Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.885
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмов конечно долго време ми беше на листата за гледање ама конечно му дојде редот.
    Разочарувачко,ужас според мене.Филмов баш никакви емоции не разбуди во мене.
    Сценариово ми беше тапа,а и настаниве во филмов некако цело време се измешани да не можеш да разбереш што се случува.
    Многу ми беше монотон се се вртеше околу глумицава како ја чита книгата на бившиот и пие и цели ноќи не спие.
    Ништо посебно за мене. Оваа не е за Оскар барем за мене.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Охо, дали тоа неделава ќе имаме кандидат за гледање од Пустец? :party:

    @RainBow и останати, ако се слагате, да го ставиме Silence директно за гледање. Слушам овие од другата страна на езерото имале добар вкус за филмови. :D
     
    На Lady Phoenix, zhap4e, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Мој предлог е неделава да го гледаме оскаровскиот победник Moonlight да ја запазиме традицијата од претходнава година на задолжително гледање и коментирање на победникот на оскарите, но може и Silence да се гледа сега а наредната недела Moonlight, како ви одговара и како сте расположени така да се договориме
     
    На Lady Phoenix, zhap4e, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    Темава некако замре ?
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ни ја нема @RainBow да не стаи у правец. :( :D
     
    На Lady Phoenix, boomsleng, black-angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    Слабо и предлози за гледање :|
     
    На Lady Phoenix, boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Тишина или месечева светлина (Копирајт Миланка :D ) Или анкета пак?
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Мене ми е сеедно - нека се изјаснат другиве, дијаспората и Пустец што им ѕенѕа поише. :)
     
    На Lady Phoenix, LivingGlam и boomsleng им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Ајде Silence. Беше предложен погоре.
    Имам намера да го гледам секако. :)

    Moonlight нејќам. Прочитав дека е со црнците геј, (ако не грешам) и немам намера да губам време со таква тематика.
     
    На joy1, Lady Phoenix, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Silence прво, ако не. Следно Оскаровецов. Утрово го гледав него.
     
    На Lady Phoenix, boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Нека се гледа и коментира неделава Silence тоа е желба на поголем дел од членовите на форумов, за наредната нека биде оскаровскиот победник Moonlight.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Silence (2016)

    Кога би морал да го опишам филмов со еден збор, би рекол дека е ужасен. Кога би морал да го опишам со неколку, би рекол „агонија која трае речиси 3 часа“.

    Не сум сигурен дали филмов имаше намера да биде ода на христијанството или пак само така треба да делува, бидејќи е прераскажан од перспектива на језуитскиот свештеник, Родригес (Родригеш?, како и да се читаат португалскиве имиња), но во секој случај, генералниот впечаток за приказната е тој – добрите христијани, наспроти лошите, зли Јапонци.

    Навистина е тешко да се каже дали Скорсезе сакал Silence да биде пофалба или критика за христијанството, но, барем за мене, филмов го прикажува сето она што не е во ред со христијанството и религијата, генерално – нешто налик на Passion of the Christ.

    Но, пред да се фатам за содржината, да кажам нешто и за самиот филм. Филмов е долг – предолг, ако мене ме прашувате – целата приказна можеше комотно да се смести во помалку од 2 часа, со што филмот само ќе добиеше на квалитет и динамичност, а немаше ништо да изгуби.

    Некои сцени беа апсурдно предолги – како оние во кои група од Јапонци размислува дали да згазне на иконата на Исус – секој по цели две минути. Најверојатно, целта беше да се прикаже моралната дилема – дали човек да се откаже од својата вера или својот живот, ама, барем на мене, крајниот резултат ми беше збир од бесмислени сцени, кои траат предолго, целосно непотребно.

    И впрочем, целиот филм беше таков – долг, без некоја реална потреба и поента – дијалозите (и монолозите) беа исто така лоши и без некоја длабочина. Едноставно, немаше ништо што можеше да го оправда траењто на филмов.

