1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Јас гласав за филмот. :D Не знаев ни кој е ни што е да си бидам искрена, така на слепо си кликнав.:wasntme:
    Ама не стигнав да го изгледам, иако намеравав кога се изгласа.
    Ќе ја отворам овој пат анкетата ако не, и така не е нешто интимно па да не се знае кој за што гласал. :)
     
    На LivingGlam, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.169
    Допаѓања:
    56.618
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие гласачите од Пустец, ама минатата недела не гласав, така што сум изземена од мрчењето за Бруклин. :$

    Редовно ве читам, и понекогаш гласам за филм за кој ми се читаат критики. Абе секој има право на глас пааа. ;(
     
    На boomsleng, Madam-A, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Така е Реин, само транспарентно. Да можам после да ги прозивам по име и по презиме тие што гласаат, а не коментираат. :D
     
    На Lady Phoenix и RainBow им се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас ги гледав претходните два(Room и Hateful 8) само некако не ми се пишуваше рецензија,а гледам со повеќето се согласував со мислењата.
    А сега,одма да си кажам ,јасно и гласно,јас гласав за Spotlight :D
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Јас лично гласав за Брулин бидејќи ми се мрчеше малку, а и бидејќи само него го имав гледано од листата. :D Епа си измрчив јас, за другите ништо. :lol:
    Гласав за филмот што го изгледав пред помалку од 2 минути, за разлика од Brooklyn многу ми се допадна и мислам дека има простор за дискусија колку-толку.
    Bridge of Spies, ladies and gentlemen, гласајте за број 2, за подобра дискусија. :bow:
    Фала. :D
     
    На boomsleng, Sunshine.Sunshine, Winter Lady и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Сега као на прави избори ќе почнеме да агитираме и да прибираме гласови за нашиот фаворит, а? :D

    Еве, ја и слоган смислив: Be progressive, vote Regression! :party:
     
    На IronLady, Madam-A, do-re-mi и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас гласав за Експериментаторот. Ајде, кој сака и да научи нешто од дискусијата, нека гласа за овој филм. :rofl:
     
    На Jordanovska-K, Winter Lady и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ја секогаш си давам глас, и гледам дека секогаш го давам гласот кај што има најмногу гласови.Само пуста мрза за рецензии. 8)
    Сега го гласав првиот иако и третиот ми се допаѓа.И така. :D
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Поради транспарентноста, како да им е страв сега на гласачите од Пустец да стават некој глас во анкетата, а? :rofl:

    Шала на страна, последниов пат беше убедливо најпромашена ФФФ недела. Дури не можам да поверувам дека такво нешто се случи. :| Секогаш минимум тројца има кои дискутираат. :worried:
     
    На boomsleng, Jordanovska-K, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Да прашам, пошто и јас од Пустец,ама, допрва ќе почнам со гласање.. прво ги гледате филмовиве па гласате или? ако може објашњење,молим лепо....јанисамодавде... Оти, мене не ми се познати овие,а, сакам да се вклучам во темава.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Нема правило за гледањето на филмовите. Некој веќе изгледал некој филм, па го препорачува, некој сака да гледа филм, па после да го дискутираме тука, па го препорачува...

    Инаку, пожелно е тие што гласаат и да си дискутираат овде. Не се пишува класична рецензија, туку баш свое видување на филмот (како што може да се забележи од претходните мислења). Па, доколку филмот го овозможува тоа, се изнесуваат претпоставки, па аргументи, контра-аргументи и така... Интересно е. :)
     
    На boomsleng, Sunshine.Sunshine, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    @zhap4e , шемaтa е тaквa штo кoгa ќе се пoстaви aнкетa глaсaме, пa избрaниoт филм гo гледaме сите и oд пoнеделник пoчнувa дa се кoментирa. Еве дa речеме тукa кoгa ќе се зaтвoри aнкетaтa, знaчи декa нaјмнoгу глaсoви oсвoил тoј филм, и oд пoнеделник дo нaреден пoнеделник кoј кaкo стигa, се убaцувa вo дискусијa. Акo сaкaш сврти нaзaд дa видиш некoј oд претхoдните филмoви, aкo си гo гледaлa, препрoчитaј гo муaбетoт зa негo.

