Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @RainBow бива да се смени само насловот на темава без анкета за оваа недела? Повеќето се сложија да го гледаме оскаровецот, па претпоставувам дека не би требало да биде проблем. :wasntme:
     
    На zhap4e, Sunshine.Sunshine, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Може, сρедено. :)
     
    На zhap4e, Lella, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Прва да пишам додека ме држи сеќавањето. Филмот го гледав на рати, две вечери, па до утре може и ќе го заборавам. :D
    Хмм... прво што помислив е дали филмот беше за Оскар? Според моето видување, филмот како целокупното дело кое вклучува актери, сценографија, музика, режија и се оно што оди со еден филм, не е за Оскар. Приказната да, ама изолирана, сама за себе. Ама за приказната највероватно и оди Оскар, нели?

    Значи, прво ќе кажам дека последниот впечаток што го добив, гледајќи ги последните минути од филмов е прилично позитивен. Ми дава надеж во човештвото и дека се уште и за вакви крупни работи има земна правда. Дури се наежив кога видов во последните сцени дека излегуваат камиони со отштампани новини да ги испорачат со успешно објавена приказна
    И се време очекував дека нешто ќе се случи што ќе го стопира тој процес. Кога филмот се заврши, ми олекна :whew: Правдата е задоволена.

    Ќе се навратам на самата приказна. Свештеници кои злоставуваат малолетни деца, посебно машки деца бидејќи како е кажано во филмот, тие повеќе се срамат, потешко се оддлучуваат да зборуват. И уште свештеници, те. главниот- кардинал, кој сето тоа знаеше и го прикриваше. И уште многу луѓе од градот вплеткани и со затворени очи бидејќи ете тоа е Црква, таа е потребна на народот, таа прави добрини, можат да се занемарат вакви работи :tmi:
    Тука доаѓа до израз таа манипулација која може да ја користи некој кој има моќ, а Црквата и свештени лица дефинитивно ја осеќат и имаат таа моќ врз луѓето, па многу лесно можат да ги манипулираат другите преку страв од Бога и Божјата казна.

    Малку не ми беше јасно зошто беше пропуштено да се објави приказната кога веќе и толку години порано беа во можност тоа да го направат, првин мислев дека некој со намера ги скрил сите тие испратени списи и докази за да нема објави, ама потоа сфатив дека всушност немаше интерес и страст да се објави вистината и да прочепка по случајот.

    Всушност тимот на одделот Рефлектор ми е толку допадлив, толку искрени, чесни и поштени луѓе. Посветени на работа и сочуствителни, толку човечни.
    А онда ме удира суровата реалност, те. вистината која мене ме опкружува со новинарството во Македонија (facepalm)
    Вистинско новинарство е толку една за почит професија, а на нашите простори е толку на едно ниско ниво. Ма дури ниту на ниско, оти и тоа е ниво за нашите новинари :doh:(мал офтопик :wasntme:)

    Имаше неколку детали кои ми беа навистина сувишни во филмов, како например кога стопираа работа на случајот ради бомбашки напад на кули близначки, и тука очекував нешто да се случи подраматично, меѓутоа воопшто и неприметно некако се враќаат на случајот, па добив впечаток да овој детал и не беше потребен. Али добро, поради вистинската приказна, највероватно сакаше да се запази таа автентичност на развојот на случките.

    Да прокоментирам кратко некои од карактерите во филмот... Новиот уредник Барон е толку еден смирен и мудар човек, ама наизглед малку чуден, па од почеток додека не се уверив во неговите добри намери, се време очекував некоја сопка од него.
    Ревносен Мајк ми беше некако смешен на моменти, и глумата не му беше баш оскаровска :wasntme:, дури ме потсетуваше на некои ликови актери во нискобуџетни филмови, а не филмот кој добил оскар.
    Исто и тој адвокат (му го заборавив името), тој што при првиот сусрет со него, кога Мајк се обидуваше да добие информации од него, очекував некој невротичен, налудничав тип, а всушност беше сосема ок и смирен. :^) Малку преувеличана приказна околу него пред да самиот тој дојде во кадар.

    Приказната се одвиваше некако еднолично, благо, смирено, иако на моменти бев во исчекување да се случи некој лош обрт, преокрет, некој да им постави пречка, нешто да се закомлицира, ама освен тие секојдневни фрустрации прикажани во филмот, се друго одеше по правилен, мирен, на моменти малку досаден, тек.