    Во однос на приказната – затоа што филмов тоа не го направи, морам да дадам позадина за навидум неоснованиот прогон на христијаните во Јапонија. Имено, првите португалски језуити кои дошле да го шират христијанството во Јапонија, кога ги покрстувале конвертитите, успат им давале и „христијански“ имиња. Под христијански, мислам португалски, пошто нели и Исус бил Португалец, така? Освен тоа, бидејќи језуитите генерално не се замарале да научат јапонски, ги терале кутрите Јапонци да учат португалски, за да можат со нив да го споделат своето учење. Шогунатот тоа го доживеал како нешто повеќе од ширење на религија, односно како обид за асимилација и колонизација на Јапонија, и затоа се свртеле против христијанството. А со оглед на пристапот кој го користеле језуитите, кој би можел да ги обвини? Суровоста на методите можеби не можам да им ја оправдам, ама мотивот кој стои позади нивните постапки ми е целосно разбирлив.

    Од друга страна, за тоа какво било христијанството кое језуитите го проповедале во Јапонија, одлично се гледа од сцената во која Родригес и Гарупе за прв пат стигнуваат во селото – кутрите јапонски христијани живееле преплашени, затоа што немало свештеници, кои би ги исповедале и кои би држеле миси – затоа што во христијанството самите свештеници се на ниво на полу-богови, без кои човек сам никако не може да комуницира со Бога.

    Родригес е фасциниран од силината на вербата на овие луѓе, особено затоа што христијанството е забранета религија, но мене ми се чини дека е пофасциниран од почитта и обожавањето кое го добива од локалното население.

    Уште една сцена – онаа во која на селаните им делеше крвчиња од слама и перли од сопствената бројаница – укажува на целосно погрешниот пристап во учењето на христијанството на Јапонците. Наместо да се обидат да им ја пренесат и доближат суштината на христовото учење, свештенициве им делат реликвии и амајлии.

    Всушност, језуитите не се ни обиделе да ја преведат Библијата на јапонски јазик– тоа се случило дури 400 години подоцна, кон крајот наXIX-тиот век, и тоа од страна на протестантските мисионери.

    За тоа колку малку го познавале христијанството, сведочи и сцената на крстењето на новороденото дете во селото и на прашањето на таткото кон Родригес – „Дали сега син ми е во рајот?“

    Мислам дека Кикиџиро беше едниствениот Јапонец кој добро ја разбрал суштината на католицизмот – прво направи некое срање, а потоа, покај се и исповедај се – и готово, како ништо да не било, гревот е избришан и заборавен. :D

    Една од ретките интересни сцени ми беше онаа кога Родригес седи со група христијани, во исчекување на смртната казна. Тој е изваден од памет, а сите други се спокојни. На неговото прашање „Како можете да бидете толку смирени, кога знаете дека ќе не погубат?“, Јапонциве му одговараат „Да, ама по смртта не чека рајот и вечен живот“. Се чини дека и самиот свештеник не верува баш во она што го проповеда.

    И ова е нешто што отсекогаш ми било фасцинантно – зошто, ако некој е вистински верник, се плаши од сопствената смрт и тагува по смртта на блиските? – па нели одат во Рајот, каде што ги чека вечен живот и каде што ќе бидат обединети со своите сакани. Можеби затоа што секој од нас, длабоко во себе, знае дека тоа не е вистина. Марк Твен рекол: Faith is believing what you know ain’t so.

    Од друга страна, има нешто фаталистичко во верувањата за задгробен живот на секоја религија. Конечно, човек кој навистина верува дека овој свет е само привремен, а она вистинското тек следи, може да се однесува многу побезгрижно и ноншалантно во однос на секојдневните, реални проблеми. Загадувањето, пренаселеноста, сиромаштијата не се уствари вистински проблеми, па дури и да избие нуклеарна војна, што има врска – овој свет е и така привремен. За ваквите луѓе крајот на светот не е нешто од што треба да се плашиме, тие дури потајно и го посакуваат – затоа што Апокалипсата е денот на конечната пресметка меѓу доброто и злото, после што замниов свет ќе заврши, а сите ние ќе можеме конечно на раат да си кулираме во Рајот.

