ич не обрнав внимание – дали дека имам кратко и селективно памтење, дали преовладаа другите негативни работи, па не успеа да ми дојде до израз – не знам.

    Гледаш, уопште не ми текна дека можеби филмов ја имал таа целна група на луѓе (да не речам, Twilight-fangirls), па можеби затоа не ни се допаднал – затоа што не ни бил наменет за нас као публика. Можно е да сме престари за филмов.

    Мојата теорија за Томас е дека он никогаш не ни бил толку луд по сестра му (и толку луд, генерално), туку дека е инфериорниот во нивната врска. Мислам дека идејата за убивање на родителите била на Лусил (а ако памтењево ме служи добро, и реализацијата – нека ме поправи некој ако грешам, филмов го гледав пред месец дена), како и идејата to take in to the next level нивната братско-сестринска врска и да заиграат заедно во Team Incest. Истото важи и за start-up бизнисот за заработување пари – со женење на Томас со богата и приглупа девојка, која после Лусил систематски ќе ја труе со чајчиња.

    Мене ми делуваше дека позади сите овие „генијални“ идеи и замисли стои Лусил (за која веќе реков дека е full-on psycho, без пардон), додека Томас само беше enabler и најверојатно имаше некаква совест која му кажуваше дека она што го прават не е во ред, само што немаше храброст да и се спротистави. Затоа што беше пичка у душа. А и како што вика старата добра пословица – If you can’t beat them, have sex with your sister.

    Тоа и мене не ми беше јасно, зашто дефинитивно меѓу ликовите на Томас и Едит (или глумците, не знам) немаше баш никаква хемија. Ако сакале ние, како гледачи, да поверуваме дека Едит е нешто посебна и поинаква од неговите претходни невести, дека се заљубил у неа, и дека љубовта кон неа конечно му дала сила да се спротистави на сестра му, тогаш тоа требаа некако да го доловат на екранот. Ама, такво нешто не видовме.

    Томас беше цело време резервиран кон неа – како што можеби и доликува на некој кој се оженил ради пари, а Едит беше како млада, неискусна селска мома, на која најбитно и беше конечно да го легне Томас и да дознае што е тоа секс, и дали е стварно толку добар као што викаат другите моми на селската чешма.

    Можеби тоа и беше клучниот момент на пресврт – кога Томас конечно имаше секс со некоја друга, која не е сестра му. Може тоа искуство му ги отвори очите и му ја даде мажественоста што му фалеше. Додуша, не – не сум у право. Нели едната од претходните жени му беше трудна? Што значи, ваљда и со нејзе општел (многу го сакам зборов). Ама па, може овој сексов со Едит бил толку добар, као некое life-changing experience. Не знам, ми снема идеи за изговори. Башка, и не знам зашто уствари се трудам да го оправдам филмов.

    Мадам, еве едно кратко клипче од Еди Марфи во кое е даден одличен одговор на твоево прашање. :D



    Ја не ставив предлог затоа што претходниве две недели имаше и повеќе од доволно интересни филмови дадени како предлози. Мислам дека прво треба да ги исцрпиме старите предлози (како Lobster, на пример или филмовиве што ги стави Лејди Феникс), пред да преминеме на некои нови. А секоја недела па да го ставам истиот предлог од прошлата и да се повторувам ми е малце без врска.

    Иначе, пред некој ден го гледав и The Hateful Eight, па ако сакате да ме слушате како го воспевам филмов и Тарантино (као промена од иначе вообичаеното мрчење), може и тој да влезе у игра.
     
    На boomsleng, Madam-A, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Морав на нешто да се фокусирам :worried:

    Шала на страна, тоа ми е како професионална деформација; без разлика каков и да е филмот - ако не е музиката добра - not my cup of tea :)
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Е па, ондак обавезно да го гледаш Hateful Eight - освен што е закон, има и музика од Мориконе. :)
     
    На Captain-Omni, boomsleng, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Seen 8)
     
