Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас го изгледав уште кога го избравме, ама некако не ми се пишуваше рецензија тогаш, затоа каснам. :D

    Прво, знаев дека книгата ќе испадне подобра, бидејќи нели, секогаш е така. Ја читав пред 2 години и мене приказната ептен ми се допадна, и се утепав плачејќи на одредени моменти.
    Филмот не ги предизвика тие емоции и да го гледав без прочитаната книга, најверојатно ќе ми беше еден од полошите патетични чик лит.

    Настаните не беа убаво склопени, од нивното запознавање до крајот како да беа нафрлани сцени, а некои беа крајно непотребни, а премногу нагласени.
    Немањето континуираност во дејствиејата целосно ги елиминира сите емоции што треба да ги предизвика филмов и самата тематика, а постојат многу филмови за парализирани личности што далеку подобро се посветиле на тоа-дали вреди да се живее таков живот?
    Се согласувам во одреден дел со @Bender Rodriguez дека богатите луѓе има повеќе шанси да живеат убав живот во количка, ама не значи дека ефектот на болката и беспомошноста е помал.
    Посебно Вил како лик што никогаш не застанувал во место, секогаш ја бркал следната авантура, да се разбуди еден ден и да сфати дека нема да е способен за ништо од тоа што порано го правел среќен, навистина среќен.
    Тоа е како во многу случаи што имаме видено, да му речеш на спортист дека заради повреда нема веќе да игра, а тоа е целиот негов живот.
    Како Роналдо синоќа на финалето Португалија- Франција кога се утепа плачејќи што по после само 20 минути мораше да излезе од играта заради повредата, а негов сон беше да и донесе пехар на Португалија.
    Добро, можеби лоша споредба, ама муабетот ми беше дека некој не може да издржи да живее таков живот, посебно кога се навикнал на нешто поубаво, поинакво.
    Мое мото во животот е дека никогаш не треба да престанеш да се бориш, без разлика какви препреки и маки ќе ти донесе судбината, но тешко дека би можела да ја осудам одлуката на Вил да го прекрати неговиот.

    Се согласувам и за самобендисаноста дека Лу би останала со него целиот живот, ама да бидеме реални, би можела ли да најде нешто подобро? :D
    Девојката е таков морон, со уште поморонски дечко, живееше таков неинспираран живот, чудно е како таа не се утепала од досада :D
    Тоа му фалеше на филмот, да се покаже нејзиното созревање, создавање и остварување на соништа, бидејќи во книгата полека и напредуваше ликот, иако суштински си остана иста.
    Се разбира реално не беше толку глупава колку што ја прикажуваа, исто така имаше доблести како оптимизам и позитивност, секогаш насмеана и ведра и со навистина големо срце.
    Тоа и го рефлектираше и необичниот стил на облекување ( мене некои комбинации ептен ми се допаднаа :wasntme:)

    Е сега, тоа што Емилија Кларк ја долови како една благо ретардирана особа, тоа е друго :D Тоа го видов и во трејлерот, но си имав надеж дека тоа се кратки моменти, што очигледно се покажа како неточно. Веќе сте дале добар опис на нејзината глума, па не навлегувам таму.
    Сем Клафин од друга страна беше доста солиден, иако мислам дека не му беше тешка глумата, посебно бидејќи со леснотија глуми арогантен богаташ, го има ставот :D

    Да не филозофирам многу, мислам дека реков се, затоа ви ја препорачувам книгата, да видите дека сепак не е толку лоша приказната,колку што е лошо прикажана :D
     
    На tace73, boomsleng, Jordanovska-K и 6 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.284
    Допаѓања:
    113.750
    Пол:
    Женски
    Книгата ја прочитав буквално во еден ден. Солзи исплакав како идиот. Филмот го гледав. Пак солзи. Мене убаво ми беше доловена приказната. Сега ја читам вториот дел.
     
