Океј, значи више ништо да не гледам од таа несреќна листа на „15 одлични филмови од 2016-та за кои не сте чуле“. Ич нема ни да го гледам. Гледаш како ја слушам совети, а не као ти, со X-files? И онака Мис Перегрин ќе да е следен, али има уште 3 дена, па ќе видиме.
Барајќи една анкета налетав на друга...ок, кога веќе сум тука, кажете за кој филм сакате да гласам? Или сеедно, само да гласам..
@Bender Rodriguez да тие листите секогаш испаѓаат многу ,,јаки". Инаку за фајловите може ќе те послушам оти еве и 7 сезона ми скисна веќе...а до 10та, што знам. Мене ми се допаѓа предлогов, секако планирав да го гледам така да ќе се приклучам, мада мислам дека ќе биде лабав филм што нема да даде многу основа за филозофии ама ќе видиме.
Ја прочитав рецензијата за ELLE на @promeneta во последен филм и... ми текна дека уствари имаше простор за дискусија и за тој филм,доколку победеше. Силувањето, одмаздата ете.. што беше прикажано,кој како сфати. Можда јас пак ќе испаднам чукнатиот што видел нешто чукнато (ама интересно де) во филмот.
И јас мислам дека филмот беше чукнат, толку чукнат што ни рецензија не можев салам да составам . А за дискусија имаше простор, посебно крајот, дали беше испланиран или чиста коинциденција ? Како и да е, не е избран, па анализа некој следечи пут .
У принцип, не сакам да гледам детски или анимирани филмови – особено затоа што у последно време ги прават као демек и за возрасна публика. Не за друго, него мојата опсесивна-компулсивност постојано наоѓа недоследности и нелогичности кои ужасно ме нервираат – а секако дека ќе ги има, особено кога се работи за филм за деца. Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children е донекаде исклучок од ова мое правило – прво, затоа што е со Ева Грин, глумица која ја сакам комплетно – која ме освои со убавината у Casino Royale, а со глумата у Penny Dreadful. И второ – затоа што е од Тим Бартон – иако не знам до кога ќе му давам шанси на човеков, кога у последниве 10-ина години нема направено добар филм или поинаков од неговиот (веќе добро познат) шаблон. Очекував дека филмов ќе биде rip-off на Хари Потер, макар што и овој е правен по книга, и – не згрешив многу. Џејк е смотано, пубертетско момче, несфатено од никој (освен дедо му), без пријатели и несреќно. И, на секој можен начин, (под)просечно. Арно ама, Џејк уствари да ми ти бил peculiar (чудноват?), и тоа најбитниот од сите, кој ќе го спаси целиот универзум на другите пекјулиарс и ќе ја ќари девојката од своите соништа. Звучи познато? Тоа е затоа што филмов е практично сите 168 делови на Хари Потер спакувани во еден филм. Да почнам од она што ми се свиѓаше или она што ме нервираше? ... Одлична глума од Ева Грин и Теренс Стамп, Сем Џексон – солиден, а Џуди Денч за жал, ја имаше премалку. Сите други ми беа ништо посебно. Прекрасно снимен, со одлични (фала Богу) специјални ефекти, достојни за 2016-та. Не беше досаден за гледање, иако неколку сцени можеа да траат пократко, ама океј. На крај не сакав да си ги ископам очите со вилушка, што е, претпоставувам, позитивно. Е така. Сега кога ги поминав добрите работи, да идеме на она што моето OCD не можеше да го прости. Прво – пекјулиарностите – мислам, беа која од која, по бесмисленост и нелогичност. Девојка која лебди као балон со хелиум кога не е врзана? Океј. Ама, како тогаш оди со толкава леснотија со оловни Лејди Гага чевли? Девојче со уста на задниот дел на главата? Дете во кое живеат факинг пчели? Девојка која запалува се што ќе допре – освен ракавиците кои ги носи? Се ќе беше у ред (нели, детски филм е), да не спомнеше г-ѓица Перегрин дека пекјулиарностите се пренесуваат преку рецесивни гени. Really? Се прашувам која ли била еволуциската предност за ген кој предизвикува ебани пчели да живеат во тебе? Ако правиш филм за фантазија, тогаш те молам не мешај наука за да ја објасниш – ем нема потреба, ем е тотално глупо. Второ – временските „лупови“. Не знам за вас, ама за мене вечен живот у еден ист ебан ден, у кој секој ден истото се случува, е казна полоша од смрт. Чувањето на деца од лошите Hollows на овој начин е ужасно решение. Океј, живи се – ама, што од тоа? Ограничени се на мало островче у Велс у ’45-та, осудени засекогаш да бидат деца и да живеат живот кој е поише од досаден. Искрено, се чудам како не се мрднале од памет од ’45-та до 2016-та. Попрво би живеел надвор во светот и би ризикувал Hollow да ми ги изеде очите отколку да живеам како децата. Дури и у филмов, кој би требало да биде за деца, се гледа дека децата се мизерни додека живеат у лупот. Трето – трик-прашање – ако Hollows се релативно нова појава, создадени нели од Сем Џексон, дали дедото на Џејк бил пекјулиар и пред да се појават, пошто нели, неговата единствена способност е да може да ги гледа? И како тој во својот ген носел способност да гледа нешто што претходно не ни постоело? Не се мачете со одговорот, очигледно е дека и писателката не се замарала толку со приказната. Четврто – планот на Сем Џексон за бесмртност – really? Значи, не му било доста што