1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Името Стенли Милграм го имам сретнато неколку пати, но не знаев кој е и што, па филмов ме поттикна да истражам малку повеќе.

    За почетниот експеримент си мислев како луѓево продолжуваат со електричните шокови само поради тоа што надгледувачот на експериментот така им велеше.
    Доколку јас се најдев во таква ситуација, мислам дека не би продолжила со експерименот, но само мислам.
    Најпрво не би учествувала во било каков експеримент од проста причина што сум срамежлива и не баш толку комуникативна и ред други причини, а доколку под некои случајни околности би станала дел од експериментот, тогаш прилично сум сигурна дека би била нервозна и би паничела, така да со сигурност не можам да кажам како би реагирала.

    Друго, кога бираа кој ќе биде ученикот, а кој учителот ми беше сомнително, бидејќи може на двете ливчиња да пишува учител. Но, потоа откриваат дека ученикот е всушност дел од групата луѓе кои го спроведуваат експериментот.
    За тоа дали е неетички, ако учесниците знаеја дека ученикот не добива електрични шокови, тогаш експериментот би немал смисла, попусто би се правел.

    Очекував повеќето учесници да се откажат и да прекинат со експериментот, бидејќи имаше моменти во кои му се обраќаа на надгледувачот и се жалеа дека му се случило нешто на ученикот.

    Глумата беше супер, дел од глумците не ми беа познати.
    И едно нешто кое многу ме нервираше беше брадата на Стенли.:D

    Се разочарав, мислев дека имам да кажам нешто повеќе. :|
    Доста интересен филм, но бев изморена и не се концентрирав доволно. Ах бре, само оправдувања си барам. :tmi:
     
    На Priroden, Madam-A, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Еее немој така,баш беше секси :D
     
    На Madam-A, Lady Phoenix и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Плус, луѓето знаеја дека учествуваат во експеримент, друго ќе беше да не знаеја, тогаш можеше да се дискутира дали е етички или не. Свесно се нафатија и си земаа пари за тоа. А им беше и кажано дека парите се нивни без оглед на тоа што ќе се случува понатаму. Тоа ми се допадна, што парите како фактор беа изоставени.
     
    На Bozica1980, Jordanovska-K, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Мене филмов ми беше океј, ништо повеќе.

    Веројатно јас имав повисоки очекувања, а и нејќев да добијам еден вид документарец. Интересни се тие психолошки испитувања и тестови, ама да ги прочитам и толку. Онака од сабајле со кафенце лабаво. Кога веќе гледам филм сакам да биде пожестоко. Сакам да биде одиграна психијатриската страна, по можност. Повеќе ме фасцинира таа наука и затоа можеби далеку поише ми се свиѓа Експеримент од овој.

    Еве неколку дена немам инспирација за да му навлезам и да го разгибам убаво, па моето мислење би било кратко и површно.
    - Го сфатив филмов како приказ на тоа дека самиот животот е експеримент. Секоја постапка влага во процент и на поединецот останува кај ќе си се смести. Во принцип скоро се е шаблон, и во глобала скоро секогаш сите го следиме. Во вистински живот улогата на авторитетот ја игра општеството и нормите кои ни ги налага. Следиме туѓи желби, се устручаваме од свои, се плашиме да ја напуштиме комфорд зоната, слушаме мислења од комшиите... стадо овци. Така мене ми изгледаа „учителите“. Никој не потпиша договор. Еве ќе речеш да било претходно, за сметките на лице место потпишуваа, а и правилата му ги објаснуваа на лице место што значи ако во сцената во која те запознаваат со експериментот не потпишеш договор, значи или не си потпишал или си потпишал ветар во магла. Не знам што е полошо. И никој не побара црно на бело дека одговорноста ќе падне на друг. Не се тоа човечки прашања него основни постапки кои треба да ги регулира секој.

    И ова. Како може да не ти ги отвори двете? Па и Лила на тоа кутиите сите ги отвара.

    Ова се ми беа замерки во сценариото. Колку сака нека е вистинска прича, јас го гледам како филм и сакам да ми е тип топ скоцкан. Можеле да го досредат се тоа да нема нелогичности.


