@Marossa кога веќе го спомна Еди Редмејн... Не можам да се воздржам кога ќе му го слушнам или прочитам името. Поодвратно и поантипатично машко створење одамна не се појавило на светскава холивудска и секаква сцена. Бљак! Ми ги покрева цревата, буквално. Ужасен е, па колку сака добро нека глуми. Никаква харизма и симпатичност нема кај тој човек, нешто што би ми го олеснало гледањето на филмови со него. Fuck и бљак! Btw, извини.
Еве ме пак. Некој ќе помислеше дека ќе ми е доволен шлеперот со гомна што го истурив врз The Revenant, ама не. Шала на страна, имаше некои добри поенти у вашите мислења, на кои би сакал да се осврнам. Иначе, морам и ова да го кажам – филм во кој highlight момент е сцена со мечка е филм со кој нешто сериозно не е во ред. Што толку интересно ли направи мечката – го играше ли Тешкото, прозборе ли, ја јаваше ли ДиКаприо, за да предизвика толкаво воодушевување кај луѓево? Не, едноставно правеше работи кои една мечка ги прави (и тоа не многу успешно, ако смеам да додадам) – се обиде да ги заштити малечките и да ја отстрани потенцијалната закана кон нив – човекот кој се муваше у нивна близина. Него, ќе ви кажам зашто толкаво воодушевување – зашто во филмов ништо друго интересно не се случи, ете затоа. А луѓево, пустите толку сакаа да им се допадне филмот, што од очај се фатија за мечката. „-Еееј, го глеав The Revenant пред некој ден. –И? –Закон беше, најбоље, ДиКаприо заслужува оскар, а имаше и многу јака сцена со мечка.“ Е па, мечка да ти го бапне. Имај муда и свое мислење и признај дека филмов беше говно, и не туку ми кажувај тука за мечки. Amen to that. Реши се више Носферату каков филм сакаш да снимаш – ултрареалистичен или холивудска булшит класика – you can’t have it both ways. И мене ми сметаше што у еден момент пушкава е боље од снајпер, у друг не сака ни да опали (сцената на Веѓата vs. Харди), а у трет промашува на растојание од 2 метра. Истото важеше и за стрелите. На почетокот од филмот, ги решетаат со стрели од растојание толку големо што трапериве не ни гледаат кај у кур се индијанциве, а после кога 30 души го бркаат Лео на коњи и го гаѓаат со стрели, го промашуваат без исклучок, од растојание од помало од неколку метри. Кога сме више кај пушкиве... Лелич, затоа што пушкава беше малихерка, да не речам мускета. После секој испукан куршум, треба да и се сипа барут, да се набие, па да се стави нов куршум – процес за кој се потребни неколку минути. Додуша, сега кога спомна, веќе заборавив дали Лео воопшто пукна еднаш со пушката или не? Хмм... Ме тури у мисла. Ама па, ако го упукаше одма, како ќе траеше филмов 3 саати? Ееее... Не само со мечката, многу работи беа нереални. Еднаш го глеав Бер Грилс како рипна у вода на Алјаска за да покаже како да го преживееш температурниот шок – типот се соблече гол, за да му остане облеката сува, рипна и откако искочи, едвај успеа да се згрее, срчка ќе го стрефеше. И тоа беше благодарение на огнот кој веќе му беше запален и на сувите алишта кои ги имаше. А здрав, прав. А ДиКаприо, каде бе со тие рани, со таа изнемоштеност, без суви алишта и оган за топлење? Многу, многу сцени имаше во кои Лео преживува нешто што не може да се преживее. Исто. Браво ако си успеала ова да го извлечеш од филмов. Пак ќе се вратам на Бер Грилс (ми тргна со него) – имаше една сцена кога у Африка цедеше преку маица вода од слоновско говно. Што значи(аналогно на филмов), дури и од говното може да се извлече нешто корисно и добро. Иначе, уште еден знак дека нешто не е како што треба со еден филм е кога филмаџиите ќе почнат да се повикуваат на off-screen моменти. Лео јадел живо месо, а е вегетаријанец, филмот е сниман во дивина, со природно осветлување, итн. Е па, еве што мислам ја за ова. Прво, искрено ме заболе што ДиКаприо е вегетаријанец и што се жртвувал за филмов и го прекршил пактот со богот на Брокулата, па морал да стави месо у уста. Апсолутно не ми е гајле дали џвакал вистинско живо месо, кучешка гумена играчка во вид на стек или соја со охо-лепак и прехранбена