веќе еднаш планот со перегрините му експлодирал у фаца, со што станал Hollow, па морал да јаде очи за да стане видлив, туку сака повторно да го примени буквално истиот план кој претходно го преебал. Како е сигурен дека овој пат ќе успее, а не дека пак ќе се случи некое срање? Петто – како на невидливото дете му се гледа облеката, а на „Шупливите“ им е невидлива? Шесто – крајот на филмов – наместо Џејк да остане со својата сакана, он, као некое пиче, се решава да го види дедо си. Океј. Средбата трае нецели 2 минути, у која дедото му го кажува она што секој нормален би му го кажал „Иди кај девојата која ја сакаш и не сери“, и после тоа Џејк патува назад низ времето, од loop до loop, во непотребно комлициран plot-twist, само за да се врати онаму откај што почнал, години и години подоцна. Можда барем успеал да созрее за време на патувањево и конечно да му се спуштат тестисите, па барем патешествието да не му биде џабе. Седмо – врската помеѓу Џејк и Ема – само мене ли ми е awkward сексуална тензија у филм за деца? Башка, што мојата прљава машта се прашува што всушност се случило меѓу Ема и дедото на Џејк и дали љубовта им била чисто платонска или не? Џејк и дедо – eskimo brothers! Џејк и Ема живееа заедно и среќно до крајот на животот (упс, засекогаш! – нели се у loop), а сите други деца продолжија да живеат у мизерија у еден ист ебан ден. Hooray! На крај, ја имаме стандардната клише приказна, у која филмов им се обраќа на оние деца што се у публиката, кои се misfits, повлечени во себе, никој не ги дружи и по малку чудно мирисаат, и им вели – секој од вас уствари во себе крие нешто посебно, нешто скапоцено, нешто што ќе ви помогне конечно вие да бидете главниот лик, а не статист во сопствениот живот, што ќе ви помогне да го спасите светот и да ја ќарите девојката која ја сакате. Spoiler alert: не, нема И така, добиваме некоја чудна мешавина од бајка, мрачни Бартоновски елементи, комични Бартоновски елементи, љубовна приказна, семејна приказна, приказна со time-loops и патување назад низ времето, за кои ви е потребно познавање од Ајнштајновата релативност за да ги пофаќате, све у едно. Филм кој не е баш за деца, а не е баш ни за возрасни. Па оттука, ми се наметнува прашањето – за кого е наменет филмов, уствари?
Аааа, што вака само еден пост за филмов? Денеска гледам на двапати таг на фејсбук од луѓе што иделе во Синеплекс, па ми текна на темава и дека реков и за ова филмче ако се избере дека ќе пишам... па еве конечно седнав Доста одамна немав гледано ваков филм... и се израдував одма кога го предложија тука, бидејќи ептен ми се допадна. Посебно тазе впечатокот после самото гледање ми беше супер, ми ги задоволи очекувањата што ги имав откако пред некој месец ептен ме привлече трејлерот. И осеќам дека доста поблага од @Bender Rodriguez ќе бидам во коментирањето на филмов Miss Peregrine's Home for Peculiar Children и мене уште со насловот и трејлерот ми асоцираше на Хари Потер, а додека го гледав малку и на Волшебнички ме потсети (а серијава своевремено ја обожавааав ), само со доста поизразени визуелни ефекти. Кога сме кај визуелните ефекти - многу ми се допаднаа, како и сценографијата (онаа куќата кадешто престојуваа и природата, ептен бајковидно ми беше ) и костимографијата. Омилен лик ми беше госпоѓицата Перегрин и мислам дека тоа колку ми беше прејака нејзината улога, и секако фантастичната глума на Ева Грин (колку само ѝ прилега улогава и колку добро ја долови ) - ми е најголемата причина што толку ми се допадна филмот. Џејк и Ема ми беа онака симпатични... исто за Џејк ми беше онака cute тоа како го претставија како аутсајдер на почетокот (и покрај тоа што е клише ) и неговата посебна врска со дедо му. Само што на почетокот имав очекувања дека малце поише ќе го развијат неговиот лик, дека подлабоко ќе го претстават како исклучително интелигентно дете... ама океј, може да пројде Во врска со дејството, беше мистериозно и интересно првата половина од филмот (пред да се разоткрие опасноста со чудовиштава), потоа беше во глобала динамично, ми го задржа вниманието. Единствено што и јас го приметив како нелогичност е она околу намерата на Барон да ја грабне Перегрин, разбирам за очите од необичниве деца дека ги враќаа „празните“ во човечки облик, ама цело време ми беше нејасно зошто пак со птицава сакаа да го повторат експериментот што уствари ги направи чудовишта. За другиве прашања Бендер алал да ти е како ти истекна, посебно третово ми беше mind=blown Јас поише ги гледам онака во go with the flow стил ваквиот жанр на филмови, битно ми е да ме понесе во светот на фантазијата - а за тоа ми беше погодок филмчево. Плус и патување низ времето како еден од мотивите во тематиката обожавам во секаков тип филмови (не само фантазии и вакви полу детски, туку и во мистерии), па затоа ми беше ептен солиден. Епа толку од мене за филмов, да не заборавам уште да додадам дека музиката исто ми беше прикладна и погодена, особено се заљубив во песната на крајот од Florence and the Machine, совршена ми е.
