А, бе... арен е па ти. Само не оди со пре-high hopes Оти знам дека се' се откажуваш од Холивуд и филмовите, затоа. Иначе е ок. Да стигнеме да го гледаме па да го коментираме,.
Во право си @Lady Phoenix ,не е добар.Цело време имав впечаток како да се дави дури глуми,не знам зошто. И книгата е подобра ,секако..
What. The. Fuck. Кога би морал да го опишам Инферно со еден збор, би рекол дека е тешко срање. Океј, тоа се два збора, ама што да правам кога само „срање“ не го доловува целосно. Постои одреден проблем кога имаме франшиза или серијал во која истиот лик го спасува светот одново и одново. Ако се работи за тајниот агент Џејмс Бонд, може да замижиме на едното око и барем да си речеме „Океј, but that’s his day job“, ама кога се работи за професор по симбологија кој го спасува светот, не еднаш, не два пати, туку три факинг пати, тогаш е време да се запрашаме што не е во ред со светот во кој живееме – или светот во кој живее тој. Но, ова е најмалиот проблем на Инферно. Да почнам од актерската екипа, сценариото и режијата. Глумата од сите актери во филмов е млака, безживотна, без ентузијазам и без емоции. На чело со Том Хенкс, кој делува изморено и незаинтересирано – делува како да се појавувал на снимањево само за да си го собере чекот од платата и ништо повеќе. Второ, недостатокот од добри актери. За разлика од претходните два дела, во кои ги имаме Одри Тоту, Жан Рено, Иан Мекелен, Јуан Мекгрегор и сл., овде немаме ниту еден добар актер (освен ако Хенкс не се рачуна за добар), со исклучок на данската глумица која ја глумеше Елизабет Сински и индиецот кој го глумеше Провостот – но, и нивните актерски способности не беа доволни да ги спасат ликовите од безживотното сценарио. За сценариото – ги имам читано сите книги од серијалот и можам да кажам дека за претходните два филмови немав некои забелешки за сценариото – адаптацијата книга-филм ми беше мање-више океј. Што не може да се рече и за Инферно. Не знам, некако добив впечаток дека премногу работи се напикани во премалку време, и покрај тоа што филмов трае 2 саати. Се чувствував како постојано да сум бомбардиран со информации и ликови, кои немав доволно време да ги сварам и проанализирам, и на крај – за ништо и никој не ми беше ни гајле. Освен тоа – дали само мене ми се чинеше како филмов да ја смета својата публика за ретардирана? Имаше ли потреба, сериозно, толку пати да се повторуваат истите ствари, да се објаснуваат plot-twist-овите, како да сме мали деца? Да, филмов изобилува со пресврти, но не се некои mind-shattering ствари кои не можеме да ги сфатиме и без режисерот да не држи за рака цело време и да не гали по главчето. Сериозно, се осеќав како да седам до оној тип у кино кој откако на платното ќе се појави лик кој претходно загинал ќе те буцне со лакт и ќе ти рече „Еј, абе овој уствари не е мртов, него намерно си ја излажирал смртта“. No fucking shit! Као, фала ти, немам очи за и сам да видам и сфатам што се десило. Само што Captain Obvious у филмов не е некој тип што седи у кино до тебе, туку тоа се сценаристот и режисерот. Она што најмногу ме потресе у филмов беше крајот. Не сакам да бидам оној тип на asshole и паметњакович кој секогаш ја споредува книгата со филмот и победоносно прогласува дека книгата е подобра, ама у случајов морам тоа да го направам. Книгата ја читав пред 3 години и веќе скоро на ништо не се сеќавам – освен на крајот. А крајот го запамтив затоа што беше толку добар и толку неочекуван. И баш поради крајот мислев дека и за филмов ќе има одлична подлога за дискусија у фоајево. But, no. Ако некој планира допрва да ја чита книгата, тогаш нека го прескокне наредниов дел. Спојлер Имено, книгата завршува така што WHO и Лангдон сфаќаат дека Зобрист веќе го ослободил вирусот – кесите што ги наоѓаат во античкиот резервоар за вода биле растворливи во вода и се раствориле недела дена пред овие воопшто и да дојдат до локацијава. А објавувањето на видеото на Зобрист било предвидено да се случи на датум кога по неговите предвидувања вирусот веќе се раширил низ целиот свет. Друга работа – вирусот не е некоја смртоносна комбинација на сида, Марбург и денге-треска, како што е опишан во филмов – напротив, многу поелегантен и погенијален е. Вирусот е дизајниран да предизвика генска мутација кај третина од населението, со тоа што ќе ги направи да бидат стерилни. И тоа е тоа. Никој нема да умре во одвратни маки, никој нема ни да примети дека е заразен – едноставно, способноста за репродукција на човештвото ќе биде намалена и со тоа ефективно ќе се изврши контрола на зголемувањето на