Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.087
    Пол:
    Женски
    @zhap4e Јас низ цел филм се мислев како им било на премиерата. Сите наседнати во прв ред, дотерани, и casually си го гледаат филмов. Сосе мотори на вода, сосе boners, со сè. Би се закопала во земја јас. :D
     
    На boomsleng, 1209, Madam-A и 3 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    И јас богами, оти..дур го снимале, сигурно не знаеле што се случува:D ама нема како да не го помисли човек сето она што јас го помислив.:D Мене незгодно ми беше да го прераскажам. И не ќе го прераскажувам.Ќе ќутам:D:D
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Лела, у трејлеров со коментари од режисерите, викаат дека сцената у која Хенк му пика копје у грлото на Мени е буквално првата сцена што ја снимиле кога Редклиф се појавил на снимањето. „It was, like, welcome to the set“ - and then we stuck that thing in his throat. :D

    Што се однесува до хомосексуалноста и некрофилијата, да, и мене некои сцени ми беа многу хомоеротични - ама, не ги сфатив баш како геј-љубов кон мртво тело, него поише ми беше као Хенк да се спријателува и заљубува у самиот себе, т.е. се прифаќа онаков каков што е. Пошто нели, Хенк и Мени беа истата личност. А некрофилија ама ич не ми ни падна на памет. :D

    А у однос на немање идеја - морам да се сложам, особено за втората половина од филмот. Идеја некаква имале, само не знаеле у која насока да ја развиваат, нити па како да го завршат самиот филм. Додуша, да бидам искрен, ни ја не знам каков поинаков крај би можел да се стави на ваков филм. :D
     
    На boomsleng, theowndemon, Madam-A и 3 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Само што ми се појави во feed на фејсбук..:D Synchronicity :D:D

    [​IMG]:rofl:

    @Bender Rodriguez разговорите меѓу Хенк и Мени да, и мене си ми беа..разговори на Хенк сам со себе, како кога дете си игра со кукла и си зборува и во нејзино име - си муабети.
    Само, во ситуацијава, не беше измислено другарче, постоеше телото:D постоеше светот на Хенк и постоеше светот на другите кои не гледаа многу нормално на приврзаноста на Хенк кон телото:D
    И..во сите тие разговори, телото беше многу љубопитно:D многу игриво... прашуваше нешта како, дали ако има секс во задникот, значи дека имал секс... имаше ерекции итн. а Хенк беше во стилот :shake: ноу, ноу, немој така, нешто како совеста:D
    Ма, што и да сакале да прикажат, несвесното и кај нив, а и мојот начин на резонирање си кажува нешто. :D Како и да е, има интересни аспекти за дискусија дури и од мојов агол на перцепција,ама..се трудам да не дискутирам оти...форум,секој чита... нека да не им буричкам и нека не ми буричкаат во главата.:D
    Фино е снимен, склопен..смешните делови и беа смешни,бизарните ми се допаdnaа,без оглед што сум гнаслив човек и ми беше гнасно пример кога Хенк ја пиеше водата:(:D ама ова ми бодеше очи ептем.Ми се насади таа слика од сцената со јавањето, не знам оти и сакав да ја изишкам ама не си одеше, продолжија динг-донг да ми прават.:D
     
    Последна измена: 5 октомври 2016
    На boomsleng, theowndemon, Madam-A и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Вчера го гледав филмов. Пола саат откако заврши ви бев скарана што ме натеравте да го гледам, а може и малку си завлече тоа што ми го изругавте мулхоланд... ама после излегов и си купив еден лак за нокти, па ми помина лутината. Фала. Поубав да ви се враќа. Сега пак ве сакам :angel:

    Од срам дека го имам гледано на никој не кажувам. Од трејлерот знаев дека нема да ни тргне муабетот.
    И која комедија побогу? За мене хумор немаше у срањево.
    Ми се свиѓаше поентата и ако бев барем малку под некакви психотропни супстанции може немаше да ми е волку лоша визуелната интерпретација, ама вака трезна и чиста не можам да толерирам колку беше надуван филмов. Океј суштината, океј пораката, океј реплики, преокеј глумата на Хари Потер, ама сепак земено во целина преретардиран.

