1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    @RainBow Има грешка во анкетата, Bridge of spies го поминавме, не треба да стои. Инаку, не знам зошто не учествував неделава, немав инспирација за пишување некако. :D Овојпат нема да гласам, ќе пробам да го изгледам тој што ќе го изберете вие, па ќе се приклучам. :)
     
    На boomsleng, zhap4e, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Exposed го гледав и не го гласав.
    Другите понудени на листава немам поим кои се и што се, па избрав спрема насловот :)

    Се мислев помеѓу Black swan и The heart of the sea и се одлучив за првиот. Вториот ме асоцираше на Титаник :D
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    За вториот нема што многу да се коментира зашто приказната не е заплеткана. Само за начин на снимање, ефекти и глума. Ама не може да се разврзе дискусија за тоа. Инаку е филм за Моби Дик.

    Првиот е интересен, мислам дека има потенцијал.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    За Спотлајт не искоментирав иако го гледав веднаш после оскарите. Приказната беше стварно длабока. Допре филмот до мене. Но не сум сигурна дали баш доволно експлицитно беше прикажано. Мислам дека можеа малце повеќе да покажат жртви, приказни, свештеници итн.
    И баш сакав да видам како цело ова промени нешто. Баш филмот зборува за најлошата можна страна на човештвото. Нема ништо полошо од злоставување на дечиња и уништување на таа нивна чиста детска невиност. Сакав да видам некој да плати за ова. Ме остави филмот некако во полу-бес.
    Сепак добар филм, не жалам што го гледав.. Само не сум сигурна дали беше за оскар.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Добро е, на време го изгледав филмот. Се исплашив да не ја испуштам неделава. :D

    Приказна - добра, глума - па прилично солидна.
    И мене Rachel McAdams ми беше премногу млака, тотално невпечатлива. Mark Ruffalо не беше толку лош, како што напомена некој претходно, баш добро глумеше во моментот кога сфати што се случува.

    За свештениците, што да кажам. Висок број на свештеници кои злоставувале деца и тоа само во Бостон, а пак колку ли има во останатите места во Америка, па потоа и во светот, страшно.
    Плус црквата има големо значење за народот, секоја недела се оди па и повеќе, како бабата на Саша.

    Spotlight - супер тим. Сите работат заеднички во полна пареа, се сложуваат, како тим баш беа симпатични.

    Филмот како филм беше развлечен, на неколку моменти здодевен. Очекував некои компликации, пречки, да се случи нешто што би одложило процесот на објавување на веста.

    Не сум ги гледала останатите филмови од 2015 за да одлучам дали овој е најдобар, меѓутоа не е за Оскар.
     
    На zhap4e, boomsleng, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  6. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Spotlight - Под лупа (Рефлектор)

    Моќен филм кој испраќа многу силна порака, за состојбите во црквата до јавноста, за новинарството како еден од најбитните чинители на демократијата - еден сегмент од општеството кој придонесува за откривање, за осветлување, расветлување на голем број дилеми, недоумици, непознати, мистерии - приказни кои секојдневно се дискутираат, но се обвиени со темен - мистреиозен облак, облак кој не дозволува да допре вистината до пошироката јавност, до граѓаните кои треба да добијат права слика за состојбите во одредена сфера, појасна слика, да можат да донесат вистински суд, а не да бидат предмет на манипулации, дезинформации од оние кои не сакаат вистината да излезе на површина.
    Приказните, гласините за злоупотреба на млади деца од страна на католички свештеници е тема која долго време е присутна во јавноста, педофилијата во рамките на црквата како мистериозена дамка долго се провлекува неказнето, е нешто за што јавноста нема доволно информации или истите на вешт начин се прикриваат од страна на моќниците на самата црква, кардинали, бискупи, надбискупи, кои во одредени случаи и самите се дел од тој злостор кој е недопуштив и недозволив посебно од свештени лица кои проповедаат морал, разум, разбирање, тие се "линкот" на граѓаните верници со бога, а од друга страна самите се јавуваат како учесници, сторители на најтешките монструозни злодела кои може да ги замисли човештвото, какво лицемерие, каков скандал, парадокс.

