Е па, ај и јас да кажам некој филм, ради реда..колку да се стави/наполни за анкета: 1. Suffragette и 2. Theeb (2014). какви и да се.
Од мене за анкета The Legend of Tarzan. Излезе на добар торент, ако не друго, ќе биде лабав и убава забава.
@RainBow, анкета ако може? 1. Martyrs (2008?) 2. Central Intelligence (2016) 3. Hidden (2015) 4. Suffragete (2015) 5. Theeb (2014) 6. The Legend of Tarzan (2016) Можеби и предлогот на Бубале, The Prisoners да остане, заради бројот на гласови последно? Мислам тие се сите.
Го поддржувам предлогот на Жапче за филмот Suffragete (2015) еден од моите омилени филмови за претходната година. Филм кој отсликува еден важен историски период во борбата за правда, за еднаквост, борба за недискриминација и рамноправност, филм кој изобилува со борбеност, пожртвуваност, филм кој буди емоции. Маестрални перформанси на актерската екипа предводена од мојата омилена британска актерка Кери Малиган - неверојатен талент, една од најдобрите актерки на денешницава и дефинитивно надобра британска актерка моментално присутна на филмската сцена, прикажа перформанс достоен за оскар - подеднакво добар како и оскаровкиот на Бри Ларсон, одлични во своите улоги беа и феноменалните Хелена Бонам Картер, Ени Мери Даф и Мерил Стрип Планирав да го предложам филмов за наредниов период но веќе Жапче го предлага и јас го поддржувам овој предлог и дефинитивно го гласам Поздрав до екипата на Феминско Филмско Фоаје
Луѓе, што направивме? Ај да ја активираме темата бидејќи не знам за вас, ама набрзо ќе почне школо, чуда, такви работи и најверојатно ќе се збогувам од темава... Може да го гледаме Suffragete викендов што доаѓа, а да го коментираме од понеделник?
Филмот го пуштив само заради вас, ниедна анализа да се немало, туу . Што убаво си читав на готово, не морав ни да ги гледам анализираните филмови . Иако не обожавам драми, уште помалку историски, сепак уживав во филмот. Во мене пробуди различни емоции, и воодушевување, и бес, и тага... Мојата анализа ќе биде малку површна, не сум читала за овој пресвртен период во историјата, па ќе анализирам како просечен гледач, чисто да ве поттикнам и вас на подлабоки анализи . Прво, морам да признаам дека никогаш не ми паднало на ум да размислам што се' преживеале жените за денес ние да ги уживаме сите привилегии како и мажите. Си го земаме тоа здраво за готово не земајќи во предвид какви жртви некои жени поднеле во минатото, дури и за некои навидум ситници, а за тоа време битни работи, како потписи, носење "машка" облека, односно панталони итн. Во овој филм се работи за движењето на жените кои ги жртвуваат своите семејства и работа за поголеми цели, постојано пркосејќи и' на немилосрдната влада и своите работодавци и сопрузи. Мауд Вотс е жена која цел живот работи во перална за алишта, слепо слушајќи ги наредбите од својот работодавач. Кога случајно ќе наиде на жена која крши прозорец со цел да добие внимание, односно да ги поттикне и другите жени да почнат да се борат за своите права, во неа се буди духот на поборничка. Иако на почетокот таа го одрекува тоа во разговорот со детективот, сепак кога ќе се најде во ситуација да бира дали ќе стане шпион на владата или ќе продолжи да се бори за своите права, таа решава уште посилно да се бунтува со цел да се чуе нејзиниот глас. Уште од почетокот таа се соочува со осуди. Осуди од работодавачот, осуди од комшиите, осуди од колешките, осуди од нејзиниот сопруг... Баш и нејзиниот сопруг најмногу ми одеше на живци. Надвор безгласна буква, дома изиграва газда. Ако не можеш да помогнеш, барем не одмагај. Му се восхитував на сопругот на докторката кој ја поддржуваше целосно, иако на крајот си ја избра жената пред нивната кауза. Исто и детективот, иако од една страна сакаше да го спречи движењето, од друга страна знаеше дека се во право. Во еден момент во разговорот со Мауд и признава дека жените се третираат како едно големо НИШТО. Исто, во друг момент ги призна варварските начини на справување на владата со поборниците. Момент кој ме потресе и расплака беше моментот кога сопругот го даде детенцето на посвојување оти му требало мајка . Детето имаше