    Ми делува како да се сакало да се прикаже сека човекот како човек е роб на љубовта, дека сам во вукојебина нема да успее, дека му треба поткрепа, надеж, разговор...со што јас тотално не се согласувам. Дури и режисериве несакајќи се самонегираат и застануваат на моја страна со самото тоа што во реалната слика Мени е мртов, сепак Хенк се праи сам. Остаи тоа што сакаа да изгледа дека дошол до степен да „се дружи“ со леш, сепак реалноста вика дека он сам се спаси, колку и он да не беше свесен за тоа. Искрено јас поише ќе сакав уопште да не постоеше Мени, овој да си халуцинира комплетно, ама никој не ме праша, па ајде ќе ќутам.
    Може па преку мртовечко-живовската комуникација сакаа да кажат дека некогаш „сродната душа“ која ќе те разбере може да биде нешто тотално неочекувано, различно, надвор од прифатливоста...
    Може и муабетов на Сењор Родригез бил целта:
    Седам дома и пишувам коментар пред монитор, а уствари никој не ме сака во реалноста и сум тажна и осамена мома што чека некој специјално да ја поздрави у соодветната тема, свртена со грб на цивилизацијата, гледајќи само во одразот на виртуелноста. Пустиот остров како метафора за опустошеното секојдневие на Хенк.




    Исто. Уште од сам старт ги осетив како претеруваат и они не престануваат низ цел филм. Оно трае и трае и трае и трае и трае и нема крај!
    Стварно ме занима зааааааааааааааааашто толкав акцент имаше прдењето. Не можам и не можам да ги оправдам.

    Скроз геј! Нека не се фолираат дека немале намера за некрофилско-геј филм. У чело им се гледа дека имале. Моеше да го засурфа душекот, но тој не, реши да го јавне у доги стајл, ма ајде. На кој болен ум уопште му текнало на сценава?
    Инаку јас у тек на цел филм ја имаав онаа љубовна тензија и чекав да се залапаат и си мислев дека ако бидне тоа, па згора на се падне и секс, ќе дигнам раце од филмскава индустрија извесно време. Среќа ме поштедија.


    :rofl:

    Дефинитивно филм во кој сакам да ме нема во кастот.
    Ама ваквата феноменална изведба на Даниел пак од друга страна да сум на негово место би ме натерала да го рекламирам филмов на кој ќе стигнам. Тоа што ќе го заебам да гледа срања, небитно, он ќе го види и мојот исклучителен перформанс.
    Мислам, се согласувам скроз со коментаров, сакав само да го пофалам Хари.



    Не ми се верува дека стварно бил ретардиран. Мислам дека несфатеноста од светот го забегала малку. Знаеш она како не можеш да се пронајдеш себеси, ко задњо говедо се заљубуеш у пром квин што не те погледнува па онда несреќен си, се оттуѓуваш со родбињето и технологијата прави сето тоа да е океј, а не е...се супресираат многу работи и на крај одлепуеш.

    О вези второто, истото се запрашав и јас кога видов колку уствари преблиску се до љубената му. Со сликата на позадина ги исполнува сите критериуми за манијак, така што не би ме чудело сето тоа да не било случајно. Ма да искрено мислам дека во целата таа илузија која он ја изгради не бил ни свесен каде е, може не било ни до толку намерно, но потсвесно местото е одбрано ради близината до неа.
     
    На Sky-butterfly, boomsleng, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Нов предлог ми е: perfetti sconosciuti .
    Као блиски пријатели на рандом вечера па ќе си ги тестираат тајните што ги имат/знаат/кријат меѓу себе.

    Не можев да најдам англиски трејлер.
    Више ми е симнат, може да го пуштам да го глеам уште денес...



    п.с. @Someonespecial , види! Нешто италијанско и за тебе, знам си ги поштуеш па изволте, што може ќе ти фати окце :wasntme:
     
    На Sky-butterfly, boomsleng, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Сепак, колку и да ви изгледаше бизарно се' во филмов и колку и да сметате дека бил лош, убаво е што понуди можност за различно интерпретирање, не? Секој од својот аспект, како го гледа, сфаќа, разбира... Тоа за мене не е лош филм. Ама како и да е... :smoke:

    Интересно е како се правиме дека немаме предрасуди по разни теми, а овде за еден филм, нереален, метафоричен, покриваме очи и се срамиме и гадиме од прдењето и геј моментите. :^) Можеби филмов беше и за човечката лицемерност, предрасудите и подготвеноста за прифаќање на различното. Или на она што е дел од нас, како ебаното прдење. |(

    Во секој случај, мислам дека ќе се воздржам од предложување на филм некое време. Чисто за да се поштедам од рембачење. :D
     
    На boomsleng, 1209, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Настрана тоа што ние видовме во филмот, филмот беше добар..:) подоцна можеби ќе се навратам да пишам коментар за ова на Мадам, пошто и она го приметила тоа:whew: Вала богу.:D

