Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Поздрав друштво.

    Јас после вашите постови и прилично детални раскажувања немам ништо да додадам, освен да потврдам дека филмчето ми се допадна, посебно таа спонтаноста во глумата, едноставно уживав. Дефинитивно европски филмови те.глумци, ми се најдобри. Толку реални и одлични.

    Да одговорам на прашањето на @Bender Rodriguez
    Сега ќе звучи така: а не, јас нема што да кријам, кога ќе се изредиме сите по ред, сите прави и поштени :D... ама, па така е.
    Баш размислував и не најдов ниту една причина зошто би можело да ми е незгодно во таква "игра" сега.
    Ниту комуницирам со мажи за кои мм не знае, ниту некој ми праќа оговарања по пораки. Немам тајни слики, ниту добивам ниту праќам, немам всушност ништо скришно на телефонот. Освен форумов :D
    Ма и за него мм никот го знае.

    Додуша, морам една случка да ја прераскажам. Години, години уназад имав една слична дешавка, само беше фиксен тел.во прашање.
    Седевме дечко ми тогашен, другар и јас и другарката ми звони на фиксен. Арно ама беше вклучена на спикер. Не се сеќавам точно дали телефонот беше расипан па можеше само преку спикер да се зборува или ја ставив на спикер поради другарот кој ја симпатизираше (ако е така, а изгледа тоа ќе да е причината да бидам искрена, тогаш од оваа гледна точка воопшто не беше убаво од моја страна де :tmi:. Таа не знаеше дека е пуштена на спикер.
    Ама започнав муабет со нејзе и таа ме прашува наеднаш: еј, слушна дека Х особа (мојот бивш сеуште непрежален дечко) дојде во град?
    Упс.
    Јас гк- мк, ми застана кнедла во грло, гласовите се стишија, осетив дека поцрвенувам, небото и земјата се отвараат, а другарка ми продолжува да зборува.
    Не се ни сеќавам што точно кажала ама знам дека после нејзиниот монолог на сите им беа јасни моите чувства кон бившиот.
    Што да кажам... таа вечер раскинавме со дечкото...
    АМА ...добра вест:!: после некое време се смирив со оној бивш.
    (Веќе давно е прежален ако ве интересира :D. Или мм ако го интересира, случајно да не чита :rofl:)
    И така... ваљда си ја научив лекцијата тогаш: Кој на друг јама копа сам во неа паѓа :rofl:

    Инаку, ова ми се допаѓа и се согласувам! (Бендер, морам вака да те цитирам, не ми оди цитирањето во редактиран пост):

    "Не сакам да морам постојано да проверувам некого за да сум сигурен у вистината, сакам да бидам сигурен и без да проверувам. Затоа што вистината, без доверба, не вреди ни пет пари."
     
    Последна измена: 16 октомври 2016
    На papillonP, Madam-A, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.459
    Допаѓања:
    42.489
    Пол:
    Женски
    Koнечно и јас ќе се придружам у ќошево иако горе долу се што ми остави импресија вие го имате разработено.

    Прво одличен филм, шлаг ми беше јазикот бидејќи ми е прекрасе. Мислам дека да беше американска верзија филмот не би бил толку добар, од причина што американците не знаат да прават вака одлични спонтани филмови кои ќе бидат толку блиски со реалноста, кај нив се е драматизирање и преувеличување.

    Ликовите беа одлични, актерите беа одлични, стварно ретко се случува филм кој се одвива во една просторија и со толку малку кадри да има ваков квалитет.
    Приказната е одлична од причина што гарант 70% од паровите се во слични или исти ситуации, а продолжуваат да живеат во тој розов свет кој го прикажаа на крајот од филмот.
    Многу реални ситуации и многу блиски до секојдневието.

