1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Само да ве поздравам:hai:

    Ќе ми извините за отсуството претходната недела, периодов немав многу време да изгледам на раат филм баш како што сакам (со внимание и концентрација)
    Вечерва планирам да го изгледам филмот на филмскиот мајстор, легендата Тарантино, верувам дека ќе ми се допадне, ќе ми задржи внимание и концентрација
    Утре пишувам рецензија, се враќам во форма:)
     
    На Lady Phoenix и Madam-A им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Lella ти благодарам на корекцијата. (highfive)

    Прво, не знам како да ја срочам реченицава, а да не биде со клетви. Ајде да кажам, брутален е оној кој ја напишал книгава, ама уште побрутален е тој што ја екранизирал. :swear:

    Некој ќе рече дека филмов е ремек дело, исклучителен, брилијантен, па каква тематика е, па каква глума од страна на Џек и останативе. Јас ќе речам - што помалку вакви филмови да се прават. :whew:

    Сакав да не го гледам, ама нешто ме копкаше од внатре. А и знам дека ако пропуштам една недела во фоајево, после ќе ми биде тешко да се вратам во колосек, па решив да се жртвувам. Инаку, уште кога прочитав во темата за рецензии за каков филм се работи, решив дека нема по ниедна цена да го гледам, ама ете, јуначко срце не додржа... (facepalm)

    Ајде да не го тупам веќе, да почнам со филмов.

    Значи Room, а?
    Актерска екипа - ок, музика - невпечатлива, а и впрочем, што ќе му е поинаква и каква било музика на филмов? Сценографија - адекватна, а приказната ќе ја критикувам. Не знам што е тоа, каков е тој нов тренд да мора филмовите да траат минимум 2 часа. И пократко да траеше филмов, немаше да биде лошо, дури мислам дека и подобро ќе беше. Во текот на филмот ми пречеа некои, како да ги наречам... Празни ^одови во приказната. Сцени и делови од сцени кои беа без дијалог, кои беа како пресечени, кои беа како вишок. Трендот на shaky camera продолжува, ама мене вртоглавици ме фаќаат од тоа.

    Повеќе од очигледно беше дека филмов е поделен на два посебни делови. Првиот дел е животот на Џој и Џек во проклетата соба, а вториот дел е нивното ослободување. Ослободување или???? Ќе се навратам на тоа подоцна.

    Првиот дел беше класична rape & hostage story. Живеат во шупа, со основни услови за преживување, освен телевизорот кој беше луксуз и кој изгледа како да направи повеќе штета отколку добро. Мајкава му раскажува гачки на малиот, го лаже, се заплеткала дури и самата во приказните кои му ги нижеше, создавајќи паралелен универзум и свет од кој после не можеше да го извлече детето. Детево, како за некој кој не видел надворешен свет, беше прилично разгалено и распекмезено. Искрено, не очекував да се треска од земја, ама ете, и тоа се случи. Ник беше мрднато копиле, малку збунет, малку повеќе насилен, одвратен и се’ со ред. Оваа имаше некои принципи по кои постапуваше. Но, како да го чекаше детето да порасне, за да се реши да се ослободи. Првиов дел ми беше многу напнат, ама не предизвика некакви поголеми реакции кај мене. Финтата со излегувањето надвор, со ослободувањето, беше добра, но се прашував дали ќе запали. Затоа што Ник, после толку години, мислам дека требаше да биде попретпазлив, па очекував кога ќе излезе надвор сосе теписонот, да го размота и да се увери во вистинитоста на изјавата на Џој. Малиов очекував да успее во тоа што го планираа со мајка му, ама бидејќи е филм, мораше да се закашка малку. Искрено, не очекував дека Ник туку така ќе го остави Џек после сцената со рандом типот и кучето. И полицијата кога дојде не очекував дека ќе успее да извлече нешто од детево кое беше во очигледен шок. Ете, не знам што очекував, искрено. Ама задоволително излезе.