    едит Лејди,не геј моменти, некрофилија, Лејди, чиста некрофилија. Имам проблем со темата, ко и педофилија, зоофилија итн.:D Не би да ги прифатам,мајќе ми. Истиве утре ќе направат филм за љубовта на човекот со најдобриот човеков пријател - кучето:D ваљда не треба тоа, таа различност да ја прифатам:D
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Изгледа само јас не го сфатив тоа како некрофилија. :tmi: My bad.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.673
    Пол:
    Женски
    Мадамче, гледан ми е овој ^_^ Не ми бега ништо италијанско кога ќе се предложи :lol: , а Perfetti sconosciuti го видов кога пиша за него една членка што знам и порано предобри европски филмови има препорачувано, @promeneta мислам дека беше. :D
    Ми се допадна ептен, ако го изберете да ме викнете, ќе ви се придружам конечно :wasntme:

    П.С. Овој Swiss Army Man тек сеа гледам дека и тука сте го коментирале... shame on me, изумувам во последно време и да ја читам темава :tmi: Трејлерот само го гледав скоро и ми се чини ко едно од најбизарните видеа што сум ги видела... ама па од љубопитност се мислам да го гледам :?: :D
     
    Последна измена: 7 октомври 2016
    На boomsleng, Lella, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Штом и некој друг ги спомна работите што и јас ги приметив, хух:whew::D
    Фокусот во филмот за мене беше на конфлинктноста во личноста во ситуации кога се бори со нагоните наспроти она што е прифатливо, нормално.. разумот.:) Не го гледам Хенк како некој некрофил,дури нити како геј, туку само како некој кој се бори со своите нагони, учи, експериментира... слично на многумина, кои дури и слично на него преминуваат некои граници на нормалност и минуваат низ истата таа конфликтност со самите себе како и самиот Хенк што минуваше. :) Во еден момент го обвинува Мени, во друг сфаќа дека тој е виновен уствари за сето тоа.. во еден момент поттикнува, во друг глуми жртва, невиност... незаинтересираност... па се впушта и се радува што Мени покажува некаква емотивност. А Мени не постои.
    и силувачот вели дека жртвата била крива оти била сексуљаво облечена, го предизвикувала. :) Целиот тој процес мене ми се допадна како е прикажан во филмот. Хенк се бори со своите сексуални нагони, потреба од љубов, припаѓање итн. Не е за да го оправда човек, ама е за да се разбере таа божемна љубов. Добар дел од работите што беа прикажани во филмот, не беа вистините..беа фантазии. Хенк не беше кој-ти-знае колку оддалечен од куќата на девојката во која наводно беше заљубен. Беше буквално во шумата позади нејзината куќа цц прдењето не ни ми беше нешто што го направиле за јас како гледач да се забавувам и смејам:D поскоро ми беше ко нешто што го направиле за тие да си се смешкаат, кикотат дур снимаат нешто вакво:D еј сега вака ќе направите, трт:rofl: Се беше експериментирање со едно мртво тело. ц :D Сите други муабети ми беа ко дефокусирање:D
    Најдобриот дел од филмот ми беше онаа игра во автобусот:)
    Јас , не се откажувам од филмовите.:P:D
     
    На Madam-A, boomsleng, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Кажете што сакате за Swiss Army Man, али одамна не сме имале толку долгометража дискусија за некој филм. Така да, јас го прогласувам предлогов за успешен (дека мене ми се свиѓаше, не за друго). :D

    А за оние кои мислат дека fart jokes не се смешни:


    Немам предлог за неделава, па предлагам да оди истата листа, плус предлогот на Мадам.
     
    На boomsleng, zhap4e и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.622
    Може јас да дадам едно предлогче ( п.с. го имам гледано, ама сакам пак, па да не го гледам за џабе :lol: )

    The dressmaker

     
    Последна измена: 8 октомври 2016
    На Sky-butterfly, boomsleng, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Се слагам дека е успешен предлог. Оти можам уште да пишувам за филмов:D толку филмови претходно не ме мотивираа за ништо,овој може реферат да пишам. Работата беше што, ми се виде незгодно да кажам абе вие не приметивте тоа:^) ви ги прочитав коментарите и си викам, аман жабооо,толку ли забега :D па коа прочитав статијата викам хух, не е до мене:clap: тамам е. А.м.а. иди па разглабај за темата на форум.
    Има работи кои со презентација би ги разглабала, успорена снимка од сцените:D:D
    на прсти се бројат филмовите што сме ги гледале, а за кои сум сакала да разглабам нешто. Ок предлог:nod: крај краева, и самата чекав да излезе за да го гледам:D
    трт,прт.
    Немам предлог.:)
     
    На boomsleng, Lella, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Анкетата е затворена, Perfect strangers победи, јес :rock:, и пишам анализа, па ако сакате бришете ме, јас не можам да издржам повеќе :lol:.