    Дури и крајот на филмот, кога по смртта на Родригес, гледаме дека во раката држи крст – момент кој несомнено требаше да биде нешто налик на пркосната реченица на Галилео „Сепак се врти“ – мене ми беше без врска. Се откажал од христијанството, ама сепак не се откажал, работава.

    Филмов, кој можеби требаше да биде пофалба на хероизмоти пожртвуваноста на јапонските христијани и нивните португалски учители, за мене беше приказ на најлошите ствари во врска со религијата – христијанството и будизмот, во случајов. Бесцелен конфликт и залудно потрошени животи – затоа што животите на Ферера, Родригес и Гарупе, како и на јапонските христијани беа токму тоа – залудно потрошени. Свештенициве ја поминале првата половина од животот ширејќи една религија, за да втората половина ја поминат оспорувајќи го нејзиното учење и промовирајќи друга – и успат, беа индиректно одговорни за смртта и мачењето на стотици Јапонци. А селаните животите ги дадоа за христијанството, иако практично, како што Ферера и посочи, никогаш не ни разбраа што всушност е тоа. И, како што дознава Родригес, во маченичката смрт нема ништо возвишено – мачењето е мачење, а смртта е смрт – возвишено може да делува само кога се гледа оддалеку, просторно и временски, кога за неа се чита или слуша од некое предание – но, реалноста е многу поинаква.

    Патем, интересно беше хипотетичкото прашање – „Што би направил Исус?“ на местото на Родригес и Ферера – дали ќе се откажеше од својата вера (барем декларативно) за да спаси невини луѓе од мачење или пак, ќе останеше на своето верување, без разлика на цената?

    На крај, морам да се извинам затоа што рецензијава за филмов ми се претвори во антирелигиозна тирада, но тоа се чувствата кои кај мене ги побуди Silence – додека ги гледав сите тие сцени на психичко мачење и физичка тортура, не можев а да не помислам колку е сето ова бесцелно и дека ништо од ова немаше да се случува ако не постоеше религијата – или барем, ако не постоеше во овој облик во кој ние ја знаеме.

    Во секој случај, без разлика дали е наменет како пофалба или како критика на христијанството и религијата во генерала, за мене Silence не беше добар филм – поентите кои ги имаше, а не беа многу на број, можеа да се (по)кажат многу подобро и појасно, а приказната можеше да се спакува во многу пократко време. Scorsese, better luck next time.
     
    На Lady Phoenix, boomsleng, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ina..ina

    ina..ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    107
    Предлог за коментирање на филмот
    The Invisible Guest/Contratiempo
     
    На Bender Rodriguez, zhap4e и boomsleng им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Кусичко:D филмов ми беше во листа на фимови што сакав да ги гледам. Ко и за многу други, трејлерот ми изгледаше интересен. Mислев ќе е стварно интересна тематика/приказна.. плус па и глумците. И не само Лиам Нелсон де, него и....:D
    [​IMG]

