1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.599
    Пол:
    Женски
    Me Before you го додадов, излегол торент(иако со кинески превод) и си го симнав попладне ми е за гледање.8-|
     
    На Acka22, zhap4e и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    За Me before you и јас се пријавувам, си го чекам тој одамна, иако имам чувство ќе ме разочара :D
     
    На Acka22, Bender Rodriguez, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас обично гледам машкоданести филмови, освен кога ќе ме фати некој лигав период како сега. Од трејлерот што го видов - ме освои. Можеби и ќе се лигавам кога ќе го гледам, не знам. Само се надевам дека ќе има што да се дискутира.

    За Now You See Me не знам што да дискутирам. Се' е кажано погоре. Интересен филм, случувања, добри ефекти, актерска екипа - мееех, ајде ок беа, ама триковите многу нереалистични. И крајот го усра делото. Буквално нема за што да се дебатира. Ама супер е вака, генерално.
     
    На Acka22, MilaP, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.599
    Пол:
    Женски
    Ајде Me before you е следен. Почнав да го гледам, ама се со паузи.:wasntme:
    Now you see me го имам гледано кога излезе и сум го подзаборавила, знам дека ми беше интересен и занимлив за гледање, сепак се сложувам со Бендер Родригез, како и секогаш со одлична рецензија .:nod:
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  5. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    Само што го изгледав и додека се свежи впечатоциве да пишам. Не сум љубител на вакви филмови. Дефинитивно очекував среќен крај и во тој поглед бев малку разочарана. Успеа на момент да ме разлигави. Сепак си очекував среќен крај. Друго немам што да додадам.
     
    На boomsleng и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.926
    Пол:
    Женски
    I'm back! Добро е, мислев два филма сум пропуштила ама таман сум на време. :D Искрено, се изненадив ептен кога видов кој филм е избран, малку невообичаено за темава, ама ајде. Баш пред некој ден братучетка ми го спомна филмов, ептен беше импресионирана, па ќе видиме.
    А сакав книгата да ја читам прво, damn it, читав поодамна во клубот на читателки, позитивни беа мислењата.
    Се надевам и филмот ќе биде добар.
     
    На boomsleng, zhap4e, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.599
    Пол:
    Женски
    Го догледав конечно.
    Прво, книгата е подобра. Како и секогаш. Многу, многу подобра.
    Второ, Калисиво како некоја ментално заостаната ми делуваше во улогата на Лу. Карикатура. Што беше со тие фаци? Јес да Лу е непрошетана и неискусна ама не е ретардирана. Едвај поминав преку тоа. Па фаците со веѓите оффф... Емилија Кларк претерала сакајќи да биде автентична.
    Вил ми беше одличен, актерот солидно го доловил. Мајка му и татко му не ги замислував баш така, во книгата се многу поинакви, исто како и нивната врска. Аферата на татко му не беше прикажана, беа претставени како добар пар.
    Патрик е многу поголем серко во книгата и нивната врска е посериозна, се вселуваат заедно, па потоа Лу мора да се отсели кога ќе раскинат. И Патрик им кажува на новинарите за одлуката на Вил да си го заврши животот, па имаат проблем со медиумите. Ама тоа што е изоставено не одзема многу од филмот, а додава многу во книгата.

    Приказната има поголема тежина во печатена верзија, на филмско платно ми беше малку разводенета. Си пуштив некоја солза на крајот, ама само зашто се потсетив колку си плачев на книгата и колку ми беше жал.
    Одлуката на Вил ја разбирам, не знам јас дали би имала храброст да го направам тоа, ама колку е живеење таквиот живот? Ми беше жал и за Лу што се заљуби и што мораше толку бргу да ја изгуби љубовта. Воопшто не ми беше добро доловена реакцијата кога отиде во Швајцарија и кога го виде, изразот на лицето и беше како да ќе се мажи, а не да го испраќа љубениот во задгробен живот. Пих.

    Убаво беа доловени интересните моменти на кои се посмеав и во книгата, сцената на концертот, кога си одеше Вил од кај Лу дома...