    Прво сакам Роко и Ева да ги анализирам. Навидум успешен пар кој имаат совршен живот, на почетокот барем делуваше така. Ева испадна најлицемерна од сите зошто се ебе со најдобриот другар на маж и, мислам дека по клише не можеше да биде. Второ, е психолог кој треба да знае од каде потекнува сето незадоволство и тензија во бракот, треба да знае дека таа е проблемот и да проба да го реши, напротив таа избира да ги закопа сите зошто знае дека секој има тајна, а таа самоуверено дека швалерот и е на маса, му праќа пораки и не се ни обидува да си го среди бракот. Односот со ќерката, нула. Роко беше маж на место, иако првично мислев дека тој ќе испадне швалериште, се покажа како најпримерен и најдобар сопруг. Знаеше за аферата според мене и баш ради тоа не сакаше да ја игра играта, за да не ја прокоцка и последната трошка надеж за спасување на бракот и за да не ја повреди ветеринарката.
    Односот со ќерката ми беше многу добро претставен, топол и пријателски, а сепак поучен и заштитнички.

    Швалерот таксист кој изгледаше најзаљубено, а испадна дека е површно гомно, мада за да се ебеш со жената на пријателот треба стварно да си гомно. Уствари тој е типичен претсавник на една група на мажи. Мажи кои си го билдаат егото со швалерисување, кои наоѓаат мирна жена која мисли дека се светци, ја убедуваат дека им цветаат рози во врската, имаат ниска самодоверба дека се помалку успешни од пријателите, па со крадење на жената на најуспешниот се докажуваат колку се моќни, а уствари се палат на ефтини жени кои изгледаат како од порно филм(барем таква слика имам за Марика по описот) Најгласни се кога делат правда и не си ги чистат своите гомна туку ги гледаат туѓите.
    Ветеринарката не беше некоја гласна буква во друштвото, типична млада девојка која до вчера живеела лудо и самостојно и сега мисли дека вреди тоа да го смени за типчево. И мислам дека потајно беше заљубена во Пепе, не знам зошто така ми делуваше, и со бакнежот на крај.

    Потоа другиот пар кој мислам дека уствари реално не се изневеруваа, не мислам дека типчево имаше афера со младата девојка туку дека само си разменуваа голи фотки. Не можам да сфатам дали не призна дека не е геј уствари ради тоа што мислеше дека ова е подобра варијанта или ради пријателот, за да не го издаде. Мислам дека реално можеа да поработат на бракот зошто сеуште немаа срце да се прекпуштат реално во афери, но правеа некои работи кои се почеток на тоа. Интересно ми беше што уствари во сите парови имаа сличен начин на изневерување. Овие двајца со виртуелни фотки, таксистот се ебе со други, а жена му веројатно сака друг потајно.

    Пепе ми беше многу океј типче и жал ми беше во секој момент од филмот за него, од тоа дека не му кажаа за фудбалот, па од тоа дека му префрли овој дека е геј. И јас да сум на негово место не би да го запознаам партнерот со нив.

    Јас можев да замислам филмот да заврши како растурање на браковите и завршување на пријателството. Сепак мислам дека луѓе кои имаат тајни такви би биле повеќе спремни на сокривање, како со резервен телефон, одредени сигнали за кога можат да се слушаат итн, не би оставиле вака на случајност.

    Се на се одлично претставена реалност. Во ваква заблуда живееме сите во денешницава и јас не се ни осудувам да се согласам да ја играм играва. Јас немам реално што да кријам од партнерот, ама не можам да бидам сигурна дали тој не крие нешто од мене, некои работи одбирам да не ги знам. И колку и да е погрешно сите имаме тајни.

    Онака ми се допадна атмосферата и тоа како италијанците знаат да живеат со храната и виното итн. И стварно колку храна изедоа луѓево:D

    Одличен филм, во толку кратка приказна опфатија се што ја претставува денешницава и човековото битие со сите најчести проблеми и односи во еден брак, врска, пријателство.
     
