За Split и јас, како и многу други, веќе пишував во „Последен филм“, каде што бајаги го пофалив. That being said, филмов не е без свои маани и недостатоци, но истите не може човек да ги посочи без истовремено да го спојла филмот, па затоа моите критики ги оставив за оваа тема. Прво, ќе се сложам со @Bridget дека 23 (односно нели, 24) различни личности е малце overkill. Пред сѐ, затоа што повеќето од нив не ги ни видовме, ниту пак имаше доволно време за тоа – а реално, немаше ни потреба. Ако дисоцијативното растројство се јавува како резултат на некоја траума во животот, како механизам за заштита на личноста, постоењето на едно (или неколку) алтер-ега е до некаде логично и објасниво, но бројката од 23 различни личности и пред сѐ, потребата од толку голем број, за мене останува нејасна. Во однос пак на различните физички особини на различните личности, јас останувам по малку скептичен на темава. Моќта на умот над телото е неверојатна – мислам дека имам пишувано за случајот на епилептичар кој во младоста бил врзуван за да не се повреди при нападите, на кој кога му се случил напад за време на неговата воена служба, на запрепастување на лекарите, во истиот момент му се појавиле траги од јажиња на зглобовите на рацете. Некои научници сметаат и дека појавата на стигмата кај некои верници е индуцирана од психата. Сепак, би рекол дека таа моќ има свои граници и иако е сосема возможно (во теорија) различни личности кај човек со дисоцијативно растројство да имаат (до некаде) различни физички особини, мислам дека дијабетесот би бил надвор од рамките на ваквите можности. За способностите на Ѕверот и да не зборувам. Ѕверот како идеја беше nice touch, само што некако целиот build-up кој водеше кон него на крај ми испадна малце антиклимактичен, што ми е уште еден доказ дека она што нашата имагинација може да го замисли е многу пострашно од било каков лик кој сценаристите можат да го измислат. Се слагам дека некои ствари, како отпорноста на сачмарка (и тоа, point blank) беа претерани, а некои сцени – како онаа у која се качува по ѕид како гуштер И тоа, без некоја особена поента, освен да ни покаже дека може) беа смешни.But, that’s Shayamalan for you. Она што ми се допадна, од друга страна, беше крајот, кој барем за мене, беше неочекуван и далеку од типичен холивудски хепиенд. Ѕверот е на слобода, не е ниту убиен, ниту заробен, а Кејси се враќа кај својот злоставувачки вујко. Split е филм со интересна идеја – истражување на дисоцијативното растројство – и интересен пристап кон неа – дека ова заболување всушност би можело да биде клучот за разоктривање на целосниот потенцијал на човечкиот мозок – односно, дека личностите со вакви растројства се на некој начин повеќе, а не помалку од обичните, здрави луѓе. Се чини дека луѓето се фасцинирани од замислата дека секој од нас во себе има скриен потенцијал за нешто повеќе – за што сведочи и фактот што митот дека секој човек користи само 10% од својот мозок сѐ уште опстојува и денес – а Split на оваа стара идеја ѝ дава нов twist и ново руво. И според мене, навистина е штета што овој момент од филмот, заедно со психијатарката која го истражува овој феномен, се споредна, а не главна работа во филмов. Барем на мене ми се чинеше дека Split е некако недовршен – како да е сниман по некоја draft верзија на сценарио и мислам дека со оваа идеја и актерска екипа можеше да се направи и многу повеќе. Но, што е, тука е. Веќе претходно кажав и сѐ уште го мислам тоа – она што го прави филмов да биде добар, наместо само просечен, е Џејмс МекАвој – тој е оној кој го носи целиот филм на грб, од почеток до крај. Неговата глума, трансформациите од еден во друг лик, промената на гласот и гримасите на лицето се повеќе од одлични. И мислам дека неговото присуство во филмов надоместува за сите други недостатоци кои ги има. Што се однесува до кросоверот со Unbreakable, како и евентуалното продолжение на Split, имам измешани чувства – може да испадне нешто добро, но шансите се поголеми дека ќе биде срање. На крај, еве го мојот предлог за наредната анкета – The Discovery. Се работи за научник кој за прв пат успева научно да го докаже постоењето на живот после смртта, како и за неочекуваните последици кои неговото откритие ги има врз светот – на пример, бран од масовни самоубиства. Неговиот син, од друга страна, не е целосно убеден во веродостојноста на откритието на татко му. Во филмов се појавуваат Роберт Ретфорд, Џејсон Сигел и Руни Мара. Да напоменам дека филмов не ми е гледан и сосема е можно и да не чини, особено ако судиме по оцената на IMDB и тоа што е во продукција на Нетфликс, кои, барем за сега, не се нешто познати по успешни филмови. Ама, тематикава ми се виде интересна за дискусија, а башка и it’s Robert fucking Redford!
