Глас од мене за The Judge од до ре ми и исто за Birdman од Реин. Јас го предлагам Boyhood, номиниран за 5 Златни глобуса меѓу кој најдобар драма филм. Мене ми е на листата, планирам да го гледам и вака и онака следната недела. За Her сакам само да кажамсосема кратко, штета што не сте го изгласале, фантастичен филм, толку длабок и виситински знае да трогне. Најоригинално сценарио-оскар, не дека оскарите се репер ама овој сосема заслуженоси го доби тоа признание. Штета баш сакав да го елаборирам филмот со некој. Знам дека од многумина има многу погрешна интерпретација заради фантастичниот елемент и одма се класира како траш, ама ако длабоко се погледне што сака тоа да метафоризира мислам дека ќе дојдеме до Валдо.
Јас сум закржлавена годинава со филмови, поим немам ни што да предложам ама ми се свиѓа темава, што и да изгласате ќе гледам, една недела е и повеќе од доволно за да се изгледа било каков филм. Од предложениве гласам за Birdman и за Interstellar, само не знам дали има излезено асални торенти, последен пат кога сакав да ги гледам немаше.
Земете во предвид дека уште нема излезено добра снимка за Birdman и Interstellar. DVD SCR е подпросечен квалитет.
Јас го симнав Birdman, сосема watchable е снимката, не е лоша. А за Interstellar уште само cam има. Ако имате уште некој предлог, па да ставам една анкета.
Конечно живна темава Јас гласам за The Judge од дадениве предлози,ми стои интересен. Moи предлози: The Imitation Game Theory of Everything Into the Woods Измешани жанрови,ама ако
А бе фино вака што си предложувате, ама торент нема за ниту еден. Сите се излезени крај на ноември-декември, ќе треба да почекаме уште малку. Инаку одма се залетав јас за The Imitation Game кога видов дека Benedict Cumberbatch е во главна улога и веќе 95% сум сигурна дека е оправдана високата оцена, ама за него уште минимум еден месец ќе чекаме за асален торент. Од предложениве The Judge има каква снимка сакате, па ако се согласите повеќето може тој да го гледаме.
Предлог број 2 - The theory of everything(2014) Има торент сни ката е супер ама има титл на кинески одоздола што не се трга, ако не ви смета тоа нека влезе во игра. https://kickass.so/the-theory-of-everything-2014-720p-webrip-900mb-shaanig-t9884142.html И Boyhood има торент од странава солидна снимка тотално watchable. Сите филмоци се претежно нови, па и сите удираме на нови зашто знаеме дека нема да има шанси некој да го има гледано. Можеме и да удриме и на постари не е забрането
Срам ми е да признам ама јас сум ја подзаборавила темава малку . А скоро секоја вечер се мислам кој филм да си пуштам . Бајаги ќе ми помогнат предлозиве . Доста има, јас не надополнувам за оваа недела, па @RainBow нека направи анкета со претходно споменатите и ќе бираме. ( Реин, сега на оваа платформа ќе може да менуваме анкети на една тема? ) Аииии што убаво што живна темава пак .
Да, може сега да се менуваат анкетите. Ајде ќе поставам сега една, па утре вечер може да се затвори. Ако мислите да стои подолго ќе ја оставам.
И јас ви се приклучувам овој пат. Сега додека сум на распуст имам повеќе слободно време па ќе ве дружам. Јас гласав за The Judge. Но како се договориме.
Екстра! Да не мора да се бркаме и броиме со гласови... И уште да договориме кога ќе ни почне неделата. Од понеделник до понеделник? Би можеле да се организираме и во текот на викендот (т.е. последните неколку дена од една филмска недела) да се гласа паралелно за други филмови за да не замре атмосферата p.s. The Lazarus Effect - не е излезен уште (премиера е во февруари)
Јас се пишманив, за Судијата гласав. Мислам дека ќе биде подобар за коментирање. Може еве утре да одлучиме, до следниот понеделник да се гледа, како што предложи @Madam-A би било таман.
Сменет е насловот, филмот за оваа недела е The Judge, ќе се гледа до понеделник, потоа се споделуваат импресиите. Во сабота и недела ќе се избира следниот филм за следната недела.
