@Sky-butterfly, Сноуден направи најмногу што можеше во однос на позицијата во која се наоѓаше. Ризикуваше и изгуби се – работното место, слободата и животот кој го имаше – само за да го направи она што мислеше дека е правилно, а тоа е да ја информира јавноста за следењето, прислушкувањето и надгледувањето кое се одвива на глобално ниво. Него не можеме да му замериме у ситуацијава. Мене муабетот ми беше за резултатите кои ги постигна со објавувањето на податоците – по обзнанувањето на скандалот, би се очекувало масовно незадоволство од народот, барање политичка одговорност и промена на владеачките гарнитури. А реално – ништо од тоа не се случи. Океј, да, народот беше незадоволен и изреволтиран, меѓутоа новинарските спинови за тоа дека Сноуден е предавник или руски шпион, ефективно го поделија мислењето на луѓето на пола – на сите анкети, и тоа не само во САД, процентите во анкетите кои го опишуваат Сноуден како херој или предавник се, мање-више, 50-50. Истите проценти се и во анкетите кои прашуваат „Дали протекувањето на информациите било корисно или штетно?“ и за тоа „Дали Сноуден треба кривично да одговара за своите дела или не?“. Освен тоа, ниту едно од лицата одговорни за незаконските прислушкувања и злоупотребата на личните податоци на обичните граѓани не беше ниту сменето од работното место, а камоли кривично да одговара за своите постапки. Што значи дека или народот не сака да ја увиди вистината или дека не е поготвен нешто да смени или да иницира некаква промена во поредокот. Еве една паралела со нашава ситуација – ќе ја кажам, ризикувајќи да станам еден од оние типови кои политика мешаат у секој муабет – случајот со „бомбите“. На сите, јасно и гласно ни беа разоткриени секакви малверзации, незаконски ствари, намештаљки, говор на омраза и недолично однесување на огромен број членови од владеачката гарнитура. Не само што народот не побара вонредни избори за да ги смени веднаш, туку и на изборите кои конечно се случија цела година покасно, тие пак најмногу гласови им дадоа баш на нив! Потполно истото беше и со ситуацијата на Сноуден – податоците излегоа во јавност, јавноста првично беше шокирана и изреволтирана но, на крај, и покрај се, ништо битно не се смени. Не знам за Сноуден, али ја на негово место би бил многу разочаран од развојот на настаните кој следуваше по објавувањето на податоците.
Пошто се утепавме од коментирање за Сноуден и ги исцрпевме сите можни дискусии , предлагам да се стави анкета оваа недела, па таман ќе имаме време за празнициве да погледнеме некој филм и да искоментираме. @RainBow, може? Истовремено, сакам да дадам предлог - Nocturnal Animals со Ејми Адамс и Џејк Гиленхал, а у режија на Том Форд. Очигледно, освен што знаел да прави секси одела, човеков знаел и да режира. Who knew? Не знам баш за што се работи, али од трејлеров изгледа интересно. А башка, излезе на асален торент. Што викате?
Да дадам предлог филм за гледање и коментирање, мислам дека со филмов би се задоволиле вкусовите на голем дел од филмофилите на филмсково фоаје, ми се виде интересен, ми остави впечаток трејлерот, се работи за филмот Arrival (2016) филм кој го привлече вниманието на филмската критика, пошироката јавност и вистинските полконици на добриот квалитетен филм. Сметам дека се работи за исклучително филмско остварување со одлична приказна, феноменална актеркска екипа, посебно тука би ја акцентирал мојата омилена актерка Ејми Адамс која најверојатно добива номинација за оскар за главна женска улога и искрено посакувам да го добие долгоочекуваниот оскар после пет номинации за споредна и главна женска улога во последниве 10 години, скоро секоја втора година во просек има по една номинација за оскар, се работи за една од најталентираните актерки на денешницата. Очекувам исто така добри перформанси и на одличнте Џереми Рејнер и Форест Витакер. Денис Вилнеф направи филм за кој долго ќе се зборува и кој долго ќе се памети, негово досегашно најдобро филмско дело Пс Да ви ја честитам новата 2017 година на сите активни и пасивни учесници во феминсково филмско фоаје, посакувам новава 2017 година да ви биде исполнета со многу здравје, среќа, љубов, успеси, радост, и повеќе продуктивни дискусии, одлични рецении, многу нови инспиративни филмови кои ќе ве поттикнат, ќе ве мотивираат да го преточите секој ваш емотивен момент, чувство, доживување во пишан збор - рецензија на ова наше филмско катче
Ја укочив јас темава. Еве анкета, последните два предлози ги ставив, ако се промкнал некој пишете да го вметнам.