    Не е лош филмот, ама сепак, не знам колку би ме погодил да не ја имав читано прво книгата. :)
     
    На Ane-Goki1, Lella, boomsleng и 11 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.194
    Допаѓања:
    40.667
    Пол:
    Женски
    @RainBow Јас се спремам да го гледам и сакав да искоментирам дека не ми се гледа ради фаците кои ги прави Емилија, одма приметив и на трјлерот дека се понаша ко ретардирана или дека ептен напнато глуми и не знае да го долови ликот. Многу лигаво, кој знае дали ќе го пуштам не можам да ја истрпам цел филм.
     
    На Bender Rodriguez, MilaP, Waka-waka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Очекував повеќе коментари за филмов. Мислев дека ќе поттикне и некои од оние кои, вообичаено не коментираат во темава, да го сторат тоа, пошто... шо знам, од реакциите на публиката во кино, дента кога јас го гледав:D сето шмркање и солзење...:wasntme: ех.

    Книгата, не ја имам прочитано. Од филмов, не сум инспирирана и да ја прочитам, искрено. Филмов и не ме инспирира нешто особено дури и да го коментирам. Не дека сé што јас гледам се: машкоданести филмови, или психолошки, длабоки и комплицирани и уметнички и бла, бла... гледам и лесни филмчиња на кои и јас солзам де:D ко и другите луѓе, ама, до филмов е, до глумата - како што и веќе посочивте. До тоа дека, добар дел од филмот имав чувство дека гледам филмска верзија на „Грдата Бети“ само без Бети. Пак и Бети не беше чак грда... едино што, си држеше до чудната, шантава гардероба, експлозијата од бои и понатаму си е: наивноо, трапаво и муталаво створење кое прави дамбетер фаци.
    Дефинитивно не им било идејата да направат некој сериозен филм, со сериозна длабочина на мисли, дијалози, па и глума а, по така.. левтерно, будалесто, а ла тинејџ филмче кое може да го гледаат и повозрасните, и мажи и жени пак и да солзат на него и да се смеат и уз ред смеа, ред солзи, ред воздишки... пропратно им го сервираат оној шок, нешто што никој пак и јас не очекував - дека Вил ќе одлучи да умре. И ете. Колку-толку си ја одработиле задачата - да ги поттикнат да размислуваат на оваа сериозна и тешка тема и оние кои, можеби и не би се замарале со ваков тип на теми. Пораката е пренесена, според мене.:D Don't kill the messanger.:D
    Темата за достоинствена смрт е прилично актуелна и јас, лично, немам некој цврст став по прашањето. Како што и ми се измешани мислите и чувствата околу смртта на Вил во филмот.
    Пата-пата сум, во смисла, зависи од конкретниот случај. Во ситуацијата со филмот... не е лесно и едноставно за човек да живее на тој начин до крајот на животот. Да се измачува на оној начин кој низ смеа и романтика беше прикажан во филмов. Некој ќе си рече, мора човек да има надеж.. или, битно е дека ете, Вил најде нешто што и некои здрави и прави луѓе не можат да најдат - некој што го сака безусловно, дури и во таква состојба во каква се, дури и со мислата дека таа состојба е трајна.. врската со таков човек би била ограничена итн. итн. Некој би помислил и дека е многу егоистично и нефер спрема Лу и спрема родителите итн. додека некои десети би биле на мисла дека Вил има право да одлучи што со својот живот,дали ќе се храни со некаква надеж за посреќен живот само заради Лу, ќе мислат дека баш тоа би било егоистично.. да некому стави таков товар во иднина, да развива врска со некој дур паралелно пати од болка и се разболува по 30294 пати во неделата, една обична настинка му преминува во пневмонија итн. ја стресира нон-стоп,ја обврзува на некој си чуден начин.. и место да живеат живот ко и сите млади парови,тие би требало да висат по болници итн. итн. па затоа и ок ми беше до некаде крајот, со инструкциите, со чорапите:) со писмото..живеј го животот и дрн. дрн. оти, очекувано ми е за одреден тип на луѓе да бидат Лу во реалниот живот. Да бидат спремни да се жртвуваат, да си го жртвуваат времето и животот за некој Вил. И нормално ми е да некои Виловци одлучат да завршат како Вил, други да го одживеат животот до кога животот им трае... и немам, ама баш немам цврст став за, дали едното или другото е лошо, егоистично или не.знам.ти.какво. Знам само за себе. Дека, во таква ситуација... како на Вил, огромни се шансите да завршам како Вил. Во ситуација на Лу.. огромни се шансите да не изреагирам како Лу, а баш...напротив...не би прифатила таква одлука.:D :) Што знам.
    Не би навлегувала во глумата и сцени кои не ми се допаднаа..оти не беше нешто што би го нарекла квалитетен филм, некое маестрално дело за да толку го анализирам.:) Подарокот - чорапите ми беше прекрасен момент, дождот и отворените пенџери, исто... муабетот помеѓу Лу и кумата или која и да беше на ех девојката на Вил.. итн. Ок беше. Пораката беше,ај да речам, побитна,крај-краева. Шо знам.
    Инаку, пар пати се деси да буквално зоврев на некои од вестите за млади луѓе на кои им беше одобрено правото на достоинствена смрт т.е. потпомогнато самоубиство поради х психолошки проблеми (ми текнува на конкретен случај на девојка во почетни 20ти, со различни психолошки пореметувања...цел живот минат по психијатрии, на терапии, апчиња...како последица на континуирано силување и физичко насилство од детството).:) Само не знам дал реакциите ми се повеќе заради тоа што некој одлучува да умре, или заради фрустрациите што некој е способен да му направи такво нешто некому,да му го уништи животот...пак и ме поттикнува на размислување околу казните за такви дела, третманот на таквите злосторници...или пак ме фрустрира што медицината нема лек, нема решение за ваквите случаи па ко и за Вил или други ситуации. Живот.
    Тоа на што ме потсети филмот е една од моите 2083749021 омилени песни:
    "Darling, I love you.
    But I just can't keep on living on dreams no more.
    I tried so very hard not to leave you alone.
    I just can't keep on tryin' no more."