    На 24.08 сум го предложила филмот и конечно му дојде редот :party: (и откако ги заборавив деталите :lol:).

    Затоа ќе бидам кратка, чисто да не помине мојот омилен филм без да кажам ни збор, иако еден збор го опишува, С О В Р Ш Е Н !!
    Вие што пресно сте го гледале филмот сигурно ќе опфатите се' што ќе заборавам јас, па со задоволство ќе ве читам :).

    Прво, многу се двоумев дали да го гледам оти е италијански, односно не е од англиско говорно подрачје.
    Тоа што го гледав беше најдобрата одлука која ја направив.
    Филмот ми остави огромен впечаток поради тоа што беше брутално реален.
    А најреално од се', беше самиот крај.
    Ама ај да почнам од почеток :D.

    Филмот почнува со спремањето на три парови за вечерата која им претстои и на која вечера треба да ја запознаат новата партнерка на нивниот другар Пепе, Луциа.
    Пред да пристигне Пепе, трите пара си даваат свои претпоставки каква ќе биде сега новата партнерка "знаејќи" го нивниот пријател.
    Но, Пепе доаѓа сам, со образложение дека Луциа е болна.
    Седнуваат и почнуваат обичен муабет, од таа тема на оваа тема, како и во секое друштво.
    Спонтано доаѓаат до прашањето дали имаат тајни меѓу себе, односно дали би се соголиле еден пред друг.
    Така доаѓаат до идеја да играат игра во која секој телефонски разговор ќе го слушаат и секоја порака или e-mail ќе ја читаат на глас.
    Најпрво, сите се двоумат, меѓутоа ако не играат, значи дека кријат нешто, па прифаќаат сите и играта почнува.
    На почетокот пристигаат некои пораки и разговори кои се безопасни, но како играта трае, нивните тајни почнуваат да излегуваат на виделина.
    И не само тајните, нивното пријателство, брак, родителство, предрасуди, се' е ставено на коцка и излегува на површина.

    Интересно беше да се види дека тие што чуваат најголеми тајни и се најголеми "грешници", во исто време и најмногу скокаат по правда, а уствари на виделина излезе само нивната ограниченост.
    На пример, Косимо кој ја изневеруваше свршеницата со две жени, од кои едната е сопруга на најдобриот пријател, а кога дозна дека има пријател хомосексуалец скокна како тоа да е полош грев од неговиот.
    Така е и во реалноста, најмногу лаат оние кои не си ги гледаат сопствените лајна.
    Исто, интересно беше да се гледа и самоувереноста на Ева, оти нели швалерот е на иста маса, па ајде ќе си играме, нема што да кријам.
    Ама факт е дека иако она не крие, сепак швалерот криел нешто, па и' се тресна од глава таа нејзина самоувереност.

    На крајот од играта се' се сруши како кула од карти, нивното пријателство се издиша како балон, се покажаа браковите на стаклени нозе и никој не остана ист како пред играта.
    Некој си го покажа вистинското лице, друг ја покажа жртвата во име на љубовта или пријателството, трет цел живот живеел во лага...
    Но, крајот од филмот за мене беше скроз неочекуван и иако во прв момент си помислив, Боже мој, што е сега ова, во вториот момент сфатив дека тоа е единствениот крај со кој филмот ќе биде реален до болка и нема да остави простор да се прашуваме зошто така, зошто онака.
    Пример, ако не завршеше така, јас ќе се запрашав прво, како е можно 7 луѓе со такви тајни да ја прифатат играта?
    Второ, колку е реално во текот на една вечера да се откријат баш сите тајни?

    На крај краишта секој од нас крие нешто што не сака друг да го знае, колку и да не сакаме да признаеме.
    Јако беше што баш Ева ја предложи играта, баш заради таа нејзина самоувереност, и баш Роко ја одби знаејќи ја најверојатно аферата меѓу Ева и Косимо.
    Според мене, тој уште ја сакаше Ева и затоа одеше на терапија, додека Ева беше спремна да си ги зголеми и градите за својот љубовник, а од друга страна глумеше совршена сопруга и мајка.