    Втор дел - ослободување. После таа 7-годишна борба за излегување од тие четири ѕида во кои само од горе влегуваше светлина, реакциите и тоа што следуваше не ме изненади. Овој дел едвај го преживеав и бев во искушение да го прекинам филмот. Ме фати некоја непријатност, некоја тахикардија, лошо чувство, гушење од тоа што го гледав. Морам да кажам дека вториов дел ми беше на некој начин одвратен, сурово реален, едноставно многу удира на психа. Би сакала да сум во таа група на луѓе кои ваквите филмови ги доживуваат само како тешка глупост, ама за жал, не сум. :puke:

    Еуфорија, среќа, неверување кај Џој, наспроти шок, зачуденост, пак неверување, соочување со реалноста за која не ни знаеше дека постои кај Џек. Како што малиот добиваше сила да се прилагоди на новиот свет, така мајка му ја губеше силата. Првичната еуфорија се претвори во тешка депресија. Првичниот шок се претвараше во прифаќање и адаптирање на новата средина. Па повторно доаѓаме до ситуација детето да си ја спасува мајката, која во еден момент ми изгледаше дека дури и ќе го напушти, ќе се откаже од него и ќе му се врати после неколку години. Џек како подобро да живуркаше кога мајка му беше во болница. Но, како и да е, неговиот свет не беше целосен без мајка му. Мораше да се случи нешто што ќе и’ ги отвори очите. И се случи. И сите си живееја не толку среќно. А нај-creepy момент беше оној кога Џек посака да се врати во собата на крајот. :headbang:

    Поента - како да не беше ослободување, туку влегување во старо-нов затвор, во куќата на Џој. Влегување во старо-нов затвор во главата на Џој. И уште еден момент што ми остави лош впечаток - неприфаќањето на Џек од страна на таткото на Џој. Некако во тој поглед го поистоветив со Ник. Ник, кој немаше татковски инстинкт и чувства зашто никогаш не го видел детето, ниту бил во интеракција со него. Таткото на Џој, кој очигледно се помирил со тоа дека ќерка му ја нема. Таткото на Џој со тоа што не го прифати Џек, затоа што имаше предрасуди...

    Во секој случај, филмов ми предизвика мноооогу измешани чувства. Нит сум да го фалам, нит сум да го кудам. Додуша, не ми се допаѓаат ваков тип на срцедрапателни приказни за малтретирани мајки и деца, зашто според мене врската мајка-дете е света, совршена и треба да остане идеализирана.

    Друга работа, не сакам филмови кои на ваков начин допираат до мене. Ќе прашате - е каков е тој начин? Епа не знам, ни самата не можам да објаснам. Ама тоа е начинот при кој ми се згадува, ме фаќа тахикардија, ми се грчи стомакот, ми се појавува грутка во грлото, па не можам ни плунка, ни вода да голтнам. И најверојатно и лошо ќе спијам вечер. Ова е исто како некој да ми пуштил хорор.

    Искрено, ме погоди состојбата на Џој после излегувањето од собата. Пред да отиде во болница. Во дел од тие чувства се препознав и самата (чувствата како основа, а со ситуацијата, т.е. причините за состојбата, да се разбереме, не се идентификував), како последица од лоши случувања. Ме допре тоа што беше сето тоа многу реалистично прикажано. Ми изгледаше познато и се чувствував како да преживувам дел од таа состојба. Најверојатно тоа е тоа што ми ги предизвика сите претходно спомнати симптоми.

    Сума сумарум, не можам да одредам која страна да ја заземам за филмов. Само знам дека нешто во мене ми вика дека не ми се допадна. :whew:
     
    На Mama25, Eli23, Sunshine.Sunshine и 6 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.573
    Допаѓања:
    109.158
    Пол:
    Женски
    Room за мене е несекојдневен филм. Мислам дека тоа што е работен по книга малку одзема од она што е опишано во книгата. Нивните размислувања, чувства она што на филм не може да се долови. Филмов е за мене добар, но брутален. Реално брутален. После него бев остаена со отворена уста. Не знаев каде се наоѓам. Сцената кога малиот Џек се враќа во собата за мене на некој чуден начин беше сосема разбирлив. За него тоа беше неговиот живот, неговиот свет. Не знаеше за ништо друго. Начинот на кој мајка му го тргна од тој свет за него беше најтаруматичното нешто што го доживиеал. Цело време тој прашуваше кога ќе се вратат дома ( за него тоа беше дом). Мораше да се збогува. Она кога Џој оди во шупата е класичен Стокхолмски синдром кога жртвата се врзува за мачителот или за околината. Сепак 7 години не се мал временски период во кој од девојче станува мајка и сите трауми.. Со збогувањето со Собата за нив почнува оздравувањето. Дали би ја зела да ја читам книгата? Не верувам. Ама знам дека филмов долго ќе ми остане во сеќавање.
     