популацијата. That’s it. Земајќи ја во предвид главната премиса на филмот, а тоа е пренаселувањето на Земјата и прекумерното трошење на ресурсите, крајот од книгата има и повеќе смисла и поголема тежина. И не само тоа, туку крајот од книгата ни овозможува ако не да го прифатиме, барем да го разбереме Зобрист и донекаде да го оправдаме неговото решение за нешто што навистина е проблем, и на денешницата, а особено на иднината. Решението на Зобрист е можеби и најхуманиот и најфер одговор за проблемот со пренаселеноста – за разлика од Кина, на пример, во која само богатите можат да си дозволат повеќе од едно дете, во сценариото на Зобрист одлуката не е ставена во рацете на еден човек или институција, туку за тоа одлучува непристрасноста и произволноста на вирусот. И да, ова решение е и логично и хумано, и да беше претставено во филмот, ќе имаше одлична подлога за дискусија – дали истото е оправдано или не. Но, не. Наместо тоа, Зобрист во филмов не е претставен како гениј, визионер и хуманист, туку како ламберсекшуал хипстер, чија мотивација не е различна од онаа на најобичен терорист, кој во рацете има биолошко оружје. На сличен начен се претставени и Сиена и неговите други следбеници, кои фалеше уште да викаат Zobristu Akhbar! пред да се дигнат во воздух и да го заразат светот со неговиот смртоносен вирус. Едноставно, не ни е оставен простор да сочуствуваме со Зобрист и неговата идеја – затоа што тој е претставен како луд научник, а неговото „решение“ како нехумано и сурово, како the final solution на Хитлер. Сеќавајќи се на крајот на книгата, со нетрпение го очекував крајот на филмов и финалниот мајндфак од пресврт. Чекав, ама не дочекав. Наместо тоа, го наоѓаат кесулето со вирусот на време и глобалната криза е спречена. Лангдон го спасува светот, повторно. The end. Морав да ја спомнам и книгата, иако овде би требало да го дискутираме филмот. Морав, затоа што сакав да им стане јасно и на оние кои не ја читале колку поразлична и помоќна порака имаше крајот на книгата, за разлика од крајот на филмот. И колку подобар ќе беше филмот, само доколку не го сменеа во холивудски булшит хепиенд. Можевме да дискутираме за моралната оправданост на решението на Зобрист, а вака ќе мора да дискутираме за тоа дали Том Хенкс имаше поретардиран израз на лицето во првата половина од Инферно или во Форест Гамп. Thanks so much, Hollywood! Спојлер
Јас дојдов на гости со негледан филм, длабоко се извинувам. Навистина немам време да го изгледам, а по мислењето на Бендер погоре, немам ни желба. Имам спомнато дека Том Хенкс ми е интересен како актер, иако има луѓе што го мразат од срце. Баш ми одговара за Ленгдон мене, барем во претходните два филма, ја има фацата на збркан човек што одвај сфаќа кај се наоѓа, баш како во книгите. Има причина зошто оваа книга ми се допадна повеќе од другите во серијалот. Сите се пишувани по ист план, Ленгдон и женската се борат против некој опсеснат со нешто (the bad guy) и на крај успеваат да го спасат светот. Во последната книга го прекршува ова правило, добрите стануваат лоши, лошите добри бла бла... И што е најинтересно, излегува дека сè што се случувало дотогаш било џабе. И крајот беше неочекуван и навистина добро испланиран. Затоа ми се допадна, бидејќи го очекував истото, досадна приказна со трчкарање на збунетиот Ленгдон наваму-натаму и секако во последен момент се спасува сè, ама не. Се изненадив многу, ми остави добар впечаток тоа. За сега како што разбрав да биде сменет крајот!? But why? Што му фалеше на тој од книгата? Мислам дека одлично заврши. Дури јас, на почетокот, која го мразев Зобрист (изопачен ум, опасност) стигнав да се согласувам со него и неговото генијално решение на крајот. Знам дека немам право да зборувам бидејќи не сум го гледала овој филм, ама врз основа на претходните два, мислам дека не е лесно да се пренесе книгата на платно. Дејствата во книгата се случуваат за најмногу 24 часа, и има премногу настани, но Ден Браун некако успева да го смести така што да не е премногу. Но книгата е 400 страници, кои ги читаш за 3-4 дена, а филмот трае 2 часа. И не знам зошто упорно секоја книга му ја прават филм кога не се баш компатибилни. Патем, нека не се ни трудат со Загубениот симбол, дури и книгата ја оплескаа на крај. Таа е жртвено јагне на Ден Браун да му се искупи на Ватикан. Залетав ептен надвор од темата. Сепак, колку и да е клише, книгата е секогаш подобра од филмот. Тоа е од мене, мислам дека оние што ги читале книгите би се согласиле дека во ниеден филм за книга од Ден Браун не е доловен неговиот стил, cliffhangers and all...