боја, направена да личи на месо – се додека тоа изгледа доволно добро и реално на филмското платно, I personally, don’t give a shit. Второ, филмот е снимен само со природно осветлување. Што ова воопшто значи и зошто би требало да ми е гајле? Повторно, ако филмот изгледа ОК, не ме интересира дали за осветлување си го користел Сонцето, рефлектори, шумски пожар или свеќа. Браво, Носферату, алал да ти е за вложениот труд и напори за нешто што никој нема ни да го примети, освен ако ти така помпезно не ни го соопштиш! Трето, сцените се снимани во природа, а не со green-screen. Бате, не знам како да ти кажам, ама ова твоево не е далеку од piece of shit, и искрено, што е до мене, си можел комотно да го снимиш у студио и со добри ефекти, резултатот би ти бил горе-доле ист. Џабе си им ги мрзнел мудата на Лео, Харди и уште 100 души околу нив. 300 и Sin City се снимани 100% на green-screen, па се стопати боље од ова твоево чудо снимано у вукојебина, на минус 40. Така е! Revenge is in the hands of God, затоа ќе го пуштам Харди по рекичкава, директ у рацете на индијанците што сакаат да го скалпираат и утепаат. Go, God! Додуша па нели, God helps those who help themselves. За мене тие филмови на кои треба да вртиш на телефонот за да мине време се лоши филмови, нема бегање од тоа. Со филм е дозволено само пиење (и евентуално јадење) од помошни средства; ако некое друго помагало влезе у игра, џабе му е, пиши пропало. На Еверест не си го губи времето,мислам дека и Лејди го спомна у негативен контекст, а The Hateful Eight топло ти го препорачувам. Чим викаш Капетане ај да ги видиме и овие чуда, иако морам да признаам, нема премногу да брзам со гледање на филмовиве, не за друго, него и мене као на Лејди, кандидативе за оскар ми предизвикуваат bowel movement. Ако ништо друго, барем столицата ќе си ја регулирам. Толку од мене за филмов, дефинитивно. Не за друго, ќе си ја потрошам цела негативна енергија коментирајќи го, а ми треба за уште многу други места. Ајде, дајте ново дете за гласОВање, да го фатиме конечно редот за гледање на филмови за викенд.
@Bender Rodriguez Колку сакаш не верувај во смеење пред комјутер, ама јас загарантирано се смеам на твоите мислења, алал да ти е, како успеваш во тоа. @Lady Phoenix Што тоа рече ти? Мене Еди Редмејн ми е баш спротивно на тоа што го кажа ти, многу ми е мил и онака... lovable. Ептен ми е пријатен за гледање, дури сега се чудам како е можно на некој да го има спротивниот ефект. П.С. Заборавив да ти спомнам во претходниот пост, споредбата со кокошката беше priceless Се изнасмеав за сите пари. Дури и кога ќе се сетам само, несвесно се смеам. Залетав офтопик... Бендер, и јас помислив дека за тоа не ја зема пушката, ама ако не се лажам повеќе пати пукна, но цело време ѝ менуваше ствари на пушката. Некако дискретно беше прикажано, само ја навалуваше назад и за неколку секунди пак пукаше. Бреј, Лео ептен способен испадна, со една рака ѝ смени барут за 5 секунди. Ај белки се лажам Патем, не се согласувам дека е лош филм, туку дека е прекумерно развлечен и дека можеше комотно да заврши за саат ипол и така ќе беше многу поубаво. Ама ептен ја развлекле, што е право - право е. И јас чекам сега анкета, ќе ве дружам уште недела две веројатно, а потоа ќе почнат тестовите.
Еве анкета, иако нема некоја голема измена. Патем, ве замолувам ако може предлозите во болд да ги ставате, ми се губат вака во долгите мислења. За филмов немам многу што да кажам за разлика од вас, а и секогаш сум некако кратка на зборови. Мене ми беше океј, Леонардо ми беше супер, ми се чини дека е потешко да се доловат емоции со фацијална експресија, отколку да се изговорат зборови, затоа можеби и ми се допадна изведбата, Приказната беше непотребно развлечена, имаше досадни моменти, ама ми беше убав филмов за гледање, чисто од некоја субјективна точка. По муабети со луѓе на мнозинството не им се допаднал зашто ништо не се случувало и бил предолг, и да, разбирливо е, мислам дека е и малку преценет и префален, ама не е ни нешто дно дна.