    На Eli23, Bender Rodriguez, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Ех, Room...
    Не знам како да го опишам овој филм. Мене ми се допадна, но... имаше нешто што му фалеше некако, како да имаше дамка некоја.
    Најсветла точка во филмов ми беше малиот Џек, толку слатко детенце не сум видела одамна. :inlove: Добро одглуми, можеше и подобро, но му се простува на сметка на слаткоста :lol:
    На филмов му пристапив многу негативно, можеби и тоа го расипува мојот вкупен впечаток.
    Немам што да кажам за филмот, бидејќи кинематографијата не беше нешто ау-бау повеќе се фокусирав на приказната.

    Вака. Најпрвин ликот на мајката. Си имаше да не речам некоја психопатска нишка. Добро, не до толку ама така како да била од оние девојки што не се интересираат за животот, мама и тато сè им купуваат и сега одеднаш собата и детето на патот макар што не можам ни да ја обвинам, којзнае како ѝ било. Но, сепак одигра како вистинска мајка, го стави својот живот во опасност за да му ја даде на детето слободата.
    Кога го спремаше тенџерето со вода си реков оваа е одвеана целосно, си помислив дека ќе му го изгори лицето за да излезат.

    Туку, вака кога ќе помислам може и подобро ќе беше да ја направат психотична, како да полудела од престојот таму и сега да го малтретира детето. Ќе беше многу брутално, ама барем во ниеден момент немаше да биде досадно.
    Некако, како сè да одеше како подмачкано, баш како читателот сака да биде. Како што навива еден набљудувач отстрана, да успее планот, детето да се спаси, никогаш да не е тажен малиот Џек... Немаше нешто да се свтри наопаку да си речеш oh shit. Жими обидот за самоубиство на мајката, скоро и ништо не се случи откако излегоа од собата. ОК, разбирам, проблеми, неможноста да се вклопат во светот надвор од собата, тешкотиите на детето, ама мене ништо од тоа не ме заинтересира посебно за да ми го задржи вниманието за тие два часа кои му беа многу. Можеби немаше да бидат да имаше барем малку трилер и возбуда, вака цело време беше меех, да ти се приспие.

    Генерално, не беше толку многу лош филмот, но не и еден од најдобрите што сум ги гледала, далеку од тоа. Убав беше, ама ништо посебно не сум воодушевена. Едноставно не беше тоа-тоа. Како да ја има промашено својата идеја филмов и не гледам како ќе го брка Оскарот за најдобар филм. Јас не би му го дала. :lol:

    Толку од мене, ако ми текне уште нешто, ќе дополнам. :hai:
     
    На Sunshine.Sunshine, Someonespecial, Ane-Goki1 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Room.

    (Cue dramatic music.)


    ОК, пред да почнам, прво да кажам дека Room беше океј, односно не беше ужасен, у смисла да сакам да си ги ископам очите додека го гледав. Но, дефинитивно не е my cup of tea

    Е сега, пред да удрам на рецензирање, сакам да кажам нешто за Оскарите. Реков еднаш дека не ги сакам, а сега ќе ви кажам и зошто. Затоа што Оскарите, како награди, востановија некаков шаблон за тоа каков тип на филмови добива оскар и на тој начин, индиректно, ги принудуваат режисерите кои целат кон оваа награда (а нормално дека ќе целат, затоа што се смета за најпрестижната филмска награда) да прават филмови по тој оскаровски калап. А ова, според мене, во ниту еден случај не е добро.

    Сте добиле ли некогаш впечаток дека некој филм е снимен со цел да добие Оскар? Е мене Room ми оддава баш таков впечаток. Излезе у јануари годинава, таман за да го фати оскаровскиот воз, а од друга страна, и да им остане свеж у памтењето на Американците кои имаат меморија на златки рипки. Се занимаваше со тема која до луѓето ќе допре емоционално, ама и језивите моменти не беа експлицитно и сурово прикажани, таман за да луѓето се натажат и потресат, ама не и згадат од целата ситуација. И нормално, приказната имаше хепи енд, у прав розово-холивудски стил. Сите критериуми за Оскар се исполнети. Well, fuck you!