Дали сериозно тоа го направиле? Епа @Bender Rodriguez фала ти што ми спаси два саати, no way jose да трошам време на ова нешто што го нарекле адаптација на книга. Како можеле крајот таков да го направат? Па која е смислата тогаш? Генијалното нешто од книгата го уништиле човече, па дали тие што гледаат филмови ги сметаат за подпросечни суштества што не можат да сварат нешто друго освен хепи енд? Филмов очигледно само за пари е и ништо повеќе. Не, благодарам. Ова ко child 44, и таму беше уништен твистот, ама барем Том Харди вредеше.
Јас секако решив да го гледам овој дел, зашто другите два ми беа гледани. И колку што ме држи сеќавање (а да не се лажеме, на ништо не ми текнува, само впечатокот ми останал), тие се прилично интересни. За овој што да кажам - исто што и Бендер во однос на глума и актерска екипа. И мене Том Хенкс ми е ок глумец, не сум од таборот што го мрази. Ама овде беше како без душа. Сиена ми беше тотално антипатична, а Зобрист баш хипстер. Идејата и замислата биле добри, ама реализацијата - средно жалосна. Пола филм умрев од досада, никаков поттик, никаков интерес не побуди кај мене, а остатокот ми беше многу предвидлив. Отстапувањето од книгата не знам како да го објаснам. Сакале баш комерцијален холивудски крај да му стават на филмов, јер ако не е нешто смртоносно, не е доволно апокалиптично за гледачите. Апокалипса мора да се изедначи со драматична смрт. Изгледа мислеле дека нема да го постигнат тој wow ефект ако оделе по крајот на книгата. Што и вака не го постигнаа, ама нема везе. Сакав уште малку да промрчам, ама ај. Може ќе се навратам.
Е да бе, ме наместивте мене као заморче да го гледам, па откако реков дека е срање, сеа никој нејќе ни да се замара. Ааа, од сеа следните филмови ќе ги фалам до небо, да се заебе и некој друг освен мене. Него, Пустец и дијаспората нешто многу тивки...
Јас намерно не читав шо пишавте, за да го гледам. Се ЗАреков Видов само нешто тук-таму, срање,низ постовите....Ама, како да не сум видела.
^^ Од иста причина не ги читам критиките. Оти, па, се случува да не ми совпадне доживувањето на филмот со тоа на другите.
Ај вака јас не разбрав. Некој нека го објасни крајот на филмот убаво. Колку што сфатив, направиле да биде некоја многу смртоносна болест налик на чумата што ја баеја цела книга, и после го извади ќесето од водата Ленгдон и го спасиле светот од злобните раце на Зобрист? Ако е така, тогаш што стана со Сински и Сиена? И со светот? Јеј, го спречивме единственото нешто што ќе нè спасеше од изумирање. Хепи енд! Ме интересира зошто Ден Браун се согласил на ова? Nevermind, ми текна.
Спојлер Вирусот стигаат да го сопрат на време и да го изолираат, Сиена доживува Allahu Akhbar момент и се саморазнесува, обидувајќи се да го детонира вирусот, Сински и Лангдон си намигнуваат како Хорхе и Обама и најверојатно после одјавната шпица имаат awkward геријатриски секс. Светот е спасен од катастрофалниот, лош вирус. The end.
Додека не се извеам, да поминам и да кажам дека гледав многу добар филм со основа за дискусија како порано. Па да го предложам тука http://m.imdb.com/title/tt4520364/
Луѓе, што се деси со фоајево, еј? Инферно ви ја утепа желбата за гледање филмови, изгледа. Ајмо - предлози, анкета - нека се дешава нешто.
Јас имам предлог филм, Train to Busan. Не е Холивудски, а со безброј одлични рецензии и многу 'нај' придавки: најдобар филм од својот жанр годинава, нај ова, нај она... На сите можни странски филмски страници ми се има појавено како must watch, сега видов дека е достапен за download, па доколку има заинтересираност да го гласаме. Јас секако ќе го гледам, па после може да споделиме мислења. http://www.imdb.com/title/tt5700672/?ref_=nv_sr_2 https://yts.ag/movie/busanhaeng-2016
Колку што знам, после Инферно требаше да го гледаме филмот што го изгласавме со анкетата. Значи Snowden.
