Мулхоланд драјв. (Одамна ми е симнат и никако да се наканам да го гледам и сега скоро читав дека е на листа на трипајли па го предложив поише за да се натерам да седнам и да го гледам. Мило ми е што се фатив на финтава. Добро филмче.) Типична љубовна прича. Барем јас така ја сфатив. Не иде романтиката како што треба и следи крах. Прекрасна неродоследност и шашавост во прикажување на текот на настаните. Два саати се нафрлувани ликови информации кои едвај можат да се поврзат меѓусебно за во последниот пола саат да се спои добар дел од причата и да почне да се разденува. Според мене, хронологијата вели дека овие двеве се пар. Плавата чиее срце е прекршено,нарачува убиство за Црната, која дефинитивно се подјебава со неа. Црната умира (ваљда? , ова уште го немам одлучено, ќе видам во теков на пишувањево како ќе ми дојде). А плавата толку одлепува што пред да се самоубие, се друго си го составува у психа и првите два саати у филмот уствари и не се реалност. Сама таа си прави некоја нова фиктивност како тие се запознаваат од ново, како се заедно... Го зема идентитетот на келнерката од кафетеријата при крај. Во својата фантазија Рита ја прави плавуша со коса како нејзината. Целата аудиција и се тоа уствари Плавушава си го замислува како треба да биде, како наводно неправедно и ја поклониле улогата на Камила, за при крај да видиме дека она уствари не се прикажала во светлото кое ние го видовме, туку Црната била таа што фасцинирала. Може па и Рита останува жива, нели ги носеше парите дадени на тој што требаше да ја убие. Да речеме дека Камила (жива) скроз ја отсекла Дајен па затоа режисеров сака да не наведе дека е мртва, а уствари мртва е само за бившата....хм ... Чекам разјаснувања Кои беа детективие? Каубоецот? Тој типот со чудовиштето и сонот? Чидовиштето? Сината кутија? Што беше со 7кратното убиство за нотесот кај тој у канцеларија?
Баш тргнав да прашувам..никој ли не го гледаше?Сабајлево видов си стои празно... Утре,можеби и ќе гледам коментар да шкрабнам.
Постојат некои „култни“ филмови кои избегнувам да ги гледам, без некоја посебна причина, само ради претчувство дека нема да ми се свиѓаат. Мулхоланд беше еден од тие, па кога го видов на анкетава, си реков „Сад или никад!“, го гласав и пред некој ден, конечно седнав да го гледам. Можам да кажам две работи: прво, бев у право што го избегнував и второ, си ги сакам два иполте саати од животот назад! (Да го глеав у кино, ќе си ги барав и парите назад. ) What. The. Fuck. Дејвид Линч го поштував пред се, ради Твин Пикс, но после гледање на филмов почнав да се прашувам - дали и Твин Пикс беше стварно толку добра или на времето едноставно немаше конкуренција на нашиве телевизии? Се прашувам затоа што некои signature moves на Линч на кои ми текнува од Твин Пикс ги приметив и овде, со таа разлика што овде неописиво ме иритираа. Линч кој е очигледно толку култна личност, што може да направи филм без нарациска целина, приказна, кохерентен дијалог или поента, и пак за тоа да добие пофалби дека направил ремек-дело. Човекот е очигледно отиден толку far up his own ass што мисли дека може да направи ваква каша-попара и да ни ја сервира како француски специјалитет. Е па, за жал, кај мене фолирање не проаѓа. Немам јас проблем со филмови кои се состојат од повеќе приказни, кои на почетокот делуваат неповрзано. Немам проблем ни со филмови кои не се одвиваат по хронолошки редослед. Немам проблем ни со филмови кои наизменично се одвиваа на сон и на јаве. Проблемот што го имам со Мулхоланд драјв е следниов - прво, приказните се неповрзани и до самиот крај не успеваат да изградат кохерентна и логичка целина, и второ, ниту една од приказните ни ликовите не успеа да разбуди интерес кај мене за да бидам во исчекување што ќе се случи. Сфаќам дека финтата беше да биде филмов у ноар стил, као у 50-ите. Ама, не мораа и глумициве да глумат како да се од 50-ите. Црнката, џоа фем фатал, прчи усни и упатува заносни погледи, а Плавата, у стилот на Алиса у земјата на чудата (на оној, првиот филм у боја мислам), со насмевка и благо ретардиран изглед на