1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Дополнета е анкетата, поголема испадна малку, ама да има за секој по нешто. :)
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  2. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    ноуууу донт сеј дет! :o
    Meне ме густаааааааааааааааааааааааааааааааааааа!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :dance:

    (мислам не до волку како што делува по пишаново, ама сабота е де, мора да дигнеме атмосфера малку :party: )
     
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Го изгледа, Мадмазел? :|

    Ако го изгледа и ти се допадна - секоја чест. :bow:

    Ако не си го гледала уште - го испљукав во рецензија. Немој да губиш два саати на ваков fucking bullshit. :shake: Верувај ми. :devil:
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    :o

    И ја го изгледав, кога веќе изгубив надеж дека ќе се избере на темава и можам да кажам дека беше
    [​IMG]

    Ја сфатив поентата на филмов и ОК беше, ама 2 саати дрвење, глупи дијалози и никаква радња за да се докаже истата - no. Just no.

    Едит: За да не се истрчам ко прошлата недела (иако тешко дека ќе успеам, пошто The Revenant уште не ми е гледан), ај нека ми објасни некој до кога ќе трае гласањево и од кога може да се коментира? :drunk:
     
    Последна измена: 24 јануари 2016
    На Madam-A, Lady Phoenix и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  5. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Зошто го нема Room на листата? Многу ми се допадна, според мене можеби и нај oscar-worthy номинација. (y)
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Беше на листата, ама немаше торент. Излезе?
    Па, нека се гледа еве утре и задутре, од четврток да се коментира, во меѓувреме да се гласа до петок и да се гледа новиот филм викендот, па да се вратиме како што беше.
     
    На Madam-A, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  7. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    ^На Замунда има торент за Собата, јас се спремам да го гледам.
     
    На blueberry93 и RainBow им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Супер, фала ти, го симнувам и јас сега, па ќе оди пак на следната анкета. :)
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    Може рано е за коментари, но бидеки веќе го изгледав ќе си кажам :)

    Кинематографијата е ненормално добра, прекрасно снимен филм, уживав во секоја секунда од него! Колку што е добра глумата на Лео толку и на Харди. Во филмов мислам дека се ми беше претставено совршено. После оваа улога Лео не знам дали ќе има некоја подобра. Така добро одглумени моменти, посебно оние со мечката, па болќите кои ги доживуваше така добро беа пренесени што помислив дека и јас ги доживувам. Премногу беше внсен во улогата, премногу добро.
    Ми се допадна тоа што филмот е сниман во природно светло, начинот на кој што човекот е претставен кога се соочува со самиот себе, со неговата шрирода, буталност и животинското во себе.
    Како што кажав кинематографијата беше направена перфекто. Мисам дека тука Емануел Лубецки завршил супер работа, каде вешто манипулира со сетилата со сите блиски и далечни кадри во кои се прикажани немилосрдните пејзажи на природата.

    Од мене толку немам веќе инспирација. Филмов ми беш совршен
     
    На Lella, Jordanovska-K и boomsleng им се допаѓа ова.
  10. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Martian

    Филмот го заслужува вниманието на гледачите и покрај повеќе од два часа ефективно време издвоено за негово гледање. Го задржува вниманието доволно долго, и покрај кратките, циклични, депресивни моменти, но сето тоа е споредно, маргинално, незабележително.

    Откако одненадеж се случува силна бура - олуја на која е изложен екипажот од американскиот тим космонаути испратени да ја истражуваат Црвената планета, тимот одлучува веднаш (во момент на паника) да го напуштат местото, го оставаат на немилост нивниот колега Марк кој е тешко повреден, мислејќи дека е мртов. Од тој миг започнува голготата низ која поминува главниот лик Марк Вотни (Мет Дејмон) Ликот на Марк Вотни ме потсеќа, ме асоцира на ликот нa Арон Ралстон (Џејмс Франко) во филмот 127 Часа на режисерот Дени Бојл, (филм кој во 2010 година имаше 6 номинации за оскар) кај двата ликови доминира желбата за живот, борбениот дух, оптимизмот - и покрај екстремно тешката состојба во која се наоѓаат, има тронка надеж дека на крајот ќе се извлечат и ќе преживеат што се покажа точно во двата случаи.
    Фактот дека е сам на далечна планета на која до тогаш не стапнала човечка нога за него е фрапантен - запрепастувачки, кај него се јавува чувство на очај, разочараност, соочување со суровата реалност.
    И покрај почетната апатија, разочараност која преовладува кај Марк сепак тој успева да се соземе, да преовлада свеста, разумот, почнува да размислува како да опстане, како да преживее во дадената ситуација.
    Преживувањето во тие екстремно тешки околности е научна фантастика, но решен е, одлучен е да продолжи понатаму, не се откажува, кај него преовладува упорноста, истрајноста, желбата за живот, повторно да се врати на земјината топка и да ужива во благодетите на животот, оптимизмот и борбениот дух е тој кој го води цело време да биде повторно на земјата како и секој обичен нормален човек.
    Во текот на сите премрежја низ кои поминува, разработува план - оптимистичко и песимистичко сценарио решен е да се извлече по секоја цена од безизлезната состојба во која се наоѓа. Кризните моменти со кои се соочуваше не дозволи да го надвладеат, да падне во очај, продолжи понатаму да се бори храбро, одлучно, одважно совладувајќи ги сите препреки, предизвици кои му се испречуваа на патот до остварување на конечната цел.
    Импресионирачка е идејата за одгледување на компири на место каде не се возможни услови за тоа, но кај Марк проработува инвенцијата, успева во адаптирани услови со земја од црвената планета користејќи го како ѓубриво сопствениот измет, во контролирани услови, применувајќи ги искуствата, знаењата кои ги поседува од обуката која ја добива како астронаут - како да преживее во екстремно тешки услови и на крај успева, нешто што го одржува и спасува, му овозможува да преживее. Ова може да се примени и за тоа постојат најави дека наскоро НАСА - планира да одгледува компири, утврдено е дека компирот е идеален за одгледување - за условите кои доминираат на Црвената планета (очигледно и идејата во филмот точно тоа да биде овој зеленчук најверојатно произлегува од сознанието до кое досега има дојдено науката)
    Момент кој треба да се потенцира, поздрави е одлуката на екипажот на вселенсиот брод кој го остави на немилост Марк на Црвената планета, да ги прекрши правилата, да не ги почитува наредбите од нивните претпоставени за враќање на земјата, и покрај сиот ризик на кој се изложени од таквата одлука, тие едногласно решаваат да се вратат, да му помогнат на нивниот колега, другар, пријател, соработник, на тој начин сакаат да ја исправат грешката која ја направија со нивното оставање на Марк на Марс, имаат чувство на вина, одговорност кон него, кај нив преовладува разумот, солидарноста, човечноста особини кои ретко се среќаваат во овој денешен свет каде доминира материјалното над човечкото, тој нивен чекор, гест е за поздравување и почит.