мајка, мајка која го сака повеќе од се', ама бидејќи ЕДИНСТВЕНО мажот имаше право да одлучува, тој потклекна под осудувачките погледи на околината и ја избрка својата жена и се откажа од своето дете. Тоа уште повеќе ја зацврсти одлуката на Мауд да се бори за своите права, за правата на своите ќерки кои ќе ги има некој ден. Интересно ми беше кога го праша сопругот како би се викала нивната ќерка кога би ја имале, и тој одма, Маргарет, како мајка ми. Не ни помисли на момент и неа да ја праша што мисли, како да се подразбира дека така ќе се вика. А на прашањето каков живот би имала Маргарет, одговара, како твојот. Толку помирен со судбината, ладен, отсечен одговор. Да не правиме муабет што знаеше што преживеала Мауд од нејзиниот работодавач, ама стравот од осуда беше поголем од љубовта спрема жената. До душа, тој слепо си ги следеше правилата, така како што се дадени, ни на крај памет не му доаѓаше да смени нешто. Жените најпрво сакаа на мирен начин да дојдат до промена, со сведочење за нивните работни места. Владата им даде надеж дека нивниот глас ќе се чуе, за на крај ладнокрвно да изјават дека жените немаат доволно аргументи за нивните барања. Кога Мауд ќе се пожали на детективот дека ги излажаа, тој само ќе каже: Ветија НИШТО, дадоа НИШТО. Откако на никаков начин не можеа да го добијат вниманието на владата, жените преминаа на подрастични мерки, како палење на домот на премиерот, а на крај и напад на кралот. Се знаеше дека на крајот мора да падне жртва, жално што Емили не можеше да види какви промени и внимание предизвика нејзиното жртвување, што уште повеќе го зголемува значењето на нејзината смрт. Да умреш за да направиш промена за милиони други жени, тоа е за восхит. Ми останаа во сеќавање зборовите на г-ѓа Панкхрст: Ние не сакаме да кршиме закони, ние сакаме да донесуваме закони. Интересен филм за борбата против дискриминацијата на жените и желбата да се чуе и нивниот глас, посебно во борбата за правата за и на своите деца. На крај, поразувачки беше податокот што во некои земји, како Саудиска Арабија, дури во 2015 година жените добиваат право на глас, иако во други земји борбата за такви права започнала уште пред 100тина години. Од мене следен предлог е италијанскиот филм Perfect strangers (2016), уште тука не сум го спомнала .
Наминав само да кажам дека најверојатно нема да го гледам овонеделниов избор – Suffragette – прво, затоа што немам доволно време и второ, затоа што периодов излегоа доста други филмови кои попрво би сакал да ги погледнам. Да не се разбереме погрешно – немам ништо против тематиката на филмов, ама генерално ми се одбивни филмови кои се занимаваат со некои општествени прашања. Одбивни, затоа што имам впечаток дека барем делумно се игра на сигурна карта со тоа што ќе се одбере некоја ваква тема и е тешко да се одреди зошто е добар филмот (ако воопшто е добар) – дали затоа што е стварно добар или можеби затоа што едноставно обработува значајно прашање како движењето за еднаки права на жените, а во суштина филмот е просечен или лош. Секако, можеби филмов е и стварно добар, нејќам да го оцрнам на негледано, ама правило ми е да избегнувам филмови кои се шлепаат на туѓа „слава“, како на пример, расизмот, ропството или, у случајов, правата на жените, и на тој начин добиваат екстра поени кај гледачите. Ако Холивуд сака да и оддаде признание на женската борба за еднаквост, наместо да прави филмови за нивната борба, можда треба почесто да прави филмови во кои во главна е силен женски лик, наместо постојано жените да глумат маргинализирани ликови и дами во неволја, кои треба да ги спаси (и по можност плесне) главниот машки лик.Just sayin’. И сега, откако поштено се измрчев за филм што не сум го ни гледал , да предложам нешто за наредната недела – Now You See Me 2. Филмов конечно излезе на асална снимка и у првите пола саат (колку што до сеа имам изгледано) навистина ветува и ги надмина моите скромни очекувања за crappy продолжение снимено само колку да се профитира врз успехот на првиот филм. Секако, постои можност да го укакале до крај, ама у секој случај, вреди да се погледне и прокоментира у темава.