@Bender Rodriguez, гласај ваму за The Hateful Eight! Само еден глас ли да има?! (Е сега се открив, ама гајле ми е) Што да кажам за The Revenant, сѐ сте кажале. Ај барем музиката беше супер, обожавам филмови со Индијанци, секогаш музиката во тие филмови е блиску до перфекција. Филмов ме потсети на Valhalla Rising, кој по мое е ремек дело, ако доволно се проучат и истражат одредени фрагменти. И таму музиката ми беше одлична. Па така, ве поздравувам со нумери од двата филма:
Дечки и јас гласав за The Hateful Eight.The Revenant 3 пати го пуштам и некако многу мрачно и сиво ми е местото.Да донекаде добар пејсаж е, ама пак не успеав а го изгледам.Се надевам сега ке го пуштам и ке дадам мислење.Може вака јас да си пишувам рецензии, а предлози да не давам секогаш.Пошто немам изгледано многу филмови.Или не може Бендер човече како не те мрзи 100 километарски пост да пишеш.
Јас сега ви се приклучувам. The revenant го гледав баш неодамна и искрено според мене е еден од подобрите филмови што ги имам гледано. Да, беше бавен ама некако тоа воопшто не го осетив бев цело време внесена во филмот и во прекрасните глетки. Можеби пак сум и малце субјективна заради Леонардо бидејќи го обожавааааааам и сметам дека е премногу талентиран. Има такви филмови.... Не можеш да не го сакаш! Глумата беше на врвно ниво! Дискутирав и со брат ми на оваа тема и тој се согласува. Најдобрата сцена од филмот дефинитивно ми беше сцената каде што Леонардо лежи неподвижен, а Том Харди го убива неговиот син. Предобро изглумено! At this point Леонардо ми е толку добар што и оскарот ништо не би сменил. Значи се гледа дека го бива за секакви улоги и дека мнозината го сакаат. Истотака големи пофалби за Том Харди, не го ни препознав другиот ден ми стана јасно дека тој е тој. Страшно добар филм! Едит: Оти сите коментираат за различни филмови? Се одбира еден или повеќе па кој како сака коментира? Ај објаснете ми хаха
Па Лелка, што да ти кажам. За една кокошка фатив да се нервирам отпосле, откако сфатив што сум направила со тоа што сум ја пуштила, а овој? Го пушти човекот што сакаше да го убие него и што му го уби синот. Јас пак, не знам како може некој да го сака Еди. Прво, на фаца е многу одвратен и антипатичен. Не знам, Лелка, ете, гледаш што ти прави лична перцепција. Потполно се сложувам со тебе, Сандра. И баш заради тоа што веќе со години Лео одбира само брилијантни улоги во филмови кои се секогаш на врвот, ова беше доста разочарувачки. Очекуваш да биде нешто спектакуларно, особено што тој глуми во него, што прифатил улога, очекуваш да не биде ништо помалку од претходните филмови, а го добиваш спротивното. Даваме предлог-филмови од кои се бираат неколку кои стојат во анкета. Од анкетата се изгласува еден филм, кој потоа заинтересираните го дискутираат навелико. При дискусијата може некој да спомне/нафрли и друг филм, за компарација (дали дека главниот глумец глумел и во тој филм, или за режисерот, или поради жанрот, или поради сличноста во приказната), а откако ќе издискутираме за дотичниот филм, може да се начне дискусија од типот како тоа што ти го објаснив погоре, кратка дискусија за некој од предлозите кои биле или не биле изгласани, а некој не ги погледнал, или кратка дискусија за предлог кој вреди да се погледне. Се надевам дека ме сфати и дека опфатив се’.
