1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Остај тоа, него ако победи мојов предлог, што ќе гледаме - Lock, Stock... или Snatch? Или и двата? :D
     
    На Lady Phoenix и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    И мене тој дел не ми беше јасен.. ама си реков, штом сите молчат..има нешто што не знам.:^) Се дешава последна да разберам, па можда (откако ќе победи)... ќе се разјасни дилемата:^) :rofl:
     
    Последна измена: 1 мај 2016
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Мислам дека @Lady Phoenix имаше дадено предлог пред некое време Lock, Stock.../Snatch, ја после го предложив само Lock, Stock..., ама очигледно влезе у анкетата оригиналниот предлог на Лејди. :D

    И ја бев збунет, ама дека прошлава недела немаше ни еден глас, не гледав поента да реагирам да се корегира. Ама сеа... Сум стварно збунет, да ти кажам. :D
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и zhap4e им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    ^^Тогаш... и за оваа и за наредна недела имаме филм:wasntme: :D
    Тамам да се рехабилитираат луѓето по Filth. :^) :rofl: (да не се откажат од FFF):tmi:
     
    На boomsleng, Marossa, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    После втора рунда гласање - кој ќе биде за оваа, кој за следната недела. :rofl: Моја грешка, се извинувам.

    Криво ми е за Filth што не успеав ништо да кажам. Тоа ми е омилен филм со МекАвој.

    Човекот е сестран, во секакви улоги го гледаме. И навистина го бидува. Мислам, да успееш да го одглумиш сето тоа лудило, сите сцени со мастурбација и секс, па на крај уште и да се облечеш како жена и сето тоа да делува сосем природно, како навистина да ти се случува, а не да глумиш... Немам зборови. Никој подобро од него не би можел да го изведе сето тоа. Лудачки осмех, хистерија, кои преминуваат во сосема друго расположение и за момент го гледаш со солзи во очи... Симнувам капа, се поклонувам. :bow: Крај, тој за мене е еден од ретко талентираните глумци на денешницата. Способен е вешто да се соживее со улогата, да се претопи во ликот и уште да те натера да го чувствуваш она што тој го проектира во моментот. (y)

    За приказната воопшто не правам муабет. Оригинална, сурова, реална, без ограничување на речник, без никаква цензура, психоделична, го отсликува пеколот во кој живее еден ментално растроен човек. Многу добро доловено и уште еднаш потврда дека зад фрустрациите, криминалното однесување и дури и некои ментални состојби стои сексот.

    Понекогаш е потребно да го отвориш умот и да го следиш филмот без предрасуди за да ја видиш големата слика..

    Ајде, доста беше од мене. Да видиме што ќе победи. Англиски/шкотски/ирски и слични филмови се многу добри и имаат црн хумор што особено ме бендисува. :)
     
    На jovanovska94, boomsleng, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.599
    Пол:
    Женски
    :D
    Па празници се, два одеднаш сигурно ќе се изгледаат, ееее...:D
    Јас како сум ископирала така, директива, нема трте мрте. :emo:
    Ајде некој да ја реши работава, па да се стави новиот филм. Јас не гласам, не сум од пустец, затаив ептен со филмовите, едвај серии изгледувам. Уствари лажам, deadpool го изгледав.:nod:
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Гласав ама дилемата не ја решив :wasntme:
    Да се договориме некако? Инаку се вратив во темата. Во меѓувреме ве читав само. :hai:
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Јас препуштам на Бендер да избере:D и во мое име. Пошто, за неговото 2 во 1 гласав.:D
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Изгледа работиве се смениле од вчера, па (за среќа или за жал) нема да мора да одлучувам и да бирам. :D

    Иначе, ја само да си прашам за Trust, овој ли е?
    [​IMG]

    Има и еден, The Trust, ептен тазе, со Ник Кејџ и Елаја Вуд (кој радо би го гледал), ама уште не е искочен. :D
     
    Последна измена: 2 мај 2016
    На zhap4e, boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  10. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    34.273
    Пол:
    Женски
    Најверојатно ќе да е Trust od 2010 :?:
     
    На zhap4e, boomsleng, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ја го симињам тој, иако има и еден 1990-та и еден tv-movie од 2009-та (се надевам не е некој од овие два :D).