    Некако ете поука може да извлече од филмот: дека без разлика против кого треба да се застане, правдата на немоќните, правата на повредени и недолжни никогаш не треба да се занемарат.
    Ако и скоро целиот свет кажува дека нешто е во ред, дека може да ги затвориме очите пред нешто што знаеме и што совеста ни зборува дека не е во ред, сепак треба да ја послушаме совеста, посебно тогаш кога работите навистина зависат од нас.

    Леле, колку изнапишав. А баш се мислев што има да пишам, а ќе испадне дека сигурно уште нешто после ќе ми текне.
     
    На boomsleng, zhap4e, Marossa и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Пред се, морам да прашам – ова ли е најдобриот филм за 2015? Seriously? У моментов ми текува барем на 10-ина филмови кои беа подобри од него. Додуша, од оние номинираните за Оскар, можеби и беше најдобриот – иако, според мене, тоа не е нешто за фалење. Може дури и Mad Max, кој иначе не ми се допадна ич, беше боље од ова, ама – нејсе.

    Spotlight, иако се занимаваше со интересна и важна тематика, како филм – не беше ништо посебно. На моменти досаден, по малце развлечен, со доста линеарна приказна – без никакви пресврти и изненадувања. Можеби посоодветно ќе беше да снимеа документарец за педофилијата во католичката црква, отколку филм – а филмов и доста наликуваше на документарец.

    Кинематографија и сценографија – ништо посебно, нити вредно за спомнување. Глумата – исто. Веќе имам кажано дека Марк Рафало ми е мутава фацка, и дека збори као да има некое крпче у устата – впечатокот ми се повтори и у Spotlight. Можеби најголемо изненадување ми беше Лив Шрибер, кого не сме навикнати да го гледаме во вакви смирени улоги. Мајкл Китон ми беше станадрд океј. Рејчел МекАдамс – тотално незабележителна – да ставеа било која непозната актерка во нејзината улога, немаше ништо да ми смени. Кардиналот Бернард Ло – creepy фаца, мислам дека му стоеше. И можеби најпозитивниот лик (и актер), у смисла на изненадување – адвокатот Гарабедијан.

    Нешто повеќе за приказната – мислам дека сите имаме слушнато за скалдалот со педофилијата во католичката црква, само повеќето од нас (или барем јас) немавме појма до кој степен е педофилијата застапена во црковните редови, како и колку напор се вложува за да се заташкаат таквите случаи.

    Прво, мене ми беше поразителен податокот дека 6% од сите свештеници се педофили (иако верувам дека е точно), како и срамниот начин со кој црквата се реши да се справува со овој проблем. Еден или два случаи можеш да заташкаш, ама илјадници? – се прашувам, колку случаи на педофилија ќе беа потребни за црквата да се свести и самата да преземе нешто по тој повод? Којзнае, да не беше тимот на Spotlight, најверојатно ќе си тераа по старо до ден денес.

    И ај што ваквите случаи ги решаваа вонпарнично, па за свештениците немаше никаква законска казна – ама, можеа барем да ги избркаат од црквата, во најмала рака. А тие што правеа? – откако ќе ги фатеа на дело, ги преместуваа во друг град – каде имаа пристап до нови жртви. WTF, еј?

    Второ, ме изненади фактот што религијата има толку голема улога, а црквата толку големо влијание во град како Бостон – на моменти, кога со шепкање, страв и неверување се збореше за тужење на црквата, се осеќав како да гледам филм за некоја затуцана вукојебина во која селскиот поп го има првиот и последниот збор, а не за еден од посовремените градови во САД. Поразителен ми беше и фактот за тоа колку големо влијание има црквата во државните институции. Искрено, секој момент очекував да се појават некои набилдани батки, платени од црквата, и да ги разшамараат новинариве малце, за да им покажат кој е газда у градов или, у најмала рака, да се обидат да им ги украдат материјалите кои ги собрале за случајов. Затоа што, дефакто, нема некоја голема разлика меѓу црквата и некоја криминална организација.

    Кога сме веќе кај ова, дали сте знаеле дека црквата е единствената организација која е ослободена од плаќање на даноци? Ако човек сака да регистрира добротворна организација или здружение, мора да помине 1000 законски препреки и да докаже дека општеството ќе има корист од нејзиното постоење, за да може да биде ослободена од даноци. За црквите, општествената корист се подразбира, no questions asked – дури и ако испадне дека една од придобивките на општеството е злоставување на деца. Искрено, мака ми е од повластениот статус на религијата во општеството.