Морам да признаам дека уживав гледајќи го The Revenant и дека општиот впечаток како „дете“ на литературата на Карл Мај, Зејн Греј, и вестерн оставштините на Кевин Костнер, Џон Вејн, Ван Клиф, Иствуд, Бронсон, Леоне... е дека од жанровска гледна точка филмов растури и си ја исполни целта и го задоволи апетитот кои се бараат од филмовите и литературата од оваа категорија. Стандард, главен лик, херој кој има решение за секоја ситуација, без кусок на вештини, куп позитивни карактеристики, човечност и разбирање, одлично се снаоѓа и преживува во шумите и прериите, знае во вистински момент правилно да изменаџира со домородците, го познава нивниот јазик. Што повеќе од еден главен јунак од тоа доба? Донекаде, што повеќе и од вестерн негативец од она што Фицџералд беше? Плус одмазда. Ете ја и младата индијанка. Па уште и пријател домородец. Прекрасни пејзажи и природа. Автентичности до крајност што се однесува на гардероба, оружје, начин на живот... И до плафон! Апсолутни стандард и клише (плус минус) од кинематографијата за дивиот запад, но овојпат максимално добро скоцкани, идеално склопени и така исфугирани за Повратникот да изгледа така како што од мој агол го видов. Толку за скелетот, одлично изгледаше. Да видиме што има во сржта. Тука има друга работа според мене. Значи добивме идеално колаче, полно, кремасто, филувано и со екстра голема цреша на шлагот, кое можеше да се смачка и лапне и само со раце или обичен прибор, а тие дури ни понудија позлатени виљушка и лажица. Ај прво за лажичката. Колку Харди е потребен во филмов и ако е потребен колку беше употребен? Мене не ми е во најтоп актери, но не е ни во класата на актери чија задача е под ниво да одглумат позиции на лик кој лаже, коља, бега, зима кешарица, пљачка сеф, бега. Недоработен карактер, насамарен со премногу злоба и нечовечност за една жртва на скалпирање, човек со траума од звук на сек со нож, детство по кое морал да го „излечи“ лудиот татко, доброволец да остане покрај ДиКаприо (за пари да, но колку такви имаше во групата?), човек што сонува за мирен живот и идила на мала фарма и ранч во Тексас. На моменти мислам дека ликот на Харди е намерно раскашавен и турлитавизиран, бидејќи целта е Леонардо со сите сили да се бутка кон оскарот. Искрено, повеќе материјал за оскар, според мене би имало, а штознам можеби и сега има (во трагови) во споредната улога на Том Харди, отколку кај улогата на Леонардо. (Ама ваљда ќе ги среди со Лудиот Макс). Ете сме кај позлатената вилушка. Како што реков, непотребна за ова колаче. Мислам дека било кој актер од рангот на Том Харди па нагоре да ја одиграше улогата на Хју Глас, филмов ќе беше истото што е и денес. Ништо специјално од глумата на Ди Каприо и без посебен траг од индивидуалните негови квалитети. Тресење од студ, спасување жива глава низ хаотични бегства, јадење живо бизонско џигерче и многу други ситуации во кои е уфрлен ликот на Глас не бараат никаква потреба од Ди Каприо. Обидот кој е направен за да се замаскира едноличноста на Глас и за да на ликот му се даде длабочина преку навраќањата на мирниот живот во индијанското селце и несреќната судбина која го задеси таму за да син му е единствено нешто што му останува, не е тоа тоа. Можеби и целата приказна е таква каква што е, авантуристичка дивозападска класика, и ограничува и не нуди простор за Леонардо да покаже што може и умее, но тогаш нема потреба неговото име и улогата на Глас упорно да се гмечат и натискаат во ковертите со оскари, кои според мене изгледаат несоодвети за обликот на Ди Каприо во ова филмско пакување. И уште една работа, односно порака која филмов како и многу популарни наслови и оскаровски претенденти во стилот на Спасувањето на Рајан, Хрт Локер-от, па Џанговци, Прстени, Хобити, Снајперисти,... ја испраќа. Во овој случај таа гласи „Ете ја нашата Американска генетика, од кого ние водиме корени. Доселеници, трапери, на кои честитоста и соживотот им се приоритети. Секогаш борбата за своето ја тераме до крај. Можеби правиме грешки и не сме совршени, но тежнееме кон подобро. Сите оние што ќе се обидат да го повредат Американецот, (во случајов мечката симбол на Русија која на глобално политичко поле опасно ја гребе, гази и гриза САД и бетер од она што го доживеа Глас) нека знаат дека тој е тврд орев и секогаш на крај победува...“ Уствари сами заклучете си. Без многу потресување и површно гледано, Повратник навистина е една добра и возбудлива вестерн авантура и вистинско освежување и на жанрот и воопшто филмски во наездата од филмови со супер херои, замислени јунаци, компјутерски генерирани сцени и ефекти, вештачки комедии, патетични драми и сл.
Филм што заслужува оскар, и актер што заслужува оскар е The Revenant и Леонардо ди Каприо. Па редно е веќе човекот да освои оскар. Уживав во филмот додека го гледав. Салата исполнета цела, сите забулени го гледаат. Многу јаки ефекти, многу добра глума на Леонардо ди Каприо, а и за споредна улога мислам дека оскар би требало да земе Том Харди. Добро изглуми и тој. А The Hatefull Eight е филм за кој гласав во анкетава, иако сум го гледал и пред да излезе премиера кај нас. Го имаше на торент со HD снимка. Добар филм, и вреди за дискусија. Мене на Квентин Тарантино скоро сите филмови ми се допаѓаат. Само ми беше чудно што и тој самиот не си ставил своја улога во филмов. Како и во сите претходни филмови што се негови.