^дефинитивно од психолошки аспект потребата од 23(24) идентитети нема логика воопшто. Тие се прават нели за да се заштитиш од одредени моменти од минатото, и сме имале случаеви и со 5 и со 6 идентитета, кој што различни трауми во животот ги потикнале различните личности. Ама мислам дека до сега немало случај со волку многу идентитети, мислам дека максимумот на познати идентитети кај една личност беше 11-12 ама не ме земајте за збор, пошто информацијава ми е малку постара. И сето ова му дава уште една доза на нереалност на филмот. --Eдит: сега читав за некоја жена која имала 100 идентитети, така да, 23/24 и не биле така многу Ама ова е реткост. Инаку од предлози за нареден филм јас имам еден куп, али еве ќе одвојам некои. Само да напоменам никој од овие не ми се гледани, и може да испаднат лоши филмови, пошто изглед(читај трејлер) вара 2016: Train to Bussan Don't Breath Miracles from heaven The girl with all the gifts The Belko experiment The Good neighbor Love is all you need? 2015: The stanford prison experiment Intruders 2014: You're not you Every secret thing Доста ви се Ваљда некој е добар
Да ви се придружам во дискусијава, и јас исто го искоментирав во другата тема ама овде малку на подолго Имав огромни очекувања од филмов, зашто темава за дисоцијативно нарушување ми е посебно интересна и доста читана, па донекаде очекував малку пореалистично да биде реализиран филмов. Започнува со две приказни, траумата на Кејси, која сама си води една психичка борба со себе, која е злоставувана од нејзиниот вујко, и самата борба на Кевин со неговите 24 личности. Е сега, на моменти ми делуваше смешно, зашто беа 3 девојки наспроти една личност и имаа шанса да пробаат да избегаат. Барем на почетокот кога се појави 9 годишниот Хедвиг, можеа многу потактички да изиграат како после кога Кејси го изманипулира да и го даде телефенот. Што знам тој нагон за преживување кој се јавува баш во вакви ситуации јас кај 3те девојки не го видов. Посебно кај Кејси, која одма си ја прифати ситуацијата. И тоа што сте спомнале погоре, дека од сите 24 личности успеавме само 6,7 да видиме, можеле да го намалат бројот за да добиеме некоја информација за сите. Тој дел можеле поубаво да го разработат. После крајот, и појавата на The Beast не ми се допадна ама ич. Многу нереално ми беше претставен, поготово тоа супер брзо трчање, скокање, одење по ѕидови и секако отпорноста на куршумите. Мислам 3 пати го погоди, а успеа да се извади само со гребнатинки. Не сум запознаена со другите филмови на режисерот и го немам гледано филмот со Брус Вилис, ама и јас сум за тоа да нема продолжение-кросовер, зашто во повеќето случаеви испаѓа како промашај. И крајот остана неразрешен. Барем една од приказните да имаше заклучок. Ѕверот си остана на слобода, не дознавме ни дали Кејси се врати со вујкото. Исто и тоа не ми се допадна. На крај се се сведува на тоа дека филмов го извади глумата на Џејмс, кој беше феноменален. Инаку на тема multiple personalities, читав пред еден месец дека ќе има филм со Леонардо Ди Каприо, кој ќе го толкува главниот лик исто со 24 личности, работен според вистинска приказна, па ете си се радувам и едвај чекам да почне да се снима.