    Сериозно мислам дека за црквата, како и за секоја друга организација, треба да важат истите закони и регулативи. Треба да плаќа данок, бидејќи остварува милионски профити, и треба да дава извештај за својата работа на луѓето од кои ги добива парите – верниците. Сакам фискална кога ќе купувам свеќи у црква или кога ќе ме венча поп, и сакам да знам што се прави со парите, зејтините и пешкирите кои се носат во црквите – дали навистина одат во добротворни цели, или попадиката пржи компири на мојот зејтин, а попот се бања со моите пешкири – и не гледам ништо лошо во тоа. Законската контрола постои токму затоа – за да нема злоупотреби, а данокот – за да целото општество има корист од нешто. Ама кога на некој ќе му дозволиш да работи надвор од законот, практично му даваш одврзани раце да прави што сака. А може да бидеме сигурни дека кога постои можност за злоупотреба, ќе се најде некој кој ќе ја искористи таа можност.

    Инаку, кога збориме за свештениците и педофилијата – бидејќи не се работи за изолирани случаи, туку нешто налик на тренд, би го поставил прашањето – која е поврзаноста на свештенството и педофилијата? Односно, дали тие луѓе отсекогаш биле педофили или станале такви откако станале свештеници?

    Според мене, постојат неколку можности:

    - Овие луѓе се родиле како педофили и намерно станале свештеници, знаејќи дека ќе имаат пристап до мали, збунети дечиња за кои ќе бидат авторитет налик на Бог – нешто што планираат да го искористат за да ги злоставувват (оваа опција ми е најјезива, ама, да бидам искрен, и најмалце веројатна);

    - Овие луѓе се родиле како педофили но, самите се свесни дека тоа не е во ред, па можеби поради грижа на совест стануваат свештеници (за да се искупат за своите грешни души, нели), за да повторно се доведат во искушение кога ќе дојдат во контакт со деца и да подлегнат на истото;

    - Овие луѓе воопшто не се педофили, туку хетеросексуални (или хомосексуални) мажи – работата е што целибатот не е нормална човечка состојба, па притиснати од своите сексуални нагони и желби, се принудени да ги остварат со она што им е најдостапно – а тоа се децата. Инаку, да можеле да бираат меѓу дете или возрасна жена (или маж), би го одбрале второво.

    Не знам, и искрено, не ни сакам премногу да размислувам на темава – затоа што сите можности ми се помалку или повеќе језиви.

    Она што го знам е дека сите свештеници и попови се, пред се, само луѓе – обични луѓе, како и сите нас, со свои доблести, маани, несовршености, сексуални желби, фантазии и фетиши. Фактот што завршиле богословија, научиле делови од Библијата напамет или што носат мантии и одори не го менува тоа – тие се истите луѓе кои биле и пред тоа, а Бог не зборува преку нив. Црквата е човечка институција и всушност има многу малку врска со Бог. И иако црквата прави многу добри дела за човештвото, тоа не и дава право да се крие позади нив кога прави злодела. Позитивното треба да се награди, а негативното – да се санкционира и казни. Религијата не треба да му даде имунитет на никој за неговите недела.

    Како требала да се справи католичката црква со педофилијата, според мене? Првиот ваков случај кој се појавил требала да го изнесе во јавност – свештеникот да се екскомуницира од црквата и да се предаде на законот за да одговара за своите постапки, а црквата да даде јавно извинување. Срамот за црквата би бил многу помал, кога би се знаело дека таа не само што не го одобрува и овозможува ваквото однесување, туку дека најстрого го осудува. И ќе се знаеше дека се работи за изолирани случаи, на луѓе кои постапуваат спротивно од волјата на црквата и кои не заслужуваат да ја носат титулата свештено лице.

    Исто така, би можела и да го укине целибатот, како една од своите најголеми глупости, и да им дозволи на свештениците да се женат и да имаат секс како нормални луѓе,наместо да собираат сексуални фрустрации цел живот, кои ќе ги тераат да прават непромислени и незамисливи работи.

    А што направила црквата, наместо тоа? Ваквите случаи ги криела, а свештениците ги ротирала во други градови, во кои би имале пристап до нови жртви. А да, педофилите ги праќала на психолошка „рехабилитација“, која била успешна како и црквените кампови за „лечење“ на хомосексуалноста – „Pray the Gay Away“. Со своето однесување не само што не ја санкционирала педофилијата во своите редови, туку на некој начин, и ја овозможувала.