    За мене генијално беше што во еден филм од саат и пол се опфатија сите можни односи, однос сопруг - сопруга, родители - деца, снаа - свекрва, односи меѓу пријатели, односи со колеги...
    И тоа така маестрално се скокаше од однос на однос што за мене беше задоволство да се гледа, па и да траеше три часа.
    Најсмешен момент ми беше кога Пепе и Леле си ги заменија телефоните и кога всушност се откри дека Пепе е хомосексуалец, плачев од смеење.
    Глумата беше совршена, спонтана, немам зборови.
    Исто, ниедна сцена не беше случајна, се' си имаше свое место и поента во филмот.
    Моментот кога сите си одат среќни, продолжуваат да се лажат меѓусебно, продолжуваат со нивните лажно розови животи и гаат лажно пријателство, ми беше врв.
    Цел филм беше уствари што би било кад би било, а во денешно време каде вистинското пријателство е мисловна именка богами и во реалноста баш така би било ако би се осудиле да ја играме играта.
    Иако не сакаме да признаеме, во овој живот зависен од технологија, телефонот ни е црна кутија кој содржи податоци за тоа кои сме и што сме навистина.
    Баш поради тоа не би се осудиле да играме и тоа ја дава реалната нишка на овој филм.

    Многу бев кратка џанам, фала на вниманието, чекам ваши анализи сега :hai:.
     
    На papillonP, Lella, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  16. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене после подолго време да прокоментирам.

    Само што го завршив филмот, па додека е свежо да си кажам.

    Филм кој ја отсликува денешницата. Дека сме робови на нашите телефони, се се случува преку нив. Лицемерие какво што има секојдневието. Никој не си го гледа сопствениот живот и сопсвените лај*а, туку секогаш е поинтересно во туѓиот двор. Жално но вистинито.

    За глумата се ми беше ок, некако спонтана атмосвера. Не очекував многу од филмот но ми дојде добро како за промена. Дури сега на крајот имам позитивен впечаток.

    Предлог филм од мене за гледање:
     
    На Lady Phoenix, Madam-A, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Додека го гледав филмов, си замислував други парови како го гледаат и ситуација во која додека приказната се развива на екранот, дечковците/сопрузите дискретно посегнуваат по мобилните и бришат се живо од нив. :D Некако, приказнава е too close to home за огромен број на луѓе и верувам дека филмов предизвикал многу караници кај парови кои го изгледале, од типот, „Дај да видам што имаш на мобилниот.“ :D

    Штознам, можеби е само мојата бујна фантазија. :)

    Кога почна филмов, кога почнаа да се редат ликови и имиња во првите 5 минути – Пепе, Карлота, Косимо, Леле... Си реков – куку-леле. Нема шанси да ги пофаќам сите имиња и ликови у филмов. За среќа, бев грешка, пошто брзо потоа ги сврзав работиве и луѓево, арно ама – со имињата останав скаран. Затоа, ликовите ќе си ги викам по прекарите за стварите кои ги запамтив за нив – се надевам нема да ми замерите. :)

    Филмов ми беше малце мачен за гледање – затоа што Италијаниве зборат 200 на саат, па додека го читав преводот кој се менуваше со брзина на светлината, се мачев да гледам што уствари се случува на екранот. Што не значи дека не успеав да уживам во него, затоа што, да бидам искрен, ми се допадна.

    Приказната по малце ме потсети на книгите на Николо Аманити – многу ликови , комични настани и ситуации на почетокот – а трагична завршница на крајот.

    Но, да почнам со ред. Значи, у филмов имаме три парови: Пластичниот хирург и Психологот, Таксистот и Ветеринарот, Типот со младата јебачица и Жената без гаќички и Професорот по физичко, кој нели дојде сам, без својата партнерка (партнер).

    Нема да навлегувам во приказната, пошто @promeneta веќе дала одлична кратка содржина, него ќе одам директно на некои мои коментари и размислувања.

    Прво, да, интересно ми беше што Психологот беше иницијатор на „играва“, иако не е дека немаше што да скрие, него љубовникот и беше тука, па не очекуваше повик или порака од него. Исто така, интересно ми беше што единствениот човек кој активно се спротистави на идејава беше Хирургот, со најјебачкото име евр, Роко, иако баш он уствари и немаше некоја мрачна тајна. Океј, одеше скришно на терапија човекот, ама со намера да си го спаси бракот, што не мислам дека е толку страшно.

    Второ, интересен ми беше моментот кога „се откри“ дека Типот со младата јебачица, кој го замени мобилниот со Професорот по физичко баш ради неа, е геј. Имаше момент у кој размислуваше што е полошо – да признае дека има афера со младо девојче или со колегата од работа – и сепак се одлучи да остане во улогата на клозетиран хомосексуалец. :D Јако, нема што. Што ти прави пусти страв од жената...

    Трето, особено интересно ми беше што најклошарскиот лик, Таксистот, на кого сите му се потсмеваа на пропаднатите бизнис идеи – испадна најголем швалер од сите. Психологот, иако имаше супер сопруг, со успешна кариера, сепак имаше афера со типов, па дури и сакаше да си ги зголеми цицките за да му го напраи кеифот. But, such is life.