    На boomsleng, Peppermint, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    За тоа... богаташ, па полесно било:D
    Пред пар години, читав една шкљ статија ли, кујзнае што беше..ме мрзи да гуглам сега и пребарувам, ама беше со некои си као статистики и појаснувања за тоа, зашто е поголем бројот на самоубиства меѓу богаташите, одошто меѓу сиромашните, ко и генерално,стапката на самоубиства кај побогатите нации/држави е поголема, одошто е кај посиромашните.
    И беше нешто во стилот... кога си сиромав човек, полесно се справуваш со чувството на незадоволство од х работи, од животот, депресијата, проблемите и фактот дека немаш и можеби никогаш нема и да имаш. Или, во најмала рака ти се создава мотивација да работиш повеќе за да имаш... си ствараш цел кон х нешта, бидејќи мислиш дека кога би бил богат, полесно ќе ти е.. и девојките ќе те сакаат тогаш, што би се рекло... и болестите ќе си ги излечиш итн.:) Кога си богат, немаш такви оправдувања, бидејќи имаш сe, можеш да си дозволиш се, а сепак не си среќен. Тоа им е ко товар на психата, безнадежно,изгубено се осеќаат...:D работите престануваат да им имаат смисла, изживеани им се..празни се.:D
    Therefore... hasta nunca.:D
     
    Последна измена: 11 јули 2016
    На Pamela Daisy, Lella, Lilianna и 8 други им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Го гледав пред малу и јас.
    Искрено, очекував повеќе, по толку рецензии за мрсули и солзи... Приказната секако допре до мене, но аспектот на прикажување малку ме разочара.
     
    На Lella, boomsleng, blackpanter и 2 други им се допаѓа ова.
  5. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Повторно темава се враќа во полн сјај:)(y)Многу ми е мило, што филмов ги поттикна постојните филмомани но и останатите да земат активно учество со свои ставови, мисења рецензии во однос на филмот.
    Не ги прочитав детално мислењата, тоа е мој принцип, од кој не отстапувам пред да го гледам филмот, доколку имам време ќе го изгледам вечерва, па ќе пишам рецензија деновиве. Сакам романтични филмови полни со емоции, драматика, приказни исполнети со вистинска, искрена љубов, пожртвуваност, сплотеност, хемија помеѓу ликовите, еден од најдобрите романтични драми за кои пишувавме беше филмот Покајување, очекувам да ме допре приказната но за тоа ќе видиме откако ќе го изгледам ќе дадам мислење, да не прејудицирам
    Уште еднаш поздрав:hai::hai: и само вака да се продолжи со плодни содржајни дискусии темава, со постојните а и многу нови членови
     
    На zhap4e, 1209, blackpanter и 3 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Дајте уште некој предлог да се обнови малку анкетата. :)
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Нова сум на темава па не знам како оди...
    Предлог за филм од мене The prisioners (2013)
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Јас да го фатам последниот воз за филмов, иако сè е кажано. Во последно време бегам од романтични филмови, лигави ми се ептен. Овој не беше до толку, ама сепак. Сигурна сум дека книгата била далеку подобра, едноставно се познава дека не е тоа-тоа. Како што рече Реин, такви приказни не се пренесуваат на платно толку лесно, не со веѓите на Емилија Кларк.

    Ќе бидам кратка, бидејќи одвај се наканив да го гледам филмот. Читам сите плачеле, и искрено не очекував мене да ме расплаче бидејќи истите коментари беа и за TFIOS. И не ме расплака, не ме ни допре нешто посебно, ама сигурна сум дека во книгата посилен ќе ми беше впечатокот.

    Од аспект на кинематографија, не беше филмот ништо посебно. Приказната, не знам. Не знам ни дали ја оправдувам одлуката на Вил. Од една страна, има сè што ќе посака за да живее „среќен живот“, ама од друга, колку би му бил вреден тој живот кога не може да ужива во него? Точно дека е богат и тоа му ги олеснува работите, но тоа не значи дека нема да пати понатаму, дури и Лу да остане со него цел живот.
    Замислете како би му било да го помине остатокот од животот цело време зависејќи од некого. Не може сам да стане, да јаде, да оди каде било, не може ни да се поздрави нормално со никој. А тој пред несреќата alpha male кој мисли дека го има цел свет. Логично е да не сака да живее и оправдано до некаде да си го одземе животот.

    За Лу, не знам што да кажам, кажавте вие сè, уште кога го гледав претпоставув дека девојката би требало да биде разиграна, весела, откачена... А во филмот беше многу лошо доловено тоа.
    Дали би сакала сега да ја читам книгата? Не знам. Веројатно не, веќе го знам крајот, и иако не се сомневам дека е светлосни години понапред од филмот, не би ја читала. Па уште и втор дел гледам ќе има, кој веројатно е поттикнат од фановите.