    На papillonP, promeneta, Madam-A и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    Осеќав дека и во олкааав реферат сум заборавила на нешто, а тоа е прашањето на Бендер - дали би ја играле играва. :lol:
    Мојот одговор е - и со партнер и без, не би. :D Воглавно ради слични причини како што рече Лелче, не заради некои тајни туку бидејќи си имам работи што не би сакала да ги дознае цело друштво, како форумов на пример. :lol:
     
    На boomsleng, Lella, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Не успеав да го изгледам филмов. Го симнав па можда утре,задутре. Супер што има доста коментари.:D Изгледа интересна тема обработува а:wasntme::D
    А кај бевте за прдењето,а:envy:]:):D
     
    На boomsleng, Lella, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Реков дека нема да давам предлози, ама наидов на добар филм со контроверзна тематика. Не, не е за прдење. За нешто посуштинско е.

    http://m.imdb.com/title/tt1053424/

    Check it out!
     
    На boomsleng, LivingGlam, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Кога сме више кај Џад Ло, еве еден малце поинаков филм со него, како предлог од мене за оваа недела - Sleuth.

    Филмов е практично театарска претстава, со само два ликови - Џад Ло, како љубовникот и одличниот Мајкл Кејн, како сопругот. Доста невообичаена приказна, интересна и неизвесна од почеток до крај.



    Интересен факт: постои филм Sleuth и од 72-ра (со маалце поразлична приказна од новава), во кој повторно игра Мајкл Кејн, ама во улога на љубовникот, а сопругот е Лоренс Оливие. :D
     
    На boomsleng, Madam-A, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    И мене ми остави убав впечаток филмов. Не очекував нешто посебно, ама замислата за приказната ми делуваше примамлива, а посебен бонус беше тоа што убаво беше доловена.
    Доста е кажано, да не се повторуваме, на кратко само би нафрлала по нешто.
    Самиот концепт на филмот кој претпоставувам сакаше да прикаже дека потенцијален исход ми се бендиса ептен. Тоа прерипување од потенцијалното кон реалното ми беше многу убаво изведено.
    Ако навистина испаднеше да се разотворијат сите, ќе имаше фајде? Што ќе се десеше? Ништо. Некои тајни треба да останат тајни.

    Дали би ја играла играва? Не.
    Дали би сакала да ја играм со задни намери за да откријам нешто ? Не.
    Ни јас сакам да му ја избуричкам на некого интимата ни пак сакам некој мене да ми ја отпреврти утробата. Нема зашто. Сите ние си имаме некаква индивидуална интимност која не му ја должиме на никој. Во светот на фејсбуци и трачарана, најмалку што можеме за себе е да си го искористиме правото на тајни. Не се согласувам дека сме зависни од црни кутии и ред други технолошки направи кои се нарекувани секако само да е во црна боја. Тие се дел од нас и никој на никого не робува.

    Посебно би се освртила на тој типот што побара од гејот да ги сменат телефоните ради психологијата на избирање помало зло. Прифати етикета хомосексуалец наместо прељубник. Вие што би? Мислам дека и јас би играла така. Полесно е да се објаснеш.


    Ако некој мене ме прашува ( а не ме прашува, ама ќе си кажам), јас не би да знам се, не на овој начин, подмукло. Негово право е дали ќе има тајни од мене. Јас сакам да знам секако, ама своеволно особата да ми каже пошо она сака да ми каже. Во спротивно не. Многу почитувам нечија приватност, независно дали е на партнер или на пријател и независно дали е идење на психолог, швалерка, швалер, операции...
    Некој ќе препраша дали и за превара така мислам, ќе му кажам да. Дури и за превара. Ако може да живее со тоа да ме вара, а сепак да легнува до мене секоја вечер, нека. Пак ќе речам секој има право на сопствени избори и тајни.


    :rofl:
     
    На papillonP, boomsleng, promeneta и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Насловов на темава уште стои Swiss Army Man, само за да ја ремети @zhap4e. :D
     
    На boomsleng, promeneta, Madam-A и 4 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Сакаат да ме отворат кон темата. :D Си играат со моите либерални погледи кон светот.:D
     
    На boomsleng, Madam-A, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  10. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Па не беше баш бирање помало зло бидејќи Леле не знаеше дека Пепе е геј кога побара да си ги сменат телефоните :).
    А кога дозна, не сакаше да си го издаде пријателот, се' додека Пепе сам не си ја призна својата сексуална ориентација, што за мене беше плус за тоа каков пријател е Леле, за разлика од Косимо, на пример.
    А тоа што го лажеа за фудбалот ми беше :x.