Спојлер Пуцај Мароса, да не му ја мислиш еве јас што имам да кажам: Искрено потајно се надевав на Nightcrawler и како што течеше овој така се повеќе и повеќе го жалев и оплакував несудениот... Спојлер The Judge, ми траеше некако предолго. Имаше доста сцени што беа тотално беспотребни. Многу бавно ми се одвиваше дејството и морав да го гледам на два пати. Како и да е, се оправија работите во втората половина од филмот и живна малку работата. Првично мислев дека најмалиот син на судијата ја опљаскал работата, а дека татко му го прикрива (претерувам, знам ) Е сега, дирлива драма во секој случај. Испадна дека праведноста стекната со професионална деформација е тврдокорна работа. Јасно беше што Судијата не можеше да издржи, а да не го дополни исказот кога го испитуваше обвинителот. Малку не ми корелираше праведноста на Судијата да ја одлежи казната со желбата да го прегази велосипедистот ама добро, тоа веројатно беше начин да се потенцира самокритичноста. Јас судирот и судењето ги сфаќам како бегство на Судијата од сценариото кое му го имаше напишано животот. Ја изгуби жената, стар е, болен ... од една страна сака да избега од таа реалност и од друга страна зашеметен од истата не расудува правилно, по што очајно сака да ја послужи правдата со идењето во затвор и несоработување со адвокатот. Во двата случаи Судијата се покорува на законите и се самоказнува, можеби и лут на себе затоа што првично бил прилично мек со убиениот велосипедист кога му пресудил. Комплицираниот однос помеѓу татко и син, веројатно требаше да посочи дека обајцата по крвна врска патеа од исти карактерни особини на тврдоглавост и желба за истакнување. Убав детал ми беше кога Судијата конечно го пофали синот, што очигледно длабоко допре до него па во последните сцени во тоалетот имавме приказ дека некогаш победата не е да го освоиш случајот туку да бидеш до некаде и правичен. Страшно ми се допадна моментот кога Роберт Дауни (забораив како се викаше во филмов), во негов стил си замина од локалот на таа плавата. Фала богу дека виден адвокат како него нема да се откаже од кариера и да остане ради неа . Океј филм, но не би го гледала уште еднаш.
Спојлер Јас сум многу разочарана од филмов. Кога го гледав трејлерот и кастингот,очекував многу,посебно поради Роберт Дауни и Винсент Д Онофрио,за кои имам високо мислење. Глумата беше одлична,немаше промашена емоција ниту потег.Роберт одлично го долови ликот на Хенк,создаден е за такви улоги,како онаа на бескруполозен адвокат,ама ниту тој не ми го подобри впечатокот. Она што не ми се допадна беше главната приказна,сценариото со сите бесмислено искажани реченици. Очекував некој главен пресврт.не дека Судијата е невин,ама нешто ептен кулминативно.Вака,филмот течеше во едно бавно,монотоно дејствие,да не кажам досадно. Па и 140 минути траеше беспотребно., Можеби дека не сум фан на драми,не ми легна баш најдобро. Не ја разбрав примарната цел,што сакаше да прикаже.Семејната отуѓеност,колку крушата под круша паѓа, или? Зошто Судијата да убие некого кој веќе си ги „платил“ гревовите со 20 години затвор? Мотивот е јасен,ама нималку доволен.Зошто пак да го гледа криминалецот во очите на син му? Само заради една негова грешка,која иако не била мала,не е доволна причина да го третира син му како странец,а тој се борел да му докаже дека станал човек. Романсата пак,која секако мора да биде присутна ,беше со еден збор-никаква.Толку веќе видено сценарио,со бившата девојка,стари искри,па уште се сакаме,е нема грешка.. Не ме допре никако,едноставно бев рамнодушна преку цел филм,воопшто не почувствував поврзаност со ликовите. На имдб оцената е 7.5,од мене солидна 5ка и тоа само поради кастингот,кој навистина е одличен.
Нели од понеделник ќе се дискутираше филмов? Еве зошто треба да почекаме да измине неделата, па да се дискутира. Прво, сите кога ќе го изгледаат полесно ќе се одвива дискусијата отколку секој еден кога ќе го изгледа и ќе напише мислење, тешко така да има дискусија, само мислење за филмот. Второ, дискусијата е без спојлери, зашто сите би требало да го имаат изгледано филмот. А вака пред време ако изнесувате мислење тие што не го изгледале ќе се зафркнат. Нели треба за викендот да се бира нов филм, па сите што учествуваат во темава ќе мора да влезат тука и да се спојлерисаат за тековниот филм. Така што напишете си ги следниот пат импресиите настрана, па кога ќе се споделуваат сите заедно да дискутираме.
aууу епа јас не сум го сфатила договоров Си мислев секој ќе пишува како ќе гледа и после ќе се надополнуваме . Се извињавам. @RainBow , ако можеш да ги коригираш погорните мислења, стави ги во спојлери.