Да го ставам ли директно Now you see me 2? И така се гледаше тука првиот дел, па да не се губи време со анкета.
Мислам дека добра ти е идејава Рејн. Што е до мене, пуцај А еве за следна анкета јас ги предлагам: oldboy(2013) , primer(2004), mulholland drive (2001) i Nerve (2016), ама за овој последниов не знам колку има добра снимка пошо сега скоро искочи.
Кога чув дека ќе се снима втор дел од Now You See Me, си помислив – „О, не, еве уште едно непотребно продолжение со кое ќе упропастат добар филм заради профит“. Имајќи го на ум мојов став, можам да кажам дека двојката ме изненади – ама позитивно. Истата глумачка екипа, со познати фаци – некои кои ми се свиѓаат, некои кои ме иритираат – минус Хенли, за која и у претходната рецензија кажав дека појма немаше, плус нова иритантна женска (ама иритантна на поинаков начин) и секако, Даниел Ретклиф. А иначе, типов сеуште не можам да го сварам: Со микрофончево е џоа пејач од бој-бенд. Од Магија, можеби (pun not intended). Ако у првиот дел The Horsemen ги држеа сите карти во рацете, овде имаме нешто сосема спротивно – тие самите се мета на измама и повеќе од половина филм трчаат наваму-натаму, како обезглавени кокошки. За глумците веќе кажав што имав – инаку, реализацијата на филмов е повеќе од добра, визуелно е одличен и најважно од се – речиси без ниту еден досаден момент, интересен и возбудлив од почеток до крај. За начинот на кој ја поврзаа приказната на вториов со првиот дел имам измешани чувства – и ми се допадна и не ми се допадна. Од една страна, успеаа да направат поинакво продолжение, а сепак со интересна приказна, а успат и да ја продолжат приказната со некаков континуитет. Од друга, баш тоа продолжување на приказната донесе и некои недоследности. Прво, сакам да зборувам за The Eye. Колку глуп треба да биде човек (у случајов, сите хорсмени) да изврши серија криминални дела (макар и да се со добра цел) само затоа што некоја мистериозна организација му рекла да го направи тоа? Од каде знаеја луѓево дека позади The Eye не стои некоја криминална организација која се решила да ги искористи нивните способности за свои цели – што всушност и се случи во вториов дел, кога Даниел Ретклиф лажно се претстави како The Eye. Не знам, по мене за човек да ја ризикува својата слобода, да стане светски баран криминалец и да живее година дена во бегство и криење, треба за тоа да има добра причина. А „Окото, древното здружение на магионичари ми рече така да направам“ и не е баш добра причина. Особено затоа што и покрај се што направија, сепак не запознаа ниту еден од припадниците на The Eye – освен нивниот гласник, Марк Рафало, ниту дознаа нешто повеќе за нив. Второ, приказната за скриеното партнерство меѓу Фримен и Шрајк – да, беше интересен и неочекуван twist, ама зошто побогу не му го откри тоа на Рафало порано? Како на пример, пред да го стави во затвор?!? Човекот бил најдобар пријател на татко му, а сепак поминува цела година во затвор, за нешто што не го направил, само затоа што Марк мислел дека тој е одговорен за неговата смрт и се решил да му се одмазди. Отвори уста човече, што ти е? Трето, дознаваме дека сите магионичарски реквизити на светов се прават во еден прчварник во Макао – океј, нека е така. Дознаваме и дека истите луѓе го преправале сефот на Шрајк по нарака. Тогаш, зошто Рафало му се наврте на Треслер дека он како производител на сефот е одговорен за смртта на татко му? Многу поверојатно е дека некој од магионичарскава работилница успеал да заебе работа со преправките. Зошто не доби желба да им се одмазди и на нив? И btw, у тој случај ќе испаднеше дека баш The Eye е криво за смртта на