    Ете, мене не ме допре многу филмот, досаден ми беше малку и ништо посебно. Или можеби бев хипнотизирана од веѓите на Емилија Кларк. Ми се чини само во нив гледав.
    Ќе полетаат. :worried:
    [​IMG]
     
    На boomsleng, Ane-Goki1, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Поима немам каков е.. колку да има нешто плус на листата.

    45 years

     
    На Acka22, boomsleng, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Еве два предлога од мене (немам појма какви се, не ми се гледани уште):

    1. Eye in the Sky - воена драма/трилер, со приказна која делува интересно. Со мојата омилена Хелен Мирен, а башка и последниот филм на Алан Рикман.

    [​IMG]

    2. The Duel - тексашки ренџер истражува сериски убиства на Дивљем западу. Со полошиот Хемсворт брат и со Вуди Харелсон.

    [​IMG]
     
    На Acka22, blackpanter, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Предупредување:D 45 years е некако... не многу инспиративен. :) Трејлерот ми делуваше инспиративно тро, ама.
     
    На Lella, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.459
    Допаѓања:
    42.486
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @zhap4e и јас не сум воодушевена го гледав скоро .:|
     
    На zhap4e и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  13. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Не знам што се случува со темата, можеби и таа е на годишен одмор :rofl:, ама ај јас како падобранец да слетам и да дадам еден предлог кој сега го догледав и ме воодушеви на некој специфичен начин.

    Се работи за францускиот филм Martyrs (2008).

    Знам дека не пишувам анализи и не сум активна на темата, па и да не се прифати предлогот е ок.

    А ако се изгласа, би била пресреќна да прочитам анализи од вас :).
     
    На Bender Rodriguez, boomsleng, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Јас сакам европски филмови. Мислам дека нема филм што не бил прифатен тука. Доколку го изгласаме, со сигурност ќе го гледам и коментирам. За овој.. не го изгледав. Немав видено ни трејлер. Ќе го пропуштам овој пат. На друга бранова должина ко да сум.:$:D
     
    На boomsleng, 1209, promeneta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Знам дека сите предлози ги прифаќате од лично искуство, само што спомнав дека би сакала анализа на Black swan и Inception, веднаш влегоа во анкетата, потоа се анализираа, и фала ви на тоа :).
    Муабетот ми беше дека и да не е прифатен предлогот нема да фатам кусур оти факт е дека не сум активна иако редовно ве читам и ви се воодушевувам на способноста за анализирање на филмот од глумци, сценарио, режија, па до кореографија, костими и музика.

    Инаку ќе мора прво да ги гледам филмовите што ги анализирате, па да ве читам, оти со такви длабоки анализи имам чувство исто како да сум го изгледала филмот и се откажувам од гледање (како на пример Revenant :lol:).

    Поздрав, супер екипа сте :).
     
    На tace73, Bender Rodriguez, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Прво, да пишам дека го изгледав филмов и дека беше многу поинтересен отколку што очекував. Така што - кој не го гледал, да го изгледа. Филмов ветува саат и кусур акција од различни аспекти од која нема да можете да земете воздух.

    Прво, за приказната: Америка и Британија се вклучени во мисија. Мисија во која треба да заробат четири екстремисти, меѓу кои и една поранешна, исламизирана Британка. Им требаат живи. Меѓутоа, за кратко време околностите се менуваат за 180 степени и мисијата добива нов тек. Ги фаќаат како се спремаат да снимат видео пред извршување на бомбашки самоубиствен напад, како си се спремаат со елеци со експлозив и со пушки. Тогаш бараат мисијата да се претвори во убиство на четворицава. Ама тука работите стануваат дискутабилни и кај различниве ликови кои дејствуваат од далеку, се јавуваат два табори. Се работи за етика, донесување на одлуки и за greater good, големи притисоци, синџир на пренесување на информациите и добивање фидбек кој ми личеше на нашиве институции. Одиш на еден шалтер, ти викаат дека не си за тука, оди таму и таму, одиш на другото место - чекај, треба од онаму нешто трето. Ете така нешто изгледаше и тука тој ланец.