    На Captain-Omni и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Мој предлог во разговор со една членка на форумов беше наредниов период да гледаме филмови номинирани за оскар. Оскарите се моја слабост, специјалност. Во наредниов период се до одржувањето на манифестацијата на доделување на најпрестижната награда во филмската индуатрија на планетарно ниво која се одржува на 28 февруари, предлагам секоја недела да гласаме и да рецензираме по еден филм кој потоа ќе биде надополнет со друг од номинираните во разни категории кои не се номинирани за најдобар филм, така до датумот на одржување на оскарите - доделување на наградите ќе ги изгледаме и рецензираме скоро сите филмови номинирани за оскар во најзначајните категории.
    Неделава гласав за Рум - Соба, филм кој е најсериозен кандидат за оскар во повеќе категории, вистинско освежување, нискобуџетен филм со одлична режија, сценарио, а посебно актерска екипа која бриљира Бри Ларсон дефинитивно го добива оскарот за најдобра женска улога - немам дилема - супериорна е во однос на нејзините конкурентки. Очекував номинација да добие и мојата фаворитка за оваа награда годинава Кери Мулиган бидејќи тоа го заслужи и докажа со својот маестрален перформанс во филмот Suffragette (2015), неправда кон Кери која се провлекува, повторува по втор пат, првиот пат тоа се случи 2009 година кога не го доби оскарот за главна женска улога иако беше најдобра, најубедлива во однос на нејзинте конкурентки таа година.
     
    Последна измена: 15 јануари 2016
    На IronLady и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Родригез брат, не знаееш колку сум се смеела на постот.
    особено на муабетов:
    и
    за самообраќањето овенчано со болдираниот заклучок:

    Е сеа, видиш, јас ова го испуштив. Што стварно испадна сеа? Знам дека е некултурно прашање, ама колку плеснал?
    Нели и сестрата кажа дека не гужвал чаршави со други? :?:
    Е знаеш што? Може од претходен брак да и било бебето на таа? Зашо еднаш оваа мутавава кога си праеше муабет со духовите и рече ТИ го убија бебето, у стилот на како да и вика дека е само нејзино.
    Добро спомна дека не ја доловија хемијата на екраните, затоа и сексот со Мутавата мислам дека не беше откровение. Како и да е, сето тоа придонесе за светлата страна на филмов што Локи ни го прошета малку голото газе, па не се бунам.

    Веројатно. :^)
    Eве ќе си земам за право да прокоментирам дека излеа недоволно ја обработиеле приказната. Али ако не друго барем мене визуелно ми изгледаше добро :bandit: .

    too bad we cant stay baby :rofl: .

    Како сакате... јас ионака веројатно ќе ги изгледам повеќето што ми останале, така што сеедно ми е мене 8)
     
    Последна измена: 16 јануари 2016
    На Jordanovska-K, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  10. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Бендер, брате, си го изрешетил филмов, сега се сомневам дали десетката која му ја доделив ја заслужува. :D

    Инаку, бебето е на Томас и Лусил.

    Самата Лусил го задушила бебето, бидејќи не можела да го издржи неговото плачење.

    Минатото не е добро обработено. Можело сето тоа поубаво да се прикаже, подобро да ја објаснат врската помеѓу братот и сестрата.
    Кога бил мал, Томас бил малтретиран од неговиот татко, бил сметан за големо разочарување.
    Мајка им не им обрнувала многу внимание, ги затворала да седат во соба. На Лусил не и дозволувале да комуницира со никого, дури и со слугите во куќата. Еднаш кога мајката ја видела како спие во собата на една од слугинките, веднаш ја отпуштила од работа.

    Се изначитав за филмов и тоа многу. Не знам каде пронајдов дека пеперутките и молците, всушност ги претставувале Едит и Лусил. Пеперутките биле нежни, исто како Едит, а молците биле мрачни.
    Кога камерата била насочена кон Едит, тогаш зад неа имало светлина, а Томас често бил во сенка.

    И уште нешто. Имам голема замерка за Едит. Лошо беше прикажана. Цел филм повеќе ме интересираше што се случува со психопатката, отколку за "главната хероина".
     
    На Jordanovska-K, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Crimson Peak

    Филм кој го задржува вниманието од почетокот до самиот крај. Филмот започнува со Едит Кушинг (Миа Вашиковска) во бел фустан со крвави раце, сцена која е мистична, морбидна, магична, бајковидна, поетична, уметничка, фантастична, сцена која го најавува почетокот и самиот крај на филмот. После смртта на нејзината мајка која умира од колера, на чинот, погребот, таа траорна, мрачна атмосфера која преовладува на почетокот на филмот, го доловува духот, содржината во неговиот понатамошниот тек.