    Поттикнати од приказните кои кружеа во јавноста екипата на весникот Бостон Глоб - Спотлајт (Под лупа) започнува со истрага поврзана со злоставувањето на малолетни деца од страна на свештеници во бостонската надбискупија. Освежување, поддршка во тој правец им дава новиот уредник кој доаѓа на таа позиција по заминувањето на долгогодишниот уредник во пензија, Марти Барон (Лив Шрајбер) уште со самото доаѓање на позицијата уредник во весникот сосема одговорно, професионално, се поставува во однос на неговите подредени, им дава упатства, насоки, во кој правец треба да работат, да се зафатат сериозно со задачите кои стојат пред нив за решавање, им посочува колку треба посветено да работат на приказната со цел да навлезат подлабоко, посуштински во проблемот кој е многу посложен, поголем, покомплексен отколку што самите на почеток можат да претпостават. Започнува истрагата почнувајќи од првичните сознанија за веќе инволвираните случаи познати во јавноста кои вешто беа ставени под тепих од страна на црквата во договор со адвокатите на жртвите, исплајќајќи им на жртвите одреден паричен надомест како еден вид сатисфакција за направената штета и убедувајќи ги да не говорот премногу за тоа во јавноста. Црквата користи разни методи на притисок, уцена кон жртвите кон нивните бранители - адвокатите, кон новинарите - дискредитирајќи ги на одреден начин, се со цел да ги одврати од намерата приказните да добијат поголема јавност - публицитет, да биде сето тоа маргинализирано, заборавено, запоставено, дисккредитирано како неточно, да остане во сферата на шпекулацииите и на крај пак црквата да остане чиста и недопрена а нејзините свештеници заборавени, неизвалкани, на начин што истите ќе бидат испратени во друг округ, друго место под изговор за болест, преместување или некоја друга административна објава - оправдување за проблематичните свештеници педофили.

    Новинарската екипа предводена од Мајк Резедерс (Мајк Рафало) Роби Робинсон (Мајкл Китон) Саша Фајфер (Рејчел Мекадамс) неуморно се впрегнува, се фаќа во костец со решавањето на случајот, со истрагите започнуваат преку разговори со преживеани жртви на свештениците, со адвокати - бранители на жртвите, првично доаѓаат до бројка од 13 свештеници злоставувачи, подоцна како навлегуваат се подлабоко во истрагата таа бројка постепено се зголемува за да во еден момент се покаже дека бројот на свештеници педофили изнесува 6% од вкупниот број на свештеници, тој податок им го соопштува Сип кој долги години се занимава, ја истражува оваа девијантна појава, деструктивно однесување од страна на свештениците во католичката црква. Проверувајќи ги наводите од страна на Сип преку билтените годишниците кои ги објавува самата црква доаѓаат до бројка од 87 свештеници кои под разни изговори биле преместени, тоа е голем ден за нив, големо откритие, голем напредок во истрагата, голема победа на вистината, на чекор се до комплетирање на целокупната приказна поготвени за нејзино објавување - допирање на вистината до јавноста. Во целиот тој процес се соочуваат со голем број препреки, опструкции, одврајќања, но тие се цврсто одлучни, непоколебливи, не подлегнуваат на притисоците, заканите, "добронамерниоте" совети да отстапат од случајот, (бидејќи не можат и не смеат да се борат против црквата која има огромно влијание и моќ во општеството) но сето тоа нив уште повеќе им дава кураж, елан, се зголемува борбениот дух, истрајноста, решителноста е толку цврста да сите тие притисоци на кои беа изложени во текот на целиот процес на истрага кај нив делуваше постимулативно, мотивирачки - да продожат понатаму да ја истераат вистината на виделина, да ја пласираат до јавноста - до - верниците - да дознаат за деструктивното однесување на свештениците

    Жртви на педофилите свештеници беа исклучиво деца кои потекнуваат од сиромашни семејства, од разведени родители и од други ранливи категории граѓани, самите свештеници ги таргетираа ги селектираа жртвите кои потоа ги злоставуваа оставајќи им тешки последици трауми по нивните животи. Тоа го покажаа истрагите на новинарите од Рефлектор, истото го потврдија самите жртви, адвокатите, стручните лица психотерапевти како што беше Сип кои долги години се занимават со таа проблематика. Најгрозен момент беше признанието од страна на свештеникот Роналд Пакин (Ричард О Рурк) кој и призна на новинарката Саша Фајфер со една таква леснотоја, таква смиреност, без каење, без никаква вина, дека злоставувал деца, односно според неговите зборови тој само се глупирал и во сето тоа не чуствувал никакво задоволство, притоа признавајќи и дека тој лично бил жртва на силување. Каков монструм!