    На крај, филмов завршува со шокантен список на случаи на педофилија во католичката црква надвор од Бостон – ги има низ цела Америка, како и низ остатокот од светот. И тоа се тие кои се документирани – колку непријавени има, останува да нагаѓаме.

    А кардиналот Бернард Ло, после целата брука и скандал, добива преместување во Ватикан. Што значи, правдата е задоволена – нема што.

    Иако филмов всушност беше за истражувачкото новинарство и за тоа како треба да изгледа еден новинар – човек кој по секоја цена ја открива вистината (дури и ако таа вистина не е пријатна за слушање) – мислам дека и религиозниот аспект не треба да се занемари. Многу од критичарите на филмов кукаат као „Еееј, па тоа беше одамна, башка католичката црква се извини, зошто пак да се навраќаме на тие темни дамки од минатото?“

    Ваквите случаи никогаш не треба да се заборават и не треба да се преправаме дека никогаш не се случиле, само зашто не ни се слуша за нив – црквата треба да знае дека ги памтиме нејзините најлоши моменти, и дека свештениците и религијата не се над законот или над се друго. Треба да бидеме свесни дека религијата е моќна работа – а понекогаш, таа моќ ја користи и за лоши работи. Само ако ги памтиме ваквите моменти, можеме да бидеме сигурни дека веќе нема да се повторат, никогаш. А и дека ако се повторат, нема повторно да бидат заташкани.
     
    На Madam-A, Sunshine.Sunshine, anel и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас одамна го изгледав филмот,требаше да си напишам рецензија настрана уште тогаш,а мислам дека од оние номинираните,баш заслужено си го доби Оскарот.Па дај не зафркавајте,Лудиот Макс не само што не е за номинација,туку воопшто е глупав филм :D

    Во Spotlight ми се допадна што иако долг,беше онака совршено скоцкан полека да ги откриваат работите,постепено и со многу работа.
    Тимот ми беше одлично соберен,,се гледаше дека се новинари што си ја знаат и ценат работата и од почеток до крај се бореа не толку за весникот,колку да се дознае вистината и светот да знае,Бостон да знае што им се случува на децата по католичките цркви.

    Кога истражував за случаите,бев навистина запрепастена од огромната бројка на свештеници/педофили и како сето тоа беше заташкано од страна на црквата.Не бев изненадена од ладнокрвноста на кардиналот,посебно бидејќи отсекогаш сум мислела дека црквата е мафијашка и криминална институција :D

    Додека траеше филмот,кога копаа по случаите и кога се откри дека ги имале информациите од порано,јас веднаш си направив теорија дека оној шефот Бен не сакал да се открие приказната и дека е некако поврзан со црквата,кратко речено,потплатен.Тоа би бил интересен плот твист,ама сепак не испадна така,а филмот е правен според вистински настан,така да,јасно беше.
    Во глобала,немаа големи попречки или акција,темпото беше бавно и спокојно и иако вообичаено ме нервира тоа,овде ми беше идеално.

    Сцената каде што ликот на Рафало беше видно потресен од случајот ми беше најдобра од целиот филм,одлично изглумено.

    И бидејќи не сум многу речита во моментот,немам многу за дополнување,освен да се согласам со вториот дел од мислењето на @Bender Rodriguez , оној за црквата и религијата, реално прикажано како стојат работите.
     
    На Sunshine.Sunshine, boomsleng, Jordanovska-K и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Прво, сакав да изразам задоволство (бидејќи Мадам мистериозно ни исчезна пред некое време) што има одзив оваа недела и што се вклучија и некои нови со свои коментари. :clap:

    Второ, морам да признаам дека ми се допаднаа многу вашиве дискусии. Малку ми е жал што немаме основа за да си ги спротиставиме ставовите, ама сепак, убаво е да се чита во темава.

    Трето, кога веќе сме на тема Оскари, да си кажам дека од номинираните за најдобар филм не сум го гледала уште Brooklyn (кој не ни имам намера да го гледам) и The big Short. Според мене, филм кој најмногу заслужуваше да добие оскар во оваа категорија, иако не беше номиниран, беше The Hateful 8. Оригинална приказна, одлична реализација, совршен избор на актери, уште појака глума... Ама таквите не се интересни...