    Не само тоа, туку луѓето за своите гревови и недела многу лесно наоѓаат оправдување и си ги рационализираат, додека туѓите одма ги дочекуваат на нож, без да се замислат дека можеби и тие во нивната ситуација би го направиле истото.

    Сличен ми беше и моментот кога Професорот доби гола слика од малолетната љубовница, а типот чив уствари беше телефонот, беше најгласен у заебанциите на негова сметка. Нешто слично на тоа кога некој ќе прдне у просторија пуна со луѓе -тој е првиот што ќе направи кисела фаца или ќе праша „Што смрди вака, на умрено?“, чисто за да го тргне сомнежот од себе.

    А у контекст на претходниот муабет, зошто Професорот криел дека е геј, траги-комична, но и вистинита, ми беше изјавата на Типот со младата ебаљка – „Скроз го разбирам, јас бев геј само 2 саати и ми беше премногу“. Вистина е дека повеќето луѓе се либерални, се додека не се работи за некој близок до нив.

    Како и во ситуацијата со ќерката на Психологот и Пластичниот хирург – женава е факинг психолог, а нема никаков однос со ќерка си. Од друга страна, татко и, кој иако не е психолог, успева да има и подобар и поздрав однос со неа, и да и даде одличен совет за првото сексуално искуство.

    Без разлика на крајот, кој исто така ми се свиѓаше, за мене и ситуацијава која ја гледавме у филмов не беше толку нереална. Во однос на ова:

    Не зборам за ликовите од филмов, туку генерално, за било која група на луѓе – некои ќе прифатеа затоа што мислеа дека стварно немаат што да кријат или поради преголема самоувереност, дека нема шанси да бидат разоткриени, други – затоа што неприфаќањето ќе ги направеше да изгледаат виновно, т.е. како да кријат којзнае што, а трети, верувам дека има и такви – баш ради онаа причина со сериските убијци кои сакаат да бидат фатени – некои луѓе едноставно се премногу слаби да стават крај на се, дури и кога врската е долго време мртва, па ова ќе им беше добар изговор вистината конечно да излезе на виделина.

    Како што реков, она што го прави филмов одличен, а истовремено и застрашувачки за некои парови, е тоа што е премногу блиску до вистината. А вистината е – дека секој човек има свои тајни, и дури и да се работи за близок пријател или брачен партнер – никој, никогаш не може да биде сигурен дека знае се за некого.Ниту пак, дека сака да дознае се.

    Друга интересна поента е тоа што сите декларативно велиме дека сакаме да ја знаеме вистината, без оглед на се, а филмов ни покажува дека само неколку саати гола вистина се доволни да ја разнишаат довербата меѓу луѓето или да уништат долгогодишни пријателства и бракови.

    Она со што не се сложувам дека вината е во мобилните телефони, или пак тоа дека целиот живот ни е собран во нив. Луѓето лажат откако го измислиле говорот, а вараат откако ја измислиле моногамијата – овие работи не се ништо ново. А мобилниот телефон може да биде недостаток, ако си доволно смотан да си зврцкаш со љубовникот на секое или да си праќаш голи слики, или предност, ако си доволно паметен да ја избришеш пораката или повикот откако ќе договориш средба со него (замислете само колку тешко им било на луѓето да договорат fuck-date пред да се измисли телефонот :D). Муабетот ми е – ако некој лаже и вара, мобилниот му е само современ начин да го оствари тоа што го наумил, а никако и кривецот за тоа.

    Она што јас би го ставил повисоко од чистата вистина е довербата во некој. Не сакам да знам се за некого, колку и да ми е близок, туку сакам да му верувам дека тој самиот ќе ми го каже. Не сакам да морам постојано да проверувам некого за да сум сигурен у вистината, сакам да бидам сигурен и без да проверувам. Затоа што вистината, без доверба, не вреди ни пет пари.

    На крај, прашање до сите учесници у дискусијава – дали вие би се нафатиле да ја играте играва? Зошто да или зошто не? :)

    П.С. @Someonespecial, те чекаме да се вклучиш у муабетов. :)
     
    На papillonP, boomsleng, Sky-butterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Тотално се согласувам со мислењата на Бендерот и на Променетата (патем, многу се радувам што ни се придружи @promeneta), па затоа ќе бидам кратка. Тие се' опфатиле.

    Филмов е ретко добар како за срањата кои искачаат во последно време. И мене ми се допадна. Глумата ми беше природна и спонтана, го имав истиот проблем со брзото зборување.

    Ми се допадна како се' е скоцкано во саат ипол и не е здодевно ниту една минута. Имав проблем со имињата на ликовите, многу ми дојдоа.