Ќе трае темава подолго нели го симнав уште во неделата ама разноразни обврски, не можам да стигнам да го гледам не читам коментари, сакам да се изненадам
Да се надоврзам, навистина постојат вакви нарушувања. Не ни можеме ние да си замислиме што се мозокот може да замисли. Баш неодамна гледав на Опра: Филмот го изгледав, не ми остави некои вау импресии, горе-доле се сте кажале, и дефинитивно овој филм ќе се памти како МекАвој си растури, повеќе него по приказната. Може не ме допре зашто премногу знаев пред да го гледам, и тоа ми е ГОЛЕМ проблем. Гледам трејлери што е огромна грешка ( не знаат да направат нормален, него се најинтересно ќе набутаат да те излажат да го гледаш, и кога го гледаш нема нешто интересно што не си видел ) , не можев да издржам да не зирнам во темава.. Значи знаев дека се повеќе ликови, знаев дека има натприродно, знаев за Брус Вилис и цела поврзаност... Класичен сам себе го убил си направив.. Толку сакав да го гледам, што додека дочекав го укакав. Околу психичкиот аспект е многу интересна тема, од сите страни не трујат и убедуваат во `Моќта на потсвеста`, али сепак е веејјј ту мач. Па да беше така, до сега ќе се најдеше некоја `будала` што искрено и вистински мисли дека може да лета, па ќе изиграваше Супермен. Или мало дете, не знае дали може/не може да се лета, нема такви ограничувачки всадени лимити во мозокот, а гледа на телевизија филмови како летаат, па него лесно би му било да полета ако е толку едноставно... Затоа сепак филмов убаво си е уврстен во сци-фи. И малку оф тема, али не можев да додржам да ги израдувам сите што си го поштуваат чичко Кјубрик како мене.. Се гледаме Едит: Постеров на ивентот ме потсети на еден страшно добар филм кој нема на кој го немам препорачано и убедувано да го гледа, не знам дали е гледан и коментиран тука, во случај да не е, тоа би бил мојот предлог, иако претпоставувам дека вистинските филмомани вакво нешто немаат пропуштено. I Origins Предлог број 2.(инспирација од МекАвојче): - The Disappearance of Eleanor Rigby: Him - The Disappearance of Eleanor Rigby: Her - The Disappearance of Eleanor Rigby: Them Три филма за ист настан од три различни перспективи, негова, нејзина, и заедничка. Класична драма филм, на многу убав и необичен начин раскажана.
Еленор Ригби го обожавам, особено Маковеј во филмот (така прв пат му го запамтив презимето и остана така да го викам)... I origins и мене ми беше интересно филмче. Коментар за Сплит, лејтр.
Да се надоврзам на критиките погоре. Филмот е уметност. Исто како музиката, поезијата, сликите, фотографиите. Не можам понекогаш да сфатам зошто барате потполна реалистичност во сите филмови? Зошто не можете да се опуштите и да уживате во нешто за кое сте се сложиле дека е квалитетно? Зарем секогаш барате смисла во стиховите на песните и поемите? Или не ви пречат метафори, хиперболи, други стилски средства? Зарем секогаш ја критикувате фантазијата во сликите или во фотографиите направени со фотоманипулација? Така е и со филмовите. Освен ако не е нагласено дека е документарец, базиран на вистинска приказна, научен филм или слично, креаторот има потполно право на надреални елементи. Патем, видовме голем дел од дисоцијативните ликови кои живееја во Кевин. При крајот, во сцената со видео-дневникот кој го водел. Ќе беше досадно ако моравме да се запознаеме со сите. Ги запознавме оние кои во клучниот момент од неговиот живот беа доминантни. Филмот си растури, прикажа реален проблем на реалистичен начин испреплетен со фантазија, со тоа како таква личност доживува се' што и' се случува, со тоа како другите ја доживуваат. Во филмов буквално беа употребени метафори и хипербола. Поентата не беше да се доживее буквалистички, туку да се долови одредена поента. Поради овие причини најверојатно го класифицирале и како хорор, бидејќи хорорите, нели, секогаш се темелат на невистини, имагинација.