    Кинематографијата беше солидна. За костимографија нема што многу да се дискутира, музиката сосема соодветна, а актерската екипа беше добра, со тоа што мене ми беа познати само Хелен Мирен, Алан Рикман и како и да му беше името на глумецот што во ГоТ е Џора Мормонт. Хелен Мирен е жениште. Секогаш е во некои вакви акциони улоги на tough woman и тоа многу ми се допаѓа. Ја личи, едноставно. Харизматична, талентирана скроз. Бапка која одлично се држи и достоинствено си ги носи годините на лицето и телото. Алан Рикман не’ почести со своето шармантно, сериозно присуство и незаменлив глас и став. Ова му е последната улога пред смртта. Во секој случај и другиве беа добри во своите улоги.

    Имено, филмов е вреден за дискусија. Ќе се осврнам на оној дел кога мисијата го добива другиот тек. Прво, преземаат ризик да испратат сомалиски соработник во селото на екстремистите за да може да добијат слика за четворицата главни. Тоа е автоматски еден живот на ризик. Второ, се појавува девојчето кое го гледаме од почетокот на филмот. Алија си игра, понекогаш учи математика, чита, а патем секој ден продава леб. И тоа не било каде, туку пред куќата која треба да биде мета. Операцијата се прекинува поради тоа што се распостила со лебот пред метата. И’ даваат шанса да преживее, да си оди. Ама продажбата бавно оди. Па Сомалиецов добива друга задача - да го купи целиот нејзин леб за да си оди таа. Ама тогаш го препознаваат дека бил избркан некогаш од селово, заради заземање друга страна и животот пак му е на ризик. Ги џитка лебовите, кои Алија пак си ги собира и почнува да ги препродава, иако доби добри пари за нив. Пак два животи во опасност. Се прави нова проценка која, за да се добие одобрение за бомбардирање на куќата, треба да претпостави 45% шанси за преживување на колатералната штета. Одобрение дадено, лебовите во последен момент ги докупува едно дете пратено од уште живиот Сомалиец, ама Алија бавно се пакува за дома. Се бомбардира метата, Алија мрда уште. Исламизираната Британка уште е жива, па следува уште една бомба. За Алија нема среќен крај, иако беше жива кога ја донесоа во болница.

    Може да се извлечат неколку поенти:
    - Британците генерално се поколебливи кога се работи за нечиј живот
    - Америте веднаш се сложија за бомбардирањето, дури и кога можноста да загине Алија беше многу поголема. Подобро една невина жртва, отколку 80 во некој мол кога ќе се разнесат лудациве
    - Целиот тој синџир на одобрувања одзема премногу време, а некогаш треба да се делува многу брзо
    - Во војна нема исправна одлука, а има секогаш невини жртви
    - Во војна не би требало да учествуваат луѓе, макар и од далеку, кои се’ си ставаат при срце и со тоа ги загрозуваат операциите
    - Лесно е да се биде набљудувач и да се донесуваат одлуки
    - Ама вистинските војници треба да имаат последен збор, наспроти политичарите кои никогаш не ни биле во војна
    - Всушност, НЕ ТРЕБА ДА ИМА ВОЈНИ, а уште помалку треба ДА СЕ МЕШААТ НАДВОРЕШНИ СИЛИ ВО ТУЃИТЕ БИТКИ
    - Ама ако не се замешаат, лесно ќе им се пресели војната со авион и ќе им затропа на врата
    - Што е правилно?

    Притоа, дискутабилни се и следниве работи:
    - Ако се делуваше веднаш, Алија најверојатно ќе беше жива
    - Дали Британците и Америте имаа право да се мешаат? Да, поради претпоследната потточка од погоре, не - поради тоа што не се случуваше ова на нивно тло, а некако нивното делување нема баш да донесе мир во светот
    - Дали беше исправно што го утупеа со Алија наспроти можноста да загинат 80 невини жртви во некој трговски или друго прометно место, благодарение на самоубијците?
    - Дали е етички, и после се’, во извештајот да стои 45% шанси за преживување, а Алија умре?
    - Како би постапиле ние и дали постои вистинска одлука?

