Значи, за следна анкета одат досега предложените: Lock, Stock and Two Smoking Barrels/Snatch Filth Predestination The Way Back The Sacrifice The Road АКО НЕКОЈ ИМА ДРУГ ПРЕДЛОГ, НЕКА СЕ ИСФРЛИ НЕКОЈ ФИЛМ ОД ЛИСТАВА, ПА ДА СЕ СТАВИ ДОТИЧНИОТ. Јас нема да го коментирам филмов зашто на ништо не се сеќавам, ама во следниов I'll be back.
Филмов уште одамна ми е гледан, и е во заборав. Само ќе кажам дека крајот и не толку ме изненади, можеби дека во повеќе од делови на филмов, сумњав дека Ема (како и да се викаше у филмов)според некои нејзини потези, нешто мучка во сето тоа. Итан, многу ме нервираше...не можев да го поднесем 85 % од филмов. Како и да е, не се сеќавам скоро на ништо, па нема да коментирам друго. п.с ја сум за Filth, го ѕирнав трејлерчето и ми фати око (ми седи како доста интересен филм)
Тргнав да го гледам и го гледав едно пола саат и се откажав. Не ми држеше внимание воопшто, а не ми се губеше еден саат и 50тина минути за него. Времето е драгоцено. А и можеби едноставно не сум расположена за таков филм во моментот. Тоа. А јас лично го гласав Офтопик: @Bender Rodriguez секогаш помислувам и морам да ти кажам. Не знам што си по професија, ама си роден за критичар. Како професија мислам.
Јас не видов дека сте го изгласале Regression, последен пат кога ја отворив темата филмов се тркаше со The Road. Не знам зошто, ама дали дека имам гласано па анкетата е затворена за мене, мислев дека е затворена целосно и дигнав раце. Немаше финалист. Откако видов дека сте го изгласале, го пуштив да се симнува Regression да шкртнам нешто за него, да не бидам hater, ви ги читам коментарите и се мислам дали уопште да го оставам да се симнува или да го исклучам торентот. Убаво кажа (ми се чини) Бендер, прво гледајте го филмот па после читајте критики, а јас секогаш се зезнувам со темава и мојата рецензија изгледа штуро (како за Crimson Peak). И сега? Да го гледам филмов или да чекам нова анкета и стварно да се активирам?
Чекајте, чекајте, и јас сум тука. Guess who's back? Did you miss me? Филм не бев гледала уште пред Оскарите, откога заврши февруари како да немам време за ништо, дури овој филм некако успеав да го натиснам во малкуто време што го имам. Ама по оние прееедолги оскаровци, овој ми дојде ептен добро. Океј, за филмот. Кога му го видов описот си реков овој сигурно е некој хорор, но хорор не беше дел од жанровите на ИМДб, па си реков да го пуштам, иако се знам себеси, најверојатно нема да заспијам до 1. Ако не се лажам, ова ми е прв филм со Итан Хок, и не знам што мислам точно за него. Онака, во ред беше, ништо посебно. Ема исто така, иако очекував подобра глума од неа. Ми се допадна филмот, не се каам што го изгледав, во ред беше, имаше поента, имаше точка околу која се вртеше, не залетуваше настрана како многу други филмови во последно време. Но морам да признаам, напати ми се одвлекуваше вниманието, ќе се фатев како размислувам за еднорози на сред филм. Ема психопатот... знаев дека нешто мати, татко ѝ е опишан како негативецот на почеток, но се гледа дека човекот ни сам не знае кај се наоѓа и што прави, а со хипнозата го пореметија целосно што не му ни текна што е важното за истрагата. Морам да забележам нешто небитно, ама зошто мораше бабата лудачка да ја направат crazy cat lady, сериозно, ова е причината што луѓето ги сметаат мачките за морничави. Да не ја должам многу, а и не знам ни што уште да напишам, не сум во расположение на расцепкување до детали на филмот (а кога сум била? ), затоа ова е мојот целосен впечаток: Интересен филм, со добра идеја, јасна поента, не беше досаден воопшто со тоа што времетраењето е разумно, а и имаше моменти со крвишта и крипи фаци кои фрлаат мехехе-погледи во камерата за да те држат на нозе. Овој филм мене ми се допадна, навистина, иако сметам дека таква идеја, како што рече Бендер, можело многу подобро да се реализира. За крај, дали ќе можам да спијам вечер? - Секако дека не. Дали ќе беше подобро да изгледам 5 епизоди од Friends? - Веројатно да.
