Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Пошто ние двајца без тројца што сме активни на темава се сложивме за Nocturnal Animals, останува уште @RainBow да го смени насловот на темава, а ја у меѓувреме ќе си земам слобода да го напишам моево мислење за филмов, додека сеуште не ми испариле сите впечатоци за него од мојава извеана глава. :D

    Бива?

    Бива. :D

    Nocturnal Animals

    За филмов ми се сменија чувствата неколку пати, уште пред да го гледам. Кога прв пат го видов трејлерот, едвај чекав да излезе и да го гледам, затоа што мислев дека има доста потенцијал. Потоа – некако, некаде, несакајќи – прочитав неубави ствари за него – дека бил претенциозен, досаден, неинтересен, тупаџиски. И си реков, „Аха, значи ќе биде еден од оние филмови“, како што обично бива кога некој кој не е режисер ќе се реши да сними филм – артси-фартси, без суштина и поента, и одеднаш ми спласна ентузијазмот за него. Додека филмов ми дремеше на хард диск, у меѓувреме ми се врати расположението за него и сепак, се наканив да го погледнам. И, можам да речам, не бев уопште разочаран.

    Џејк Гилехнал е прилично добар показател за тоа дали еден филм вреди или не, пошто човекот реално нема лош филм. Ако се решил он да глуми у него, шансите се дека филмот е у најмала рака добар, а најчесто е и повеќе од тоа. Он е еден од ретките глумци кои стварно внимаваат кога бираат проект. Алал да му е, стварно.

    Несекојдневен, интересен и непредвидлив – така некако би го опишал Nocturnal Animals. Би рекол дека е повеќе трилер отколку драма, филм кој не држи во напнатост и неизвесност, до самиот крај. Филм кој е доволно интересен за да не тера да нагаѓаме што ќе се случи следно, а доволно непредвидлив за да нашите нагаѓања најчесто испаднат погрешни. А вакви филмови ми се омилени.

    Гиленхал одличен, како и секогаш, Мајкл Шенон исто така солиден. Дури и Ејми Адамс, која, ако се сеќавате на мојот коментар за Arrival, ич не ја сакам – во филмов беше поднослива и, во искушение сум да речам, океј и на место.

    Она што можеби најмногу ми се допадна во Nocturnal Animals е тоа што филмов е нешто повеќе од збирот на составните делови.

    Ова го велам затоа што, ако го расчлениме филмов на основните компоненти, ниту една од нив засебно не е ништо посебно.

    Да ја земеме книгата на Џејк, на пример. Што е всушност добро во неа? Јас би рекол, ништо. Книга, која во првата половина се занимава со психичкото малтретирање на едно семејство на напуштен автопат од страна на hillbilly банда, киднапирањето, силувањето и убивањето на мајката и на ќерката. Втората половина се занимава со badass тексашкиот ренџер кој му помага на Џејк да ги најде нивните убијци. Нивното наоѓање е релативно лесно, а разврската уште поантиклимактична – на крајот, сите умираат.

    Да е ова вистинска книга, би рекол дека е една од полошите кои сум ги прочитал у животов. Линеарна приказна, премногу развлечката во првиот дел, премногу избрзана во вториот, со еднодимензионални карактери. Бидејќи, во ниту еден момент, не ги дознаваме мотивите на ниту еден од ликовите – ниту зошто Џејк не се обидува да им помогне на жената и ќерката, ниту што тој правел откако тие биле убиени, ниту зошто типовите кои ги киднапирале ги убиле... Ништо.

    Друг пример – животот на Ејми – исто така, ништо посебно. Дете на богати родители наоѓа млад и сиромашен дечко, писател, и се мажи за него. Сепак, класните разлики и различните погледи на животот ги доведуваат до несогласувања, она си наоѓа богат љубовник, се разведува од мажот и се мажи за богаташот. Години подоцна, таа е заробена во монотонијата и бесцелноста на животот кој мислела дека го сака, а маж и ја изневерува со помлада девојка. Во меѓувреме, сиромашниот дечко кој го оставила станува успешен писател. The end.

    Во најмала рака, приказна која сме ја виделе или чуле милион пати до сега – ништо впечатливо.

    Она што го прави Nocturnal Animals да биде добар, ако не и одличен филм, е тоа што ги зема овие две навидум обични приказни, ги обединува и прави да биде something more than the sum of its parts – во нив внесува одредена доза на длабочина и метафора.