    - Забележав дека нешто се спомнаа националности и дека тоа не даде посебен исход, туку професионалната сфера даде. - Националноста и онаа припадност по случаен избор во некоја средина, не не дефинира, туку смерот во кој ќе се движи индивидуалното градење на личноста.

    - Трета и последна работа што би ја спомнала: Приметивте дека тие нецели 2% кои имале негативни инпресии од експериментот беа жени? Сите три жени. Хм...
    И кој колку сака нека пушта муабет дека бил неетички, како што и сите претходно изјаснати пишаа, врска нема. Само да се исплука нечиј труд и работа. Да ги загрозел навистина испитаниците и да ги ставал од другата страна на вратата, ајде, ама вака? Чак што више дури и одма им кажа дека се било намештаљка. Не заслужува више муабет тоа колку не е неетички.

    Јас од секогаш сум сметала дека во секој има одредена злобота, прашање е само што ќе му биде тригер за да ја распаша. И поверодостојно ми е да сметам дека сме себечни, него ли цвеќиња за мирисање.
    Исходот мене не ме изненади воопшто.
    Овде би повлекла паралела со патот до успехот на една амбициозна индивидуа во реален живот. Сакаш да го импресионираш работодавецот (научникот) и правиш се што треба да ги изгазиш препреките затоа што тоа ти е работа и стискаш волтажа до даске.

    Еве ти по едно пиво за секој цитата ( :beer: , :beer: ) , немам што да додадам. ;)
     
    На boomsleng, Sunshine.Sunshine, Jordanovska-K и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да пишам, зашто сакам да должам, ама немам многу време за такво нешто.

    Мило ми е што на повеќето им се допадна мојата опција :D.

    Уште кога прв пат го гледав филмов, бев задоволна од тоа како испаднал, со оглед на тоа што е нискобуџетен филм. Винона не ја можам, ама глумецот што беше во улога на Милграм, ми беше мерак да го гледам и слушам. Таман ми беше за улогата. Се' друго останато исто ми се допадна.

    Ќе се сложам со погорните мислења за начинот на кој е снимен филмот, а и за експериментот на Милграм. Искрено, не можам да бидам сигурна како би постапила, зашто заклучивме дека не сме тоа што мислиме, ама поаѓајќи од тоа што не можам да поднесам ни караница меѓу двајца, претпоставувам дека попрво ќе се онесвестам од стресот ако ми вршат притисок, отколку што ќе успеам да стигнам подалеку.

    Сосема го оправдувам експериментов, иако не можам целосно да се сложам со тоа колку е етички; мене дефинитивно би ми оставил последици. Но, според мене, тие што не го оправдувале/оправдуваат се само луѓе кои не можат да ја прифатат суровата вистина за човековиот ум, однесување и психологија.

    Тоа сакав јас да кажам на кратко, со оглед на тоа што сите пред мене кажале се' што би кажала и јас. :)
     
    На boomsleng, Sunshine.Sunshine, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    @RainBow, да не е време за анкета? :angel:

    Сега, со пречистен гласачки список, и транспарентни избори, може да идеме у нови победи.
     
    На Bozica1980, boomsleng, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Што се случува со анкетава, луѓе? :?:

    И овие избори да не се одложија за април? :D
     
    На Bozica1980, Madam-A, Sunshine.Sunshine и 2 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Не остана некој што не гласал да пресече? Еве и од Пустец нека е.:wasntme:
    Едит, еееее заборавив да напоменам на гласачот за првиот да гласа, беља работа сега.:envy:
    Ништо, ајде, Bridge of spies е следен.:emo:
     
    На Lella, do-re-mi, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Уј јас не ни приметив дека има анкета, нешто нетука сум у задње време. Нема бе оскаровскиот да го почастиме со нашето време и внимание? :wasntme: Доброоооо... ајде нека бриџ. А предлагам за следната недела на слепо нека биде оскаровскиот што ќе тепа денес (секако ако веќе не ни прошол :D )
    (fingers)
     
    На Lella, boomsleng, Sunshine.Sunshine и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Моето мислење и генерален впечаток за Bridge of Spies можам да го опишам само со еден збор – meh. Како за филм сниман по интересен историски настан, режиран од Спилберг, со сценарио од популарните (моите неомилени) браќа Коен и со Том Хенкс во главната улога, искрено – очекував повеќе.