    Инаку сакам да го предложам Frequencies, чисто некој да ми ја објасни втората половина од филмот :drunk:.

    А и уште го чекам спротивното мислење на @Bender Rodriguez за Enemy :!: :D.

    Поздрав до сите, посебно до @RainBow, ако може нова анкета :D.
     
    На boomsleng, Lella, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Од мене предлог нека биде Dead poets society. Гледан ми е одамна, а појма немам што се работи и ми рекоа да вредело да го прегледам, ама ако не го избереме тука, не знам дали ќе се наканам, па ајде нека го како мала пажња од мене.



    Епа да, на тоа мислев. Откако дозна преќуте, е сега не знам дали тоа беше дека сакаше да го скрие другарот или да се скрие себе. Па тоа сакав и да прашам ама, реално уствари не е ни битна причаната кога више влегоа у каша ама јас си се поистоветив со него зашо во таков случај и за своја заштите сигурно би рекла дека сум лезбејка и го варам сопругот со девојка него ли да се објаснувам за добиени слики од пениси на некој младич. :)
     
    На boomsleng, Lella, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    (y)

    :bandit:
    [​IMG]
     
    На boomsleng, blackpanter, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    Ааааааааааа, многу те сакам мор! :l:
    Прекрасен е филмов, ремек дело... Изгледа стварно сакаш да ме навлечеш на темава со предлозиве :lol: :hug:
     
    На boomsleng, Lella, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Секако дека сакам :angel:
    :hug:

    [​IMG]



    Те сака, твојата М :l:
     
    На boomsleng, Lella, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Значи, те обожавам! Најјака си!!! :rofl:
     
    На boomsleng, LivingGlam и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @promeneta, ако не го избереме Enemy за иднава недела (а искрено се надевам дека нема :D), ќе пишам специјално за тебе у спојлер review за него на темава - ваљда никој нема да ни замери. За филмови што не ми се свиѓаат секогаш пишувам со ентузијазам. :D

    12.jpg
     
    На boomsleng, zhap4e, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Само колку да ја рефреширам темава:D одма после гледање на Inferno 2016:nod: Да го ставам на дневен ред за следна седмица. Малку подранувам,ама....
    Деновиве ќе шкрабнам, можеби за Repo Man. Го гледав уште пред да се изгласа.(y)
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Repo Men

    Иако знаев дека постои, филмов го немав гледано пред да се појави во фоајево и, морам да кажам, дека сум пријатно изненаден и истовремено зачуден од лошата оцена на IMDB. Мене лично, филмов ми се допадна.

    Иако не го бие баш добар глас, ако успееме да погледнеме низ мааните и несовршеностите кои ги има, под површината се кријат доста интересни и длабоки пораки но, пред се, интересен, забавен и непредвидлив филм.

    Repo Men почнува како крвава комедија – сместен во дистописка иднина, во која од банките не ни зависат само финансиите, туку буквално и животот – имено, од некоја непозната причина, скоро секој у иднината има некој вештачки орган, купен на кредит од „Синдикатот“. Финтата е што ако немате доволно пари за да ги плаќате ратите на време, ви доаѓаат извршители, кои си го земаат органот назад. А ако бил некој витален орган, како срце на пример, е па – tough luck за вас. :D Самата природа на работата се чини дека воопшто не им смета на двајцата главни јунаци, кои изгледаат дури и како да уживаат ловејќи ги кредитонеспособните домаќини на органите. Како што вика Витакер – A job is a job.