    Ај, ваљда ќе се јави некој од оние што гласале за него (претпоставувам знаеле за кој филм гласаат :D) да не опраи. :)

    Да не искочи работава само ко пред некоја година на изборите на список за гласање ги имаше Радмила Шеќеринска и Рада Шеќерова. :rofl:
     
    На Marossa, zhap4e, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Се работи за филмот Trust (2010) во режија на Дејвид Швимер
    Улогите ги толкуваат Клајв Овен, Лиана Либерато, Кетлин Кинер, Виола Дејвис
    Знаев дека ќе настанат забуни околу филмот бидејќи има неколку филмови со сличен наслов еден од деведесетите, другиот е The Trust (2016)
    Мој предлог беше филмот, иако не очекував но пријатно бев изненаден кога видов дека победил во конкуренција со филмот на Гај Ричи со кој вчера беа изедначени по бројот на гласови
    Како што кажав и во краткиот осврт за филмот мене ми е еден од омилените и спаѓа во категоријата на филмови кои носат моќна порака, филмови од кои може да се извлече поука, филм со тежина и огромно влијание
    Верувам дека ќе ви се допадне и ќе ве поттикне да напишете рецензија за истиот
    За наредната недела нека остане предлогот на Бендер и Лејди само издвоен во два одделни филма и тоа Lock, Stock and Two Smoking Barrels (1998), Snatch. (2000) и двата на одличниот Гај Ричи, на таков начин се исправа грешката од претходнава недела двата филма да бидат ставени во еден наслов:D има шанса еден од овие да биде филм за кој ќе се дискутира наредната недела
     
    Последна измена: 2 мај 2016
    На Victorian, Lella, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Та јас така со The Revenant, знам Лео ова она, го пуштам филмот, војници нешто, прегазуваат голо бебе на патот, си викам wtf, па после погреб на еден од војниците, поминаа дваесетина минути, ни Лео и Леовица. Па овој умрениот излезе од гробот како зомби и тогаш сфатив дека гледам погрешен филм. :D
    Иначе R е филмов, го скокам, ќе ви се придружам следната недела. :)
     
    На Elena69221, boomsleng, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  14. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Нема потреба за загриженост во врска со категоризацијата на филмот, мислам дека секој тинејџер и секој родител на тинејџер треба да го изгледа филмот, пораката поуката која може да се извлече со гледањето на филмот е многу силна, моќна. Колку што се сеќавам нема некои сцени кои би биле забранети за помлади од 16 години, голем дел од досегашните филмови кои ги изгледавме и коментиравме( содржеа повеќе сцени на насилство, голотија) претходниов период би биле позабранети, понеприфатливи во тој поглед (мислам на категоризацијата R која ја напомена)
    И останативе учесници кои досега го гледале Trust на Феминсково Фоаје нека се јават и нека дадат мислење, сугестија дали би требало или не да го изгледаш филмот. Мое мислење е дека треба да го гледаш не постои никаква пречка - но сепак твое е да си одлучиш што ќе правиш
    Слабо со коментари, рецензии, интерес за филмот, вечер го гледам па деновиве ќе напишам рецензија
     
    На Victorian, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    Се мислев подолго време дали да напишам нешто за филмов или не, но сепак еве ме.

    Во филмов главната тематика (според мене) е довербата помеѓу децата и родителите и за опасностите кои следат преку онлајн запознавањето. Девојчето кое го гледаме во филмот е дете кое поради ниската самодоверба и „непопуларноста“ во училиштето каде оди се запознава со двојно постар маж кој лажно се претставува. Сепак по долго допишување тој и признава дека не и е врсник туку дека има 25 (повторно излажа), но веројатно годејќи и допишувањето таа сепак продолжува да се допишува со него.

    Мислам дека не е до толку што и годело (што на некој начин е и точно) Чарли можеби повеќе и го кажувал она што таа сака да го слушне. Недоволната самодоверба на девојчето и несогледувањето на ситуацијата во која се наоѓа од страна на нејзините родители ја доведуваат во ситуација да биде силувана. Тука би ставила и како фактор потребата за внимание на младите, па дури и потребата за одобрување која ја имаше Ани.