Филмот ми беше прекрасен на мене. Уште од самиот почеток, од отварањето, од првите сцени; од она префрлување во времето кога таа била малечко девојче. Сеќавањата за муабетите со татко и'... ловот. Се ми беше така симболично и интересно претставено, па се до тоа малечко преслатко кадраво девојче со чудна косичка што го избрале. Да не зборувам за глумата на девојката во сегашноста која, патем ми беше ептем,ама ептем интересен лик - будна, свесна, смирена, а постојано на штрек, перцептивна,аналитична, пре-пре-претпазлива... ко некој кој минал низ секакви трауми кои траеле и траеле и кој веќе се обидел веројатно со сите кунг фу финти да се спаси, некогаш и некаде и само дошол до момент кога сфатил дека камикази потези и борење со сета сила не секогаш носи слобода. Нашла некој си нејзин начин да живее со сето тоа и да остане нормална, добра фина..наспроти еден Кевин кај кој траумите имале сосема друг ефект. За разлика од него, оваа има навидум нормален живот на почетокот, нормални, стандард за таа возраст примадона другарки.. и изгледа нормално, стабилно, не? Преинтересен лик од некаков си психолошки аспект за разлика од тие истите две камикази девојки кои беа во a la hit-and-run филм и е, до каде тоа ги доведе Филмот ми беше интересен од секаков аспект, и како тематика и како глума, и како сцени. Го занемарив делот дека биле 23 личности во Кевин и дека немаше потреба да бидат дуууури толку. Дека,можеше и со три, пет, десет да се направи. Не знам дали се крие некакво си посебно значење зад идејата за 23 личности надоградени со The ultimate личност надЛичност ама, тоа ми беше повеќе како некоја симболика за, колку бил Кевин истрауматизиран до степен да се распрсне дечкото кој патем мисли дека е се уште 2013та? ли кооја година и дека патува со автобус до некаде на толку личности и во сиот процес, ни беше прикажано како се создава плус една личност како најмоќна од сите чија цел, ко и на останатите е да го заштитат малион 9 годишник од сите кои му се потсмеваат. Тоа што ги гледав само тие три=четири ликови ми беше повеќе како... обид да се покаже како човек може да има повеќе личности и сепак, тие да си спијат таму внатре, да седат на столчето оти се послаби,да посилните, по борбените,агресивни,итри малку по малку го преземаат шоуто. Воопшто не се разочарав од тоа што Маковеј не беше секси во филмот. Напротив. Ептем ми беше интересен ко Денис. Баш ко некој со OCD стегнат целиот,чиниш кондом наврел не кошула и панталони ептем ми се свиѓаше затоа и моментот со „измочај се во панталоните“ кога ја зема таа што нај му фаќаше око за прва да му игра ко и она,соблечете си ги маиците за да испере,работава Многу јак ми беше моментот на појавување на Патриција очекував дека е тоа он, нозете,фустанот што ги гледаа низ клучалката, ама очекував и перика вака, ептем мо ми беше интересен, во тоа џемперчето,ланчето и ќелавата глава Од првата сцена, кога седна во колата, па до крајот предобар. Докторката беше исто интересен лик. Интересно беше да ја чујам приказната за девојката која во исто време пишувала две различни работи со двете раце - лева и десна..имаше, предобри сцени. Нема доволно простор да се од а до ш човек го обработи.