    Како и многу други пати, не можам да ви кажам што точно очекував од филмов, а што е тоа што тој не ми го исполни, ама за тие 2 ипол, 3 саати колку што траеше, можеше да ни даде нешто повеќе и нешто подобро.

    Да напоменам, филмов ми е гледан пред може и повеќе од месец дена, па некако и впечатоците ми се спласнати. Се сеќавам дека кога го гледав ми беше океј, ама сега сум само рамнодушен во однос на него.

    Ама сепак, Спилберг си е Спилберг, и дури и да сака, не може да направи голема утка. Филмов попрво би го нарекол политичка драма, наместо трилер или шпионски филм – ама, во секој случај, не беше досаден (иако беше на границата). Кинематографијата беше солидна, сценографијата исто, изборот на глумци – соодветен. Мртвото пувало Хенкс, со неговата квази-смисла за хумор, ми беше погоден за улогава, а глумецот кој го глумеше Рудоф Абел ми беше позитивно изненадување.

    Ми се допадна пријателството кое се разви меѓу двата главни ликови, иако потекнуваат од различни идеологии и практично беа на спротиставените страни на студената војна. Односно, не беше тоа баш пријателство, туку попрво би рекол взаемна почит – Абел кон Донован, поради неговиот интегритет како адвокат, непристрасноста со која се водеше во случајот и сите напори кои ги вложи за негово ослободување; и Донован кон Абел – поради неговата непоколебливост и решителноста да не прифати никаква зделка со САД и да не открие ништо за себе и за својата мисија.

    Ајде малку за приказната.

    Филмот започнува со тоа што Американците го заробуваат Рудолф Абел и се решени да го осудат за шпионажа, ама истовремено сакаат и неговото судење да делува „фер“ (макар што пресудата се знае дури и пред да почне процесот) – за да покажат дека САД како демократска земја им дава еднаква шанса на сите, дури и ако се руски шпиони.

    Изборот паѓа на Џејмс Донован, човек кој својата професија си ја сфаќа дури и пресериозно (барем во случајов, според некои) и е решен да направи се во негова моќ за да го ослободи Абел. Успева да издејствува казна затвор, наместо смртна казна, но и тоа не е доволно – оди дури до Врховниот суд во обид да докаже дека ФБИ незаконски се стекнал со доказите против Абел. Ама, сепак се работи за филм сниман по вистински настан, а не бајка, и нормално – не успева во тоа.

    Од друга страна е Рудолф Абел – мистериозен човек, кој не збори многу. За него, освен дека е принципиелен, не дознаваме ништо друго – ни која му била мисијата во САД, ни какви се информации успеал да пренесе за време на својот 9-годишен престој, па дури ни неговото вистинско име.

    Одговорите на последниве две прашања се „апсолутно ништо“ и „Вилијам Генрихович Фишер“, ако некого го интересираше.

    Некое време потоа, Советите го заробуваат американскиот пилот Гери Пауерс, за време на шпионска мисија над СССР. Донован доаѓа на идејата за размена на заробеници меѓу САД и СССР, се води заткулисна игра со многу перипетии, а во меѓувреме во играта на мерење на пениси помеѓу Банту црнците САД и СССР сака да влезе и ГДР, со своето азијатско куре – нивниот заробеник, јадниот студент Фредерик Прајор. Се случуваат разни работи, but all is well when it ends well, а случајов – ситуацијата завршува добро за сите (освен за ГДР, се разбира).

    На крај, и некој збор за историската точност на настаните прикажани во филмов.

    Прво, мислам дека U-2 инцидентот и срамот и бруката кои тој и ги донесе на САД беа во голема мера ублажени во филмов. По неуспешниот обид за прикривање од страна на САД и ЦИА, Хрушчов е триумфален и самозадоволен, Американците колективно се усеруваат у гаќи, Ајзенхауер запаѓа у депресија, а медиумите прават циркус и бараат жртвено јагне за резилот. Ама, многу мал дел од ова всушност гледаме во филмот.