    А гледaм aгитирaњa пoчнaле пo темaвa :lol: . Дa знaете зa следнo глaсaње: Дaвaм глaс зa 5 лaјкa! Акo имa пoише зaинтересирaни ќе oргaницирaме aукцијa сo нaддaвaње ;) .
    Инaку мене oвoј pawn sacrifice ми делувa зaнимљив aмa се плaшaм дa не е сaмo дoбaр трејлер a срaње филм, сo oглед нa тoa штo е вистинскa причa, кoлку мoже дa биде бoмбaстичнo сценaриoтo... :^) не гo глaсaв, зa дa имaм мирнa совест, aмa немaм прoблем aкo се глaсa дa гo гледaм :D.

    И убaвo штo се нaпрaвијa измени зaшo прoпaѓaa неделите и oстaнувaше темaтa празна. Џaбе дa не се кoчи рaбoтaвa.
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Добре људи. Ајде тогаш. Чекам да изберете ]:) После ќе коментирам...во духот на прошли коментари.
    Тенкју лејдис.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Ауу, Experimenter води. :o Јас пак се спремав целата викендов Regression да го гледам. :D
    Ништо ај, иако не сум љубител на психолошки филмови, ќе го гледам. Ама па и не се знае, може и пресврт да има, уште не е затворена анкетата. :wasntme:
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Ајде Experimenter е следен. Гледам скоро сите сме гласале, па нема потреба до чекање. :)
     
    На Jordanovska-K, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Јас овој филм не го изгледав :tmi: А немам ни време, цел викенд за натпревари се спремав.
    Ќе ја испуштам неделава. Не знам ни зошто го кажувам ова, мислиш ќе пропадне без мене темава. :rofl:
     
    На Sunshine.Sunshine, zhap4e, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ја знам зошто, за да не те карам кога нема да пишеш рецензија. :D

    Не се секирај, чим е натпревар у прашање, ослободена си од домашна работа во темава неделава, ќе ти пишеме оправдан. ;)

    Пред да го гледам, Experimenter го ставив у истата категорија со The Experiment, пред се, поради тематиката која ја обработува. Од The Experiment, како филм, не бев нешто воодушевен – мислам на кинематографија и глума – она што беше интересно е идејата која ја обработуваше, ама реализацијата беше далеку од добра.

    Од тие причини, се мислев дали да го гледам Experimenter – мислев дека идејата за експериментот на Милграм е интересна, поинтересна од затворскиот експеримент, ама се сомневав дека филмот ќе може да се развие надвор од таа основна идеја и дека, во суштина, како филм ќе нема што многу да понуди.

    Сепак, решив да го гледам (да напоменам, ова беше пред повеќе од месец дена) и да ви кажам, бев пријатно изненаден.

    Петре Сарсгард беше одличен во својата улога – и како наратор на филмот, и како Милграм лично. Генерално, изборот на глумци беше добар – Винона Рајдер, иако мирисаше на нафталин и лаванда, беше солидна како споредна улога, иако морам да признаам дека носечка улога на филмов беше Сарсгард , делумно затоа што филмов по малце наликуваше на монодрама.

    Кинематографијата беше добра, сценографијата – исто, со некои интересни моменти, каде што дејството се одвива на (намерно) лош green-screen, некаде на дводимензионална, театарска позадина. Се на се, како концепт беше интересно – нешто помеѓу филм и претстава.

    Друга работа која ме бендиса беше траењето на филмов – со саат и четириесет минути, речиси еден саат пократко од она што, за жал, денес изгледа стана просечно траење на филм, мене ми беше таман. Доволно долг за да ја пренесе својата порака, без да биде досаден во ниеден момент, но не предолг, за да почне да ја утупува работата.

    У однос на филмот као филм, тоа е, мање-више.

    Она за што сакам да зборам е, секако, експериментот и неговиот ефект врз нашево општество.

    Експериментот на Милграм е, според мене, еден од најважните остварувања во психологијата, бидејќи се занимава со едно од најважните прашања, а тоа е – што ги тера луѓето да прават лоши работи. Односно, што е тоа што ги тера добрите луѓе да прават лоши работи – нешто што претставувало дилема уште од подемот на Третиот рајх и нацистичка Германија.