    Има сличности (и разлики) помеѓу Марсовецот и Интерстелар на Нолан, тука би го вброил и Аполо 13 на Рон Хауард и во одреден дел Гравитација на Алфонсо Куарон - за кој пред две години го освои оскарот за најдобра режија. Различен е стилот и пристапот на двата режисери, кај Нолан повеќе има научни факти, филмовите се конципирани да кај гледачот потикнуваат размислување, истражување, поврзување со цел да се дојде до одреден заклучок, (таков е случајот и со револуционерниот филм Зачеток кој е доста збунувачки, нејасен), додека кај Ридли повеќе е тоа веќе дадено, презентирано во самиот филм - приказната, не се фокусира премногу на научни факти. Двата режисери се одлични, не може да се оспоруваат квалитетите на Скот кој е маестрален режисер, зад себе има одлични филмски остварувања како Alien (1979), Prometheus (2012),American Gangster (2007), Robin Hood (2010), Kingdom of Heaven (2005),A Good Year (2006), и многу други. Филмови за кои има освоено 3 номинации за оскар за најдобра режија се Thelma & Louise (1991), Gladiator (2000), Black Hawk Down (2001). сите овие филмови и факти говорат за квалитетот, талентот, укажуваат на тоа дека е врвен, дека е еден од надобрите режисери моментално присутни на филмската сцена.

    Актерската екипа солидна, Мет Дејмон - маестрален, потполно заслужена номинацијата оскар за најдобар актер, потврди, покажа дека е еден од најдобрите актери, многу реално, уверливо го прикажа ликот на Марк Ватни, се внесе целосно во кожата на главниот лик, успеа ефективно да го пренесе на филмското платно, во одредени сцени тоа го прави мајсторски - маестрално - придонесува да се соживееш да ги почуствуваш емоциите - моментите низ кои поминува Марк, актер кој има три номинации за оскар во филмовите Good Will Hunting (1997) за главна машка улога, Invictus (2009) за споредна машка улога, The Martian (2015) за главна машка улога,. од останатата екипа би ја издвоил Џесика која многу добро го прикажа ликот на Мелиса Луис, ми се допадна многу и Читал Еџифор еден од подобрите актери кои се појавиле последниов период, номиниран за оскар за главна машка улога во филмот 12 Years a Slave (2013), актер со голем потенцијал кој допрва ќе ја освојува филската сцена со своите одлични перформанси, добри во улогите беа и Џеф Даниелс, Шон Бин, Кристен Виг, Мајкл Пена, Кејт Мара, Себастијан Стан, Аксен Хени, Мекензи Дејвис, Доналд Гловер.

    Музиката солидна, ми се допаднаа песните посебно тука би ја истакнал I Will Survive - Gloria Gaynor која оди на одјавната шпица - прав, вистински избор. Кинематографијата одлична, костимографијата солидна, визуелните ефекти феноменални.

    Филм кој ја одбележа 2015 година, темата која ја обработува е актуелна особено последниов период кој потврди, покажа, докажа дека Марс е планета на која се концентрира вниманието на НАСА - американската вселенска агенција, Таа останува во фокусот, во приоритетите и во наредниов период каде следат дополнителни подготовки за нови мисии, истражувачки потфати кои би донеле нови револуционерни откритија. Сето тоа го привлече вниманието на Ридли Скот да даде мал придонес во таа насока снимајќи го филмот Марсовец - дефинитивно еден од најдобрите филмски остварувања за 2015 година и еден од најдобрите филмови кои ја обработуваат ова тематика од овој жанр 9/10
     
    Последна измена: 25 јануари 2016
    На Marossa, Bender Rodriguez, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Хо хо хо... The Revenant.