    Сфаќаме дека филмов е нешто повеќе од крвава buddy comedy со Џад Ло и Форест Витакер у моментот кога ни се открива дека Синдикатот намерно цели на луѓе кои немаат доволно пари за да си ги платат органите, со намера ем да им ги исцица сите пари што ги имаат, ем после да им ги заплени истите тие органи.Баш истата идеја која беше причината за глобалната финансиска криза од пред некоја година. :D

    Комичниот апсект на Repo Men дополнително спласнува во моментов кога Џад Ло е соочен со првата морлна дилема у филмов – дали е подобро да биде извршител, кој насилно и брутално ги запленува органите од нивните несреќни носители или да биде продавач на „полиси“ – тип кој свесно ќе ги лаже луѓето кои немаат доволно пари за некој орган дека Синдикатот ќе им направи модел за плаќање кој ќе можат да си го дозволат. Лично, попрво би го одбрал касапењето – ми делува попоштено и поискрено, ако ништо друго. :)

    На крај, филмов целосно прекинува да биде смешен кога по игра на случајноста (или сепак не?) на Џад Ло му вградуваат вештачко срце. После ова, кај него инстантно се развива емпатија за истите луѓе кои претходно ги ловеше и убиваше и повеќе не може да си ја работи својата работа, а со самото тоа, и да си ги дозволи ратите за срцето. Набрзо, и самиот станува мета на своите довчерашни колеги и својот најдобар пријатер, Витакер.

    Криејќи се од извршителите, запознава девојка која има повеќе вештачки од природни органи, во која се вљубува и со која е решен да му стави крај на Синдикатот и да ги избрише сите луѓе кои имаат вештачки органи од евиденцијата на компанијата.

    Поради ова, се упатува во централата на Синдикатот, барајќи ја розовата врата, позади која се крие серверот и базата на податоци со органите.

    Да застанеме тука за момент.

    Некако, бев убеден дека филмов ќе има трагичен крај. Мислев или дека нема да успеат да излезат живи од зградата на Синдикатот, или дека ќе се испостави дека „розовата врата“ е синоним за нешто, а не буквална врата – нешто, што ќе се покаже невозможно или недостапно за бришење на податоците.

    Делумно бев у право, бидејќи испаѓа дека секој донесен орган мора да се скенира за да се избрише од евиденцијата, што автоматски значеше дека нема да можат да ги избришат сите луѓе од евиденцијата, туку евентуално ќе може да се спаси само себе и својата љубена. Но, и тоа се покажа дека е потешко одошто изгледа.

    Тука доаѓаме до највпечатливата сцена у целиот филм – брутална, крвава, трауматична и, на чуден начин, еротска – истовремено. Повторно, и тука бев убеден дека девојката нема да преживее, зашто реално – кој би го преживеал тоа касапење и буричкање низ внатрешноста на телото. И повторно, не бев у право.

    Потоа, очекував дека Синдикатот ќе мора да ги пушти на слобода по се што се случи, бидејќи технички, откако си ги изскенираа сите могучи органи, повеќе не им должеа ништо. И повторно, и тука не бев у право. Откако Витакер застанува на нивна страна и го убива својот шеф, ставаат бомба во фиоката за враќање на органи и го разнесуваат главниот компјутер.

    После ова се запрашав – немаше ли да биде подобро ова да го направеа веднаш, наместо да се обидуваат да ги скенираат органите додека се во нивните тела? Можеби на тој начин ќе се избришеше и евиденцијата на сите останати луѓе, којзнае.

    На крајот, имаме прилично corny завршница, со Џад, женска му и Форест, како пијат коктели на тропска плажа. Среќен и преочигелден крај? Да, и ја така мислев, се до последниот plot twist, кој ни покажува дека Џад уствари бил совладан уште при првата средба со Витакер, некаде на половина од филмот. Девојката е мртва, а тој е заробен – и приклучен на најновниот изум на Синдикатот – машина наменета за физички онеспособени лица, која им овозможува да живеат во соништата, се до нивната смрт. Секако, за скромна месечна рата. :D Се што се случи и се што видовме – борбата на Џад со Синдикатот, неговото ослободување и на неговата девојка, тропскиот остров – се е само дел од неговиот сон. Овозможено со средствата на неговиот најдобар и налудничав пријател, Витакер. Wow.

    И на крај, филмов не остава со интересна дилема – дали е подобро да се живее во илузија и да се биде среќен, или да живееме во суровата реалност, во која ќе бидеме мизерни?
     