лицето. Се на се, ужас. И иако е од 2001-ва, филмов изгледаше барем 10-ина години постар - and not in a good way. Дали тоа беше намерно (се сомневам) или не, не сум сигурен, ама не ми остави ич добар впечаток. А приказната... Леле, „приказната“. Линч остава на самите нас да одлучиме што уствари се случува у филмов. А бе, срцка. Океј ми се филмови кои не оставаат да се двоумиме дали на крајот се случило ова или она. Ама не ми се океј филмови у кои треба самиот да одлучам што се случува у целиот ебан филм. Значи, да беше за тоа работата, ќе си смислев сценарио за филм у главава и немаше ич потреба да гледам нешто. Give me something to go on, man! Најпопуларната теорија (а за мене и најлогичната) е дека најголемиов дел од филмот е уствари сон или халуцинација на Наоми Вотс, која у реалниот живот е washed-up, пропадната актерка, која разочарана од сопствениот живот, си се замислува (или сонува) како младата, весела и надежна плавуша која доаѓа во Лос Анџелес за да се прослави. Who cares... Има и други теории од луѓе кои очигледно одлучиле дека два ипол саати изгубени од животот не се доволно, па се решиле да потрошат уште некој плус размислувајќи за филмов. Искрено, до тој степен не ми остави впечаток филмов што не се ни потрудив да ги прочитам. Еве кое е моето објаснување за бесмисленоста на филмов генерално. Првата половина од Мулхоланд Драјв била уствари пилот епизода за ТВ серија која Линч сакал да ја продаде. Меѓу другото, затоа и во филмот има и неколку приказни кои делуваат апла нафрлени и неповрзани со основната приказна - како типот со чудовиштето и сонот, на пример. Пилот како пилот, се состоел од поише ликови и приказни, за кои и самиот Линч немал претстава како ќе се развиваат и во која насока. Арно ама, предлогот за серија му бил одбиен, и он се решил да досними уште еден саат материјал врз веќе постоечките 90 минути - нешто да исфрли, нешто да додаде и све тоа да го спакува како филм. Филм за чија поента упорно одбивал да даде објаснување, оставајќи ни на нас да шпекулираме. Сакам да кажам - ни самиот Линч не знае што точно се случува у филмов и која му е поентата - ама се прави дека знае и дека филмов има некаква поента, а додека гледачите и критичарите од светот се трудат да ја одгатнат, он не гледа од страна и ни се смее. Се на се, мојот генерален впечаток од филмов:
Два и кусур саати со Дејвид Линч ми се премногу. Само некое интервју или кусо видео можам да му изгледам и толку. Не само со него туку и со цела една група „кул“ творци кои увек се фенси да ги спомнуваш оти си страшно паметен и кул така. Филмов го имам гледано и дури на некаде средина ако не и повеќе од средина ми текна. И трагедијата беше што, не мии ни текнуваше како се одвиваше понатака. Е толку ме фасцинирал првиот пат што, нема многу што да се каже за ова гледање освен дека страшно ме напна. Не знам оти го догледав кога знаев уште од сам старт дека ова ќе е изгледа филм за кој ќе се мачам да напишам критика некаква оти нема да имам што да кажам. Сакам само да заборавам. Ми успеало првиот пат,ќе ми успее и сега. Уште во шпицата ми се изгуби интересот. Филмот потсетува на Твин Пикс и некои елементи како, режисерот кому му врзуваат раце и му велат филмот не е твој ме навратија на Јордовски не знам што му била инспирацијата на Линч тука ама, Dune филмот му го имаат одземено на Јордовски човекот се изнамачил да напише сценарио по книгата, има документарец за сето Jordowsky's Dune и ќе го искористам коментарот на Јордовски за Дјун на Дејвид Линч.. вели, откако излегла премиерата син му го терал да одат да го гледаат а он не сакал.Го натерале со сила и вика,одам како мртовец,како болен човек,се влечам, ме влечат оти ова е моето бебе и... почнува филмот и гледам, гледам, гледам,гледам и одеднаш сум среќен, јас сум пресреќен затоа што филмот е живо срање верувам дека Линч дал се од себе и тоа што филмот беше таков не е негова вина него вина на..ју ноу ху,истите што и него не му го одобриле,а му го дале на Линч. Еми.. доста беше. Немам објаснување за ништо од сцените,нејќам ни да се потрудам.