    Мене тоа улижување на публиката и чешање јајца на оскаровскиот комитет ми беше провидно и многу одбивно, и само допринесе филмов да дополнително да не ми се допадне.

    Но, ајде да одиме со ред.

    Филмот почнува у собата, со мајката Џој (така ли се викаше?) и детето Могли. Ги гледаме како живеат затворени, доаѓа Ol’ Man Nick, одвреме-навреме, и го опнува на мама, и животот си тече business as usual. Дознаваме дека 7 години е затворена у шупата, пардон, собата.

    Океј.

    Прво, зошто за тие 7 години не се обидела да избега? На вратата гледаме стандарден combination lock, на кој само чичо Ник ја знае шифрата. Затоа и не може да го убие на спиење – зашто не ја знае шифрата и нема да може да излезе. ОК.

    Но, да ги разгледаме малце поблиску работите – бројчаникот има 10 цифри (од 0 до 9), а шифрата е четвороцифрена (знам, зашто слушав додека ја внесуваше). Што мислите, колку можни комбинации на бројки има бравата? 100 милиони? Колку што има ѕвезди во вселената?

    Не. Ни повеќе, ни помалку, него 10000, почнувајќи со 0000, завршувајќи со 9999. Ајде сега да пресметаме. Ако во просек и требаат 3 секунди за да укуца 4 бројки,тоа значи дека вкупно, за да ги испроба сите 10000 комбинации, би и требале 30000 секунди, односно 500 минути, или 8.3 часа. Осум ебани часа и 20 минути ја делат од слободата, а она 7 години дреме као мисир! Ама, не, не сум фер.

    Всушност, многу помалце комбинации беа, затоа што, ако слушавте внимателно, првите 2 цифриод шифрата беа исти. Се прашувате колку комбинации се тоа? Не е проблем, пресметав. 801! Да, само толку. Што значи, можеше да ги изреди сите за само 40 минути (кој не верува, нека ме провери). Ќе повторам – 40 минути штракање, т.е. сигурно и помалку, зошто кои се шансите баш последната шифра што ќе ја проба да е вистинската – сигурно ќе погодеше и порано.

    Да се разбереме, не е дека е ова пин на телефон, па ќе се блокира после 3 неуспешни обиди. А не е и дека Ник секојдневно ја менуваше шифрата – истата беше цело време. Дури и да ја менуваше секој ден, пак имаше 8 саати на располагање за да ги испроба сите можни комбинации. Судејќи по Ник и условите во кои живееа, не верувам дека типот бил некој тежок techie, па да ја поврзал бравата на некаков аларм кој ќе го извести кога оваа ќе проба да внесе шифра.

    А ако се плашеше дека може да наиде у секој момент, можеше да го убие на спиење, па потоа да штрака до миле воље. Имаше право кога и рече дека мислењето не и е јака страна.

    Друга можност – кога виде дека глушец успеал да влезе во собата, можеше да го најде дупчето и полека-полека да изровари низ него. Луѓе бегале од затвор копајќи ѕидови со лажица, а оваа имаше столици со метални ногарки на располагање. Собава не беше некој бункер за атомски напад со 2 метри бетонски ѕидови, беше шупа. Од дрво! C’mon! За седум години ќе го ископаше каналот Ла Манш, а не ѕидот од посрана куќарка.

    Ама не.

    Нејзината брилијантна getaway идеја е да остане бремена, да почека детево да напуни 5 години и после тоа да и помогне да избега. Really?

    И двата планови и беа тешко срање и само dumb luck беше причината што успеа.

    Првиот план, дека Могли е болен и дека Ник ќе мора да го однесе у болница беше леле-мајко. Значи, не знам зошто не помисли дека Ник едноставно ќе го задави детево кога ќе дознае дека е болно? Можеби нормална човечка реакција е болно дете да се носи у болница, ама човек кој киднапира девојче и го држи 7 години у шупа и не може баш да се нарече нормален, нели? Не знам со кој памет беше убедена дека ќе го однесе у болница, а не дека едноставно ќе го убие и ќе го закопа у првата шума.