Скај, не знам како да го сфатам ова, со оглед на тоа што Чехов за критичарите го рекол следново : Спојлер: КРИТИЧАРИ Шала на страна, знам дека не мислеше ништо лошо. Инаку, кај нас неплатената верзија на професијата критичар е мрчатор, што е категорија во која би можел да се вклопам, мислам.
Не, не мислев ништо лошо. Напротив, професијата бара познавање и одговорност и итекако е потребна мислам, секаде. Критичар - Уметност на (за) процена Што убав опис, нели? Сега, нормално е да не секој ќе се согласува со тебе, или со било која критика, било негативна или дадена во позитивен контекст, ама исклучителен критичар има авторитет. Спојлер Ocenjivač vrednosti nečega, autor kritike, stručna osoba koja ocenjuje, analizira i iznosi pozitivne i negativne strane umetničkog ili književnog dela
Неделава излгедав многу филмови, а на темава скроз заборавив. За Regression гледав неколку критики на јутјуб и не беа позитивни, па некако не ми се гледаше филмов, плус неколку пати беше на анкетата, ако не се лажам. Филмов не ми се ни почнуваше, но ајде го пуштив и успеав да стасам до 40 минута и тоа со барање други филмови настрана. Не го изгледав. Прочитав што се случува на Википедија. Мене ми се чини дека филмов не вреди да се гледа, доволно ми е што прочитав што се случило, не ми е интересен. Од тие четириесетина минути кои ги изгледав можам да кажам дека се сомневав дали таткото всушност го сторил. Бидејќи сепак не се сеќава, а плус кога ќе се обиде да се сети, зар не може нешто случајно да измисли, сосема несвесно. Полицаецот кога разговараше со детективот си мислев дека можеби му е многу добар пријател на таткото, па го брани. Дијалозите ми беа толку здодевни. Има филмови во кои едвај чекаш да ја слушнеш репликата, а овде ми беше сеедно. Предлог од мене: The Machinist Најверојатно повеќето од вас го имаат гледано. Не е everyone's cup of tea, тоа сигурно. Мене ми се допадна и баш онака си имам неколку работи околу кои би сакала да дискутирам. Одам да го догледам The Godfather, попусто го прекинав.
@RainBow, може анкета со дадениве филмови (ако има некој друг предлог, нека каже), за да изгласаме до петок, па да погледаме некој филм на раат.викендов? И гласачкото тело од Пустец ќе ни се разбега иначе.
Јас да ви кажам свесно и своеволно ( и педерски кон темава) го рипнав Регрешн. Свашта гледав порано ама сега некако ептен цепидлака станав и не могу ја тука да губам време на нешто што од старт не ми привлекло внимание. Филт ми фаќа око. Појма немав ни дека има анкета, а глеам затворена е веќе. Значи тековен е така? До кога?
Oooo Filth, хелoу бјути Не сум бaш зa првa дa гo кoментирaм филмoт, зaтoa штo немa дa oдaм вo детaли, немa дa бидaм дoлгa и oпширнa, туку нa крaткo некoлку збoрa...Нa пoчетoк, oд првите десетинa минути oд филмoт, пoсебнo сценaтa кoгa си ги oткoпчa пaнтaлoните зa blow job oд млaдa девoјкa oд едвaј 13 или 14 гoдини, пa мaлтретирaњетo нa исплaшениoт млaд дечкo сo aстмa, ми се oдмили и си рекoв, -aхa, знaчи тaкoв филм ќе биде. Кoјa oд кoјa сценa пoкoнтрoверзнa и перверзнa зa дa предизвикa реaкции кaкo гaдење и oдбивнoст, aмa дa се збoри зa филмoт пa нa тoј нaчин пoпулaрнoст дa се дoбие. Штo и не е дaлеку oд вистинaтa. НO, не бев спремнa дa ликoт всушнoст, и пoкрaј тoa штo пoседувa кaрaктеристики кaкo мaнипулaтивен, aгресивен, глaсен, безoбзирен, безoбрaзен, плус aлкoхoл, дрoгa, oчигледнo психичкo пoреметувaње, хaлуцинaции и...you name it, he's got it...ќе ми се дoпaдне. И oвa е блaгoдaрение нa oдличниoт перфoрмaнс нa McAvoy. Не видoв глумa, видoв прирoднa будaлa, a се штo е прирoднo леснo ти легнувa нa душa, тaкa? Мoжaм дa кaжaм -кaкo мoжеше сите кoлеги дa не приметaт кoј е, штo е и кaкoв е, кaкo мoжеше сите пo мaлку приглупи дa се, дaли тoa требaлo зa дa негoвите глупaви финти нa мoменти вo стил нa среднoшкoлски мaнгуп делувaaт пaметнo и oригинaлнo...