    Едит е девојче поразлично од останатите, има способност да комуницира со духови нешто што многу и помогна во клучните,пресвртни животни моменти, таа надприродна моќ која ја поседува во кое ни самата на моменти не може да поверува дека сето тоа е реално, вистинито, убедена е дека е тоа само сон, плод на нејзината имагинација, фантазија, тие совети, гласови, духот на нејзината мајка од која е смртно преплашена како 10 годишно девојче во ноќта кога ја посетува и и укажува на нешто што ќе следи во иднина, на што треба посебно да внимава а тоа е Крвавиот Врв што се покажува точно во понатамошниот след на филмот и настаните во него. Едит покрај таа надприродна способност, поседува и талент за пишување, е девојка која верува во искрена романтична љубов,, што се покажува и потврдува откако го запознава и за прв пат среќава Томас Шарп (Том Хидлестон), таа на прв поглед се вљубува во манипулативниот заводник (кој има во почеток други намери кон неа, но подоцна искрено се вљубува ја засакува вистински, од срце) со тоа таа покажува и докажува колку е искрена, наивна, чиста невина душа, олицетворение на доброто.
    Живее во ќуќата со својот татко кој е посветен на нејзиното воспитување, исклучително внимателен и грижлив родител кој му посакува се надобро на соето чедо, од моментот кога го запознава Томас Шарп, Картер Кушинг (Џон Бивер) е резервиран, нешто не му се допаѓа кај Шарп, има некое чувство, внатрешен глас, кој му укажува дека тој човек е нечесен, дека има задни намери во што се уверува откако ангажира детектив - личност кој ќе го истражи мрачното минатото на Шарп и неговата злобна сестра Лусил (Џесика Честејн), по што ги повикува и им дава ултиматум да заминат, му советува на Шарп засекогаш да ја напушти Едит, да најде начин да и го "скрши" срцето, да може да го заборави за понатаму да продолжи со својот мирен живот. Картер Кушинг и покрај својата желба, намера, одлучност која ја демонстрира кон двоецот Томас и Лусил, својот протекционистички однос за доброто на неговата ќерка, ни самиот не е свесен и не може да поверува до каде може да одат со својата злоба, намери, цели кои ги имаат поставено Лусил и нејзиниот брат Томас Шарп, да направат се за да ги реализираат своите монструозни планови.

    Откако им се испречи на патот до реализација на нивните планови тие одлучија да го ликвидираат Картер на мошне брутален начин со свирепо убиство додека се бричи во неговата бања.

    Откако Едит одлучува да замине со Томас и неговата сестра во нивната куќа, во тоа рустикално мрачно место, за неа почнува - тргнува животот во пеколен правец, уште од моментот кога влегува во куќата, обземена е со некое мрачно чувство, нешто што ја предупредува, тоа морбидно чувство постојано е присутно и добива впечаток дека нешто се случувало во минатото во таа куќа, почнува да гледа духови тоа всушност се духовите на сите жртви кои биле брутално убиени од Лусил со помош на нејзиниот брат Томас, Лусил е вистинско олицетворение на злото тоа може да се види, доживее, да се почувствува во нејзиниот глас, однос, поглед, облеката. И во сите останати филмови какде тематиката е духови се потврдува дека духовите се појавуваат кога жртвите се убиени по насилен пат, нивните души не се успокоени, немаат мир, постојано се присутни, бараат помош или укажуваат на нешто што се случило на што треба да се внимава, таа своја способност да комуницира со духови кај Едит ја разгорува нејзината љубопитност да испита и истражи што всушност се случувало во таа ќуќа, откако ја дознава вистината за целите, намерите на Лусил која наведувајќи го нејзиниот брат Томас во поход,( да повлечам паралела на овој со филмот Роденденска Девојка со Никол Кидман, Бен Чаплин, и Винсент Касел во главните улоги филм приказна која многу асоцира со овој филм) во лов на богати, наивни, невини жртви, кои ќе ги освојат, ќе ги придобијат, ќе ја стекнат нивната доверба, наклоност ќе ги манипулираат, за да на крај ги убијат и им го земат нивното богатство, Едит е фрапирана, свесна е дека Лусил ја труе и дека смртта се и ближи, се јавува кај неа во тој миг чувство на беспомошност, безизлез, но сепак има тронка надеж и верба дека ќе се извлече од таа каша во која се наоѓа.