    Идеме на вториот план. Тука морам да кажам и нешто за воспитувањето на Могли. Отсекогаш тврдам дека родителите со своето воспитување ги упропастуваат децата. Зошто побогу, го учеше детево дека надвор од собата нема ништо и дека ликовите на телевизија се некакви магични, нереални ликови? How the fuck is that a good idea? Затоа и кога после се обиде да му ја каже вистината, детево не и веруваше.

    И така, она помисли дека најдобро решение е да го замота детето у тепих, да го посоветува да се истркала од тепихот и да бара помош. Истото дете што до пред 2 дена не знаело дека постојат други луѓе на светов и дека воопшто има некаков свет надвор од собата. Well, nothing can go wrong with that!

    Што ќе се случеше ако pedo bear Ник го ставеше тепихот на задното седиште, а не позади во пикапот, за да не биде сумњив? Или ако детево едноставно не можеше да се одмота? И што ќе беше ако беа у сред вукојебина, а не у град? Кога ќе се одмоташе, каде ќе одеше детево и што ќе правеше, у сред шума, на пример?What kind of crappy plan is that?!?

    Btw, side note за Ник. Да чуваш жена и дете 7 години, да им купуваш храна, облека и сл., а за возврат да добиваш намуртен секс одвреме-навреме, па тоа ти е брак, мање-више, човече. Океј, пред да ме нападнете, знам дека не е, и дека тоа што го правел е ужасно, ама ако веќе бил спремен на таква долгорочна обврска, можел фино-лепо да си нарача невеста од Украина, од која ќе го добивал истото. Плус, немало да мора да ја крие. А и најверојатно ќе била поубава од оваа.

    Како и да е, се случува што се случува, се ослободуваат, со Ник што станува, не знам, го фатија или не – не видов или не кажаа. Не е ни битно, очигледно.
     
    Последна измена: 9 февруари 2016
    На Eli23, lunicka, Sunshine.Sunshine и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Една работа што ми се допадна беше суровата реалност што ги дочека кога излегоа надвор во светот – одбивањето на внукот од страна на дедото, медиумските лешинари, се комплет. За да ги покрие болничките и адвокатските трошоци, Џој е принудена да се „проституира“ и да си ја отвара душата за безобразни новинарски прашања, пошто нели, таквите интервјуа добро ги плаќаат. Hooray for the greatest democracy in the world! U-S-A! U-S-A! Btw, новинарсково прашање бе – „Зошто не му рече да го остави бебето пред некоја болница?“ Хммм, не знам, затоа што типот беше силувач и манијак и да му го дадев бебето можеби ќе го задавеше и фрлеше у контејнер, наместо да го остави пред болница? Не бе, стварно зашто.

    Освен ова, сите други сурови и језиви моменти, кои несомнено се случиле, беа успешно замаскирани, за да не ги одбијат гледачите и за да не избега оскарчето, секако.

    Размислувањето на Џој дали е подобро да го убие детето чиј татко е нејзиниот мачител и силувач, размислувањата дали е подобро да го убие Ник, макар никогаш да не излезе од собата, а можеби и себе да се убие, доењето на Могли, секојдневното силување што го претрпувала, обидот за самоубиство откако ги ослободија, доживотните психолошки трауми кои ќе ги носат и таа и детето и тако даље – ништо од ова не е прикажано, или е прикажано во најблага, холивудска варијатна.

    На крајот ги гледаме двајцата среќни и весели, како ништо да не се случило. Хепиенд.

    Дајбоже да е така.

    Могли можеби на 5 години не беше свесен низ што поминал, ама на 15 ќе знае сигурно, и ќе му биде јасно, и кој му е татко, и низ што се поминале со мајка му. За тоа ќе се погрижат децата на школо, кои ќе му дадат надимак rape-baby. Жал ми е, ама такви се децата – гомнари невидени. Така да, на Могли тек му претстојат психолошки трауми у животот. А за мајката, па да речеме, дека животот и е мање-више упропастен.

