1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Денес во 7 и 20. Гледам изедначен резултат.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Јас не сум гласала, кажувајте кој сакате да го гледате од двата, мене ми е сеедно. :D
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Што сакаш. Ок се и двата филма. :D
     
    На Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    The Oxford Murders води гледам, мојот глас нека стои за резерва ако пак се изедначат. :D Нека се затвора анкетата.
     
    На boomsleng, Sky-butterfly, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Мислев овој Inglorious bastards ќе победи, го најдов, видов со Бред Пит е, сега ми е жал што не е изабран :(

    Ај, ќе го гледам овој избраниот.
    Ко "Хари Потер екипа" ми се на насловната :D
    Се надевам вечер ќе го завршам. :)
     
    Последна измена: 25 мај 2016
    На boomsleng, zhap4e, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ок. Прва да кажам :)

    Го изгледав филмот со очите на "пола копја". Многу ми се спиеше, ама издржав, оти ако го прекинев немаше да го продолжам некој друг ден сигурно.

    Филмчето со криминалистичка содржина, како Поаро да гледав.
    Ми требаше концентрација да ги следам сите тие математички, научно-филозофски термини и теории, и среќа гледав со превод, инаку без превод ќе го гледав ко "теле во шарена врата". И овака не бев далеку од описот :lol:, дел од што ми се спиеше, дел што ми требаа време да ги сварам сите тие мисли искажани преку теориите.

    И некако накрај, цел филм на тоа се сведе. Ако имаше некој квалитет, нешто што беше "недостижно" или да кажам поквалитетно за мене, тоа беа тие високоумни филозофски фрази кои накрај, сами по себе останаа да лебдеат во воздухот. Како филм да беше 2 во 1.

    Првиот дел тој интелектуален дел, а вториот дел така глупава приказна и уште поглупаво разрешување.

    Со мм го гледавме, тој сака ваков жанр на филмови (јас не баш) и самиот тој уште на средина кажаа дека највероварно накрај ќе излезе дека самиот тој (или професор или Мартин, не знам на кого мислеше) ги извршил убиствата, а и самиот не знаел. И така некако и бидна. :D
    Мм додуша веднаш потоа заспа, ваљда си го предвиди крајот, а јас чекав да видам дали ќе е во право :rofl:

    Глумци онака, сите со некои налудничави улоги, ама ок, сепак тоа беше таква средина, средина каде генијалци правеа генијални дела. А генијалци сите се налудничави. :D

    Мада, многу ми делуваше се непрофесионално. Таа медицинска сестра (како ли се викаше) која на сред болница страсно се бакнува со дечкото. Каде е тука професионализам |( :D
    Или инспекторот кој работи на разрешување на случајот, а со своите осомничени разглаба за деталите на убиствата и им разложува своите мисли :^)

    Филмот е онака.... мееех.
    Не беа ниту покажани некакви извонредни глумачки способности.

    Единственото што ми се допадна во филмот беше музиката на оркестрот во кој Бет свираше. Е можеше подолги сцени од нив да има :)
    И да, имаше некои сцени кои ми беа добри, како например описот/приказната/сцени за пријателот на професорот Содлер ли беше (тоа ми е маана, имиња слабо паметам :wasntme:) како накрај заврши во лудница и уште пар интересни сцени.
    Ама сега кога погледнам наназад
    сите беа сувишни, како да не беа дел од истиот филм.

    Тоа ми некако доаѓа како прв впечаток. Ајде после, читајќи вашите коментари, ако ме потсетат на нешто плус, ќе додадам :)
     
    На zhap4e, Bender Rodriguez, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Да кажам и ја нешто за филмот што го предложив. Иако ми е гледан одамна, можам да кажам дека сфатив дека на ништо не се сеќавам од него. И, морам да кажам, бев пријатно изненаден од него (сам себе се изненадувал :D).

    Генерално, филмов ми се допадна – интересна приказна, чиј крај ме изненади (благодарение на мојата слаба меморија), добри глумци и одлична музика.

    Елајџа Вуд и Џон Хурт ми беа одличен тандем, а двата женски лика (нормално дека не ги знам глумиците) ми беа сосема на место.