    Fun fact: сето ова се случува неколку недели пред мировниот самит на кои учествувале САД, СССР, Британија и Франција, и кој требало да послужи за деескалација на студената војна. Што значи, да не бил инцидентов, студената војна можела да заврши и 20 години порано. Good job, CIA!

    Второ, Абел го заробуваат во 57-ма, а U-2 авионот го соборуваат во 60-та; што значи дека Абел поминува 4 и нешто години во затвор, пред да се изврши размената со Гери Пауерс– во филмов делува како многу помалце.

    Инаку, интересна работа во врска со алијасот „Абел“ – Фишер намерно го одбира името Рудолф Абел, инаку негов, веќе починат, пријател и полковник во КГБ – затоа што знаел дека кога името Абел ќе се појави во американските медиуми, КГБ ќе знае дека е заробен, а сето тоа без да го открие своето вистинско име.

    Трето, Советите не го измачувале Пауерс за информации – човекот сам се си раскажал и си признал дека е шпион.

    Четврто, на Донован никој не му пукал во куќата затоа што бранел комунист, ниту пак доживеал премрежја во Берлин, од типот да убиваат луѓе пред негови очи додека се обидуваат да го преминат ѕидот (овие работи почнале да се случуваат речиси година дена по размената на Абел и Пауерс) нити па моменти од типот „In Soviet Russia…“, како крадењето на капутот. Не, никој не му го украл капутот додека бил во Берлин.

    Но, претпоставувам овие ствари се додадени за да филмов, кој и без тоа не изобилува со многу возбудливи настани, биде малце поинтересен. Во спротивност, ќе беше bore fest од типот Thinker, Taylor, Solider, Spy.

    Од моето meh пак испадна прилично долго мислење, ама заклучокот и резимето на филмов ќе ми биде ист како и воведот – meh.
     
    На Sunshine.Sunshine, Lady Phoenix, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Оф, и за овој филм нема постови, м? :D
    Да ви кажам и јас едвај се наканив да пишам, вистина било дека ако испуштиш една недела, после не е лесно да се вратиш. :lol:

    Вака. Том Хенкс ми е еден од омилените актери, за разлика од многу луѓе кои не сакаат лице да му видат. Јас го засакав од филмовите за Роберт Ленгдон, бидејќи тој ми е омилен лик од книга, а како да беше правен специјално за Том Хенкс. :D
    Мислам дека фантастично му легна улогата, како „досаден“ адвокат кој трчкара наваму натаму, а јас Том Хенкс не можам да го замислам во улога каде што има некоја екстравагантна професија, професор по религиска симбологија и адвокат ми се таман.
    Актерот кој го глумеше Абел, со него започнува впрочем, ми се допадна навистина, одлично ми стоеше. Тивок, повлечен, не зборува многу, звучи како најобичен шпион, да, ама имаше нешто друго во него, некоја чудна нишка, не знам како да се изразам. Во секој случај, актерот многу добро го одглуми тоа, си го заслужи оскарот, иако повеќе сакав Марк Рафало од Спотлајт да го земе.
    Всушност, целата актерска екипа е одлично изберена, тоа е едно нешто за кое нема промашај во филмот.

    Сега што беше поентата? Дека Америка ги зафркна СССР и за еден шпион си зема два? Браво, Америкааа!!! :D Направија демек којзнае што отркил овој Абел, па мораа да се согласат два шпиона да вратат. И не се сеќавам, кажаа ли на крај што всушност открил? Или само така си ги разменија и никому ништо. Заборавив сè од филмов искрено. Ама во секој случај, мене ми беше интересен филм, барем не беше до толку досаден за раслика од другите оскаровци. Знам дека јас бев презадоволна од филмов на крај бидејќи пред него ја гледав најнапорната измишљотина на векот т.н. Mad Max: Furry Road, ко за мали деца направена: Wooww, бомба, еј, види, види, види... ПАААУУУ! |( Па така филмов ми дојде како освежување, за да можам по него мирно и задоволно да го гледам Spotlight кој се надевам дека ќе го гледаме следен.