    Ама нееее, не мислете на овие мрачни работи – како ќе добие филмов Оскар инаку? It’s a happy, happy-ending! Види ги, се смеат во лулашката! Се е во ред. Давајте Оскарот, брзо, пред да сфатат сите каква кравја балега е филмов уствари!

    За мене, филмов не донесе апсолутно ништо ново во филмската уметност – не е интересен, не е забавен, доста предвидлив е, не предизвикува некакви длабоки чувства и мисли, не не учи на нешто ново.

    Напротив – како што хорор-филмовите, без никаква фабула, едноставно играат на картата да не исплашат (или поновиве, да не згадат), така Room игра со ниски удари, и цели пред се на емоциите – емпатија, сожалување и соживување со судбината на главните ликови, у надеж дека ќе не совладаат и дека нема да приметиме дека филмов практично едвај може и да се нарече филм.

    И додека во светот на филмот постојат вакви критериуми, филмови како Room ќе имаат номинации за „најдобар филм“, а филмови како Hateful Eight ќе бидат номинирани за некоја глупост, како „најдобра сценографија“. Тоа е.

    Се надевам дека нема да добие Оскар, за да конечно им дојде памет на режисериве и да почнат да снимаат филмови for the sake of the film itself, а не само за тој јебан Оскар.

    Ама, во себе знам дека баш ова чудо ќе биде избрано за најдобар филм. Нека го земе режисеров саканиот Оскар и нека си го начука у гз, нека спие спокојно и нека умре среќен. И у иднина го молам да не поштеди од својата филмска „уметност“.

    Bender out.
     
    Последна измена: 9 февруари 2016
    На Winter Lady, Eli23, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    This! :d:
     
    На Mama25, Lella, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez партал си ги направил имињава, детето е Џек, киднаперот Стариот Ник, а мајката е Ма, не и се открива името. Или така беше во книгата, може ја имаа крстено некако во филмов, ама ми се чини исто си остана. (или до толку I don't give a shit беше работава, па си ги крстил како сакаш. :D )
    Јас прво се зачудив кога видов дека снимиле филм според книгата, зашто и книгата не беше нешто посебно за да биде екранизирана.
    Морам една споредба да направам. Во книгата првиот дел е раскажан од Џек. На почетокот ми беше интересна додека се открие што се случува, зошто се таму, ама станува напорно раскажувањето од 5 годишно дете. Второ, мислев дека цела книга ќе биде за како да се спасат, па овој ќе ги мачи, ама не испадна така, се спасија рано, рано, па вториот дел од книгата беше тапа невидена. Сакала да опфати два света, еден кога живеат во заложништво, другиот како се справуваат со надворешниот свет, ама не успеала целосно ни во едното, ни во другото. Раскажувањето не беше нешто посебно и едвај се дочитува книгата. Пред филмот имаше под 3,60 рејтинг ми се чини, сега на гр има скоро 4ри. Што ти прави популарноста.

    Филмот е предолг. Се согласувам со мрчењето на Бендер речиси по сите точки, асолутно не гледам што е тоа што го прави овој филм толку специјален, уникатен или оригинален. Приказна за киднапирање, силување, само прилично подпросечна. Глумата не беше лоша, иако детето беше повеќе во преден план, Бри Ларсон не знам што е номинирана за улогава. Можам да кажам дека за нијанса е подобар од книгата, само поради раскажувањето на Џек што ептен ја отапува работата.

    Не ни мислев да го гледам филмот, зашто ни книгата не ми беше одлична, ама си реков да не направиле од ништо нешто, па што е номиниран за оскар. Ама не, дури и во вака емоционална состојба филмов не ме трогна, исто како и книгата, има некоја жичка што фали.
     
    На lunicka, Lady Phoenix, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Видов, (facepalm) ама корегирав со време. :D Толку впечаток ми оставиле, што од вчера до денес 3 имиња успеав да заборавам и испомешам.
     
    На Lady Phoenix и RainBow им се допаѓа ова.
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @RainBow ја имаа крстено во филмот. Кога мајкава го тренираше детето како да избега кога Ник ќе го изнесе од собата, му објаснуваше да бара помош и да вика дека Џој Њусом му е мајка. Арно ама, малиов од шокот заборави, па не знаеше да и’ одговори на полицајката во колата.
     