    Уште еден Марсовец филм. Различно време и различна планета, ама случувањата се исти. Американецот е сам и осамен, се бори веќе не против сите други, туку и против целата планета. Не умира ни покрај дебели sub zero температури, а тоа режисерот пробува да го објасни со некои смешни „ама логично е“ сцени во кои луѓе се кријат во утроби на мртви коњи. Вау.

    Ди Каприо, пак нема да добие Оскар, хо хо хо... две гримаси со болка (пошто силуван од мечка нели) и 98% од сцените во кои е љут и намрштен, океј, сфативме, you need the statue, зашто иначе ќе бидеш како Чарлс Баркли во НБА, one of the greatest, ама џабе коа нема титула. Fuck off mate!!!

    У принцип, не сакам филмови кои се дешаваат во дамнешни времиња. Ни книги не сакам кои се случуваат во „немодерно“ време. Ме фаќа некоја носталгија и паника после нив, минатото секогаш е прикажано многу сурово и дури и кога писателот или режисерот сакаат да го прикажат како убаво минато, низ сликите на екранот или во глава многу лесно се гледаат сите негативни страни. Да, тоа е само мој личен став, не е објективно ништо, ама ете, така се осеќам. Еве зборувате за Lobster, го пуштам трејлерот и почињаат да ми се креваат цревата зашто највеќе ги мразам тие англиски навраќања на нивните славни кралски времиња.
    Ко за беља па, писателите највеќе уживаат да пишуваат за некои дамнешни времиња. |(

    Од комплетно филмски агол, камерата е феноменална. Изборот на доловување на моменти е одличен, а богами и речиси секоја сцена гледачот може да ја доживее како да е на лице место. Исто така, одличен е и Том Харди како споредна улога, а добра работа завршил и костимографот со сите тие партали кои делуваат бајаги соодветно за времето во кое се борбите со индијанците во Америка.
    Не ми се свиѓа што (покрај Американецот све ќе преживее) пак има моменти во кои пушки од 1750 година на барут пукаат без проблем и погодуваат во движење со коњи и индијански стрели кои погаѓаат небитни фаци во филмот од 1500 километра, ама од 5 метра Ди Каприо го промашуваат.

    Ме бендиса реалноста и суровоста на некои ситуации и не, сцената со мечката не беше реална. Силата на вознемирена мечка од 150 до 200 кила не може да ја преживее ни сумо борач, а не па на Ди Каприо врз глава кога ќе му седне. Ноктите на мечката се посилни и поостри од самурајски меч и никој не може да ги преживее, не па уште да глуми мртов за таа да си отиде.
    Како и да е, реков ме бендиса реалноста на некои ситуации, како гаѓањето со секирите во последната сцена. Прикажувањето на крвта, суровоста на деталите и нецензурирањето на гадотиите, за разлика од типичните американски трагачи по некој долар на касите во кината кои таквите сцени ги избегнуваат зашто има префинети дами кои се гадат од тие ствари.

    И на крајот, особено ми се бендиса прикажувањето на домородните индијанци во вистинско светло од секој агол. И како сурови и како човечни и како достоинствени бранители на своите племиња. Можам да кажам дека Марлон Брандо би бил горд на Инариту како режисер.

    п.с. Мислам дека треба да ги гледате и Spotlight и The Big Short. Двете се вистински приказни, со феноменални глумци и they will blow your mind од случувањата и фактите во нив. Така што, дури и да не ги стави Реин во анкета, инсистирам да ги изгледате. Особено Бендер, Мадам, Јордановска, Лејди и Мароса. Инсистирам. :)
     
    Последна измена: 26 јануари 2016
    На Marossa, karmenka, Jordanovska-K и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Jaс да бидам искрена, немам мислење за Ревнант.
    Еве стварно не знам што да кажам, жими се.

    Кога го изгледав пред некое време знам дека не ми беше лош. Моменталните постфилмски импресии се сеќавам дека ми беа убави. Као ееееј Лео што не напраи за да си го одмазди синот, ама сега некако сум као, meh, веч виџено. Може длабока приказна и се тоа ама не можам да паднам во несвест за филм што не е ништо ново, ни посебно, ни уникатно.
    Беше долг и развлечен и тоа не ми сметаше зашо јас бев тромаво расположена за празниците, па нема да го коментирам траењето за чиј став не сум критична.

    Ситуацијата со мечката (и јас да не останам покусо, нели) не ми е нешто ау бау и не знам зашто беше толку преувеличувана во портали. Поише би ја фаворизирала борбата на крај, со пик на одгризувањето на увото, кога скоро и јас да осетив болка. Верувале или не се фатив за левото уво по сцената веројатно за да си го заштитам или проверам дали е тука (?!) ... ок, премногу ви кажав.
    Читав негде и дека јадел навистина живо месо. Оооо вива ла рекламна кампања :party:. Колку само не. Мислам и зашо би, коа нема потреба :^) .

    Е сеа, да прескокнам се остало зашо ви кажав дека немам мислење, би се навратила на тоа што јас мислам дека е сликата што сака да ја каже режисерот.
    Загуба. Болка. Гнев. Бес. Лутина. Одмазда.
    Фасцинантно ми е како негативните чувства можат да бидат помоќни од позитивните. И повеќе од јасно е дека од психолошки аспект, чувството на задоволство кое се добива по извршена одмазда, е далеку попосакувано и посмирувачко во споредба со било какво задоволство долетано на бел гулаб. Особено ако е придружено со лутина и бес.
    Одличен ми беше тој акцент што се даде на негативните чувства и нивната силина која беше двигател и мотивација за Лео. Ми има нешто страшно симпатично во борбеноста на напиздени луѓе што праат партали.