    „Физлозофскиот“ дел од филмов, ако можам така да го наречам, беше доста лајт и сосема прикладен за лаици, а од друга страна, прилично интересен - малце теорија на хаосот, Фибоначиевата низа, златниот пресек, Хајзенберговиот принцип на неопределеност, Питагорејската школа, па дури и последната теорема на Фермат (не, не е Бормат :))... Онака, лабаво. :D

    Ми се допадна почетокот, со сцените со Витгенштајн, а ми се допадна и сцената, т.е. приказната со „совршеното“ убиство, со кројачот и жена му. :)

    Тематиката ми беше интересна, сите ликови беа по малце over the top, ама мислам дека тоа и беше намерата на режисерот. Ја типував дека професорот ќе биде убиецот (затоа што нели го заборавив крајот на филмов) и се изненадив кога сепак испадна дека е Бет.

    Ама, тоа некако беше и поентата на Селдом - сериските убијци се монотони и предвидливи, а и генерално, повеќето од убиствата се неинтересни, досадни и извршени од многу вобичаени причини. Не за џабе токму најблиските и семејството се главни осомничени во случај на убиство. :D

    Луѓето се предвидливи, а животот е досаден - интересна поента и, морам да кажам, не многу далеку од вистината. :D

    Интересно ми беше и што Селдом „паѓаше у несвест“ после откритието дека апсолутна вистина надвор од апстракцијата на математиката не постои, т.е. дека во реалниот свет нема такво нешто. Е добро де - донекаде се слагам, иако не го сфаќам тоа толку трагично како него. :D

    И со „Philosophy is dead“ се слагам, иако од поинакви причини. Филозофијата од денешен аспект е „млатење празна слама“, ама па затоа идејата на филозофијата живее преку другите науки, кои се занимаваат со прашањата поставени од страна на филозофите.

    А да - уште една интересна поента, доловена преку последната сцена на аеродромот со Елајџа и цицлестата сестра - колку и да сака, човек не може да избега од самиот себе и од сопствената природа. Некои луѓе едноставно имаат одредена опсесија во животот (во случајов, математиката) без која не можат да бидат среќни, или вопшто да функционираат.. Подобро е човек да се прифати каков што е, отколку да се залажува дека може да биде некој друг.

    Се извинувам ако мислењево ми е малце конфузно и неповрзано, тоа е затоа што почнав да го пишувам уште вчера и го продолжувам неколку пати до сега. У секој случај, интересен и несекојдневен филм, кој не трае предолго. Искрено, ме чуди ниската оцена на IMDB. :^)

    П.С. Кој симбол е следен во низата? :D
    [​IMG]
     