Arrival (2016) Филмов ме заинтригира уште кога се појави и пред да седнам да го изгледам, навистина сакав да ми се допадне. Но, откако завршив со гледање, имав измешани чувства. Најверојатно затоа што не сакав веднаш да си признаам дека всушност, не ми се допадна. Читав претходно дека филмов е исто толку добар како Contact – I couldn’t disagree more. Можам да речам дека Arrival е инспириран од Contact, но освен замислата за peaceful вонземска цивилизација која се обидува да стапи во контакт со човештвото и тоа што во главната улога е жена, филмовите речиси и да немаат ништо друго заедничко – Arrival е неколку класи полош во секој поглед. Наместо Џоди Фостер, тука ја добиваме Ејми Адамс – ако до сега немав некое посебно мислење за неа како актерка, сега дефинитивно сум сигурен дека женава не ја бива –шепотење наместо говор, празен израз на лицето или гримаси наместо емоции. Самото нејзино присуство во филмов го направи да биде полош од што можеше да биде. Џереми Ранер пак, кој инаку го сакам, беше целосно изгубен во улогата на теоретски физичар – не му стоеше ич. Додуша, не дека имаше и што многу да прави во филмов, затоа што очигледно во ситуација на контакт со вонземска раса, сите научници ќе бидат бескорисни. Лингвисти, преведувачи и толкувачи од друга страна – е, тие се тие кои ќе го спасат светот. Arrival во суштина е базиран на една релативно нова и интересна научна теорија, а тоа е дека јазикот кој го зборуваме влијае врз нашата перцепција на реалноста. Спојлер: ТЕОРИЈАТА Еве што во суштина вели оваа теорија, сликовито, преку пример. Абориџините немаат зборови за „лево“ и „десно“ – наместо тоа, користат општи, генерализирани зборови за насока, како „исток“ и „запад“. Студиите покажале дека оние кои го говорат овој јазик се исклучително добри во ориентирање во просторот. Абориџин, дури и во затворена просторија знае на која страна изгрева, а на која заоѓа сонцето. И, ако му кажеме да подреди карти обележани од еден до десет, тој ќе го направи тоа во правец исток-запад, без разлика на тоа како е поставена собата или масата во собата во однос на страните на светот. Човек од англиско говорно подрачје, на пример, ќе ги подреди картите од лево кон десно – како што и пишува. Обратно пак, Евреин или Арап, ќе ги подреди од десно кон лево. Друг пример – ако некој скрши вазна, жител на Западот за ситуацијата би рекол „Трајко ја скрши вазната“, додека Јапонец, на пример, би рекол „Вазната се скрши“. Месеци или години подоцна, на Јапонецот генерално ќе му биде потешко да се сети кој всушност ја скршил вазната. И така натаму – ја сфаќате поентата. Arrival ја зема оваа интересна премиса и ја екстраполира врз целокупната перцепција на реалноста, вклучувајќи го и времето, што барем за мене, е малце поише проблематично. Но, да одам со ред. Прво, со должна почит кон лингвистите, морам да констатирам дека идејата дека лингвист полесно ќе се разбере со вонземјанин отколку научник е глупа и бесмислена. На реченицата од Џереми „Вонземјаните не ја разбираат нашата математика“ очите ми се превртеа за 360 степени у главава. Не ја разбираат математиката, чии законитости се исти во целиот познат универзум, туку полесно разбираат англиски, кинески и руски? Give me a fucking break. Второ, начинот на кој Ејми се обиде да воспостави комуникација и да го дешифрира јазикот исто ме иритираше. „Здраво, јас сум Ејми, а ова е Џереми“. И сега ќе чекаме ванземаљците да ни ги кажат своите имиња. А што ако немаат имиња? Или воопшто, концепт за индивидуалност, туку живеат во колективи, како мравките? Прво покажуваш на себе и викаш „Human“, а после пак покажуваш на себе и викаш „Ејми“. How is that not confusing? Ја би се збунил, а не па вонземјанин. Трето, идејата дека непознат, вонземски јазик може да биде дешифриран и преведен за помалку од месец дена е смешна.