    Следново чувство го притискам во себе, нејќам да бидам напети гомнојадец против општествените норми АМА штом веќе е спомнато, морам да се надоврзам на ова.
    Дај боже да не добие!
    Тестисиве ми добија свое гравитационо поле од тоа колку ми се потечени од несудениот оскар на Лео.
    Тотално го поштовам како актер, дефинитивно се слагам дека би требало до сеа да има добиено оскар, ама страшни алергиски реакции ми ствараат муабети кои на секое спомнување на оскарите се носи темата дека Лео немал оскар и на секое спомнување на Лео, темата дека нели, немал оскар. Браво бе вие филмски експерти со просек 10,00 од филмска академија, кај ви текна заклучоков, алал да ви е. Ова гарант сами сте го мислеле, едно добри 3 минути. Ме потсеќа на она страствено навивање за Лејкерс и Барса, зашо тоа е единствениот тим кој го знаат па се облакаат во нивни дрес и гордо парадираат на
    парадата на немањето појма. Годинава океј, ама нема сила што ќе ме натера да се согласам дека Леонардо лани требаше да земе оскар за Волкот од Вол стрит. Која ти е таа улога за оскар жити се, наспроти Метју. Се ежам од структурата на реченица во која се спомнуваат Леонардо и оскар заедно.
    Тотално избегав од темава и се отворив за безврска, што веројатно би било посоодветно да го направев во темата за оскарите, ама мудро ќе молчам додека не ги изгледам сите улоги. Сега како брза кучка ја користам оваа прилика да кажам дека нејќам да земе Лео оскар чисто од инат и да не мора да слушам 2 месеци потоа дека конечно му дале оскар |( .
    Дај бе не ме `рчкајте на темава! :doh: Многу е сентиментална, можам да си создадам непријатели :wasntme:.

    Спотлајт ми е спуштен и се планира деновиве, а овој Биг Шорт го почнав и некако се губев. Баш го осетив моментот од потребата за таа пичондрата во кадата да објаснува. Многу се осеќав глупо и изгубено низ филмот и го прекинав. Да му дадам пак шанса а? :^) Ае, штом инсистираш...
     
    На Jordanovska-K, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Кога ја напишав рецензијата во темана вчера уште бев под импресии бидејќи само што го без завршила. Го испофалив многу јако таму, сега овде млаку повеќе ќе му влезам во суштина.
    Но многу ме интересира колкава му била скриптата на Лео, ниеден збор не кажа цел филм, само стенкаше и офкаше но затоа he acted his ass off, кој што сака нека каже, се внесе човекот целосно и ептен се посвети. Јас му симнувам капа, еден од најдобрите актери е, не разбирам зошто некои луѓе упорно и упорно мразат актери кои се признаени и нема што да се дискутира за нив, имале оскар или не.

    Можеби приказната е веќе видена, малку досадна и многу развлечена (немаше да биде досадна да не беше развлечена), но она што го направи филмов поразличен е начинот на кој беше пренесена приказната, кинематографијата беше феноменална и барем јас не сум гледала некој друг филм подобро прикажан, особено некои кадри беа така совршени, да ти е милина да ги гледаш.
    Еве на пример овој:
    [​IMG]

    Многу беше филмов напнат, сив, суров... Сосема спротивен од The Martian кој беше речиси комедија и секогаш беше опуштено и забавно, дури и при трилер сцените, додека овде стриктно се држеле до таа слика што ја има има филмот, црнила, маки, тага... Како да имаше некоја меланхонија надвиснато, таков впечаток ми остави. И суров навистина, колку луѓе испоумреа, стварно ми стана жал на крај за Лео, не му остана ништо, џабе му е и одмазда и сè. Фицџералд е ѓубретина, требаше и главата да му ја сече со секирата на крај, но џабе кога му го уби синот. Сепак, во ред е тоа, ќе беше ептен утнат филмот ако останеше жив и све најљепше на крајот.

    Некои сцени навстина ми беа одвратни, нема што да лажам и да се правам оти можам да гледам без да се згадам барем малку, си ги криев очите, особено кога ги вадеше органите на коњот и кога јадеше живо месо од бизон.
    Кога сме кај коњот, ова ми е многу нелогично, како така фино лепо си влезе внатре гол, и демек кожата на коњот повеќе го стопли од тешкото мечкино крзно што го влечеше? Не знам стварно, дали е потопло внатре во коњот бидејќи до скоро беш жив или што? Океј, почнав да тресам зелени...
    Кога сме кај бизонот, не знам дали да верувам дека навистина јадел сурово месо и покрај тоа што е вегетаријанец, некако не ми штима тоа. На ИМДб вика тоа што му го дале да јаде место месото било многу вештачко, нереалистично, не знам какво и затоа рекол дајте месото ваму. Вегетаријанец, бре! |(

    Она што навистина ми се допаѓа е што целиот филм (освен една сцена со оган) бил сниман на природно светло, браво значи, одлично! Тоа го почитувам, што не е ради реда направен филмот, туку вложиле максимални трудови во него да испадне како што треба. Еве што рекол режисерот:
    "If we ended up in greenscreen with coffee and everybody having a good time, everybody will be happy, but most likely the film would be a piece of shit."
    Еднаш температурата достигнала -40 што камерите не работеле. Другпат толку се стопил цел снег и морале во Аргентина да одат да снимаат. По секоја сцена на Лео му ги топлеле рацете и нозете.