    Томас е лик кој е целосно зависен, обземен од доминантноста на неговата монструозна злобна сестра Лусил, нема храброст, не може да собере доволно внатрешни сили да и се спротистави на Лусил, секогаш кога и да се обиде тоа вродува со прифаќање на тоа што ќе одлучи Лусил, нејзиниот збор е последен и конечен, нешто на што Томас нема право на приговор и треба да го прифати како дадено, како конечно, тоа е слабоста во неговиот карактер, уште како дете Лусил била доминантна над него, успеала да го придобие да стекне авторитет, да може да управува со него, тој да биде нејзина марионета, алатка со која ќе ги реализира нејзините мрачни, злобни, монструозни планови. Ликот на Томас многу ми наликува, ме асоцира на ликот на Едмонд Шо во филмот Маџурински Кандидат на режисерот Џонатан Деми, лик кој беше програмиран и управуван од неговата мајка сенаторката Елеонор Шо (Мерил Стрип) и во двата филма двата ликови Томас и Едмонд се под огромно влијание - доминација на Лусил и Еленор, тие се просто обземени, заковани, заробени од нивната доминација од која никако не можат да се ослободат иако тоа премногу го посакуваат, но со тешки маки на крајот успеваат, се изборуваат внатрешно да преовладува нивното јас и свесноста кај нив.

    Улогите на актерите одлични, посебно тука ќе ја истакнам улогата на Џесика која мајсторски го прикажа и долови ликот на злобната Лусил, лик кој цело време го мразев, можам да повлечам тука паралела помеѓу неа и ликот на Бриони (Саорис Ронан) во Покајување, актерка која своите квалитети ги демонстрираше во филмовите The Help (2011) во кој се закити со номинација за оскар за споредна женска улога за да наредната 2012 година ја добие втората номинација за оскар за најдобра актерка во филмот Zero Dark Thirty (2012) на режисерката Кетрин Бигелоу, една од најдобрите актерки на филмската сцена со огромен потенцијал. Миа исто така ми се допадна во улогата многу убедливо ја долови Едит и нејзините особини, актерка која ми привлече внимание последниве неколку години, има неколку позабележителни улоги и тоа Alice in Wonderland (2009) Jane Eyre (2011),Albert Nobbs (2011),Stoker (2013) Lawless (2012) Madame Bovary (2014) една од талентите кои се појавиле и допрва ќе доминираат на филмската сцена.
    Том Хиделстон исто така ми се допадна, во улогата која му е одлична, иако го немам гледано во многу филмови сепак ќе потврдам дека е солиден актер кој има талент

    Кинематографијата сосема солидна како и сценографијата, посебно куќите тој рустикален амбиент, таа мрачна атмосфера која ја го доловува духот и содржината на филмот се одлични, музиката следствено го следи нивото и настаните кои ги најавува, костимографијата фемоменална, режијата што да кажам освен да му честитам и оддадам признание на маестро Гиљермо Дел Торо кој потвди, покажа, докажа дека е врвен - маестрален - режисер кој знае да направи нешто оригинално, автентично, нешто свое препознатливо, во негов стил на кој останува доследен,, како што се доследни и препознатливи по своите филмови Тарантино, Питер Џексон, Тим Бартон, Вуди Ален.

    Филм од кој на почетокот не очекував многу но филм кој на крајот ме воодушеви, филм кој го заслужува вниманието на гледачот од почеток до крај, филм во кој се совршено вкомпонирани сите елементи од актерска изведба, музика, сценографија, кинематографија, костимографија, режија, за да на крајот добиете врвен производ - кинематографско уметничко ремек дело.
    Филмот не е класичен хорор, немате чувство и не ви замрзнува крвта како на други хорор филмови но е филм во кој има елементи на хорор ,драма,, фантазија, магија, бајковидност сето тоа мајсторски спакувано со уметничка нота во режија на маестралниот Гиљемо,

    Еден од најдобрите филмови за 2015 година пред се стилски создаден, направен за вистинските љубители, сладокусци на филмската уметност 9/10
     
    Последна измена: 17 јануари 2016
    На Jordanovska-K, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    До кога ќе се мислиме со гласовите? Се нерешено е кога отворам, беше 5 со 5 сега 6 со 6. Ај некој нека тури некое гласче ако има заборавено.:wasntme:
     
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @RainBow готово. Реагирај пред пак да се изедначат гласовите. :lol: 7 за Марсовецот! :P
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    :whew: Марсовецот е следен, иако верувам повеќето веќе го изгледавме.
    А не можам да најдам торенти за room и the big short, или нема уште?
     