    Беа оталикани многу суштински, вечни проблеми помеѓу луѓето. Непспособноста човекот да биде моногамно суштество, потребата од тоа да се знае, истражи повеќе колку и да е штетно, проблемот да се изведе детето на прав пат, потребата да се привлече другата страна, потребата од забранети нешта, потребата човек да се чувствува посакувано, напорите да се биде нешто што не се сака зашто ја сакате вашата друга половина, неспособноста да се прифатат различните од нас, желбата да се биде подобар човек во име на љубовта кон другиот, нетрпението кон свекрвата (вечна борба) и така натаму.

    И не ме вчудоневиди тоа, зашто очекувам од филм кој трае саат ипол да прикаже колку може повеќе различни аспекти на работите и да биде динамичен, особено што се одвива на едно место. Она што ме зачуди е колку храна успеаја да изедат луѓево за една вечер!!! И колку чинии извалкаа.

    Дали би ја играла играва? Да. Немам што да кријам и не кријам ништо од партнерот. Ама ќе треба да биде повеќедневен предизвик, зашто за една вечер е невозможно сето ова да се случи. Или ќе треба да се промени некако играва за да може да ја собере во една вечер.

    @blackpanter филмот сум го гледала и не е баш за во фоајево. Не знам што би се дискутирало.

    Предлог за следен немам.
     
    На papillonP, Madam-A, boomsleng и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.673
    Пол:
    Женски
    Ejjj, конечно Perfetti Sconosciuti, конечно и јас на темава :d:
    Дури синоќа видов дека е изгласано филмчево, па сега најдов време да седнам за асално да го разглобам. :wasntme: Sorry for the delay :D
    Прво пак едно oгромно фала на @promeneta што пиша за филмов по темиве, мислам дека и порано некој од шпанските филмови што ги дознав од тука и ги гледав беше по нејзина препорака, дефинитивно предобри европски филмови препорачуваш, така сум те запаметила :bow: Овој ме привлече веднаш пошто одамна немав гледано нешто италијанско, и навистина испадна ремек-дело, можеби еден од оние што најмногу ми оставиле впечаток за оваа година досега.

    Филмов почнува ептен лежерно и спонтано, си мислиш дека е во стил на Пријатели и оние такви опуштени серии во кои дејството се врти околу едно друштво. Спремање за вечера, озборување на оние што сè уште не се стигнати, па онакви урнебесни италијански одвалувања без влакна на јазик што ме изнасмеаја... :D
    И така сè до некаде 20-тата минута, кога се предложува онаа „интересна“ игра инспирирана од растурениот брак на уште еден нивен пријател заради откриена порака на телефон - имено, секој од нив треба да одговори пред сите на секој повик или на глас да ја прочита секоја порака што ќе му стигне за време на вечерата. Тогаш, филмов од опуштена, навидум и плитка комедија - почнува да навлегува во сите семејни односи, ги разоткрива сите лицемерија и тајни, а и предрасудите меѓу седумте долгогодишни пријатели.

    Играва беше предложена од страна на Ева - успешен психолог и навидум посветена сопруга и мајка, која го отвори филмов со строги прекори кон својата ќерка тинејџерка и загрижен разговор со сопругот околу дечкото со кого таа се гледа. Од нејзините тајни на крај бев најмногу шокирана, ми испадна најлицемерна и најнегативен лик според мене. На почетокот на играта кога открија дека сака да си стави силикони, па останативе ја прекорија дека како психолог треба да биде задоволна со своето тело, ми падна дури жал... не можев да претпоставам што ќе испадне со неа понатаму. И одеднаш онаа сцената со обетките кога така шокантно се откри дека љубовник ѝ е, ни помалку ни повеќе - Косимо, еден од долгогодишните пријатели...

    Најинтересен, најсмешен (во моментите со замената на телефоните меѓу Пепе и Леле), а кон крајот и најтрогателен ми беше моментот со хомосексуалноста на Пепе. Многу ми беше тажен моментот кога преку навредите и дискриминацијата кон Леле додека мислеа дека пораките од Лучио се наменети за него и дека тој е геј, всушност Пепе го слуша сето тоа неприфаќање... особено ме трогна на крај кога призна дека се работи всушност за него и неговото обраќање после тоа.

    Косимо ми беше као типичниот негативен стереотип што си го имаат некои луѓе за еден Италијанец :D - ненаситен љубовник кој изневерува, мачо мен што секако мрази хомосексуалци. И тука е ироничниот момент што останативе пред мене исто го почувствувале... најнеморалниот човек во друштвово, што ја изневерува сопругата со две жени од кои едната е неговата пријателка, а од другата веќе и дете очекува - најмногу се гади од фактот дека еден од неговите пријатели е геј. (facepalm)
    Инаку најпровиден ми беше некако неговиот лик, уште со неговиот темперамент како што беше прикажан од почетокот, се гледаше дека има тајни и дека сценаристот понатаму ќе го наслика како неверен маж, само ми беше шокантна спојката со Ева како што кажав. А за жена му (Бјанка) некако ми беше жал низ целиот филм...