    Доста со behind the scenes, да се вратам на филмот и да не ја должам многу. Вака. Кога го бараше Том Харди со двата коња, не знам дали сум испуштила некој момент, ама кога успеа Лео да ги смени местата со капетанот и од каде беше сигурен дека не го посматра том Харди од некаде?
    И да, може е глупаво ова, ама на крајот пред таа сцената кај што се испосекоа кога се стркала Лео по долнината и ја испушти пушката, зошто не се врати по неа и да го убие Том Харди со пушка, немаше да мора да се бори и да изгуби делови од телото.

    За крај, сцената со мечката мене ми беше on point и најјака сцена од филмот, па сега како преживеал со 200 кила мечка врз него не е моја работа, битно си ја изгледав неколку пати и ќе ја изгледам уште толку.
    Ете така. :D

    П.С. Зошто ги вмешавте оскарите пак? :| Земал не земал Лео, тоа е тоа, филмов битно е многу добар и заслужува да ги земе, сега зависи од другите филмови. И оскарите треба да бидат манифестација од каде што луѓето си собираат филмови за гледање, да се наградат најдобрите, да напнат сајтовите кој што облекол и тоа е тоа. А не, Лео та Лео. Патем, растури во филмов, очигледно е, јас стискам палци да добие :P

    Едит:
    Нешто што јас не забележав: When Glass (Dicaprio) battles with the bear he initially injures it with a gunshot wound to it's left side until finally defeating it with multiple stab wounds. This is mirrored in the final showdown with Fitzgerald (Hardy) in which Glass shoots him in his left shoulder but ultimately defeats him with a knife.
     
    Последна измена: 26 јануари 2016
    На boomsleng, blackpanter, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.
  14. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    Нема ништо да пишам посебно за филмов. Не беше нешто посебно, досадни моменти еден куп. Харди јака глума, дефинитивно најдобар негативец и овде како и во Бетмен, Ди Каприо стандардно најдобар.
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ќе кажам нешто што знам дека нема да ми донесе титула „Мис популарност“ на форумов – The Revenant не ми се допадна. Ама ич.

    И морам тука да поставам едно (реторичко) прашање за сите мои пријатели, познати луѓе како и непознати, од реалноста и од виртуелниот простор – Овa e филмот што ви се допадна и го сметате за добар кандидат за оскар? Сериозно? Really?!

    Океј, прво морам да признаам, малце сум субјективен. Мислам дека дозата на модерни вестерн-филмови си ја зедов за годинава – The Hateful Eight, а набрзо потоа и Bone Tomahawk, ми ја заситија потребата од ликови кои зборат на „староамерикански“, каубојци на снег, индијанци, итн. Добро, овде не беа каубои, него трапери, ама ми ја сфаќате поентата.

    Можеби проблемот беше затоа што околку филмов се крена огромна прашина – дали ради тоа ми се створи одбивност уште пред да го гледам, дали па од толку многу пофалби, имав преголеми очекувања, не знам. Ама, крајниот резултат е дека не сум воопшто импресиониран.

    Ајде сега малце за The Revenant конкретно – пред некој fanboy (or girl) да ме запали на клада – да елаборирам што не ми се допадна.

    Прво, филмов е заснован за вистинска приказна. Фала Богу, барем не го нагласија тоа на почетокот, со моето омразено „Based on a true story“, ама сепак, како да се гордееа со тоа во промоцијата на филмот. Значи, мислам дека веќе реков еднаш во темава – не сакам филмови базирани на вистински приказни, односно самиот факт што нештото што треба да го гледам (можеби) некогаш се случило, не ми го прави филмот подобар по дифолт. Еден филм или чини или не чини, а кај мене не добива екстра поени само ради тоа што е заснован на вистинска приказна. Башка што за мене добра фикција е секогаш подобра и од најдобрата реалност.

    Знаете што друго е базирано на вистинска приказна? – Мојов живот. Ама, никој не снима филмови за мене како купувам леб и млеко сабајле, а после и да очекува оскар за тоа. У суштина, реалниот живот е досаден, затоа и гледаме филмови, да избегаме од досадната реалност, а не за да гледам нечија туѓа досадна реалност, сместена пред 100 години во Северна Америка.

    Но, ајде да ја видиме таа вистинска приказна. Филмов почнува како што почнува и кога го видов ДиКаприо со индијансково дете, искрено се понадевав дека ќе биде белец кој живее со индијанците и ќе се бори против белците. Не, а? Не е таков филмот? ОК, се помирив со тоа.

    Потоа, до нападот од мечката практично ништо не се случува. Сцената со мечката беше ОК, ама само ОК. Добро беше изведена, речиси не се приметуваше дека е CGI и све тоа беше у ред. Ама, можеше слободно да трае 3 пати пократко (како и целиов филм, впрочем). ОК, we get the point, го нападна мечка, го фрлаше као партал, ја уби на крај, у реду е. Можеа повредите на Лео да ги направат мааалце помали и не толку брутални, пошто да се разбереме, реално, тоа тешко некој дека ќе го преживееше, дури и да беше у болница, у денешно време, а камоли у 19-ти век, надвор од цивилизација, у северноамериканска вукојебина. А да не зборам за се што успеа да направи потоа, таков целиот смртно осакатен од мечката. Ама ОК, филм е, простувам, идемо даље.