Јас како голем љубител на филмска уметност се срамам што не учествувам во темава Ајде предлози, да пуштам некој муабет. Мојот предлог еднаш беше жално одбиен. Сега веќе неам желба за друг
Филмов го почнав и... го почнав. На тоа остана. Тиња жива. Му дадов околу пола саат од моето скапоцено време што го немав и се покајав. Ужас! Не можам да го анализирам, зашто само малку го ѕирнав. Предлог од моја страна за во анкета нека биде Black Dahlia. Го гледав, ме бендиса, беше замрсено... Интересен.
Мој предлог за нареднава недела - ARQ (2016). Филмче од Нетфликс, со непознати глумци и интересна, иако веќе видена идеја - филмов се случува во еден ист ден кој се повторува. Трејлерот изгледа океј, башка и филмот трае само саат ипол.
Btw, имам уште еден предлог на кој наидов додека чепкав по IMDB. Swiss Army Man се вика филмов и е бизарна комедија. Мислам дека би имало за што да се дискутира.
Ја гласав за Swiss Army Man, ме освои трејлерот ептен : Или ќе биде најдобриот филм евр, или ќе биде најголемото срање некогаш. Не знам, ама сакам да дознаам.
Ој, кој бил тој филм и јас чекав да излезе и мене ми изгледаше интересно,прв пат кога видов инсерти пред некој месец.
Две ствари ме поттикнаа да го гледам филмов – едната беше трејлерот, другата беше review кој го прочитав на IMDB, со наслов „Fart-fueled odyssey“. И сега, откако го изгледав, не сум сигурен од каде да почнам. Филмов дефинитивно не е за секој, ама мене лично ми се допадна. Би можел да го окарактеризирам како траги-комедија, у најдобар случај. Филмов почнува како и секој друг од типот „човек насукан на пуст остров“ – Робинзон Крусо го има Петко, Том Хенкс има топка за одбојка, а Хенк – леш кој го исфрлила плимата – Мени. Но, како што филмов напредува, полека сфаќаме дека борбата на Хенк не е за физичко преживување и спасување од островот, туку е борба од егзистенцијална природа – борба на човек кој се наоѓа сам на пуст остров, среде море од луѓе – кои или се тотално незаинтересирани за него, или не знаат ни дека постои. Интересни ми беа моментите у кои ни покажуваат колку се уствари смешни и бесмислени нашите манири, воспитување и општествени „норми“, прикажани преку детски наивните прашања на Мени и објаснувањата на Хенк. Како на пример, зошто луѓето фрлаат толку многу работи и прават толку многу ѓубре, зошто не е океј да му пријдеш на некој непознат у автобус и да почнеш муабет со него, зошто луѓето слушаат музика на слушалки у автобус и се трудат целосно да ја елиминираат и онака минималната интеракција со другите патници, зошто не е океј да прдиш пред други луѓе, него или треба да се стискаш или да го правиш тоа насамо. Што би рекол Мени, „That is so sad“. That is so sad, indeed. И дефинитивно, впечаток ми остави резонирањето на Мени за ситуацијата на Хенк – „Значи, си избегал од луѓето затоа што никој не те сакал, а сега сакаш да се вратиш меѓу нив, затоа што ти фали љубов?