    Улогите на актерите одлични Мак Рафало маестрален во улогата на брзиот, нестрплив, брзоплет новинар Мајк Резендерс, една од неговите најдобри улоги, трета номинација за оскар за споредна улога, претходно номиниран во истата категорија за филмовите The Kids Are All Right (2010), Foxcatcher (2014), исто така одличен во улогата беше и Мајкл Китон кој го портретираше многу добро ликот на новинарот Роби Робинсон, лик кој е нешто спротивно од Резендерс, смирен, одлучен, одмерен и човек кој решава да оди до крај кога ќе има комплетни докази за истото, втора номинација на Китон после минатогодишната номинација за главна машка улога во филмот на Ињариту - Човек Птица, Рејчел Мекадамс сосема солидна во улогата на новинарката Саша Фајфер која заврши неверојатна работа помагајќи им на нејзините машки колеги и придонесувајќи подеднакво многу за да целокупната истрага се доведе до крај и во саканиот правец, една од најдобрите улоги на Мекадамс, улога која ја прикажува Рејчел во малку поинакво светло од тоа што сме навикнати до сега да ја гледаме, улога во која не е нагласена нејзината физичка убавина и сексипилност како во претходните нејзини филмови, но улога во која на маестрален начин ги прикажува нејзините пред се актерски квалитети, прикажана е во малку побледо издание во истакнување на нејзините физички атрибути, но сепак зрачи со некоја прикриена сексипилност тоа не може а да не се забележи. Стенли Тучи е исто така многу добар во улогата на адвокатот, одличен актер кој има една номинација за оскар за споредна машка улога за филмот The Lovely Bones (2009). Лив Шрајбер одигра сосема коректна споредна улога. Добри во улогите беа и John Slattery, Billy Crudup. Костимографијата, сценографијата и кинематографијата добри, ништо посебно но сепак на ниво. Акцентот е ставен на приказната, режијата која е одлична и на сценариото кое е неверојатно тоа се трите носечки столбови, стожери на кои почива филмот.

    Филм кој ја одбележа 2015 година, филм кој ги разбуди и поттврди сомнежите за педофилија во црквата, тема која е долго присутна во јавност а црквата со сите можни сили и средства кои и стојат на располагање сакаше да ја релативизира и маргинализира, да не добие таква тежина и значајност во јавноста каква што заслужува, наместо да ја признаат и да ја прифатат вината ( вистината) и соодветно најстрого да ја санкционираат, тие ги прикриваат, ги преместуваат па и во одредени случаи ги унапредуваат директните сторители или пак нивните надредени кои за тоа знаеле а вешто ги премолчувале толерирале, прикривале сите тие злодела.

    Филм кој доби таква тежина, важност, значење каква што и заслужува, филм кој ја истакнува и покажува пожртвуваноста на вистинските борци - новинари - борци кои претставуваат пример како треба да се однесуваат и како треба да постапуваат, работат и истраат во својата цел, како да се борат со сите сили совладувајќи ги препреките на кои наидувааат не откажувајќи се од својата борба за докажување, борба за вистината, борба за вистинскиот професионализам борба за сите нас - за јавноста
    Екипата на Спотлајт треба да биде водилка, пример - репер за сите новинари како да се однесуваат и како да постапуваат во својата работа држејќи се до новинарските принципи и професионализам не подлегнувајќи на притисоци од било кого
    Филмот е ислучителен, феноменален, испраќа толку моќна и силна порака, нешто што го прави да биде најдобар за 2015 година, дефинитивно заслужен оскар за најдобар филм и најдобро сценарио.
    Уште повеќе добива на тежина со вистинитоста на приказната, тоа не е обичен филм кој го добил оскарот, тоа е филм кој се истакнува и одвојува од останатите, тоа е филм со висок импакт фактор. 10/10
     
    Последна измена: 15 март 2016
    На Lella, Marossa, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Black Swan, или „Како начисто да му го усерете животот на сопственото дете со вашето ужасно воспитување и нереализирани животни амбиции“. Океј, признавам, Black Swan е позвучен наслов од мојов.

    Искрено, да ме праша некој за што се работи во филмов, не би знаел точно да одговорам. Да, имаше балет и играње, ама, барем за мене, филмот беше за тоа како родителите, и покрај своите најдобри намери, успеваат скроз да ги уништат своите деца и да ги претворат во психички лабилни индивидуи.