За дешифрирање на јазикот на Маите, со пиктограми и хиероглифи кои се најслични на вонземјансково писмо (но, далеку поедноставни), беа потребни речиси 100 години, побогу! Впрочем, целиот дијалог меѓу Ејми и tentacle monster-от беше бесмислен – барем оној кој го прикажаа – и право чудо е како воопшто успеале да дешифрираат толку многу зборови. Замислата дека јазикот толку многу влијае врз нашата перцепција на реалноста, што ако го научиме вонземјанскиот јазик, ќе можеме поинаку (т.е. нелинеарно) да го перцепираме и времето е тотално нелогична. Прво и основно, за да човек може да си ја смени перцепцијата преку јазикот, мора да го знае доволно добро за да може да размислува на тој јазик. А за да размислува на него, мора да знае да го зборува – нешто што ниту еден човек во филмов, вклучувајќи ја и Ејми не можеше да го направи. Така да, со самото ова целата премиса на Arrival паѓа во вода. Второ, за да некој воопшто може да го перцепира времето нелинеарно или барем без почеток и крај, тој некој мора или да постоел отсекогаш (нешто слично со нашата замисла за Бог) или пак, да не старее или да биде бесмртен. Линеарноста на времето, минатото, сегашноста и иднината, би немале важност само во ваков хипотетички случај. Ова не е случај со луѓето – тие се раѓаат, созреваат, стареат и умираат – и сето тоа во релативно краток временски период, и токму поради овие физички ограничувања на човекот како организам, незамисливо е дека било кој од нас може да го перцепира времето поинаку од линеарно, со минато, сегашност и иднина. Од друга страна, се чини дека истото важи и за хептаподите – кога Абот го снемува, Костело на Ејми и кажува дека умрел – што значи дека смртноста не е нешто непознато за нив. Што пак значи дека дури и за нив нелинеарно време би било тешко замислив концепт. Трето (се изгубив малце у набројувањево ), да ја разгледаме малце поблиску причината поради која ванземаљците воопшто и доаѓаат на Земјава. Според нивните зборови, за некои 3000 години, ќе им биде потребна наша помош. И тука неминовно се поставува прашањето „Зошто на вонземска раса, која може да ја „предвиди“ иднината (т.е., да има пристап до неа во било кое време) и да влијае врз неа, односно да ја промени, би и била потребна помош од било кој, а особено од луѓето, кои се инфериорни на нив во секој поглед?“ Зошто, ако веќе знаат дека за 3000 години ќе им се случи некоја фрка, не „скокнат“ во иднината (или во минатото, сеедно) и не ја решат самите? Несфатливо е како ние, кои само што сме ја добиле оваа дарба за поинакво перцепирање на времето, би можеле да им помогнеме за 3000 години, а тие самите да не можат да го направат истото. Ако малце подлабоко размислиме за работиве, сфаќаме дека целата премиса на Arrival е тотално бесмислена и се што ни останува од филмов е да ја гледаме Ејми Адамс како шепоти, не знае да глуми, интензивно дише во изолациониот костум и има флешбеци (или флешфорварди?) за својата веќе почината/сеуште неродена ќерка. И секако, тука се поставува и моралната дилема – Зошто ако веќе знаеш дека твоето дете со Џереми ќе биде осудено на смрт од неизлечива болест, сепак се одлучуваш да не ја смениш иднината и да го родиш? Дали таа го има тоа право – однапред да осуди дете на болест и на прерана смрт – само затоа што таа така сака? Мојот проблем со Arrival беа уствари моите нереално високи очекувања за филмов – базирани на споредбите со Contact, со изјавите дека е еден од најдобрите сф-филмови на сите времиња, со високата оцена на IMDB, со номинациите за Оскар. А реалноста е дека не заслужува ниту една од наведениве работи. На прв поглед, Arrival е океј – добар, просечен филм – но, ништо повеќе од тоа. На втор поглед, не е ниту тоа.
