Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    None taken. (highfive)

    Иначе, Swiss Army Man не беше мој предлог. :D

    Ама, од друга страна, ми се свиѓаше, па ова за различниот вкус ти држи вода. :D
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Па изгледа некој тинејџер го предложил, демек добра комедија. Даниел Редклиф ме разочара што се согласил да глуми во таков глупав филм. :)
     
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Пробај вака - гледај ги филмовите за кои ја ќе напишам дека не ми се свиѓаат, може тебе ќе ти се допаднат. :D
     
    На Lady Phoenix и pupi.girl им се допаѓа ова.
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас бев таа што го предложи филмот. На мнозинството не му се допадна. Да, за вкусовите не се дискутира. Беше ставен трејлер, кој првенствено го изгледав и јас. Беше изгласан за гледање. Не беше тоа што се очекуваше од трејлерот, ама ми се допадна сепак. Коментиравме и ги искажавме спротиставените мислења. Битно, имаше подлога за дискусија. А тоа е она што се бара тука. Не е финтата да ставиме предлог-филмче, лимонада и на крај да немаме што да пишеме освен "топ филмче, препорачувам." За таа намена стана темата Последен филм што го гледав... и кратка рецензија. Така што, мислам дека треба повеќе да се ослонуваш на мислењата од таму. ;)

    Овде се бара филм (кој најчесто не е гледан), се гледа трејлер или се чита критика, се гласа, па се коментира.

    Поздрав и кога ќе ти се допадне некој филм кој нема да биде мој предлог, а ќе биде изгласан за гледање - добредојдена си да се придружиш во дискусијата.

    No hard feelings. Ете, не се навредив ни јас.
    :)
    @Bender Rodriguez ќе биде и моето мислење, кај и да е. :D
     
    На senza.parole, 1209, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Филмот ми се допадна. И, за разлика од многу други, скроз се исклучив од несовршеностите и мааните, дури и од естетски некаков карактер:D како, колку неприродна, неуочлива... пар-распар комбинација ми беше Џад со двете девојки.:D Причина беше што, многу ми се допадна приказната, поскоро концептот на продавање на вештачки органи на сиромашните и уште повеќе, оној последен изум над изумите, вештачкиот мозок ли,чип ли... што год, кое ќе им овозможи на луѓето при мртов мозок да имаат соништа,:) сеедно се живи.
    Само по себе ти наговестува... уште колку само луѓе кои ќе изгубат некој сакан, било сопружник, партнер, дете, роднина... би се подлажале да го одржат во живот и да му обезбедат притоа, убав живот, сон..наместо да се откажат од него и да го закопаат. :) Не само што бројот на измамени ќе расте, но и... смртта добива поинаков карактер при таква некоја опција. Нешто како вечен живот, ама ова, вечен сон.:whew:
    Мислам дека некои од погребалните претпријатија ќе треба да поработат на маркетингот после вакво нешто. Како и да е... кога ќе ми текне колку е тешко да се откажеш од саканиот и да ставиш пример потпис на едно пишливо документче со кое одобруваш тој/таа да биде исклучен од апарати, да го закопаш,наравиш споменик и се што ти останува од него е некаква слика на тој споменик.:) Ем језиво, ем не.. кој не би се подлажал во момент на очај, а секако на тој очај би рачунале.
    Ми се допадна музиката во филмот, особено UNKLE и Burn my shadow away, how appropriate за моментот кога се бореа со оние од Синдикатот за да влезат во централата.. мада, искрена да бидам, ваков тип на ха-ху-крц потези и будалаштини..на овие години веќе ич не ми се занимливи и ми се доста смешни:D посебно кога го гледам во кадар прикажан Џад кој,со начинот на кој го доловува камерата:D и не ми изгледа ко некое м'жиште:D ама како и да е, интересен беше моментот кога забави сликата, вклопен со еден дел од песната на UNKLE кога се вртеше во круг со тоа пилата и прсна една линија крв по ѕидот.
    Во многу од моментите од филмот се изненадив како се одвиваа работите:) Ич не го очекував тој крај... иако кај оној момент кога другар му го крена она гигантско парче бетон, што ли беше и тргна да му ја сплексува главата.. додека девојката се пружаше по тоа пиштолот беше малку чуден. Очекував дека ќе го сплеска, дури и да девојката го убиеше другарот... чисто од, залетот, близината... немаше како да не промаши,да не му се цивне главата:D и се си мислев, шансите да некој го преживее тоа се, поима немам ама:D онли иф дер ис ан ејнџел да го спаси, онли ден:D И потоа како го убиле и се тоа... ми беше ко вау, ок,можеби:D ме подлажаа, ми го скренаа вниманието од тоа што го мислев и ептем ме убедија дека можда така е:) се спасил и стварно отидоа. Ама па, знаејќи каква моќ има тој пиштолот, очекував дека другарот бар ќе е мртов..кога другарот се појави, па ме подлажаа и па поверував дека ок,жив е,преживеал тоа пиштолот, као.. карпа е човекот, шо не ќе преживее цц види го, побогу. И веќе кога беше оној момент на плажата кога се префрли приказната во реалноста, со Џад како го прибираат бев:| you bloody bustards:D сите инстинкти ми ги смутија и каша попара ми ги направија..ваљда и на многу други Know-it-alls кои не престануваат да дрндаат по време на филм, со.. еве сеа шо ќе се случи муабети,као демек,знаеме ние.:D Фино. Не мора секој да го гледа. Релакс филмче. Повеќе е за да размислува човек околу што би можело во иднина да се дешава,дали би било човештвото толку лудо?! Ако земете во предвид сета трговија со органи, ако земете во предвид дека луѓе си ги продаваат своите органи за да исплатат кредити, ако земете во предвид дека жени во земји од третиот свет се искористени за пари да бидат ништо повеќе од крави за расплод и сето тоа ни е нормално,бидејќи ипак е со слободна нивна волја и за соодветна комепнзација, без да се мисли на тоа, колку слободната волја игра улога кога двете страни се неравноправни од аспект на социјален статус, социјална исклученост.... иха. Доста за размисла и муабет во некои од другите теми на феминава.