    Него ајде да фатам со ред.

    Мислам дека ова е можеби е најдобриот филм на Аронофски. Го сакам и Пи, ама недостатокот на буџет си го направи своето таму. Од друга страна, Black Swan е 1000 пати подобар од Ное, кој, баш како Ноевата арка, беше како тврдоглаво гомно кое одбива да потоне, дури и откако ќе пуштите вода 3 пати. Аронофски, добри филмови правеше порано – дај опрај се човече.

    За глумците – Натали Портман не ја сакам, ама морам да признаам дека улогава одлично ја изигра. Трансформацијата од невино девојче заробено во тело на 28-годишна девојка до вистински психопат ја изведе маестрално. Мила Кунис ми беше океј, претпоставувам – барем не ми сметаше. Винсент Касел ми е еден од омилените европски глумци – и овде не ме разочара.

    За кинематографијата – се беше добро и убаво, освен third person сцените у кои камерата се клацка позади главата на Натали, предизвикувајќи ми морска болест. Се осеќав као да играм некоја лоша игра од 90-ите. Инаку, морам да признаам – не сум некој љубител на балет (знам, знам, шокирани сте), ама сцените со играњето беа навистина одлично снимени.

    Инаку, мислам дека Аронофски има скриен талент за правење хорор-филмови. Не знам дали со него имаме слични фобии или можеби се работи за универзално језиви работи, ама сцените у кои Натали си корне кожинки од прстите, мајка и ги сече ноктите со ножици за жива ограда и онаа во која The Old Little Princess си ги боде образите со турпија за нокти беа creepy as fuck и буквално правеа да ми се ежи кожата.

    Што се однесува до приказната – како што реков, јас не ја доживеав како приказна за балетот и потрагата по совршеното, туку како приказна за тоа како лошото родителство ги уништува животите на децата. Исфрустрирана самохрана мајка, со нереализирани животни амбиции, комплекс на повисока вредност и претеран авторитет – hey, what can go wrong? А да – creepy ми беа и моментите кога се однесуваше кон Натали како кон 10-годишно девојче – ја облекуваше, ја соблекуваше, и даваше да и лиже шлаг од прстот (what the fuck was that?!?), и пушташе музичка кутија пред спиење... Остануваше уште да ја бања и да и го брише газето. Па уште и на фотеља спиеше кај нејзе у соба – да не може човек на раат ни да мастурбира. И после ај биди нормален, да те видам.

    Госпоѓата се одрекла од кариерата за да ја роди – добро е што не и го плескала у фаца тоа у секоја можна прилика, нели? А и можеше ли да одбере побесцелна кариера од балерина? Па остај друго, и керка си ја натерала да тргне по нејзините стапки. Гарант останала трудна додека била на „аудиција“ за некоја балетска улога. Ѓубре старо и неталентирано.

    Ама, како и на секој лош родител, последиците од усраното воспитување порано или подоцна се враќаат за да те акнат по фаца. Или во случај на мајката на Натали, да те акнат по прсти. Со врата. Три пати по ред. Нејзиното мало девојче конечно порасна. Во целосен психопат.

    Инаку, во текот на филмот се прашував дали Мила Кунис е реална или не? – се си мислев дека ќе има некој Тајлер Дурден момент, во кој Натали ќе сфати дека бидејќи немала другарки (освен луда мама, нели), на крај морала да си измисли една. Ама не – се испостави дека девојката стварно постои. Само прашање е колку од разговорите кои ги имаше со неа беа реални – претпоставувам, многу малку, од она што го видовме во филмов.

    Ми се свиѓаше крајот на филмот – Натали успеа да си ја оствари единствената амбиција која ја имаше во животот – ја доби главната улога во Лебедово езеро и ја изигра совршено. Штета само што таа амбиција и беше наметната од мајка и. И штета што немаше и други животни амбиции, како нормална 28-годишна девојка – за личен живот, пријатели и забава. Можеби и маж и деца. Ама не – за тоа се погрижи љубовта и воспитувањето на мамичка.

    Пораката на филмов – родители, дај опрајте се у тоа главите, пред вашето чедо да ви ги искрши прстите и да загине обидувајќи се да ги исполни вашите очекувања.

    За прв пат, успеав да напишам (релативно) кратка рецензија.