татко му – истата организација за која он се решил да работи. Толку за хронолошките недоследности. Не ми се допадна и моментот со чипот кој може да ги декодира сите могучи компјутери на светот. Прво, самата идеја е тотално нереална и второ, некој кој би успеал да направи таков чип дефинитивно не би го продавал на никој и најверојатно не би ни споделил дека постои, туку би го искористил за своја лична добивка и профит. Чешелот што го пикна Хенли Два наместо чипот можда имаше ист облик (па дури и тежина) како чипот, ама тој не беше поставен на pressure sensitive направа, па тоа да биде доволно – очигледно беше дел од некаква интегрирана целина и имаше своја функција – ако напикаш парче пластика место него, дефинитивно компјутерот ќе го препознае тоа. И друго – чипот беше со големина на карта за играње, да, и можда може да се замаскира како таква, ама не може никој да ме убеди дека е исто толку флексибилен и еластичен како карта за играње. По мене, на првото превиткување, ќе се скршеше на пола и тоа ќе беше тоа. Ама океј, сцените со подавање со картата у сефот беа интересни, па ајде ќе им го простам тоа. Ми се допадна моментот што Треслер и неговиот психотичен копиљ беа негативци у вториов дел – The Horsemen го испозаебаа и искрадоа, логично беше дека ќе сака да им се одмазди. Иако, моментот кога се решија Рафало да го фрлат у вода у истиот сеф у кој умрел татко му ми беше малце за превртување очи, сепак мило ми беше што после објаснија дека тоа уствари било дел од планот. И ми се допадна генерално што пак се потрудија да дадат колку-толку логични објаснувања за триковите – иако мислам дека у моментот кога почнаа да ги фрлаат од авион еден по еден сите знаеме дека имаат некој план, така? Од друга страна, малце ми беше нереален моментот со триковите – да успееш да направиш 4-5 трикови од толкав размер, во Лондон, градот со најмногу безбедносни камери во светот, на Новогодишната вечер, за толку кратко време – потребна е огромна логистика и финансии. Знам дека The Eye е моќно и има свои ресурси, ама како за организација за чие постоење никој не знае, мислам дека ова е малце too much. Ама, ова е више ако сакаме да цепидлачиме. Во секој случај, како што реков, интересен и забавен филм – секако, не без маани секако – кој генерално ми се допадна речиси исто колку и првиот. Сепак, се надевам дека нема да има трет дел.
За актерската екипа на филмов не знам дали да коментирам пак нешто. Ако сум го коментирала првиот дел, си стои истото од тогаш. Со тоа што Лула ме нервираше, а Даниел Редклиф е феноменален и психотичен. За недоследностите се сложувам со @Bender Rodriguez. Со тоа што, да, беше интересен филмов и бе беше досаден, ама ќе преживеевме и без втор дел. Не бев нешто преимпресионирана. Помлака беше оваа верзија на работите. Немаше ни некои wow трикови, ниту па повеќето што ги имаше беа кој знае колку објаснети. Моментот со братот-близнак на Вуди колку што беше интересен, толку беше и вишок. А The Eye очекував да биде или Даниел Редклиф или Фриман. (Леле, ете толлу ми оставил впечаток филмов, што не знам како се викаа ликовите.) Исто така Дејв Франко ме нервира. Некако холивудските помлади siblings се секогаш бледа сенка на постарите. Измешав баби и жаби во мислењево, ама такво влијание и имаше самиот филм врз мене. Хаотично. И не поттикнува никаква желба за дискусија кај мене. Може е до мене, може е до филмот. Може ќе дознаеме ако се пријави уште некој да пише на темава. Филмовиве годинава некако многу се покакани. Не ги бива ама ич. Ќе размислам што да предложам за анкетата што ќе следува, а да не биде ради реда, колку да пополни место.