    И тука доаѓам до Inferno, предлогот, кој... исто ќе ве однесе во нешто за човештвото... продужеток нек е за ова.:)

    едит: а да не зборам за демонизирањето на зборчето СИНДИКАТ. и се што тоа треба да значи,а во филмов е.... Хуху! :D Me like.:D
     
    Последна измена: 30 октомври 2016
    На senza.parole, Madam-A, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене со моето скромно мислење за филмов.

    Жапката и Бендерот веќе се’ кажале, па ќе немам многу што да додадам.

    Прво, актерска екипа: го имаме Џад Ло, Форест Витакер, Мелисандре (жена му на Џад, чие име не го научив) и тоа е доволно за да биде филмов добар.

    Џад Ло долг период ми беше еден од неомилените глумци, ни самата не знам зошто. Мислам дека вистинскиот потенцијал и талент му ги запазив кога го играше Вотсон во филмовите за Шерлок, заедно со Роберт Дауни. Имам впечаток дека добро се поврзува со колегите на филмското платно и прави она што се случува во филмот да делува природно. Сме го гледале во најразлични улоги и според мене, секаде се снашол. Има харизма, има некој чуден сексипил и вајб на bad guy во смисла на љубовен аспект, па не е тешко да не можеш да тргнеш очи од него, особено со оној акцент, глас и насмевка.

    Форест Витакер е докажан глумец. И тој се нашол во различни улоги во текот на својата кариера. И како позитивец и како негативец. Ама факт е дека кога глуми, тотално се соживува и се предава на ликот. Особено ми е морничав во улога на негативци, зашто тогаш од него искача нешто лудачко, психопатско, како во филмов. Дали е до фацата, до погледот шантрав, дали е до самиот говор на телото, не знам. Ама изгледа како да го мисли тоа.