    На тема Spotlight или ми ти „Под лупа“ на нашки, сметам дека беше далеку од филм кој заслужува таква престижна награда. Ама што се разбирам јас од Оскари и филмови кои заслужуваат да добијат таква награда? Можеби затоа што сум хардкор, затоа ги избегнувам Оскариве, бидејќи ми наликуваат малку на нашиов избор за песна за Евровизија. А јас не трпам неправди.

    Филмов држеше добра приказна која ми беше бавна и развлечена. Очекував дека ќе ја видиме и негативната страна на дело, а не само да ја прераскажуваат во филмов. Да имаше малку повеќе акција, да беа испреплетени истрагиве со сцени во кои попови имаат намера да заведат мали деца и слично, мислам дека филмов ќе беше поинтензивен. Ама претпоставувам дека им бил ограничен буџетот, или дека не сакале дополнително да трауматизираат мали деца, па се одлучиле д биде вака.

    Што се однесува до актерскава екипа, Рејчел МекАдамс ми беше жива мизерија. Не знам зошто, ама не ми ја бива ич. Толку бледа, толку невоочлива, толку досадна и млака... Марк Рафало ми се допадна во неговата улога, Мајкл Китон не го сакам баш, ама не можам да му ја оспорувам глумата, исто така уредникот беше добар. Цело време размислував кој би можел да биде човекот кој ги криел информациите и доказите кои ги праќаше тој на чело на групата злоупотребувани. Исто така и Гарабидијан ми се допадна во улогата.

    Исто како и другите, така и јас бев вчудоневидена од податоците за свештенициве. Само во Бостон, според пресметки, излезе дека треба да има околу 100! А уште позапрепастена бев од бројот на силувани! А најмногу од бројот кои решиле да не се самоубијат! Многу језиво и страшно ми дојде сето тоа како податок. А уште погрдо ми беше што никој не беше заинтересиран за овие случки - ниту медиумите, ниту јавноста.

    Размислувам и не можам да дојдам до издржан заклучок за тоа зошто станале педофили. Според мене, можно е да имало по некој педофил меѓу свештенициве, меѓутоа, главниот проблем сметам дека е што не им дозволуваат да се женат. Но, мене друго ме копкаше: зошто баш мали деца? Зошто меѓу себе не општеле? Дали се плашеле меѓу себе да признаат дека имаат потреба да го празнат сексуалниот набој? Па си продолжувале да си вршат злосторство, мислејќи дека едниов не знае за другиот. Ама некако не ми е возможно да не знаеле едни за други, зашто сепак скандалот постоел, излегувал во јавност и се правеле обиди да се потисне во многу наврати. И Црквата знаела за тоа. Дали навистина се ориентирале на деца зашто тие се најраниливи и нема да им биде јасно што се случува или...? Дали меѓусебе разменувале искуства и разговарале како им е во најголем интерес да постапат?

    Инаку, што се однесува до нашава Црква, веќе сум го искажала ставот. Не е ни малку како што треба да биде и тоа е многу жалосно. И патем, @Bender Rodriguez, од доверливи извори и лично сведочење ти кажувам дека попадиката пржи компири во твојот зејтин и дека попот се брише после бањање со твои пешкири. И не само тоа. И колачи, и јадења на задушници, и некој плус денар, чорапи, марамчиња и не знам уште што - све иде кај попот и попадиката и кај нивните деца (децата не се виновни за тоа, ама ете...).

    И тоа. Не бев премногу фасцинирана, сепак се работеше за филм базиран на вистински настан, не беше ништо оргинално...

    Мој предлог филм за следната недела е Law Abiding Citizen. Филм во кој некој ќе навива за негативецот, а некој можеби ќе го осуди.
     