    На zhap4e, 1209, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  8. decmk

    decmk Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Машки
    Како мој прв комантар тука, ќе бидам краток.
    Глуп филм, се каам што потрошив час и кусир, едвај го догледав и воопшто не ми беше интересен.
    Глумата никаква, Фродо ќе си остане Фродо, дури и љубовните сцени беа глупи.
    Толку.
    Се надевам на подобри филмови во иднина.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Како и во многу претходни, идејата и приказната ми се видоа интересни, веројатно поинтересни од некои од филмовите кои ги гледавме во изминатите седмици, но... сепак не особено ме бендиса реализацијата, главно од аспект на спојот на актери и преголемата драматичност во глумата на некои... прилично неприродна изгледаше. Ми се допаѓа што, приказната е доловена во стилот на некоја од класичните ТВ крими-драми, од начинот на кој беа прикажувани сцените, префрлање од сцена во сцена, ефекти и сл. , и мене ме потсети на тој тип на филмчиња ко, Поаро и сличните... или оние на Халмарк,Мидсомер мурдерс, пример:D:D (се надевам не сум единствениот човек што го гледал серијалот,мада кампањски). Ми се допадна и мене првата сцена со навраќањето во минатото и потоа аудиторијата на универзитетот.. ми се допадна и онаа каде ликовите се разминаа на улицата и као, не се видоа еден со друг:D ко и онаа сцена кога го внесува во собата...„пијаниот“ и скренат со умот математичар, Подоров... или онаа Бет кога ќе го начека Мартин во библиотеката итн. баш... класика. Е сеа, претераната треатралност и лудило на Подоров, она, како глумеше ме иритираше и ми беше пречудна. Моментот кога се расправаа во дворот и се бркаа дури ми се чинеше ко да гледам некој стар кинески филм каде гласот, прилепен за ликот нема врска со ликот :D не ми се допадна ликот кој го глумеше таткото на болното девојче, кој подоцна имаше судар со минибусот... ич не ми се допадна сцената во болинцата, каде на Фродо/Мартин му зборуваше за Исус, или...онаа секси сестра:rofl: и сцената во ресторанот каде си заминува после доза пецкање со старецот - љубавник и бакнежеот што му го влепи на Фродо..да не зборам па за секс сцените:tmi:мислам, трауми ќе имам од тој дел од филмот. Толку неприродни беа, толку немаше хемија меѓу тие двајца ликови, толку Фродо е само Фродо а не секси мушкарац за секси сцени со некоја која изгледа прилично постаро и прилично поедро (не као дебела) од него.... дури и се зезав дека, ништо чудно Фродо уствари да им платил за да учествува во филмов, заради сцениве:rofl: да се покаже као и во инакво светло.
    Командирот ми беше интересен лик и баш типичен ко за овој тип филмови. Се изнасмеав на сцената каде тој, Фродо и професорот зборуваа за симболите и овој тресна нешто како риба...дрн дрн десерт.:DМузиката беше одлична и нај ми се допадна. Генерално ми беше тешко да ја следам приказната..напорно ми беше. Тоа горе-долу. Имаше доста добри сцени,малку претеризам со театралноста, малку нелогичност....типична де за ваквите филмови каде х ликови и го решаваат случајот на полицијата, :Dкао...чудни спојки на актери...и така.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    На Bender Rodriguez, boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Еве две идеи од мене - нови се филмовиве, појма неам какви се, ама ми се у план за гледање:

    [​IMG]

    [​IMG]

    @RainBow, може анЌета? :)
     
    На Sky-butterfly, boomsleng, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    @RainBow The Oxford Murders не би требало да е во анкетата. Го изгледавме:whew: :D
    Surrogates треба да е на негово место :$
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix, decmk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. decmk

    decmk Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Машки
    На boomsleng, Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Најпрво да му одадеме признание и почит на Бендер кој редовно, постојано пишува критики, рецензии за секој филм на тој начин ја одржува жива темава.
    Голем минус за останатите кои во минатото беа активни но во последно време дали од немање време, презафатеност, обврски, дали што би рекла Лејди ако отсуствуваш неколку недели потоа тешко е да се вратиш во колосек, во нормала, губиш ритам, динамика, но знам, сигурен сум дека наскоро ќе се врати темава во полн сјај, капацитет, секако подмладена, освежена, со нови активни членови патиципиенти, но и покана до сите останати кои ја читаат редовно темава а се двоумат дали да земат учество, слободно без двоумење да си го кажат, да си го пренесат своето мислење, став, емоции, доживувања, инспирација за одредено филмско остварување - во филмска рецензија
    Минатава недела дадов ветување дека ќе напишам рецензија за филмов но имам проблеми со гледањето на страните со превод
    Мој предлог за неделава (за кој напишав претходната недела во мојот краток коментар) е филмот An Education ја потсетувам Reinbow да го вметне во листата со предлозите на останатите членови
     
    Последна измена: 8 јуни 2016
    На Madam-A, Jordanovska-K, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Јас наминав да видам кој филм води :D

    Го имам гледано Cloverfield lane пред некој месец, имам пишувано за него во рецензиите.

    Го гласав овој Manhattan night дека и јас налетав на него пред некој ден и се токмев да го гледам. :)
     
    На zhap4e, Bender Rodriguez, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас дадов глас за Manhattan night, се надевам дека ќе имам време да го изгледам. :)
     
    На zhap4e, Bender Rodriguez, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Значи, Manhattan Night it is. Океј.

    Ќе гледаме/коментираме или ќе чекаме на уште некој гласач од Пустец? :D
     
    На Jordanovska-K, Lella, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ќе гледаме,мислам... толку сме во темава и присАтни коментатори и гласачи од Пустец.:D
     
    На Lella, boomsleng, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ја почињам, вие како сакате. :D

    Морам да признаам, иако беше мој предлог, од филмов не очекував многу. Го предложив на слепо, затоа што приказната ми се виде до некаде интересна, ама очекував во најдобар случај млака реализација.