мoжaм уште некoлку рaбoти дa нaјдaм, aмa немa. Oти ми се дoпaднa филмoт вo целинa, плус и кoмедијa црнa имa, пa верoјaтнo зaрaди неa мoжaт дa се прoтнaт oвие рaбoти без премнoгу дa се aнaлизирa. Ќе ве oстaвaм дa oдите вo детaли, јaс вaкa групнa сликa. А и сценaтa дa јa спoмнaм кoјa ме изнaсмеa -кoлегaтa сo нaoчaрите (пoтoчнo без нaoчaрите) кoгa игрaше вo бaрoт сo двaјцaтa гејoви И нoрмaлнo нa крaј, пoгледoт кoн врaтaтa. Сoу дип. Жaбaтa ќе рече декa крaдaм, aмa немa врскa, и јaс тaкa мислaм
Само што го изгледав филмот,па да пишам свежи импресии.. Прво да кажам дека насловот тотално му е соодветен, бидејќи филмот е чиста вулгарност. Предрасуди и манипулации,хомофоби,секс,дрога,алкохол и не знам веќе каков порок да набројам,ама се има,буквално се. На моменти озбилно чиста порнографија. Уште кога стартува,кога видов што се дешава,веднаш ми се уврте во глава да го гасам.Не дека ми пречат вулгарности,Game of Thrones го следам редовно , туку некогаш ми се ту мач и неприкладни за одредени ситуации. Посебно ме нервира кога во секоја втора реченица иде зборот „факинг“ ,not my favorite word Нејсе,продолжив да го гледам, и полека да разберам што точно му се дешава на Брус,бидејќи стана јасно дека е некоја ментална болест. Според мене шизофренија, бидејќи имаше страшни халуцинации. Ама и колку што разбирам од психијатрија, најверојатно и биполарно однесување, поради наглите промени во карактерот и расположението,од висока агресивност, до депресија и суисидални намери. Дури еден момент, си помислив жена му да не е мртва и тоа детето што го гледа,да не е негов син што починал,но си се одвратив од мислата бидејќи неговите колеги упорно прашуваа за семејството. Полека се откри дека всушност таа го оставила и не му дава да ја гледа ќерка му, а детето всушност бил брат му кој починал во несреќа за која очигледно Брус се обвинува. Но сепак,причината за неговата ментална состојба ја гледам во жена му, т.е во нејзиното отсуство. Неговата мотивација и фраза "Same rules apply" за да го добие фамозното унапредување е само за тој да и се докаже,длабоко уверен дека таа направила грешка и ќе му се врати. А желбата да ја контролира жена му го инспирира да ги игра тие „Mind games" со колегите,кои патем тотално глупи особи. Ги убеди да си ги фотокопираат пенисите Значи кои будали се... И зборот ми беше, дека Брус е со изгубен идентитет, кој не може да се контролира,па пробува да ги контролира сите околу него. На тој начин ја создава имагинарната Керол, всушност се облекува како неа,за да го пополни местото на вистинската... Една работа не ми е јасна, дали тоа значи дека тој го уби оној јапонскиот студент? Мислам дека да,според настаните. Ми се допадна како полека ја прифати реалноста,кога ја виде Керол во супермаркетот,тоа му беше соочување. За крајот, страшно добар,барем според мене. Извинувањето на Бледси,во позадина Creep од Radiohead (But I’m a creep ..I’m a weirdo ..What the hell am I doing here? .. don’t belong here”)црно белиот под што изгледаше како шаховска табла баш како игрите што никогаш не престанаа -одлично,совршено изведено. И го турна столчето,иако јас бидејќи секогаш сакам среќен крај, очекував да види надеж во жената и детето на влезната врата. Можеби целта беше да се препушти на смртта... Се на се, филмот ептен ми се допадна,може да се види по рефератов,ретко толку се распишувам И да не го заборавам Џејмс, отсекогаш ми се допаѓал како глумец,ама овде мислам дека се надмина себеси.Секоја емоција и фацијален израз,секоја гестикулација маестрално одглумена. Јас озбилно Оскар би му дала