@zhap4e Јас да бев една од двете девојки кои предложија напад кој би бил изводлив само ако трите соделуваат, и една така ладнокрвно се повлечи, ќе ја натепав Вака или така двете ќе беа мртви, пошто нели она е ѕвездата ама кога би било реално сите ќе беа мртви, или слободни ако пробаа со напад. Видовме нејзините способности за поврзување со психопатот низ манипулација психолошка какви се, само за својот г'з да си го спаси
Види, јас баш во тоа уживав. Она си е научена да си го гледа својот гз и да си манипулира. Покрај онаков чичко... експерт човек станува за да преживее ама,тоа што се занесов во филмот, не значи дека не ја приметив пример чашата со цвеќенцето која можеше во било кој момент да се искористи ко оружје. Стакло, побогу. Неколку рец правиш на стратешки битни за поврзување на телото--екстремитети и туј онуј делчиња и имаш онеспособен у процес на умирање психопат. Ама, избрав да не ја мислам толку чашата. Мада ептем у гро план ја дадоа, се фокусираа некоја секунда одвише на неа оти, кујзнае не беше цвеќето битно.
Mене чашата со цвеќето ми беше најс тач, као еве види што убаво средено и цвеќенце ставил за нив, не се сетив на оружје Кога го најдов филмот прв пат пред некое време, само прочитав дека вреди да се погледне за глумата на Мекавој и ништо друго. Обично читам повеќе ако сакам да се поштедам од гледање на филм, ама овој одбрав да го изгледам, си го сакам актеров сепак Тоа што повеќето сте го спомнале, Мекавој дефинитивно го носи филмов и јас исто така посакав да видам малку повеќе од останатите ликови кои требаше да ги носи. Ми изгледаше како да првите ликови се формирале за заштита на Кевин, следните за заштита на првите итн. Дали можеби докторката имаше некоја улога во формирањето на тн. ѕвер? Сепак таа е таа која постојано зборуваше со воодушевување за психичката состојба и на еден начин ја возвишуваше таа состојба или барем јас така тоа го перцепирав. За реалноста нема да зборувам, филм е, како во доста филмови со егзорцизам каде состојбата се препишува на повеќекратна личност, а гледаме како цело тело се изместува и изобличува, јас... со таа тензична и добра музика патем, очекував многу повеќе од ѕверот На себе имам искусено колку психа може да влијае на функционирање на тело, дали е возможно да биде отпорно на куршуми, на болка? Овде филмот имаше потенцијал, ама реши да не занимава со тоа дека сите злоставувани деца треба да се дружат, а да ги повредуваат другите Ете дури ни таква поента не може да се извади. Туку знаете што ќе беше кул? На крајот девојката да се погледнеше во огледало и тоа всушност да беше ликот на Мекавој Или по примерот на ѕверот, да се вратеше дома па да го видевме чичко и крвав. За отворањето или искористеноста на умот, ме замисли за момент искрено. Дали можеме ние всушност сите да бидеме музичари, уметници, да зборуваме странски јазици и пишуваме со двете раце и слично? Само се тоа е сторирано во некое ковчеже во умот, па тој испуштил едно, а другите ги чува заклучени? Девојките ми беа неинтересни, и јас како Бриџит би ја затепала таа што не сака да здружи сили за одбрана во таква ситуација А каква можност имаше да избега уште на почетокот во колата Ајде можеби стравот влијае... И зошто ѕверот мораше баш да ги јаде девојкиве Абе...јас многу прашања поставувам изгледа Би рекла дека ми се допадна многу филмов, но крајот ме замори, најверојатно затоа што очекував многу повеќе, впечатокот ми спласна.
Новата анкета е поставена. Додадени се Don't Breathe по предлог на @sweet-cherry, I Origins на @Jason123 и мојот предлог - Discovery. Исто така го додадов и Train to Busan, кој предизвика доста интерес у „Последен филм што го гледав...“ и за кој мислам дека пишуваше и @kravce. Избришан е Klute пошто немаше ни еден глас (сори, @do-re-mi ), а остатокот од листата е ист. Иначе, дојдов до заклучок дека е подобро да се не ограничуваме со време за гласање и за коментирање, зашто и онака не сме којзнае колку многу луѓе на темава, а гледање филм и пишување критика е процес за кој треба и време и инспирација. Затоа, додека има нови гласачи, анкетата ќе трае; додека има заинтересирани за коментирање за даден филм, ќе се коментира тој филм. Ја ќе ја следам темава, па кога ќе се исцрпат коментарите за еден филм, ќе ставам анкета за бирање нов. Е така. А сеа, навалете на гласање.