    Првата метафора (барем онака како што јас ја сфатив) е книгата. Цело време се обидував да сфатам зошто и ја посветил на бившата жена, со која немал контакт 20 години, и зошто Ејми додека ја читаше реагираше толку емоционално на содржината. Прво, си помислив дека можеби таа е ќерката од приказната и дека во младоста била жртва на киднапирање и силување. Потоа, си помислив дека тоа можеби таа е сопругата од приказната – дека на некое патување им се случило нешто слично, што можеби довело до нивниот развод. Секако, не бев у право.

    Работите ги поврзав дури на крајот од филмот – книгата е метафора за нејзиното предавство кон Џејк – за аферата која ја имала и за неговото дете (за кое не му ни кажала), кое го абортирала. Главниот лик од книгата, како и Џејк у реалниот живот, ги губи жената која ја сакал и ќерката која сигурно би ја сакал, на суров начин, после што му се руши целиот свет. Можеби и тексашкиот ренџер со терминален канцер ја претставува самата книга – начин за да им се одмазди на оние кои му ги одзеле жената и ќерката – во случајов, Ејми и нејзиниот нов сопруг.

    Втората метафора, која воопшто и не е скриена, бидејќи мајка и на Ејми јасно и ја кажува – сите ние (или барем, повеќето), порано или подоцна, се претвораме во сопствените родители – дури и да не сме се сложувале со нив во младоста, дури и да сме ги мразеле, дури и да сме се заколнале дека никогаш нема да станеме како нив. Така и во случајов на Ејми, таа од млада, среќна и идеалистичка личност, станува средовечна, несреќна и разочарана, резигнирана личност. И покрај тоа што мајка и ја предупредила дека Џејк не е за неа и дека нема да биде среќна со него, вистината е дека таа не била среќна со него, но не е среќна ни со сегашниот живот и сопруг.

    Не би да должам повеќе – Nocturnal Animals е филм кој позитивно ме изненади и кој ми се допадна, од речиси секој аспект и агол. Со нетрпение го чекам следниот филм на Том Форд, за да видам дали човеков е one hit wonder или навистина скриен режисерски талент.
     
    На duffi, RainBow, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    И јас сум уште под импресии на филмов. Позитивни:)

    Сузан е богата, омажена, сопственичка на уметничка галерија и уште од првите сцени добив впечаток дека е свесна дека живее во лажен брак со маж кој ја изневерува.
    Еден ден добива копија од неиздадената книга на нејзиниот претходен сопруг, која е воедно и негова прва книга.
    Умешно усогласени пресеци на сцените од случувањето во книгата и атмосферата и доживувањето на Сузан додека ја чита.
    Нејзината инсомнија, изјавата дека Едвард ја нарекувал ноќно животно поради истата и начинот на кој таа ја доживува книгата додека ја чита ми беше повеќе од јасно дека преку неа всушност Едвард го изразува своето доживување кон самата Сузан. Сцената кога Сузан се јавува на својата ќерка и подоцнежната сцена каде таа е со Реј после абортусот го издаваат нејзиното 'каење' или во најмала рака размислување 'што ако ја родев'?
    Прекрасно сработено дело, каде моќта на зборовите ја доловуваат суштината што всушност за Едвард значи што Сузан го напушти - го уби!

    Ме остави восхитена, будна долго во ноќта, да размислувам за наивноста на изборите кои ги правиме во животот и колку всушност не се наивни.
    Ништо помалку од чиста 10!
     
    На duffi, Someonespecial, ph.orhideja и 9 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez го сменив уште прееска, @zhap4e ме имаше означено во друга тема.
    Го симнав утре да го изгледам, гледам има многу воодушевени, а филм одамна не сум гледала, моана го гледав додуша, ама не се рачуна.:D Па се надевам овој добар ќе биде. Иако Ејми Адамс не ја можам баш.
     
    На MilaP, Bozica1980, nena2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.392
    Допаѓања:
    250.194
    Не читам што сте пишувале, ќе го гледам филмот. Се мислев помеѓу овој и La la land. Ама прво овој. Па ќе пишам импресии.
     