Сноуден Не знам што можам да коментирам околу филмот, освен да е прекрасен и храбар потез всушност да од вистинската случка, и тоа она која се уште е активна и актуелна, да биде екранизирана. Тоа ти се вика демократија Ајде да кажам дека како филмот е одличен, мислам долг беше ама толку внимателно и возбудено го следев. Глумците сите одлични, ако кажам дека дури и Николас Кејџ , за мене нај, најантипатичен, да не речам најомразениот актер, ми беше ок и симпатичен, ќе ви биде јасно дека филмот ми беше погоден. Интересна сторија, секако почит за Сноуден, кој храбро и разумно застана зад своите уверенија дека светот треба да знае што всушност се случува. Што предаде правото и на глобално и на индивидуално ниво, да се оддлучи што ќе се прави понатаму со работите изнесени на виделина. Таа насмевка, кога Едвард излегува успешно од базата со скриена сд картичка, се зборува. Колку се почуствувал растеретен, олеснет, бидејќи сега знаеше дека слободно може да чекори кон исполнувањето на неговиот план, споделување на вистината. Нешто што со години го притискаше, тежеше, му ја црпеше енергијата, мирот и радоста. Интересно е што тој самиот одеше кон својата лична слобода! Насмевката значеше конечна слобода. Иако тој се жртвуваше себеси, својот живот, тоа значеше почеток на нешто ново, живеење слободен живот! Уште еден интересен факт е дека Сноуден е всушност млад. Многу млад беше постар советник на ЦИА и уште други функции. Тоа е нешто што ми се допаѓа во тој западен систем, фактот дека труд, желба и знаење (не оно на папир само) се цени и дека можеш да напредуваш. Е сега останува прашање: што сега? Кој одговара и кој всушност треба да одговара? Лагите, уништување невини животи, следење на сите, манипулирање и извртување на вистината, обманување на народот, а се заради некоја си повозвишена политичка цел... па нашиот Грујо е мала маца во споредба со нив Смешно, ама тажно. Ајде чекам вашите коментари, ќе додавам по нешто ако ме инспирирате
За Сноуден веќе имам пишано во „Последен филм што го гледавте и кратка рецензија“, па ќе се шлепам малце на ова мислење. За содржината нема да дискутирам, зашто веќе пишував за тоа – поише би сакал да се сконцентрирам на темите и прашањата кои ги обработува филмов. Во однос на глобалното следење – ми беше шокантен фактот што на само три степени на сепарација од познат терорист (човек што познава човек што познава човек што го познава терористот) постојат 20 и кусур милиони луѓе (не ја земајте бројкава здраво за готово, одамна ми е гледан филмов ) и што сите тие луѓе се прислушкуваат! Факт е дека интернетот и мобилната телефонија наголемо ја олеснија глобалната комуникација, но и факт е дека нивното постоење го направи шпиунирањето на луѓе многу полесно и подостапно. Целата идеја дека сечија приватност може да биде нарушена (и најверојатно е) за некакво „поголемо добро“ ми е ужасна. Ако тоа е цената што треба да ја платиме за сопствената безбедност – а патем, не ми изгледа дека сме којзнае колку побезбедни откако ова се случува – тогаш, цената е преголема. И не само тоа – она што е најстрашно од се е што оваа одлука е донесена без знаење и одобрување од граѓаните! Аналогијата која поддржувачите на војната против теророт често сакаат да ја кажат, а се однесува на луѓето кои се жалат ригорозните безбедносни мерки на аеродромите – „Ако постојат 2 различни летови за истата дестинација – еден во кој сите патници се пуштаат без никакво задржување и претрес, а другиот со ригорозна контрола за оружје, бомби и терористи, на кој лет би се качиле вие?“ ми е целосно несоодветна. Разликата е што хипотетичките патници барем имаат избор и право да одлучат на кој лет ќе се качат – за разлика од граѓаните на светот, кои не можат да одберат да не бидат шпиунирани, макар и по цена на сопствената безбедност. Во филмот најинтересна ми беше трансформацијата на Сноуден – од наивен идеалист и патриот, целосен десничар, кој даваше апсолутна поддршка на политиките на владата на Буш – во некој кој е толку против политиката и начинот на водење на работите на САД, што на крај го ризикува сопствениот живот за да ја изнесе вистината на виделина. Ако вистината за тоа што се прави може да предизвика таква драстична промена кај еден човек, тогаш сите ние треба да обрнеме повеќе внимание на она што тој ни го открива. Моралната дилема