    Предлог за наредната недела – кој @RainBow мора да го стави во анкетата, а сите вие мора да гласате за него: Pride and Prejudice and Zombies – љубовна приказна за Елизабет, една од сестрите Бенет, и нејзината романса со полковникот Дарси, испреплетена во класното општество на 18-вековна Англија. А да – плус зомбија.

    Мислам дека повеќето го имаат гледано/читано Pride and Prejudice или барем ја знаат приказната. Па интересно би било да се види како ќе ви се бендиса оваа верзија на приказната и каква дискусија ќе се развие на темава.

    [​IMG]
     
    Последна измена: 16 март 2016
    На Madam-A, blackpanter, Sunshine.Sunshine и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Really, @Bender Rodriguez ? Really? :rofl:
    Се надевам дека гледаш на филмов како пародија, бидејќи според мене - не е ништо повеќе.

    Во врска со Black Swan, ќе морам пак да го погледнам бидејќи го имам гледано пред неколку години, and my memories seem to have faded out.

    Ќе се вратам со рецензија, ветувам (fingers)
     
    На Marossa, boomsleng, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Yeah, really. :D

    Го гледаше?
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  10. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    За жал, да.
    Ме привлече Pride and Prejudice and Zombies делот. Очекував повеќе акција. Но да бидеме реални, како за зомби апокалипсa на почетокот на 19ти век, не е лошо.

    For example, this part wasn't so bad 8)
    Untitled.png

    Да си се утешам - сум гледала и полоши :worried:
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ја мислам дека Џејн Остин ќе се гордееше со адаптацијава. :D

    Уствари, ќе се јадеше жива како нејзе не и текнало. :P
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Sunshine.Sunshine, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Во име на тоа што филмов го прекинував зашто стомакот ми се врзуваше во чвор, дискусијава нема да ми биде кратка како претходните. Кога веќе толку се напатив, заслужувам да напишам нормална дискусија. :sweat:

    Од што да почнам? Ајде од глумците. Натали Портман, колку добро и да глуми (а за жал, ја бидува) секогаш ќе ми биде најантипатичното суштество на светот. Ретко која глумица не поттикнува вакви чувства кај мене, за жал. Одвратна ми е уште од филмот Професионалец со Жан Рено, кога користеше вулгарен речник на мали години. Мила Кунис исто така ми е неподнослива, не можам да објаснам зошто. Тука беше и не толку обожаваната Винона Рајдер и Винсент Касел. Мислам дека ги покрив сите познати фаци. Глумата им беше на највисоко ниво. Се гледа дека дале се’ од себе.

    Натали баш ми има таква фригидна природа, лигава и распекмезена, така што добро и’ прилегаше улогата. Се направила како штурец, од што уште ме лазеа морници секогаш кога ќе видев како и’ излегуваат коските при секое движење. Коцкастиот облик на лицето беше во полн ефект и се држеше на тенко вратче, па на моменти се чудев како не и’ се откорна главата и како вратот може да ја издржи, ама нејсе...

    Мила Кунис ми беше многу природна во улогата на Лили. Совршена несовршеност, опуштена, забавна, сексипилна, порочна, зрела - тотална спротивност на Нина. И неа ја исушиле, ама изгледаше похумано од Натали, но и во секој случај има поженствено лице од неа, па не се забележуваше тоа премногу.

    Винона Рајдер е жена која се појавила во најразлични улоги и морам да кажам дека најдобро и’ стои да биде ваква, психо-жена, хистерична и хировита. Винсент Касел (штета што се растурија со Белучи) е добродржечи Французин, во улогава висок, згоден, неопходен, дрзок, арогантен и отворен. Бара многу, дава тоа што му се сака. Жртвува психичко и физичко здравје на неговите танчери за да си ги оствари целите.

    Музиката беше сосема соодветна, впрочем, каква друга музика би му личела на филм со ваква приказна? Костимографијата беше баш артси, а костумите на балерините беа божествени. И остатокот од креациите кои се појавија не беа лоши.

    Е сега приказната. Приказната беше една огромна метафора, а во исто време вистински приказ на тоа што се’ доживуваат уметниците (несфатени, кутрите, од нас обичните) за да догураат далеку.