    Одговорот е, накратко – авторитетот. Милграм со својот генијално осмислен експеримент покажал дека обичниот човек, кога дејствува под наредби на авторитативна фигура, е способен да изврши недвосмислено лоши (и во случајот со нацистите, ужасни) работи. Она што е особено интересно (или вознемирувачки, како сакате) е тоа колку всушност е лесно да се убеди „учителот“ да испорача смртоносен електрошок од 450 волти врз „ученикот“, само затоа што научникот кој го води експериментот му кажал да го направи тоа, или му извршил мал вербален притисок, користејќи се со следниве изрази (по овој редослед): Please continue.The experiment requires that you continue.It is absolutely essential that you continue.You have no other choice, you must go on.

    И ако и после се наидувал на отпор, научникот му велел дека тој ќе превземе одговорност ако нешто му се случи на ученикот. И тоа било тоа.

    Интересно е што пред изведување на експериментов, Милграм анкетирал 100 студенти по психологија, кои кажале дека само 3.73% од „учителите“ ќе продолжат со шокови поголеми од 300 волти. Реалноста е дека 65% од „учителите“ го примениле и максималниот напон, од 450 волти – нешто што го изненадило и самиот Милграм.

    Утешително е тоа што повеќето „учители“ пријавиле нелагодност и благо протестирале и се бунеле за време на експериментот. Yeah, tell it to the guy you shocked to death.

    Многумина стручњаци тврделе (а некои сеуште тврдат) дека експериментот на Милграм бил неетички. Јас лично не се сложувам со ова. Неетички (и нечовечки) биле „еспериментите“ на Менгеле, а Милграм го направил експериментот на единствениот можен начин кој би му дал реални резултати. Да знаеа учителите дека ученикот уствари не се шокира, експериментот ќе немаше никакво значење. А покрај тоа, 84% од учесниците подоцна кажале дека им е драго што учествувале во експериментот, додека 15% имале неутрални чувства.

    Ниту еден од учесниците немал трајни психички последици од ова, барем така се изјасниле кога ги анкетирале неколку години потоа. Штознам, ја да дознаам дека сум способен да шокирам човек до смрт, само затоа што некој научник ми рекол дека така треба, ќе бев прилично вознемирен – но, не од Милграм или експериментот, туку од самиот себе.

    Мислам дека протестите за етичноста произлегоа од нешто многу попросто – едноставно, експериментот ни открива една неубава страна (можеби и design flaw) на човечката психа.

    Прво, покажува колку е лесно човек да потпадне под влијание на авторитативна фигура, или некој кој само наизглед знае што прави.

    Второ, покажува дека кога човек смета дека некој друг е одговорен за неговите постапки, не гледа во себе никаква вина за тоа што го прави. Ова беше и еден од главните аргументи на многу нацисти за време на судењата по Втората светска војна – I was just following orders.

    Ми се допадна како во филмов беше прикажан експериментот – од брилијантна идеја, до сосема неочекувани и поразителни резултати за човештвото, до морална и етичка осуда и на крај, целосно извртување и перверзија на вистината во забавни цели – филм (со Вилијам Шатнер како Милграм, no less), според „вистински“ настан, па дури и квиз, или реално шоу, што и да беше.

    Интересни ми беа и другите експерименти на Милграм, за кои не ни знаев пред да го гледам филмов – The Small World Experiment, на пример. Додуша, не е нешто револуционерно – покажува дека уствари помеѓу скроз непознати луѓе, од два града на различните брегови на САД, постојат 6 степени на сепарација, односно ги делат 6 меѓусебни познаници. Во тоа време, може и било изненадувачки за него и другите колку е всушност мал светот. Ама ние како народ тоа го знаеме од памтивек, имаме дури и таква пословица – „Колку е мал светот“, така да истражувањево на Милграм тешко дека ќе ни дојде као некој шок. Башка што у денешно време на фејсбук профили со по 500 пријатели во просек, верувам дека постојат 6 (или помалку) степени на сепарација на светско ниво, а не па во САД.

    И Lost letter експериментот не ми беше нешто вау. Нормално дека е поверојатно дека човек ќе испрати изгубено писмо адресирано до човек со име и презиме, или до Институтот за истражувања на канцер, неголи на Здружението на свештеници-педофили на САД. Мислам, дали на некој овие резултати би му биле изненадувачки?

    Некако, добив впечаток од филмов дека животното дело на Милграм е експериментот со послушноста, а тој го направил на почетокот на кариерата. Сите подоцнежни експерименти, иако се инвентивни, не се ни блиску по важноста и револуционерноста со неговото првенче.