    Залетав офтопик, само да кажам, fun fact: од оскаровциве нема ниту една оригинална приказна. Или е вистинаски настан, или книга. Или комбинирано. (Room и Revenant, така прочитав, де.)
    Толку од мене за филмов, не беше нешто woooowww како што го опишав во рецензијата (во рецензиите ги фалам филмовите многу повеќе отколку што заслужуваат, не знам зошто е тоа така), ама за мене беше повеќе од meh. :D

    Едит: Следен пат нема да гласам, оти за моите филмови никаква дискусија не се развива. :lol:
     
    На Sunshine.Sunshine, boomsleng, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Lella немој да не гласаш и да не учествуваш. Не е исто без тебе. :hug:

    Инаку, дојдов за да кажам дека на ништо посебно од филмов не се сеќавам и дека нема да дискутирам за него. Некако, во последно време ниту можам физички, ниту имам време за гледање филмови. Цела недела гледам еден филм на рати и се нервирам. :envy:

    Како и да е, оскаровски филм е Spotlight ако не се лажам, па како што предложи Мадам, може без анкета да го гледаме тој.

    Здравје, сосе коментарите за филмов, може да ја освежиме анкетата. :)

    Се молат и тие од Пустец да се вратат, а и регуларниве што ги снема, за ја живнеме темава со заеднички сили. :bow:
     
    На Sunshine.Sunshine, boomsleng, Jordanovska-K и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Е па следниот пат нека се изгласа некој пократок, те.филм со нормално времетраењето па би да ви се придружам.
    3 саати? :^) Не, фала :wasntme:

    А и јас сум за Spotlight.
     
    На zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Ама не е три саати. :D Два и дваесет е, извади десет минути од roll credits на крај, тоа ти е два и десет, што е кажи-речи два. :D Треба да го пробаш Hateful Eight, цели три и кусур саати. 8-|
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Го пробав и не го догледав :wasntme:
    Што е многу-многу е.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Да ве поздравам и поддржам да не се откажувате од гледање на филмовите и секако од рецензија за истите
    Ќе направам напор да го изгледам Мост на Шпиони од мојот омилен режисер Спилберг, ќе напишам рецензија до недела.
    Многу ми е мило што Марк Рејленс го освои оскарот за споредна машка улога навистина го заслужи, супериорен беше во однос на неговите конкуренти иако го фаворизираа сите Сталоне сепак нешто ми кажуваше, имав некое претчувство дека нема да го добие оскарот, не е омилен лик на академијата а и улогата не му е баш за оскар, мислам дека беше убеден дека го добива оскарот но кога го кажаа името на Марк Рејленс, Сталоне направи кисела фаца, се гледаше дека беше изненаден и разочаран
    И Бендер во коментарот го нагласи а и Лела исто така дека Рејленс е неверојатно талентиран актер, многу добро ја одигра улогата, во неколку сцени што го изгледав ми остави многу голем впечаток и дефинитивно заслужен оскар доби(y)
    Малку подолго сум отсутен од темава, како што кажа Лејди Феникс малку тешко е да се вратиш во колосек доколку направиш пауза и навистина е така, периодов немав доволно време да изгледам на раат како што сакам јас филм, минатата недела го изгледав Бруклин и рецензијата ја напишав во последно гледан филм
    И останатите филмови кои беа предмет на рецензија а кои ги пропуштив ќе ги изгледам наредниов период и за секој ќе напишам рецензија во последно гледан филм или пак ќе отворам посебна тема за самиот филм
    Наредниов период ќе настојувам да бидам редовен во темава
    Добар е предлогот на Мадам А да го гледаме и да дискутираме за оскаровскиот Spotlight (2015) без да го гласаме, нема потреба од гласање, по автоматизам добитникот за најдобар филм тоа и го заслужува.
    Ќе заборавев да кажам дека најмило ми е што оскар доби маестро Енио Мориконе за кој највеќе се израдував, тоа го заслужи за својата макотрпна работа и неверојатен талент за музика кој го поседува
     
    Последна измена: 2 март 2016
    На Sunshine.Sunshine, Bender Rodriguez, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    И сеа, шо бидува? Ќе гледаме педо-свештеници, или? :?:
     
    На boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Конечно го изгледав филмот и ми се допадна.