Можеби не е филм што би го вбројала во некоја MUST листа а-м-а , не беше чак толку лош. И ми се допадна и не ми се допадна. Глумата на Ејми... ок беше. Всушност, ако се земе во предвид со кое темпо се развиваше приказната, какви беа сцените од сам почеток до крај - анемични, без некој интензитет, без многу гужви,луѓе и настани... многу повеќе фокусирани на некоја интимна, лична, dreamy/foggy атмосфера .. Ејми ми го долови тоа, интимното, нејзино талкање во мислите. напrед - назад, напред-назад.. минато-сегашност-иднина. Kraj краева, она е еден обичен лингвист, професор на факултет. Не многу бучна, не ко шериф некој да се разбацува на сите страни ко што би Фостер. Лошото во филмот.. дијалозите, зборовите. Како филм кој во преден план го става јазикот како битното „оружје“ кое, вонземјаните дошле да им го дарат на луѓето, пак и филолог игра главна улога... многу бледи, безлични, по ничему битни конверзации имаше. Фалеше комуникација, фалеше објаснување на ... божемски загатките што беа оставени тук таме во филмот, како пример, онаа реплика, т.е. прашање на huby-то to be за, дали таа сонува на јазикот на вонземјаните, или така нешто. Ми се допадна отварањето, почетната сцена со музиката. Цело време мислев дека тоа девојче, ќерката.. е минато. Ми се допаднаа доста сцени во филмот. Ми се допадна оној пристап на учење нов јазик кога и едната и другата страна немаат заеднички јазик кој е таков, генерално во училиштата за странски јазици.. без преведување, без употреба на мајчиниот јазик дури и при објаснување а, логичко некакво поврзување,преку мимика,гестикулација, чувтвување некакво на зборовите и значењето. Такво некакво беше и ова. Всушност, не многу време на децата им треба да научат странски зборови од цртаните и да го разберат значењето. Не навлегувам во тоа, колку би се научило за еден месец или, оти вонземјаните кои го имаат тој дар да гледаат во минатото и иднината... дошле на Земјата и очекуваат да, некои си човеци, во секаква смисла поуназадени од нив, им помогнат 3000 години пооцна. Крај краева, тие дошле за да го остават својот јазик, да луѓето го научат тој јазик бидејќи во иднина, кога ќе дојде денот Д, ќе го знаат и употребат за.. што год. Можеби за дешифрирање на некои пораки. 3000 години од сега, човекот ќе слета на планетата на октоподите и не ќе најде никој можеби ќе треба да ги дешифрира симболите за да разбере,како да го активира порталот низ кој ќе се вратат октоподите or something. Тој дел може да биде било што и искрено, ич не ми беше занимливо што немаше прича и за тоа, ко што и изостана приказна за јазикот и гледањето на иднината, минатото... тоа што Ејми ја видела смртта на неродената ќерка, или, знаела за последните зборови на сопругата на кинескиот претседател.. не ми го задоволи љубопитството за приказната. Генерално фалеше месо, суштина. Не ми ги прераскажаа работите и тоа е голем минус. А, октоподите дека можат да предвидуваат.. не ми е еднакво на тоа дека можат да патуваат низ времето пак, да скокнат ко што вели Бендер и да се спасат. Само знаат, мене ми се чинеше и.. само можеш да се подготвиш за моментот. Како... после х генерации на октоподи, дошла генерација З која полетала со првата школка, која после времиња и времиња експериментирања, унапредување на технологијата, била спремна да слета на планетава. А, генерациите пред З, знаеле дека баш З ќе се среќните копилиња и знаат дека некоја идна генерација ШКЉ ќе е несреќната, оти ќе доживее нешто си таму. Ама пак, не се ни помачија да објаснат, раскажат. Иначе ќе требало и некаков став по прашање судбина да вметнат... се менува/не се менува - да разглабаат. Ма, кујзнае што сакале. Слабо беше од тој аспект. Премногу. А, за онаа морална дилема на Бендер. Еден ден сите ќе умреме. Кој порано, кој подоцна. Човекот не е робот пак, да нештата се просто такви - знам ќе ми умре детето, соодветно.. не раѓам. Ако јас сакам дете...