    Мене ми изгледаше како остатокот од животот да го помина барајќи го the next great thing што ќе го смисли, ама во тоа не успеа – и најверојатно и самиот беше свесен за тоа. Ќе беше подобро да наставеше со анализирање на феноменот на послушноста и понатаму, но тој подлегна на притисоците од научната средина и јавноста, како и критиките за етичноста, па се повлече од оваа контроверзна област и се насочи кон други работи.

    Ете му од прва рака што значи покорување пред авторитет и peer-pressure – сите сме жртви на сопствената психологија, дури и психолозите.

    На крај, да се вратам пак на експериментот за послушноста – 65% од „учителите“ е многу, но не е толку многу колку што филмов направи да изгледа. Во филмов ми се чини беше прикажан само еден (евентуално двајца, не се сеќавам више) кои не сакаа да го послушаат научникот – така да, навидум изгледаше како 90-и-нешто посто од луѓето да го истерале експериментот до крај, 450 волти. А реално, од 10 прикажани души, барем 3 требаше да ги одбијат „наредбите“ на научникот. Ова несомено беше за да се зголеми драматичниот ефект на филмот, така да не го сметам за некој голем недостаток – ефектот кој го сакаа беше постигнат.

    И знам дека секој што го гледал филмов помислил „Е, ја баш не би го послушал научникот, не сум таков, имам сопствена волја и знам што е добро, а што е лошо“. Поентата е што никој од нас со сигурност не може да знае како би постапил во ситуација во која не се нашол. Затоа и експериментот на Милграм наиде на толку бурни реакции и осуда – затоа што ни покажува дека всушност и не се познаваме себеси толку добро како што мислиме, и затоа што и покрај тоа што сметаме дека сме добри, сепак сме способни да правиме лоши работи. И изненадувачки малку ни е потребно за да го направиме тоа.

    Сите за себе мислиме дека сме посебни, индивидуални и рационални луѓе – поинакви од луѓето кои учествуваа во експериментот, подобри од нив, дека не потклекнуваме толку лесно пред авторитет. А фактите кажуваат дека поголем дел од нас би постапиле токму така.

    Од нас десетина кои пишуваме на темава (и по некој жител на Пустец), барем 6 би шокирале непознат човек до смрт, само затоа што некој научник у сив мантил ни рекол дека така треба. Размислете за тоа.
     
    Последна измена: 22 февруари 2016
    На Madam-A, Jordanovska-K, Mayyya и 7 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допадна филмов целосно. Траеше токму колку што треба, без претерувања, Кастингот беше солиден, иако не ми беше целосно познат,
    со овој дел од Бендер потполно се согласувам, иако со мои зборови не би можела вака да се изразам, па морав со туѓи да се искористам. :D

    Кога почнав да го гледам филмов немав претстава за што се работи, не го изгледав ни трејлерот, ми се отвори простор завчера и директива го пуштив. Одлична тема е земена за обработка. Јас се изненадив кога повеќето очекувале дека учителите нема да одат до крај, јас баш очекував дека тоа ќе се случи и не бев воопшто затечена од резултатот. Можеби зашто и немам некое високо мислење за луѓето, а самото тоа што се случувало во Германија е доволно да ни покаже какви сме. Ко демек со годините сме се измениле и сме станале подобри луѓе, па ќе се изненадуваме од вакви резултати. Вистината е дека само учиме подобро да се маскираме, да се претвораме, ама суштината е таа.

    Ми се чини покажаа двајца што ги одбија наредбите, ама сепак си кажаа во проценти колку што и како, да, поради ефект повеќе ги даваа оние кои одеа до крај, но не ги скрија процентите, така што нема никаква замерка тука. :)

    За мене немаше ништо неетичко во експериментот, не гледам како на друг начин би се извел, да е транспарентно, а да има релевантни резултати. луѓето беа едноставно згрозени и поразени од податоците, па удрија каде што можеа. Ама резултатите се тие, дури и да е неетички тие нема да се сменат, И јас исто би се запрепастила од самата себе ако одам до крај, а не од самата природа на експериментот.

    Кога сум веќе кај тоа и за самата себе не можам со сигурност да речам дека би престанала. Можеби, можеби не. Мислам дека повеќето најмногу ги ослободуваше кога беа ослободени од одговорноста, па добро, не сум јас крив, тоа е тоа, немам што тука да направам. Ама реалноста е дека секогаш имаме избор, дури и пиштол да ни е притиснат на чело, изборот е наш.