    Што се многу 2 часа и 20 минути, многу се. Но, мене воопшто не ми беше здодевно, ниту на момент не почувствував дека дејството е развлечено, баш се си одеше како што треба.

    Том Хенкс не ми е најомилен глумец, ама неговата улога ми се допадна. Дали тој, како адвокат, треба да си ја изврши својата должност или пак треба да се откаже за да не стане лош во очите на другите и за да го заштити семејството. И се сложувам со реченицата: It doesn't matter what others think. You know what you did.

    Она со пукањето во неговиот дом беше сосема непотребно, попусто го искршија прозорецот, еден ли беше, колку ли беа.
    Мери кратко ја дадоа на почетокот и потоа ја имаше повторно, а јас не ја препознав. Заборавив како изгледа.(facepalm)
    Не ми остави некој посебен впечаток, иако солидно глумеше.
    Кога го држеше фрижидерот отворен со бананите во едната рака и на радиото ги слушаше вестите, нели рече It's over. А, јас во себе си мислам: Ma'am it's not over, има повеќе од еден час до крајот на филмот, уште многу работи треба да се случат.

    Рудолф беше кул човече. Онакa laid-back. Незасегнат од ништо.
    Особено ми се допаднаа следново:
    James Donovan: Aren't you worried?
    Rudolf Abel: Would it help?

    Mark Rylance (вреди да го побарам имево на гугл) беше одличен, ми се допадна како лик и како актер. Оскарот му е заслужен, тука нема збор. Не зборуваше нешто премногу, а сепак се заинтересирав за него.
    Очекував да ни откријат што како и зошто, но ете, од тоа ништо не бидна.

    А, оној што беше со Џејмс во Берлин, толку ми беше одбивен. Кога и да беше на екран си мислев нека го тргнат човеков, воопшто не е потребен.
    Ми се допадна и кратката приказна за standing man. Очекував дека ќе биде спомената некаде при крајот.

    Како што веќе реков, ми се допадна филмов. Можеби не би го гледала уште еднаш бидејќи е долг, ама би го препорачала. :)

    Се согласувам да го гледаме Spotlight, баш да видиме дали го заслужува Оскарот. :)
     
    На boomsleng, Lella, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    И јас сум за да се гледа оскаровецот..таксан ми е за викендов да го гледам, па, тамам..ќе коментирам и јас.
    Утре,по сабајлињата ќе го изгледам овој Bridge of spies.. ми стои два дена во компјутер,ама, се не стасувам да го изгледам. Па, и за него ќе пишам краток коментар... ќе прочитам и вашите тогаш, пошто, пред да гледм филм, сакам што помалку туѓи впечатоци:D да ми ометаат во доживљаите,мои-лични.
     
    На Bender Rodriguez, Madam-A и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Филмот ми беше интересен. Не е за вау(!), предобар, као за да го препорачувам наоколу, но, не ми беше досаден. Е,сега, настрана впечатокот (демек до впечатокот е) дека, ова е поредното билдање на Американецот и неговата гордост ,патриотизам... бла, бла. Им се може,соодветно, ќе го прават до миле воље! Настрана и извитоперувањето на фактите- доволно голема демократија се бе, ццц.

