Кажувам, кажувам јас туку чекав вие да кажете нешто кај сте , што ве нема, што е со анкетата, мислев се расипала и не работи веќе Ај, тука сум ако ви треба глас Пардон за оф топик
Мојот предлог за филм: The distinguished citizen (2016) Занимлив филм и има простор за дискусија мислам. А и редно е мојот предлог да се избере
Moonlight го гледав, некој го предложи? Оскар добил за најдобар филм? Висока оценка? Ар ју кидинг ми? Не губете си време. Следен Сплит ми е за гледање, ќе го ставате на листа или да го изгледам па да ве предупредам?
Мој предлог за филм е Hidden Figures. Предобар е, феминистички, и најинтересно од се-базиран е на вистинска приказна. Ќе ви се допадне.
Moonlight ако ти бил заникаде, глеј го Manchester by the sea и кажи во која минута... секунда го стопираше и исклучи Досадно = уметност,ваљда. #Шознамјас Ради Маковеј, ќе го пуштам викендов овој Split Предлог.. не знам. Се помалку гледам филмови. Заглавив во серии. Ме изморуваат. Ептем. И со вакви досадни филмови ко што прават... коштозборешеЛејди.
Мене па искрено ми се свиѓаа речиси сите Оскаровски годинава. Можеби Moonlight не баш за најдобар филм, али имаше стварно добра глума, и таков е, животна драма филм, не е типичен какви сме научени да гледаме најчесто, затоа и на повеќето им е досаден и непривлечен да му дадат шанса, мене ми беше солиден. Ако го споредам со Manchester by the Sea, убедливо ми е подобар вториот, иако пак ќе кажам, потежок е за варење, нема акција-заплет-расплет, туку бавно дејство на една нетипична животна судбина. Casey ми беше за Оскар и тоа како, иако за нијанса можеби повеќе навивав за Andrew за Hacksaw Ridge. Е тој филм кој го нема гледано обавезно да се поправи зашто за мене е еден од најдобрите за годината, ако не и најдобар, па на второ место Jackie. Arrival бев во возбуда тешка додека стигнав да го гледам, и го изгледав, и никакви посебни ипресии, иако ме занима и привлекува таа тематика. Nocturnal Animals со мачење го изгледав, иако го сакам Jake, исто и Fences, не беше до толку лош али некако премногу дијалози постојано, целиот филм како муабет во еден здив е направен, и малку е напорен за гледање, или мене таков период ми се погоди. Го гледав и 20th Century Women, помалку хипстерски и дефинитивно феминистички. Sully, онака просек, и да не го изгледав немаше многу да пропуштам. Hell or High Water, повеќе во глава ми остана визуелниот дел како е направен филмот, локации и сл. и музиката, него самата приказна. Allied ако сте го гледале трејлерот сте го гледале цел филм, тотално предвидлив. И последен од Оскар серијата The Hidden Figures, интересен, забавен, поучен, коплетно пакетче. Си кажав за секој по нешто, иако никој не ме праша. Е сега за предлози, од тоа јас што планирам да гледам следно: 1. Florence Foster Jenkins ( http://www.imdb.com/title/tt4136084/?ref_=nm_flmg_dr_2 ) 2. Captain Fantastic ( http://www.imdb.com/title/tt3553976/?ref_=tt_rec_tt ) 3. Lion ( http://www.imdb.com/title/tt3741834/?ref_=tt_rec_tt ) 4. Silence ( http://www.imdb.com/title/tt0490215/?ref_=nv_sr_1 ) - веќе коментиран тука, испаѓа од игра 5. La La Land ( уште го чекам на HD снимка ) 6. Elle ( исто мислам веќе коментиран е тука)
me2 Ме заинтригиравте со филмот,баш сега го гледав трејлерот,уште одма на поп корн ќе си го пуштам Иако,морам да признам,не сум во тек со поновите филмски изданија. Екшн!
Анкетата е поставена, нешто порано овој пат - затоа што, на мое големо задоволство, видов дека има интерес за темава, па викам да побрзам дур не ви поминал ентузијазмот. Имаше доста предлози, ама ставив само по еден предлог по член, зашто мислам дека така е најфер, а и за да не се расплинуваат гласовите ако има премногу опции. Од тие што дадоа повеќе предлози, си зедов за слобода да одберам кој да оди оваа недела за гласање - што не значи и дека другите предлози кои ги дадовте нема да бидат земени у предвид за понатаму. Сега гласајте слободно, па од наредниот петок да почнеме со коментирање.