    Самиов филм ми е многу добра замисла и уште подобра реализација. Погоре е кажано за што станува збор. Не е дека нема маани. Мислам, зошто луѓето да треба да добиваат вештачки орган, кога од матични клетки може да се генерира тоа што е потребно? И организмот да не го отфрли. Тој аспект воопшто не беше прикажан. Ама најверојатно затоа што тогаш не би било доволно sci-fi и зашто не беше тоа фокусот на филмот. Синдикат како синдикат, демек за народот, а всушност против него. Монопол како монопол - немаш друг избор, животот ти зависи од него, па ако треба и во долгови до гуша ќе се ставиш, само за да се спасиш. Мрачен приказ на иднината, кој беше прилично веројатен. Па и со оние кои беа во илегала и кои сакаа да пребегнат, за да не ги убијат затоа што не плаќале. Истава наша реалност, сместена во малку поинаква иднина.

    Ми се допадна музиката, ми се допадна „сценографијата“, особено приказот на оние квартови, валкани и депресивни, како и сосема контрастните стерилни и минималстички простории на компанијата. Ми се допадна што имаше пресврти, што не знаевме точно што да очекуваме. Првиот шок ми беше кога Џад Ло стана пациент кому му всадија срце. Вториот шок следуваше кога почна да одбива да ја врши работата. Дефинитивно работите не се исти од аспект на извршител и пациент. После тоа, само продолжував да се изненадувам. Што би рекла јас, од еден момент во филмот, све отиде у мајчину. Дефинитивно, крајот не беше нешто очекувано за мене. Ме убедија некако дека Џад прежиева и дека се случуваше тоа што се случуваше до пред самиот крај. Природно некако беше. И таа идеја за живот во соништата, мислам дека Форест, кој беше одговорен за тоа што го снајде неговиот најдобар пријател, зашто го сакаше само за себе, барем толку и му должеше. А дали е подобро тоа или смрт... Па, да речеме дека првово не е трајно и едноставно решение во животот. Тој сонува, а ти живееш на јаве без можност за интеракција, вистинска интеракција со човекот. Исто како да чуваш во живот некој што е во кома и кој никогаш нема да се разбуди. Не знам, можеби самото присуство менува многу. Не би можела да кажам.

    Се’ на се’, задоволна од филмот.

    Патем, едвај чекам да го гледам Инферно, ама за да го ставиме во анкетава, треба да бидеме сигурни дека сите ќе отидеме на кино да го изгледаме. Да беше на торент - ќе беше полесно.

    Јас предлог мислам дека немам. Ќе расчепкам по компјутер, па може ќе се вратам.
     
    На senza.parole, boomsleng, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez , се согласувам со напишаното од А до Ш. Не само што се согласувам, туку и сосема истиот муабет го водевме со мм пред неколку години кога го гледавме Black swan.
    Што филм ќе е тоа кога само авторот си го разбира делото, гледачите кој ги шиша?
    И јас сама напишав дека филмот го пуштив затоа што во коментарот имаше линк од објаснувањето на филмот, инаку на прва филмот е чиста глупост.
    Почнува депресивно, продолжува исто, завршува глупо. Но, објаснувањето јас што го гледав ми се допадна ептен и затоа бев воодушевена од филмот. Инаку во еден момент мислам дека и самиот автор се изгубил во филмот, некако беа нелогично испреплетени професорот и актерот, не се знаеше кој е вистинскиот, а кој фикција. На крајот актерот умира, што укажува дека професорот е вистинскиот, а од друга страна бремената жена беше вистинска, а му се обраќаше со името на актерот?!?
    Нема веза, битното е дека се согласуваме :D.

    Ајде кога сум веќе офф тука, да се надоврзам и јас оти се' заборавам, филмот Butterfly on the wheel ми е гледан одамна и се сеќавам дека многу ми се допадна, посебно изненадувачкиот крај. Сепак фала на предлогот :).