“ Каква логика има ова? – никаква, ама луѓето и нивните постапки се баш такви, скроз нелогични. Позади фасадата од прдешки, а капела песни и комични ситуации и моменти всушност се крие еден тажен филм со тажна и вистинита порака – за пустиот остров на кој се наоѓа секој човек на денешницата, насукан и осамен поради својот страв, срам или добро воспитување, кои го спречуваат да се спаси од островот и оствари контакт и вистинска поврзаност со друго човечко суштество. Ама океј – прдешките и комичните моменти беа одличен баланс на целокупната сериозност на вистинската приказна на филмот. Кога Хенк конечно се „спасува“, а Мени станува безживотен леш, целата комична фасада се одронува, а завесата од гасови се расчистува, оставени сме на крајот со нешто што јас би го нарекол – тажен крај. Дознаваме дека девојката во која беше заљубен Хенк (а која не ни знаеше дека тој постои) е мажена и има дете, дознаваме дека татко му, по првичното олеснување што го нашле син му (иако не ни знаел дека е исчезнат), сеуште го смета за брука и го нарекува ретард и генерално, сфаќаме дека светот од кој Хенк решил да избега на својот пуст остров, воопшто не е сменет. Единственото нешто што е сменето е самиот Хенк, кој повеќе не се срами да прди пред други (пошто прдењето е смешно и генерално закон) и кој не се срами да каже дека најдобар пријател му е лешот кој го нашол и нарекол Мени (само затоа што тоа ќе го направи да биде чудак во очите на другите). Хенк конечно сфаќа дека треба повеќе да се грижи за работите што го прават среќен во животот, а помалку за тоа што ќе кажат другите. Се чини дека само ќеркичката на несудената љубов на Хенк ја сфаќа целата поента на приказната со Хенк, Мени и прдењето – затоа што не и беше ни чудно, а дури и беше и смешно. Ваљда поентата на ова е дека додека сеуште сме деца, знаеме како да живееме и да уживаме у животот, пред возрасните со своето воспитување за тоа што е некултурно, чудно и срамота да ја исцицаат целата радост и живот од нас. Можеби и самиот Мени беше метафора за тоа како у денешно време сите сме мање-више мртви и лешеви, и дека ни е потребен некој у животот (пријател или љубовник) за да не врати во живот и повторно да не научи како да живееме. На самиот крај, Мени, пред очите на сите присутни и на нивно огромно чудење, заминува кон зајдисонцето, како каубоец кој претерал со јадење грав, покажувајќи им дека во животот постои и нешто повеќе од сивилото и мртвилото на кое сме навикнати, а нас гледачите, оставајќи не да размислуваме за егзистенцијалните прашања за кои пишав погоре. Искрено, мене филмов ми беше многу потрогателен и потажен од некои други холивудски бљувотини кои ги продаваат како емоционални драми, како Me Before You, на пример. И мило ми е што Ретклиф, кој иако е супер-ѕвезда, сепак се одлучил да глуми и у некој ваков, нискобуџетен и несекојдневен филм, зашто да не беше он у него, најверојатно немаше ни да чуеме дека филмов постои. Спојлер: ПРАШАЊА После гледање на филмов, ми се наметнаа две прашања, кои иако ич не се битни за содржината и поентата, али мене ме копкаат: Прво, дали Хенк можеби стварно беше ретардиран или со некакви благи пречки во развојот (со оглед на све што се случува у филмов, тоа ми е и те како веројатно) и дали затоа беше толку чувствителен на зборот „ретардиран“? Или едноставно, татко му бил преслободен со зборов додека растел, па затоа така трауматично му делува? И второ, дали Хенк навистина бил изгубен некаде (на остров или во шумата) или целото ова време го поминал во шумичката позади куќата на неговата симпатија, како прав манијак? Она што го прави филмов интересен, барем за мене, е тоа што е тотално непредвидлив – дури и кога ќе си помислиш дека знаеш или можеш да претпоставиш што следува, тој успева да те изненади. А покрај приказната, тука е и одличната глума, како и а капела саундтракот, кој еве, цел ден не можам да си го извадам од глава.