Јас го изгледав. До петок ќе ми исчезне впечатокот ама, кој да чека да победи па да го гледа. Moonlight, и мене ми се свиѓаше, Jason123. Не кујзнае колку, ама... Али, Manchester by the sea ми беше killing me softly, од ранг на Silence flatline.
@zhap4e, може и да го скратиме времето за гласање ако продужи Split убедливо да води на анкетава. А и нема поента анкетата да стои до петок ако сите гласаат денес и утре. We aim to please.
Е да де, Сплит. Знаев дека тој ќе биде следен ама додека се изгласа ќе го заборавев па затоа надолго и нашироко го искоментирав во друга тема Може да ви се убацувам само во коментари доколку напишете нешто со што не се согласувам Јас инаку за Лео гласав, гледан ми е филмот многу одамна и многу ми се допадна, па ме потсетивте ете да го гледам пак.
И јас го имам гледано Split, го пишав во рецензии пред некое време, па така и јас ќе се надоврзувам само, ако има(м) потреба
јас ви се избацив во анкетава да си знаете Го имам симнато Сплит веќе некое време, таман сега дојде моментот да се изгледа и да се прокоментира. Иначе знаев дека е Бендер тука модератор! Боље избор неможеше
Може ли да почнам прва? Дека long time no see. А и дека Мекавој ми е љубов. Филмов едвај чекав да излезе на нормален торент за да го гледам. Знаев дека нема да биде утка. Уште кога прочитав што тематика е - бев уште позаинтересирана, со оглед на тоа што и самата страдам од психичко нарушување, па се чувствувам недоволно сфатено од "нормалните" луѓе, а на моменти и како да не ме сфаќаат доволно сериозно. Ајде со ред. Психолошки трилер - мој омилен жанр. Да речеме дека е нискобуџетен филм, сниман на ограничен број места. Но, се докажало дека токму таквите често пати ги надминуваат оние другите. Екипата, пола-пола. Џејмс е познат, а Ања, а.к.а. Кејси, ја знаеме од Морган (кој не го гледал - да го гледа). Останатите ми се анонимуси. Кога видов дека е со три девојки, мислев дека филмот токму тоа ќе го покака. За среќа, нивниот удел (со исклучок на Кејси) беше незначителен. Класична приказна на киднапирање. И тука завршува она вообичаеното. Затоа што киднаперот е нетипичен. Мотивите не му ги знаеме. Останатата екипа е ок. Музика - соодветна, сценографија - брутална, која открива многу малку, костимографија - одлична. Темата е доста интересна и необична. Подвоена личност во која живеат 23 ликови. Различни карактери, различни возрасти, занимања, интереси, здравствени состојби. Резултат на трауматично детство. Бегство од самиот себе и потреба да се заштитиш по пат на чудни механизми. Од друга страна е психологот која е сочувствителна и има необичен пристап кон пациентите со ваква состојба. Небаре ги смета за еволуирани видови кои максимално го искористуваат капацитетот на мозокот. Од трета страна е Кејси, исто така жртва на злоупотреба, која нашла друг начин за да се заштити себеси. Но, заедничкото со Кевин и' е што двајцата се несфатени и отфрлени. Тука се наметнува прашањето - како да се спречи, наместо да се лечи? Што уште може да се стори во едно општество за да се заштитат децата, па и повозрасните од физичка, психичка и сексуална злоупотреба? Што уште е потребно за да им се поверува? Каков треба да биде односот кон психички оштетените личности? Некои навистина може да бидат штетни и по самите себе, но некои би можеле и нормално да функционираат, а сепак се стигматизирани, на некој начин. Не истражував, тоа ќе го препуштам на некој друг, но и од сопствено искуство сум сигурна дека под дејство на психата е возможно манифестирање на физички симптоми и особености. Можно е да се наруши здравјето, да се навлече болест од никаде, без претходно постоење на предуслови за истата. Поради тоа, верувам дека една од оние 23, подоцна 24 личности кои беа потстанари во главата на Кевин, беше возможно да боледува од дијабетес. Друга (Денис) да пројавува голема физичка сила. Трета - да биде беспомошно дете, четврта - да биде уметник. Џејмс беше фасцинантен, како и секогаш. Знае да одбере улога. Знае да ја донесе максимално веродостојно и да се вложи себеси како секогаш да добива вртоглави хонорари. За промена, овде не го гледаме како сексуален објект. Но, неверојатен е начинот на кој преминува од еден во друг лик. Моментот со снимките на крај, неговиот видео-дневник, беше nice touch. Хиперболизирањето на неговите способности кои го олицетворуваа Ѕверот беа повеќе за уметнички дојам (ова, за оние кои би сакале да мрчат дека филмот не беше до крај реалистичен). Како метафора, алузија за начинот на кој се чувствува дотичната личност во тој карактер и како ја доживува останатиот свет. Интересна, иако не беше за оправдување, беше и причината поради која го правеше сето тоа. Но, сепак тоа ќе го препуштам на некој друг да го продискутира. Се' на се', задоволителен филм, приказна, глума која не може секој да ја изведе. Можеби сум пристрасна, необјективна, но, сепак е нешто што го препорачувам.