Го гледав сега филмов и воопшто не ми се допадна. Искрено добиваш впечаток дека гледаш цртан филм. Хипнотизирањето беше смешка. Не ми се допадна приказната воопшто. Очекував дека ќе изгледам нешто како некоја аватура, нешто како Oceans 11, National Treasure... Изгледав нешто што ме потсетуваше на филм со суперхерои... Крш.
Само што го завршив филмот. Ок беше. Ни добар ни лош. На средина некако. Можеби изведбите на триковите можеа да бидат подобри ама што знам. Глумата ок. Очекував да го усерат вториов дел, ама позитивно ме изненади.
Едвај го чекав вториот дел, со оглед на тоа дека првиот ми е еден од омилените филмови. Не се разочарав воопшто, филмот е доста интересен и забавен. Крајот воопшто не ме изненади. Откако го изгледав останав со прашалници бидејќи имаше некои делови не беа добро објаснети и логични. Како и да е, филмот е добар за малку релаксација.
Јас редовно ве читам, ама овој пат ми го погодивте филмот па да прокоментирам Искрено филмов не ми се допадна баш. Очекував многу повеќе, посебно кога видов дека Даниел се приклучува кон кастингот, знаев дека ќе игра некој супер-негативец, ама и од него сум разочарана. Прво не ми се допадна самата приказна и имав чувство како да гледам научна-фантастика,прво со чипот што може да ги хакне сите компјутери, малку невозможно да се реализира нешто такво ама добро. После ликот на Дилан, што реално во првиот дел беше клучен, главен дел од целата мистерија, а тука уште во првите 15 минути го открија и го претставија како ептен глуп, што ми беше спротивно од оној лик во првиот дел и имав чувство како да гледам некој сосема друг. Не го претставија како лидерот што требаше да биде и малку ми ја расипа целата замисла што сама си ја имав направено. После тоа со The Eye и дека Тадеус бил пријател со татко му, хмм ова навистина дојде како plot twist само што ми немаше смисла зашто една година ќутеше и капеше во затвор, кога ете кога-тогаш ќе излезе и таа вистина на виделина. Триковите беа малку разочарувачки, ми се свиѓаше тоа што малку повеќе се потрудија да ги објаснат за разлика од првиот дел, ама затоа реализацијата беше малку нереална. Посебно тоа со чипот и со картата, мислам не е возможно да се изведе такво нешто. Новава девојка место Хенли ми идеше на нерви и нејзиниот трик со гулабите ми падна и смешен дури, смешно-очаен. И не знам зашто додека го гледав имав чувство дека работите се како недокажани. Многу избрзани и ни малку објаснети, па требаше да враќам на делот кога Даниел им објаснуваше зашто му треба нивна помош и пак не успеав да ги поврзам работите. А нити кога заврши филмов не сфатив така да мислам тука треба да го завршат, и да не прават трилогија зашто мислам како идат деловиве така во обид за нешто поспектакуларно да направат, ги укакуваат работите. Првиот дел го имам гледано едно 3-4 пати и би го гледала пак, ама овој не.
Си велам ќе го изледам викендов..мада, шансите да пишам критика се мали. Првиот дел не ме фасцинираше нешто особено и мислам и дека пишав дека не сум сигурна дали би го гледала вториот. Филмот од прошлата недела... што го предложив не ме инспирираше нешто нарочито за да го коментирам, исто така. Ок филмче, ама.. одамна немам гледано нешто што ме инспирира, а да не е некоја серија. И јас ко Лејди,мислам премлаки,предосадни филмовиве се станати. Изгледа сета инспирација,фантазија... во сериите е отидена.
По идеја на @promeneta и yours truly, за наредната анкета сакам да го предложам Enemy (2013). Филм за кој мислам дека ќе има што да се дискутира, кој можеби ќе ви се допадне или можеби нема да ви се допадне, но за кој едно е сигурно - ќе направи да се чувствувате глупаво. Really, really stupid.
Кога треба да се постави нова анкета ? Ќе ги заборавам и филмовите додека да дојдат на ред за анализирање . @RainBow ?