    Потоа ја гледаме и реакцијата на родителите кога дознаваат дека нивната ќерка била силувана од страна на 40 годишен маж (мислам дека толку имаше, но како и да е небитно). Таткото оди до таа мера што сака да се пресмета со него (што и до некоја мера е нормално, нели?) и мајката која се обидува да ја утеши својата ќерка која вели дека: „сака да биде во можност понатаму да има можност да изгради врска со некој друг маж на нејзина возраст“. Родителите го гледаат Чарли како силувач, но сепак таа го гледа како сродна душа.

    Од аспект на глума, костимографија и сценографија ми беше ок.
     
    На Victorian, Lella, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Trust (2010), во описот стои дека е криминален филм, драма, трилер. Јас сепак би кажала дека е неуспешна драма.
    Има прилично висока оценка на Imdb 7/ 10 што прилично ме изненади. Јас давам 5/ 10, но само поради глумата.


    Еве ќе почнам со возраста на девојката во главна улога. Непоимливо ми е дете на возраст од 14 години на тој начин да размислува и да гледа на љубовта и сексот. Пред некое време и јас имав 14 години, околу мене имам братучеди и братучедки, пријатели и децата на таа возраст се навистина деца. Па тоа е 9то одделение, тогаш за симпатии правиме муабет, не за секс. Што е многу - многу е.
    Да беше девојката 16 години се би било поразлично. Тоа се веќе тинејџерски години и децата почнуваат да размислуваат на друг начин. Или можеби во Америка е друг воздухот, па понапредни се.

    Не ми беше баш реално тоа одење на 14 годишна девојка во толкав мол, со велосипед до кај психологот. Мислам видовте какви населби се тоа, не е се толку блиску да може да се рашетуваат така кога ќе им текне. Сепак, не е тоа Свети Николе, па еден круг и цел град си го прошетал.
    Имам впечаток дека тукашните родители многу построго ги "држат" нивните деца. И тоа е дискутабилно, но барем кога излегуваат од дома прашуваат кај ќе одат, со кого. А и оваа тетката што остана со нив, како можела да дозволи така лесно да излезе оваа, пример да кажела дека оди кај другарка - сомнително би било бидејќи беше баш "скоцкана".

    Е сега ултра-супер-глупав ми беше делот кога оваа го прифати подарокот и отиде во мотелот. Сериозно? Не, не и не.

    Рекациите на родителите некако ми беа очекувани. Мајката ја теши, таткото сака да го најде и да го убие. Нивната глума ми беше прилично добра, си одговараат како пар.
    Тоа префрлање на вината повторно е очекувано, низ стресен период поминуваат и нема многу што да коментирам.


    За крај мора да кажам дека треба да има повеќе девојки и момчиња како Бритни.
     
    На Lella, Lady Phoenix, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Океј, значи Trust - и тоа од Дејвид Швимер, no less. Морам да признаам, ја не знаев ни дека човеков знае да глуми, а он до режисер да ми ти стигнал. Како и да е, као режисер е дефинитивно боље него као глумец - што само по себе и не е некој комплимент. :D Ама, шала на страна, океј беше, озбилно.

    Филмов почнува као оние educational videos од 60-ите од Америка (или новиве на Грујо, „Животот е мој филм“ :D) - со cheesy lines, предвидливи ситуации и одвивање на приказната. Btw, мислам дека моментот на појавување на смс или чет порака на филмското платно беше решен на horiburu начин - со фонт као од Word од Windows 95-ка. Единствено во серијата Шерлок ова е направено фино, интересено и убаво за око; у сите други филмови и серии е повеќе или помалце ужасно.

    Него, да се вратам на приказната. Значи, се до моментот кога се среќава со „Чарли“, се се одвива многу предвидливо. „Еј, имам 14 години - не, уствари, 16; не извини, 20; не, најискрено сега, 25.“ За на крај да испадне дека типчево е генерација со татко и. (facepalm)

    Е сега, откако се сретнаа во трговскиот... Лично, не познавам ни едно 14-годишно девојче, а ја сум имал 14 многу одамна, па не можам да се сетам како сум размислувал тогаш, ама прилично сум сигурен дека ниедно 14-годишно девојче не би постапило како Ени у филмов. Штета што @Lella се реши да го бојкотира филмов, добро ќе ни дојдеше инсајдерска информација од прва рака за тоа што всушност би направил некој на тие години. :)

    Значи, наместо да избега (со или без врискање) од Чарлита, она се решава да му даде шанса и да поправат малце муабет. Океј, ова сеуште го сфаќам некако. У тој момент си помислив дека Чарли ќе иде на the long haul и дека постепено ќе продолжи да и ја придобива довербата, како прав посветен педофил. Мислев дека ќе ја испрати до дома, ќе и „подари“ еден крипи-педо нежен бакнеж на усните и тоа ќе биде тоа - до следиот пат. Ама, очигледно не сум бил во право.