ни едно такво сознание не ќе ме спречи оти, ќе се надевам дека нема да е вистина. И нели е пак и егоистично да не го родиш, да му ги ускратиш тие х саати, денови, години живот, доживувања, убави моменти, само бидејќи ќе умре и ти не сакаш утре да го гледаш како се мачи, не сакаш да те боли, да го боли, да се носиш со таква голема загуба - дете, не сакаш да те сметаат за виновна оти си го родила, и покрај сознанието. Во таква ситуација, различни луѓе би постапиле различно. Како и да е, и huby и се налутил ради истото, а и ќерка и'. Имаше една сцена со I hate you. Од емотивен аспект, feel your feelings, ми се допадна. Логичкото, научното... не можеле и него да го мислат, чак толку па.
И јас да шкртнам нешто за филмов. Го изгледав вчера и после гледањето бев WTF!? Многу нелогичен ми беше скоро целиот. Вонземјанци што се далеку понапредни од моменталнава човекова раса се враќаат во времето за да бараат помош за нешто што предвиделе ќе се деси ... Кога можат да предвидат , нели би можеле и да го спречат ? Истото ми важи и за лингвистката , знае што ќе се случи со детето нејзино и сепак решава да го роди и да остави да помине низ таа тортура на болеста ? Многу себично од нејзина страна ми е постапкава. Следно никој жив не можеше да ги разубеди Кинезите , таа со еден повик донесе светски мир (абе ајде !)Ќе се сложам со Бендер околу писмото , реално Линеар А го дешифрираат веќе 150 години и се што досега постигнаа е неколку зборови неповрзани меѓу себе , а во филмов додека трепнаа ја дешифрираа цела граматика(Вива ла Америка што ќе правевме да ве немаше вас)па дури и вонземјанине научија по некое зборче Во научниот дел не се плеткам бидејќи не се разбирам толку во физика и математика.Се на се мене не ми се допадна нешто посебно да го препорачам на некој , се ми беше монотоно некако од актерите и нивниот израз , до нарацијата на приказната.
Имате некоја листа спремна или може предлози да даваме? Јас го меркам Split веќе некое време, па може вака ќе се излажам конечно да го гледам http://www.imdb.com/title/tt4972582/
Split го нема уште на асална снимка, иначе и ја го чекам. За нареднава анкета, може да идат истите предлози (без Arrival, де), пошто ги има бајаги. Патем, го гледав Nocturnal Animals и мислам дека филмов има подлога за дискусија.
Па може и без гласање да го избереме Nocturnal Animals за филм за кој ќе се дебатира нареднава недела, секако доколку постои согласност од останатите
Јас сум за нека се изјаснат другите, мислам дека нема да имаат ништо против, на неколку пати досега се одлучувавме да дебатираме за филм без гласање Да прокоментирам малку за замиот филм, мене не ми е гледан филмот но воопшто не се сомневам дека е добар, го изгледав трејлерот и ми се допадна, актерската екипа е одлична, Ејми досега никогаш не ме разочарала и мислам дека е на висина на задачата, Гиленхал последниве неколку години бриљира со неговите перформанси, Шенон е феноменален актер - посебно во толкување на негативци - мислам е еден од најдобрите актери во овој сегмент, Лора Лини е солидна, Мајкл Шин исто така добар, со еден збор врвна актерска екипа на едно место, Том Форд верувам му има дадено посебен уметнички печат на филмот во негов препознатлив стил.
Ако не ве дружам, си ги гледам јас филмовиве. Nocturnal Animals беше еден од малкуте добри филмови што сум ги гледала во последно време.