Swiss Atmy Man - mission accomplished. Изгледан. И сега сум збунета. Генерално, ми се допаѓаат филмови кои наликуваат на театарска претстава. Каков што беше овој. Буквално од ништо правиш нешто. Двајца глумци, исклучително добри, би рекла, како за млади луѓе, кои го прават целиот филм. Даниел ни е веќе познат и мило ми е што се пробува во различни улоги, затоа што е навистина талентиран. Освен за глума и од други аспекти. За да ме разберете - кој не го изгледал, да го изгледа неговото гостување кај Џими Фалон и ќе знае за што зборувам. Пол Дано исто ми е познат од некаде, ама тоа дополнително ќе го истражам. Не сум сигурна каде сум го гледала. Музика - полн погодок. Совршено одговараше глупавата а-капела изведба на целокупната атмосфера и расположение во филмов. Сценографија - пустелија. Вода, пуст остров, ѓубре, лепешки... Глума - генијална. Впрочем, Бендер не можел подобро да ја разработи приказната. Што и да кажам, нема да можам да го доловам моето доживување за филмов, ама ќе се обидам. Филмов почна "сериозно". "Сериозно" зашто очекував да биде комедија и очекував навистина да се работи за тип на пуст остров. И да откриеме што се случило и како е нашол таму. И да заврши смешно, како што и се одвиваше. Но, како поминуваше, така на брутално искрен и смешен начин добиваше сериозна нота. Имаше градација и тоа ми се допадна. Приказната мајсторски се надградуваше. Ама добиваше сосема нов правец. Всушност, многу ми се допадна тоа што до последен момент не знаевме како ќе заврши. Необичен пресврт доби и имаше фактор на изненадување. Како збир од клишеа, крајот беше далеку од клише и донесе моќна порака. Кој би рекол? Ми се допадна храброста на Пол и Даниел да се вплеткаат во некој ваков проект. If you know what I mean... Мислам, сите тие прдешки, тапа која отиде во задникот на Мени, неговиот гол газ, еректиран пенис, deep throating на разни реквизити... Алудираа на некои кхм... нешта. Реакциите на Хенк (некои нормални, некои засрамени), неговото облекување како жена, некои геј моменти... Секоја чест. Сето тоа да изгледа забавно и природно. Од друга страна развивањето на ликот на Мени беше многу интересно. Како мало дете кое многу брзо пораснало. Развивањето на неговиот лик се одвиваше паралелно со уназадувањето на ликот на Хенк. И тука доаѓаме до филозофијата на Бендер, или поточно метафората која ја препознал во филмов. Со која целосно се сложувам. Искрено, додека го гледав филмов, нагаѓав што е можно. Како е можно Хенк да почнал да скренува од осаменост, глад и жед. Потоа, кога се најде во дворот на несудената му љубов, почнав да се прашувам дали можеби сонува. Кога испадна дека не сонува, тогаш веќе ништо не ми беше јасно. Од каде излезе Мени? Нели требаше досега да се распадне? Кога се мрднал Хенк? Затоа ми делуваше крајно разумно низ приказната. Дали можеби се работеше за тип со подвоена личност кај кој на крај победува ретардираната половина? #прашањакоимемачат Или можеби треба да ги отфрлиме сите прашања и да го прифатиме крајов на филмов како таков - нелогичен каков што знае да биде и самиот живот и да ја прифатиме пораката и поентата која ги прикажа... Како и да е - одличен филм, со крај што ме натажи.