    На Madam-A, Bridget, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Луѓе, кај ве снема? @Lady Phoenix го предложи филмов (па претпоставувам дека го гледала :D), a @zhap4e не подлажа дека ќе пише, а уште ја нема. :bandit:

    Како што ветив (и одма после тоа заборавив :D), краток осврт на Enemy за @promeneta.

    У принцип, немам ништо против двосмислени филмови – филмови кои ни оставаат на нас, гледачите, да одлучиме дали се случило ова или она, или дали крајот е ваков или онаков. Дури, можам да кажам, и дека сакам такви филмови.

    Арно ама, Enemy не е таков филм. Enemy е конфузен, бавен и досаден филм, филм кој не успеа да ме заинтересира и натера да нагаѓам што уствари се случува, па одлучив едноставно да го гледам и да дозволам на крајот режисерот да ми ја објасни неговата визија.

    Све е тоа добро, ама, после саат ипол на тегнење на локумот – филмот одеднаш завршува, исто толку конфузно и нејасно, каков што и беше од почетокот. „Мислеше дека ќе ти се разјаснат работите на крајот? Е па, кој те ебе!“ – е, уште оваа реченица фалеше на крајот од филмот за да впечатокот ми биде целосен.

    Океј е кога после некој двосмислен филм режисерот го прашуваат да даде објаснување што се случило (според него), ама кога режисерот и главниот актер треба да ти ја објаснуваат целата ебена приказна, тогаш знаеш дека нешто не е како што треба.

    А башка, и нивниве објаснувања се леле-мори-мајко.

    Стварно, а truly fucking masterpiece.

    Не сакам филмови кои прават да се осеќам глупо, а уште помалце филмови кои ме тераат после да читам објаснувања за тоа што уствари сум гледал. Мислам, филмови гледам затоа што ми се гледа нешто – да сакав да читам, ќе читав книга, а не сиже на замумуљен филм. А за филмов морав да го направам баш тоа, за да видам на што сум потрошил саат ипол од животов, затоа што освен фактот дека двојникот и Гиленхал се истиот човек, за ништо друго немав јасна претстава.

    Па така, прочепкав по интернетов и најдов солидни објаснувања, очигледно од луѓе кои немаат попаметна работа у животот, кои и сами кажуваат дека морале филмов да го прегледаат по 3-4 пати! за да ги пофаќаат ситните моменти кои ја оддаваат приказната и симболизмот на филмов.

    Е па, ако Денис Вилнев рачунал на тоа дека ќе го гледам Enemy 3-4 пати за да ја сфатам суштината, грдно се заебал, затоа што мене и еднаш ми беше премногу. Ако сметал дека поентата на филмов може да се укапира само со повеќе гледања на филмов, можеби требал да го направи да биде интересен (duh), а не да биде возбудлив like watching paint dry.

    Да беше поинтересен, можда како гледачи ќе се заинтересиравме повеќе, ќе ги пратевме детаљите и ќе ја сфатевме горе-доле приказната. Ама вака, за мене, Enemy е bore-fest од саат ипол (а верувајте, кога гледаш нешто некохерентно и саат ипол делува како вечност) и има исто толку смисла како книгите на Ниче Македон.

    Прочитав некаде дека филмов го споредувале со Memento – демек слична тематика имале, а и слично добри биле. (facepalm) Слични се колку The Godfather и Долина на волците.
     
    На Madam-A, boomsleng, promeneta и 2 други им се допаѓа ова.
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Без навреда, ама @Bender Rodriguez кога ќе препорача филм, мислам дека е најглупавиот од глупавите. Немој да се навредиш, ама изгледа дека различен вкус за филмови имаме.

    Swiss army men не знам ни како успеа да биде гледан. Поглупаво нешто од тој филм што го пуштив 10 мин не сум гледала. Не, не беше смешно воопшто.
    Исто еден друг филм, не се сеќавам на насловот, ама последната сцена е најглупавата можна, а филмот почнува како интересна приказна, ама последната сцена го паѓа цел филм во вода.

    Така да си знам од сега, се што Бендер ќе препорача јас не го гледам :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.