    Повеќе од очигледно беше дека нешто не беше во ред со психичкото здравје на мајкава и на ќеркава во филмот. Мајката - нереализирана балерина, која морала да се пензионира кога ја родила Нина, сака да си ги оствари соништата, или да ги си излечи фрустрациите преку својата ќерка, со тоа што и’ ја скроила судбината. Нина беше 28-годишна девојка која се понашаше како 12-годишно девојче. Беше потчинета на својата мајка. Уште што не и’ го бришеше задникот после одење во тоалет. Како Нина да доживеала некоја траума или да била хипнотизирана, па со емоционалниот развој заглавила во детството.

    Перфекционист по природа и лигуш, таа се потресува сакајќи да ја наследи улогата на Лебедот. Одбива да јаде, грејпот го гледаше со тажен поглед, вежба како манијак за да биде совршена. Ама, на аудицијата Тома’ во лице и’ шлапна дека е многу крута, контролирана, пресметана, дека нема спонтаност и опуштеност, ниту заводливост и сексипил кај неа. Па реши да го извади тоа од неа по секоја цена, зашто ги препозна нејзините квалитети кои отскокнуваа и знаеше дека го има тоа (мрачното) во себе.

    Па сега, Нина потпаѓа под контрола на Тома’, не само под онаа на мајка си. Мајка и’ како да ја држеше под контрола нејзината мрачна страна. Штом се вмеша Тома’, Нина почна да се оттргнува од канџите на мајка си и да се претвара во нешто што не била до сега. Всушност, толку многу се мачеше за да биде совршена во улогата, што како да изгуби чувство што е јаве, а што реалност. Стана психотична, како да се здоби со подвоена, биполарна личност. Во исто време, во повеќе наврати ја гледавме како повраќа, што значи дека имаше и анорексија, а страдаше и од опсесивно-компулсивно пореметување. Со текот на соживувањето со улогата - двојна улога на добро и зло, таа почна да халуцинира и да се трансформира. Како што рекоа во филмот - магијата ќе настапи кога таа ќе ја доживее својата метаморфоза. Па во текот на претварањето од Бел во Црн лебед, карактерно, поради преголемиот стрес и притисок, во неколку наврати видовме како си корне кожи од прстот, ноктот на ногата, раните на плеќата. Но, стануваше се’ поанксиозна, раздразлива, агресивна и мајка и’ ја губеше контролата над неа.

    Во сцената каде видовме како се налути и излезе со Лили, беа претставени последните фази од метаморфозата на Нина. Борбата помеѓу доброто и злото во неа, светлината и мракот. Па дури прифати да се напие и екстаза, по што целосно изгуби контакт со реалноста. Халуцинираше дека има односи со Лили, а всушност конечно успеа да се ослободи од старата Нина и преку оргазмот да се претвори во некоја нова која мајка и’ не ја познаваше. Загрижена што и’ ибега од контрола, мајка дури и се јавила да каже дека нема да ја игра својата улога дента. Тоа што беше нејзина најголема желба за која поднесе толкави жртви. Патот по кој ја туркаше мајка и’, сега, наеднаш, сакаше да и’ го попречи. Но, не успеа во тоа.

    Исплашена дека ќе ја доживее судбината на Бет, дека некој ќе ја замени, побрза да стигне во балетот. Таму почна едно ново поглавје, почетокот на крајот. Беше фасцинантна во улогата на Белиот лебед, Кога се врати, се исплаши дека Лили ќе ја замени и дека ќе и’ ја земе улогата на Црниот лебед. Лили, всушност, на некој начин ја претставуваше мрачната страна на Нина, иако беше реална. Настанува тепачка, летаат пердуви и се крши огледалото. Нина мисли дека ја убила Лили. Ја одвлечка во тоалетот и излезе на сцената како Црниот лебед. На сцената е крајот од нејзината метаморфоза. Тоа е прикажано, не само со беспрекорната изведба, туку и преку крилјата кои ги добива во текот на настапот. Таа сега е Црн лебед. Се предаде. Своја е.

    Кога се врати за повторно да се подготви за улогата на Белиот лебед, гледа како тече крв од под вратата, па ја прекрива со пешкир. Се стаписува кога ќе ја види Лили на вратата како и’ честита. Тогаш дознава и дека не ја минале ноќта заедно. Веќе не знае што е јаве, а што илузија. Отвара во тоалетот - нема тело, нема крв. Се погледнува - рана. Всушност сама себе се забодела со стаклото. Дали на тој начин го уби метафоричкиот Бел лебед во себе? Јас би рекла да. Излегува на сцена, доигрува, и кога се фрла на душекот, доживува просветление - сега се’ разбира, сега се’ е совршено и го добива епитетот кој го носеше Бет - „мојата мала принцеза“. Дали умира или не, не знаеме, филмот заврши.