    За плачковците, да се изнаплакаат, е, уште еднушка.:d: За полн „ред солзи,ред мрсули“ (пинг Дузи) доживљај, обратете ми се.:D :hai:
     
    На Lella, boomsleng, Marossa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене, да не испадне дека само гласам, а ништо не пишувам. Дека ми се уарни да бидам како од Пустец. :D

    Прво да кажам дека се нервирам што сум станала толку разлигавена што и на филм да видам како плаче некој, се расплакувам и јас. И така, ред солзи, ред мрсули, ред чудење ми беше филмов.

    Прво актерска екипа. Од Емилија Кларк очекував нешто повеќе. Не знам каков е ликот на Лу во книгата, но овде делуваше како некоја полуретардирана, полуписмена селанка од забутано село. Стилот на облекување не можев никако да го разберам. Толку голема количина на гримаси имаше, што делуваше преусилено, извештачено, чудно, уште поретардирано. Сите други имаа некој нормален однос и глума. Само таа отскокнуваше. :?:

    За сценографија и костимографија (минус облеката за Лу) петка. Убаво беше снимен филмот. Убави сцени и кадри. Ама музиката беше УЖАСНА. (facepalm)

    Класика - лош дечко - женкар, неизживеана затуцана девојка која има висок праг на толеранција, големо срце и е упорна. Приказната романтична, предвидлива, срцедрапателна. Women-friendly only. Зашто мислам дека мажи би превртувале со очи уште од старт. Јас само шокирана бев од ликот и изведбата на Лу. Немав време да превртувам со очи. Предвидливо беше и тоа дека ќе се заљуби во неа, таа во него, дека ќе почне да излегува од четирите ѕида и да живее. И имаше можност само на два начини да заврши филмот: среќно и тажно. Убава и' беше идејата на Лу за да му состави bucket-list на Вил, ама како повеќе за себе да го правеше. Мислам, така изгледаше. Итн. Итн...

    Она што треба да се дискутира е моментот на еутаназија. Еден доказ дека и лоши филмови може да ти дадат тема за дискусија.