    П.С. И јас не гледам таков жанр на филмови каков најчесто предлага Бендер, во смисла sci-fi, од стрипови итн., не дека филмовите се глупи, туку ЈАС не обожавам, ама рецензиите му ги читам секогаш од почеток до крај и тука, и во другата тема, мора да признаеме дека е неприкосновен во тоа :bow:.
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Замре темава.:)
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Неаме пари за кино Жапке, затоа. :D
     
    На boomsleng, zhap4e и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Кажете, ќе донирам, ќе ве водам групно. :D:tmi: Со оние цени богами, ќе се подразмислам за донирањето:rofl:
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ја имам читано книгата, поодамна додуша, ама се сеќавам на содржината колку-толку и јасно ми е зашто го предлагаш - има интересна тематика за дискусија. :)

    Арно ама, неам време да отидам до кино, и у последно време ретко кој филм успевам наеднаш да го изгледам - ми требаат барем 2-3 пати и исто толку денови. :D
     
    На boomsleng, zhap4e и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez , мислев го има на Пират беј:D.
    И јас сум истата периодов. Ги гледам на пар пати и тоа трае... по пар денови. И исто толку тешко ми е да напишам критика. Се приметува.:D Можда и треба одмор.:whew::D
     
    На 1209, boomsleng, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Го има, ама само у камера снимка. А ја сакам да ја гледам ружната фаца на Том Хенкс у хај дефинишн. :D

    Иначе, ја најдов една листа, демек 15 одлични филмови од 2016-та за кои не сте чуле. И стварно, за 90% од филмовиве не сум чул, али разбрав и зашто - затоа што се од неанглиско говорно подрачје.

    Изгледав еден корејски, ама не сум толку суров да го предложам тука, а симнав и еден друг (кој после корејскиов ми е страв да го гледам :D).

    Филмов се вика Elle и е од Пол Верховен, а иначе е у француска продукција. Трејлерот ми се виде интересен, па ако одговара, може да иде за нареднава недела како предлог.

     
    На Sky-butterfly, boomsleng, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас ќе поминам да го предложам Miss Peregrine's Home For Peculiar Children кој видоб дека искочил на добра снимка.

    Лично, едвај чекам да го гледам, зашто сакам ваков тип на филмови. Башка, со Ева Грин е.