    Чарли на носи у својата rapey мотелска соба и Ени со цел памет иде со него. После Чарли и подарува Викторија Сикрет долен веш (btw, не знаев дека прават секси веш и за деца 8-|), а оваа со цел памет го пробува, па на крај уште и седнува на креветот до чичо Чарли. И како јаготка на шлагот, уште и имаат секс. :tmi:

    Значи, сериозно одбивам да поверувам дека 14-годишните деца се толку наивни; дури и оние понеинтелигентните. WTF?!? Ама, ајде. Океј. Let's go with it.

    Она што всушност ме изненади (и истовремено ми беше многу неверојатно) е втората половина од филмот. Колку што првата беше очајно предвидлива, толку втората беше полна со изненадувања.

    Моментот со кој јас не можев да се помирам до крај беше фактот што Ени после све што се случи, воопшто не се чувствуваше силувано или искористено, туку напротив; им беше лута на родителите и на ФБИ што стојат на патот на љубовта помеѓу неа и Чарли. Девојчево сериозно си мислеше дека овој ја сака и дека и е дечко. :bug: Целата претходна нејзина глупост ја одбив на нејзината наивност и, ајде да речеме, годините, ама ова ми бодеше очи до самиот крај. Дали е можно девојче од 14 години да биде толку наивно и глупаво, макар и да е од САД? Според мене - не, не може и џабе Швимер се труди да ме убеди во тоа.

    Единствено објаснување за ова ми е следнава теорија - ова на девојчево и беше одбрамбен механизам за она што и се случи; полесно и беше да се убеди дека Чарли и е дечко и дека навистина ја сака, отколку да се помири со фактот дека средновечен чика ја убил од лажење и на крај и ја силувал. И дека, кога конечно агентот на ФБИ ја соочил и со другите жртви на „Чарли“, таа повеќе не можела да ја оддржи илузијата што си ја изградила и конечно морала да се соочи со вистината и затоа и толку бурно изреагирала.

    Ако ова навистина била идејата на филмов, тогаш требале да се потрудат подобро да го доловат ова. Вака, наместо да гледаме приказна за изманипулирано и истраумирано девојче кое бега од реалноста, барем јас имав впечаток дека гледаме филм за изманипулирано, ама и исклучително глупаво девојче, кое навистина веруваше дека овој ја сакал.

    Сцената кога Вил крши од ќотек некој рандом родител на одбојкарскиот натпревар ми беше целосно непотребна и out-of-place. Сфативме дека е исфрустриран и бесен во текот на целиот филм, немаше потреба од ова. А инаку, некако цел филм ми беше помалце жал за Клајв Овен, кој беше A-actor in a B-movie. Некако, самиот тој како глумец, и неговата глума у филмов генерално, ми беа многу подобри од другите, а и од самиот филм како целина. Имам впечаток дека глумел у филмов затоа што изгубил некаква кладба или дека се решил да му направи услуга на некој добар пријател (можеби се дружат со Швимер?). Или па, има 14-годишно девојче кое решил да го истрауматизира за да никогаш во животот не користи интернет или чет. :D

    Крајот на филмов ми се бендиса - чичко Чарли останува на слобода. Мислам дека, за жал, и во реалноста најчесто ваквисте случаи се завршуваат вака - нерешени. Едино, не ми беше реално тоа дека има семејство и дека е професор по физика. Значи, он комуницираше со Ени дење-ноќе - за таква манијакалност треба посветеност, но треба и слободно време; нешто што било кој маж и татко не може премногу да се пофали. Ама, океј - жената и детето ќе ги сварам. Ама професијата? Значи, барем да беше трговачки патник или нешто слично, ќе поверував. Ама професор по физика? Не, нема шанси. Сите негови жртви беа од различни градови и држави - како професор по физика ќе и објасни на жената и на детето зошто патува толку често? Можеле ова малце подобро да го осмислат, вака ми изгледа као да го измислиле дијалогот на лице место додека ја снимале последната сцена.