    На Sunshine.Sunshine, Lella, anel и 5 други им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    @Lady Phoenix, имаше една сцена, кога му појдоа на врата на свештеникот, пред да се појави сестра му и го распрашуваа,дали е вистина дека силувал..и тој рече,дека било битно да се знае дека, тој никогаш не уживал/не нашол задоволство во тоа со децата и дека тој не ги повредил,бидејќи ќе знаел дека ги повредил и им направил нешто лошо - нему му го сториле тоа, знаел какво е чувството.
    Не верувам дека проблемот со педофилијата во црквата е бидејќи не им дозволуваат да се женат. Проблемот сум убедена дека постоел од многу порано,уште пред да се замонашат. Мое мислење е дека, значаен број од тие свештеници стануваат свештеници,не бидејќи се многу побожни, верници итн. не од љубов кон бога, а за да се скријат,спасат, искупат за „развратните/грешни мисли“ што ги имаат. Ама, тешко тоа.
    Филмот се слагам со сите вас. Не заслужи Оскар, нити приказната, како приказна. Бледа и млака во секоја смисла на зборот. Ако некому Bridge of spies му беше досаден, јас би рекла, тој филм беше измислен за оваа глупост. Се слагам со Бендер Родригез, бидејќи и јас тоа го помислив дека, подобро ќе беше да направеле документарец. Очекував и јас повеќе сведоштва, повеќе психолошки аспекти, моќни пораки да има во филмов, повеќе брканици со црквата... покрај сето она зборување, „демонизирање“ на црквата како некое зло,мафија, која, толку време забошотува такво нешто, прави притисоци врз секој за да се сопре било што да излезе во јавност, и ти да не покажеш ништо од тоа, да го сведеш на еден млак разговор меѓу Китон/Роби и оној Петар Конлеј,како и да се викаше, каде се труди да го врбува да не се објави ништо со еден бош муабет, демек, нема потреба, немој да мислиш вашиот уредник - Марти кој тукушто дошол во градов се грижи за Бостон,ние се грижиме за Бостон дрн дрн дрн... или да толку малку тежина ставиш на тоа дека пред години, години, весникот ги имал сите , истите докази и ништо не сторил...јас дури и помислив дека, прво, дека оној Бен, уредник ли што им беше со белата коса (John Slattery) ги заташкал работите под притисок на црквата, на власти, што год... потоа, кога новинарката му го даде оној исечок од стар весник на Роби, т.е Китон помислив дека, тој можеби не сакал да се објавува бидејќи можеби и тој бил жртва. Сакал да скрие.
    Досаден ми беше филмот. Чувството ми беше како да се збрале,као, ајде сега ќе правиме за приказнава ама, ако може, што помалку да ги чепкаме овие, што помалку да ги чепкаме оние,дај ова да не покажеме, дај да се држиме само до ова и она... сензитивна тема као. Немој да не некој се навреди.
    Битно им дадоа Оскар за ништо.
    Се слагам иначе за the Hateful 8. Мене ми се свиѓаше тој филм,таа приказна...многу повеќе одошто онаа на Инариту, кој абе, ко без осет.. три пати подолго му траат сцени кои упорно сакаш да завршат - пример, забавената брканица на крајот, а во една секунда ти дава сцени од кои имаш потреба повеќе.Цап ти ги крати со стемнување и фаст форвард на сосема десета сцена.
    Law abiding citizen го имам гледано пред бог знае колку време.Одличен ми беше тогаш.
     
    Последна измена: 8 март 2016
    На anel, Jordanovska-K, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @zhap4e се сеќавам на таа сцена. Требаше да има повеќе такви. Во тој случај, ако одиме по изјавата на тој свештеник на кој, повеќе од очигледно, нешто му фалеше, претпоставуваме дека или тој живеел во заблуда, па имало такви како него, или дека постоеле и такви кои биле свесни какво зло нанесуваат, ама се сокриле зад свештеничката одора за да не може да ги гони закон.

    Патем, давајте предлози за филмови, за да може Реин да состави нова анкета за некој ден. :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Стварно, интересно ќе беше да се појавеше некој да застане у одбрана на педофилијата. :D

    (y) Може. А може и другиве од списоков да останат у игра, има уште потенцијал.
     
    На Madam-A, boomsleng, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Еве, ако не, јас ќе ги бранам педофилите. Ама, страв ми е од сама себе...:D да не би да ги одбранам/оправдам. Ноу тенкју. И без тоа си имам мака со инсомниа. Доволно маки си имам. :rofl:

    Ajде,нека да остане ко што вика Бендер Р. листава..ако сметате дека има потенцијал. :wasntme: Изгледа можеме реферати да пишуваме и за досадни филмови.:D Да знаев,да почнев со време да пишувам тука, пар месеци уназад се досадни филмови гледаме во кино.На пола филм обично, сакаме да си одиме. (facepalm) :DМожеше да се коментираат тука:rofl:
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Во врска со прашањата зошто свештениците станале педофили и зошто воопшто станале свештеници.