    Последна измена: 14 февруари 2017
    На zhap4e, ♡BuBaLe♡, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Да го догледам Underworld Blood Wars,па ке го пуштам овој чим толку го фалите :smirk:
    @JuLleE La la land го изгледав минатата недела.
    Подосаден филм одамна не сум изгледала.Одвај чекав да заврши.
    Ама може тебе ке ти е добар...
    Како беше она..за вкусови не се дискутира :)
     
    На duffi, zhap4e, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.120
    Допаѓања:
    258.775
    Пол:
    Женски
    На Lady Phoenix и RainBow им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Не беше лош, ама му фалеше нешто. Не знам што точно. И Mауи ми беше некако ептен одвратен.
    Инаку го почнав филмот, ама утре за догледување, на следната дремка.:lol:8-|
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.392
    Допаѓања:
    250.194
    Синоќа кога завршив со филмот, сеуште под импресии, во глава имав цел реферат за овде:D.
    Нејсе, одличен филм, непредвидлив, со приказни во глава што е и како е, со сценарија за крај, и на крајот сосема поинаков, неочекуван крај. Реално, на крајот ако имавме хепи енд ќе беше приказна си живееа среќни до крајот на животот. Ама не, филмот нуди сосема поинаква приказна.
    Ќе се согласам со делот за метафорите на Бенедер, и би додала дека за мене момент беше и кога реагираше на неговиот ракопис, а не го ни дочита, кога беа во брак. Од дијалогот помеѓу нив, он и вели дека секој писател пишува за себе, а таа неможеше ни да дочита. Е дваесет години подоцна и праќа книга, која е пред се просечна приказна, а таа ја чита во еден здив, допира до нејзе. На почетокот помислив дека тоа се они и им се случува несреќа. Потоа дека тој го губи семејството и затоа пак не се оженил. И не бев далеку од претпоставката. Тој и го губи семејството, жената, нероденото дете. На крај самиот умира. Жената е таа, ќерката нероденото дете. А тој е мртов сите овие години. Книгата е одмазда. И таа сфаќа, бидејќи е несреќна, толку успешна, а сама. Празна. И сфаќа дека со Едвард имала можност да биде среќна.
    И крајот за мене одличен.
    Секој си стои зад одлуките и си ја плаќа цената за нив.
    Многу добар филм.
    Ејми ми беше ок, баш онаква, тажна, празна, несреќна.
    Џејк ми е глумиште. Не, нема лош филм.
    И, и би пишувал уште. Ама доста е, а и би се повторувала со Бенедер.
    Arrival го мислев, а ве читав, па изгубив волја за гледање.
    Ќе одморам со La la land:P.
     
    На duffi, Someonespecial, ph.orhideja и 5 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Треба да го гледам за да пишам коментар:$ оти го гледав во декември и ништо не памтам освен последната сцена и пар други.:) Викендов:)
     
    На Someonespecial, boomsleng, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    И јас ќе ви се придружам во фоајето,се уште под импресии од филмот кој вчера го гледав,Nocturnal Animals.Видов дека е доста споменуван на форумов и решив да го гледам.

    Обично забележувам кој е режисер,дали е некое познато име и се изненадив кога го прочитав името на Том Форд.Не верував дека станува збор за славниот моден дизајнер,мислев дека е некој со идентично име,за подоцна да се изненадам дека станува збор токму за него.

    Се гледа дека човек со изострен вкус го правел филмот,ми падна во очи преубавата кујна и куќа,како и костимографијата,аутфитот на Ејми(Сузан) како и галеријата,чисти линии,едноставност,а толку префинето.

    Можам да кажам дека филмов е одличен,психолошки трилер со примеси на драма,со интересни метафори.
    Единственото што ме збуни е кога и телефонираше на својата ќерка(и овде сцената со голо женско тело,уште една метафора),за момент се запрашав што се случило и дали понатаму ќе се појави,но после сцената на клиниката и признание дека ја прекинала бременоста,ми стана јасно која е пораката на книгата која ја напишал Хејстингс.

    На многу суров начин,преку книгата,со една болна паралела,бившиот, повреден и напуштен сопруг и ја пренесува пораката на жената што се случило со нивната љубов и брак.

    Најпрво,на почетокот на дејството на книгата,помислив и јас дека раскажува за неа,дека Сузан е девојчето Индија,за потоа да ја сфатам дека и испраќа порака преку книгата за нив самите.

    Крајот ми беше посебно убав,не можев ни да очекувам поинаков крај после се.
     