    Што сакаше авторот да каже? Авторот се служи со метафора за да го покаже болниот процес (и физички, но особено психички) во трката да се достигне славата. Славата е можеби сјајна, ама е болна. Нина полуде прво од желба за улогата, второ од желба да биде совршена, трето поради тоа што премногу се соживеа со својата улога. Полуде, не разликуваше јаве од халуцинација, па можеби не толку потсвесно, реши да се самоубие.

    Истражував во врска со некои аспекти од филмов. Прво, интересно е што се прикажани различни растројства. Психичкото растројство што таа го манифестираше, не може баш да се нарече шизофренија, зашто во тој случај ќе требаше да слуша гласови. Исто така, не е можно да има повеќе растројтва наеднаш: анорексија, биполарност, сечење/гребење, OCD... Сепак, првото и последното се јавуваат при многу висока свесност за јавето, а таа повеќе халуцинираше, отколку што ја живееше реалноста.

    Имаше и интересен факт дали може заклана да продолжи да игра, па сепак тоа релативно реалистично било прикажано - дека поради големата возбуда и занес, можно е да не ја чувствува, т.е. да ја потиснува болката.

    Како и да е, да не го тупам повеќе. Патот до славата и совршенството е заснован на безброј жртви и газење преку лешеви, понекогаш и сопствениот. За пример само земете ги сите познати фаци кои до сега се самоубиле: Џими Хендрикс, Курт Кобејн, Ејми Вајнхаус, Хит Леџер (кој бил и предупреден за улогата на Џокерот...)

    Добар филм, моќна приказна, предобро претставена, одлична глума. Психички ве истоштува и уништува. Ретко добар филм и одвратен во исто време...
     
    Последна измена: 16 март 2016
    На Elena69221, Bozica1980, Sunshine.Sunshine и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Дал ме очи варају, или го нема Inception во предлозите, и зошто?
    Баш ми фркна да пребарам во темава дали го имаме оценето и дискутирано, видов дека @Lady Phoenix го предложила, ама не наидов на ништо подетално околу филмов.
    Иначе, јас веќе гласав, пукајте ме слободно. :bug:
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ти нели и ќе пишеше за Black Swan? :?:

    П.С. Не знам дали ја сум многу ненаспан, ама на која анкета гласаше? - ја гледам дека оваа е неактивна.

    Или вие од Пустец гласате пред останатите? :D
     
    На boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  16. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Моја грешка, заборавив дека анкетата е веќе затворена и дека веќе го дискутираме Black Swan.
    Гласав за Regression, ако игра некаква улога.

    Како што реков, ми текна да барам за Inception, па се вдадов во потрага. Како што можев да забележам, го нема Inception во предлозите, па затоа и прашав.

    Ќе пишам за Black Swan како што ветив, ама моментално вниманието ми е насочено во друг правец :D
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  17. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Лујџе, толку ли со коментари за филмов? Никој друг не го погледна?

    Ајде тогаш да се собереме сите заедно, и легитимни и нелегитимни, за да даваме предлози за следна анкета.

    Погоре Бендерон предложи Pride & Prejudice & Zombies, од мене Inception за да се врати во анкетата.

    Давајте предлози кои може да се дискутираат, да го освежиме списокот.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  18. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Јас како предлог го давам Rigor Mortis.

    Ќе пишам за филмот, само Mr. Bender малку ме подзамисли со неговата рецензија за истиот, морам да оставам ден-два да ми се "исталожат" неговите впечатоци за повторно да го гледам и оценам самата :D
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Што да кажат, ти се си кажала. При коментирање не е лошо да не одите толку до детали туку повеќе како лично видување на филмот да е, кој дел најмногу ве интересира на тој да се сконцентрирате, па да оставите и простор за дискусија. Не сте на испит за десетка па се да опфатите, во група сте. Али што знам јас, што ви се мешам...
     
    На boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Filth (2013).

    Лебедот црн, јас, например, бев во можност да го гледам сега,соодветно,вечерва да го коментирам. И, увек ќе е така за филмовиве. Во ситуацијава... нема да го сторам тоа,прибидејќи сум го гледала и подзаборавила, а не ми сака душава реприза,во моментов.
     
    На Madam-A, Jordanovska-K, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.