Мислам дека поголемиот дел така мислат,мора да признаам дека мене баш ми се допаѓа. Има бајаги разновидни улоги и се гледа дека оди во екстремности за да ги долови како што треба,а тоа многу го ценам. И симпатичен ми е некако Секој со свој вкус Јас да бидам искрена,кога ќе видам твој пост полека полека си го простудирам и си ја полнам душата,бидејќи многу интересно и детално пишуваш. Писател како кариера дефинитивно(освен ако веќе не си) !
Јас гласав за оскаровец бидејќи ми е во план сите да ги изгледам. Гледам The Hateful Eight ќе биде како што тргнало. Не ми пречи мене, исто ми е. Го спремав, утре ќе го гледам, се избрал или не.
Кога стигна и Собата до осум гласа? Јас па мислев да ја заклучувам анкетата, ама се надевам некој заборавен ќе гласа да ја реши работата. Еди Редмејн и мене не ми е нешто симпатичен, а и само во филмот за Стивен Хокинг го имам гледано, таму ми беше одличен во улогата. Ама и улогата ко за него да беше. Собата го изгледав, па гласав за осмицата, за собата нема нешто многу да се каже, (барем јас немам, треба да се откажам од темава и од филмовиве изгледа. ), иако @Bender Rodriguez сигурно ќе најде нешто.
Пуу, пак се изедначи, некој инает тера изгледа. Ми доаѓа да собирам гласови по ЛП за The hateful eight.
The hateful eight - добар . Dear friends, i hope this comment finds you in good health and stat. I am doing fine, altough i wish there were more hours in the day, is just so much to do. Time changes slowly, but surely. Затоа ценам филмови од скоро 3 саати кои не ги осеќаш. Времето е пари, а јас никогаш немам одвишак за расфрлање. Долг е филмов, да, но не е воопшто развлечен. Јас не сакам (благо кажано) каубојски филмови и не сум некој си фан на ликот и делото на Тарантино. Mислам колку треба да си арогантен за својот 8ми филм да го крстиш хејтфул ејт, само затоа што ти е 8ми и нема врска со содржината . Како и да е, без посебна причина (освен физичката) ми е антипатичен и никогаш не сум нешто посебно воодушевена од неговите филмови. НО на овој, не му најдов никаква замерка, а верујте барав, чисто за да продолжам да го нејќам Тарантино. Кога почнав да го гледам очекував дека ќе гледам некое каубојско срање а ла Џанго, и се изненадив и израдував кога видов дека уствари освен костимите и времето во коа се одвива филмов нема ништо каубојско. Седнав да го гледам филмов со тотално ниски очекувања, и можеби ради тоа сум со прилично позитивни импресии. Еве признавам дека гледав несекојдневен филм со уникатна прича. Секоја нелогичност на која наидував (како на Пример зашо не ја уби таа плавата), ми се разјаснуваше со тек на време. Сценариото: 5 . Режија - такоџе. Убави ми беа некои кадри низ колибата каде беше од далеку фатена собата со по 3-4 ликови раштркани низ интериерот... Друго, што знам што да прокоментирам... Не ми покрена некои длабоки мисли и прашања...делимично напетичок филм додека го гледаш зашо не знаеш како ќе тече дејствието, но после се, реално гледано е лабав. Токму тој микс од тензично и лежерно ми беше фино вклопен. Немаше ни нешо особено брутални сцени. Тие што беа крвави ми имаа убав шмек. Сакам кога боксовите и куршимите што се избацуваат од нигде никаде. Гледаш глава во еден момент и оп, следниот се распрскува. Прејака ми беше и сцената коа цурата му ја ампутира раката на тој вистинскиот обесувач. Да ви кажам, јас на почетокот очекував дека ќе останат 8 мина во куќата, неколку дена и дека дејството ќе се одвива околу тоа... Си мислев дека ќе биде отсликкано општеството во мало. Оно има еден разбојник, еден шериф, еден егзекутор, еден bounty hunter ...aли како што кажав, и покрај нашминканата фолја сo мрaчнoвиден oмoт , прилично е лабав филм, и тоа од оние поретките лабави што себично ти го бараат вниманието. Е ради тоа првичниот муабет ми е: добар . Дoбрo дoдушa, и пoрaди тoa штo ме спoмнувaa пoвеќе пaти вo претпoследнoтo пoглaвие кaде штo јa oбрaбoтувaa окупацијата нa куќичкaтa . The good old Sun is calling, so i guess its time for me to log out. Respectfully, ваша М