    Потоа, повторно не се случува ништо, се до моментот кога на капетанот му светнува идејата да го остави Лео со неколку души, да умре на раат. Секако, на кого ќе му ја довери оваа битна задача? На тинејџер, изваден од памет од животот, и на ликот на Том Харди, кој уште од самиот старт отворено го мрази Леонардо. That sounds like a good idea! Nothing can go wrong with that.

    Секако, се тргнува наопаку. Прво, моментот „трепни, ако сакаш да те убијам“. Харди го постави прашањево 100 пати по ред, зашто знаеше дека после 10 минути, Лео кај и да е ќе мора да трепне. Работава, кој писне – гомна стисне. И трепна човекот, не оти сакаше овој да го убие, него зашто не можеше да ги држи очите отворени. По овој staring contest, Харди, у стилот на прав сероња, успева и да му го убие синот на Лео.

    Да се задржиме малку на овој момент. Прво, филмов не успеа да изгради добар однос меѓу Лео и син му за да кога ќе умре мене ми биде гајле за тоа. Единствените father-son моменти претходно беа кога Лео му врза заушка за да ќути и после, кога му шепкаше на индијански – „Ти си ми син“. И како после ова очекуваат да ми биде жал за детево и да сочуствувам со неговата загуба? Искрено, поише ми беше гајле за ќерката која пустиот индијански поглавица ја бараше насекаде. Ама ОК. Се случи што се случи, го турија и у гроб, требаше само да умре и толку. But no – Лео не се откажува. Исползи од гробот – и настави да ползи следните пола саат од филмот.

    У еден момент, кога го стигнаа индијанциве што го бркаа, се понадевав дека ќе го спасат и дека ќе ги обедини омразата кон белците и желбата за одмазда за саканите, па ќе се пуштат во заедничка потера по Харди. No? Still not that kind of film? Oh, well.

    Лео ползи, се тетерави, паѓа, јаде сирова исхрана, напредува полека, но сигурно (со акцент на полека). Детето со веѓите му се лигави нешто на Харди, демек правда а-у, Харди наставува да биде гомнар. Се е ОК, само времево никако да помине, иако редовно проверувам на BS плејеров.

    Еј, види – индијанец кој му помага на Лео. И него му го убиле семејството! Конечно успеа да си најде индијански партнер за да ја спроведе својата одмазда! What’s that you say? Ова е ненасилен индијанец, кој не верува во одмазда? Е, јеби га. Овде веќе се откажав од моите надежи дека Лео ќе се удружи со било каков индијанец за да им се одмазди на гомнарските белци.

    И секако, тука е моментот во кој индијанецов и Лео фаќаат снегулки на јазикот и се смеат, како две петарди. WTF, еј? Се осетив као да го гледам Cuckoo’s Nest или некој сличен филм за луѓе со посебни потреби. Тука ми изгледаше како и филмов да почна да дига раце сам од себе.

    Aww, man, француските смрдежи го обесија добриот индијанец? ОК, Лео, сега ти е шансата! Сотри ги сите до еден, заколи ги на спиење, запали ги сосе шаторите, мамицата нивна француска! Или... Можеш да украдеш коњ, да ја баталиш индијанката што само што ја спаси и да избегаш ко пичка. И тоа е опција.

    Идемо даље. Лео го бркаат индијанците, паѓа во река, паѓа од водопад, паѓа во провалија врз елка – и пак успеа да преживее, без големи последици. Требаше да умре 100 пати до сега, ама who cares? После 2 саати зјапање у ништо, certainly not me.

    Откако ќе се појави единствениот преживеан француз на портите од Форт Вукојебина, приказната освен досадна, станува и предвидлива. Го наоѓаат Лео, Харди фаќа усвет сосе сефот, капетанот организира потера по него, а Лео секако – го придружува, пошто нели ништо не му е. Btw, можеше капетанов да земе уште некој со нив у потерата по Харди, а? Сепак, освен одмаздата на Лео, у игра се и сите пари кои ги имаше населбава. Не бе, добро е, доволни се и они двајца. Не е као да Харди може да убие некој од нив и... Упс! Не запамтив како му беше името на капетанов, ама очигледно не беше Obvious или Hindsight.

    Дури и крајот ми беше meh – може дека бев измрцварен од два саати тупење. Демек, Leo learns his lesson, одмаздата не е одговор, мада предавањето на Харди во рацете на индијанциве беше еквивалент на тоа да го убиеше со сопствени раце. Остана жив, мада исто ќе ми беше и да умреше, искрено. И самиот рече дека единственото нешто што го имал на светов бил син му, па што од тоа што преживеа – не ми е јасно. Како и да е, барем на моите маки со филмов им дојде крајот. Филмов не успеа да ме направи да почувствувам било што за било кој од ликовите и нивните мотиви у приказната. On the bright side, барем поглавицата си ја најде ќерката. That counts for something, I guess.
     
    На Someonespecial, promeneta, Marossa и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Една од главните забелешки на филмов ми е што траеше премногу долго. Од тие 2 саати и 36 минути, 36-те минути беа скроз вишок, као ништо. Мене ми изгледаше како приказна од 1 саат да е развлечкана во 2 ипол саати. Второ, имаше многу сцени во кои ништо не се случува. Океј, имаше убави пејсажи. Ама, да сакав пејсажи да глеам, ќе гледав Нешнал Џиографик, или Нејчр канал, или документарецон од BBC – Earth. Трето, имаше многу непотребни сцени во кои Лео лови, јаде, растргнува живо месо со заби, распорува животни и се пика во коњи. Да сакав ова да го гледам у детаљи, ќе го глеав Бер Грилс. Btw, само мене ли ме асоцираше моментот кога искачаше гол од замрзнатиот труп на коњот на Ајс Вентура и носорогот?