    Ако уште некој го изгледа филмов, може да дискутираме. Вреди, интересен е, а темата е многу актуелна.

    Едит: Додека го пишував постот, 80 мртви во бомбашки напад на Блиски Исток, Авганистан. Чисто да се поткрепи дискусијава. (facepalm)
     
    Последна измена: 23 јули 2016
    На zhap4e, Bender Rodriguez, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Океј, иако го предложив филмов и ми делуваше солидно, сепак мал дел од мене стравуваше дека ќе биде некое Ју Ес Еј мавање у гради, Америка е најбоље, ја шири демократијата насекаде низ светов. За среќа, не бев у право за ова.

    Одма ќе кажам - филмов ми се допадна - интересна приказна, добра реализација, која ја одржува тензијата и неизвесноста на ниво од почетокот до самиот крај, плус све тоа спакувано у помалце од 2 саати, што е реткост у денешно време.

    Солидна глумачка екипа, Хелен Мирен е царица, ама па Алан Рикман ми изгледаше некако недоволно искористен у филмов - мислам, човекот е закон, ама бајаги беше спореден у дешавањава. Како и да е...

    Интересна приказна за тоа како изгледа современото војување денес. Акцијата ја води полковник од Англија, пилотите се наоѓаат во Невада, луѓето на терен се у Кенија, а сето тоа го надгледува кабинетот на Британија у Лондон. Значи, со други зборови, каша-попара.

    Нормално, работите не испаѓаат по планот и тука почнува да се умрсува работава. Ми беше интересно како скоро сите (освен Хелен Мирен) бегаа од било каква одговорност као ѓавол од крст и се обидуваа да ја префрлат одговорноста на некој нивни претпоставен. Работава одеше од еден, на друг, на трет, до недоглед - трагикомично беше. А и процедурата со чеклистата за лансирање на хелфајрот беше крш - 30 и нешто точки. Си викам - што ли прават луѓево у ситуација кога треба у секунда да се одлучи нешто?

    Филмов покренува интересни морални и етички прашања.

    Прво, у ваква ситуација, ако нешто тргне наопаку - кој е одговорен? Оној што ја води акцијата, неговите претпоставени кои ја одобриле, сојузниците оддалечени со илјадници километри кои помагаат во акцијата, пилотот на дронот или можеби типот кој ја пресметува веројатноста за колатерална штета? Едноставно, премногу луѓе има у the chain of events и многу е тешко да се најде само еден одговорен. А од друга страна, речиси сите гледаа само да си го покријат газот и да избегаат од одговорност, наместо да размислат што уствари е најдобро за мисијата.

    Второ, дали е во ред да се убие еден (или неколку) цивили, за да потенцијално се спасат стотици животи? Тука, за жал, морам да се сложам со жената од Кобра-тимот која цело време се однесуваше како у ПМС и ме нервираше - не, не е во ред. Едно се цивилни жртви у војна - од тоа нема бегање, ама ова беше свесно убиство на едно дете, за некое си greater good. Немаше војна, Кенија е пријателска земја на Америка, ама сепак они се одлучија да убијат нејзин невин граѓанин само затоа што они оцениле дека така треба. Што е еден живот демек у споредба со 80, кои ќе загинат од бомбашите-самоубијци? До каде оди таа весела математика? Што ако околу куќата има 50 души - дали пак треба да гаѓаме - 50 е пак помалце од 80, нели?

    Ако почнеме да ги земаме работите у свои раце и да вагаме колку цивили е океј да убиеме, за да спасиме некои други, у некоја можна иднина, си играме Господ и воопшто не сме подобри од тие терористи против кои демек се бориме. Напротив, исти сме.

    Трето, интересно ми беше реакцијата на пилотот. Ја отсекогаш мислев дека водењето војни со дронови на некој начин предизвикува detachment од одговорноста и од реалноста на сопствените постапки. Едно е да гаѓаш со пушка во некој што стои пред тебе и те гледа у очи, а нешто сосема друго е да седиш у климатизирана соба у Невада, гледаш некои луѓе на монитор и лансираш ракета у нив - као играње видео-игра е. Мојата логика е дека пилотите на авиони или на дронови чувствуваат многу помала грижа на совест за она што прават, затоа што не се у центарот на збиднувањата, него некаде далеку. Ама, филмов вика дека не било така. Којзнае...