    Така да, од овој аспект, морам да кажам дека Manhattan Night ме изненади доста позитивно. Ме потсеќаше по малце на некој noir филм од 40-ите и 50-ите, со детективската whodunit-приказна, главниот лик како наратор, сцените од Њу Јорк ноќе, дождот, начинот на кој беше сниман и секако, музиката.

    За Адриен Броди имам чуено дека е добар глумец, иако го немам гледано у нешто многу филмови, ама овде се покажа како сосема океј. Ивон цел филм ми беше од некаде позната (после дознав и од каде – Декстер), ама морам да кажам дека и она заврши добра работа. Беркоф – веќе многу добро етаблиран филмски негативец, у филмов дури делуваше и доста чувствително. :D

    Она што најмногу ми се допадна во Manhattan Night беше приказната – не затоа што беше нешто спектакуларно, туку затоа што додека го гледав филмот не можев да предвидам што ќе се случи следно. За човек кој има гледано толку филмови како мене, ова е навистина права реткост и одамна не ми се случило и морам да кажам, чувството беше интересно.

    Секако, правев претпоставки во себе за тоа што ќе се случи следно, ама постојано грешев. На пример, откако дознаваме за аматерските видеа кои Краули ги снима во својата потрага по „вистината“, како и за вознемирувачката содржина на некои од нив, мислев дека можеби некако успеал да ја излажира сопствената смрт. Потоа, откако дознаваме дека постои затрупан лифт, со камера поставена во него, помислив дека можеби извршил некакво бизарно самоубиство кое го снимил, нешто како крај на потрагата по апсолутната вистина. Ама, не.

    Потоа, откако Портер дознава дека всушност Каролајн го убила Краули, бев сигурен дека ќе ја пријави во полиција и дека можеби целиот случај ќе биде неговото второ големо новинарско дело, после нели, случајот со исчезнатото девојче. Повторно, не.

    Многу филмови успеваат да ме натераат да претпоставувам и нагаѓам што ќе се случи следно или како ќе заврши филмот, ама ретко кој успеал толку пати да ме натера да погрешам со претпоставките и притоа, да ме изненади со она што следува.

    Друго што ми се допадна во филмов беше тоа што немаше „добри“ и „лоши“ ликови – односно, никој не беше тоа што изгледа или тоа што очекувавме да биде.

    Портер, главниот јунак, навидум делуваше баш така – успешен новинар, херој, кој успеал да пронајде исчезнато девојче кога ни полицијата не можела, со брак од соништата, добар татко и сопруг. Но, сето тоа е само на прв поглед и на површината. Всушност, дознаваме дека неговата работа и не е така благородна како што изгледа – тој самиот се претставува како „трговец“ со човечката несреќа, лешинар кој секогаш е во потрага по друга тажна човечка судбина. Ја изневерува својата „совршена“ сопруга, без некоја одредена причина и го уништува својот „совршен“ брак. Дури на на своите деца гледа како на споменик за сопствената смртност.

    Каролајн, дамата во неволја, исто така не е онаква каква што изгледа. Иако е во улога на жртва, многу брзо дознаваме дека воопшто не е толку невина или наивна како што делува на прв поглед. А потоа дознаваме и дека всушност е многу поголема жртва отколку што можевме и да претпоставиме – и на својот очув и на својот ексцентричен сопруг. Иако таа е практично убиецот на Краули, истовремено е и жртва во случајот на неговото убиство – мислам дека никој не може целосно да ја осуди зошто постапи онака како што постапи.

    Дури и Хобс, кој требаше да го игра ликот на генерички негативец, не беше целосно негативен – приказната за неговата љубов кон француската проститутка и за она што го снашло после не можеа да го остават човек рамнодушен.

    Со еден збор, иако филмов ги имаше сите ликови кои може да се очекуваат во ваков тип на филм – good guy, bad guy, damsel in distress – тие не беа еднодимензионални, напротив, беа длабоки и повеќеслојни.