    Да кажам збор-два и за глумата. Ова ми е една од најлошите улоги на ДиКаприо. Не дека не ја изглуми добро, он е секогаш одличен, него самата улога ми беше слаба, а барањата што на него му ги постави како актер – минимални. Најголем дел од филмов ќути, се мршти, прави гримаси, повраќа, рика од болка и воглавно, тоа е. А да, и кажа неколку реченици на индијански. Big deal.

    Тука морам уште малце да промрчам (демек, не беше доволно). Стварно не ми е јасен восхитот на луѓето кога некој глумец ќе се здебели или ќе ослаби за некоја улога или па, ете, ќе научи по нешто на друг јазик. Ако си требало да се здебелиш 30 кила за улогата, можеби улогата не е баш за тебе, него за некој подебел? Муабетот ми е, не ми е гајле колку си се потрудил ти за улогата off-screen – дали си билдал, држел диета, си јадел као вол, си идел на курс за јазик или со учел како да свириш инструмент. Она што мене ме интересира (а и сите останати би требало да ги интересира) е тоа што ќе го покажеш на филмското платно, у својата улога у филмот.

    А Лео у филмов реално не покажа речиси ништо. Иако, нема да ме изненади да добие оскар баш за оваа улога – не дека со филмов заслужи (со сите други заслужи повеќе неголи со овој), него затоа што толку пати неправедно му го ускратија, па сеа за да му надокнадат.

    Иначе, ако некој заслужува оскар од филмов, тоа е Харди, за споредна улога. Така добро си ја заврши работата, што мислам немаше некој кој не го мразеше додека го гледаше филмов.

    Толку од мене. Ве поздравувам со мојата омилена сцена од филмов:

    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Marossa, Captain-Omni и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Нешто како да не ми оди со дискуииве во последно време, а? |(

    Како и да е, филмов не ми ни дава мотив за да се расплинам и да ги истурам сите емоции во мислењево.
    Се напалив, леле ќе гледам филм со ДиКаприо, мора да е добар, јак, овие „будаливе“ тука што викаат дека е досаден - нека си јадат бурек, Лео секогаш снима добри филмови и има јаки улоги.

    Тикви со расол.

    Филмов беше тоооооолку непотребно долг, тооооолку досаден, со тооооолку малку дијалози што на крај мислам дека ќе паднев во депресија и ќе си пресечев вени. Актерска екипа - солидна, режија - солидна, сценарист - срање. Лео и Харди можеа да бидат dream team и да се запали големото платно од нив двајца, особено што имаа антагонистички улоги. Ама све отиде по ѓаволите.

    Повторно ќе речам, @Bender Rodriguez, а и @Lella кажале све што ќе кажев јас. Бендере, не си нормален со мислењава. И да, урлам и се превртувам од смеење ВИСТИНСКИ, кога читам што си напишал. :rofl:

    Прво, навистина ништо посебно не се случуваше, како што кажа и @Captain-Omni - со тоа пушките еднаш погодуваат некого како со снајпер, а еднаш утнуваат - во зависност од околностите, нели... На почеток Индијанци ги нападнаа, парче им ги направија луѓето, им ги испоукрадоа крзната и толку... после гледавме дел од филмот Еверест, па после Лео го нападна мечката, која се согласувам дека изгледаше многу реалистично, но не и тоа што му го направи. Мислам, и мало бебе знае дека после све, Лео ќе беше мртов. Ама, for the sake of the rest of the 2 hours, ајде ќе смислиме нешто. Прво, со толкава рана, со отворено грло не знам како дишеше. Му даваа ли воопшто вода? Зашто во наредна сцена кога се напи, му течеше низ дупката. Па го легнаа на носилката, па Еверест продолжи, а овој остана со својот заколнат непријател. И да, после тој stare contest како што рече Бендер, дојде до срања, па умре синот и наеднаш, магично, Лео што цело време лежеше, доби некоја натприродна сила да стане и да исползи докај синот кој претходно го третираше како гомно. :^)

    После, Survivor feat. Bear Grylls (гледам Бендер истата споредба ја направил). Ползење, ползење по пола свет. Од каде му беше силата, кога до пред малку лежеше неподвижен пред умирање? Па рикање и офкање... Дијалог никако. Филмов е за ретардирани (со извинение). Па сам фати да се крпи, пустиот. Толку магариња имаше околу него пред да го остават со Фиц, што само го замотаа во завои и толку. Затоа Лео мораше сам да си стаи барут и да се залепи, за да не му тече водичката кога ја пие. (facepalm)

    После кога се најде со Индијанецот, добро е што барем тој увиде дека од раните ќе скине конци овој (јас се чудам како порано не скина), па ај, му тури некои треви. Фала Богу. Finally.

    И сцената, која погоре ја ставил Бендер (телепатија, шта чеш)... Може ли некој да ми го објасни тоа?
    What the heck? (facepalm)

    И стварно, водопадите, падот со коњот... Btw, не знам кој прашуваше, ама да, барем тоа беше реално. Во коњот дефинитивно му беше потопло отколку да лежи надвор со крзното од мечка, врз снег и да го врне снег. Внатре е барем 30 степени, а надвор -30.