Многу добар филм, гласајте го, гледајте го, другпат ќе го коментирам, одам да секнам мрсули од плачење
@Bridget, дај агитирај таму у Милфското милје некој да дојде и да биде тајбрејкер и да гласа за Возот, да затварам анкетата, да го гледаме ние што не сме го гледале и да се фрлиме на коментирање.
За кој филм станува збор? Ретко влагам во овие секции па да прашам. Инаку гледам добри наслови сте ставиле. Да земам да ги гледам.
За Split Последно, тој го избравме на гласањето и го коментиравме. Бујрум ако ти прави ќејф... следниот што ќе го изгласаме, ако го гледаш или ти е гледан и не те мрзи .. пиши и ти твоја рецензија
Ме освои трејлерот на Dont Breathe. Ми се симнуваат I origins, The Discovery и Shutter Island. Ќе гледам па ќе пишам. Фала ти.
Спојлер Јaс си нaпишaв дa не зaбoрaвaм Дoкoлку дoјде дo пресврт вo aнкетaвa и се кoментирa друг филм, префрлете ми гo мислењетo вo -Пoследен филм штo гo гледaв... Од скромна бројка на Корејски филмови што имам гледано, заклучив дека кај нив зборот -драма си блешти во полн сјај. Исто и дека целат исклучиво кон тоа дa oд тебе извадат што е можно повеќе емоции а што помалку да размислуваш за детали и логичности. Но за разлика од сапуниците кои се со иста намена тука нема патетики туку суровост која на нивниот типичен ладнокрвен и благ израз на лице (веројатно поспаните очи придонесуваат за тоа) делува така тажно и реално. Барем мене. Зомби приказна (како е множина од зомби?) која вака раскажана не би ме привлекла да ја погледнам на филм, но ете на крај задоволна. Не е само хорор (иако и ова не би го ставила баш во хорор) не е само тепање, бегање, крвои и слично, не е ни приказна којзнае каква да треба да мозгаш и да доаѓаш до заклучоци малку потешки за просечен мозок кој сака да гледа релаксирано а не загатки да одгатнува. Прилично едноставни работи се прикажани низ метафори, поделеност на луѓето и отфрлање на ранливи категории во општеството, егоистичност, добрина, себичност, помагање, како реагираме кога сме во скоро безизлезни ситуации, како се менуваме и од нас излегува она вистинското баш во такви ситуации...ништо посебно нaвидум но сепак добро доловено. Напнатост која те држи до самиот крај, интензивност која не дава да ти здосади, но реплики кои понекогаш ми се чинеше скроз непотребни беа, можеше филмот комотно скoрo и без текст да е. Крајот ме размрсулави, иако претпоставував дека така некако ќе е, сепак се надевав дека ќе се смири се на крај и ќе не поштедат од поголема драма. Но ете, немаат милост. Ликoвите скoрo сите симпaтични ми беa, верoјaтнo удел имa и тoa штo сите непoзнaти ми се пa секoјa емoцијa нa нивнoтo лице нoвинa е, зa рaзликa кoгa гледaм филмoви сo пoзнaти глумци и изрaзите веќе нaпaмет им ги знaм или пoтсвеснo им судaм и спoредувaм улoги oд претхoдни филмoви. Ми сметaше пoнекoгaш пaсивнoстa нa oдредени дaденa вo крупен кaдaр, кaкo мoмент вo кoј требa дa се дoлoви некoјa емoцијa нивнa a вo пoзaдинa недaлеку oд нив еден сaм се бoри сo групa крвoпијци, aмa aјде, ќе зaмижaм. Вo глoбaлa зaдoвoлнa