    На duffi, JuLleE, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    Hey, long time no see :hai: :D
    Уште кога прочитав дека директно ќе го ставите на неделен ред Nocturnal Animals, одма си реков обавезно ќе ве дружам овојпат. Ова е дефинитивно филмот што најмногу ми остави впечаток од тие што досега ги имам изгледано од почетокот на годинава (y)

    Омилени ми се така „покомплицирани“ филмови, што цело време те тераат да размислуваш, поврзуваш, да си правиш теории за подлабокото значење зад тоа што се случува, а Nocturnal Animals баш со тоа ми го задржа вниманието целите 2 часа.
    На почетокот на филмот е претставена површниот брак без чувства на Сузан, па потоа со ретроспекции полека се открива сè околу нејзиниот прв брак со бившиот сопруг Едвард.
    И секако, тука е најинтересниот и најуникатен елемент - романот на Едвард што ѝ го праќа на Сузан, околу чија содржина се врти поголемиот дел од филмот.

    Мислам дека уште помистериозна ќе беше поентата, да избереа други глумци за брачниот пар во приказната од романот 8-| Не знам дали само јас вака, ама до некој момент (откако почна хаосот со бандава што ги пресретна) кога приметив дека женава му се обраќа со друго име - мислев дека апла за нив со нивните имиња си пишува Едвард во книгата, па затоа очигледно и разбирливо Сузан е вознемирена додека чита :D
    Anyway, како што реков - ми се допадна како е реализиран тој след на настаните... Таа приказна полна со насилство, болка, загуба за Тони на сопругата и ќерката; па истрагата на полицаецот, кој поради болеста во крајна фаза нема што да изгуби и му помага на секаков начин да ја дотурка до крај потрагата по правда - прикажана е паралелно со минатото на Сузан и Едвард, почетокот на нивната врска и брак, како и нивното разидување. Тука е и негативниот став на снобовски настроената мајка на Сузан кон сиромашниот писател Едвард, којшто за жал со годините сепак се потврдува - таа навистина сè помалку верува во него и го поддржува неговиот талент и дело, што доведува до распад на нивниот брак.

    Со убиството на ќерката очигледно се мисли на абортусот на нивното неродено дете, со смртта на жената и на самиот Тони на крајот на романот - „смртта“ на старите Сузан и Едвард од нивните стари денови, идеалисти полни со поддршка еден кон друг и со верба во нивната љубов...
    Најголемата метафора во разврската на филмот ми беше деталот дека пред Тони да го застрела, убиецот Реј му ги упатува токму истите зборови како Сузан на Едвард што толку го болеа и демотивираа - дека е слаб. Но, Тони, убивајќи го - го демантира тоа... и всушност и тоа што ќе ја изигра и нема да се појави на самиот крај е одмазда, како и целата книга.

    Тоа би било за приказната, за глумата исто само пофалби - за Џејк Гиленхал сè сте кажале, а јас би истакнала дека Ејми Адамс ептен ми се допадна во улогава и како ја изнесе таа меланхолија на Сузан.
    Исто и саундтракот ми се допадна, мистериозната и мрачна инструментална музика што се вклопуваше со дејството.

    Едноставно предобар филм, јас би го препорачала на секого! :~:
     
    Последна измена: 18 февруари 2017
    На JuLleE, boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Хммм... Од каде да почнам?

    Филмов не беше лош, ама не ми беше ни нешто крајно фасцинантен. Огорчен бивш сопруг напишал книга посветена на поранешната сопруга која да беше навистина испечатена ќе и беше интересна само на неа.
    Книгата немаше длабочина, да замислам да ја читам книгата без да ја знам позадината, дека е метафора за таа за која е наменета ќе бев, што по ѓаволите е со книгава и зошто е издадена?

    Што толку интригантно треба да има во филмов? Дали пропуштив нешто, не разбрав? Океј, метафора, абортус, убиената ќерка, жена, загубата негова во реалноста претставена во книгата преку убиствата, бла, бла. Дали треба да има човек некоја посебна моќ да го разбере филмов? Или демек кога ќе сфатиш дека е метафора, па тоа е толку посебното нешто? Ми беше празен некако филмов и на крајот бев, толку? Супер, изгледав филм за жена која стана како мајка и и бившиот кој и напишал книга за да и покаже како му го уништила животот.