    И така, многу долги, непотребни и глупи и нелогични сцени... (facepalm) ;(

    А крајот тотално ме разочара. Повторно, муабетот на Омни, еднаш пука како снајперист, еднаш не може да погоди... Damn! Па Харди freaking hard, па не се дава, иако повреден, упуцан, без прсти, бла бла бла... |(

    И на крај, судбината ја препушти на Бог, а испадна дека Бог се Индијанците. Го бараше до крајот на светот, за да не го докрајчи на крај. Тоа ме потсети на мене, пред 18 години кога ми дојде кокошка во двор откај комшиите, па ја бркав и се испосеков, а на крај другар ми ми рече - греота е, живо створче е и ја пуштив цела испотепана... |(

    Епа мислам дека му даде предност да избега и за тоа време Лео, во таа шумата со дрвја без лисја исече една дебела гранка, што мислев дека ќе му служи за огрев, ама уствари очигледно е дека уште таму ја искористи и си ги сменија местата.

    Инаку, Капетане, ќе се обидам да ги погледнам филмовите, иако со самото тоа што се кандидати за Оскар, веќе ми се прикакува, да не речам, ми се одмилуваат. Добро е, само не ме терајте Room да го гледам, зашто не сакам да гледам филмови со деца. Особено тешки филмови со деца.

    ФМП.:bow:
     
    На Someonespecial, promeneta, Marossa и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Иако мене многу ми се допадна филмот (покрај тоа што што беше многу развлечен, замижав на тоа и да, вртев низ телефонот на моменти, еден од тие филмови е. :D Но, тоа настрана), морав да ти ставам лајк зашто особено се согласувам за сцената со јазиците, сум ја заборавила. Да ти кажам, кога се плазеа двајцата така ко троа ретардирани, толку глупаво се осетив, како да се видов оддалку како зјапам во луѓе што извадиле јазици и се кикотат. Еден од оние what am I doing with my life моменти. :rofl:
    Па и кога ја стави сликата на крај, се изнасмеав, па ме прашуваа дома што се смеам. :lol:

    @Lady Phoenix Јас прашував за коњот, штом е така во ред е. Јас оти крзното на мечката беше многу подебело од она на коњот, но играат други услови улога, разбрав.
    А за тоа со замената, сега ми текна дека имаше таква сцена, на неколку секунди беше (за разлика од оние кога лази по снегот, секако, тие се по 10 минути, а најважното неколку секунди). Јас кога го видов како го зеде дрвото, си помислив гроб ќе му прави на капетанот, штачеш... :D

    Инаку можеби тоа што јас сум воодушевена од филмов е што првпат гледам ваков филм, снег, Индијанци, мечки, чуда... :$ Вие сте гледале повеќе, гледам спомнувате таму Еверест, The Hateful Eight и не ви бил интересен овој, а јас тие не сум ги гледала... 8-|
     
    На Jordanovska-K, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  19. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ти си една душа невидена. :inlove:

    Еверест е филм за експедиција на Монт Еверест и нема баш врска со ваков тип на филмови, а Hateful 8 обавезно да си го изгледаш. Да видиш што е добар вестерн (иако нема Индијанци, за Црнците е повеќе), ама има снег и да видиш што е филм од 2 ипол-3 саати кој не ти е досаден ни минута зашто има јаки сцени и интелигетни дијалози. ;)
     
    На Jordanovska-K, Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Луѓе,алал да ви е како испишувате толкави реферати за нешто што не ви се допаднало :D
    Јас вообичаено за мрчење не можам да се сопрам,ама за The revenant не знам стварно што да кажам,освен дека едвај го догледав.
    Тоа некна беше,и се мислев дали воопшто да пишам,ама ај да не испадне не сум ги гледала оскаровските филмови :D
    Само две работи ми се допаднаа во филмот:
    -Глумата на Харди и ДиКаприо
    -Одредени ситуации кои изгледаа барем малку пореално,што немаше цензура на крвничките сцени,посебно бидејќи сум навикната од ГоТ :D

    Зборувајќи за глумата,прво да кажам дека Харди заслужува Оскар за споредна улога,оти човекот ми е генијален и феноменален глумец.
    И да,мене стварно ми е жал за Лео,оти низ годините имал баш интересни и разновидни улоги и филмчиња што сеуште ги памтам,за кои заслужил Оскар.
    А во овој филм,со сета изглумена болка и стенкања и офкања,плаче за Оскар.Буквално ПЛАЧЕ :D
    Патем,конкуренцијата не му е којзнае што,евентуално Еди Редмејн кој ми е стварно изненадување последните 2 години,има одреден шарм.

    Ова и јас се согласувам,ама сепак теориски што претставува филмот и она што го видов,не беше задоволително.

    Фамозната сцена со мечката нема ни што да ја коментирам,се сте кажале,типот требаше да си почине,тоа тешко се преживува.
    А за спиењето во коњот,па не ми беше толку гадно :D

    Друго не знам што би кажала,во глобала ич не ми се допадна,ич.

    @Captain-Omni Капетане,ако не ги одбереме овде,секако ми се во план за гледање,белким некој од нив ќе ме импресионира доволно да навивам за него,лани дури два ептен ми се допаднаа :D
     
    На Captain-Omni, Jordanovska-K, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.