    Вил реши да умре. Дали тоа беше исправна или погрешна/себична одлука? Повеќето би рекле дека е себичен, кукавица, слабак штом сака да умре, а неговите родители страдаат по него. Јас сметам дека одлуката што ќе правиш со својот живот е во твои раце. Ти одлучуваш по кои патишта ќе тргнеш во животот, како ќе ти се одвива и дали, ако дознаеш дека си болен од терминална болест, состојба која нема да се подобрува ниту да исчезне, или си вака парализиран како Вил, со низа други срања што ти се случуваат, ќе живееш или ќе умреш. Дали ќе живееш зашто мајка ти не би можела да си го замисли животот без тебе и има некоја што те љуби, а ти си во болки или ќе си го скратиш животот додека уште имаш колку-толку достоинствен живот. Мада, откако ќе залегнеш во кревет со пелени на тебе, тука веќе нема ништо достоинствено.

    Вакви теми има на форумов. И иако не сум пишувала мислења и не сум се расправала, често сум ги следела. Секој сака да има убав живот. Да биде сакан, да биде нормален, да може да оди кај сака, да прави што сака, да се чувствува исполнет. За сето тоа е потребен еден основен предуслов: здравје. Психичко или физичко. Затоа, воопшто не ги сметам за себични и кукавици оние кои откако помнат за себе страдаат од депресија, анксиозност или некое друго психичко растројство, а не сакаат да живеат. Треба останатите да сфатат дека тие состојби на умот се тешки, исцрпувачки, напорни, болни. Како за болниот, така и за неговите блиски. Ако решил дека не сака да живее веќе со тој рак на духот, како што го нарекуваат, сметам дека треба да има избор. Исто е и со оние болни од терминални болести. Се трпи дур се трпи, после тоа би сакала да умрам пред да стигнам во фазата кога повеќе сум во бунило, со болки и со крварења, отколку будна. Не сакам да страдам, како што не дакам да им врежувам страшни слики на блиските во глава. Исто е и со парализираните. Не се движат, цело време лежат, во еден момент ќе дојдат во фаза кога ќе им се отвараат рани на грбот и ќе гнојат. Зошто да мора секој да го трпи тоа?

    Знам дека оние кои доживеале загуба ќе речат дека секој момент со блискиот е скапоцен, ама сепак треба да се има избор. Јас сум за еутаназија и го почитувам тоа што Вил се одлучи да ја спроведе, иако можеби можеше да поживее уште некое време.

    И така. Доста го тупев.
     
    На boomsleng, Marossa, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Гарант мислевте дека намерно ќе го бојкотирам филмов као chick-flick, a? Или можда се надевавте дека ќе ве поштедам од зајадливи коментари за филмот кој успеа да ве расплаче? И у двата случаи, немате среќа. Го гледав, не ми се допадна, и сега ќе мора да патите. :devil:

    Од каде да почнам?:?:

    У еден друг филм, кој е целосна спротивност на овој у секоја можна смисла на зборот, имаше лик кој беше параплегичен и ја кажа следнава длабока мисла: The first thing that comes to mind to a man when he wakes up after a terrible accident and they tell him that he is paralyzed from the waist down, is – “Will my dick work?”, and the answer to that is “No”.

    Првото нешто што ми падна на памет додека го гледав филмов беше „Хмм... Изгледа Емилија Кларк уствари не знаела да глуми, а?“ Yup. Не знам дали беше до улогата или до Емилија, ама ова беше дефинитивно една од најлошите глуми на кои сум сведочел у животов. Практично, веѓите на Емилија беа главна улога, а она самата беше у споредна – едноставно, и се движеа буквално по цела фаца. Ретардирани насмевки, ретардирани фаци, гримаси... Не знам, стварно. Можда така требало да биде, ама у тој случај режисерот и сценаристот намерно сакале да ја мразиме Лу Кларк. Или барем ја да ја мразам.

    [​IMG]

    Девојка со сенс за мода како јапонска проститутка слеш возрасен човек во детска облека, толку глупава и необразована, што на моменти стварно се прашував да не треба стварно да глуми некој што е на граница на ретардација. На 26 години да не знаеш дека нема закрепнување од повреда на ’рбет? Seriously?

    Типов (кој и да беше) ми беше океј – мислам човекот глумеше квадриплегичар и практично единствената глума му беше со лицето, па пак не правеше толку многу гримаси као Ема. Иако, заедно со Чарлс Денс, мислам дека ќе беше полн погодок и у главната машка улога да туреа некој од Game of Thrones – Роб Старк, Ренли Баратеон и некој сличен – некој од тие веќе умрените, де. Ќе добиеше филмов на гледаност, ако ништо друго.