    Изгледаше предолг, мачно досаден, не многу интересен. Silence баш одговара оти ти ствара некоја тишина на сетилата:D Пробав да го засакам,да најдам нешто занимливо ама...
    Се' што ми остана во сеќавање се само пар убави сцени.. боите и не знам што друго. Ми се чинеше ко да се обиделе да го направат баш во стил на некои кинески и јапоснки филмови но не ми се виде ко добра реализација. Ми се допадна сцената со свештеникот во паника оти ќе умре и обичниве неуки селани - христијани смирени:) не дека беше некој вау момент ама беше интересно да се гледаат тие млади темпераментни свештеничиња кои не знам дали се жртвуваат толку себеси во име на Бога и ширење на христијанството или беа само темпераментни, импулсивни младичи кои не многу се сеќираа за судбината на тие на кои им го пренесуваа Божјото слово,колку што беа таму ко млади луѓе отидени во авантура..некаде си. Ми се допадна објаснувањето на оној, чуварот или што беше на свештеникот дека тие не се ни обиделе да научат и разберат нешто за Јапонија и нивната култура и религија... не знам точно кој аспект од филмов да го дискутирам оти, ете, не го разбирам тоа „мирољубиво“ инвазивно ширење на една религија меѓу различни народи и култури по цена на нечии животи. Исто онака ко што и не ја разбирам таа нетрпеливост на едни религии кон други,особено ако не се праповеда насилство.Но, нели..тоа секогаш е проблем кога една е доминантна религија и кога власта се идентификува со неа и само со неа. Не би го препорчала на други.
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Јас се извинувам дечки.:$
    Се зезнав и го прочитав мислењето на Бендер пред некој ден и оддлучив да не го гледам.
    Не за друго, ами филмот е ионака предолг па уште со лоши рецензии :tmi:
    Времето е злато :D

    Оффтопик.
    Патем, читам вчера на Реборн страната предлог на филмовите за викенд.
    Првиот беше Логан, @Bender Rodriguez , ти го фалеше во рецензиите и долу стои дека филмот е препорака на Диме :D
    Нели @Summerlover те прекрсти во Диме, така да потврдено ми е - Диме си и крај:rofl:
    Аман, форумов и влијанија |( :D
     
    На duffi, boomsleng, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Овој, Personal shopper... коа ќе излезе на некоја снимка, ако вреди да се гледа,да се гледа...да се стави на гласање. :) Филм, што ќе гледавме следно?
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Договорени, согласни бевме следен филм за гледање и коментирање да биде оскаровскиот победник Moonlight, запазувајќи ја традицијата од претходнава година а и понатаму во иднина тоа да го правиме, сепак на вас е да си кажете и одлучите.
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ај да ги сефтосам модераторските привилегии у омилената ми тема. :)

    Кажувајте брзо, Moonlight да го ставам следен за коментирање или сакате нова анкета?
     
    На Madam-A, zhap4e, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  19. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Нова...:wasntme:

    Одамна немам say на темава, ама таква летаргија ја фатило :yawn: што ни Пустец веќе не гласа. Е, паметам времиња кога имало и по 14 (необјасниви) гласови за предлог, од 5-6 активни членови во темава. Убави времиња. Кажи им бе, @Kukla994 ?:D

    Не сум во чекор и со најновите филмски остварувања. Заглавив на Ornage is the new black.:D

    Од филмови моментално на листата ми се Klute од '71(сакам да видам колку основано/ неосновано Џејн Фонда добила Оскар за филмов. Си признавам имав предрасуди кон нејзините актерски способности и се изненадив кога неодамна прочитав дека е оскаровец), The Parallax View ('74) и El bar, најновиот трилер на Алекс де ла Иглесиа. Морници ме полазаа од трејлерот на последниов, од сличноста со минатогодишниот (или преклани беше?!) напад во Париз, а прва мисла ми беше дека е нехумано да се инспирираш и профитираш (сепак снимил филм за кој публиката плаќа карти) од таков настан. Може и нема врска филмот со мојата претпоставка. Сепак, ќе чекам торент.

    Ако нешто ви фати око - арно. Ако не - здравје. ^_^
     
    На Kukla994, zhap4e, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Океј, мене ваков ми е планот: анкета да се става у понеделник и да трае до четврток вечер (или петок сабајле, сеедно), за да може избраниот филм да го гледаме за викенд. Коментирањето би се одвивало све до наредниот петок, односно до завршување на новото гласање. И после истото одново. Оптимално би било секој у својот коментар за филмот одма да напише и предлог за гледање за наредната недела.

    Нормално, ова све би важело под услов actually да има други активни луѓе на темава и муабетов да не го правам сам со себе. :D

    П.С. Мој предлог за анкетата е Split (2017).
     
    Последна измена: 30 март 2017
    На Madam-A, P.S.love, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.