    И не знам зошто е филмов R-rated? Мислам, приканата е вознемирувачка, ама не е дека имаше експлицитни сцени у филмов или нешто друго за да го заслужи R-то. :?: Како и да е...

    Ако сте од оној тип на родители кои децата сакаат да ги воспитуваат со страв и трауми детството, или сакате да му објасните зошто сеуште не сакате да му купите мобилен или да му дадете неограничен пристап до интернет, ептен го препорачувам филмов. :D
     
    На boomsleng, Bridget, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене. Кога-тогаш ми стигнуваат известувања од темава за филмот, и решив да го изгледам и да видам баш што е работата. Генерален впечаток за филмов: силна порака, слаба изведба.
    Не беше приказнава пренесена на платно толку генијално, ама да го оставиме настрана тоа.
    Поентата е што нема да се допишувам со никој во наредните неколку месеци. Океј, ќе се допишувам, ама со страв, особено со членовиве тука. :D
    Прво, не разбирам зошто филмов е R-rated кога стварно нема некои толку експлицитни сцени, па во Parents guide на IMDb толку преувеличувано... Секако, филмов носи порака на четиринаесет годишни, сигурно нема да го направат толку непријатен за таа возраст.

    Гледам коментар погоре дека реално децата на толкава возраст не размислувале на тој начин, не се однесувале така, не правеле такви муабети, не знаеле за одредени работи...
    Верувајте ми не е така. Секако дека американското општество има удел во тоа и децата таму се многу понапредни, престануваат да бидат деца на околу дванаесетина години. Со четиринаесет веќе тргнуваат во средно, а знаеме средните школи во Америка какви се. Но не е само тоа, и овде не се многу поразлични. Не знам, дали времињата се имаат сменето, дали пристапот до повеќе информации си го прави своето, ама јас одам на школо, ги слушам муабетите и не се само за симпатии и писменца. Мене лично ич не ме интересираат такви работи, јас попрво би останала да гледам сезони од некоја серија во сабота вечер отколку да се бавтам со дечковци.
    Да се навратам на филмот. Навистина не можев да ја разберам Ени. Требаше да знае дека нешто смрди уште од кога двапати ја излажа за годините. Ама во ред, разбирам до тука, не ѝ стоеше опасно нели, и онака само се допишуваат, во ред. Но и покрај тоа што знаеше дека е десет години поголем, таа му прати слики и зборуваше на мобилен со него. Да бев јас во ваква ситуација, да знам дека некој е колку рече, 16, и да ми каже дека е всушност 20, оттука веќе ќе почнев да се оддалечувам. Дури и да не се случеше тоа, на 25 веќе ќе прекратев сигурно. А да праќам слики и да давам број, па уште и да кажувам што носам, не фала, не сум до толку глупава.
    Ме интересира зошто Ени тоа го направи, не е можно до толку да му верува, ја излажал за годините, ја прашува што носи, каде е, ѝ бара слики, зарем не ѝ звучи тоа на класичен пример од приказните што ги слуша на вести. Зарем не е тоа она што нè учат од мали? Како не ѝ заѕвони оној аларм дека можеби, само можеби нешто не штима тука? Барем малку да се посомневаше.

    Да не зборувам за трговскиот. Од кај што се согласи да се сретнат, уште и тргна да се шета со него знаејќи дека е десет години постар од тоа што го мисли. Ај тоа, ама зошто влезе во колата и тргна со него дури и кога го виде подарокот. Колку што знам, не сакаше да спие со него, зарем не сфати што му се намерите со подарокот?
    Толку со нелогичните постапки на Ени. Било што било, да ви одговорам што прашувавте. Сепак мислам дека никој, не само ние четиринаесет годишните, со здрав мозок не би се согласил да се качи во кола со непознат стар човек кој дури и подарува таков „подарок“. Нема врска што Ени е бестрашна како што ја опиша татко ѝ на крајот, нормално девојче не би се качило во непозната кола, особено не знаејќи дека човекот со месеци ја лажел за тоа кој е всушност.