    Низ целиот филм се провлекуваат разно-разни сцени кои, асоцираа на некаков обид да се направи паралела помеѓу демократијата на САД и режимот на СССР. Генерално, претставени се како, не многу поразлични една од друга во контекст на: обете страни праќаат свои луѓе во шпиунска мисија и не ги интересираат последиците од тоа, освен дека, другата страна, не смее да дојде до било какви тајни информации. подобро мртви него ли живи фатени - државата пред сé, а државата е една бирократија, еден систем на авторитети од кои нема измрдување...и, во двата случаи; Обете страни ги фаќаат шпиуните и обете имаат процес против нив. Макар што, фокусот беше повеќе на процесот во УСА, каде имаше малкуцка, флегматична правничка борба, додека во СССР тоа беше претставено само преку кусо читање на пресудата среде униформирана толпа, која, синхроно станува и ракоплеска.. Тоа е и стандард сликата за комунизмот и режимите впрочем. И ние тука си ја употребуваме за да поентираме. (да превртам очи пар пати па ќе продолжам)
    Разликата е пак, стандард... човечката,хумана димензија која и се придава на УСА преку сите оние сцени... Донован vs толпата и системот која сака да го види, Рудолф мртов, што поскоро и не ја интересира ништо во врска со Рудолф. Акцентот е ставен на поединецот - Донован,кој таму може бар да се бори против системот..да бара правда дури и за таквите кои сите сакаат да ги видат мртви.
    Друго.. Спилберг ја следи таа линија за Рудолф, ликот за кого народот нејќе да знае никакви подробности... доволно им е дека е тој шпиун и сакаат да умре. Пак и, Спилберг ништо не споделува со толпата гледачи за тоа, кој е Рудолф?! Тоа, скромно,мудро, тивко човече,кое цртка... со осмех под брк.. е дадено да луѓето го засакаат. Тој е непријателот, кој станува пријател не само на ДОнован,него и на публиката.. претставен е како далеку посилен и позанимлив карактер од она американско ждребле што го заловија комунистите, кое сé што сакаше беше само да спие, кое не изгледаше како особено силно, снаодливо, интелегентно, демек army или secret service material,а, наликуваше и глумеше како некое муталаво створче во пар сцени -пример, испитувањето на детектор во собата, часот каде се објаснуваше за авионот.. иглата и паричката, па и на крајот кога беше размената вклучително и во авионот кога „мораше некому да се заблагодари,бидејќи битно беше да знаат дека он ништо не кажал“.
    /Мада и во овој дел повторно, САД се човеците, овие другите се суровите, студените, бидејќи, на размената, од америчка страна беше другарот-соборец на ждреблето, додека, за Рудолф не беше дојден никој близок. Впрочем, не ни разбравме дали има некој освен лажната жена, ќерка и роднина кои глуметаа душевна болка:rofl: во Источен Берлин пред Донован. Повторно... студенилото на комунизмот... Пак и, го втераа ко говедце на задното седиште, за кое и сам рече, или ќе го прегрнат или ќе го седнат на задно седиште...требаше да го сакате. Не само Донован, ами овој,ликот кој реши да му каже на оној агентот дека ќе почека да го ослободат другиот човек што Донован чека да биде ослободен од ГДР во размена итн. итн). Филмот го величи Донован како преговарач, правник кому му подметнуваат случај во кој од него се очекува да одработи за државата и да изгуби поштено на непоштен начин. Кого го џиткаат в оган (Источен Берлин) во некакви си преговори од кои, САД/ЦИА немаат некој посебен интерес да се остварат,туку,онака...дај што даш,ако може да се игра на две столици, у реду..ако не, пак у реду. И повторно великиот Донован се изм'кнува со победа. И, даден ви е еден Русин, шпиун кого треба да го сакате заради тоа што не пее пред Американците. Тој си кулира, си цртка, пуши цигарчиња, глумета средновечно човече кое си е во зен. Мртов-жив, тоа е. Тој е силен, посилен дури и од тоа што неговата држава очекува/претпоставува дека ќе биде. Никој тој си нема, освен еден Донован. Од друга страна, америчкото ждребле си имаше фотка од некоја мома во авионот, не? Тој има фамилија као, има другар, го има Донован, ја има државата која се сеќира пошто ќе пропее:D и праќа еден Донован да преговара...зашто? Затоа што Донован е спремен да ослободи и еден Рудолф. Оди против ЦИА, против судијата...ризикува безбедност на своето семејство, углед... и, сега, ждреблето треба да стане he's man.
    Така некако. Можам сега да си направам една турли-тава,не?:rofl:

    пс.во еден здив е пишувано,не можам да се навраќам да проверувам,редактирам..доволно ми е што го изгледав филмот сабајлечки и што сега го коментирам.Ама, морав..пошто попосле сакам да видам прецедникот Френк како е, шта ради (House of Cards).
     
    На boomsleng, do-re-mi, Lella и 2 други им се допаѓа ова.