Swiss Army Man или what the fuck did I just watch. Требаше да истражам малку за филмов пред да го гледам, а јас се залетав малку слободното време што го најдов да го искористам за темава бидејќи цела вечност не сум пишувала. I wasn't ready for this. Дефинитивно филмов е многу невообичаен, особено кога си навикнат само на она што Холивуд го претставува. Кога почна прдењето си реков треба ли ова да е смешно? Па после дојдоа уште почудни работи и почнаа прашањата: Филмов на шала е направен? Како Даниел Редклиф се согласил на ова? Зошто така? Зошто вака? Морам да кажам, мајка ми влезе на сцената кога Хенк ја пиеше водата од белите дробови на Мени и само ме погледна онака really? Ете, дојде и денот кога седам пред компјутер и гледам како еден човек јавнува друг човек и сурфа низ водата со помош на гасовите од другиот. А мислев дека видов сè кога Лео влезе во коњот. Шала на страна, за сериозната страна на филмот, ја сфатив поентата и сето тоа, ама некако очекував дека Хенк ќе сфати дека Мени го прави посреќен од светот надвор и ќе останат да живеат во шумата. Низ целиот филм, сè ме потсеќаше на Малиот принц, ако се сеќавате, баш таков беше, поставуваше наивни детски прашања и на некој начин тој големиот што беше ја сфати другата страна од себе, од што бегал цело време. Не се сеќавам како заврши Малиот принц, ниту пак сум сигурна дека сум ја разбрала ама многу сличен ми беше филмот со неа. А за она што викате, дека преку прдењето и „комичните“ моменти филмот не бил толку сериозен и дека така е подобро, не би се согласила. Некако глупаво ми беше за гледање, непотребно и многу cringeworthy. Можеби немаше да биде филмот толку специјален и уникатен без тие моменти (бидејќи deep life philosophies имаме насекаде), ама OMG IT'S MOVING, сериозно? Спојлер: Едно прашање Зошто се вика филмов Swiss Army Man? Тоа е тоа, ова за мене беше еден многу, многу weird филм, ептен необичен, а и не ни знам дали ми се допадна. Хипнотизирана сум уште од прдењето. Ајде, отидов.
@Lella така се вика бидејќи има едни ножиња Swiss Army, кои имаат повеќе функции: ножички, ножиња, отварач за вино, отварач за шише, турпија, шило, пенкалце итн... Па според тоа - момче за се', ноже за се'. А го собира во џеб и можеш да си го носиш со себе. Мислам дека ја сфаќаш аналогијата.
Од вчера избегавам да напишам рецензија за филмов и се мислев дали воопшто да ја напишам, оти режисерите, од немање идеја што да склопат за филм, направиле геј-некрофилски филм па.. реков дај да видам да не е мојата луда фантазија, и..не. Во статија од Телеграф самите си го кажале тоа, несакајќи направиле баш геј-некрофилски филм. Самиот наводно се развил во таква приказна. Ма иди бегај. Јас не би рекла така, оти,така добро доловиле некои моментчиња со камерата, во таква radiating beauty беше прикажан голиот задник на Мени што...не, не е мојата луда фантазија, оти и немам таква фантазија. Само две сцени ќе посочам... јавањето на трупот и моментот кога ќе се вивнат од реката во која ќе паднат. Филмов ми нема некоја длабока филозофија. Ништо повеќе од ова не ми поттикна,само ме асоцираше на обид да се направи смешно нешто што воопшто не е смешно. Само малку го подзамаскирале сето во една прдечка одисеја, а... зад сето тоа е едно момче со можеби проблем во развојот, кое поради сето омаловажување кое го трпи од татко му кој го нарекувал ретардиран и го прекорувал заради нешто што правел, (но..не приметив да се откри,освен делот дека, момчето се труди да не мастурбира затоа што мисли на мајка му) ...па момчето си нашло труп, па момчето имало цела една Одисеја на истражување на телото на трупот..кое преминало некои граници на нормалност. Нејќу да мислам. Ми се допадна како е снимен филмот, играта со камерата, со оние куси брзи преминувања од сцена на сцена за да се прераскаже приказната, кои излегуваа како некакви набројувања (ме потсети на постари филмови) и покрај се, страшно многу ми се допадна глумата и на двајцата...фацата на Потер беше екстра во оние моменти кога изигруваше некакви смајлиња, емоции но и јас како Лела,не знам како луѓево се согласиле за филмот. Мене би ми било незгодно да се видам потоа во цел филм. Може дур трае филмот да не ми е незгодно..ок,љубов некаква се раѓа меѓуу труп и дечко таму некаде во шумата...наместо да е класична приказна во која Мени само ќе му помогне на момчето да стигне до куќата на момата и ќе ми е незгодно да ги видам тие инсинуации со задникот. Мене ми беше незгодно,мајќе ми. Ама добро, штом само мене ми направиле впечаток..има нешто weird и во начинот на кој јас ги анализирам приказните кои драгите уметници сакаат да ни ги протнат