А баш сакав вчера да пишам у темава. 7 души гласале за филмов, а едвај две мислења се собраа за недела дена. Значи, овие од Пустец начисто ја запустија темава. Ај барем уште еден нека пише па, ко што викаше Амди Бајрам, да бидеме тројца.
Ај јас вака на поминување кога веќе никако да се наканам да го гледам филмов, барем да бидам корисна и да оставам неколку предлози за следна анкета, па ако го стигнам да го гледам овој во меѓувреме, ќе се вратам пак. 10 cloverfield lane 12 monkeys movie The man who wasn't there и сеа ова не знам дали е предлог, вие одлучете: Social network - добро што е со филмов што го среќавам на многу watch-листи? Никад не ми бил привлечен да го глеам... добар е за дискусија? И на овој Boyhood исто така налетувам често, па што знам, може има нешто у него.
Вака-така и јас станав жител на Пустец. Ама стварно немам инспирација за дискусија. Го предложив филмов со надеж дека ќе биде магичен, добар, интересен. Учеството на Ева Грин многу ветуваше. Ама ова е доказ дека кога некој филм не чини, џабе се и одличните глумци. Пола филм ништо магично не се дешаваше, во втората половина се испослучија доста работи, ама не бев импресионирана. Очигледно, тешко е да се направи асален филм во последно време. Уште го чекам Инферно да излезе на торент. И ако и тој ме разочара, ќе кренам раце од возбудено очекување на идни филмови. Доктор Стрејнџ позитивно ме изненади, ама не е филм за во фоајево. Од мене нема предлог овој пат. Сам себе се разочарувал е работава.
И јас , какви ли очекувања имав за филмов. Го пуштив и го догледав со паузи. Незанимлив и некако чуден. Чат-пат језив Не ми е по мој вкус, и ко да не ми е од Тим Бартон. А јас го обожавам . А и за деца, секако не е. људска машта, може свашта Дајте друго дете, толку.
И јас сум од тие од Пустец. Уште не го изгледав филмов. Можеби денеска, утре. Страв ми е дека можда ќе се разочараш, Лејди, од Инферно. Мада има добри работи, интересни... има тема за дискусија, али..... сепак. Филмовите немаат веќе тоа што имаа порано.
Ај вака сеа : 10 cloverfield lane - ужасен до степен што сакав да си ги ископам очите со виљушка 12 monkeys movie - у секое време, макар по 100-ти пат го прегледувал The man who wasn't there - Coen brothers... Не знам, ги немам гледано а и не ми делуваат нешто привлечно... барем првиов. И кога сме више кај автобиографски филмови, вчера го гледав Snowden - не е некое ремек-дело филмов, али можда ќе има тема за дискусија. Секако, ако се вклучи поише од еден член нареднава недела.
Може јас да додадам еден на листата кој го гледав последен и ми се допадна, не е кој знае колку маестрално направен ама има простор за дискусија од аспект на моралности. Don't breath. A друг кој исто ми се допадна е Whisky, tango foxtrot, нема висока оцена ама мене ми беше доста интересен.
Наминав у темава за да пишам дека Inferno излезе на асален торент и да предложам тој да оди директно за коментирање, кога гледам - анкета имало! Ај ако не, нека стои идејава за наредната недела. @zhap4e? @Lady Phoenix? Пустец? Anyone? Се слагате?
Ако, ако. Пустец се слага. Бар го гледав. Овој од Лејди... ќе почека некој ден, недела. Ние, старите луѓе...
Епа ајде нека оди Инферно, анкетата ќе ја оставам отворена, па изгласаниот предлог ќе биде следен. Го ставив да се симнува, се надевам ќе стигнам да го изгледам. Иако Том Хенкс никако не можам да го сварам како Ленгдон.
Па, хооо! Инферно! Ама @zhap4e ми рече да не се палам многу, не бил толку добар. Како и да е, се слагам!!!