    Иначе, сите беа загрижени за Алија и нејзините лебови. Ама, на снимките ја цело време гледав најмалце по 2-3 души како поминуваат околу куќата - зашто нив никој не ги изесапи, пошто и тие ќе беа зафатени од експлозијата кога ќе удреше ракетата. Ама девојчето го видовме како учи математика и врти хулахоп, па ни беше жал за неа, а другиве минувачи чии фаци и животни приказни не ги знавме - кој ги ебе, нека гинат.

    Друга работа од која ми се прикака беше моментот со „Чекај, имаме два Бритиш и еден Ју Ес ситизен!“ Значи, на црнциве тури им курот, ама овие „ситизениве“, еее, богами, тоа е голем проблем. Нема врска што се терористи. Фала Богу па американскион секретар имаше доволно common sense да рече, „Чекајте малце другари, овие ситизениве ги изгубија привилегиите кога станаа терористи и кога почнаа да убиваат луѓе“.

    А да - интересно ми беше колку се туфкаа за првата ракета, па консултации, па пресметки, па држ, па не дај, па blast radius, а за вторава - Пали и што му ебеш мајче! Како никој не пресмета колку потенцијални колатерални штети ќе има кога ракета ќе удри у купче шут, кое ќе се разлета на сите страни како шрапнели? Малце ми беше нереално што вторава ракета не повреди никој, ама ај.

    Не ми се допадна што на крајот на филмот гледаме дека Алија умира - ќе беше доволно да видиме како ја носат у болница и толку - да бидеме у неизвесност, као пилотите на дронот, кои ќе мора да живеат прашувајќи се дали малото девојче со лебовите ја преживеа оваа победа на демократијата или не.

    Искрено, се надевам дека навистина волку му ја размислуваат Американците и Британците пред да гаѓаат некоја цел у населено место - дај Боже да е така, иако не ми се верува. Поише ми е веројатно дека се водат по паметот на Секретарот за надворешни од филмов - „Кого удрам, не жалам!“. А кога нешто ќе тргне наопаку, праи се наудрен, deny everything, и тоа е тоа.
     
    На Marossa, zhap4e, blackpanter и 4 други им се допаѓа ова.
  18. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Филмов ми беше некако како да играа жешко компирче. Еден на друг си ја подаваа топката, ама нема кој да шутне, нели? Или само мене ми изгледаше така? Нема врска. Кај се најде девојчево да ги препродава лебовите. Земи ги партите што ти ги дале и иди си. Ок може и јас не сум во право, ама ќе поминам преку ова. Некако многу нереално работиве ми беа прикажани. Како сите стануваат емотивни во моментот кога треба да ја лансираат раќетава. Само за девојчето им беше жал, за тие околу неа не им беше жал. Или пак за тие внатре. Ама не тие внатре се терористи, треба да се убијат. Уствари чекај малу не требаше да ги уапсите. Таа жената што беше, нели имаше важни информации или што и да беше. Јас премногу му ја залетав, да си продолжам понатаму.

    Се на се филмот ми беше супер. Беше прикажана другата страна на одлучувањето при вакви ситуации. Препукувања, дали треба или не да се пука, кои животи вредат кои не, префрлување на одговорност на тие што треба да одлучуваат. Добар филм во секој случај.


    Мој предлог за следен филм:
    Central Intelligence
     
    На zhap4e, boomsleng, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    темава замре... до летниве одмори ќе да е. :D
     
    На Bender Rodriguez, zhap4e и boomsleng им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    И тоа како... :D

    Него, ја да си дадам предлог додека ми е на ум филмов, а нова анкета може и за месец дена да оди ако продужиме со темпово. :)

    Hidden (2015)
    [​IMG]

    Филмов е од истите браќа-режисери од кои е серијата Stranger Things, за која више пишав дека ме бендиса, па баш ме интересира да видам дали луѓево стварно ги бива или им се посреќило.

    Вирус ја напаѓа Земјата, семејство се крие во засолниште, додека чудни фаци талкаат по површината. Мистерија, со примеси на трилер и хорор.

    Е така. :)
     
    На boomsleng, zhap4e и Lady Phoenix им се допаѓа ова.