    Единствен момент кој ми штрчеше по малце у целиот филм и на нечкој начик ми беше вишок и непотребен, беше застрелувањето на синот на Портер и на дадилката. Прво, зошто луѓето на Хобс не ја пребарале куќата кога била празна? Второ, зошто воопшто морале да пукаат во било кого – зарем дадилката и децата им беа некаква закана или пречка во прабарувањето на домот? Трето, како и зошто не се вмеша полицијата во случајов потоа? Мислам, Портер и призна на жена му дека знаел кој стои позади тоа – но, ниту таа ниту полицијата не се заинтересираа да дознаат кој. Океј, можеби и ја барам влакно у јајце, ама ете, колку да не испадне дека само го фалам филмов.

    И крајот ми се допадна – иако можеби делуваше малце млако во однос на остатокот од филмот. Не беше класичен хепи-енд за ниту еден од ликовите (океј, освен можеби за Хобс) – Портер си го уништува семејството и животот со својата последна приказна, од која и самиот беше дел, додека Керолајн можеби нема да одговара за убиство, ама тешко дека ќе живее happily ever after, и покрај тоа што се вереше со дечкото.

    Се на се, доста реалистичен и мрачен крај, соодветен за мрачната и бизарна приказна раскажана во филмот. Дефинитивно за мене еден од подобрите филмови годинава. (y)
     
    На Madam-A, Bridget, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    Толку ич не ми се пишува, ама филмов остана на една рецензија, а заслужува повеќе, така што и јас ќе напишам збор-два.

    Јас му давам thumbs up на филмов бидејќи имаше делумно интересна приказна со невообичаен тек. Сепак, уште на почетокот кога Керолајн го молеше овој да открие како умрел маж ѝ, сосе приказна за тоа како не се вратил дома, прво што се посомневав е дека таа го убила, секако ова само така, без некаква основа, бидејќи нели во книгите многу често убиецот е оној кој ја „започнува“ истрагата. Нели, најтемно е под светилката. Понатаму помислив дека го убила за да го земе видеото. Ама не ми падна на памет дека го убила за да се одбрани од неговите експерименти, иако низ цел филм ни го ставаа тоа пред очи покажувајќи видеа од неговите глупости.

    Едно нешто не ми е јасно. Зарем стварно вредеше да се подложи на толкави тортури како влечењето со лифтот, па и да го убие маж ѝ и да извади клуч од неговиот желудник, сосе сите обрврски што доаѓаат кога ќе убиеш некој? И сето тоа, само да не ја каже the horse story. Ужасно е, сфативме, ама па маж ѝ е на крај краева и не е арен во главата очигледно, нема многу да го стави тоа на памет. А на Хобс му е ја испеа.
    Btw, да бидам искрена, кога ја почна приказната, јас помислив дека ѝ рекол нешто во стилот "You don't need a horse, you can ride me." :tmi::tmi::tmi::tmi::tmi::tmi::tmi::tmi: Извинете, не ме тепајте, ве молам.
    Ама нели полесно ѝ беше да му ја каже на човек кој исто така преживеал нешто такво.

    За главниот лик, не знам што да кажам, ми стоеше слабо емоционално стабилен, или не знам, можеби само така ми се причини. Битно, се разметлеа и некако дојде до решението, притоа загубувајќи го цело семејство и работата. И не знам дали и на крај сфати дека да се впушти во сето тоа беше лоша идеја.

    За техничките работи, како и глумата, во ред беше, немаше никаква утка. Не можам да престанам да гледам во веѓите на пијанистот, многу интересна фацка има. :D

    Но ми се допадна филмот, бидејќи се противи на другите филмови каде што се испревртува сè, некако доаѓа до расплет и сите се среќни и весели. И после луѓето се разочаруваат од сопствените животи. Филмов на крајот те тера да кажеш now what? И одговорот е, ништо, тоа е тоа. Како и во животот, впрочем.
    Ептен deep отидов сега. :lol:
    Тоа е сè од мене. Филмов добива 10/10. Можеби не звучам баш имресионирано во постот погоре, ама тоа е бидејќи сум отсутна со мозокот сега малку, од распустов ќе да е. :D
     
    На Madam-A, Bridget, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.