    Ејми Адамс како и секогаш ми гази по нервите, не знам што е со жената, ама ми е крајно антипатична.
    Само зелениот фустан на крајот беше преубав.
    Џејк Гиленхал одличен, за музика немам што да кажам, не знам дали имаше, јас со една успивна песна го гледав.:rofl:
    Ти го лајкнав постот зашто е убаво разработена содржината, како и секогаш нели, ама не се согласувам дека е одличен филм само поради метафората. А тоа што сите се претвораме во нашите родители и не е некој вау концепт, па да сме фрапирани, да бидеме реални сега.:D
     
    На manja666, duffi, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    И уште сакав да се дополнам, со кој памет Ејми договори состанок? Како замислуваше дека ќе оди дијалогот?
    -Едвард, навистина одлична книга си напишал, се пронајдов.
    -Ох, благодарам, имав добра инспирација, една жена која ептен добро ме уништи.
    - Ахахахахаха
    Мислам, сеирозно? Баш кога виде што е книгата не требаше да го контактира, требаше да ги остави работите и да си биде до крај bitch.
     
    На duffi, ph.orhideja, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Филмов е очигледно од оние loved it/hated it филмови, нема некоја средина. :D

    Според мене, Nocturnal Animals е филм кој треба да се оцени исклучиво како целина и од аспект на емоциите кои ги побудува - само така може да му се допадне на човек. :)

    Ако се расчлени на составните делови, филмов е ништо посебно. Книгата - лоша, животната приказна на Ејми - клише, метафорите - ништо посебно. Ако се анализира рационално, емоциите кои ни ги предизвикал се разводенуваат.

    Се согласувам дека крајот е по малце антиклимактичен - и крајот на книгата, и крајот на филмот - ама, искрено, немам конкретна идеја за тоа како јас би го завршил филмов. Можда за филмов важи она „It's not about the destination, it's about the journey“. :D

    Него, @RainBow, што правиме за нареднава недела? :~: :D
     
    На boomsleng, duffi, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Па не го мразев филмов, ако мразам некој филм обично сум уф, какво срање додека го гледам, овој беше онака, океј, ама не доволно за loved it. Нит пак претерано за hated it.
    За следен кажете, анкета или имате пак некој на ум?
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ја немам ништо посебно на ум - ако некој друг има конкретен предлог за гледање, нека си каже.

    Инаку, еве што мене ми стои на компјутер од неизгледани филмови - чисто као идеја за освежување на анкетата: Allied, Live by Night, Passengers, Pawn Sacrifice, The Magnificent Seven и Silence.

    Али, пошто не ми се гледани, не би ризикувал да предложам некој од нив директно за гледање. :D
     
    На do-re-mi, boomsleng, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Не стигнав да го гледам, а пошто не се сеќавам на многу нешта од филмот...кусо само. Приказната како целина и мене не ми беше интересна - делот дека, сето тоа беше книга која екс сопругот ја напишал и и' ја праќа на екс сопругата и бла бла бла. Ејмето во овој филм ми беше ужас. Во Arrival по можев да ја трпам, ама тука дур ја гледав... ич не ми беше јасно, како оваа станала актерка. Рандом лик да зеле од улица,мислам, подобро би се снашол. Таа и како појава едноставно не ми е пријатна на тв и толку. Финалната сцена ми беше интересна, како и финалната сцена од книгата. Џ.К. ми е(y) приказната со шерифот ми беше:wasntme: wtf:D и така.

    The next most in-demand job skill
    If Cuban's prediction does indeed come true, with the need for coders, developers, and engineers eventually evaporating, what sort of workers will be in demand? Those who can make sense of the data that automation is spitting out. No, not data scientists. Cuban believes employers will soon be on the hunt for candidates who excel at creative and critical thinking.

    "I personally think there's going to be a greater demand in 10 years for liberal arts majors than for programming majors and maybe even engineering," Cuban said. He cited degrees such as English, philosophy, and foreign languages as being the most valuable. "Maybe not now," Cuban acquiesced. "They're gonna starve for awhile." Their day, though, is likely coming, he says. :P:rofl: А вие чудете се што обичен филолог викнале да се разбере со вонземјаните.:D
     
    На duffi, JuLleE, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Синоќа конечно го изгледав филмот. Ми стоеше на листата за гледање долго време, ама цело време бев на средина да го гледам или не. Па наместо него гледав други филмови и никако да му дојдеше редот.
    Ќе пишев уште синоќа, ама ми беше касно.:yawn:

    Филмот е добар, ми се допадна. Ама па не е ни тешко да се разбере дека е метафора. Уште на сам почеток Ејми на својата секретарка и кажува дека бившиот и маж ја нарекувал ноќно животно бидејќи не спиела навечер. Исто како и насловот на книгата која ја добива од него.
    Не е тешко да се примети дека Сузан е во несреќен брак и да, дека како што и рече Едвард се претворила во својата мајка.