    И така, конечно филм што беше таман за мене, ем да си се подразмислам, ем не заспав, што е огромен плус. :D
     
    На Madam-A, Jordanovska-K, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И мене тотално ми се допадна филмчево,стварно ме поттикна на размислување.
    Од уметнички аспект,глумата беше одлична,посебно оној типот во сивиот мантил,таква ладнокрвна фаца,покерашка,одлично се снаоѓаше.Исто така ми се допадна начинот на образложување од страна на Милграм,баш како што рече Бендер,монодрама.

    Да преминам на експериментот што нималку не ми беше суров или лажен,туку баш паметно и интересно спроведен.Искрено јас сепак имав некоја верба во луѓето и очекував повеќето да се откажат на пола пат или да издејствуваат некако,а поголемиот дел беа навистина рамнодушни.

    Чудното во експериментов е како еден научник,што дотогаш немале го видено имаше таква моќ на убедување,моќта да ги натера да продолжат,без приложувајќи сила,без приложувајќи никакви вербални закани.
    Патем,ми се допадна одговорот на Холаѓанинот и тој беше единствениот што ја сфати целта,што барем испадна човек,бидејќи другиве испуштија 450 волти врз странец,очигледно несвесни колку е тоа.
    И целата поврзаност со нацистите и геноцидот извршен врз Евреите,баш е така.Секој што учествува само следел наредби.А зошто,тоа е веќе друго прашање.Некои можеби верувале во каузата на Хитлер,некои не гледале друго решение освен да го слушаат,некои едноставно биле арогантни и лоши.Ситуацијата го диригира тоа.

    Јас не можам да кажам како би изреагирала,ама искрено би се запрашала дали би му придала толкаво значење на човек што не го познавам,со цел да помогнам во развивање на некој проект.
    Бидејќи за мене,авторитетот се поврзува со почит.Еве чист пример,татко ми да беше човекот во сивиот мантил,јас не би се двоумела воопшто,би стиснала и 1000 волти.
    Зошто? Бидејќи го познавам и му верувам слепо.
    Исто така не би се двоумела ако измачуваат некој мој близок или им држат пиштол над глава.
    Ама пак ќе кажам,се зависи од ситуацијата,никад се не зна.

    Затоа и луѓето што учествувале во експериментот толку ги погодило,барем оние 1.3 % . Затоа што сфатиле дека не се знаат себеси,дека се слаби и подлегнуваат полесно на влијание.

    Другите експерименти ми беа исто интересни,иако пократко спомнати.Она со писмата си има логика,како и она Small World,посебно во денешно време,кога баш е мал светот.
    Ми се допаднаа и оние со лифтот и линиите што беа спомнати,бидејќи реално,навистина е така.Поголемиот дел од нас многу често потпаѓа на влијанието од толпата,дури се сомневаме во самите себе,бидејќи останатите мислат поинаку.И не само за тоа,често правиме она што другите прават,за да не се издвојуваме,да не се истакнеме премногу.
    Факт е дека во денешни времиња,сите се убедуваме дека сме уникатни,дека треба да бидеме свои,дека сме оригинални и поинакви од останатите,но реално,не е баш така.Нормално дека се разликуваме како личности,ама во одредени секојдневни ситуации 90% реагираме и дејствуваме на ист начин.

    Да не филозофирам многу,одличен избор на филм,ми се погоди ептен.
     
    На Madam-A, Jordanovska-K, Sunshine.Sunshine и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Точно така. Иако и ја го споредив експериментот и неговиот резултат со холокаустот, сепак морам да нагласам дека постојат и некои (битни) разлики.

    Прво, нацистичката пропаганда неуморно работела на тоа за да ги убеди Германците дека баш Евреите претставуваат олицетворение на злото и се извор на сите нивни проблеми и сиромаштијата која владеела пред Втората светска војна. Ако го споиме ова со фактот дека нацистите „проповедале“ супериорност на ариевската раса, не е тешко да се види дека Евреите биле дехуманизирани во очите на Германците, кои на нив не гледале само како на нивни директни непријатели, туку и како на нешто пониско од луѓе.