    Ме насмеа со моментот кога глумеше ретард при нивната прва средба. :D

    Приказната беше :doh:, :yawn:, (facepalm) и (waiting) (не ми се трошат ни зборови) - досадна, предвидлива и спора. На моменти дејството на екранот се одвиваше со брзина на сцената со бричењето – like watching paint dry:

    [​IMG]
    Е, буквално вака се осеќав пола филм.

    Уште кога дознав за assisted suicide моментот, се посомневав дека можеби со својата љубов и детска наивност (codename за глупоќа) и големо срце ќе успее да го пишмани, па после happy ending-от на филмот ја ќе мора да си закажам термин у Швајцарија. Ама не, веќе прочитав дека филмов е за плачење, па претпоставив дека сепак ќе се одлучи за еутаназија на крајот, зашто искрено, друг момент на кој човек би заплакал у филмов немаше – све беше или глупо, или досадно, или ретардирано, или веѓите на Емилија Кларк.

    Иако навивав да се убие за да филмов не биде тинејџерска љубовна приказна, сега ќе ви кажам зашто не требаше да се убие.

    Прво, секоја болест е полесна кога си милионер. Да, да, тешко е да си квадриплегичар, ама кога можеш кога сакаш да отидеш каде сакаш на светов, тоа би требало да ги биде некаква утеха, нели? Нека се замисли типов у истата ситуација, само у семјство без пари, кое не може да му купи ни фенси количка за да може да искача од кревет. Мислам, мене ми функционираат и двете раце и нозе, па уште не сум стигнал да отидам на луксузен рајски остров на одмор, па не трчам одма да се самоубијам ради тоа, нели?

    Второ, ако некој те сака, и покрај твоите маани, какви и да се, не е на тебе да глумиш возвишеност и пожртвуваност и да го „спасуваш“ другиот од себе. Жал ми е, ама љубовта не функционира така. Ако девојка ти рече дека те сака и покрај се, таков каков што си, ќе речеш „Фала ти, и јас те сакам тебе“ и тоа е тоа. Едноставно, не зависи само од тебе.

    Трето, колку самобендисан треба да бидеш за да претпоставиш дека некој што самошто си го запознал ќе го помине целиот живот со тебе и за сметка на тоа ќе пропушти многу други работи у животот? Очигледно, колку што е самобендисан типов. Тоа ти е еквивалент као да и кажеш на девојката која си ќарил у 3-та средно после 3 месеци искачање „Жал ми е, ама ја нејќам да бидам со тебе, затоа што у спротивно ќе останеме цел живот заедно, ја ќе ти бидам прв на тебе, ќе се земеме и ќе имаме деца, а ти толку многу ќе пропуштиш од животот ако ја и ти останеме у врска – журки, искачања, секс со други мажи. Не, извини, едноставно не можам да ти го направам тоа, мора да раскинеме, за твое добро“. What? Дали си ти уопште нормален? Е па, ова од филмов беше еквивалент на муабетов.

    Може Лу ќе му раскинеше после 6 месеци, можда после неколку години – од било која причина. Зашто и како типов претпостави дека она цел живот ќе се „запусти“ со него и дека он треба да изиграва каваљер и да ја спаси од себе, не ми е јасно.

    Ги почитувам и еутаназијата и самоубиството и сум за тоа дека секој човек треба да одлучи што ќе прави со сопствениот живот. Ама, не е дека боледуваше од некоја терминална болест па и така ќе умреше. Nope. Ќе живееше уште долго, само како квадриплегичар. Ама, можеше ако ништо друго, да го одложи самоубиството и да види како ќе се одвиваат работите со Лу. Мислам, самоубиството не ти бега секако – можеш да го направиш кога ќе посакаш. Можеше да се самоубие откако ќе му раскинеше Лу некогаш у иднина. Или не, сеедно. Ама, тоа е решение кон кое секогаш човек може да прибегне – а зашто на него толку му се брзаше, стварно не знам. Беше среќен и имаше девојка која го сака – тоа се 2 работи кои 99% од физички здравите мажи ги немаат у текот на целиот живот.

    Стивен Хокинг е у истата ситуација, плус не може да збори, па тоа не го спречува да биде еден од најголемите научници на денешницава, а башка и се прежени човекот. You go, girl!