    На lunicka, Bozica1980, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.573
    Допаѓања:
    109.158
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допадна филмот зашто е различен од се што сум видела. Книгата не ја имам читано, не читав за филмот ништо пред да го симнам. @Bender Rodriguez не се соглассувам со твојата теорија зашто не избегала порано. Па она имаше класичен Стокхолмски синдром. Толку се имаше навикнато да биде таму што дури кога виде дека оној створот е во состојба да го повреди детето она се свести. Да не беше детето она можеби никогаш немаше ни да излезе. Сепак филмот е раскажан преку очите на детето. Да направат еден од аспект на Ма може ќе беше поморбиден ама вака. Ср на се не би му дала оскар за најдобар филм ама не би рекла ни дека е лош.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Стокхолмски синдром означува емпатија, симпатија и позитивни чувства кон грабнувачот - нешто што кај женава апсолутно отсуствуваше. Жртвите со Стокхолмски синдром се поврзуваат со грабнувачите, дури и многу пати не сакаат да се разделат од нив, а Џој едвај чекаше да избега од него.

    Омраза, страв, срам - овие емоции ги видов ја кај неа во однос на Ник. Далеку од Стокхолм беше работава. :)
     
    На lunicka, Sunshine.Sunshine, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Точно, воопшто немаше такви чувства кон киднаперот од нејзина страна, немаше ниту трошка љубов, ниту во книгата ниту во филмот, ако беше така немаше да бара начин да избега. Знаеше дека Ник може да го повреди Џек, затоа и го тераше да седи во плакарот да се крие, не и беше тоа некое откритие.
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.573
    Допаѓања:
    109.158
    Пол:
    Женски
    Не е стриктно тоа Стокхлом не е толку едноставно. Некогаш не се јавува љубов туку помирување со ситуацијата и прифаќање на начин на живот наметнат од киднаперот. Случајот Елизабет Смарт е нешто такво.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Несомнено дека по 7 години е можно да се помирила. Ама, зашто не се обидела од почетокот, првите недели, месеци, година?

    И зошто, таква цела помирена, одеднаш и се спојуваат жичките, па после 5-иот роденден на детево и текнува, „А да избегавме од тука?“ Не ми е логично ништо од ова.

    @RainBow, ти си ја читала книгава (јака ти душа) - има некое објаснување за ова таму? :?:
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.573
    Допаѓања:
    109.158
    Пол:
    Женски
    затоа што овој стана насилен откако ја изгуби работата. Мајчинството и желбата да си го спаси детето кога виде дека овој нема со прст да мрдне кога е болен во неа разбуди нешто.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Колку што ми текнува нема, зашто првата половина е напишана од гледна точка на Џек, а он нема објаснување за такви работи. Ама не ми текнува на детали зашто како што кажав, не беше впечатлива книга да се издвои по нешто и да остане во сеќавање.
    Инаку, не мислам дека помирување со ситуацијата и предавање е исто со синдромот, никаде не сум налетала на таква дефиниција, или измрдување од истата. Секаде е објаснето дека се создава врска помеѓу сторителот и жртвата, ама помирувањето не е исто.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.573
    Допаѓања:
    109.158
    Пол:
    Женски
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ама детево не беше вистински болно, туку се преправаше, како дел од планот да избегаат од собата. Што значи, она решила да бега уште пред да ја знае реакцијата на Ник. For all we know, он може и ќе го однесеше у болница. Муабетот ми е, не беше неговата реакција кон „болеста“ на детево тоа што разбуди нешто во женава.

    Мислам, Ник дури и се потруди да му донесе антибиотик. Некој друг едноставно ќе го убиеше детево и толку.

    Како и да е, мислам дека го overthink-уваме филмов и му даваме повеќе смисла и суштина отколку што има. Не сакаше режисеров некоја длабока психолошка состојба да ни долови, ни трагична човечка судбина, ни поучна приказна - си сакаше човекот оскарче и најверојатно и ќе си добие, а што е до него, Стокхолм може и да е главен град на Данска. :D
     
    На Mama25, Sunshine.Sunshine, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.573
    Допаѓања:
    109.158
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека не ти легнал филмот.:D
     
    На Someonespecial, Bozica1980 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.