    Јас да кажам моето некое мислење од духовна гледна точка....
    Свештеници се исто луѓе, од крв и месо, соочени со истите искушенија како сите ние.
    Спрема Библијата, и воопшто некој закон на духовен свет е дека ѓаволот и демоните најмногу удираат на оние кои се претставуваат како Божји застапници, зошто ѓаволот сака да ги онеспособи. И тоа најмногу удира во тие слабите точки, во случајов со свештенициве на сексуалното поле, токму затоа што се заречени на целибат, значи дека и тоа им е точка на искушение.

    Зошто токму деца... па највероватно кога гревот се обудува да влезе во човек и да биде извршен, умот им е веќе толку збркан и тие всушност веруваат дека не прават ништо лошо, а и од желба да го прикријат гревот и од страв да не бидат разоткривени жртвите им се немоќни...

    И друго, кога еден грев, во случајов педофилија влезе помеѓу одредена група на луѓе, во случајов свештениците, ако веднаш не се разоткрие и не се предаде на осуда и санкционирање, тогаш тој си пушта корени. Гревот, во случајот педофилија, е буквално како рак, ако не се отстрани веднаш, почнува да метастазира и затоа и вакви бројни цифри на педофилија токму поради ненавремено отстранување.

    И се согласувам со погоре напишано мислење. Не знам зошто закон не важи и за Црквата и за свештени лица. Како тој кардинал само бил премештен? И тоа на поубаво место. :tmi:
    Тој само продолжил и таму тоа што најдобро знае - да ги прикрива злодела и да се обудува да ги заташка, за жал. Затоа и педофилија продолжува.

    Кој ме разбрал - разбрал :rofl:

    Предлог за филм немам.
    Од листата погоре гледав еве овој сега, Exposed i Bridge of the Spies беше на листа за гледање. Така да мене ми и листата одговара :)
     
    Последна измена: 8 март 2016
    На Madam-A, anel, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Еве прилично добар обид. :D

    Објаснувањето почиња од 1:09...
     
    На Marossa, boomsleng, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    O, Louis! :rofl::rofl::rofl:
    Тешко е човек да се изнасмее на црн хумор, јавно. (А, обично се смеам. Луѓето неубаво ме гледаат, already.):rofl:
     
    На Marossa, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас вообичаено си читам и гледам црн хумор,ама Луи е друго ниво,ептен ова мрачно :D
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Во врска со злоставувањето на децата и зошто баш деца, во еден момент спомнаа дека психологот (кој не го видовме), ги проучувал вмешаните свештеници и дошол до заклучок дека нивната сексуалност е на ниво на 12-13 годишни деца.

    Мене ова ми остави впечаток, недоволно развиената психа ги поттикнала да бараат задоволство од (психички) слични на нив, во овој случај деца.
    Башка, во овој случај, децата ѝм се најсигурен избор, како што спомна уредникот мислам, избирале деца без татковци, со слаба економска состојба или деца без родители - со еден збор, деца без глас.

    Воопшто не ме изненадија фактите и заклучоците, сево ова е јавна тајна која неминовно достигнува огромни размери, па претпоставувам дека било потребно да се направи филм за да луѓето добијат сила да дигнат глас, како што беше потребно да излезе статијата во весникот за да сите "преживеани" се охрабрат и јават во Spotlight.

    Овој филм поттикна многу други дискусии, баш вчера разговарав со сестра ми откако го гледавме филмот.
    Истиве срања се случуваат и во градинки, училишта, факултети, само никој нема храброст да проговори, дали од страв и срам, или од немоќ (финансиска или психо-физичка), бидејќи ваквите случаи често завршуваат "под тепих", а жртвите се остануваат засекогаш обележани.
     
    На Madam-A, do-re-mi, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Зашто бе, мене Луи ми е баш закон и на место. :D Башка, не можеш да оспориш дека има поента.

    @Jordanovska-K, welcome back! 8)
     
    На zhap4e, Lady Phoenix и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Ама јас си го следам Луи редовно,мислев ептен мрачно специфично за случајот со злостовуваните деца.
     
    На zhap4e, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Еве анкета со старите филмови, давајте предлози за нови за следната. :)
     
    На Sky-butterfly, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас го пишав со болд во склоп на мислењето. Law Abiding Citizen.
     
    На Jordanovska-K и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Поима немам,прво што ми текна... FILTH (2013)

    ... не знам кога пиратите ќе го пуштат во оптег :D High-Rise, тој следно ќе го предложам. Премиерата му е за 13ти месецов (САД).
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.