    Напишав цел реферат, да ги убрзам малку работите... Овојпат да ја оставиме настрана глупавоста на Ени и тоа што таа ги окриви родителите што ѝ ја расипале „врската“ со Чарли, мислам дека по сето тоа, требаше да биде многу, многу подрепримирана и потажна отколку што беше. Ама не, наместо тоа си продолжи, како целата работа да не no big deal, како што и самата велеше. Многу неочекувана реакција од девојче кое само што било однесено во хотел и силувано од четириесет годишен маж. Реакцијата на таткото, од друга страна, беше очекувана. И на мајката исто така.
    Искрено, очекував филмов да биде многу побрутален и како демек, да ја жалиме многу Ени. Не ја жалев, до некаде, беше сама виновна. Јас разбирам да има потреба за внимание на тие години, па и да се допишува со непознати. Во ред е додека останува само на буквите во екранот. Но таа забега уште кога почна да му испраќа слики, требаше да знае дека тоа не е во ред, а да не зборувам за крајниот стадиум, кога влезе во колата и се извози до мотелот. Имаше многу шанси да го спречи тоа.

    Ете, тоа е тоа. Можеби не ја доловив баш поентата на филмов, ама носи добра порака дефинитивно, а пораката е: „Немој никогаш да бидеш толку глупава како Ени.“ Got it. (y)
    И секако, не влегувај во кола со непознати. Ама тоа, некако, го знаеме сите уште од 4-5 години.
    Филмов ме кошташе околу 6 The big bang theory епизоди, дали вредеше? Така-така. Ме подзаплаши да не постапувам како Ени никогаш, тоа дефинитивно. И тоа е во ред, треба да го изгледа секое друго четиринаесет годишно девојче. Just in case.
    Сега, ако ме извините, одам да ги надоместам тие 6 епизоди. :D
     
    На boomsleng, Bridget, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Накусо... филмов не ми остави баш некој посебен впечаток. Не ми предизвика некои посебни емоции, а требаше. Но, иако не баш добро беше доловена/разработена приказната, не особено добро беа разработени ликовите (психолошкиот профил), пак и лоша беше глумата.. пораката, или она што јас мислам дека режисерот сакаше да ми каже, или што јас видов е следно: „тоа“ не се случува таму некаде на друго место.. во некое затуцано местенце, по некаков шаблон... само на деца од дисфункционални семејства, каде детето нема добра комуникација со мајката или таткото, каде детето пати од едипов/електра синдром... а може да се случи и на дете кое е одгледано во супер добра средина.. :) во која, родителите имаат одличен однос меѓусебе, пак и со своите деца...може да му се случи и на паметно дете, на добар ученик, кој има супер односи со пријателите... не е чак, изолирано од средината итн. а, напротив, „жртва“ може да стане иако целиот живот му е она што сметаме за „нормален“, „здрав“ однос, одгледување и сл. ... без да има во сето тоа некакви симптоми, да ги обвиниш родителите пример, дека..недоволно внимание му посветиле,недоволно комуницирале, не биле присутни и сл. ништо заради што би го вброиле во потенцијална жртва. :)
    Во реалниот живот, надвор од филм... оваа комуникација - онлајн, да... предизвикува зависна врска... емотивно поврзување меѓу луѓе кои не се познаваат. :) Дури и возрасни луѓе, паметни луѓе запаѓаат во какви не стапици, биваат измамени, изманипулирани, пак да не зборуваме за дете.
    Ми вели.. никогаш не можете да имате 100% контрола врз сето она што го прави вашето дете... во секој момент од денот. Со кого комуницира, кога комуницира, што комуницира.
    Педофилите не се некои типични чичковци, крај-краева на чие чело стои испишано „педофил“.
    Да.. родителите да си зборуваат за овие работи со децата. :tmi: Забрана врз сé живо и диво... раѓа контра ефект.:D
     
    Последна измена: 9 мај 2016
    На boomsleng, Bridget, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    За наредна анкета мој предлог е The Hunt (Jagten) 2012.

    Филмот го гледав, и ми остави многу добар впечаток. Разработува една специфична тематика, слична на тематиката овој што е сега актуелен, па затоа мислам дека ќе има добар материјал за дискусија. :)

    Jagten (2012) - IMDb
     
    На boomsleng, Jordanovska-K, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.