    Да не се објаснувам и јас по не знам кој пат на темава, увидовме кое што значи, абортусот и убиството.
    И онака по распадот на нивниот брак се гледа дека и двајцата се ,,мртви,, луѓе. Едвард никогаш и не се оженил повторно.

    Туку мене друго ми падна во очи. Куќата на Сузан и маж и, смислена до перфекција. Посебно кујната со рамни и едноставни елементи. Кадата или мини -базентот или што и да беше надвор на балконот од кој се гледа цел град.Убавини.
    Конечко Ејми ја видовме дотерена и средена буквално во секоја сцена. Со секој осмислен детал на неа.
    И да беше малку подобра од Аривал, каде не ни зборуваше, туку буквално си шушкаше.

    Филмот е супер , убаво осмислен и изработен. Начинот на кој Едвард преку метафора и го доловува бракот преку романот на Сузан е многу болен и драматичен.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    :bandit:

    Гледајте го Silence, доста простор за дискусија ќе ви даде. Не дека јас ќе најдам време да го изгледам, ама барем ќе си читам мислења. (fingers)
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Да пишам неколку збора додека уште трае анкетата.

    Мене филмот воопшто не ми се допадна. Не знам навистина од каде толку позитивни критики овде, кога се што прочитав за него до сега беше негативно но сепак решив да му дадам шанса. И покрај толкуте негативни критики не ми беше јасно од кај толку висока оценка на имдб. Мислам дека и на вас на кои ви се допаднал филмот ке се сложите дека оценката му е преценета, прочитав и дека ќе го номинираат за Оскар, исто мислам дека воопшто не заслужува.
    Единствена светла точка во филмот ми е Џејк, се сложувам дека нема промашување, освен ова! Но сепак улогата ја донесе перфектно, тоа што не ми се допаѓа филмот како остварување си нема врска со фактот дека ми е омилен актер.

    Ејми, безживотна, досадна, иритантна. Во филмот мислам дека имаше 10 реплики се на се, никаква емоција не разбуди во мене, како за главна улога според мене многу малку ја видовме како зборува, едноставно ми фалеше некое дејствие со неа. Иритантна е сама по себе, а и улогата овде уште толку.
    Според мене филмот нема некоја длабока порака ниту поука. Ми личи на лимонадка каде оставен маж сака да и се одмазди на својата бивша сопруга на еден тотално без врска начин. Не гледам каква поврзаност има дејствието во неговата книга со нивниот брак. Дури и со абортираното дете, чинам дека никаде не се спомнува дека нивното дете беше женско, од друга страна во филмот накратко се појавува ќерката на Сузан со сегашниот маж. Не ми е јасно од кај поврзаноста со нејзиниот абортус? И мене убиената девојка не ми е асоцијација на нивното изгубено бебе.

    Мислам дека филмот може да е добар само ако го сфатиш како таков, и ако во својата глава си направиш сценарио за тоа што всушност е неговата поента. Затоа што јасна порака не носи според мене. Некако има многу делови кои се недоволно разјаснети и вметнати туку така. Прво почетокот на филмот со голите женски дебели тела, не сфатив зошто? Второ, односот со сегашниот сопруг на Сузан и нивниот живот е претставен во 3 реплики и тука завршува тоа. Исто нејасно е за ќерката нејзина, само нафрлано без врска ми е.
    Некогаш и конфузно ми беше за гледање, затоа што во принцип не сакам да гледам филмови приказна во приказна, овојпат дури и многу лошо склопена.

    Еден факт во целиот филм е дека бившиот сопруг сакаше да и се одмазди на Сузан. Не мислам дека тоа го направи со книгата, ниту пак гледам една причина зошто ја потресуваше истата таа книга, нема никаква поврзаност со нивниот живот во потполност. И на крај како и се одмазди? Со тоа што не се појави во ресторанот и ја извиси? Навистина ваква приказна ли ве воодушеви? Мене крајот уште толку ме изиритира, не ми се верува дека вакво нешто може да биде номинирано за Оскар.
    Моја оценка е 2. Не го препорачувам, тотално разочарување ми е.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.