    На Jordanovska-K, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ако не ти е проблем да почекаш, попладнево ќе побарам, па ако најдам ќе ги ставам, бива? ;)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Само да ве поздравам и да ви кажам дека редовно ве следам иако не пишувам.
    Ви се воодушевувам на длабоките анализи на филмовите и со која трпеливост го разглобувате секој детал.
    Плус тука пишуваат некои од моите омилени членови што темата ја прават уште позанимлива.
    Продолжете така (y).
    Иако сте малку членови во оваа тема, вредите како пола форум :bow:.

    Поздрав :).

    П.С. Би сакала некогаш да прочитам од вас анализа за Black swan (оти после филмот бев во мислење што сакаше авторот да каже) и Inseption (сто пати го почнав и сто пати се откажав од гледање). Фала однапред :).

    А сега со душа го чекам Марсовецот (мм беше воодушевен од него, јас уште не сум го гледала):).
     
    На Madam-A, boomsleng, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Иако во суштина се различни филмови, не можам а да не направам споредба помеѓу Interstellar и The Martian.

    Прво, и двата се научно-фантастични филмови (со акцент на научниот дел) и се одвиваат во вселената. Второ, и двата се од одлични режисери. Трето, и у двата глуми Мет Дејмон. Но, тука завршуваат сличностите.

    Првиов ми беше едно од поголемите разочарувања минатата година, вториов ми беше позитивно изненадување. Можеби дека од Интерстелар имав големи очекувања, а од Марсовецот скоро никакви, не знам.

    Како и да е, The Martian ми се допадна. Кинематографијата и сценографијата беа одлични – на моменти се осеќав како филмов стварно да е сниман на Марс. Изборот на глумци исто така беше добар, иако да бидам искрен, освен Мет Дејмон, другите сите ми беа споредни, а он одлично си ја заврши работата.

    Ми се допадна што филмов не е тупаџиски, односно нема долг, непотребно развлечен и комплициран вовед (како Intestellar), туку дејствието почнува веднаш на Марс и уште во првите неколку минути – shit is going down! После експлозивниот почеток, филмов успева да одржи одлично темпо до самиот крај, балансирајќи мајсторски помеѓу деловите со акција и оние посмирените.

    Во однос на приказната, признавам дека имав сомнежи околу тоа дали филмов ќе биде досаден, бидејќи во суштина се работи за Robinson Crusoe in Space. Но, филмов успева (за разлика од Interstellar) да не биде досаден, ниту во еден момент. Моментите кога Мет Дејмон е сам на Марс успеваат да ги направат интересни така што он си ги снима размислувањата на мејнфрејмот на компјутерот на станицата на која се наоѓа и у суштина, држи монолози поголемиот дел од времето – што е подобра варијанта од тоа да ќути цело време (како у Interstellar) или да нарира, као демек да му ги слушаме мислите.

    Друга работа што доста ми се допадна и која ми беше неочекувана во филмов беше хуморот. Значи, во текот на филмов се насмеав повеќе пати, ми се чини се смеев повеќе отколку на некои комедии. Well done, Mr. Scott.

    Крајот на филмот не ми беше неизвесен – нормално, сите знаевме дека Мет Дејмон ќе успее да се спаси – но, патот до таа цел беше интересен за гледање.

    Од научен аспект, The Martian исто така доста добро држеше вода – прокиснуваше на моменти тук-таму, но ОК – сепак се работи за филм, кој да беше целосно издржан од научна страна, најверојатно ќе беше убитачен за гледање.

    Ми се допадна што науката, која многумина ја сметаат за досадна и наменета за гикови и бубалици, и која до бескрај е стереотипизирана од филмската индустрија, ја видовме во едно поинакво светло. Науката е закон (и те како), главниот лик, кој е кул типче, знае, разбира и користи наука (односно, ја претвора теоријата во пракса) за да се извлече од најразлични ситуации. И што е најбитно, во филмов science is fun!

    [​IMG]

    На крај, еве, ќе нафрлам само некои работи кои не ми држеа вода на мене лично, да не испадне дека филмов беше совршен.