    http://m.imdb.com/title/tt1935859/
     
    На Sky-butterfly, boomsleng, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  15. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Најпрво да ве поздравам:hai:
    Ме нема подолго време на темава, но и покрај моето отсуство, во делот на рецензиите редовно ве следам
    Би сакал да ја пофалам Променета за неколкуте рецензии кои ги напиша пред се за филмот Suffragette (2015) филм кој беше мој предлог, рецензија која ми се допадна, успешно се доловени и прикажани емоциите со кои изобилува самиот филм, навистина ја допрел и освоил филмот Променета за да напише таква рецензија преполна со емоции
    Ве читам во врска со мотивите, желбите за пишувае рецензија и замреноста на темава во тој контекст, и некако се пронаоѓам доста во вашите размислувања, дали е до филмот, времево, немањето доволно инспирација, преокупираноста со обврски во текот на денот - па сето тоа не одвлекува од намерата да седнеме во еден здив да ја напишеме рецензијата за филмот кој не допрел, не инспирирал, да ги споделиме впечатоците, емоциите за нашите доживувања ставови во врска со истиот со останатите членови, се сеќавам на моментите кога темава беше во полн сјај, имаше мноштво дебати, ентузијазам, неизмерна желба за пишување, развивање на продуктивна дебата за различни аспекти на филмот споделни од секој на свој личен - индивидуален начин како што тој го доживеал - перцепирал филмот.
    И претходно сум кажал и сега ќе повторам најдобро е рецензијата да се пишува додека сеуште филмот ни е свеж, сме под импресии, под емоции, доколку се одложи пишувањето на рецензијата за ден два или се пишува на делови мислам дека не е исто, се губи тој жар, елан, мислите поразлично течат, тоа е всушност исто како кога во моментот - поетот или сликарот добива некоја инспирација и наместо да го стави преточи тоа на хартија или на платно тој го одложува за во иднина, тоа веќе е друго, се губи, не може да биде исто и со ист квалитет напишано, насликано, како во моментото кога се добива идејата - инспирацијата. Ќе кажам за мене секогаш кога ги пишував рецензиите за филмовите тоа го правев во моментот додека ми е сеуште свеж филмот, додека сум под импресии, сум останувал и по неколку часови па и до раните утрински часови доколку го гледам филмот покасно и не сум се откажувал, не сум легнувал се додека не ја завршам рецензијата, пишувањето на рецензија иако е "тешко", макотрпно, одзема доста време тоа не сум го доживувал како товар, ми претставува вистинско уживање, бидејќи тоа го правам со љубов како и секој друг страствен љубител поклоник на филмската уметност. Ова се мои лични размислувања со кои не мора секој да се согласи
    Имало периоди кога е предложен некој навидум неатрактивен филм за кој подоцна ќе се развие жестока дебата помеѓу членовите на форумов, таков беше случајот неодамна со филмот Swiss Army Man (2016) кој предизвика огромен интерес и продуктивна дебата помеѓу членовите кој го гледале, иако имаше доста критики во негативен контекст, мислам дека филмот е добар и квалитетен иако не ми е гледан.
    Недостасуваат на форумов мислењата на голем дел од членовите кои беа активни претходниот период, Лела, Јовановска, Јордановска, Саншајн, Мадам А, Капетан Онми, Ливинг Глам, Мароса, Реинбол, Корто Малтезе, Цка, Блек Пантер, 1209, Небесна Пеперутка и многу други, но има и доста членови кои се приклучија со своите издржани, квалитетни мислења како Жапче, Самспецијал, Тикилолипоп, Justbeautiful и други
    Се мислам кој филм да го предложам за гледање оваа недела, помеѓу неколку и тоа : Rise of the Planet of the Apes (2011) еден од најдобрите филмови за 2011 година филм преполн со емоции, Бендер имаше напишано рецензија за филмов и потполно го делам неговиот став, иако ќе кажам дека првиот дел од филмов ми е подобар за нијанса од вториот дел, потоа размислував да го предложам 127 Hours (2010) неверојатнен филм, вистинска приказна, приказна која допира длабоко до срцата на сите љубители на добриот филм, филм со порака и филм од кој гледачот извлекува корисна поука, и третиот кој ми е во игра е филмот Joe (2013) филм кој е доста потценет а заслужува многу повеќе внимание, филм кој ме освои и пријатно изненади бидејќи и многу не очекував кога започнав да го гледам, мрачен, тежок, воземирувачки и емотивен се белези карактеристики со кои во кратки црти би опишал филмот, неверојатни актерски перформанси од самите актери во филмот, едни од најдобрите улоги во досегашната нивна актерска кариера, според мене еден од најдобрите филмови за 2013 година ако не и најдобриот(y)
    Барам мислење од останатите членови кој од овие три филма да го ставам да биде мој предлог за неделава, секоја сугестија е добредојдена и со задоволство би ја прифатил
     
    Последна измена: 6 ноември 2016
    На promeneta, Madam-A, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Луѓе, ќе ставаме ли анкета, ќе гласаме ли, или ќе чекаме @zhap4e да не носи на кино? :D

    Нека идат истите филмови, без Repo Men, плус Mrs. Peregrine's Home for Peculiar Children (2016), Elle (2016) и некој од предлозите на @boomsleng - Rise of the Planet of the Apes (2011), 127 Hours (2010) или Joe (2013).

    Може, @RainBow? :?:
     
    На zhap4e, boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Бирајте некоја недела... и друг филм. Не би истиот два пати:rofl:
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    До кај ми стигнавте вие тука? :hai: :lol:
    Да ме барате ако се избере Miss Peregrine's home for peculiar children или Dead Poets Society, посебно за вториот, пред неколку дена пак го гледав :inlove:
     
    На boomsleng, Madam-A, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ааа, не може така, нарачки не примаме. :D

    Ова е домаќинска куќа - се јаде она што е на маса - нема „Сакам ова, нејќам тоа.“ На кој не му се свиѓа тоа што е сервирано, го праќаме гладен у кревет...
    затоа више и никој не ни пишува у темава. :D ;(
     
    На boomsleng, zhap4e, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.465
    Допаѓања:
    42.503
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Elle ќе те разочара, не е интересен. Онака е морничав од аспект колку можат да бидат расипани луѓето, ама ништо не е изненадувачко, нема мистерија, онака баш е бош. Барем мене ми беше.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.