    Нешто слично како што ние гледаме на шимпанзата денес, и воопшто не ни е проблем да ги затвораме во кафези и да правиме експерименти врз нив, кои никогаш не би се осмелиле да ги направиме врз луѓето. Ова се случува и покрај фактот што шимпанзата имаат IQ од 35 до 50, според нашите стандарди, со што спаѓаат во категоријата на лица со умерена ретардација. Дали ова значи дека е дозволено да ги затвориме ретардираните во зоолошки или да експериментираме врз нив? – секако дека не, но потполно истото го правиме со шимпанзата, само затоа што не се луѓе. Но, забегувам од темата со мојата љубов кон шимпанзата. :D

    Второ, учесниците во експериментот можеле во секој момент да одбијат да го слушаат научникот, без никакви последици по себе. Но дали било кој војник во нацистичка Германија, било да е од најнизок или највисок ранг, можел да го направи истото? Мислам дека во нацистичкото движење, покрај послушноста кон авторитетот, голема улога имале и пропагандата, ама и стравот од тоа што може да те снајде ако одбиеш послушност. Едноставно, некои Германци навистина сметале дека постапуваат исправно, некои само следеле наредби (без да размислуваат за импликациите и последиците од истите) , а некои сметале дека немаат избор во тоа што го прават (односно, стравувале од тоа што може да им се случи ако изберат да не послушаат). Секако, и еден мал дел биле вистински психопати и садисти.

    Но, она што Милграм со својот експеримент ни покажал е всушност колку голем удел во сево ова послушноста кон авторитетот. 65% од луѓето се спремни да следат наредби од авторитативна фигура, научник кој само што го запознале и практично не знаат ништо за него што би им влеало доверба во однос на неговите постапки и расудување, дури и ако тоа значи да повредат или убијат друг човек – и сето тоа без никаква дополнителна закана по нив или нивните блиски. Од експериментот дознаваме колку е всушност лесно човек одговорноста за сопствените дела да ја префрли или припише на некој друг, како и што се може да направи (и со каква леснотија) откако веќе не чувствува никаква одговорност за своите постапки.

    И ако на сето тоа додадеме повеќегодишна пропаганда, дехуманизирање на еден цел народ, и страв за сопствениот живот и животите на своите блиски, многу лесно ќе ги добиеме и останатите 35% на послушници. И ја добиваме нацистичка Германија.

    Ја мислам дека не беше у прашање тоа дали го познаваат или не, туку едноставно „научникот“ беше претставен како водач на експериментот, и со самото тоа имаше доволно авторитет врз учесниците. Претпоставувам дека кога ги „охрабруваше“ учителите да продолжат со експериментот со фразите за убедување, луѓево едноставно претпоставија дека бидејќи тој го води експериментот знае што прави и деке сигурно не би дозволил „ученикот“ да го шокираат до смрт – иако, ова тој во ниеден момент не го кажа.

    И ова е појава со која често се среќаваме во секојдневието – кога одиме на лекар, автоматски претпостауваме дека тој знае што прави и ги слушаме неговите препораки без поговор, иако прв пат го гледаме во животот, само поради фактот што е лекар – тоа го прави доволно голем авторитет во нашите очи.

    Кога некој наставник или професор ќе ни каже нешто, најчесто тоа го прифаќаме како факт, без да се сомневаме во истото, бидеќи претпоставуваме дека човекот кој ни предава има познавања од дадената област, само затоа што е професор.

    Истото важи и за политичарите на водечки државни функции – со самото тоа што се на функција претседател или премиер, народот претпоставува дека штом стигнале до таа позиција, се способни, интелигентни и дека знаат што прават и зборуваат.

    Можеби најочигледниот пример е со децата и родителите – родителите речиси на сите ни се авторитет, на многумина и во текот на целиот живот и најчесто, тоа нема врска со почитта, како во твојот случај со татко ти. Слепото следење на авторитетот на родителите, иако најчесто и не се во право, е главната причина за различните проблеми и конфликти во личноста со кои се соочуваат повеќето луѓе – види само во „Снаи и свекрви“ какви проблеми настануваат кога децата, иако веќе и самите се возрасни личности, слепо го следат авторитетот на родителите. :)

    Примериве можеби немаат толку екстремни последици како резултат на послушноста како во експериментот – никој не умира од електрични шокови – ама се добар показател за тоа зошто е штетно слепо да се покоруваме на било чиј авторитет, без претходно барем да го ставиме под знак прашалник.
     
    На boomsleng, Madam-A, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.