    Tука се и Леле и Карлота со нивните афери, нејзиниот однос и неподнесувањето кон неговата мајка и со шокантната тајна што ја откриваат на крај за човекот што го прегазиле, т.е. го прегазила Карлота додека возела пијана, и по таа мрачна тајна полека им се распаѓа бракот...
    Роко можам да кажам дека заедно со Пепе ми беа најпозитивни ликови - како што кажа @Bender Rodriguez тој не ни криеше некоја посебна тајна, а и со ќерка му имаа здрав, отворен однос како на ќерка и татко од 21-ви век, а сепак одговорен и приврзан со неа.

    Се согласувам и со тоа дека поентата на филмов е поопшта и поуниверзална од онаа клише порака колку може технологијата да ни го уништи животот, приватноста, бла бла... Ова е филм општо за довербата и лицемерието, тајните, човечката способност и покрај своите гревови да впери прст и да ги осудува туѓите - сето тоа прикажано на модерен начин во овој контекст со технологијата и мобилните како „црна кутија“ на сите најинтимни тајни.

    Општо за филмов - глумата ми беше совршена, типично италијански спонтана. Музиката исто ми беше предобра, посебно мелодиите на самиот крај. :inlove:
    Највеќе ми се допадна времетраењето и возбудливоста на филмот за тој саат ипол... и секако - совршено осмислениот крај - целото претходно дејство сведено на „што би било ако би било“ и впечатокот кога после сето тоа што се откри (хипотетички) за нив, тие продолжуваат со својата глума.

    Иии тоа би било сè... :whew:
    Лелеее, колку се распишував иако во мислењата над моево веќе е доловено моето гледиште на филмов :D
    Инаку Бендер ме пресмеа со имињава :rofl:
     
    На papillonP, Madam-A, boomsleng и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.087
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене. Два филма по ред во темава во сезона на тестови - I'm on fire! :D

    Ќе бидам кратка бидејќи сè е кажано. Инаку, ќе ги позајмам на Бендер имињата, зашто стварно ниту едно не запомнив. :D Филмот започна онака, дрн дрн дрн, од тераса во дневна, натака навака... Да бидам искрена, не обратив внимание на почетокот. А после кога ги извадија телефоните, си реков леле и овој филм ли ќе е за телефоните, комуникацијата, технологијата, со text-bubbles на екранот. Ама среќа немаше такви работи, и не се вртеше работата околу телефоните, туку тие беа како симбол за тајните, место каде што се чуваат, црна кутија нели. Мене многу ми беше интересен начинот на кој се разоткриваа. Кога ќе се разоткрие нешто за другиот, одма рипаат, а забораваат за она што тие го кријат. Највеќе ми се гледаше тоа кај Жената без гаќички и маж и'. И двајцата рипнуваа еден на друг, а кога нив ќе ги откриеја д'ткаат.

    Кажавте за Таксистот веќе. Ај што смета дека хомосексуалноста е полоша од неговото плеткање со сто жени, туку и на жената бившиот кога и' пиша, одма се налути, заборавајќи на своите 57 швалерки.
    Ме потсеќа на Man, Woman and Children кој патем беше глупост на векот, со секс сцени на секои 10 минути и пак она телефоните ни го расипуваат животот.

    Интересно беше што Психологот на крај ја спуштија на земја. Мило ми беше што и' се случи тоа бидејќи на почеток интересно и' беше. Швалерот е тука, не можат да ја октријат, ај да ги зафркнеме сите други.

    Инаку, не е дека филмот нема маани. Ги има оние класични ликови: мудрецот (Пластичниот хирург), the bad guy (Таксистот) и геј кој дошол само поради храната. :D
    Интересна беше и Вететинарот, јадната се запусти по Таксистот, а таква наивна look-at-the-moon срцка.

    Инаку, крајот е всушност она што за мене претставува тажен крај. Реалност. Ете, што е потажно од тоа? Сите се на некој начин одвратни да речеме, ама пак кој не е? Насловот баш одговара.
    Одличен филм. Straight to the point, краток, интересен и реален. (y)

    Мислам, нема смисла да одговарам со оглед на моиве години, ама сепак не, I've got too many weird screenshots for that shit. :D
     
    Последна измена: 15 октомври 2016
    На papillonP, promeneta, Madam-A и 6 други им се допаѓа ова.