на филмов е следната – дали Сноуден постапил правилно со тоа што јавно ги обзнанил информациите кои ги имал поврзани со шпиунирањето или не? Аргументот „за“ е правото на јавноста да го знае она што се прави и начинот на кој им се кршат правата. Аргументот „против“ е загрозувањето на безбедноста на владините планови и тајни оперативци, кои беа разоткриени со потегот на Сноуден. Вреди да се спомне дека јавното разоткривање на податоците не било првиот избор на Сноуден. Тој прво сакал да направи промена на системот од внатре, но набрзо сфатил дека нема шанси сам да го направи тоа, ниту дека ќе има некаква поддршка. Потоа, се решил да ги чека промените кои ги ветила новата администрација на Обама, но увидел дека ветувањата на политичарите се празни, и дека без разлика кој ќе е на чело на САД, главните политики на државата не се менуваат. Ова е добро да се сфати бидејќи многу луѓе во САД, светот, па и кај нас, паѓаа у несвест за претседателските избори и стварно веруваат дека за време на претседателствувањето на Трамп ќе се направат којзнае какви коренити промени во внатрешната и надворешната политика на САД. Драги мои, ќе се разочарате! Дури откако сфатил дека објавувањето на податоците јавно е единствениот начин да се сврти вниманието на светот со проблемот на незаконското прислушување, Сноуден се решава на овој потег, свесен за импликациите кои ќе ги има. И повторно, вреди да се спомне реакцијата на САД, најголемата „демократија“ на светот, која секогаш на сите други им ги продава концептите на „слобода на говор“ и сл., и на нивните медиуми, по пуштањето на податоците на Сноуден во јавноста. Медиумите во САД, во стилот на Курир и Сител, тргнаа во очајничка кампања за да го извалкаат и оцрнат Сноуден на секој можен начин – од тоа дека е предавник, руски шпион, се до јавни повици за негов линч. Демократија, my ass. Демократија и слобода на говор нема никаде, а најмалку во „лулката“ на демократијата, САД. За среќа, светските медиуми имаа нешто поблаг и посочуствителен став кон Сноуден – несомнено поради фактот што во фајловите на Сноуден имаше докази дека се прислушкувани и следени и лидери и земји кои се, или барем би требало да бидат, пријатели и сојузници на САД. За Сноуден можеме да кажеме што сакаме – дека е патриот, борец за слобода или предавник – но, неоспорен е фактот што човекот го отфрлил својот удобен живот, со одлична плата и ја ризикувал својата безбедност и својот живот, само за да го направи она за што сметал дека е правилно. А таквата постапка е права реткост и во секој случај е достојна за почит. Она што мене ми е најпоразително во целата приказна за Сноуден е фактот што најверојатно се што направил и се што жртвувал било залудно. Поминаа 3 години од настаните во филмот, тогаш се дигна галама, ука-бука, а-у, држ-недај и... толку. Светот се стиши, а Едвард Сноуден остана да живее во егзил, во Русија. Денес, се е business as usual – што би рекле ние „Секое чудо за 3 дена“. Светот, кој пред само 3 години се шокираше што светските влади ги следат нивните он-лајн активности и ги прислушкуваат нивните разовори, денес е веќе рамнодушен кон ова. А не е дека прислушкувањето прекина или се намали – тоа си постои и веројатно продолжува со уште поголем интензитет. Ама, на никој не му е гајле. Па така, на крајот од филмов, а и од рецензијава, ми се наметна прашањето – Дали Сноуден воопшто успеа нешто да смени?
@Bender Rodriguez На ова последното прашање јас гледам вака: Сноуден го предаде правото да оддлучи на некој друг, правото на светот да оддлучи што ќе прави со новите сознанија, дали ќе ги прифати или ќе ги осуди и/или нешто ќе промени. За мене поголемо значение е што тој, како поединец, чувствуваше одговорноста тоа да го стори бидејќи сметаше дека е така правилно и тој го стори тоа, по секоја цена. Веќе не го гуши, не му тежи на главата, си го има својот мир во врска со грижата на совеста што ја чувствуваше. Е сега, вероватно дека и самиот беше/е разочаран понекогаш од исходот, или потајно се надева/ше дека нештата ќе се сменат (оти зошто би постапил така како постапи), ама кога еднаш го предаде правото на друг да оддлучи што ќе прави самиот веќе не ја чувствува одговорноста. Одговорноста сега треба да чувствуваме сите ние. Арно ама... светот е тоа... ни најмалку идеално место за живеење. Спојлер Малку филозофии де