Само што го завршив па дур ми се свежи впечатоците да прокоментирам. Со оглед на тоа дека студирам психологија, запознаена сум со растројството на дисоцијативни идентитети, а баш и периодов три книги читав поврзани со тоа и топ ми дојде филмов. Јас сакам психолошки трилери, да ги анализирам, да ги предвидувам и слично. Го чекав за добра снимка подолг период, ама пред некое време прочитав некои лоши критики и некако одбегнував да го гледам. Филмов ми имаше оставено голем впечаток се до последните 40 минути. Мене тој супернатурал дел не ми се допадна, затоа што беше страшно нереално. Макар и да беше Ѕверот отпорен на куршуми, нема шанса да не реагира никако на навлегувањето на куршумите внатре во телото. Ме разочара затоа што почнува со огромен потенцијал за психолошко разглабање на ликовите и имаше многу опции како да се заврши филмов, и да остане достоен на жанрот, ама ништо. Некако како да цело време се спремаш за врвот, кулминацијата, и кога доаѓа тој момент филмов fall's flat. Очекував плот твист како во The Sixth sense, нормално е да се очекува од Shyamalan ама nope. Главниот глумец Џејмс Мекој изглуми предобро, алал да му е како ги доловуваше различните ликови. Мислам дека он го вади филмов, и дека ради него вреди да се изгледа. Вистина е дека различните личности може да имаат различни ментални и физички способности, дури доколку се развијат толку многу може да фејкнуваат и да глумат еден од своите други ликови, баш како и ликот Бери во филмов и доколку не ги познавате сите карактери е многу тешко да се познае. И се согласувам дека класификацијата како хорор е многу погрешна, едноставно не е таков тип на филм. Се на се, за моите очекувања од филмов, испадна млако. Би му дала 6/10 Инаку јас дури сега дознав дека филмов е поврзан на приказната од Unbreakable(2000)(затоа се појавува Брус Вилис на крајот во Сплит) и дека ќе има и продолжение. Ако се од истиот филмски свет тогаш би имало логика за супермоќите на Ѕверот.
Јас пак последниот дел го чекав, ми фалеше повеќе драма, интензивност, па и малку повеќе хорор. И не знам зошто 23 личности кога ние видовме само неколку, 5 или 6. За сите 23 да ги прикажат немаше време очигледно, а и да имаше мислам дека непотребно ќе беше сите да ги запознаевме на 2-3 минути отприлика, па се прашувам -зошто се спомнаа толку? Друго, девојките откако дознаа дека е со пореметување можеа да ја искористат ситуацијата и да го нападнат. Повеќе драма ми фалеше, борба од нивна страна. Од негова, еден бар идентитет малку поизопачен. Мислам ок, киднапира и затвори девојки, ама сепак...не ги ни пипна И на крај, она што најмногу ме изнервира и превртив очи беше кога ги рашири решетките и таман очекував да скокне и да ја задави (или бар да проба), он се смири и рече -You are different from the rest. Your heart is pure! Еднаш веќе ја поштеди од Ѕверот, ова беше вторпат. Добро, разбирам што сакале да доловат, и двајцата со трауми од детството, и двајцата со слична болка, ама толку неприродно ми дојде таа негова реченица на крај, не ме допре едноставно. Веројатно требало да поработат на нивната близина во текот на филмот повеќе. Не се поврзав со девојката Casey, ниту со Мекавој, не им ја видов болката. Или тие не ја пренесоа како треба или јас сум изгубила сенс. Бабата ми беше симпатичен лик и мислам дека супер си ја одигра улогата. Мекавој исто, ама сепак нешто ми фалеше. Благо разочарување од сценаристот можеби?