    А ако се секираше како ќе ја задоволи сексуално, пошто и таа тема ја начна у еден момент, па човече, устата, јазикот и прстите ти функционираат, use your imagination, побогу!

    И така, филмов ми наметна две прашања за кои размислував (не, не се за еутаназија):
    1. Дали човек парализиран од половината надолу може да доживее ерекција (со помош на вијагра, де), и
    2. Ако да, дали може да доживее и оргазам (без да осети, претпоставувам)?

    Ве оставам со овие мои филозофски размислувања. До следниот пат, Bender out!
     
    На boomsleng, do-re-mi, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Какво плачење, побогу. Јас се убив од смеење на сето шмркање на луѓето.:D:D Кога, се загледувам во другарот до мене.. и тој разлигавен, уплакан. (facepalm) :rofl:

    [​IMG] :D
     
    На Ane-Goki1, Lella, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.194
    Допаѓања:
    40.667
    Пол:
    Женски
    Значи сепак да не го гледам а? Јас многу сакам да ви се придружам на темава ама досега единствено слободно време што гоимав го користев за серии, сега сериите ми завршија и можам да дискутирам тука, ама да ми се погоди филмот. Инаку темава, конкретно филмов јас и порано сум напоменала дека сакам трагедии, некако кога гледам сфаќам колку ми е убав животот уствари, ама има многу многу добри трагедии, што стварно ќе те замислат, стварно ќе те растажат, овој не знам ми звучии мех. Али ајде да не блеам многу не го гледав неам право. Еден предлог од мене пишував во соодветна тема, нешто во последно што ми остави голем впечаток...кој не го гледал The broken circle breakdown, вака нема кој знае што мистерија да се дискутира, ама има многу чувства филмот и ситуации кои можат да се дискутираат, па ако се мислите ете предлог, ќе ви се придружам и јас.
     
    На boomsleng, zhap4e, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Еве скромно мислење од изгубен Германец у пољанка.

    За ликовите и глумата не ми се дискутира, зашто "сте ми го истрошиле буџетот" за сарказам.
    Јас сакам да си пишам за квадриплегијата како болест.

    Прво, си признавам дека си се убив од плачење, ама уште од старт па до крајот на филмот.
    Не поради приказната, не поради глумецот, туку поради болеста.

    Се ставив у неговата "тесна" кожа и почнав да си редам.

    Искрено, не би знаела која би била мојата одлука во таа ситуација.
    Да се биде или не.

    Сфатив дека колку и да се трудам да бидам свесна и благодарна за се што имам и што ме опкружува, понекогаш заборавам на самата себе and I take things for granted. У овој случај, раце и нозе.

    У секој случај, мислам дека дечково постапи правилно (мислењево е амбигуално, зашто у секој случај би го поддржала).
    Едноставно, не живее за други луѓе.

    Да, откако ја запозна мадре оф драган беше видно посреќен, но пред тоа не бил и никој не му гарантира дека ситуацијата ќе остане каква што е.
    Тој уште пред да ја запознае бил свесен во каква ситуација се наоѓа и кои се неговите шанси за нормален живот (тука прво на памет ми доаѓа деталниот опис на Бендер погоре, if you know what I mean) и све остало.

    Секој човек си има шанса да одлучи што ќе прави со и во својот живот, колку и да е тоа болно.
    А мене ми беше болно, затоа што откако заврши филмот, можев мини езерце да исцедам од јастукот :rofl:
     
    На boomsleng, Peppermint, the.vampire.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  15. alexx88

    alexx88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Што знам мене ми се допадна филмчето. Да, можеби не е нешто многу длабински разработено, но сепак не е ни до толку лош. Емилија мене ми беше баш интересна во филмот. Книгата не сум ја читала така да ќе ја земам да ја читам па ке одлучам кое е подобро
     
    На boomsleng и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.599
    Пол:
    Женски
    И мене така ми дојде. Како шок да и дошла улогава.:worried:
    Не беше до улогата, Емилија не знаеше како да го претстави ликот. Се согласувам, страшно лоша глума.
    :D:D Веѓите врв беа, мислам највеќе внимание привлекуваа во кадар.:rofl:
    Со ова не можам да се согласам. Секоја болест е болест, а вака мене би ми било и потешко. Толку работи имаш средства да ги направиш, а не си способен. Мислам, да се убие човек.:wasntme:
    Да сакаш некој да не можеш да го гушнеш, да го допреш, да бидеш болен цело време, заробен... Да, Стивен Хокинг така живее, ама не секој човек има исти праг на толеранција, исти размислувања... Некој ете, не може да го поднесе тоа.
    Да, самобендисан е. Имал се во животот, си бил супер задоволен од него, едноставно нема причина да не биде самобендисан. Башка што е мнооогу над Лу во сите сфери и нормално нема да помисли дека некоја таква ќе го остави.