    1. Зошто кога светот дозна дека Мет Дејмон е жив и „насукан“ на Марс, не се обединија повеќе земји, со своите човечки и финансиски ресурси, за да го спасат? Во филмов гледаме една група од едвај 10 души кои со месеци не спијат и не јадат, во обид за да ја направат капсулата која требаше да му однесе храна на време. И тоа, едвај имаа време да направат само една, што значи дека немаше простор за грешка, а сите знаеме колку се reliable лансирањата во вселена и колку често нешто знае да тргне наопаку. Додуша, на крај нели се убација и Кинезите, но откако стручњаците на НАСА се обидоа и ја укакаа работата. Каде беа Русите, Јапонците, Индијците или било кој од Европа? WTF, World? Да се обединеа светските сили во овој потфат, ќе направеа не една, него 3 капсули и ќе ги пратеа на време. Очигледно, светот на иднината, кога успеваме да патуваме на Марс, е бетер од денешниов, во однос на емпатијата, приоритетите и меѓучовечките вредности.

    2. Зошто НАСА смета дека е добра идеја ракетите кои се користат за лансирање во орбита да ги испраќа предвреме и тие со години на чекаат на површината на Марс, за да ги вратат астронаутите од идните мисии (зборам за ракетата со која Дејмон се лансираше во атмосферата)? Сите видовме какви песочни бури беснеат на Марс – која е гаранцијата дека тие ракети, после повеќегодишен престој на површината нема да бидат изрешетани, полни со песок или можеби и превртени од силните ветрови.

    Од аспект на приказната, ја сфаќам потребата да има такво нешто на Марс, convenient plot-point, за да може Мет да стигне до орбитата, но од аспект на здравиот разум и логиката, ова воопшто не ми е јасно.

    3. Која точно беше целта на Мет Дејмон, како ботаничар, на Марс? Видовме дека собира примероци од почвата, и? Ако веќе можеше, како што се покажа, да развие градинарски култури на Марс, зошто баш тоа и не му беше мисијата? Зошто не проба да го направи тоа уште кога стигнаа на Марс? Ете, не мораше цела оранжерија да направи, можеше да тури компир у саксија и да се посере врз него – чисто за проба. Зошто чекаше да остане сам, без храна, па дури тогаш да проба дали почвата на Марс може да биде плодна или не?

    Останатите работи Нил ДеГрас Тајсон ги има кажано многу подобро мене.


    У секој случај, сосема солиден, издржан, но пред се, интересен и забавен филм. Hollywood, we want more of these!

    [​IMG]

    I've been thinking about laws on Mars. There's an international treaty saying that no country can lay claim to anything that's not on Earth. By another treaty if you're not in any country's territory, maritime law aplies. So Mars is international waters. Now, NASA is an American non-military organization, it owns the Hab. But the second I walk outside I'm in international waters. So Here's the cool part. I'm about to leave for the Schiaparelli Crater where I'm going to commandeer the Ares IV lander. Nobody explicitly gave me permission to do this, and they can't until I'm on board the Ares IV. So I'm going to be taking a craft over in international waters without permission, which by definition... makes me a pirate. Mark Watney: Space Pirate.

    Лично, не сум многу за гледање на сите номинирани филмови за Оскар. Генерално, ни оскарите не ги сакам баш. Обично, номинирани се саде некои драми, те „длабокоумни“ филмови, те срцедрапателни вистински приказни, те некои други квази-интелигентни чуда. А дури и ако залета некој добар филм, као Марсовецот, гарант ќе добие Оскар за некоја ретардирана работа, као најдобри ефекти. (facepalm) Ама, ОК, ако ги гледаме сите номинирани филмови, барем ќе имам материјал за мрчење. :D
     
    Последна измена: 18 јануари 2016
    На imelda, Elena69221, Madam-A и 7 други им се допаѓа ова.
  18. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    34.272
    Пол:
    Женски
    Реин, Room го имаш на filmovita.com, снимката е добра ^^
    Извинете што се убацувам ко падобранец :$
     
  19. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Is it my turn to be grumpy? :wasntme:

    Што е финтата со филмовите за вселената?

    (Мислењето luckily се испрати недовршено, бидејќи времето за гледање на филмот сеуште не истекло).

    I'll be back (zilmer)
     
    Последна измена: 18 јануари 2016
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Сакам на тв да го гледам, затоа снимки си барам. :)
    @Bender Rodriguez одма се даде на коментирање, не чекаме ич некој да го изгледа ако не го гледал или?:wasntme:
    Патем, не мора се оскаровски да бидат, дајте некој предлог, па ќе промешаме, да има за секој по нешто да си гласа. :)
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.