    Филмов ми е ко Вината во нашите ѕвезди, само за возрасна публика. Иако се книгите различни, филмовите се тука негде. Едноставно овие приказни не се за на платно, емоциите подобро се доловуваат преку пишаниот збор и тоа е тоа.
     
    На Ane-Goki1, Marossa, the.vampire.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Болест е болест, и исто е, ама и не е исто. Меџик Џонсон на пример, живее со ХИВ од 91-ва, без истата да му прерасне у сида, а од друга страна деца у Африка умираат за неколку месеци и години од истата болест. Така да, не би рекол дека парите не играат улога.

    Слично е и со инвалидноста. Сиромашен човек со истава состојба како Вил најверојатно ќе нема пари ни за количка за да може сам да се движи, што значи ќе биде осуден никогаш да не го напушти креветот и собата. Од друга страна, Вил има количка, прилагодена кола, физиотерапевт, лекарства, па дури и девојка за да му прави друштво. А и кога ќе посака може да појде било каде во светот и да прави што му душа сака - и колку што му дозволува хендикепот, нормално. А и како што рече таткото на Лу, може да си продолжи со кариерата (или да одбере некоја друга, сеедно), зашто е паметен дечко и хендикепот не го попречува да размислува или да обавува некоја интелектуална работа.

    Дури и еутаназијата е луксуз на богатите - не секој има пари да плати карта за Швајцарија и сместување во клиника која помага при самоубиство. Така да, и со ова е во предност во однос на „обичниот“ човек. Сиромашниот, дури и да сака, не може да се самоубие - прво, затоа што не верувам дека некој од домашните ќе му помогне, и второ, затоа што во остатокот од светот тоа не е законски.

    Така да, богатите и сиромашните никогаш не се исти - ни во здравје, ни во болест.

    Многу паметни и богати луѓе се женеле со „обични“ и сиромашни жени, па пак нивните бракови завршувале со разводи. Зборот ми беше, никогаш не може да знаеме што ќе ни донесе животот и глупо е да правиме претпоставки како неговите. А дури и да биде така како он што си замислил - секој од нешто некогаш се откажал, донел некаква одлука или направил некаков компромис, што не значи дека и за истото се кае (или ќе се покае). Едноставно, ако така размислуваме, треба сите да си ги оставиме девојките, дечковците и сопрузите затоа што, можеби би им било подобро без нас и затоа што можеби некогаш ќе се покајат затоа што не избрале нас, а не некој друг. Животот не функционира така, а и не е одлуката само на нас за сами да ја донесеме. Просто е - ако некој те сака и сака да биде со тебе, а и ти го сакаш него - сакајте се, бидете среќни и уживајте заедно, бидејќи најчесто ова не трае засекогаш. А ако трае - уште подобро.

    Поентата ми беше - не мораше да се убие баш тогаш кога го направи тоа, не беше „сад или никад“ работава. Девојкава го сакаше, он беше среќен и можеше да почека и да види каде ќе оди сето тоа. Па дури и да не им успееше врската, можеби за некоја година ќе размислуваше поинаку. А ако не - самоубиството никогаш не му бега. Па макар и да 80 годинни да решеше дека е доста.
     
    На Lella, tace73, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.031
    Допаѓања:
    66.599
    Пол:
    Женски
    Може сиромашниот ќе биде среќен што е жив само и што може да биде со жена, деца, на пример, ако има семејство. Од друга страна сиромашниот не ни видел пола од работите што ги видел и ги правел Вил пред да остане инвалид. Вака некако како уште повеќе во загуба да си, толку работи си правел и одеднаш ништо.
    А не мислев дека е над неа со пари, не мислев само на богатството, туку дека е попрошетан, поинформиран, видел многу повеќе, па она не знаеше дека он не може да се излечи, што да се рече повеќе. Да не зборам и за физички изглед.

    А ти ја исклучуваш болката во која живее, беше занемарена малку во филмот, ама постојано се разболува зашто нема имунитет, има исклучително болни периоди. Не е дека он само си седи во количка, супер му е, ај ќе си тераме вака. Секое разболување може да му биде и последно. Си имаше рок од 6 месеци и заклучи дека толку му е доста и тоа е тоа. Нормално дека секој човек различно би размислувал и постпаил во таква ситуација. Ама додека не се најдеме можеме само да судиме како ние би постапиле и зошто некој друг така постапил, да нагаѓаме.
     
    На tace73, boomsleng, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Се сложувам и со мислењето на @RainBow и со она на @Bender Rodriguez. Двајцата сте во право, дефинитивно. Мислам, за сосема различни нешта зборувате, од скроз различни агли.

    Патем, решив да се информирам повеќе за болеста, иако доста детално беше прикажана низ филмот и кога прочитав ми се стемни.

    Во секој случај, парите се секогаш предност кога се работи за живот или смрт. И сосема разбирам зошто реши Вил да се убие и да не даде шанса на Лу.

    Мислам, луѓе во таква состојба не се способни ни да кажат кога им се оди во тоалет, не им функционира ниту "алатот за ужитак" и искрено, бидејќи Бендер праша, мислам дека ни Вијагра не би помогнала, а и тешко дека би смеела да се употребува со оглед на тоа што имаше проблеми со притисокот. Зборот ми беше дека едно беше додека Лу за него претставуваше само некоја што треба да му прави друштво, ама веќе работите ќе добиеја сосема друга димензија кога би решиле да бидат заедно. Едно човечко суштество е секогаш до толку суетно да не сака и да му е непријатно да се моча и сере без контрола пред оној што го сака. Се извинувам за речникот, ама не знам дали имаше друг начин да го кажам ова. :worried:

    Така да парите навистина му овозможија колку-толку достоинствена смрт на Вил.
     
    На Lella, boomsleng, RainBow и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Еве и мое лично, може не така стручно видување.
    Веќе пишав и во друга тема, јас го доживеав многу емотивно. Едноставно, не можев да се дистанцирам и да го гледам само како филм.
    Околу момево што глумеше, па мене не ми беше така лоша, баш ми беше симпатична. Не знам зошто такви епитети.
    ко ретардирана, па ретардирана. Всушност лицата со ментална ретардација не знам дали се способни за толкав опсег на фацијални експресии
    Ликот кој го портретира е инфантилен, емоционално незрел, но и луциден, упорен и бескрајно хуман. И облеката Лу беше во контекст на карактерот. Не можам да замислам поинаков лик кој би предизвикал насмевка кај некој за кој се' е безнадежно. Во почетокот ми беше баш ко оние болнички кловнови во современите болници, кои со својот хумор помагаат во исцелувањето на болните.
    Нејзината мисија беше да го насмее, развесели, усреќи. Неговата да и помогне да се себеосознае, да созрее...
    И мене она што најмалку ми се допадна, беше последната сцена. Колку и да сакаше Лу да биде онаква, каква што тој сакаше да ја гледа, сепак го испраќаше во смрт.

    Околу одлуката на Вил, може да се теоретизира до бескрај. И јас помислив-Човек, барем имаш пари, можеш да си ги овозможиш сите можни помагала, медицински интервенции, особено поради што знам луѓе кои починале во својот сопствен измет, со декубити...Но, очигледно поимот квалитет на живот е крајно индививидуален. И има многу ако... Што ако Вил немаше толку активен и исполнет живот предходно, што ако родителите не му беа оние воздржани луѓе, туку простодушни, отворени, искрени како родителите на Лу (инаку во книгата е многу подобро опишан контрастот меѓу двете семејства).

    Конечно, можеби недостасуваат некои филмски елементи кои го прават еден филм добар, но портретирањето на една ваква човечка судбина, мене не ме остави рамнодушна.
     
    На Ane-Goki1, Someonespecial, tace73 и 6 други им се допаѓа ова.